РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ

Σχετικά έγγραφα
Φύλλα Εργασίας. Работни Листови. Εκπαιδευτικό Υλικό

М-р Јасмина Буневска ОСНОВИ НА ПАТНОТО ИНЖЕНЕРСТВО

UNIVERZITETSKI BILTEN

Бр. _ _. Скопје

Universiteti Shtetëror i Tetovës Државен универзитет во Тетово State University of Tetova

UNIVERZITETSKI BILTEN

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ Б И Л Т Е Н УНИВЕРЗИТЕТОТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ. Број 1129

Бр. _ _ Скопје

ЗАДАЧИ ЗА УВЕЖБУВАЊЕ НА ТЕМАТА ГЕОМЕТРИСКИ ТЕЛА 8 ОДД.

Бр. _ _. Скопје

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ

ЈАКОСТ НА МАТЕРИЈАЛИТЕ

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ Б И Л Т Е Н УНИВЕРЗИТЕТОТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ. Број 1094

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ Б И Л Т Е Н УНИВЕРЗИТЕТОТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ. Број 1142

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ Б И Л Т Е Н УНИВЕРЗИТЕТОТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ. Број 1159

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ Б И Л Т Е Н УНИВЕРЗИТЕТОТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ. Број 1160

Етички став спрема болно дете од анемија Г.Панова,Г.Шуманов,С.Јовевска,С.Газепов,Б.Панова Факултет за Медицински науки,,универзитет Гоце Делчев Штип

НАПРЕГАЊЕ ПРИ ЧИСТО СМОЛКНУВАЊЕ

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ Б И Л Т Е Н УНИВЕРЗИТЕТОТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ. Број 1144

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ Б И Л Т Е Н УНИВЕРЗИТЕТОТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ. Број 1098

ВЕРОЈАТНОСТ И СТАТИСТИКА ВО СООБРАЌАЈОТ 3. СЛУЧАЈНИ ПРОМЕНЛИВИ

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ

Податоците презентирани во извештајот не ги одразуваат мислењата и ставовите на донаторите на проектот. Проектот Мојот пратеник е поддржан од:

Проф. д-р Ѓорѓи Тромбев ГРАДЕЖНА ФИЗИКА. Влажен воздух 3/22/2014


ИСПИТ ПО ПРЕДМЕТОТ ВИСОКОНАПОНСКИ МРЕЖИ И СИСТЕМИ (III година)

46. РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА април III година. (решенија на задачите)

а) Определување кружна фреквенција на слободни пригушени осцилации ωd ωn = ω б) Определување периода на слободни пригушени осцилации

σ d γ σ M γ L = ЈАКОСТ 1 x A 4М21ОМ02 АКСИЈАЛНИ НАПРЕГАЊА (дел 2) 2.6. СОПСТВЕНА ТЕЖИНА КАКО АКСИЈАЛНА СИЛА Напонска состојаба

Универзитет ЕВРО-БАЛКАН во Скопје

37. РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2013 основни училишта 18 мај VII одделение (решенија на задачите)

TEHNOLO[KO-METALUR[KI FAKULTET ИЗВЕШТАЈ

ИНТЕРПРЕТАЦИЈА на NMR спектри. Асс. д-р Јасмина Петреска Станоева

2. Просечната продажна цена на електрична енергија по која АД ЕЛЕМ - Скопје, подружница Енергетика, ги снабдува потрошувачите за 2018 година од:

Доц. д-р Наташа Ристовска

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ Б И Л Т Е Н УНИВЕРЗИТЕТОТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ. Број 1164

Б И Л Т Е Н НА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА 67

УЛОГАТА НА АВТО ШКОЛАТА ВО ЕДУКАЦИЈА НА МЛАДИТЕ ВО СООБРАЌАЈОТ КАКО ИДНИ ВОЗАЧИ

Предизвици во моделирање

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

ПРИМЕНА НА ИКТ КАКО АЛАТКА ВО НАСТАВАТА PO УЧИЛИШТАТА ВО РМАКЕДОНИЈА

ШЕМИ ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ НА ПРОСТИТЕ БРОЕВИ

70 ГОДИНИ ИНСТИТУТ ЗА ИСТОРИЈА 70 ГОДИНИ МАКЕДОНСКА ИСТОРИОГРАФИЈА

МЕХАНИКА 1 МЕХАНИКА 1

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ Б И Л Т Е Н УНИВЕРЗИТЕТОТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ. Број 1092

ДОНЧЕ ТАСЕВ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГРЦИЈА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ

Број јуни 2015, среда година LXXI

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ Б И Л Т Е Н УНИВЕРЗИТЕТОТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ. Број 1093

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ Б И Л Т Е Н УНИВЕРЗИТЕТОТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ. Број 1138

СТАНДАРДНИ НИСКОНАПОНСКИ СИСТЕМИ

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ФАКУЛТЕТ ПО ИНФОРМАТИКА. Катедра за математика. Сања Пачемска

Η «Καταπιεσμενη Μακεδονικη Μειονοτητα»

BEC - TSB.

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ШТИП

О Д Л У К А. 3. Жалбата изјавена против оваа Одлука, не го одлага нејзиното извршување.

ВО ОВОЈ БРОЈ: MAKEDONIKA. Izdava. MAKEDONIKA litera

НУМЕРИЧКО МОДЕЛИРАЊЕ НА ГАЛАКСИИ

Остава на монети од археолошкиот локалитет Баргала II (каталог)

Издание на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје

4. Оваа Одлука влегува во сила со денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија, а ќе се применува од 1 јули 2018 година.

Примена на Matlab за оптимизација на режимите на работа на ЕЕС

Методина гранични елементи за инженери

Универзитет Гоце Делчев - Штип ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ. Менаџмент, бизнис, администрација- МБА ШТИП БОБАН ТРАЈКОВСКИ

Конгрес на нови технологии, знаења и вештини

МОДЕЛИРАЊЕ СО СТРУКТУРНИ РАВЕНКИ И ПРИМЕНА

І АКАДЕМСКО ПИШУВАЊЕ: СУШТИНА, ЦЕЛИ И ПРИДОБИВКИ

Горан Санев. еден коринтски арибалос од скопје

Тарифен став (денари) Пресметковна. Тарифно Потрошувачи на висок Единица величина. напон 35 kv * 35 kv 10 kv Моќност kw 943,62 994,66 767,14.

Универзитет Гоце Делчев - Штип. Факултет за информатика

Почетоците на европската античка етимологија (со осврт на македонската)

Универзитет Св. Кирил и Методиј -Скопје Факултет за електротехника и информациски технологии ДИНАМИЧКА ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА НА СОФТВЕР. -магистерски труд-

Гоце Јанкулоски ТРАНСФОРМАЦИСКОТО ЛИДЕРСТВО КАКО ГЕНЕРАТОР НА УСПЕХОТ НА РАБОТЕЊЕТО - МАГИСТЕРСКИ ТРУД -

ТАРИФЕН СИСТЕМ ЗА ДИСТРИБУЦИЈА

Бесмртноста на душата кај Платон (II)

АКСИЈАЛНО НАПРЕГАЊЕ Катедра за техничка механика и јакост на материјалите

46. РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА април II година (решенија на задачите)

Генерирање на Концепти

Пример за употреба. Стоjан Траjановски 5 февруари 2016 год.

