ХИДРОГЕОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОКОЛИНАТА НА ДОЈРАНСКОТО ЕЗЕРО И МОЖНОСТИ ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ПОДЗЕМНИТЕ ВОДИ

Σχετικά έγγραφα
- градот Стар Дојран (800 жители), центар на Општина Дојран во Република Македонија на местото на стариот град,

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ПРИРОДНИ И ТЕХНИЧКИ НАУКИ ИНСТИТУТ ЗА ГЕОЛОГИЈА КАТЕДРА ЗА ХИДРОЛОГИЈА И ГЕОТЕХНИКА ЗОРАНЧО БОЖИНОВ

М-р Јасмина Буневска ОСНОВИ НА ПАТНОТО ИНЖЕНЕРСТВО

Проф. д-р Ѓорѓи Тромбев ГРАДЕЖНА ФИЗИКА. Влажен воздух 3/22/2014

НАПРЕГАЊЕ ПРИ ЧИСТО СМОЛКНУВАЊЕ

ПОДГОТВИТЕЛНА СТУДИЈА

Предизвици во моделирање

37. РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2013 основни училишта 18 мај VII одделение (решенија на задачите)

а) Определување кружна фреквенција на слободни пригушени осцилации ωd ωn = ω б) Определување периода на слободни пригушени осцилации

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ПРИРОДНИ И ТЕХНИЧКИ НАУКИ Институт за рударство Катедра за површинска експлоатација

Етички став спрема болно дете од анемија Г.Панова,Г.Шуманов,С.Јовевска,С.Газепов,Б.Панова Факултет за Медицински науки,,универзитет Гоце Делчев Штип

ЕЛАБОРАТ. од геотехнички истражни работи и лабораториски испитувања за времена мини депонија на локација во Ново Коњско-Гевгелија

ЈАКОСТ НА МАТЕРИЈАЛИТЕ

VIII СТРУЧНО СОВЕТУВАЊЕ НА ТЕМА: МОЖНОСТИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ТРАВЕРТИНОТ ПОЛИЧЕ СЕЛО МАНАСТИР (ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА) КАКО АРХИТЕКТОНСКИ КАМЕН

σ d γ σ M γ L = ЈАКОСТ 1 x A 4М21ОМ02 АКСИЈАЛНИ НАПРЕГАЊА (дел 2) 2.6. СОПСТВЕНА ТЕЖИНА КАКО АКСИЈАЛНА СИЛА Напонска состојаба

ЗБОРНИК НА ТРУДОВИ ПОДЕКС ПОВЕКС 15 ТЕХНОЛОГИЈА НА ПОДЗЕМНА И ПОВРШИНСКА ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ

ИНТЕРПРЕТАЦИЈА на NMR спектри. Асс. д-р Јасмина Петреска Станоева

Проф. д-р Ѓорѓи Тромбев ГРАДЕЖНА ФИЗИКА

Доц. д-р Наташа Ристовска

Анализа и моделирање на хидролошките процеси во сливното подрачје на река Брегалница

ЗАДАЧИ ЗА УВЕЖБУВАЊЕ НА ТЕМАТА ГЕОМЕТРИСКИ ТЕЛА 8 ОДД.

ДРВОТО КАКО МАТЕРИЈАЛ ЗА

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ПРИРОДНИ И ТЕХНИЧКИ НАУКИ Катедра за наоѓалишта на минерални суровини Штип.

