УПАТСТВО ЗА ПРЕВЕДУВАЊЕ НА EUROPASS ДОДАТОК НА СЕРТИФИКАТОТ ВОВЕД ЦЕЛ НА EUROPASS ДОДАТОК НА СЕРТИФИКАТОТ Europass додаток на сертификатот (погледнете ги примерите) не е замена за оригиналната квалификација, туку доаѓа како дополнување на оригиналниот сертификат или диплома. Europass додаток на сертификатот содржи детален опис на вештините и способностите стекнати од страна на носителот на истиот сертификат. Додатокот на сертификатот го изготвува организацијата која го доделува сертификатот. Додатокот содржи детални информации за: (прва страна) - вештините и способностите стекнати од страна на носителот на сертификатот; - видови занимања на лицето; (втор страна) - за телата кои го доделуваат сертификатот и акредитацијата; - нивото на сертификатот; - различните начини на стекнување на сертификатот; - условите и можностите за понатамошно образование; - национални референтни поени (НРП). Внимание! Додатокот на сертификатот: - не е замена за оригиналната квалификација; - не е систем кој автоматски обезбедува признавање. Додатокот на сертификатот може да биде преведен на друг европски јазик ако постои барање за превод на истиот (погледнете го упатството за преведување на додатокот). ОПШТИ ПРЕПОРАКИ За да се обезбеди складност на содржината во сите земји-членки на Европската унија, мора да се почитуваат следниве основни правила. На веб-страната на Europass (http://europass.cedefop.europa.eu) ќе пронајдете: - повеќејазичен поимник со соодветна терминологија за опис и превод на стекнати вештини и способности (Поле бр. 3 од додатокот); - прирачник за преведување. Упатство за преведување на додатокот на сертификатот Europass - European Communities 2003 Page 1
Клучни поими Во Europass додатокот на сертификатот повеќе се истакнати вештините и способностите на кандидатот отколку неговото звање/квалификација. Поради тоа, потребно е да се објаснат основните концепти. Дефиниција на поимите способност, квалификација и вештина Основните концепти на способност, квалификација и вештина не е секогаш доволно јасен. За да се избегне забуна при нивната употреба, треба јасно да се разграничат нивните семантички значења. Способност: Капацитет да се примени знаење во ситуација која преминала во навика. Квалификација: (a) Официјален документ (сертификат/диплома) со кој се признава успешно завршување на одреден степен на образование или тренинг. и/или (b) услови според кои некое лице може да започне кариера во одредена област. Вештина: Знаење и искуство кое е потребно за изведување на специфична работна задача. Упатство за преведување на додатокот на сертификатот Europass - European Communities 2003 Page 2
ДЕТАЛНО УПАТСТВО ЗА ПРЕВЕДУВАЊЕ НА EUROPASS ДОДАТОК НА СЕРТИФИКАТОТ Како да преведете пополнет Europass додаток на сертификатот? Можете: (a) да го користите интерфејсот на веб-страната на Europass (http://europass.cedefop.europa.eu). Потоа, преведениот додаток може да го зачувате во именик по ваш избор; или (b) симнете го образецот за додатокот (на Вашиот јазик) од истата веб-страна и зачувајте го на Вашиот компјутер. Потоа, пополнете ги полињата според долунаведените упатства. ПРВА СТРАНА НА ДОДАТОКОТ Наслов на документот: Europass додаток на сертификатот На десната горна страна, вметнете го симболот на националното знаме и преведете го името на земјата која го доделува сертификатот на Вашиот јазик. На пример (за додаток на сертификатот издаден во Франција): EUROPASS CERTIFICATE SUPPLEMENT (*) France Поле бр.1 Назив на сертификатот: Наведете го називот на сертификатот на јазикот на кој е издаден истиот: 1. TITLE OF THE CERTIFICATE (FR) Electricien d équipement (1) in the original language Во заградата, наведете го јазикот користејќи ISO код: Бугарски (български): bg Литвански (lietuvių kalba): lt Чешки (čeština): cs Летониски (latviešu valoda): lv Дански (dansk): da Малтешки (malti): mt Упатство за преведување на додатокот на сертификатот Europass - European Communities 2003 Page 3
