ВИКИНЗИТЕ НА БАЛКАНОТ. Есеј

Σχετικά έγγραφα
М-р Јасмина Буневска ОСНОВИ НА ПАТНОТО ИНЖЕНЕРСТВО

ЗАДАЧИ ЗА УВЕЖБУВАЊЕ НА ТЕМАТА ГЕОМЕТРИСКИ ТЕЛА 8 ОДД.

37. РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2013 основни училишта 18 мај VII одделение (решенија на задачите)

НАПРЕГАЊЕ ПРИ ЧИСТО СМОЛКНУВАЊЕ

ВО ОВОЈ БРОЈ: MAKEDONIKA. Izdava. MAKEDONIKA litera

ЈАКОСТ НА МАТЕРИЈАЛИТЕ

46. РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА април II година (решенија на задачите)

Етички став спрема болно дете од анемија Г.Панова,Г.Шуманов,С.Јовевска,С.Газепов,Б.Панова Факултет за Медицински науки,,универзитет Гоце Делчев Штип

ИНТЕРПРЕТАЦИЈА на NMR спектри. Асс. д-р Јасмина Петреска Станоева

ШЕМИ ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ НА ПРОСТИТЕ БРОЕВИ

а) Определување кружна фреквенција на слободни пригушени осцилации ωd ωn = ω б) Определување периода на слободни пригушени осцилации

НАРОДНА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА NATIONAL BANK OF THE REPUBLIC OF MACEDONIA

ИСПИТ ПО ПРЕДМЕТОТ ВИСОКОНАПОНСКИ МРЕЖИ И СИСТЕМИ (III година)

Доц. д-р Наташа Ристовска

Бесмртноста на душата кај Платон (II)

ВИСТИНСКА ТРОЈА НЕМАЛО

РЕФЕРАТ. Во средниот век епископската титула на св. Климент ја среќаваме во три основни варијанти:

Горан Санев. еден коринтски арибалос од скопје

Почетоците на европската античка етимологија (со осврт на македонската)

46. РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА април III година. (решенија на задачите)

70 ГОДИНИ ИНСТИТУТ ЗА ИСТОРИЈА 70 ГОДИНИ МАКЕДОНСКА ИСТОРИОГРАФИЈА

ПОТЕКЛОТО НА ТН.СЛОВЕНИ- САМО ТЕЗИ И ТЕОРИИ

ВЕРОЈАТНОСТ И СТАТИСТИКА ВО СООБРАЌАЈОТ 3. СЛУЧАЈНИ ПРОМЕНЛИВИ

ВОВЕД ОПИС НА ЛОКАЛИТЕТОТ ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА МЕГАЛИТСКАТА ОПСЕРВАТОРИЈА. Циклуси на затемнувања на 19

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ИНСТИТУТ ЗА ИСТОРИЈА И АРХЕОЛОГИЈА ISSN:

Од точката С повлечени се тангенти кон кружницата. Одреди ја големината на AOB=?

Стефан Пановски Војислав Саракински. По трагите на една епифанија Мотивот на Пан и политичката пропаганда на Антигон Гоната

игумен Давид (Нинов)

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО ИСТРАЖУВАЧКО СПИСАНИЕ

Регулација на фреквенција и активни моќности во ЕЕС

ФИЛАРХ, ПОЛИБИЈ И РАЗВОЈОТ НА ХЕЛЕНИСТИЧКАТА ИСТОРИОГРАФИЈА ВО III ВЕК ПР. Н. Е. *

Кон нов Свет и Голем Собор

ТАРИФЕН СИСТЕМ ЗА ДИСТРИБУЦИЈА

СТАНДАРДНИ НИСКОНАПОНСКИ СИСТЕМИ

Ракавици и сандали. Владимир Стојановски-Дерлиев

UDK:398.33(497.17):355

Примена на Matlab за оптимизација на режимите на работа на ЕЕС

НЕКОИ АЛГОРИТМИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ЗАДАЧАТА НА ПАТУВАЧКИОТ ТРГОВЕЦ

SEGMENTVM II : КРАТОВСКО - ЗЛЕТОВСКАТА ОБЛАСТ ВО АНТИКАТА 1

НУМЕРИЧКО МОДЕЛИРАЊЕ НА ГАЛАКСИИ

ЕДНИОТ И МНОГУТЕ НИЗ ЕКЛИСИОЛОШКИ АСПЕКТ

ЕТАПИ ВО ИСТОРИСКИОТ РАЗВИТОК НА ГРАДОТ ДОБЕРОС

Предизвици во моделирање

4.3 Мерен претворувач и мерен сигнал.