ЕЛАБОРАТ ЗА РЕАКРЕДИТАЦИЈА НА СТУДИСКА ПРОГРАМА ОД ТРЕТ ЦИКЛУС УНИВЕРЗИТЕТСКИ СТУДИИ ПО

ИНДУСТРИСКО ИНЖЕНЕРСТВО И МЕНАЏМЕНТ

Alfred Nobel s other mistake or what? Нобелова награда за хемија ЗА 2013 ГОДИНА

СТЕРЕОТИПИЗИРАНИ ПРЕТСТАВИ ЗА ЖЕНАТА ВО МАКЕДОНСКОТО ФРАЗЕОЛОШКО ТВОРЕШТВО

ЗАВРШНИ РАД КЛИНИЧКА МЕДИЦИНА 5. школска 2016/2017. ШЕСТА ГОДИНА СТУДИЈА

О Д Л У К А. 3. Жалбата изјавена против оваа Одлука, не го одлага нејзиното извршување.

Елисавета Сарџоска 1 Виолета Арнаудова Институт за психологија, Филозофски факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј Скопје

Социјалните мрежи како алатка во процесот на управување со знаење

ГОДИШНИК НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ ВО СКОПЈЕ

ГОДИШЕН ЗБОРНИК 2017 YEARBOOK

Забелешки кон Уредбата за дополнување

ВЛИЈАНИЕТО НА ОСИГУРУВАЊЕТО ВРЗ ЕКОНОМСКИОТ РАСТ: СЛУЧАЈОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

УПАТСТВО ЗА ПРЕВЕДУВАЊЕ НА EUROPASS ДОДАТОК НА СЕРТИФИКАТОТ ВОВЕД ОПШТИ ПРЕПОРАКИ ЦЕЛ НА EUROPASS ДОДАТОК НА СЕРТИФИКАТОТ

ОЦЕНКА НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА ТУРБО КРУЖНИ КРСТОСНИЦИ

О Д Л У К А. 3. Жалбата изјавена против оваа Одлука не го одлага нејзиното извршување.

Анализа на триаголници: Упатство за наставникот

ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ЧЕТВРТ ОДДЕЛ. СЛУЧАЈ BJÖRK EIÐSDÓTTIR ПРОТИВ ИСЛАНД (Жалба бр /09) ПРЕСУДА СТРАЗБУР.

45 РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2012 III година (решенија на задачите)

РЕФЕРАТ. Во средниот век епископската титула на св. Климент ја среќаваме во три основни варијанти:

Transcript:

1 РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ Б И Л Т Е Н НА УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ Број 1082 Скопје, 15 август 2014 година

2 Издание на Универзитетот Св Кирил и Методиј во Скопје ПРВИОТ БРОЈ НА БИЛТЕНОТ Е ОБЈАВЕН ВО МАЈ 1957 ГОДИН Уредник: Томислав БАШЕВСКИ Лектор: Весна Илиевска-Цветановска

3 Бр. 5.8. 2013_ Скопје Предмет: УКиМ Материјали за Билтенот за објавување на веб-страницата на Согласно член 132, став 5 од Законот за високото образование ( Сл. весник на РМ бр. 35/2008, 103/2008, 26/2009, 83/2009, 115/2010, 17/2011, 51/2011 и 123/2012), на вебстраницата на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, од бројот 1059 од 15 август 2013 година, ќе се објавуваат рефератите за избор во наставно-научни, научни и соработнички звања, рецензиите за подобност на темата и оспособеноста на кандидатот за вршење научна работа, прегледите на одобрените докторски дисертации, прифатените магистерски и специјалистички теми, рецензиите на учебници и учебни помагала, како и рефератите за доделување на звањето почесен професор и титулата почесен доктор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј. По објавување на материјалите на веб-страницата, факултетите и институтите за своите потреби, истите треба да ги отпечатат во материјална форма за да можат да ги достават на членовите на наставно-научниот, односно научниот совет. Поради тоа, потребно е сите материјали што се предвидени за објавување во Билтенот на Универзитетот, благовремено да ги доставувате во електронска форма. Поради усогласеност и униформност на текстовите потребно е материјалите за објавување да се доставуваат како Microsoft Word 2003 документи во кои исклучиво ќе се користи системскиот фонт Georgia. Овој фонт содржи богато множество на кирилични (македонски, српски, руски), латинични (со различни видови на надредени знаци), грчки и други знаци. Варијанта на овој фонт со корегирани знаци во италик формата за македонските букви д, п, т, г може да се добие во компјутерскиот центар на УКиМ на барање на факултетот. Исто така, таму може да се добие софтверско решение со кое може да се испрограмира тастатурата на персонален сметач кога работи под Windows XP оперативниот систем при притискање на копчето ` во македонска поддршка да се добие знакот ѐ, а при притискање на копчето ~ во македонска поддршка да се добие знакот ѝ. Поради запазување на роковите за објавување на материјалите во Билтенот, но и на вебстраницата, ве молиме, рефератите откако ќе бидат лекторирани, да ja доставите оригиналната верзија (лекторирана со потписите), а електронската верзија да ја доставите на e-mail адресата: t.basevski@ukim.edu.mk (so mali bukvi). Неблаговремено доставените материјали и оние кои нема да бидат напишани согласно упатството нема да бидат објавени во тој број, туку ќе бидат поместени за објавување во наредниот број од Билтенот, односно откако ќе ја добиеме бараната верзија. Ви благодариме за соработката. Со почит, Проректор Проф. д-р Коле Василевски Изготвил:Т.Б. Одобрил:К.М.

4 Содржина на Билтен број 1082 од 15 август 2014 година МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ 1. Преглед на одобрени теми за изработка на докторска дисертација на медицинскиот факултет во Скопје (Елизабета Мицева-Величкоска, Влора Адеми-Ибиши, Александра Атанасова-Бошку, Гордана Ристевска-Димитровска, Славица Митровска, Наташа Ефтимовска-Отовиќ)...1 ИНСТИТУТ ЗА ДУХОВНО И КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА АЛБАНЦИТЕ 1. Реферат за избор во звањето виш научен соработник во Институтот за духовно и културно наследство на албанците во Скопје (д-р Наим Алими)...8-10 2. Реферат за избор во звањето асистент во Институтот за духовно и културно наследство на албанците во Скопје (м-р Рини Усеини)...11-15 3. Реферат за избор на виш научен соработник во Институтот за духовно и културно наследство на албанците во Скопје (д-р Шефќет Зеколи)...16-22 4. Реферат за избор на асистент во Институтот за духовно и културно наследство на албанците во Скопје (м-р Ардиан Лимани)...23-25 5. Реферат за избор во звањето виш научен соработник во Институтот за духовно и културно наследство на албанците во Скопје (д-р Букурије Мустафа)...26-27 СТОМАТОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ 1. Реферат за избор на наставник во сите наставно-научни звања по група предмети од областа стоматолошка протетика на Катедрата за стоматолошка протетика на Стоматолошкиот факултет во Скопје (д-р Гордана Ковачевска)...28-40 ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ 1. Реферат за избор на наставник во научните области општа психологија и психологија на образование и воспитување за предметите: вовед во психологијата, сознајни процеси, интелигенција, надареност, педагошка психологија, психологија и психологија во воспитанието и образованието, на Филозофскиот факултет во Скопје (д-р Елена Ачковска Лешковска)...41-61 2. Реферат за избор на наставник (во сите звања) по научната област: психологија на образование и воспитување (за предметите: педагошка психологија, психологија на наставата, психологија во образованието и воспитанието, методика на настава по психологија, психологија на семејството, училишна интеракција) на Филозофскиот факултет во Скопје (д-р Орхидеја Шурбановска)...62-76 ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ 1. Реферат за избор на еден наставник во сите звања по група предмети од областа на оптиката и општата физика на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје (д-р Сузана Топузоска)...77-88 ИНСТИТУТ ЗА СОЦИОЛОШКИ И ПОЛИТИЧКО-ПРАВНИ ИСТРАЖУВАЊА 1. Рецензија на докторската дисертација Влијанието на односите со јавноста на училиштата врз квалитетот на образованието, изработена од м-р Соња Ќосева Палчевска, пријавена на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје...89-92