Природни ресурси и технологии Natural resources and technology

ИСПИТ ПО ПРЕДМЕТОТ ВИСОКОНАПОНСКИ МРЕЖИ И СИСТЕМИ (III година)

СТАНДАРДНИ НИСКОНАПОНСКИ СИСТЕМИ

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ БИТОЛА MAШИНСКИ ОТСЕК

ОСНОВИ НА ХИДРОТЕХНИКА ДЕЛ 5 МЕЛИОРАЦИИ

27. Согласно барањата на Протоколот за тешки метали кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување (ратификуван од Република Македонија во

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ПРИРОДНИ И ТЕХНИЧКИ НАУКИКАТЕДРА ЗА ПОВРШИНСКА ЕКСПЛОТАЦИЈАИНСТИТУТ ЗА РУДАРСТВО МАГИСТАРСКА РАБОТА ТЕМА:

46. РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА април III година. (решенија на задачите)

ШЕМИ ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ НА ПРОСТИТЕ БРОЕВИ

ВЕРОЈАТНОСТ И СТАТИСТИКА ВО СООБРАЌАЈОТ 3. СЛУЧАЈНИ ПРОМЕНЛИВИ

Заземјувачи. Заземјувачи

Кои од наведениве процеси се физички, а кои се хемиски?

ЕЛЕКТРОМАГНЕТНА АНАЛИЗА И ПРЕСМЕТКА НА ЕЛЕКТРОМАГНЕТНА СИЛА КАЈ МОДЕЛ НА СИНХРОН ЛИНЕАРЕН МОТОР ПО МЕТОД НА КОНЕЧНИ ЕЛЕМЕНТИ

Регулација на фреквенција и активни моќности во ЕЕС

Природни ресурси и технологии Natural resources and technology

МОДЕЛИРАЊЕ НА ИНТЕНЗИТЕТОТ НА ЕРОЗИВНИТЕ ПРОЦЕСИ ВО СЛИВОВИТЕ НА БАБУНА И ТОПОЛКА

КВАЛИТЕТОТ НА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО ДОЛНОПОЛОШКИОТ РЕГИОН

АКСИЈАЛНО НАПРЕГАЊЕ Катедра за техничка механика и јакост на материјалите

Од точката С повлечени се тангенти кон кружницата. Одреди ја големината на AOB=?

45 РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2012 II година (решенија на задачите)

ОСНОВИ НА ХИДРОТЕХНИКА

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ШТИП

Ветерна енергија 3.1 Вовед

3. ПРЕСМЕТКА НА КРОВ НА КУЌА СО ТРИГОНОМЕТРИЈА

Корелација помеѓу Еврокод и МК-Стандард за геомеханика

НУМЕРИЧКО МОДЕЛИРАЊЕ НА ГАЛАКСИИ

ГРАДЕЖЕН ФАКУЛТЕТ. Проф. д-р Светлана Петковска - Ончевска Асист. м-р Коце Тодоров

ПРЕОДНИ ПРОЦЕСИ ПРИ ВКЛУЧУВАЊЕ НА КОНДЕНЗАТОРСКИТЕ БАТЕРИИ КАЈ ЕЛЕКТРОЛАЧНАТА ПЕЧКА

КАРАКТЕРИСТИКИ НА АМБАЛАЖНИТЕ ФИЛМОВИ И ОБВИВКИ КОИШТО МОЖЕ ДА СЕ ЈАДАТ ЗА ПАКУВАЊЕ НА ХРАНА

ПОДОБРУВАЊЕ НА КАРАКТЕРИСТИКИТЕ НА ИСПИТНА СТАНИЦА ЗА ТЕСТИРАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКИ ТРАНСФОРМАТОРИ

ПРИМЕНЕТИ МЕТОДИ НА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ПОЈАВИ И НАОЃАЛИШТА НА ЗЛАТО ВО Р. МАКЕДОНИЈА

Примена на Matlab за оптимизација на режимите на работа на ЕЕС

ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА НА ВЕТРОТ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО. Проф. д-р Влатко Стоилков

Проф. д-р Ѓорѓи Тромбев ГРАДЕЖНА ФИЗИКА

ЗБОРНИК НА ТРУДОВИ ПОДЕКС ПОВЕКС 15 ТЕХНОЛОГИЈА НА ПОДЗЕМНА И ПОВРШИНСКА ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ

ТАРИФЕН СИСТЕМ ЗА ДИСТРИБУЦИЈА

Остава на монети од археолошкиот локалитет Баргала II (каталог)