Проф. д-р Ѓорѓи Тромбев ГРАДЕЖНА ФИЗИКА. Влажен воздух 3/22/2014

МОДЕЛИРАЊЕ СО СТРУКТУРНИ РАВЕНКИ И ПРИМЕНА

Анализа на триаголници: Упатство за наставникот

Стевче ТОДОРОВСКИ НАОДИ ОД ДЕСНАТА СТРАНА НА РЕКАТА СИВА ВОДА ВО АНТИЧКИОТ ГРАД ХЕРАКЛЕЈА ЛИНКЕСТИС - БИТОЛА

Метод, формат, стратегија, тактика, практика, процедура, протокол, платформа и... и други испитни прашања за професорот. Сесија #2 со Мишко Шуваковиќ

КОЈ БИЛ ОХРИДСКИ АРХИЕПИСКОП ВО ВРЕМЕ НА ПОГУБУВАЊЕТО НА ЈОВАН ВЛАДИМИР?

Остава на монети од археолошкиот локалитет Баргала II (каталог)

Диоген Лаертиј. Животите и мислењата на славните философи, книга IX, глава II: Од животот и мислите на Хераклит*

45 РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2012 III година (решенија на задачите)

Елегискиот воин во новиот фрагмент на Aрхилох (P.Oxy. LXIX4708)

ДОНЧЕ ТАСЕВ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГРЦИЈА

Емпириска анализа на загатката на Фелдштајн и Хориока во транзициски земји, со осврт на Македонија

ГРЧКИ РЕАКЦИИ ЗА ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ

УДК 93/99 ISSN INSTITUT ZA NACIONALNA ISTORIJA GLASNIK. GLASNIK god. 60 br. 1

Мртвите јазици фонетика или фонологија?

56. РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2013 Скопје, 11 мај IV година (решенија на задачите)

ЗБИРКА ОДБРАНИ РЕШЕНИ ЗАДАЧИ ПО ФИЗИКА

ЕКЛИСИОЛОШКИОТ ЕТОС СПОРЕД СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ КИРЕ ТРАЈАНОВ

СОДРЖИНА 1. ОСНОВНИ ПОИМИ ОД ПОДАТОЧНОТО РУДАРЕЊЕ УЧЕЊЕ НА ПРЕДИКТИВНИ МОДЕЛИ...9

ПРИМЕНЕТИ МЕТОДИ НА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ПОЈАВИ И НАОЃАЛИШТА НА ЗЛАТО ВО Р. МАКЕДОНИЈА

Социјалните мрежи како алатка во процесот на управување со знаење

ГОДИШЕН ЗБОРНИК YEARBOOK 2016 ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ FACULTY OF LAW За издавачот: Проф. д-р Јован Ананиев

ЗНАЧЕЊЕТО НА ИКОНОСТАСОТ ВО РАЗВОЈОТ НА КОНЦЕПТОТ НА ЗАПАДНИОТ ТЕАТАР Театарот како храм на уметноста

ГОДИШЕН ЗБОРНИК YEARBOOK

ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА СО ВЕНТИЛАТОРИТЕ ВО ЦЕНТРАЛНИОТ СИСТЕМ ЗА ЗАТОПЛУВАЊЕ ТОПЛИФИКАЦИЈА-ИСТОК - СКОПЈЕ

t r i n c LIBER LEGIS СТАР КОМЕНТАР H A T H A Y O G A МАНТРА ЈОГА ТЕЛЕМИТСКА ВЕРЗИЈА НА МАЛИОТ РИТУАЛ НА ПЕНТАГРАМ ;;;;;;;;;;;;;;;;; ;;;;;;;;;;;;;;;;;

Православна Охридска Архиепископија Службен билтен година XII Јануари Декември 2015

Калимах: химна кон Ѕевс

ЈП МАКЕДОНСКИ ШУМИ. број 59/60 јануари 2013 ЈАНУАРИ 2013 НАШИ ШУМИ 1

Дејан ЃОРЃИЕВСКИ ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА СВЕТИТЕ ВОИНИ ВО МАНАСТИРОТ МАТЕЈЧЕ

Eкономската теорија и новата-кејнзијанска школа

ГОДИШНИК НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ ВО СКОПЈЕ

( ) ( ) ( ) ( ) ( ) ( )

