Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија врз основа на член 22 став 1 точка 4 од Законот за енергетика ( Службен весник на Република Македонија бр.16/11, 136/11, 79/13, 164/13, 41/14, 151/14, 33/15, 192/15, 215/15, 6/16, 53/16 и 189/16), член 236 став 11 од Законот за енергетика ( Службен весник на Република Македонија бр.96/18), член 15 од Правилникот за цени на електрична енергија за снабдување во краен случај ( Службен весник на Република Македонија бр.97/12), како и врз основа на Тарифниот систем за продажба на електрична енергија на мали потрошувачи приклучени на дистрибутивниот систем во сопственост на АД ЕЛЕМ - Скопје ( Службен весник на Република Македонија бр. 113/14 и 177/14), постапувајќи по Барањето за утврдување на регулиран максимален приход, просечна цена како и цени за пресметковни елементи за вршење на регулирана енергетска дејност снабдување во краен случај со електрична енергија за 2018 година, на АД ЕЛЕМ - Скопје, подружница Енергетика, УП1 08-35/18 од 15.05.2018 година, на седницата одржана на 30 jули 2018 година, донесе О Д Л У К А за утврдување на регулиран максимален приход, просечна цена како и цени за пресметковни елементи за вршење на регулирана енергетска дејност снабдување во краен случај со електрична енергија на АД ЕЛЕМ - Скопје, подружница Енергетика за 2018 година 1. На АД ЕЛЕМ - Скопје, подружница Енергетика, за 2018 година, се одобрува регулираниот максимален приход (MAR) за вршење на регулираната енергетска дејност снабдување во краен случај со електрична енергија да изнесува 23.189.446 денари, за испорачани 4.020.900 kwh електрична енергија. 2. Просечната продажна цена на електрична енергија по која АД ЕЛЕМ - Скопје, подружница Енергетика, ги снабдува потрошувачите за 2018 година од: категоријата на потрошувачи приклучени на 6kV и 35 kv напонско ниво се утврдува да изнесува 5,1409 денари за kwh електрична енергија, и категоријата на тарифни потрошувачи приклучени на 0,4 kv напонско ниво се утврдува да изнесува 5,9974 денари за kwh електрична енергија. 3. Во согласност со точка 1 и точка 2 од оваа Одлука, цените на пресметковните елементи врз основа на кои потрошувачите ја плаќаат испорачаната електрична енергија се утврдуваат да изнесуваат: 1
Пресметковен елемент Единица Време на испорака на електрична енергија во текот на денот Цени за пресметковни елементи (денари) Категорија на потрошувачи приклучени на 6kV и 35 kv напонско ниво Категорија на потрошувачи приклучени на 0,4 kv напонско ниво Прв тарифен Втор тарифен Активна моќност kw 838,03 950,40 (*) активна електрична енергија прекумерно преземена реактивна електрична енергија kwh kvarh BДО 3,51 4,55 5,99 НДО 1,73 2,23 (*) ВДО 0,78 1,14 2,09 НДО 0,47 0,58 (*) 4. Оваа Одлука е конечна во управната постапка. 5. Оваа Одлука влегува во сила со денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија, а ќе се применува од 1 август 2018 година. ОБРАЗЛОЖЕНИЕ АД ЕЛЕМ - Скопје, подружница Енергетика, согласно Правилникот за цени на електрична енергија за снабдување во краен случај (во понатамошниот текст Правилникот), до Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија (во понатамошниот текст: Регулаторна комисија за енергетика) поднесе Барање за утврдување на регулиран максимален приход, просечна цена како и цени за пресметковни елементи за вршење на регулирана енергетска дејност снабдување во краен случај со електрична енергија за 2018 година, на АД ЕЛЕМ - Скопје, подружница Енергетика, УП1 08-35/18 од 15.05.2018 година (во понатамошниот текст Барање). Кон барањето ја достави и потребната документација согласно Правилникот. Согласно преодните одредби од Законот за енергетика ( Службен весник на Република Македонија бр.96/18), бидејќи Барањето е поднесено во период на важење на Законот за енергетика ( Службен весник на Република Македонија бр.16/11, 136/11, 79/13, 164/13, 41/14, 151/14, 33/15, 192/15, 215/15, 6/16, 53/16 и 189/16) и одлуката треба да биде донесена согласно овој Закон. Исто така, согласно преодните одредби од Законот за енергетика ( Службен весник на Република Македонија бр.96/18) подзаконските акти донесени во согласност со Законот за енергетика ( Службен весник на Република Македонија бр.16/11, 136/11, 79/13, 164/13, 41/14, 151/14, 33/15, 192/15, 215/15, 6/16, 53/16 и 189/16) ќе се применуваат до донесувањето на нови подзаконски акти. Регулаторната комисија за енергетика, на 1 јуни 2018 година го објави известувањето во врска со барањето на АД ЕЛЕМ - Скопје, подружница Енергетика на веб страната на Регулаторната комисија за енергетика и во дневните весници Нова Македонија и Лајм. По објавеното известување, во рокот утврден во Известувањето, до Регулаторната комисија за енергетика не беа доставени мислења и предлози од страна на заинтересирани правни и физички лица. 2
Врз основа на претходно наведеното, а во согласност со Правилникот, Регулаторната комисија за енергетика со Решение број 02-1499/1 од 26 јули 2018 година свика подготвителна седница со предмет на разгледување Предлог одлука за утврдување на на регулиран максимален приход, просечна цена како и цени за пресметковни елементи за вршење на регулирана енергетска дејност снабдување во краен случај со електрична енергија за 2018 година, на АД ЕЛЕМ - Скопје, подружница Енергетика. На 30 јули 2018 година се одржа подготвителна седница. На подготвителната седница беа поканети: членовите на Регулаторната комисија за енергетика, претставници од АД ТЕЦ НЕГОТИНО, претставници од АД ЕЛЕМ - Скопје, претставници од АД МЕПСО - Скопје, претставници од ЕВН Македонија АД Скопје, претставници од ЕВН Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје, претставници од Кабинетот на заменик на претседателот на Владата на РМ, д-р Кочо Анѓушев, претставници од Министерство за економија, претставници од Комисијата за заштита на конкуренција, претставници од Агенцијата за енергетика на Република Македонија, претставници од Стопанска комора на Македонија, претставници од Сојуз на стопански комори на Македонија, како и претставници од Советот за заштита на потрошувачите. Податоци од Барањето АД ЕЛЕМ-Скопје, подружница Енергетика во Барањето ги има презентирано следните податоци: Вредност на амортизација на основни средства за вршење на регулирана дејност Вредноста на амортизацијата на средствата за вршење на регулираната енергетска дејност снабдување во краен случај со електрична енергија според податоците доставени со Барањето изнесува 921.703 денари за 2017 година, 700.000 денари за 2018 година и 500.000 денари за 2019 година. Оперативни трошоци Вредноста на оперативните трошоци доставени со Барањето е презентирана во следната табела: Р.б. Опис 2017 2018 2019 Материјали, енергија, резервни 1 делови и ситен инвентар 3.419.692 200.000 200.000 Тековно одржување, ремонт и 2 услуги за одржување 217.501 50.000 50.000 Трошоци за осигурување на 3 градежни објекти и опрема 80.250 80.250 80.250 4 Бруто плати 3.263.538 2.829.792 2.263.834 4.1 Број на вработени 6 6 6 5 Менаџерски плати и награди 0 0 0 6 Други услуги 403.093 100.000 100.000 7 Останати и вонредни трошоци 467.828 46.651 38.161 8 Вкупно оперативни трошоци 8.773.606 4.006.693 3.232.245 Трошоци за купување на електрична енергија и услуги Според податоците доставени со Барањето на АД ЕЛЕМ - Скопје, подружница Енергетика трошокот за купување на електрична енергија за снабдување на малите потрошувачи за 2017 година изнесува 10.650.979 денари, за 2018 година 7.258.371 денари и за 2019 година 5.547.383 3
денари. Трошокот за пренос на електрична енергија изнесува 780.446 ден за 2017 година, 598.114 денари за 2018 година и 457.123 денари за 2019 година. Трошокот за организирање и управување со пазарот на електрична енергија изнесува 19.035 ден за 2017 година, 24.486 денари за 2018 година и 18.714 денари за 2019 година. Трошоците за дистрибуција на електрична енергија изнесуваат 4.620.316 денари за 2017 година, 3.576.579 денари за 2018 година и 2.773.486 денари за 2019 година. Испорачана и планирана количина на електрична енергија Според податоците доставени со Барањето на АД ЕЛЕМ - Скопје, испорачаната и планирана електрична енергија изнесува 3.477.059 kwh за 2017 година, 2.751.215 kwh за 2018 година и 2.102.681 денари за 2019 година. Маржа Според податоците на АД ЕЛЕМ - Скопје, подружница Енергетика во Барањето маржата за снабдување со електрична енергија на тарифните потрошувачи изнесува -760.390 денари за 2017 година. Средства за ликвидност АД ЕЛЕМ - Скопје, подружница Енергетика предлага процентот на средствата за ликвидност за снабдување со електрична енергија на тарифните потрошувачи за 2018 година да изнесува 46.393 денари и за 2019 година 47.956 денари.. Фактор за корекција Според барањето на АД ЕЛЕМ - Скопје, подружница Енергетика факторот за корекција за 2017 година изнесува 24.083.992 денари, за 2018 година 15.510.635 денари и за 2019 година 12.036.906 денари Вкупен годишен и месечен надоместок за снабдување во краен случај со електрична енергија Во Барањето АД ЕЛЕМ - Скопје, подружница Енергетика ги доставува следните податоци за вкупен годишен и месечен надоместок за снабдување во краен случај со електрична енергија. Р.бр ОПИС 2017 2018 2019 1 SN (денари) 8.013.216 4.053.085 3.280.201 2 MNP (ден/kwh) 2,3046 1,4732 1,5600 Регулиран максимален приход и просечна цена Во Барањето АД ЕЛЕМ - Скопје, подружница Енергетика ги доставува следните податоци за регулираниот максимален приход и просечна цена за снабдување со електрична енергија. Р.бр ОПИС 2017 2018 2019 1 MAR (денари) 3.477.059 2.751.215 2.102.681 2 Просечна цена (ден/kwh) 6,9265 5,6377 5,7246 4
Анализа од Регулаторната комисија за енергетика Оперативни трошоци и амортизација Вредноста на оперативните трошоци е пресметана согласно Правилникот и е презентирана во следната табела: Р.бр Опис 2017 2018 1 Материјали, енергија, резервни делови и ситен инвентар 1.208.855 200.000 2 Тековно одржување, ремонт и услуги за одржување 19.577 50.000 3 Трошоци за осигурување на градежни објекти и опрема 80.250 80.250 4 Бруто плати 2.263.766 2.921.100 4.1 Број на вработени 4 5 4.2 Просечна бруто плата 33.687 34.775 5 Менаџерски плати и награди 0 0 6 Други услуги 507.656 100.000 7 Останати и вонредни трошоци 691.668 46.651 8 Вкупно оперативни трошоци 4.771.774 3.398.001 Амортизацијата на основните средства за 2018 година изнесува 50.000 денари. Трошоци за набавка, пренос, пазар и дистрибуција на електрична енергија Регулаторната комисија за енергетика планираната набавка на електрична енергија за потребите на малите потрошувачи за 2018 година, ја определи да изнесува 4.020.900 kwh, при што истата ќе се обезбеди од АД ЕЛЕМ - Скопје како вршител на енергетската дејност производство на електрична енергија (3.410.249 kwh), како и од повластените производители на електрична енергија (610.650 kwh). Вкупната вредност на планираната набавка на електрична енергија изнесува 11.775.091 денари од кои од АД ЕЛЕМ - Скопје за 2018 година изнесува 8.453.717 денари по просечна цена од 2,4789 ден/kwh, додека од повластените производители изнесува 3.321.374 денари по просечна цена од 5,4391 ден/kwh. Трошокот за користење на преносната мрежа за 2018 година изнесува 847.968 денари по просечна тарифа за пренос на електрична енергија од 0,2109 ден/kwh. Трошокот за организирање и управување со пазарот на електрична енергија за 2018 година изнесува 7.238 денари по просечна тарифа од 0,0018 ден/kwh. Вкупните трошоци за дистрибуција за 2018 година изнесуваат 3.994.316 денари, по просечна тарифа од 0,9934 ден/kwh, имајќи го во предвид и Тарифниот систем за дистрибуција на електрична енергија за потрошувачите приклучени на дистрибутивниот систем во сопственост на АД ЕЛЕМ Скопје. Маржа и средства за ликвидност Маржата за дејноста снабдување во краен случај со електрична енергија за 2018 година, е утврдена да изнесува 1,00 %, односно 200.726 денари. Процентот за утврдување на средствата за ликвидност за регулираната дејност снабдување во краен случај со електрична енергија (σ) за 2018 година е утврден да изнесува 1,00%, односно 200.726 денари. 5
Фактор на корекција (К) Факторот на корекција за 2018 година, а применет за 2017 година, изнесува -633.317 денари, кој изнесува 30% од реално утврдениот (-2.111.058 денари). Преостанатиот дел во износ од -1.477.741 денари, Регулаторната комисија за енергетика ќе го има во предвид при носењето на соодветните одлуки во наредните години. При пресметката на факторот на корекција, Регулаторната комисија за енергетика ги зема во предвид и -1.123.748 денари кои изнесуваат 45% од факторот на корекција кој се однесуваше на 2017 година, а преостанатиот дел, Регулаторната комисија за енергетика ќе го има во предвид при носењето на соодветните одлуки во наредните години. Исто така, при пресметката на факторот на корекција, Регулаторната комисија за енергетика ги зема во предвид и -958.314 денари кои се преостанатиот дел од факторот на корекција кој се однесуваше на 2016 година. Остварениот приход за 2017 година (R2017) остварен од продажба на електрична енергија изнесува 18.664.195 денари, имајќи ги во предвид податоците од Бруто билансот на претпријатието за 2017 година. Просечната пасивна каматна стапка за 2016 година објавена од Народна банка на Република Македонија, изнесува 1,46%. Пресметката на регулираниот максимален приход остварен од вршење на регулираната енергетска дејност снабдување со електрична енергија во краен случај за 2017 година, повторно пресметан со признаени, наместо прогнозирани вредности (MARK2017), е презентирана во следнава табела: 6
р.бр ОПИС MARK 2017 Одобрено со Одлука УП1 бр. 08 68/17 од 31.07.2017 на РКЕ 1 оперативни трошоци, О (денари) 3.513.974 3.513.974 2 амортизација, D (денари) 300.000 300.000 3 Пренесени трошоци, CPT (денари) 0 0 трошок за купување електрична енергија од АД ЕЛЕМ, 4 7.505.844 8.577.751 Е (денари) 4.1 количина од ЕЛЕМ, (kwh) 2.973.218 3.404.545 4.2 цена на ЕЛЕМ (ден/kwh) 2,5245 2,5195 трошок за купување на електрична енергија од 5 3.331.536 2.901.139 обновливи извори, (денари) 5.1 количина од обновливи извори (kwh) 503.841 572.999 5.2 цена од обновливи извори (ден/kwh) 6,6123 5,0631 6 трошок за МЕПСО (пренос +пазар), (денари) 799.514 927.596 6.1 цена за пренос и пазар, (ден/kwh) 0,2299 0,2296 6.2 пренесена количина (kwh) 3.477.059 4.039.431 7 трошок за купување услуги на дистрибутивниот систем за снабдување на тарифните потрошувачи, 3.945.222 4.776.496 DNU (денари) 7.1 цена за дистрибуција, (ден/kwh) 1,1346 1,1825 7.2 дистрибуирана количина (kwh) 3.477.059 4.039.431 8 MARP (денари) 19.396.090 21.587.688 9 Средства за маржа, М (денари) 290.941 323.815 9.1 процент на маржа, μ (%) 1,5% 1,5% 10 Средства за ликвидност,l (денари) 193.961 215.877 процент за утврдување на средствата за ликвидност, 10.1 σ (%) 1,00% 1,00% 11 Фактор на корекција -863.883-863.883 Регулиран максимален приход за 2016 година повторно пресметан со признаени вредности, 12 наместо прогнозирани, со вклучен фактор на корекција (денари) 20.744.875 22.991.263 13 Вкупно испорачана количина во 2016 година (kwh) 3.477.059 4.039.431 Примена на Тарифниот систем за продажба на електрична енергија на мали потрошувачи приклучени на дистрибутивниот систем во сопственост на АД ЕЛЕМ Скопје Пресметка на просечна цена за снабдување во краен случај со електрична енергија од категорија на потрошувачи приклучени на 6kV, 35 kv напонско ниво C = C + C + C + C + MNP 6,35 elem, prenos, pazar, 35,6 disribuci ja, 7
каде што: просечна цена за снабдување во краен случај со електрична енергија од категорија на потрошувачи приклучени на 6kV и 35 kv напонско ниво за 2018 година, ден/kwh 5,1409 цена на електричната енергија за вршење на регулираната енергетска дејност производство на електрична енергија на АД ЕЛЕМ Скопје за 2018 година, ден/kwh 2,9285 регулирана просечна тарифа за пренос на електрична енергија за 2018 година, ден/kwh 0,2109 регулирана просечна тарифа за организирање и управување со пазарот на електрична енергија за 2018 година, ден/kwh 0,0018 регулирана просечна тарифа за дистрибуција на електрична енергија за категорија на потрошувачи приклучени на среден напон за 2018 година, ден/kwh 0,3671 месечен надоместок за снабдување во краен случај со електрична енергија за поединичен потрошувач за 2018 година, (денари/kwh) 1,6327 Пресметка на просечна цени за снабдување во краен случај со електрична енергија од категорија на потрошувачи на 0,4 kv напонско ниво C = C + C + C + C + MNP 0.4 elem, prenos, pazar, 0.4 disribuci ja, каде што: просечна цена за снабдување во краен случај со електрична енергија од категорија на потрошувачи приклучени на 0,4 kv напонско ниво за 2018 година, ден/kwh цена на електричната енергија за вршење на регулираната енергетска дејност производство на електрична енергија на АД ЕЛЕМ Скопје за 2018 година, ден/kwh регулирана просечна тарифа за пренос на електрична енергија за 2018 година, ден/kwh регулирана просечна тарифа за организирање и управување со пазарот на електрична енергија за 2018 година, ден/kwh регулирана просечна тарифа за вршење на дејноста дистрибуција на електрична енергија за категорија на потрошувачи приклучени на низок напон за 2018 година, ден/kwh месечен надоместок за снабдување во краен случај со електрична енергија за поединичен потрошувач за 2018 година, (денари/kwh) 5,9974 2,9285 0,2109 0,0018 1,2236 1,6327 Вкупниот годишен надоместок за снабдување во краен случај со електрична енергија за 2018 година изнесува 6.564.833 денари, додека месечниот надоместок за снабдување во краен случај со електрична енергија за 2018 година изнесува 1,6327ден/kWh. Имајќи го во предвид погоре наведеното, Регулаторната комисија за енергетика одлучи како во диспозитивот на оваа Одлука. ПРАВНА ПОУКА: Против оваа Одлука, може да се поведе управен спор, во рок од 30 дена од денот на нејзиното објавување во Службен весник на Република Македонија. УП1 08-35/18 ПРЕТСЕДАТЕЛ 30 јули 2018 година Марко Бислимоски Скопје 8