5 МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ 1. Реферат за избор на два виши научни соработника по предметот оториноларингологија на Медицинскиот факултет во Скопје (н. сор. д-р Никола Николовски, н. сор. д-р Јане Нетковски)...93-117 2. Рецензија на докторската дисертација Метаболичен синдром кај зависници од хероин, од м-р Жанина Перевска, пријавена на Медицинскиот факултет во Скопје...118-122 МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ 1. Реферат за избор на соработник-асистент во наставно-научната област што ја покрива Институтот за термичко инженерство на Машинскиот факултет во Скопје (м-р Игор Шешо)...123-131 2. Реферат за избор на соработник-асистент во наставно-научната област што ја покрива Институтот за заварување и заварени конструкции на Машинскиот факултет во Скопје (м-р Филип Здравески)...132-137 3. Реферат за избор на еден асистент во научната област што ја покрива Институтот за производно инженерство и менаџмент на Машинскиот факултет во Скопје (м-р Трајче Велковски)...138-145 4. Реферат за избор на еден соработник во соработничко звање асистент во научната област што ја покрива Институтот за производно инженерство и менаџмент на Машинскиот факултет во Скопје (м-р Бојан Јовановски)...146-153 ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ 1. Рецензија на докторската дисертација Типографијата и македонскиот дизајн (од 1945 до 2000), изработена од м-р Марија Ветероска Трпкоски, пријавена на Филозофскиот факултет во Скопје...154-159 2. Рецензија на учебникот Политички систем на Република Македонија, изработена од Билјана Ванковска, пријавена на Филозофскиот факултет во Скопје...160-164 ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ 1. Реферат за избор на соработник во соработничко звање-асистент на научната област воведни и теоретски правни науки на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје (м-р Илија Манасиев)...165-171 МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ 1. Реферат за избор на еден наставник во научната област математика при Одделот за математика и информатика на Машинскиот факултет во Скопје (д-р Бојан Прангоски)...172-181 ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ 1. Реферат за избор на еден наставник во сите наставно-научни звања по група предмети од областа на математичката анализа на Институтот за математика при Природноматематичкиот факултет во Скопје (д-р Љупчо Настовски)...182-192 ФАКУЛТЕТ ЗА ДИЗАЈН И ТЕХНОЛОГИИ НА МЕБЕЛ И ЕНТЕРИЕР 1. Преглед на прифатени теми за изработка на магистерски труд на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер во Скопје (Ирена Кешељ, Теа Бошковска, Зејнелабедин Азири)...193 МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ 1. Преглед на прифатени теми за изработка на магистерски труд на медицинскиот факултет во Скопје (д-р Маргарита Пенева, д-р Валентина Цвејоска Чолаковска, д-р Емилија Бадева, д-р Марија Павловска Срцева)...194

6 ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА 1. Реферат за избор во звањето научен соработник при Институтот за национална историја во Скопје (д-р Невен Радически)...195-200 2. Реферат за избор во звањето научен соработник/доцент при Институтот за национална историја во Скопје (д-р Дарко Стојанов)...201-206 3. Реферат за избор на научен соработник во Институтот за национална историја во Скопје (д-р Зеќир Рамчиловиќ)...207-213 ИНСТИТУТ ЗА МАКЕДОНСКА ЛИТЕРАТУРА 1. Реферат за избор на истражувач во научното звање научен советник во Одделението за теорија на литературата и компаративна книжевност при Институтот за македонска литература во Скопје (д-р Александар Прокопиев)...214-228 ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО 1. Рецензија на докторската дисертација Прилог кон примена на квазигрупите во теоријата на кодирање и криптографијата од м-р Александра Поповска- Митровиќ, поднесена на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје...229-235 2. Реферат за избор на еден асистент од областа на теориските основи на информатиката на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје (м-р Александра Поповска-Митровиќ)...236-240 ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ 1. Реферат за избор на соработник во соработничко звање асистент по економски науки по предметот основи на економијата на Економскиот факултет во Скопје (м-р Елена Јосифоска, м-р Дарко Казанков, м-р Билјана Ташевска)...241-249 МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ 1. Реферат за избор на еден асистент во научната област што ја покрива Институтот за машински конструкции, механизациони машини и возила на Машинскиот факултет во Скопје (м-р Јелена Мицевска)...250-254 ФИЛОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ БЛАЖЕ КОНЕСКИ 1. Реферат за избор во звањето редовен професор на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици на Филолошкиот факултет Блаже Конески во Скопје (д-р Славица Велева)...255-270 МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ 1. Реферат за избор на два наставника во сите звања по предметот фармакологија со токсикологија на Медицинскиот факултет во Скопје (д-р Маја Сланинка-Мицеска, д-р Никола Лабачевски)...271-295 ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ 1. Реферат за избор на наставник во сите наставно-научни звања на научната област воведни и теоретски правни науки на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје (д-р Јасна Бачовска Недиќ)...296-317

7 П Р Е Г Л Е Д Наставно-научниот совет на УКИМ-Медицинскиот факултет во Скопје на својата VI редовна седница одржана на 26.06.2014 година ги донесе следниве одлуки за усвоен извештај на Комисијата за оцена на тема за изработка на докторска дисертација Ред. бр. 1. Име и презиме Наслов на тема Ментор Елизабет Мицева- Величкоска 2. Влора Адеми-Ибиши 3. 4. Александра Атанасова-Бошку Гордана Ристевска- Димитровска "Психијатриски морбидитет, психопатолошки симптоми и психолошки манифестации кај некои кожни болести" "Psychiatric morbidity, psychopathological symptoms and psychological manifestations in some dermatological diseases and their influence on quality of life" "Маркери за предвидување на рана неонатална инфекција во бременоста со руптура на мембраните пред родилниот процес" "Markers for prediction of early onset neonatal infection in pregnancies with prelabour rupture of membranes" "Улога на адипонектин, лептин, резистин кај жени со полицистичен оваријален синдром и нивна корелација со инсулинска резистенција" "Adiponectin, leptin and resistin in women with polycystic ovary syndrome and their correlation with insulin resistance " "Влијанието на депресивноста врз квалитетот на живот кај болни од рак на дојка" Проф. д-р Антони Новотни Проф. д-р Розалинда Исјановска Проф. д-р Бети Зафирова- Ивановска Проф. д-р Бети Дејанова 5. Славица Митровска 6. Наташа Ефтимовска- Отовиќ "The Impact of Depression on Quality of Life of Women Breast Cancer Survivors" "Ехокардиографски и клинички карактеристики на дијабетичната кардиомиопатија" "Echocardiographic and clinical characteristics of diabetic cardiomyopathy" "Компарација на клиничките ефекти при користење на разни методи на прескрипција на индивидуализиран дијализатен натриум кај болни на хронична хемодијализа" "Comparison of the clinical effects by using various prescribing methods of individualized dialysate sodium in patients on chronic hemodialysis" Виш науч. сор. д-р Силвана Јованова Проф. д-р Оливера Стојчева-Танева