Универзитет Св. Кирил и Методиј -Скопје Факултет за електротехника и информациски технологии ДИНАМИЧКА ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА НА СОФТВЕР. -магистерски труд-

Тргување на светската берза за почетници

МЕТОДИ ЗА ДИГИТАЛНО ДИРЕКТНО ФАЗНО УПРАВУВАЊЕ НА СЕРИСКИ РЕЗОНАНТНИ ЕНЕРГЕТСКИ КОНВЕРТОРИ

Викторија Соколовска. Повторно за златните погребни маски во архајските погребувања

АНАЛИТИЧКИ МЕТОД ЗА ПРЕСМЕТКА НА ДОВЕРЛИВОСТA НА ДИСТРИБУТИВНИTE СИСТЕМИ

σ d γ σ M γ L = ЈАКОСТ 1 x A 4М21ОМ02 АКСИЈАЛНИ НАПРЕГАЊА (дел 2) 2.6. СОПСТВЕНА ТЕЖИНА КАКО АКСИЈАЛНА СИЛА Напонска состојаба

АРМИЈА- ЗНАМЕНОСЕЦ СЕ ВРАЌА СТАРИОТ СЈАЈ НА PРЕСPА РОВ ЗА PАМЕТЕЊЕ ГОДИНИ ЧЕСТВУВАЊЕ НА PРАЗНИКОТ НА НАШАТА ЗАЕДНИЧКА ГОРДОСТ

Κτηνιατρικό Πιστοποιητικό για την Π.Γ.Δ.Μ. /Ветеринарно здравствен сертификат за F.Y.R.O.M. /Veterinary certificate to F.Y.R.O.M. Κωδικός/ Код/ Code

ИНТЕЛИГЕНТНИ СЕНЗОРСКИ НОДОВИ

Компаративистичко согледување на нимфите во хеленската и самовилите во јужнословенската митологија [*]

ИНСТРУМЕНТАЛНИ МЕТОДИ ЗА АНАЛИЗА

Универзитет св.кирил и Методиј-Скопје Природно Математички факултет. Семинарска работа. Предмет:Атомска и нуклеарна физика. Тема:Фотоелектричен ефект

МОДЕЛИРАЊЕ НА ПРЕОДНИ ПРОЦЕСИ ПРИ КОМУТАЦИИ СО MATLAB/Simulink

NIZ PREMINOT NA TRADICIЈATA

Природни ресурси и технологии Natural resources and technology

Ветерна енергија 3.1 Вовед

Душан Чакмаков. Веројатност

СТРУКТУРАТА НА КАПИТАЛОТ КАКО ФАКТОР ВО ВРЕДНУВАЊЕТО НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА И ИНВЕСТИЦИОНИТЕ ВЛОЖУВАЊА М-р Илија Груевски Државен универзитет Гоце Делчев

Емпириска анализа на загатката на Фелдштајн и Хориока во транзициски земји, со осврт на Македонија

ДРВОТО КАКО МАТЕРИЈАЛ ЗА

Приказ на епиграфски споменик - СКОЧИВИРСКИ НАТПИС

Ана ЈОРДАНОВА-ДУБРОВСКА ПРСТЕНИ СО ЖИВОТИНСКИ ПРЕТСТАВИ ОД АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ ЦРКВИШТЕ ВО СЕЛО МОРОДВИС. ПАТРИМОНИУМ.МК, година 10, бroj 15 / 2017

ФРАКТАЛИ: ДЕФИНИЦИЈА, КОНСТРУКЦИЈА, СВОЈСТВА И ПРИМЕНА. Елена Хаџиева 1 Јован Петкоски 2 1. ВОВЕД

Transcript:

ПАТРИМОНИУМ.МК, година 9, бroj 14 / 2016 УДК: 94(368:497) Стевче ТОДОРОВСКИ ВИКИНЗИТЕ НА БАЛКАНОТ Есеј Варијашката гарда во Константинопол, илустрација во книгата на Јован Скилица Во 1989 г. престојував во Шведска, еден месец, јули, вистинско лето. Тамошните колеги од мојата бранша ми укажаа на над 10 камени стени, споменици со викиншки руни, на кои пишува дека во 10. и 11 век нордијци се бореле во источниот Медитеран, од страната на ромејскиот цар. Да бидам попрецизен, се мисли на Византија, но тој термин не се користел во времето кога постоела државата. Внесен е во 18 век од францускиот историчар Монтескје. До крајот на царството - 1453 г. вторник, 29 мај, народот се нарекувал Ромеи - Римјани, зборот е старогрчки и значи силни. Во Источното Римско Царство, вториот Рим, во 6 век престанале да го користат латинскиот и го прифатиле грчкиот јазик (оттука е името на династијата Палеолог - старозборување). Значи, при тој престој во Шведска, да бидам искрен, не обрнав многу внимание на тие споменици и руни. Имав само моментален интерес, кој со текот на времето избледе. Денес, по 26 години, пак се навраќам на спомените и Шведска. Мислам дека дојде времето конечно да се зафатам со горенаведената тема. Во 852 г. Константинопол за првпат е нападнат од Викинзите Руси, читаме во Несторовиот летопис. Викинзите се појавиле пред ѕидините на Константинопол (кој на нордиски го нарекувале Миклогорор - Голем Град), успеваќи да извојуваат поволни трговски привилегии. Во 907 год. пак се појавуваат на Босфорот и добиваат уште поголеми трговски привилегии. Словените од Македонија во тоа време (Самоиловото царство) Ромејот Јован Ѓакон во 986 г. на пр. ги именува со името што го носеле до 869 г. Славинија; Во 986 г. пак Лав Ѓакон Словените ги нарекува Мизи (оттаму Хераклеја Мизиска). Оваа година за нас е многу битна бидејќи Викинзите се интересни од 17 август 986 г. кога Царот Самоил кај месноста Траја- 375

Рунски натпис во Св. Софија Халфтан беше тука нова порта катастрофално (зборот е старогрчки и значи лоша ѕвезда ) го победува ромејскиот цар Василиј Втори. Тој, пак, во 988 г. ја мажи својата сестра Ана за викингот од градот Киев, Валдемор, односно по словенски - Владимир Први Свјатославич, кој патем кажано, имал уште 800 други конкубини. Со тоа име го бележат Украинците, а на старонордиски е забележан како Валдамор - Valdamorr (958-1015). Во 980 г. станува Jarll - што на нордиски значи моќен. Словените го нарекуваат књаз. До 14 век Викинзите владеат со Словените на териториите на денешна Русија. Владимир во чест на женидбата, на својот шура му испраќа 6.000 варјази - професионални борци - Викинзи да се борат против Самоил и др. бунтовници. На нордиски Vaeringjar, грчки Βαργγοι - Varangoi, украински, руски варјаги - освојувачи на просторот на источна Европа во Русија, Украина, Белорусија, Полска и Византија - доаѓа од нордискиот збор var - заклетва, што значи дружина под заклетва, а ги води неговиот омилен варјаг Олаф Триглавсон (960-1000), кој од од 995-1000 е крал на Норвешка. Името Руси некои сметаат дека доаѓа од руж - црвен (црвенокоси). Други, пак, од финскиот збор руатци - веслачи. Во секој случај, и двата се во корелација, и денеска на германски за црвен е зборот rot, а дека се веслачи познати се по нивните бродови - дракари. Но познато е дека Словените од нивните господари го зеле името Руси, како што читаме кај Нестор Летописец. Овие Викинзи - Руси, варјази, биле само социјална група на луѓе од Скандинавија, а не народ со целосен идентитет. Кога се сместиле во Константинопол, центарот на Ромејското Источно Царство, ги запоседнале крчмите и борделите. Годишна плата им била 40 златници и многу, многу други бенефиции, така што низ музеите на Шведска видов многу златни предмети од Византија, што ги донеле варјазите. Во суштина, заради нивната лојалност во единицата наречена Викингшка гарда, (и незнаење на јазикот), како и борбеноста, служеле како телесна гарда на царот и како елитни единици во византиската војска. Тие знаеле техника за ослепување со киселина, така што варјазите после битката на Беласица на 29 јули 1014 во вечерните часови, ги ослепиле самоиловите војници. Од 988 г. па се до 1097 г. за Норманите (име за северните народи од Данска, Норвешка и Шведска, кое важи и денес) Балканот станува место за вработување на огромен број Скандинавци - Руси. Доаѓале и се враќале назад, носејќи злато од Балканот и потикнувајќи ги младите Викинзи да се приклучуваат во Варјашката гарда во Константинопол. Постои во историјата дури и пат на варјазите кој од Скандинавија се спуштал до Константинопол, денешен Истанбул, (името на градот значи Стар Град ) пловејќи со нивните бродови - дракари по реките Нева, Волга, Дњепар, Дњестар, Дон, Одра и Вистула. Се мисли дека по патот, освен Русија, тие ја основале и Полска како 376

