1
веле смилевски ЗАБРАНЕТА КНИГА 2
КОНЦЕПТ ЗА КНИГА Ниту една книга не може да биде Забранета книга. Вжештувањето на кладата Постепено н внесува Во делот На ненапишаното. Затоа Ниту имало, ниту ќе има Забранета книга. Но помислата Да ја исклучиме можноста За забрана Ε крик Или Идеја за тестамент, За книга што ќе ја доживее Слободата за читање. Потребата Да ја кажеме оваа вистина H качува на високо. Слегување оттаму нема. 3
ЗАБРАНЕТА КНИГА 4
КНИГАТА ОДГЛАС (Обраќање) Вие сте, сосема случајно, На големиот премин И, заплиснати од киселата насмевка на непоправливиот циник Лучијан Блага, Ги слушате чекорите на пророкот. Америка: пророштво! Европа: пророштво! Далечниот одглас на Вилијам Блејк Be пресретнува. Додека низ решетките на јазикот Ги пребарувате зборовите Редејќи ги од праг на праг Несакајќи отсекувате прамен Од косата на Паул Целан. (Од огнот на радоста До новото огорчување Лyj Арагон ги затвора прозорците Бранејќи се од црвени ветрови). 5
Додека ги премерувате Границите на празнината Што ве соочуваат со Јаството Co планината што постои за вас Од другата страна, потпрен на бастун со левата, Ви мавта со десната рака Мирослав Холуб. (Скришум, со бели ракавици на рацете, Во малиот дуќан во Кембриџ Тед Хјуз препарира пештерски птици) Додека скицирате студии на предметите Co кои оставате оттисок во глина Пред вас се распаѓа светот на Збигњев Херберт. (Бидете стрпливи, Зад границата на минатите дни Александар Блок на бреза црта срце). Додека заспивате во постелата на доцниот час Марк Стренд упорно ви тврди: Ова е вистинскиот час! Осамени меѓу прастарите стебла Ја слушате виолината на Марин Сореску, Α потоа долго Жан Пол Гибер Ви го толкува лицето на благата смрт. 6
(Сина вода блика во сеќавањето: Од мостот на Незвал Гледате жена во множина). Додека се одмарате во сенката што дише Го чувствувате нераздиплениот здив на Ив Бонфоа И издишувате, издишувате, издишувате. Додека патувате кон станицата во пустина Го слушате гласот на Јосиф Бродски Немо запишан меѓу кориците на Книгата Одглас. Тоа не е крајот. Тоа е само почеток. 7
НАПУШТЕНА КНИГА С од тебе заминува, од нас заминува с! Габриела Мистрал Фабулата веќе не е важна, Сè е кулминација во краткиот живот. Телото доброволно си бара легло По своја мерка. Часовниците никој не ги слуша. Тие сами им се враќаат На нашите сеќавања Вкусно гарнирани Co модра перуника во модра вазна. Се обновува историјата на мигот Во малата соба Од чиј прозорец само еднаш Се испраќа поздрав. Некој на аголот од темната улица Co усна хармоника ја свири смртта. 8
БОЛЕСТИТЕ НА КНИГАТА Bo улицата Ренгенска број 92 - a Има приватна болница За приватни болести на приватно болни Co приватни соништа и приватни деривати На храната консумирана приватно Co приватен апетит И приватни посебни потреби И потреби за мокрење и голема нужда На оние кои приватно си го гризат сонот Заробени во приватната мрежа на сонувалката Во која ферментираат идеите До згуснување До тези За поцинкувањето на ластарот За течењето на каменот За месечевата клетва во водата За гранката што грачи За се што нешто значи Меѓу зреењето на лебот И Потребата Од Дла бо ко Дишење. 9
БЕКГРАУНД HA КНИГАТА Bo пазуви ја носеле Наменски ја употребувале Под тезги ја криеле Горештини ја нагризувале На изгрејсонце ја молзеле На зајдисонце ја цеделе На клепки ја обесувале Клети шпиони ја толкувале Сешто ја нарекувале (Била прозорец Била и решетка) Ceгa е литература Под сигнатура 49 Κ Bo папок ја подврзувале На едно место ја оставале На друго место ја наоѓале На коњи ја качувале Во галопја испраќале Крај модар насип ја саделе Во хорски жици ја тегнеле На таван ја лепеле Co лаком залак ја крепеле (Била далновод Била и белутрак) Ceгa е литература Под сигнатура 49 Н 10