8 Р Е Ф Е Р А Т ЗА ИЗБОР ВО ЗВАЊЕТО ВИШ НАУЧЕН СОРАБОТНИК ВО ИНСТИТУТОТ ЗА ДУХОВНО КУЛТУРНО НАСЛЕДСВО НА АЛБАНЦИТЕ ВО СКОПЈЕ Советот на Институтот за духовно културно наследство на Албанците во Скопје, на својата седница одржана во Скопје на 30.6.2014 година (со Одлука бр.0201-126/6 од 30.6.2014 година), не избра за членови на Рецензентската комисија, по пријавата на д-р Наим Алими, по објавениот конкурс во дневните весници Lajm и Утрински весник од 12. 6.2014 година, за избор во звањето виш научен соработник. Комисијата на состав: проф. д-р Ахмет Шериф, проф. д-р Драги Ѓоргиев и проф. д-р Музафер Бислими, по разгледувањето на доставените материјали кон пријавата, има чест до Советот на Институтот за духовно културно наследство на Албанците во Скопје, да го достави следниов; И З В Е Ш Т А Ј I. Д-р Наим Алими е роден на 22.3.1955 година во с. Стража, Кумановско. Основно училиште завршил во с. Стража и Лојане, а средно училиште (гимназија) во Куманово. На Универзитетот на Приштина завршил Филозофски факултет, отсек - историја. Во 1997 година, во институтот за Историја во Тирана Албанија, ја одбранил докторската дисертација на наслов:,,албанското национално движење во југоисточниот дел на Косовскиот вилает (1908-1912). Од 1982 година работи како професор по историја во повеќе основни и средни училишта. Во текот на 1997 година работел како професор на Филозофскиот факултет во Универзитетот во Тетово. Воедно, бил член на управните органи и проректор на истиот Универзитет. Од 2009 година работи во Институтот за духовно културно наследство на Албанците во Скопје, како научен соработник. II. Покрај своето научно и стручно усовршување, кандидатот д-р Наим Алими својата научна преокупација ја насочува кон проучување на историјата на Албанците од првата половина на XX век, конкретно од 1878 до денешниот ден. Своите досегашни научни сознанија ги има презентирано во своите научни трудови. Носител е на следниве проекти на Институтот:

9 1. Положбата и состојбата на Албанците во Македонија во текот на 1945-1966 год. - (истражувано 2009-2011 год.); 2. Востанието на Албанците од Македонија 1909-1912 год. (истражувано 2010-2013 год). Издавачка дејност: Дел од уредувачката редакција на списанието Studime albanologjike ( Албанолошки студии ); бр.3-8, објавен од ИДКНА. Научни трудови: 1. Од историјата на албанското образование во Куманово, Studime albanologjike, бр. 3, Скопје, 2011; 2. Куманово во албанското национално движење 1908-1912, Studime albanologjike, бр. 4, Скопје, 2011; 3. Придонес на албанците на Карадак за ослободување на Скопје и прогласувањето на независноста на Албанија во 1912 година, Studime albanologjike, бр.5, Скопје, 2012; 4. Албанците на Македонија во Балканските војни, Studime albanologjike, бр. 7, Скопје, 2013; 5. Албанците од Македонија за време на Првата светска војна, Studime albanologjike, бр. 8, Скопје, 2013; 6. Скопје во албанското национално движење 1908-1912, Kërkime historike - ( Историски истражувања, списание на Здружението на историчарите Албанци во Македонија, ЗИАМ), бр. 4, Скопје, 2011; 7. Скопје во време на подигање на знаме и прогласувањето на независноста на Албанија, Kërkime historike, бр. 5-6, Скопје, 2012; 8. Вредности на културното наследство во регионот на Куманово, Scupi, ( Скупи тематско списание на ИДКНА), бр.3, Скопје, 2012; 9. Хасан Приштина - водител на востанието, Scupi, бр. 4, Скопје, 2012; 10. Топоними на кумановскиот регион - доказ за автохтоноста на Албанците, Scupi, бр. 5, Скопје, 2014. Други научни проекти: 1. Храна, облека и популарни игри на Албанците во регионот на Куманово, во рамките на проектот: Вредности на албанското културно наследство и националниот идентитет, 17 април 2014; 2. Културното наследството на Албанците во Македонија, не е вредност само на тие што ја создале, туку и на целиот Балкан и Европа, од април до септември 2014 година.

10 Своите научни студи и сознанија д-р Наим Алими ги има презентирано и на повеќе научни сесии, семинари, симпозиуми и трибини во земјата и надвор од неа. III. Брз основа на погоре изнесениот извештај, како членови на Рецензентската комисија, можеме да констатираме дека кандидатот д-р Наим Алими ги исполнува критериумите за избор во научното звање виш научен соработник. Затоа имаме чест на Советот на Институтот за духовно културно наследство на Албанците во Скопје, да му предложиме кандидатот д-р Наим Алими да биде избран во научното звање виш научен соработник. Рецензентска комисија; 1. Проф. д-р Ахмет Шериф, научен советник с.р 2. Проф. д-р Драги Ѓоргиев, научен советник с.р 3. Проф. д-р Музафер Бислими, научен советник с.р

11 Р Е Ц Е Н З И Ј А ЗА ИЗБОР ВО ЗВАЊЕТО АСИСТЕНТ ПРИ ИНСТИТУТОТ ЗА КУЛТУРНО И ДУХОВНО НАСЛЕДСТВО НА АЛБАНЦИТЕ ВО Р. МАКЕДОНИЈА Советот на Институтот за културно и духовно наследство на Албанците во Скопје на својата редовна седница одржана на 30.6.2014 година, избра Рецензентска комисија во состав: проф. д-р Изаим Муртезани, доц. др Букуpие Мустафа и доц. др Скендер Асани за избор на асистент истражувач во Одделот за етнологија, историја на уметност и народна архитектура. На конкурсот објавен во дневните весници,,лајм и,,утрински весник од 12. 6.2014 година се пријави единствениот кандидат м-р Рини Усеини, вработен како помлад асистент во Одделот за етнологија, историја на уметност и народна архитектура при истиот Институт. Заблагодарувајќи се за довербата, чест ни е да го презентираме следниов И З В Е Ш Т А Ј 1. Кратки биографски податоци Кандидатот Рини Усеини е роден во jyли 1983 година во село Корошишта, Струшко. Основното образование го завршил во ОУ Екрем Јакупи, во c. Корошишта, додека средното образование го завршил во ДСУ Нико Нестор во Струга во природно - математичкото одделение. Во својство на ученик бил многу активен, учествувајќи на многу натпревари на регионално и државно ниво, организирани од страна на Министерството за образование при што се стекнал и со награди и пофалби. Истовремено бил учесник и во многу проекти со социјален и образовен карактер, како Јunior Аchievement, MMUN за млади, еколошката организација Nаtyrа (Природа) итн. Високото образование, односно студиите ги завршил во Приштинскиот универзитет на Катедрата за етнологиjа. На истиот Универзитет е избран како еден од најсолидните студенти при што се здобил и со пофалба. По завршувањето на студиите, работел најпрвин како новинар во списанието "Рenа shqiрtаre" (Албанско перо) во Приштина, а потоа и како водител и новинар во ТВ Art Kanal во Струга. Одвреме навреме пишувал и поезија, при што бил наградуван со први места во разни конкурcи во Косово и Македонија. Во 2008 и 2009 година бил член на жирито во рамките на манифестацијата "Ревиjа на народни носии" организирана од Музејот "Никола Незлобински" во Струга, додека во 2010 бил и водител на истата манифестација. Во 2008 година бил водител на фестивалот за албанска забавна музика "Нота фест" кој секоја година се одржува во Скопје. Истата година, во својство на помлад асистент се вработил во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Р. Македониjа на Одделот за етнологија. 1. Научноистражувачка дејност