Тракијска жена убива Варјак, кој се обидел да ја силува. Неговите другари ја пофалуваат и ѝ ги даваат предметите што ги поседувал убиениот држава, бидејќи полскиот прв владател Мјешко е Викинг - паганин. Дракарите ги префрлувале од една река во друга, преку суво, влечејќи ги сами или со помош на месното населени (сигурно под принуда). Оттука е заклучокот дека покрај наемништвото, трговијата и грабежите, Викинзите ги користеле народите кои ги покориле - или во нивните походи, или како робови за продажба. Познато е дека на Арапите во Константинопол и Багдад им продавале илјадници робови од словенското население (можеби и отаму е помислата дека Мамелуците од Египет имале словенско потекло). Најверојатно и англосаксонскиот израз за роб води потекло од името на Словените, инаку на германски за Словени се користи терминот Венди - Вендишен. Базично место каде што се собирале при нивниот Варјашки пат било пристаништето Херсон, град на полуостровот Крим, на брегот од Црно Море, бивша старогрчка колонија, стара повеќе од 2500 г. (Херсон на старогрчки значи полуостров). Во овој град во 988 г. е покрстен Владимир, синот на Свјатослав, како предуслов да се ожени со византиската принцеза Ана, сестрата на ромејскиот цар Василиј Втори. Со него се покрстени и поголем број варјази и Словени, барем номинално (само да се именуваат како христијани, а после ќе тераат по старо). Владимир е јунакот на Несторовиот летопис, каде што е спореден со Јован Крстител. За Словените од Македонија, Нестор остава податок кој воопшто не го експлоатираме - за среќата на рамноапостолите Кирил и од покрстувањето на Русија и за нивните плодови на просветлувањето. Тоа значи дека Русија е покрстена непосредно од Кирил и Методиј, па затоа и писмото им е кирилица. Од Киев до Херсон пловеле по Дњепар, а оттаму по Црно Море, па по реките Дон и Волга Детал од таписеријата од Баје, Франција 377

Шахоивска фигура со лик на војник најдена при ископување на скопското Кале, сведоштво за присуство на Викинзите на овие простори пристигнувале до Каспиското Море. Во Шведска постои еден врежан рунски натпис на камена стена - споменик, посветена на Ингман патникот (од ова викиншко име изведено е руското Игор) кој му служел на кнезот Јарослав, а вели дека Ингман стигнал до Грузија. Грузијците Грузија во нивниот јазик ја викаат Сакатвело, а Викинзите Саркланд. Со оваа констатација се побива западното тврдење дека Саркланд ја викале заради Сарацените. Фактички зборот е идентичен со името што го има во автентичниот говор. Во црквата Св. Софија во Константинопол постои графем со руни, врежан во мермер, од некој Викинг - варјаз, а преводот гласи: Халфтан беше тука. Во Венеција постојат скулптури на два лава од мермер, врз кои се врежани руни. Првобитно тие биле во пристаништето во Пиреја, во близина на Атина. Ибрахин Ибин Јакуп од Шпанија тргувал на реката Волга со Викинзите - варјази, наречани Руси. Тој ги опишува како варвари, вели дека се сурови и бесрамни, а биле тетовирани од глава до петици. Најмногу тргувале со амбо (килибар), т.е. јантар, кој излегувал со брановите од Балтичко Море во балтичкиот слив. Тоа е скаменета смола, што докажува дека Балтичкото Море се наоѓа над некогашна зимзелена огромна шума, прекриена со вода. И денес туристите после големи бранови на брегот собираат килибар од Балтичко Море. Експлоатирањето на овој украсен материјал е уште од антиката, се среќава дури и во Египет, а особено го ценеле Римјаните. Го користеле и муслиманите, особено за бројаници. Се цени според бојата - темна и светла портокалова боја, потемниот е поскап. Тргувале и со кожи. Кожата во Константинопол за оној што ја носел претставувала престиж. Нестор Летописец (1056-1114) со летописот Историја на минатите години, спомнат претходно повеќепати, е средновековен киевски монах. Во 1073 г. станал монах во Киевопечерската лавра. Пишува дека од првите тројца повикани варјази да владеат над Словените е Рурик, по кој се нарече и руската земја. Од него го имаме првиот официјален историски извор за варјазите и за државотворноста на Русија. Вториот извор се камените стени - споменици со рунски записи. Такви графеми има неколку илјади низ цела Скандинавија. Руните ги користат и Германите од левата страна на реката Рајна, особено племињата Чируски, Убици, Свеви (во римскиот период), сите спуштени од Скандинавија во централна Европа. Постои постар и помлад алфабет. Најстариот алфабет се вика футхарт, содржи 24 рунски знаци. Во 7. и 8 век доаѓа до јазични промени, особено фонетски, со што настанува младиот футхарт, кој го карактеризира редуцираниот број знаци, вкупно 16 на број. Камените стени - споменици со врежани руни се поставени на места каде што треба да се видени, долж патишта и пловни реки или пред цркви - поранешни пагански светилишта. Главно сведочат за нечија смрт, за Викинг кој не се вратил од поход или грабеж. Ги подигнале роднините на загинатите, но може да се видат примероци на некои локални моќници, кои им даваат на знање на другите за нивните достигнувања. Нордиските саги се исто така своевиден извор. Запишани се во 13 век на Исланд, кога Викинзите веќе два века биле христијани. Меѓу научниците има поделени мислења за вистинитоста на сагите, но археологијата многу од нив потврди, како што е примерот со сагата за населувањето на Гренланд од Ерик Црвениот и Винланд (Северна Америка, а зборот значи висока трева) од Леиф Ериксон, синот на Ерик Црвениот. 378