Ha дланки ja пишувале Bo неволја ja допишувале Од немајкаде ja препишувале Без зборови ја умножувале Во снег ја вжештувале Редовно ја потстрижувале Во кисели овошки ја унижувале Крај влажна кожа ја доживувале Во остатоци на смев ја сожалувале (Била светлина Била и темница) Ceгa е литература Под сигнатура 49 И Во тело ја изѕидувале Катаден ја отповикувале Оголгола ја слекувале Беспоговорно ја силувале Ја негувале, негувале, негувале Зад пораката $ протестирале Во восок ја зачувувале Пес и јазол ја врзувале На вечност ја обврзувале (Била Атлантида Била и клозетска нула) Ceгa е литература Под сигнатура 49 Г 11
Bo планина ja губеле Ha ѓаволи ja изнајмувале Под вишна ja оплакувале Β лице и ликувале Ја заведувале, ја засводувале На полен ја запчелувале Во катран ја расветлувале Во визија ја разретчувале Пред неа секогаш избрзувале (Била змија ѕвечарка Била и глогов трн) Ceгa е литература Под сигнатура 49 A 12
ЗАБРАНЕТА КНИГА 1. Врз кадифе глава веднам, но ми тежи мисла една, мисла тажна, мисла бледна: кој е овој зловест створ? Едгар Алан По Забрането одење по стапките Забранети стапки по нестапнатото Забрането блиско во далечината Забрането лице во опачината Забрането отворање на сандакот Забрането ловење спитомен дивеч Забрането бакнување илузии Забрането дете во утроба Забрането плетење бессоница Забранети обетки на црешната Забранета година во векот Забрането икање на работен ручек Забрането паркирање на крстопат Забранета плитка вода во вирот Забранета емисија за змејови Забрането срце во кафезот Забрането чешање по тилот Забрането слегување на патот за горе Забрането гракање според Nevermore! Забранета книга ширум отворена 13
2. Забрането веслање на суво Забрането суво во суводолица Забранет страв во пукотница Забранет пејзаж во поезија Забрането копање компири Забранет сомнеж во надежта Забранет вител во глуждот Забранет глужд во кабелот Забрането подгазување на газдарицата Забранет пикасо во кукуречани Забрането кукурикање во песочани Забранет одговор во дворот Забрането сонување на јавето Забрането јаве во несоница Забранета жед во жена Забранет страв во темница Забрането двоумење на делница Забранет црв во небесен корен Забрането гракање според Nevermore! Забранета книга ширум отворена. 14
3. Забрането празно во празнина Забранета празнина во мазното Забранети еднороги меѓу еднооки Забрането колвање на зборот Забрането качување по јаже Забрането копање во гробишта Забрането солење на потта Забранета пот под јазикот Забранет шум меѓу трските Забранет чекор кон небиднина Забранета иднина на листот в есен Забрането плукање на јавни места Забранет топломер во топлина Забранета магла во ветар Забранет ветар пред метла Забрането слободно паѓање Забранета забрана за забрани Забранет зборот непреќутен, зборен Забрането гракање според Nevermore! Забранета книга ширум отворена. 15
КНИГА HA СЛОБОДАТА Имам мистички визии и космички вибрации Ален Гинзберг Благословувам постојано Благословувам С што е околу мене. (Предметите Ми ги одбројуваат часовите Додека ги разместувам по сеќавање) Ја благословувам ноќта Го благословувам денот. (Метеори Ми смрзнуваат во дланкиве Додека го толкувам ѕвездениот гердан) Благословувам во пролет Благословувам во лето Благословувам во есен Благословувам во зима. Благословувам вон времето Благословувам вон просторот. Вселената е мојот Благослов. ( Последен обид, рече Бог Или Тед Хјуз Во Гаврановата прва лекција) Јас сум Благослов Апсолут. Прогласувам: Книга на слободата. 16