Горан Санев. еден коринтски арибалос од скопје

ИЗБОР НА ОПТИМАЛНА ЛОКАЦИЈА НА 400/110 kv РЕГУЛАЦИОНИ АВТО-ТРАНСФОРМАТОРИ ВО ЕЕС НА РМ

СОЊА ЕЛИСКОВСКА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТОТ НА ВОДАТА ВО РЕКА ТОПОЛКА И ХИДРОАКУМУЛАЦИЈА ЛИСИЧЕ КАКО СУРОВИНА ЗА ПРЕРАБОТКА НА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ

БИОМОЛЕКУЛИ АМИНОКИСЕЛИНИ, ПЕПТИДИ И ПРОТЕИНИ. IV ДЕЛ 2016 НАТАША РИСТОВСКА ИНСТИТУТ ПО ХЕМИЈА ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ, СКОПЈЕ

ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА АДАПТАЦИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО КОН КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ МЕРКИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЕРОЗИЈАТА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

ЛУШПИ МЕМБРАНСКА ТЕОРИЈА

ПРЕДВИДУВАЊЕ НА ТУРИСТИЧКАТА ПОБАРУВАЧКА ВО ДОЈРАНСКИОТ РЕГИОН

ПРИРАЧНИК ЗА ПОДГОТOВКА НА ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РЕЧЕН СЛИВ

46. РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА април II година (решенија на задачите)

Годишен зборник 2014 Yearbook Факултет за информатика, Универзитет Гоце Делчев Штип Faculty of Computer Science, Goce Delcev University Stip

DEMOLITION OF BUILDINGS AND OTHER OBJECTS WITH EXPLOSIVES AND OTHER NONEXPLOSIVES MATERIALS

Доц. д-р Вјекослав Танасковиќ Проф. д-р Ордан Чукалиев

Универзитет св.кирил и Методиј-Скопје Природно Математички факултет. Семинарска работа. Предмет:Атомска и нуклеарна физика. Тема:Фотоелектричен ефект

Деформабилни каркатеристики на бетонот

AN OVERVIEW ON THE UP-TO-DATE RESEARCH IN THE FIELD OF SEISMIC HAZARD FOR THE THERITORY OF REPUBLIC OF MACEDONIA

4.3 Мерен претворувач и мерен сигнал.

Емпириска анализа на загатката на Фелдштајн и Хориока во транзициски земји, со осврт на Македонија

Податоците презентирани во извештајот не ги одразуваат мислењата и ставовите на донаторите на проектот. Проектот Мојот пратеник е поддржан од:

Р Е Ф Е Р АТ И З В Е Ш Т А Ј

Природно-географске карактеристике Р. Македоније као фактор безбедности у друмском саобраћају

ОЦЕНКА НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА ТУРБО КРУЖНИ КРСТОСНИЦИ

Анализа на триаголници: Упатство за наставникот

КОМПЕНЗАЦИЈА НА РЕАКТИВНА МОЌНОСТ

SEGMENTVM II : КРАТОВСКО - ЗЛЕТОВСКАТА ОБЛАСТ ВО АНТИКАТА 1

Извори на електрична енергија

3.9 Просечни врнежи на сливна површина

ВИСТИНСКА ТРОЈА НЕМАЛО

МАГИСТЕРСКИ ТРУД ИСПИТУВАЊЕ НА ТЕШКИ И ТОКСИЧНИ МЕТАЛИ ВО ЕЗЕРОТО КОЗЈАК И МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА

МОДЕЛИРАЊЕ СО СТРУКТУРНИ РАВЕНКИ И ПРИМЕНА

7.1 Деформациони карактеристики на материјалите

56. РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2013 Скопје, 11 мај IV година (решенија на задачите)

Модел на општински информациски систем за управување со цврстиот отпад (SWIS) УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА 2016.