Германски (Deutsch): de Холандски (Nederlands): nl Шпански (castellano): es Норвешки (norsk): no Англиски (English): en Полски (polski): pl Грчки (ελληνικά) : el Португалски (português): pt Естонски (eesti keel): et Романски (Română) ro Фински (suomi): fi Словачки (slovenčina): sk Француски (français): fr Словенечки (slovenščina): sl Унгарски (magyar): hu Шведски (svenska): Sv Исландски (íslenska): is Турски (Türkçe): tr Италијански (italiano): it Поле бр.2 Превод на називот на сертификатот: Преведете го називот на додатокот на сертификатот (видете го полето бр. 1) на Вашиот јазик. 2. Превод на називот на сертификатот (мк): Електро инженер (1) Ако истите постојат. Овој превод нема правен статус Во заградата, наведете го јазикот користејќи ISO код: Бугарски (български): bg Литвански (lietuvių kalba): lt Чешки (čeština): cs Летониски (latviešu valoda): lv Дански (dansk): da Малтешки (malti): mt Германски (Deutsch): de Холандски (Nederlands): nl Шпански (castellano): es Норвешки (norsk): no Англиски (English): en Полски (polski): pl Грчки (ελληνικά) : el Португалски (português): pt Естонски (eesti keel): et Романски (Română) ro Фински (suomi): fi Словачки (slovenčina): sk Француски (français): fr Словенечки (slovenščina): sl Унгарски (magyar): hu Шведски (svenska): Sv Исландски (íslenska): is Турски (Türkçe): tr Италијански (italiano): it Забелешка: Преводот на називот нема правен статус. Преводот треба да биде изведен во буквална смисла. Не употребувајте име на документ кое веќе постои на Вашиот јазик. Поле бр.3 Профил на вештини и способности Преведете ги вештините и способностите стекнати од страна на носителот на сертификатот.табела треба да започне како што следи: Упатство за преведување на додатокот на сертификатот Europass - European Communities 2003 Page 4
Носителот на овој документ може : и содржи 5 до 15 ставки кои ги опишуваат стекнатите способности. За да се овозможи превод на прилозите на сертификатот, во повеќејазичниот поимник на веб-страната на Europass може да пронајдете соодветни терминолошки поими кои опишуваат различни активности. 3. Профил на вештини и способности Носителот на овој документ може: - Да ја планира работата и да врши проценка на неопходното количество материјал за работа според изработените цртежи; - Да интерпретира шематски дијаграми и табели; - Да користи лабораториска опрема за електронски тестирања; - Да инсталира и тестира системи за довод на електрична енергија и на осветлување; - Да инсталира и тестира разводна табла; - да открие и отстрани недостатоци во мрежната инсталација; - да открие и отстрани недостатоци во електричната опрема - да инсталира, тестира и одржува електрично осветлување; - да инсталира, тестира и одржува уреди за затоплување; - да инсталира, тестира и одржува подвижни електрични уреди; - да изготви и пополни соодветна документација. Забелешка: - вештините и способностите можат да бидат групирани (слично на примерот ја планира работата и врши проценка на неопходното количество материјал за работа според изработените цртежи ); - синтаксата треба да биде складна и разбирлива (глагол + предмет + прилози); - опиите треба да бидат јасни; избегнувајте прилози кои опишуваат воопштени активности (на пример, работи ефективно и брзо) како и други елемнти кои не содржат релевантни информации; - описите не треба да содржат вредносни проценки. Поле бр.4 Занимања кои му се достапни на лицето кое поседува сертификат (незадолжително) Преведете ги различните занимања на носителот на сертификатот. 4. Занимања кои му се достапни на лицето кое поседува сертификат (1) Електротехничар-монтер; инсталатер на алармни системи. (1) Ако истите постојат. Забелешка: Ако е потребна одредена квалификација за стекнување на звање или за професионално работење, треба да биде изнесено следното: Оваа квалификација е Упатство за преведување на додатокот на сертификатот Europass - European Communities 2003 Page 5
законски предуслов за професионално работење од сферата на [да се наведе професијата]. Поле: Забелешка Содржината на ова поле не смее да биде променета. Втора страна на додатокот Поле 5: Официјална основа на сертификатот - Име и статус на субјектот што го доделува сертификатот Во ова поле се запишува името на организацијата која го издава сертификатот. Преведете го само делот во кој се наведува видот на организацијата (занаетчиска комора, специјално училиште итн) како и нејзиниот статус (јавна/приватна, регионална/национална). Адресата, телефонскиот/факс број, веб-страната и поштата за електронска адреса мора да останат непроменети. Име и статус на субјектот што го доделува сертификатот Direction départementale de l emploi et de la formation professionnelle (Локална јавна канцеларија за вработување и стручна обука) 15 avenue des Peupliers F-54780 Aubervilliers. - Забелешка: не заборавајте го кодот на земјата во адресата за електронска пошта. - Име и статус на националниот/регионалниот орган кој обезбедува акредитација/признавање на сертификатот Во ова поле се наведува националниот/регионалниот авторитет кој е задолжен за признавање на сертификатот. Како и во претходното поле, преведете го само оној дел во кој се наведува видот на институцијата (министерство, државна агенција), како и нејзиниот статус (јавна/приватна, регионална/национална). Адресата, телефонскиот/факс број, веб-страната и поштата за електронска адреса мора да останат непроменети. Упатство за преведување на додатокот на сертификатот Europass - European Communities 2003 Page 6