КНИГАТА ЅИД Ѕид што се поместува Ѕид што сонува Ѕид од усвитен камен Ѕид што прашува Ѕид без одговор Од онаа страна на ѕидот Од оваа страна на ѕидот Ѕид на сонце Ѕид варосан Графити ѕид Ѕид што се гради Ѕид што се урива Непознат ѕид Ѕид за поклонение Ѕид ковчег Курвин ѕид Замислен ѕид Ѕид на радоста Ѕид на ужасот Од онаа страна на ѕидот Од оваа страна на ѕидот 17
Ѕид прегратка Ѕид за кршење глава Ѕид магија Берлински ѕид Ѕид фуснота без повод Ѕид без ѕирка и проѕирка Ѕид пророк Алтернативен ѕид Ѕид за мочање Ѕид палета Пијан ѕид Од онаа страна на ѕидот Од оваа страна на ѕидот Ѕид што зборува Ѕид што молчи Осамен ѕид Ѕид воздишка Јас ѕид Од онаа страна на ѕидот Од оваа страна на ѕидот 18
АЛГЕРНАТИВНА КНИГА 19
КНИГАТА СВЕДОК полици со мали простори за прав од време недопишани наслови допишани желби претопени во печатарска боја на која ми се лепат прстиве и оставаат оттисоци од воздишки a јас немам право на збор јас немам право на одбрана јас немам право на своја страница во книгата јас немам право на своја страна на светот јас немам право на странствување Додека се задушувам во прав од букви на овие полици на кои користам правото да молчам 20
СТУДЕНА КНИГА снег врне во светлата куќа куќата на мојот сон е натрупана со снег и јас каде и да појдам те среќавам во исто годишно време во зима што те дочитува во зима што ме препрочитува (о, летна горештино прежеднета водо, о) додека врне снег додека редам во фурната пресен леб додека костените ги вадам од жарот врне снег во светлата куќа во куќата што ме сонува замрзнат отсутен и туѓ со очи на замрзнато небо топло склопени со твоите корици 21
КНИГАТА ИДЕЈА твојата светлина ми доаѓа светлината твоја што доаѓа и заминува и за рака ме поведува низ едно поле крај една река крај с што може да биде светлина како крај мене што се распостила светлината твоја твојата екстаза твојата скриена тага твојата тајна симетрија со сонцето од кое извираш и ми се враќаш за да бидеме едно во неизвесноста во која те гаѓаат темни луѓе заслепени од твојата светлина светлината твоја ми доаѓа твојата светлина што доаѓа и заминува како што јас дојдов и заминав подалеку од сите 22
КНИГАТА ПОТТЕКСТ ги берам плодовите на познанието следејќи ја секоја нијанса на вкусот со љубов кон убава молња да, молња што била убава пред да се олади пред да се згрчи во костур пред да се раздроби во зборови пред да ги вкусам овие плодови на кои им должам долго патување што цути во поттекстот а пролет е кога се исправам како човек пред себеси и велам: сега е почетокот на моето трајно сеќавање на секоја нијанса во плодот што се сеќава на мене во желудник кој тешко се чита 23
КНИГАТА ЕСЕЈ метално чиста со цврста маса што одѕвонува сталожена спирално овенчана со чинот на раѓањето со с што е банално во стисокот на рацете во писокот на локомотивата во заминувањето кон личната слобода што заробува во една фуснота посветена на моето заборавено име 24
КНИГА НА ЕПИГОНИТЕ се собрале се набрале во колон цифри на секоја страница брифирани од ветар гласници во етерот со чекани в раце во ковачници на наковални воздигнати за иднината го потпалуваат огнот со здив на содржина нужно горчлива поттикнувачка (катарзичен поход) со мирис на познати јадења од својата внатрина што истекува како талог на застоен воздух во однегуван мев кој на очиглед на сите свечено се издишува 25