12 Кандидатот Рини Усеини од своето вработување во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Р. Македониjа на Одделот за етнологија, па до денес има учествувано на неколку научни конференции и семинари од областа на етнологијата. Така, на семинарот,,јаva e Albanalogjise (Албанолошката недела), кој секоја година се одржува во Приштина и се организира од страна на тамошниот Албанолошки институт, се презентирал со трудовите: Kapuçi si segment i artizanateve në përfundim e sipër (Капата како сегмент на занаетите што се во изумирање) и Струшката носија и нејзините мотиви (Veshja strugane dhe motivet e saj). Во организација на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците на Македонија учествувал на неколку научни конференции. Кандидатот Рини Усеини има објавено и неколку научни трудови од кои можат да се издвојат: Hapësira në përrallat fantastike-magjike (Просторот во волшебните албански приказни), Studime albanologjike, Nr. 3, 2011, Instituti i Trashëgimisë Shpirtërore dhe Kulturore të Shqiptarëve të Maqedonisë, Shkup, потоа Trashëgimia kulturore dhe turizmi, komponentë bashkëvepruese në Maqedoni (Културното наследство и туризмот, взаемни компоненти во Македонија), Studime albanologjike, Nr. 5, 2012, Instituti i Trashëgimisë Shpirtërore dhe Kulturore të Shqiptarëve të Maqedonisë, Shkup, како и други научни трудови кои се очекува да се објавуваат наскоро. Сепак, најобемниот, а истовремено и најсериозниот труд, без сомнение е магистерскиот труд со наслов Албанските народни носии во Струшко, кој се очекува да се објави во најкраток можен период. 1.1. Опис на научната дејност Научната дејност на кандидатот Рини Усеини е фокусирана претежно врз магистерскиот труд со наслов Албанските народни носии во Струшко. Овој труд опфаќа релевантни податоци поврзани со еден дел од материјалната култура во струшкиот регион. Станува збор за албанските народни носии од овој крај кои досега не биле предмет на научна опсервација, особено во поопширни размери. Следствено на ова, овој труд е меѓу првите кој со помош на соодветна научна апаратура се обидува да проникне во тајната на оваа комплексна материја и од таму да изнесе на виделина многу занимливи податоци во однос на обработката, потеклото, развојот, типологијата и структурата на албанската народна носија од овој крај. Во првото поглавје на магистерскиот труд се изнесени некои општи податоци за струшкиот регион, особено во однос на географската конфигурација, населените места, составот на населението и др. Во овој дел се приложени и податоци поврзани со историскиот и културниот развој на градот Струга и околината. Во второто поглавје, насловено Традиционални алатки за изработка на носии и текстил, кандидатот се задржал врз описот, функцијата и намената на некои традиционални алатки кои биле неопходни за обработката на материјалот со кои се изработиле народните носии. Во оваа насока, како најтипични се издвоиле традиционалните алатки, како разбојот, чекрекот,

13 ѓерѓефот и др. Во овој дел на магистерскиот труд, кандидатот изложил и конкретни податоци посветени на начинот на изработката на некои делови на носиите, како што се: појасот, пештерката (женска ткаена скутина), чаршафот, миндилот и др. Во третото поглавје со наслов Капата начин на изработка, класификација и нејзиниот обреден карактер, се приложени опширни податоци поврзани со изработката на албанската бела капа како карактеристичен симбол на етничката припадност. За поцелосно расветлување на оваа проблематика, кандидатот најпрвин се задржал врз развојот на еснафите во Р. Македонија, работните алатки и изработката на капите, како и врз основните процеси, неопходни за изработка на машките традиционални капи. Во однос на различните верзии на народните албански бели капи, кандидатот со право заклучува дека во струшкиот регион е присутна белата албанска капа со рамна површина во горниот дел. Таа е позната со пимот дебарска капа, бидејќи се произведува во градот Дебар. Во четвртото поглавје, насловено како Основни обележја на албанската носија, се изнесени одредени историски извори или подобро речено историски епохи кои се одразиле врз композицијата на народните носии, почнувајќи од старобалканскиот културен слој, потоа римската и византиската култура, како и силниот наплив на турско-ориенталните елементи, па сè до најновите струења од западната култура. Освен културноисториските прилики, во оформувањето и обликувањето на народните носии, од големо значење биле и географско-природните услови. Петто поглавје кое носи наслов Класификација на носиите го сочинува фундаменталниот столб на овој магистерски труд. Носијата е поделена или класифицирана врз основа на различни критериуми. Така според половата припадност, носиите се поделени на машки и женски носии. Во рамките на сите етнографски предели каде што живеат Албанците се издвојуваат пет вида на машки носии: носија со фустанела, носија со долга кошула и долама (или цибуна), носија со бечви (tirq), носија со шалвари (brekeshë), и носија со потури. Носијата со фустанела е карактеристична за Албанците (Тоските) кои живеат под реката Шкумбин, а носијата со бечви и нивните други верзии се карактеристични за Албанците (Гегите) кои живеат на северната страна од реката Шкумбин. Но, во струшкиот регион, поминува границата, односно реката Црн Дрим која ги дели Тоските и Гегите. Така, Тоските, во најголемиот дел се населени на левата страна од реката Црн Дрим во селата Радолишта, Франгово, Заграчан, Шум, Калишта, Теферич, Фиериште, додека Гегите живеат на десната страна од споменатата река во селата Корошишта, Велешта, Ливада, Делогожда, Татеш, Похум и др. Поради ова, односно границата која ги дели Албанците во Тоски и Геги, во струшкиот регион се присутни и носијата со фустанела и носијата со бечви и шалвари. Од друга страна, од петте видови на албански женски носии кај Албанците воопшто, во струшкиот регион се издвоени како покарактеристични носиите со долга кошула и една скутина, како и носиите со димии и брекеши. Кандидатот Рини Усеини во ова поглавје се задржува детално и врз другите носии, класифицирани според други критериуми. Составен дел на ова поглавје се и носиите според социјалниот статус во кои се приложени носиите на ергените и

14 момите, младоженците и невестите, среднодобните мажи и жени, како и старите мажи и жени. Во овој однос, особено се издвоени носиите поврзани со невестите кои се одликуваат со богата орнаментика и декор, бидејќи преку нив, освен естетската функција, се остварува и магиската функција во однос на заштитата на плодот од злите сили. Со ваква функција, особено се издвојуваат скутините. Мошне занимливо е и поглавјето со наслов носијата и фолклорот, во кое се приложени низа податоци во однос на оваа семантичка дихотомија која е многу значајна, особено во контекст на некои свадбени обреди кои се преплетени и со песни. Во овој поглед се издвојува свадбениот обред кога момата се облекува со невестинска носија како чин со кој се означува преминот од мома во невеста. Во струшкиот регион има многу вакви песни преку кои се означува преминот во новата фаза од животниот циклус. Исто така, преку раскошната носија на невестата се потврдува и економскиот престиж на семејството на младоженецот кое ги подготвува или купува овие носии и делови на носии. Магистерскиот труд со наслов Албанските народни носии во Струшко завршува со заклучокот и библиографијата на користената литература. Кандидатот Рини Усеини објавил и научни трудови од полето на етнологијата и фолклористиката. Така, во трудот насловен како Hapësira në përrallat fantastike-magjike (Просторот во волшебните албански приказни), се изнесени низа податоци во однос на поетиката на волшебните приказни која се одликува како мошне специфична имајќи го предвид фактот дека таа се остварува во вертикалната поставеност на светот (подземје, земја, небо). И во трудот насловен како Trashëgimia kulturore dhe turizmi, komponentë bashkëvepruese në Maqedoni (Културното наследство и туризмот, взаемни компоненти во Македонија), кандидатот Рини Усеини преку соодветна научна апаратура приложува релевантни податоци кои се поврзани со туризмот и културното наследство. Кандидатот Рини Усеини објавил и други трудови, како Kapuçi si segment i artizanateve në përfundim e sipër (Капата како сегмент на занаетите што се во изумирање) и Струшката носија и нејзините мотиви (Veshja strugane dhe motivet e saj). Во првиот труд се третира капата како составен дел на носијата, односно занаетот од кој се произведува овој дел на народна носија, кој полека изумира во денешно време. Во вториот труд излегуваат на виделина некои мотиви со митска заднина во содржината на струшката албанска носија. Овие трудови се плод на учеството на кандидатот Рини Усеини во различни научни конференции во земјата и надвор од неа. Истовремено, треба да се истакне дека Рини Усеини има учествувано и во некои научни проекти во кои се третирани проблеми од полето на етнологијата и фолклористиката. 2. Заклучок Од горенаведеното може да се заклучи дека кандидатот Рини Усеини поседува соодветна научна вештина при третирањето на различните проблеми. Тој успешно се служи со научната апаратура, особено во однос на редоследот и