ГРАДЕЖНА ФИЗИКА Размена на топлина. проф. д-р Мери Цветковска

ТРЕТО СОВЕТУВАЊЕ Охрид 3 6 октомври 2001

МЕТОДИ ЗА ДИГИТАЛНО ДИРЕКТНО ФАЗНО УПРАВУВАЊЕ НА СЕРИСКИ РЕЗОНАНТНИ ЕНЕРГЕТСКИ КОНВЕРТОРИ

СИСТЕМ СО ТОПЛИНСКИ УРЕД КОЈ КОРИСТИ ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА

ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ. д-р Рубин Талески. д-р Драгослав Рајичиќ

5. ТЕХНИЧКИ И ТЕХНОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОБРАБОТКАТА СО РЕЖЕЊЕ -1

Национална Стратегија за води

ЗБИРКА ЗАДАЧИ ПО ТЕОРИЈА НА ДВИЖЕЊЕТО НА МОТОРНИТЕ ВОЗИЛА

Transcript:

ХИДРОГЕОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОКОЛИНАТА НА ДОЈРАНСКОТО ЕЗЕРО И МОЖНОСТИ ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ПОДЗЕМНИТЕ ВОДИ 1 Војо Мирчовски, 1 Дељо Каракашев, 1 Гоше Петров, 2 Владо Мирчовски 1 Факултет за рударство, геологија и политехника, Гоце Делчев 89, 2000 Штип, Македонија vojo.mircovski@ugd.edu.mk 2 Дипломиран Геолошки инжинер, Сајбие Демир 1/13, 2000 Штип, Македонија. Апстракт Во трудот е направена анализа на постојните податоци за хидрогеолошките карактеристики на подрачјето на пошироката околина на Дојранското Езеро и се прикажани можностите за искористување на подземните води. Врз основа на геолошката градба и структурниот тип на порозност на карпите на истражуваниот простор, на пошироката околина на Дојранското Езеро се издвоени: збиен тип на водоносници, карстен тип, пукнатински тип и условно безводни терени. Најголеми можности за искористување на подземните води постојат кај карстниот и збиениот тип на водоносници. Клучни зборови: хидрогеолошки карактеристики, водоносници, Дојранско Езеро. ВОВЕД Дојранското Езеро, со неговата поширока околина, се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, на границата со Република Грција. Во геотектонска смисла оваа подрачје се наоѓа на границата на две крупни геотектонски единици: Вардар-ската зона и Српско- Македонскиот масив (сл. 1). ГЕОЛОШКА ГРАДБА НА ТЕРЕНОТ Во геолошката градба на пошироката околина на Дојранското Езеро учествуваат прекамбриски, старо палеозоиски, терциерни и квартерни карпи (Сл. 2). Прекабриумот на овој терен е претставен со тракасти мусковитски гнајсеви. Тракастите мусковитски гнајсеви (Gm) се застапени северно од с. Николиќ и ги градат јужните падини на планината Беласица. Се протегаат во правец СЗ - ЈИ. Дебелината на овие гнајсеви изнесува околу 500 m. Тектонски тие се доста оштетени и во нив се јавуваат многубројни пукнатини и прслини, кои се воедно и единствени патишта на подземната вода. Стар палеозоик на овој терен е претставен со: серицитско-хлоритски шкрилци и песочници; аргилошисти, филити и песочници; мермери; филити, аргилошисти и песочници; зелени шкрилци; филити; метаморфисани габро - дијабази и серпентинити. Сите старопалеозоиски карпи на овој простор имаат протегање ССЗ- ЈЈИ. Серицитско-хлоритските шкрилци и песочници (Sseco) се карпи со светло зелена боја, а кај песочниците се забележуваат и нијанси на сива боја. Овие карпи се трошни и лесно се распаѓаат на површина. Чести се вертикални и хоризонтални сменувања на членовите. Дебелината на овој хоризонт изнесува околу 350 m. Аргилошистите, филитите и песочниците (ArF) лежат нормално врз хоризонтот на серицитско хлоритските шкрилци и песочници. Тектонската оштетеност кај овие карпи не се забележува. Дебелина на на овие карпи изнесува 850 m. Мермерите (M) лежат нормално врз хоризонтот на аргилошистите, филитите и песочниците со остра граница. Доминираат бели мермери, но покрај нив се