Цртеж на самострел, реконструкција врз основа на пронајдени делови од оружјето при ископување на скопското Кале Еден од најпознатите Викинзи кој бил платеник кај Ромеите во Константинопол е варјазот Харалд Хардрада, или на нордиски Harald Sigurdsson (1015-26.09.1066). Кај скалдите, дворските пејачи и во сагите е познат под името Hardrada - во превод - строг совет или пак тежок владетел. Тој станал и крал на Норвешка од 1046 до 1066 г. како Харолд III. Долг период од животот го поминал во прогонство, како платеник, наемник и воен командант во Ромејското Царство. Во 1033 г. заминал за Константинопол како капетан на Варјашката гарда. Во западната литературата е запишано дека се борел во Бугарија (веројатно и во Македонија, која тогаш била под власт на Бугарија) со бунтовниците кои биле против царот. Во 1042 г. ја напушта Византија за да го заземе местото крал на Норвешка, бидејќи претходно бил прогонет благородник, принц. Загинал во 1066 г. во селото Стенфорд Брич во Англија, во исто време кога Норманите од Нормандија (Франција) на чело со Вилијам Бантлинг (староанглиски: копиле) во месноста Хестингс го победуваат англискиот крал Харолд Годвинсон (Harold Godvinson е погоден со стрела во окото). Така Вилијам, потомок на Нормани - Викинзи (за терминот Викинг се` уште нема дефиниција, само нагаѓања) од Нормандија во Франција, станува крал на Англија (кралицата Елизабета Втора води потекло од него). Освојувањето е прикажано на таписеријата од Баје во Франција, долга е 70 м. а широка 50 см. Викинзите од елитните единици, наречени берзеркери (berserker, на англиски - луд, лудак, беро е и мечка, бер на нордиски е и гол) во битката кај Стенфорд Брич користеле допинг за да ја зголемат нивната сила и енергичност. Еден воин-берзеркер сварил печурка, amanita muscaria (доаѓа од Сибир, зборот е монголски значи заспана земја ) со медовина. Ако печурката премногу се конзумира, настанува смрт, а во мали количества е како дрога, човекот е безумен и крајно агресивен, од устата му излегува пена и почнува да испушта крикови, грчење. Тој берзеркер со секира со долга рачка во рацете, застанал на мостот и голем број воини од страната на англосаксонците убил сам. Викиншката секира со долга рачка ја освојувала победата, сечилото е 30 см. мечот со балчак на рачката имал име ulfberht. Викинзите верувале дека само ако загинат во борба ќе одат во Азгар - викиншкото небо, каде што е Валхала - дворецот на Один - врховниот бог, а ако умре од природна смрт оди во Мидгар - поземниот свет. 379

Крајот на Варјашката гарда на Балканот е после битката кај Манцикерт на 26.08.1071 г., каде што варјазите заедно со византиската војска се унуштени од турскиот султанот Алп Арслан. Со оваа битка заврши викиншкото време кое траеше околу 250 г. Во Македонија, покрај историските податоци за присуството на Викинзите постојат и археолошки, и тоа при ископување на Кале - Скопје во 2007 година, каде што присуствував и јас, пронајдоја дел од викиншки самострел и шаховска фигура на војник. Делот од самострелот го реконструира во цртеж проф. Иван Микулчиќ, прикажан со илустрација. 380