15 организацијата на научната материја, потоа селектирањето на материјалот, класификацијата на емпирискиот материјал во соодветни целини, конфронтирање на материјалот врз споредбена основа, соодветната јазична елаборација итн. Исто така, успешно се користи и со методите и теориите на научното истражување, но и со библиографијата која е составен и релевантен дел на содржината на неговите научни трудови. Врз основа на приложените факти, Комисијата е на мислење дека Советот на Институтот за културно и духовно наследтсво на Албанците во РМ може да го избере кандидатот Рини Усеини во звањето асистент во Одделот за етнологија во истоимениот Институт. Рецензентска комисија: 1. Проф. д-р. Изаим Муртезани, претседател, с.р 2. Доц. д-р. Букурије Мустафа, член, с.р 3. Доц. д-р. Скендер Асани, член с.р

16 Р Е Ф Е Р А Т ЗА ИЗБОР НА ВИШ НАУЧЕН СОРАБОТНИК ВО ИНСТИТУТОТ ЗА ДУХОВНО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА АЛБАНЦИТЕ ВО СКОПЈЕ Советот на Институтот за духовно културно наследство на Албанците во Скопје, на својата седница одржана на 30. 6. 2014 година, со Одлука бр. 0201-126/5, не избра за членови на Рецензентската комисија по пријавата на д-р Шевќет Зеколи, по објавениот конкурс во дневните весници ЛАЈМ и Утрински весник од 12.6.2014 година за избор на виш научен соработник во следниов состав: проф. д-р Зекирија Незири, проф. д-р Ќемал Мурати и проф. д-р Авзи Мустафа. За избор на виш научен соработник во Одделот за албанска литература се пријави само кандидатот д-р Шевќет Зеколи, научен соработник во ЈНУ Институт за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје. По разгледувањето на доставените материјали кон пријавата, Комисијата има чест до Советот на Институтот за духовно културно наследство на Албанците во Скопје да го достави следниов И З В Е Ш Т А Ј Кон пријавата кандидатот д-р Шевќет Зеколи ја приложи сета потребна документација предвидена со закон: 1. Биографски податоци. Д-р Шевќет Зеколи е роден на 31.12.1955, во Призрен. Основното образование го заврши во село Блаце, Призренско, а средното во гимназијата Зеф Луш Марку во Скопје. Додипломските студии ги завршил во 1981 на Филолошкиот факултет при Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје додека на Филолошкиот факултет во Загреб, на групата Историја и теорија на книжевноста, во 1989 година ги завршил магистерските студии. Научниот степен магистер на филолошки науки го стекнал со одбрана пред Комисијата раководена од проф. д-р Јосип Кекез на магистерската теза Лирските народни

17 песни во подрачјето на Подримле. Научниот степен доктор на филолошки науки го стекнал во 2010 година, на Филолошкиот факултет при Универзитетот Кирил и Методиј, каде што ја одбранил докторската дисертација на тема Прозата во албанската литература за деца во периодот од 1945-2000 година. 32 години е ангажиран во образовниот процес во Косово и во Македонија. Од 1994 до 2002 бил професор по албански јазик и книжевност во Гимназијата Зеф Луш Марку во Скопје. Во истата образовна институција бил директор од 2002 до 2008 година. Од 2008 до 2011 ја извршувал функцијата раководител на секторот за образование и култура во општина Чаир, Скопје. Паралелно со ангажманот во средното образование, од 1994 година бил ангажиран во изведувањето на наставата на студиската програма албански јазик и книжевност во Тетовскиот универзитет. Во јули 2011 година е избран за научен соработник во секторот за албанска книжевност во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје. Истовремено, на овој Институт, од јули 2011 ја извршува функцијата директор на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје.. 2. Научноистражувачка дејност Д-р Шевќет Зеколи во текот на својата научноистражувачка работа има објавено неколку книги и научни трудови. Во 2010 година ја објавува книгата,,прозата во албанската книжевност за деца. Оваа книга компаративно ги проучува проблемите кои произлегуваат во ова поле, меѓу кои се издвојуваат: a) одот и развитокот, чекорот и расчекорот на албанската раскажувачка проза за деца во контекст на балканските и светските стандарди. б) присуството и можното чекорење на албанската раскажувачка проза за деца во контекст на балканските и светските наративни структури. в) интересот и жанровското проучување на албанското прозно творештво за деца од албанската книжевна историографија. Со овие три поглавја се придонесе кон истражување на прашања поврзани со фундаменталните естетски категории и вредности, начинот на функционирањето, живеењето и постоењето на книжевноста за деца паралелно со општата книжевност. Истражувањето на начинот како книжевноста за деца се приспособува кон човековата возраст во ова дело ни овозможи да се изнаоѓаат соодветни методски приоди и соодветна можност за издвојување на овие значајни елементи кои на книжевноста за деца и даваат за право да функционира како посебен тип на книжевно општење во кругот на општата книжевност. Со тоа се докажува дека

18 подетално и компаративно се проучувани главните прозни жанрови (расказот, новелата и романот) на книжевноста за деца од албанското јазично подрачје во контекст на книжевноста за деца кај другите балкански народи, особено на македонската, српската, хрватската и словенечката, со кои албанската книжевност за деца од овој период била во директен контакт. Со исцрпувањето на тие прашања се доаѓа до значајни заклучоци кои се многу корисни за компаративно проучување на книжевноста за деца и придонесува во објаснувањето на низа фактори кои влијаат и кои се битни за објаснување на прашањата кои ги засегаат истражувачите на книжевниот процес воопшто. Книгата,,Албанското прозно творештво за деца е поглавја: составена од следниве - Вовед - Историскиот развој на албанската литература за деца со посебен осврт врз албанското прозно творештво за деца - Албанската литература за деца во поранешна Југославија - Класификација на албанската проза за деца - Застапеноста на албанската книжевност за деца во учебниците - Влијанието на усното творештво во албанската проза за деца - Темите и мотивите во албанското прозно творештво за деца - Уметничките, воспитните и сознаените вредности на албанската проза за деца - Јазикот и стилот на прозното творештво за деца - Литературната критика и проучувањето на албанската проза за деца - Заклучок - Конклусион и Литература. Во 2013 година ја објавува книгата Лирските песни на Дринија чиј издавач е Институтот за духовно и културно наследство на Албанците. Книгата е научно истражување од сферата на книжевноста и фолклорот во регионот на Дринија- Косово. Книгата ги третира и опфаќа различните и атрактивни мотиви на лирските песни на Дринија, нивното содржинско богатство, убавите лирски изрази, но и неприкосновените уметнички вредности кои ги имаат народните творби, кои имаат посебно значење. Книгата е поделена на неколку поглавја, и тоа: - Социо- географските особености на Дринија - Истражувањето, собирањето и проучувањето на албанското усно творештво - Класификација на лирските народни песни - Ритуалните песни - Љубовни песни (општествена лирика, неритуални песни) - Хумористични песни - Заклучок