АЛТЕРНАТИВНА КНИГА ако конечно се распукне планината и од неа потече изопаченоста што се собирала како раска во окото на ѕверот што ни оди по трагата душкајќи ни ги капките крв ако конечно ни го открие некој потеклото сродството со трагачот што н демне со векови ако конечно се откриеме во неговите очи спонтано како што течат водите од планината кон нас ако конечно сеткриеме како такви ќе значи ли дека тоа е почеток на нужната преобразба 26
МИТСКА КНИГА 27
ПРВАТА КНИГА МОЈСЕЕВА И да ја отвфрлиме темата за Битието Под претпоставка дека е банална И низ болниот крик на раѓањето Да го чуеме она што го сакаме: Нема песна без земја и небо И без земја u небо нема дрво И плод нема без земја u небо Како што земја u небо нема без нас Задоцнети доселеници Во исцелителната градина на гревот, Ние го носиме гревот на првите луѓе Оти во песната Што само Он ја пишува Во талогот од Еденски соништа Остана прелагата змиска. Сега сите сме Едно тело Мазно тело Извиено тело Околу дрвото на познанието. Во арената пред нас Каин и Авел Плачат. 28
МИТСКА КНИГА (Прва) Во ателјето Делал дреме крај новата скулптура Одисеј се буди на брегот не знаејќи дека е на Итака. На Зевс му се принесуваат жртви пред да фати бура Сизиф во Епир од погледот на Танат да избега сака. Харон со лаѓа го пренесува Орфеја во подземен свет Страшниот пат води до сенката на убавата Евридика. Персефона плаче на рамото на својот господар клет: Споени се две смрти, од змија и од љубов, во една лика. Хефест во пештера златен престол на Хера ѝ кова, Co винова лоза околу вратот Дионис на Олимп го враќа. Низ кавга, на богата гозба, Зевс кажува историја нова За огнот со збор што се пали и жестока порака праќа. 29
МИТСКА КНИГА (Втора) Co труба од школка Тритон создава страшна бура. Во подземното царство Посејдон коњите ги спрема Острејќи го трозабецот тој тргнува во нова авантура Да го задржи она што синот со пискот му го зема. Високи модри планини се брановите на морската шир; По нив делфини го следат патот на господарот лут До мудроста на Нереј, до вистината една, до благ допир Посејдон сака да стигне пред да се оствари сонот злосут. Α на патот мачен го пречекува преубавата Амфитрита Подавајќи му го, во пелени од морска пена, синот Тритон. И пак се задава бура, на среќата нема крај, суетата е сита Кога јавето е посилно од претчувството во страшниот сон. 30
МИТСКА КНИГА (Трета) Деметра ги одредува годишните мени Везејќи гоблени без да склопи око. Што е златото пред зборовите скапоцени? Се прашува она, барајќи во ноќта спокој. Α ни збор ни лика, сал темни врани За Персефона од подземје вестат грев. Зевс е лут, но и љубов страсна го кани Громовникот беден потонат во гнев. Мајката огнот го пали, како закрилник На плодноста цветањето го потсилува она. Спасот од подземјето барем за еден миг' Ε воскреснат во пролетта на Персефона. 31
ИДЕАЛНА КНИГА Што остана од пораките На поетите заведени во книгата На идеалната држава? (На плоштадот скришум Се продаваат последните манифести) Што остана од поетите, Кормилари на илузијата Што сега е неподвижна камила Во пустина? (Во едно предградие На диво се реновира разрушена песна) Во очекување на телото На бледата копија на идејата Поетите се едноставни: Доброволно му се препуштаме на сонот Што н прогласи за гласници На јавето. 32
КНИГАТА РЕПРОДУКЦИЈА Зад манастирот, покрај патот постојат гробишта за отфрлени предмети Ернесто Карденал Ние велиме: Прогонство во себе. Темниот глас вели: Прогонство надвор од себе. Играта на случајот Ε благо пијанство Во црниот бисер На смислата. Светот е репродукција На сонот По кој копнеевме. 33
СВЕЧЕНА КНИГА Никогаш не е доцна За плачење Во процепот на времето. Α свечено е. Се прогласува Слобода На огнот Што оди И зборува. Свечено е Во идеалната држава. Во книгата Во која можеби ќе се вратат Прогонетите поети. 34