Име и статус на националниот/регионалниот орган кој обезбедува акредитација/признавање на сертификатот Ministère des affaires sociales et de la solidarité (Министерство за социјални работи) 15 Quai André-Citroën F-75020 Paris Забелешка: - авторитетот кој го признава сертификатот е различен од организацијата која го деделува истиот; - не заборавајте го кодот на земјата во поштенската адреса. - Степен на сертификатот (национален или меѓународен) (незадолжително) Во ова поле се наведува дали нивото на квалификација соодветствува со некој постоечки систем за квалификација на национално или интернационално ниво, истото наведете согласно стекнатата квалификација. Ако е потребно, консултирајте се со организацијата која ја доделила квалификацијата. За повеќе информации погледнете: www.uis.unesco.org/template/pdf/isced/isced_a.pdf Преведете ја содржината на полето, користејќи соодветна терминологија. Степен на сертификатот (национален или меѓународен) Степен 5 во Франција (класификација од 1969г.) или ISCED 3 - Скала за оценување/услови за добивање Преведете ја содржината на ова поле колку што е можно поверно на оригиналниот запис. Скала за оценување/услови за добивање Положил: - Практична работа: Поминати сите основни вештини во сите работни фази; - Теорија: 70% Заслуга: - Практична работа: Поминати сите основни и дополнително посакувани вештини во сите работни фази; - Теорија: 85% Упатство за преведување на додатокот на сертификатот Europass - European Communities 2003 Page 7
- Пристап до следнито образовно ниво или обука (незадолжително) Во ова поле се наведува дали сертификатот овозможува продолжување на образованието. Пристап до следнито образовно ниво или обука Пристап до четврт степен (Француска класификација) или Пристап до ISCED 4 - Меѓународни договори (незадолжително) Во ова поле се наведува дали постојат меѓународни договори на земјата со некои други земји за признавање на сертификатот. Меѓународни договори Взаемен договор за признавање на сертификатот помеѓу Македонија, Франција и Белгија за Електро инженер (датум и година на потпишување) - Законска основа Во ова поле се наведува правната основа за издавање на сертификатот. Преведете го само оној дел каде се изнесени информации за видот на правната основа (регулатива, закон, статут). Оригиналниот наслов на правниот акт мора да остане на својот оригинален јазик. Законска основа Објавено во «Journal officiel de la République Française» и регистрација на сертификатот во «Répertoire National de la Certification Professionnelle (RNCP)» Поле 6: Официјално признаени начини за стекнување на сертификат Во ова поле се објаснуваат начините за добивање на сертификатот (тренинг на работа, тренинг во училиште, претходно признато искуство итн.). Опис на стручното образование и добиена обука Процент од вкупната програма (%) Времетраење (часови/седмици/месеци/ години) Базирано во училиште/центар за 50% 30 седмици обука Базирано на работното место 50% 30 седмици Упатство за преведување на додатокот на сертификатот Europass - European Communities 2003 Page 8
Акредитирано претходно учење Можно претходно тестирање Вкупно времетраење на едукацијата/обуката за која е доделен сертификат 2 години Забелешка: Табелата може да биде заменета и со текстуален опис. Поле: Услови за упис (незадолжително) Наведете кои услови треба да се исполнат за добивање на сертификатот. Услови за упис Завршено средно образование Поле: Дополнителни информации (незадолжително) Во ова поле може да се наведат дополнителни информации за организацијата во која бил изведен тренингот за стручно усовршување (вид на тренинг, постапка за проценка и тестирање, образовен систем).... Дополнителни информации Повеќе информации (вклучувајќи и опис на националниот систем за квалификации) достапни на: http://cncp.gouv.fr/ (веб-страна на француски јазик)... Поле: Национална референтна точка Наведете го името и адресата (вклучувајќи и веб-страна) на националниот орган за образование кадешто можат да се добијат повеќе информации:... Национална референтна точка Commission nationale de la certification professionnelle (Национален авторитет на Франција за сертификација на стручна обука) http://cncp.gouv.fr/ Упатство за преведување на додатокот на сертификатот Europass - European Communities 2003 Page 9