19 - Библиографија - Извори. Во процес на објавување на д-р Зеколи е книгата со наслов Албанската поезија за деца во која тој ги обработува прашањата кои се поврзани со појавувањето на првите песни за деца, историскиот развој на овој вид творештво, како и низ други прашања поврзани со оваа поле. И оваа книга е поделена на неколку поглавја: - Вовед - Краток преглед на историскиот развој на албанската поезија за деца - Народните песни за деца - Почетоците на албанската поезија за деца - Албанската дидактичка поезија за деца од XVI век - Албанската поезија за деца од времето на националната преродба - Албанската поезија за деца од периодот на независноста до Првата светска војна - Современа албанска поезија за деца - Развојот и спецификите на албанската поезија за деца надвор од границите на Албанија - Фабула - Поема - Педагошките и сознаените вредности на албанската поезија за деца - Застапеноста на албанската поезија за деца во учебниците - Проучувањето на албанската поезија за деца - Заклучок - Библиографија. Кандидатот има објавено неколку научни трудови: - Албанска литература за деца и нивно влијание во нивниот правилен развој објавен во научното списание на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, Албанолошки студии број 7, стр. 35-39; - Песните на капите во Дринија објавен во списанието за наука, култура и општество Јехона во 2010 година, стр. 55-63;

20 - Албанската поезија за деца со дидактички-морализирачки карактер објавен во научното списание на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците Албанолошки студии, број 9; - Заштита на културното наследство на Албанците во Македонија објавен во наулното списание на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците Скупи. Трудот е презентиран на научната конференција одржана на 21.09.2011 година во Скопје на тема Заштита на културното наследство во Македонија ; - Културното наследство и туризмот во Македонија објавен во научното списание на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците - Скупи. Трудот е презентиран во научната трибина со наслов Културното наследство и туризмот, одржана на 23-24 јуни 2012 година; - Едукативните вредности на албанската литература за деца објавен во научното списание на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците Скупи. Трудот е презентиран на научната трибина Албанската литература и школата, одржана на 12.12. 2013 година во Скопје; - Историското значење на Битолскиот конгрес. Трудот е презентиран на научната конференција на тема 105 годишнината на албанската азбука одржана на 22 ноември 2013 година во Битола, а беше организирана од страна на Институтот во соработка со Националната институција Музеј на албанската азбука; - Значењето на Али Улќинаку во развојот на азбуката на албански јазик. Трудот е презентиран на научната конференција посветена на личноста на преродбеникот Хафиз Али Улќинаку (1853-1913), организирана во април во Битола од страна на Институтот во соработка со Националната институција Музеј на албанската азбука; -,,Првите албански учебници и придонесот на Сами Фрашери за нивното објавување,. Трудот е презентиран на научната конференција посветена на личноста и улогата на Сами Фрашери како идеолог на националната Преродба, организирана во јули оваа година во Битола од страна на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во соработка со Националната институција Музеј на албанската азбука. Исто така кандидатот од страна на Научниот совет на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците е назначен за раководител на постдипломските студии, кои допрва треба да почнат. Д-р Шевќет Зеколи беше раководител на Организациониот одбор на научната конференција од меѓународен карактер на тема Патриотската дејност на Хасан Приштина која се одржа во Скопје на 13 и 14 октомври 2012 година, по повод 100 - годишнината на албанското знаме и држава.

21 Беше член на Организациониот одбор на конференцијата, одржана во 2012 година, на тема Конгресот за правопис на албански јазик- дело со големо научно значење. На оваа конференција кандидатот одржа говор за значењето на овој конгрес. Бил кораководител на проектот Вредностите на културното наследство на Албанците и националниот идентитет, реализирани на 17 април 2013 и во мај 2004 година. Проектот е финансиран од Министерството за култура, а има за цел да го промовира културното наследство кај младата популација. Бил кораководител на Одборот за организирање на научната конференција Септемвриското востание која беше организирана на 4 и 5 октомври 2013 година во Охрид и Дебар. Коорганизатори беа Институтот за духовно и културно наследство на Албанците и Институтот за национална историја. -Бил координатор на одборот за организирање на конференцијата по повод 100 годишнината на албанската држава организирана во Приштина, од страна на Академијата на Науките и Уметностите на Косово и Институтот за Историја на Косово. 3. Образовна дејност Д-р Шевќет Зеколи паралелно со работните обврски научен соработник во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците - Скопје, во првиот циклус студии на Државниот универзитет во Тетово, на Филолошкиот факултет - студиска програма: албански јазик и литература, од 2008 година ги води следните предмети: 1. книжевна критика; 2. фолклорот на Арберешите; 3. албанска култура и цивилизација. Истотака д-р Шевќет Зеколи, на истиот Факултет при ДУТ, во вториот циклус на студии го води предметот современи книжевни теории. Во текот на образовната дејност, д-р Шевќет Зеколи бил ментор и член на комисии за одбрана на неколку дипломски работи. 4. Стручно-апликативна дејност Д-р Шевќет Зеколи е докажан во полето на научното истражување, но и на полето на образованието. Со оглед на фактот што долги години бил професор во Гимназијата Зеф Луш Марку, а 6 години и нејзин директор, неговите експертски и менаџерски способности биле земени предвид во неколку наврати:

22 -бил член на Националната експертска група за изработка на Националната програма за развој на образованието во РМ 2005-2015. Групата била формирана од страна на Министерството за образование и наука на Република Македонија; -во два мандата бил член на Комисијата за доделување на наградата 13 Ноември ; -во два мандата бил член на Комисијата за доделување на наградата 23 Октомври ; - во два мандата бил член на Комисијата за доделување на наградата Климент Охридски ; -во текот на 2014 година бил на студиски престој во САД, во рамките на соработката со ИНИ со посредство на Амбасадата на САД и Германија, каде што се посетени значајни институции. Заклучок и предлог. Имајќи ја предвид научната зрелост и ангажманот во научните истражувања што се докажува со неговиот ангажман како научен соработник, но и раководењето како директор на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје и професор на Државниот Универзитет во Тетово, Комисијата е наполно уверена дека во личноста на Зеколи се споени и научноистражувачката и организационата дејност со што значајно придонел во развојот на науката за книжевност, но и во образовниот систем во Република Македонија. Затоа, Комисијата, осврнувајќи се на изложеното, има чест на Советот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Македонија да му предложи да го прифати извештајов и д-р Шевќет Зеколи да го избере во звањето виш научен соработник во областа албанска книжевност. Рецензентска комисија 1. Проф. д-р Зеќирија Незири, претседател, с.р 2. Проф. д-р Ќемал Мурати, член с.р 3. Проф. д-р Авзи Мустафа, член с.р