сретнуваат сиво бели, розеникави, сиво сини и сини. Тие најчесто се шкрилести и тракасти, со дебелина од 50-400 m. Филитите, аргилошистите и песочниците (FAr) лежат нормално врз хоризонтот на мермери со остар контакт. Овој хоризонт претежно се состои од филити со свилеста сјајност, со сива, темно сива до слабо зеленикава боја. Дебелината на хоризонтот изнесува околу 700 m. Зелените шкрилци (S) лежат нормално врз филитите, аргилошистите и песочниците со остар преод. Овој хоризонт речиси во целина е изграден од зелени шкрилци од амфиболски, хлорит-ски, серицитски, актинолитски, епидотски и цоиситски состав, а исто така се јавуваат аркозни и кварцни песочници, кварцни шкрилци, ретко филити и прослојци и леќи од мермери. Дебелината на овој хоризонт изнесува околу 1200 m. Сл. 1. Тектонска реонизација на територијата на Р. Македонија (Арсовски М., 1997) CKZ - Цукали-Краста зона, ZMZ - Западно-Македонска зона, PM - Пелагонски масив, VZ - Вардарска зона, SMM - Српско-Македонски масив, KZ - Краиштидна зона. Филитите (F) лежат врз хоризонтот на зелени шкрилци, од кој јасно и остро се одделуваат, како завршен хоризонт на палеозоикот. Во североисточниот дел се јавуваат претежно филити, а покрај нив и кварцно серицитски шкрилци и ситнозрнести кварцни песочници, поретко и зелени карпи. Метаморфисаните габро - дијабази ( ββ) се јавуваат речиси во сите хоризонти на палеозоиските карпи. Се среќаваат среднозрнести и ситнозрнести варијатети, но најчесто се со шкрилеста текстура. Тектонски се многу малку оштетени. Серпентинитите (Se) ги следат големите тектонски дислокации, а на неклолку места се јавува како дијапирски втиснати во палеозоиските шкрилци. Често се мошне здробени и милонитизирани. Честа појава во серпентинитот е лимонитизацијата. Терциерот на овој простор е претставен со горно еоценски конгломерати и кварцлатити. Горноеоценските седименти (Е3) градат многу мал простор во однос на кристалинот и претставуваат единствени марински седименти. Кварцлатитите (x ) се најмлади евузивни карпи а се јавуват во многу мал пробој на јужното крабрежје на Дојранското езеро.

Сл. 2. Геолошка карта на околината на Дојранското Езеро (дел од ОГК, лист Гевгелија 1:100 000) Квартер: пролувиум (pr), делувиум (d), пролувиум и делувиум (prd), езерски и блатни седименти (ј); Терциер: кварцлатити (x ), горноеоценски седименти (Е3); Стар палеозоик: sерпентинити (Se), метаморфисани габро-дијабази ( ββ), филити (F), зелени шкрилци (S), филити, аргилошисти и песочници (FAr), мермери (M), аргилошисти, филити и песочници (ArF), серицитско-хлоритски шкрилци и песочници (Sseco); Прекабриум: тракасти мусковитски гнајсеви (Gm). Квартерот е претставен со: езерски и блатни седименти, пролувиум и делувиум, делувиум и пролувијум.

Езерски и блатни седименти (ј) се јавуваат во СЗ крај на Дојранско езеро. Се состојат од тиња и песок во кој има и органогени седименти. Тоа е неповрзан материјал, доста нестабилен, најчесто многу заситен со вода. Порозноста му е меѓу зрнеста и е релативно добар колектор. Пролувиум и делувиум (prd) прикажани се заедно во Селемлиско поле јужно од Стар Дојран. Материјалот е малку хетероген поради големото мешање на двата генетски типа на карпи. Делувиум (d) Се состои од незаоблени парчиња од подинските карпи, помешани со песокливо глиновитиот нецементиран материјал. Многу е подложен на усечување, а кога е заситен со вода подложен е на лизгање. Порозноста му е меѓузрнеста и доста варијабилна во зависноsт од составот. Пролувиум (pr) се јавува во Асанлиско и Црничанско поле. Материјалот е не заоблен или делумно заоблен, составен е од крупно зрнест чакал и блокови и има слични механички карактеристики како терасест материјал. Порозноста му е меѓузрнеста, повеке е водопропустлив од делувијалниот материјал поради содржината на погрубозрнестите компоненти. ХИДРОГЕОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ Според структурниот тип на порозност во карпите во околината на Дојранското Езеро се издвоени: збиен тип на водоносници, карстен тип, пукнатински тип и условно безводни терени (Сл. 3). Збиен тип на водоносници Водоносници од ваков тип се јавуваат во квартерните седименти кои се претставени со езерски и блатни седименти, пролувиум и делувиум, и делувиум и пролувиум и во плиоценските седименти кои се наоѓаат под квартерните наслаги. Според издашноста теренот е поделен на: - добро издашни терени, каде издашноста се движи од 1-10 l/s со коефициент на филтрација од 10-2 -10-3 cm/s - слабо издашни терени, каде издашноста се движи од 0.1-1 l/s со коефициент на филтрација од поголем од10-3 cm/s Добро издашните терени се јавуваат во делувиалните, езерските и пролувиалните седименти кои се наоѓаат покрај самото Езеро. Слабо издашните терени се јавуваат на просторот кој е изграден од пролувиални, пролувиално -делувиални и еоценски седименти кои се наоѓаат подалеку од Езерото. Квартерните седименти на македон-ската страна имаат мала дебелина која се движи од 2-6 m, и ги покри-ваат плиоценските наслаги. Најго-лемо распространение имаат во реонот на Ачикот, литолошки застапени со глини, песокливи глини, дробина, песоци, поретко и чакали. Во квартерните наслаги се јавуваат водоносници со слободно ниво на длабочина од 1-5 m. Од таков тип на водоносник со вода се снабдува летувалиштето Партизан (Стар Дојран). Бунарот е длабок 6 m, со Q = 4 l/s и Kf = 2,75х10-3 cm/s. Испод квартерните наслаги во плиоценските езерски песокливо-чакалести седименти на овој простор се застапени и артески водоносници. Се констатирани, само во реонот на Ачикот, во кој е издупчен самоизливен бунар (за водоснабдување на детското одмаралиште), длабок 90 m, со издашност од 2,9 l/s и позитивно пиезометриско ниво од +10,0 m. Овој артерски водоносен хоризонт најверојатно се храни од карсниот водоносник формиран во мермерите кои се наоѓаат под нив, а кои се откриени по ободот на езерото. Исто така артески водоносници се јавуваат и во малото поле Фурка (с. Фурка), каде за водоснабдување и наводнување, издупчени се повеќе самоизливни дупнатини. Бунарите се со длабина од 30-тина метри, а се со издашност од околу 7 l/s.

Сл. 3. Хидрогеолошка карта на околината на Дојранското Езеро

Карстни водоносници На истражуваниот простор се застапени карсни водоносници кои се јавуваат во карстифицираните палеозоиски мермери. Овој тип на водоносници е формиран на поголем простор западно и северозападно од Нов и Стар Дојран. Водоснабдувањето на Нов и Стар Дојран се врши главно од карсниот водоносник Дерибаш, а поретко и од дупчените и копаните бунари во збиените водоносници. Карсните водоносници се дренираат со поголем број на извори како што е карсниот извор Дерибаш во близина на Стар Дојран кој се појавува на контактот со водонепропустливите шкрилци. Издашноста на овој извор се движи од 1,4-25 l/s. Од карстот Стар Дојран, извираат поголем број и подводни извори, кои со снижување на нивото на Дојранско Езеро се појавуваат на површината. Во карсните водоносници издупчени се повеќе бунари кои се користат за водоснабдување на Дојран. Издашноста на бунарите се движи од 20-60 l/s. Обновувањето на резервите на подземната вода во карстните водоносници на Дојран се врши доста бавно, бидејќи мермерите се јавуваат во релативно тесни појаси кои се откриени на површината, а исто така овој регион се карактеризира и со мал интензитет на врнежи, што оневозможува поголем процент на инфилтрација на вода од врнежите во подземјето. Хранењето на карстните водоносници се врши главно од атмосверските талози, а делумно и од речните и езерските води. Пукнатински тип на водоносници Пукнатинскиот тип на водоносници на овој простор е застапен во прекамбриските гнајсеви и палеозоиските шкрилци и во метаморфисаните габро-дијабази. Овие карпи се карактеризираат со слаба водоносност. Водоносниците во нив се плитки и се сиромашни со вода, така што изворите се доста ретки и се со мала издашност која е помала од 1 l/s. Условно безводни терени Како условно безводни терени се издвоени терените кои се изградени од еоценските седименти и палеозоиските серпентинити. Во овие терени се јавуваат извори со многу мала издашност која се движи под 0.1 l/s. ЗАКЛУЧОК Од презентираните хидрогеолошки карактеристики на околината на дојранското езеро се гледа дека најповолни можности за искористување на водите од овој регион постојат кај карстните водоносници кои се наоѓаат во палеозоиските карстифицирани мермери, распространети во поголема маса во непосредна близина западно и северозападно од Стар и Нов Дојран и кај збиениот тип на водоносници формирани во квартерните и плиоценските седименти. Истражувањата кај карстните водоносници треба да се насочат во подлабоките делови односно на длабини поголеми од 120 метри до кои е издупчена најдлабоката дупнатина кај изворот Дерибаш (Кекиќ 1975) и со која не е потврдена длабината на карстификацијата и длабината на која се јавуваат подземните води. Исто така истражувањата треба да се насочат во подлабоките делови и во збиените типови на водоносници, со што би се потврдила длабината на која се јавуваат подземните води во нив и бројот на водоносните слоеви. Потребно е да се направат и детални хидрогеолошки истражувања со кои треба да се направи пресметка на резервите на подземните водни ресурси во сите типови на водоносници и да се одреди количината на подземна вода која може да се користи од нив. Бидејќи најголем дел од водата езерото ја добива од подземните води треба да се води сметка која количина на подземна вода може да се експлоатира без да се наруши режимот на хранење на езерото од подземните води.

Треба да се направи и биланс на водите од Дојранскиот слив и на македонска и на Грчка страна. На крајот да напоменеме дека треба во иднина да се посвети поголемо внимание за превентивна заштита на квалитетот на подземните води од Дојранскиот регион. ЛИТЕРАТУРА Арсовски, М., (1997) Тектоника на Македонија. Рударско-геолошки факултет Штип. Ѓузелковски, Д., Котевски, Г., (1977) Хидрогеолошка карта на СР Македонија, 1:200 000. Стручен фонд на Геолошки завод Скопје. Ѓузелковски, Д., (1978) Толкувач кон хидрогеолошка карта на СР Македонија, 1:200 000. Стручен фонд на Геолошки завод Скопје. Ѓузелковски, Д., (1997) Подземните води (издан) за решавање на водоснабдувањето во Р. Македонија и нивната заштита. Институт Геохидропроект Скопје. пп. 1-293. Ивановски, Т., Ракиќевиќ, Т., (1970) Толкувач и карта за листот Гевгелија 1:100 000. Геолошки завод Скопје. пп. 1-52. Кекиќ, А., Извештај за резултатите од хидрогеолошките истражувања во околината на изворот Дерибаш и Стар Дојран, Скопје 1975 год.