КНИГА НА СТРАВОТ 35
КНИГА HA СТРАВОТ Ролетните на прозорците Се спуштени. Над влезот Co големи модри букви Пишува: Кремирање на соништа. Одвнатре Низ клучалката Упорно кон нас гледа Големо крваво око. Сите н гледа. 36
БЕЛАТА КНИГА НА МАНОЛИ АНАГНОСТАКИ Малони Анагностаки: Само ти знаеш Само ти знаеш Како се губиш сега како потонуваш Во убави Години во бели кошули Во бели насмевки во бела книга Само ти знаеш како потонуваш Во нова облека во свежи улици Во аплауз додека минуваш Во шепот пред тебе што се распостила. ( Многу заседи го демнеа твојот пад ) Заседи од аплауз како празни истрели. 37
РИМУВАНА КНИГА пламен на збор рамен страстен бесен небесен занесен знак дека пак на тајна трајна виделина око ќе сонува спокој мисла што се впива жива вивната а пак в миг стивната ο таа тага ο таа драга горе непрегор море плен на налуничав ден долу земна нескротлива темна коска древна засенети скаменети зборој во груба убост од створ цедат одговор: каде е атот? кој е патот? 38
КНИГАТА ТЕАТАР Жолшо сидро, сина риба со такви чудни месечини жие Силвија Плат штиците крцкаат неподносливо крцкаат под тежината на одот мек рефлекторот со модра боја ги прелива пукнатините на левиот образ на животот на десниот образ на животот истекува остатокот од модрата боја на рефлекторот сенките се качуваат по левата страна на завесата и се спуштаат по десната страна на завесата на средината од сцената нашите усти н голтаат со сласт што освојува публиката аплаудира безмилосно аплаудира безмилосно публиката безмилосно публиката аплаудира таму, од другата страна на завесата, во гледалиштето, веќе започнува долго очекуваната претстава 39
Т.Н. КНИГА книга - книжна гакни - расеана инкаг - раскурвена гинка - разулавена кинга - раскостена на κ - кудена на н - нудена на и - исцедена на г - грдосана на a - алосана книга т.н. 40
ГОЛА КНИГА & ги гледаме срамните нешта Млекото, месото, дождовите Изораната почва што нè топли Одвнатре. & цртаме иднина На белата површина И таа проодува Модифицирајќи се Во топло меко тело Учејќи н Да станеме фетус Ceгa е време Да бидеме родени, Да го чуеме плачот нејзин Пред да н види. Кој ќе не прочита Мајко? 41
ХАИКУ КНИГА Кориците на книгата се отвораат Ако се направени По мерка на нејзината идеја. 42
КНИГАТА ПРЕПОЗНАВАЊЕ 43
КНИГАТА ПРЕПОЗНАВАЊЕ Се исповедам пред Бога Свежо избричен Гологлав Co предупреда во Зборот: На почетокот беше Тој! Невиноста на небото ме збунува На сите испишани страници Co дождот на моите несоници. Барам прошка за играчките Што светат расфрлани на Малата Кола. Детството со ѕвезда в рака Ми мафта оддалеку. Овдека На земјава С е обично Како и секогаш. Патот е тесен Портата е ниска Бог е голем. Стојам пред себе. Се препознавам. 44
ОГНЕНА КНИГА Го разгорувам жарот Во дувлото на животот My се препуштам со мисла За гола жена Co чекор кон Парнас Залуден од желба Да бидам пламен Прскаат искри по небото Додека ми гори кошулата И станувам усвитен камен Метеор желен за Мајката Земја Co благ допир Го отворам просторот За глобално затоплување Во собата полна со гости Од жарот пишти змија 45
ВРЕМЕТО HA КНИГАТА Времето е како коса што без крај се чешла Лyj Арагон Се раѓавме, се раѓале, се раѓаат над дупка што зјапа Неименувана бездна пред која страв во крвта струи. Ние сме одглас на гласот под небесната капа, Свилени конци низ нотите на бескрајни партитури. Живеевме, живееле, живеат со страст на бујна грива Во убоста на утро со кошула распетлана до кожа. Ние сме сон на тревите со корен на мисла дива, Отмена растителка на надежта во топлата ложа. Умиравме, умирале, умираат без засолн во часот суден Ослободени од тврдоста на телото што ѓавол го зема. Ние сме сечила остри што искрат во векот наш студен, Пијан ренгишпил на кој, наверојатно, одамна н нема. 46
ОДАИТЕ HA КНИГАТА Одаите мирисаат на плодови во есен Имаат ротирачка иднина, ôд лесен. Одаите се одглас на шума со таен лаеж Имаат раце и нозе, имаат надеж. Одаите полагаат испити по живот Имаат очи со темни зеници во сливот. Одаите се говор пред одговорот иден Имаат изгребано лице на приказот ѕиден. Одаите својот повик го гласат на ѕвона Имаат стрели и ѕвер постојано што гонат. Одаите се колнат во клучарот стар и спор Немаат тие доверба во оние однадвор! 47
ТЕЛОТО НА КНИГАТА Jа допирам твојата клетка космос, Сакам да сум зглоб наѕвезденото скеле. Додека низ дворот растрчува ангелот бос Сакам да ти втиснам на челото белег. Ја допирам твојата крв во божур поле, Сакам да вградам сон во атомот следен. Додека раѓаш деца со крик радосен и болен Сакам твоите стапки да бидат збор ненадеен. Ја допирам коскената маса во тебе што гори, Сакам да сум буква од танцот, еднаш бар. Додека од библиотеката твојот глас говори Сакам в занес долго да те чекам на тротоар 48
ЕРОТСКА КНИГА Спиеше: со врел прст, гол, без аметист Под ношница мушнат, след воздив низ гриз Стефан Маларме Кротко ги лепи дланките за стаклото И знае дека доаѓа пролет со ужасни Рунтави погледи, со морници По снагата на една бреза Долго ги милува ресите на пердето Прави паралела со тротоарот На кој заклан петел се дели Од ѕвездите и чуварот ноќен Гласот го обојува утрински Телефонирајќи здодевно И бесцелно за да го успори чекорот Оттргнувајќи го погледот од улицата Ја пресоблекува влажната кожа Ја везе со усвитениот знак на плотта И ја слуша песната на петелот Вивната во крвоскок до небеса 49
КОЊИТЕ HA КНИГАТА Тупотат со копитата Удираат во земјата, во каменот Ја враќаат довербата во пламенот Co кој внимателно треба да се ракува Пред да се потпали летото Пред да легнеме на ледина Да се одмориме. Тупотат со копитата Удираат во зборот, во пораката Ја заведуваат откопаната вода Во контраст со нашето благо Љубопитство, со нашата потреба Да прелетаме планини и полиња, Да се одмориме. Тупотат со копитата Удираат во садот со месечево млеко H будат нас блудни коњаници Вјавнати на своите илузии Во осветувањето на семето Што н создаде Co кое создаваме Во галоп. 50
КНИГАТА ФРАГМЕНТ 51
ЗАБОРАВЕНА КНИГА Изгубени предмети нема, ни најдени предмети нема, познаваме само изменети нешта. Едвард Коцбек Заборавена книга на камен, крај жена, во тунел, на ѕвезда, под биро, во купе, на тезга во рамка, под микроскоп; Заборавена книга на рамница, пред гулабарник, во училница, на граничен премин, во пролет. Книга заборавена Книга за раѓањето. Заборавена книга пред огледало, во кафез, на стрниште, крај камин, во жолто, во црвено, во модро, крај накит, во магла, в џеп; Заборавена книга на чардак, ни на небо ни на земја, пред месарница, на трн, во роса. Книга заборавена Книга за љубовта. 52
Заборавена книга во книга, на тротоар, крај брзак, пред капела, на стадион, во дупка, под чкорка, во сон, меѓу две нозе; Заборавена книга на дожд, под копита, во WC, на ливада, пред праг, крај пруга, на пијанка, под небесен вител. Книга заборавена Книга за смртта. Книга што ќе се памети. 53
ПРЕДМЕТИТЕ HA КНИГАТА Ги допираме меките нешта Кои ни останале во сеќавање При раѓањето. Едно патување допираме Во голготата што ќе нè памети При умирањето. Ретките состојки на зборот H допираат во животот И ние ги изговараме. Опкружени сме со покуќнина, Co сè што ни треба Крај каминот, на трпезата. 54
КНИГАТА ФРАГМЕНТ Под еден куп камења Лути тревки сонуваат поле Под еден куп камења Бесни реки завируваат песна Под еден куп камења Од очите се подаваат змии Под еден куп камења Погледот се избиструва до очај Под еден куп камења Зборот се расправа со смртта Под еден куп камења Смртта се претвора во сон Под еден куп камења Најблиску сме до животот 55
ЕДНОСТАВНА КНИГА Додека мекото тело на ноќта Ја открива својата сончева страна Ја слушаме тајната реплика На едноставното четиво за смртта. Од заседа му се препуштаме на сонот Слекувајќи ја од себе Баналноста на животот. Се подготвуваме за новиот ден. 56
ЗАРОБЕНА КНИГА ( 1.) Однегувано заминување Страв пред липата, коцка Фрлена во празно Ηа час пo читање Колеблив чекор Повик на пештера, зло Што раѓа љубов Во занесот на стареењето Обединување со посевот Зрело жито, жолтици Во грне што крцка Од зборови ровови 57
ЗАРОБЕНА КНИГА ( 2.) Говор во ќелија Страв од згура, преселба Под весели шешири Co очи што намигнуваат Лице од виолина Пламен крај патот, лежење На постела од музика Што сослушува упорно Будилник на полицата Време во тегла, тајно Прозорецот зинува И дише, длабоко дише 58
ЗАРОБЕНА КНИГА ( 3.) Страниците го џвакаат Останатото време, постелата Ε празна, доаѓаат симболи За препознавање на гладот Спуштена е бесилката Голема празна нула, главата Ε пресликана во последната Глава на книгата Беспрекорната историја На пишувањето, архивата Од внимателно одгледани Самогласки станува шифра 59
КНИГАТА КАФЕЗ 60
КНИГАТА КУЌА Ја доѕидував, збор по збор Co жарот во огништето Co раскрилените кошули на чардакот Co подземната вода, со каменот во водата Раздиплена низ одаите за пород. Ја доѕидував, збор по збор Co ластовиците под стреата, со голиштарците Co ноќните пакувања на куферите Co прераскажаната кланица за јагниња Co високите прозорци за плачење Co промајата, со гостите, со јадењата. Се раскуќуваше додека ја лечев Од бубачки, црвја и лоши зборови Од страв детски, од лутеж, од несон Од искра на наковална, од олово Стежнато во сачмата на крвта. Се раскуќуваше додека ја лечев Од змиски легла, од нагризан малтер Од садови со згустена глад, од тишина Од поглед кон првата ноќ на снегот Од просторот што лесно се одгатнува Од заминувањето, од страста, од вечноста. 61
Збор пo збор, огништа, кошули, одаи, Збор по збор, голиштарци, куфери, прозорци Збор по збор, гости, јадења, лоши зборови Збор по збор, несон, наковална, сачма во крвта Збор по збор, нагризен малтер, згустена глад. Збор по збор До заминувањето, до страста, до вечноста Вечна Куќа. 62
КНИГА НА ЖИВОТОТ За вдишувањето на годините по раѓањето За заминувањето пред облакот пчели За ноќта обесена на прозорецот За модрите движења во огледалото (остаток од бујатото растење) За животот во мртвата природа - Книга на животот За отвореното писмо со зарипнат глас За меурот во зелениот аквариум За пропуштените луѓе во бескрајот За полиците на кои се задава коњица (фрагмент од непрочитаниот роман) За животот на жртвата во темелот - Книга на животот За студените светови во мртвороденото Јас За узурпација на просторот за летање За сенката што оспорува и простува За мониторот што емитува срце (интермецо на илузијата во траење) За животот претпоставен од живите - Книга за животот 63
КНИГА HA СМРТТА Живеат воздишки од крв, пламени јазици, уплашени коњи, руди во редок камен, елени што итаат кон север, зборови светли, улици свртени во темно, возови со лузни, темјанушки и оси во Книгата на смртта. Живеат места озарени од зори, железни остатоци во воздухот, соништа обликувани од чекан, папараци што н препознаваат, мостови што се дават во реки, часовници навиени за горе во Книгата на смртта. Живеат градови со ѕидини од копнеж, суви лисја во мислите на стари жени, зими на слободата, феникси крај каминот, луѓе што чекаат во ред да ги отворат кориците и да стават потпис во Книгата на смртта. 64
КНИГАТА ПЛАНИНА Си велев: Можеби е прениско да се почне од ова место да се префрла грутка по грутка цветови, стебла, ѕверови за да се мине Планината. Си велев: Прениско е ова место за да се стигне навреме да се стигне пред гламната да прегори пред виделото да нè напушти за да $ се врати земеното на земјата: вода, оган, крв. Си велев: Сепак да се почне токму од ова место од стапалото што поместувајќи се го поместува заодот. Си велев: Планината постои за нас. 65
КНИГАТА НИЕ Ние децата на самракот што меко легнува во ходникот Ние што $ тежиме на тежата на земјата Ние што љубиме од љубопитство Ние што не признаваме владетел во зборот формираме Независна Илегална Единица Пророк Ние децата на паднати борци со шестари в раце Ние со центарот в срце Ние избодени од игли Ние што кротко се собираме во црно-белата слика Ние од портретот групен формираме Независна Илегална Единица Пророк Ние децата на ветрот со очи во темната шума Ние громобрани на очајот развлечени во поворка Ние што подаваме рака над космичката постела Ние - тајната на светот формираме Независна Илегална Единица Пророк 66
КНИГА ЗА СОСЛУШУВАЊЕ Влегуваме еден по еден со молк заробени во сенките од дамнешна есен. Собрани сме во клопче што ги најавува опасностите. Крик на ѕвер или на темна гора е овој неподнослив молк што н враќа во пенливиот мирис на животот минат во долг ходник за чекање со горчлива сол што ни тече низ мислата низ вените низ изметот. 67
Боже колку сме свои додека влегуваме без најава без потреба да се именуваме во име на нашата кратка историја што мириса на засушени риби на тротоарот на чај од коприва на дојденци, на овоштарници, на пчели. Влегуваме обземени од фуснотите на животот истечен во молк во Пандорина кутија која конечно треба да проговори. 68
КНИГАТА КАФЕЗ Веку мој, ѕверу мој, кој прв Ќе ти погледне во зениците... Осип Мандељштам Се гледам со очите на ѕверот Затворен во својата ќелија Во својата богата пустелија И ја меморирам сета верност Што си ја искажував кон себе Чекорејќи низ долгите ходници Низ вените со сè уште топла крв. Кој сега ќе ме препознае Во овој кафез од зборови и метал Под кожата што е само моја? (Додека го пресликувам јазикот на ѕверот Додека тајно ја шетам болеста во ѕверот Додека си ѕидам сон крај ѕверот Додека го смислувам посланието до ѕверот Додека испраќам потера по ѕверот Додека склучувам сојуз со ѕверот Низ клучалката на книгата Me читаат ѕверови, ѕверови, ѕверови.) 69
Ceгa сум сам меѓу овие корици Во оваа архитектура од претпоставки За изворот на светлината Што ме допира откосо Во иследувањата на мостот Под кој тече Долго тече обидот Да се наслика нечија смрт. (Додека ламентирам во крвта на ѕверот Додека рикам со планината во ѕверот Додека го враќам светот крај ѕверот Додека го оставам аманетот до ѕверот Додека пекам пеколно по ѕверот Додека во крзно заспивам со ѕверот Низ клучалката на книгата Me читаат ѕверови, ѕверови, ѕверови.) Кој ќе ме препознае во овој кафез Од зборови и метал, со pea на пресна Моч од животно што ја слави слободата? Кој ќе ме препознае во овој кафез Co уста на океан, со полици од коски Во кои се робува слободата? Кој ќе ја препознае слободата? 70