23 Р Е Ф Е Р А Т ЗА ИЗБОР НА АСИСТЕНТ-ИСТРАЖУВАЧ ВО ИНСТИТУТОТ ЗА ДУХОВНО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА АЛБАНЦИТЕ ВО СКОПЈЕ Советот на Институтот за духовно културно наследство на Албанците во Скопје, на својата седница одржана на 30.6.2014 година, со Одлука бр. 0201-126/8 не избра за членови на Рецензентската комисија по пријавата на м-р Ардиан Лимани, по објавениот конкурс во дневните весници ЛАЈМ и Утрински весник од 12.6.2014 година за избор на асистент-истражувач. Комисијата во состав: д-р Скендер Асани, д-р Наим Алими и д-р Севдаил Демири за избор на асистент истражувач во Одделот за историја на Албанците во Македонија и демографските движења се пријави само кандидатот м-р Ардиан Лимани, помлад асистент - истражувач во ЈНУ Институт за духовно културно наследство на Албанците во Скопје. По разгледувањето на доставените материјали кон пријавата, комисијата има чест на Советот на Институтот за духовно културно наследство на Албанците во Скопје да го достави следниов И З В Е Ш Т А Ј I М-р Ардиан Лимани е роден на 3.12.1980 година во Скопје, каде завршил основно и средно образование. Во 2013 година дипломира на Факултетот за хумани науки и уметност отсек: историја на Државниот универзитет во Тетово. Од 2006 година работи како наставник по историја во ОУ Панајот Гиновски во Скопје. Од март 2009 година е ангажиран со договор во Институтот за духовно културно наследство на Албанците во Скопје, каде што во август 2009 година е избран за помлад асистент - истражувач во Одделот за историја, на Албанците во Македонија и демографските движења. Во март 2014 година на Филозофскиот факултет при Државниот универзитет во Тетово ја одбранил магистерската теза со наслов Албанското национално движење во Скопскиот Санџак во 1912 година. Во проширувањето на своите научни сознанија, покрај албанскиот јазик, кој му е мајчин јазик, има солидни познавања на македонскиот јазик, а се служи и со другите словенски јазици и со англискиот јазик. Активно ја користи компјутерската технологија во својата работа и има познавања на програмите: Windows, Word, Pawer Point, Exel, Internet Explorer итн. Почнувајќи од третиот број ја извршува задачата на секретар на редакцијата на научното списание Kërkime historike што го издава Здружението на историчари Албанци во Македонија, како и секретар на редакцијата на научното списание Studime albanologjike број 2, што го издава Институтот за духовно културно наследство на Албанците во Скопје. II Кандидатот м-р Ардиан Лимани, покрај научното и стручно усовршување, својата научна преокупација ја насочува кон проучување на историјата на

24 Албанците во XIX век до балканските војни, како период во кој се одвива националното будење на балканските народи и патот за осамостојување и создавање на национални држави. Своите согледувања и ставови ги има презентирано во неколку објавени трудови. Има учествувано како коавтор во следниве печатени изданија: Një shekull dashuri (Еден век лубов), Скопје 2010 година; 100 vjetori i gazetës SHKUPI (100 годишнината на весникот ШКУПИ ), Скопје, 2011 година; Lëvizja Kombëtare Shqiptare në Shkup 1908-1912 (Албанското национално движење во Скопје 1908-1912), Скопје, 2012. М-р Ардиан Лимани има објавено и научни трудови и тоа: E vërteta e mohuar që del prej arkivit (Негираната вистина, што произлегува од архива), во научното списание на здружението на историчари Албанци во Македонија Kërkime historike III, Скопје, 2011 година; 100 vjetori i gazetës SHKUPI (100 години од весникот ШКУПИ ) Kërkime historike IV, Скопје, 2011 година; Rregullorja e Klubit Shqiptar të Shkupit (Правилник на Албанскиот клуб во Скопје), Kërkime historike V-VI, Скопје, 2012 година; Promemorie e prezantuar nga delegacioni i shqiptarëve irredentist në kongresin ndërkombëtar të të drejtave të popujve (Промеморија претставена од албанската делегација во меѓународниот конгрес на правата на народите), објавено на научното списание на Институтот за духовно културно наследство на Албанците во Скопје Studime albanologjike I, Скопје, 2009 година; Procesverbal i delegatës shqiptare në Konferencën e Paqes të vitit 1919 (Записник на албанското претставништво во мировната конференција во Париз 1919 година), Studime albanologjike III, Скопје, 2011 година; Rregullorja Programi i Organizacionit Kombëtar të Shqipërisë (Правилник Програма на Националната Организација на Албанија), Studime albanologjike VI, Скопје, 2012 година. Исто така, м-р Ардиан Лимани учествувал и во повеќе проекти на здруженија и организации и институции и организирале научни сесии, конференции, семинари и трибини, организирани во земјата и надвор од неа, на кои ги презентирал своите ставови и сознанија, со што го дал својот придонес во современите текови на историската наука. III Како членови на Рецензентската комисија, кои непосредно ја следат работата и активноста на м-р Ардиан Лимани, врз основа на погоре изнесениот извештај, можеме да констатираме дека тој ни се претставува како сериозен, одговорен и перспективен научен работник кој може да придонесе во развојот на историската наука и да се справува со предизвиците што ги бара научноистражувачката работа, истовремено задоволувајќи ги барањата и критериумите за избор во соработничкото звање асистент истражувач. Имаме чест на Советот на Институтот за духовно културно наследство на Албанците во Скопје да му предложиме да го избере кандидатот м-р Ардиан Лимани во соработничко звање - АСИСТЕНТ ИСТРАЖУВАЧ во Одделот за историја на Албанците во Македонија и демографските движења.

25 Рецензентска комисија 1. д-р Наим Алими, претседател с.р. 2. д-р Скендер Асани, член с.р. 3. д-р Севдаил Демири, член с.р.

26 Р Е Ф Е Р А Т ЗА ИЗБОР НА ВИШ НАУЧЕН СОРАБОТНИК ВО ИНСТИТУТОТ ЗА ДУХОВНО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА АЛБАНЦИТЕ ВО СКОПЈЕ Советот на Институтот за духовно културно наследство на Албанците во Скопје, на својата седница одржана на 30.6.2014 година, со Одлука бр. 0201-126/4 од 2014 година, не избра за членови на Рецензентската комисија по пријавата на д-р Букурије Мустафа, по објавениот конкурс во дневните весници Лајм и Утрински весник 12 јуни 2014 за избор на виш научен соработник. Комисијата во состав: проф. д-р Ќемал Мурати, проф. д-р Авзи Мустафа, проф. д-р Изаим Муртезани за избор на виш научен соработник во Одделот за албански јазик се пријави само кандидатот д-р Букурије Мустафа, научен соработник во ЈНУ Институт за духовно културно наследство на Албанците во Скопје. По разгледувањето на доставените материјали кон пријавата, комисијата има чест до Советот на Институтот за духовно културно наследство на Албанците во Скопје да го достави следниов И З В Е Ш Т А Ј I Д-р Букурије Мустафа е родена на 1.12.1969 година во Скопје, каде што завршила основно и средно образование. Филолошки факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј група: албански јазик и литература завршила на 1.12.1992. Во 1999 год. ја одбрани магистерската тема: Падежните односи во македонскиот и албанскиот јазик и во 2000 год. се здоби со звањето магистер по албански јазик. Со титулата доктор на филолошки науки се здоби во 2008 год. кога ја одбрани докторската дисертација под наслов: Јазикот на романот Мртвата река на Јаков Ѕоѕа при Филолошкиот факултет Блаже Конески во Скопје. Од 1995 до 2009 год. работела како професор по албански јазик и литература во средното економско училиште Арсени Јовков во Скопје и беше активно ангажирана во образовните текови при Бирото за развој на образованието. Од 2009 год. работи како научен соработник, отсек: албански јазик во Институтот за духовно културно наследство на Албанците во Скопје Д-р Букурије Мустафа е дел од уредништвото на научното списание Studime albanologjike што го издава Институтот за духовно културно наследство на Албанците во Скопје уште од првиот број од 2009 год. II Кандидатката д-р Букурије Мустафа, во текот на нејзината работа како научен соработник, учествувала во два проекта во траење од три год., од 2009 до 2012 год. при Институтот за духовно културно наследство на Албанците во Скопје и усвоени од министерството за образование и наука каде што била ангажирана како носител на проектот: