Диоген Лаертиј. Животите и мислењата на славните философи, книга IX, глава II: Од животот и мислите на Хераклит*

Σχετικά έγγραφα
М-р Јасмина Буневска ОСНОВИ НА ПАТНОТО ИНЖЕНЕРСТВО

37. РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2013 основни училишта 18 мај VII одделение (решенија на задачите)

Бесмртноста на душата кај Платон (II)

ЗАДАЧИ ЗА УВЕЖБУВАЊЕ НА ТЕМАТА ГЕОМЕТРИСКИ ТЕЛА 8 ОДД.

БОГОМИЛ ЃУЗЕЛ МИРОНОСНИЦИ

56. РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2013 Скопје, 11 мај I година (решенија на задачите)

Почетоците на европската античка етимологија (со осврт на македонската)

ВЕРОЈАТНОСТ И СТАТИСТИКА ВО СООБРАЌАЈОТ 3. СЛУЧАЈНИ ПРОМЕНЛИВИ

Проф. д-р Ѓорѓи Тромбев ГРАДЕЖНА ФИЗИКА. Влажен воздух 3/22/2014

Етички став спрема болно дете од анемија Г.Панова,Г.Шуманов,С.Јовевска,С.Газепов,Б.Панова Факултет за Медицински науки,,универзитет Гоце Делчев Штип

НАПРЕГАЊЕ ПРИ ЧИСТО СМОЛКНУВАЊЕ

σ d γ σ M γ L = ЈАКОСТ 1 x A 4М21ОМ02 АКСИЈАЛНИ НАПРЕГАЊА (дел 2) 2.6. СОПСТВЕНА ТЕЖИНА КАКО АКСИЈАЛНА СИЛА Напонска состојаба

Регулација на фреквенција и активни моќности во ЕЕС

ВО ОВОЈ БРОЈ: MAKEDONIKA. Izdava. MAKEDONIKA litera

Метод, формат, стратегија, тактика, практика, процедура, протокол, платформа и... и други испитни прашања за професорот. Сесија #2 со Мишко Шуваковиќ

4.3 Мерен претворувач и мерен сигнал.

Анализа на триаголници: Упатство за наставникот

ИНТЕРПРЕТАЦИЈА на NMR спектри. Асс. д-р Јасмина Петреска Станоева

Компаративистичко согледување на нимфите во хеленската и самовилите во јужнословенската митологија [*]

46. РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА април II година (решенија на задачите)

Стефан Пановски Војислав Саракински. По трагите на една епифанија Мотивот на Пан и политичката пропаганда на Антигон Гоната

Елегискиот воин во новиот фрагмент на Aрхилох (P.Oxy. LXIX4708)

ЕКЛИСИОЛОШКИОТ ЕТОС СПОРЕД СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ КИРЕ ТРАЈАНОВ

игумен Давид (Нинов)

46. РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА април III година. (решенија на задачите)

Православна Охридска Архиепископија Службен билтен година XII Јануари Декември 2015

Кон нов Свет и Голем Собор

НУМЕРИЧКО МОДЕЛИРАЊЕ НА ГАЛАКСИИ

СТАНДАРДНИ НИСКОНАПОНСКИ СИСТЕМИ

ФИЛАРХ, ПОЛИБИЈ И РАЗВОЈОТ НА ХЕЛЕНИСТИЧКАТА ИСТОРИОГРАФИЈА ВО III ВЕК ПР. Н. Е. *

Калимах: химна кон Ѕевс

Ветерна енергија 3.1 Вовед

Тетовско - гостиварска епархиjа Година 4 Броj 7 февруари 2017 ЗА ИКОНАТА НА СРЕТЕНИЕ ГОСПОДОВО

t r i n c LIBER LEGIS СТАР КОМЕНТАР H A T H A Y O G A МАНТРА ЈОГА ТЕЛЕМИТСКА ВЕРЗИЈА НА МАЛИОТ РИТУАЛ НА ПЕНТАГРАМ ;;;;;;;;;;;;;;;;; ;;;;;;;;;;;;;;;;;

ШЕМИ ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ НА ПРОСТИТЕ БРОЕВИ

ИСПИТ ПО ПРЕДМЕТОТ ВИСОКОНАПОНСКИ МРЕЖИ И СИСТЕМИ (III година)

ЕДНОВЕКОВНО МОЛЧЕЊЕ ( )

Катерина Колозова СМРТТА, БЕСМРТНОСТА И ФИЛОСОФОТ. (фрагмент)

45 РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2012 II година (решенија на задачите)

Решенија на задачите за I година LII РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 мај 2009.

ВИСТИНСКА ТРОЈА НЕМАЛО

ЕДНИОТ И МНОГУТЕ НИЗ ЕКЛИСИОЛОШКИ АСПЕКТ

ЗБИРКА ОДБРАНИ РЕШЕНИ ЗАДАЧИ ПО ФИЗИКА

Универзитет св.кирил и Методиј-Скопје Природно Математички факултет. Семинарска работа. Предмет:Атомска и нуклеарна физика. Тема:Фотоелектричен ефект

Од точката С повлечени се тангенти кон кружницата. Одреди ја големината на AOB=?

3. ПРЕСМЕТКА НА КРОВ НА КУЌА СО ТРИГОНОМЕТРИЈА

РЕФЕРАТ. Во средниот век епископската титула на св. Климент ја среќаваме во три основни варијанти:

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО ИСТРАЖУВАЧКО СПИСАНИЕ

( ) ( ) ( ) ( ) ( ) ( )

ВОВЕД ОПИС НА ЛОКАЛИТЕТОТ ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА МЕГАЛИТСКАТА ОПСЕРВАТОРИЈА. Циклуси на затемнувања на 19

а) Определување кружна фреквенција на слободни пригушени осцилации ωd ωn = ω б) Определување периода на слободни пригушени осцилации

56. РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2013 Скопје, 11 мај IV година (решенија на задачите)

ЈАКОСТ НА МАТЕРИЈАЛИТЕ

ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ЧЕТВРТ ОДДЕЛ. СЛУЧАЈ BJÖRK EIÐSDÓTTIR ПРОТИВ ИСЛАНД (Жалба бр /09) ПРЕСУДА СТРАЗБУР.

СТЕРЕОТИПИЗИРАНИ ПРЕТСТАВИ ЗА ЖЕНАТА ВО МАКЕДОНСКОТО ФРАЗЕОЛОШКО ТВОРЕШТВО

НЕКОИ АЛГОРИТМИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ЗАДАЧАТА НА ПАТУВАЧКИОТ ТРГОВЕЦ

Кои од наведениве процеси се физички, а кои се хемиски?

ЖАЛБА Од Јован Вранишкоски на пресудата од Основниот Суд Скопје I, V КОК бр. 59/12

Остава на монети од археолошкиот локалитет Баргала II (каталог)

Социјалните мрежи како алатка во процесот на управување со знаење

45 РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2012 III година (решенија на задачите)

Душан Чакмаков. Веројатност

ГОДИШЕН ЗБОРНИК YEARBOOK 2016 ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ FACULTY OF LAW За издавачот: Проф. д-р Јован Ананиев

ГОДИШЕН ЗБОРНИК YEARBOOK

ЛИЛЈАНА ДИРЈАН ЖИВА МЕРА

НАРОДНА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА NATIONAL BANK OF THE REPUBLIC OF MACEDONIA

ЗНАЧЕЊЕТО НА ИКОНОСТАСОТ ВО РАЗВОЈОТ НА КОНЦЕПТОТ НА ЗАПАДНИОТ ТЕАТАР Театарот како храм на уметноста

ДРВОТО КАКО МАТЕРИЈАЛ ЗА

27. Согласно барањата на Протоколот за тешки метали кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување (ратификуван од Република Македонија во

ПРЕОДНИ ПРОЦЕСИ ПРИ ВКЛУЧУВАЊЕ НА КОНДЕНЗАТОРСКИТЕ БАТЕРИИ КАЈ ЕЛЕКТРОЛАЧНАТА ПЕЧКА

Горан Санев. еден коринтски арибалос од скопје

МОДЕЛИРАЊЕ СО СТРУКТУРНИ РАВЕНКИ И ПРИМЕНА

Гоце Јанкулоски ТРАНСФОРМАЦИСКОТО ЛИДЕРСТВО КАКО ГЕНЕРАТОР НА УСПЕХОТ НА РАБОТЕЊЕТО - МАГИСТЕРСКИ ТРУД -

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеj. Издава: Свештена Бигорска Обител Свети Jован Крстител

Примена на Matlab за оптимизација на режимите на работа на ЕЕС

УЕФА ПРОГРАМА ЗА ЕДУКАЦИЈА НА ФУДБАЛСКИ ДОКТОРИ РАБОТИЛНИЦА 3

ВЛАДА УРОШЕВИЌ ЅВЕЗДЕНА ТЕРЕЗИЈА

КАРАКТЕРИСТИКИ НА АМБАЛАЖНИТЕ ФИЛМОВИ И ОБВИВКИ КОИШТО МОЖЕ ДА СЕ ЈАДАТ ЗА ПАКУВАЊЕ НА ХРАНА

Κτηνιατρικό Πιστοποιητικό για την Π.Γ.Δ.Μ. /Ветеринарно здравствен сертификат за F.Y.R.O.M. /Veterinary certificate to F.Y.R.O.M. Κωδικός/ Код/ Code

ГОДИШНИК НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ ВО СКОПЈЕ

70 ГОДИНИ ИНСТИТУТ ЗА ИСТОРИЈА 70 ГОДИНИ МАКЕДОНСКА ИСТОРИОГРАФИЈА

УДК 93/99 ISSN INSTITUT ZA NACIONALNA ISTORIJA GLASNIK. GLASNIK god. 60 br. 1

АДЕМ ГАЈТАНИ ЛЕБЕДОВАТА ПЕСНА

Методина гранични елементи за инженери

Eкономската теорија и новата-кејнзијанска школа

Глава VI Културната дипломатија и Република Македонија...стр.159

СОДРЖИНА 1. ОСНОВНИ ПОИМИ ОД ПОДАТОЧНОТО РУДАРЕЊЕ УЧЕЊЕ НА ПРЕДИКТИВНИ МОДЕЛИ...9

год. II / бр. 10 / август 2012 / СПИСАНИЕ НА КомораТА на овластени архитекти и овластени инженери на македонија ISSN X

Современи концепции на финансискиот менаџмент при управување со ризикот во банкарските институции

UDK:398.33(497.17):355

д. м. и. Дони Димовски ФОТОВОЛТАИЧНА ЕЛЕКТРАНА НА КРОВ ОД ИНДУСТРИСКИ ОБЈЕКТ

Интеркултурно образование и воспитување во мултикултурни општества

ИНСТРУМЕНТАЛНИ МЕТОДИ ЗА АНАЛИЗА

Емпириска анализа на загатката на Фелдштајн и Хориока во транзициски земји, со осврт на Македонија

Елисавета Сарџоска 1 Виолета Арнаудова Институт за психологија, Филозофски факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј Скопје

Универзитет Св. Кирил и Методиј -Скопје Факултет за електротехника и информациски технологии ДИНАМИЧКА ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА НА СОФТВЕР. -магистерски труд-

ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА НА ВЕТРОТ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО. Проф. д-р Влатко Стоилков

ИНСТРУМЕНТАЛНИ МЕТОДИ ЗА АНАЛИЗА

ГРАДЕЖНА ФИЗИКА Размена на топлина. проф. д-р Мери Цветковска

ИНТЕЛИГЕНТНИ СЕНЗОРСКИ НОДОВИ

Transcript:

Диоген Лаертиј Животите и мислењата на славните философи, книга IX, глава II: Од животот и мислите на Хераклит* Превод од старогрчки: Ема Андоновска Елена Весова eandonovska@yahoo.com Хераклит, синот Блосонов, или според некои Хераконтов, родум бил од Ефес. Тој го достигнал својот врв во шеесет и деветтата Олимпијада. Бил горделив и презрив како ретко кој, што може да се забележи и од неговиот спис во кој вели: Многузналството не вразумува; воспротивно ќе ги вразумеше Хесиода и Питагора, потоа Ксенофана и Хекатаја. Понатаму продолжува: Едно е мудро, да се спознае мислата којашто раководи со сите нешта низ сè. Велел дека Хомер заслужува да биде искамшикуван и исфрлен од натпреварите, исто така и Архилох. Говорел: Гневот треба да се совладува повеќе и од распламтениот оган или Народот треба да се бори за законот подеднакво како и за бедемот. Ги напаѓа и Ефесијците поради тоа што го прогониле неговиот пријател Хермодор и вели: Достојно е за Ефесијците сите да умрат, секој возрасен маж, и да им го остават градот на недораснати деца, оние коишто го изгонија Хермодора, најчесниот маж меѓу нив, велејќи: Што ќе ни е уште еден чесен маж? Ако има некој таков, нека живее другаде со други! Кога Ефесијците го замолиле да востанови закони, тој со презир ги одбил, бидејќи државата веќе имала лош устав. Некогаш Хераклит се повлекол во храмот на Артемида и таму се коцкал со децата, а кога се насобрале Ефесијците околу него, им рекол: Што се чудите, бедници? Нели е поарно ова да го правам одошто со вас во државни работи да учествувам? На крајот ги замразил луѓето и заминал во планините каде што живеел, хранејќи се трева и билки. Но, откако поради тоа се разболел од водена болест, се симнал во градот и загадочно ги запрашал лекарите дали може од поплава да се направи суша. Бидејќи овие не го сфатиле, тој се закопал во штала со говеда, надевајќи се дека водата ќе испари со топлината од изметот. Откако ни ова не му ја подобрило состојбата, умрел на шеесет години. Јас за него имам стихови кои гласат вака: Често јас си се чудев што Хераклит в животот вака Откако претрга маки, несреќен потоа умре. Болеста лоша со вода му исполни тело и сјајот В очите негови згасна, темнина црна го грабна. 1

Хермип раскажува дека Хераклит ги прашал лекарите дали некој може да му ја испразни утробата и на тој начин да му ја извлече водата. Кога тие му рекле дека не може, тој самиот се поставил на сонце и им заповедал на слугите да го покријат со кравји измет. Вака испружен умрел наредниот ден и бил погребан на плоштадот. Неант од Кизик пак, тврди дека тој, не можејќи да се ослободи од изметот, останал во таа положба, и поради промената, бидејќи бил непрепознатлив, го изеле пци. Хераклит уште како дете бил чуден. Кога бил млад говорел дека ништо не знае, кога бил постар говорел дека се спознал. Тој не бил ничиј ученик. Говорел дека самиот истражувал и во сè сам се подучил. Сотион сведочи дека некои автори го сметаат Хераклита за Ксенофанов ученик. Аристон пак во делото За Хераклит вели дека тој успеал да се излечи од водената болест и дека умрел од некоја друга. Истово го тврди и Хипобот. Книгата којашто му се припишува на Хераклит се однесува на природата, а поделена е на три расправи; првата е за светот, втората за државното уредување и третата е теолошка. Како што сметаат некои, тој ја оставил книгата како заветен дар во храмот на Артемида, а настојувал да ја напише нејасно за да му пријдат само оние коишто можат, и за да не биде презрена поради популарноста. А Тимон го опишува, велејќи: Народопцујач, галамџија, меѓу нив тој скокна, Хераклит на гатанки творец. Теофраст вели дека некои делови од книгата се недовршени поради неговата меланхолија, додека останатите се напишани невообичаено. Како потврда за неговата великодушност, Антистен во Наследници наведува дека тој му го отстапил кралскиот престол на брат му. Неговиот спис се стекнал со толкава слава, така што се создала група на луѓе коишто по него биле наречени Хераклитовци. Во општи црти тој вака размислува: Сите нешта се составени од оган и во него повторно се расточуваат. Се настанува според судбината, а постојните нешта се во рамнотежа поради судирот на спротивности. Се е исполнето со души и божества. Тој говорел и за состојбите на сите појави во светот; понатаму, дека сонцето е големо колку што се чини дека е. Изјавил: Никогаш нема да ги пронајдеш границите на душата, та и цел пат да изодиш; толку длабок логос [1] има. Вообразеноста ја нарекува света болест [2], а видот лажен. Понекогаш Хераклит во својот спис се изразува јасно и разбирливо, така што и најголемиот глупак може лесно да го разбере и да постигне душевен вознес. Ненадминлив е во стегнатоста и тежината на говорот. Неговото учење во подробности е следново: Огнот претставува основа и сите нешта се промена на огнот, а настануваат со разредување и згуснување. Тука Хераклит ништо не појаснува. Понатаму, сите нешта настануваат според противречности и сè протекува како река. Вселената е ограничена и 2

светот е еден. Тој се раѓа од огнот и повторно во него согорува во одредени периоди, наизменично во текот на целата вечност. Сето ова настанува во согласност со судбината. Онаа од спротивностите којашто тежнее за раѓање се нарекува војна и кавга, а онаа којашто тежнее за согорување се нарекува согласие и мир. Промената е пат нагоре и надоле, а светот настанува од истата. Огнот со згуснување станува влага која со згуснување станува вода, а водата со смрзнување станува земја. Тоа е патот надоле. И повторно, земјата се топи и од неа настанува вода, а од водата сè останато. Тој речиси за сите нешта смета дека се испарување од морето. Ова е тоа што го нарекува пат нагоре. Тој смета дека испарувањата настануваат од земјата и морето, така што едните се сјајни и чисти, а другите мрачни. Огнот израснува од сјајните испарувања, а влагата од останатите. Хераклит не објаснува каков е воздухот, но сепак вели дека во него има некакви вдлабнувања коишто со своите дупки се свртени кон нас, а во нив се насобираат сјајните испарувања коишто ствараат пламени. Нив ги нарекува ѕвезди. Најсјаен и најжежок пламен има Сонцето. Останатите ѕвезди се поодалечени од Земјата и затоа послабо светат и греат; Месечината пак, бидејќи е поблиску до Земјата, минува низ нечист предел. Но Сонцето се движи низ сјај и чистота и се наоѓа на определено растојание од нас. Затоа повеќе свети и грее. Помрачувањето на Месечината и Сонцето настанува поради свртувањето на вдлабнатините нагоре. Месечевите мени настануваат поради тоа што вдлабнатината е малку поместена во своето место. Денот и ноќта, месеците и годишните времиња, потоа, годините, дождовите и ветровите и другите слични на овие нешта настануваат поради различните испарувања. Оттаму сјајното испарување запалено во дупката на Сонцето создава ден, а кога ќе зајакне спротивното испарување настанува ноќ. Топлината се зголемува од сјајното испарување и така се создава летото, а влагата се зголемува од мрачното и се создава зимата. Хераклит слично на овие ги објаснува причините и за другите појави. За земјата воопшто не појаснува каква е, ниту за вдлабнатините. Ете тоа беа неговите размислувања. Оние нешта коишто ги раскажува Аристон во врска со она што го рекол Сократ кога се сретнал со Хераклитовиот спис кој го добил од Еврипид, јас веќе ги споменав во делот за Сократ. Граматичарот Селевк вели дека некојси Кротон раскажува во своето дело Нуркач како, имено, некојси Кратес прв ја донел Хераклитовата книга во Хелада и рекол дека човек треба да е нуркач од Делос за да не се удави во неа. Според едни, насловот на делото е Музи, а според други За природата. Диодот пак вели: За животна цел прирачник точен Трети го нарекуваат мерило за однесување, утроба на целиот свет, на едното и севкупното. Се раскажува дека кога некогаш го прашале зошто молчи, тој одговорил: За да вие дрдорите. И Дариј посакал да се запознае со него, па му го напишал следново: Кралот Дариј Хистаспов, го поздравува Хераклита, мудриот маж од Ефес: Си составил расправа За природата неразбирлива и тешка за објаснување. На некои места, воколку се чита буквално, се чини дека содржи некоја твоја моќ за согледување 3

на целиот свет и нештата кои се раѓаат во него, а се наоѓаат во најбожественото движење. Сепак, во најголем дел не може да се донесе суд, така што и повеќето упатени во расправите се во недоумица кое е точното толкување на твојот спис. Затоа кралот Дариј Хистаспов сака да учевствува во твоите предавања и во Хеленското образование. Дојди веднаш кај мене на кралскиот двор! Хелените честопати не ги истакнуваат мудрите мажи и ги занемаруваат нивните поуки за внимателно слушање и учење. Кај мене, пак, ќе ги имаш сите почести, секојдневен убав и достоинствен разговор и угледен живот во согласност со твоите начела. Хераклит Ефесиецот го поздравува кралот Дариј Хистаспов Оние коишто живеат на земјата се далеку од вистината и исполнувањето на справедливоста, а поради луда безумност се опседнати со лакомост и славољубие. Јас кој заборавам на секакво зло, избегнувајќи секаква дрскост која е сродна на зависта, и поради тоа што отстапувам пред раскошот, не би можел да дојдам во Персија, затоа што се задоволувам со она малку коешто е во согласност со моите желби. Ете вака се однесувал мажов дури и со крал. Деметриј во Истоименици вели дека Хераклит ги презирал Атињаните, иако овие имале високо мислење за него, и повеќе ја ценел својата земја, иако Ефесијците го презирале. На него се присеќава и Деметриј од Фалерон во Одбраната Сократова. Голем бил бројот на оние коишто го толкувале неговиот спис, меѓу нив и Антистен, Хераклид Понтски, Клеант, стоикот Сфајрос, Павсанија кој бил наречен Хераклитовец, потоа Никомед и Дионисиј. Од граматичарите го толкувал Диодот кој тврди дека списот не се однесува на природата, туку на државнито уредување, а делот за природата служи како пример. Хиероним вели дека јампскиот поет Скитин се обидел да ја пренесе Хераклитовата расправа во стихови. Нему му се посветени многу стихови, меѓу кои и овој: Та што мене Хераклита, прости, ме влечете горе и долу [3]? За вас не се мачев јас, но за тие што мене ме сфаќаат. Еден единствен маж за триесет м'иљади вреди, Мнозина колку ниеден; вака велам и кај Персефона [4]. И еден друг: Нема ти брзо да најдеш крај на Хераклитов спис Којшто е родум од Ефес; тежок е патот зар мошне, Сал темница црна и мрак. Те води ли некаков мист, Патот од јасното сонце појасен уште ќе биде. Постоеле петмина по име Хераклит. Првиот е овој нашиов; вториот е лирски поет кому му припаѓа химната за дванаесетте богови; третиот е елегиски поет од Халикарнас за кого Калимах го составил следново: 4

Прозборел некој, Хераклите, за твојата смрт, а мене Солза ми појде, се сетив, колкупати двајцата ние Залез дочекавме сончев, разговарајќи; а сега Гостину од Халикарнас одамна пепел и прав си; Но живи се песните твои и рака да положи нема Врз нив тој Ајдонеј [5], грабливецот сè што носи. Четвртиот е од Лезбос и напишал историја за Македонија; петтиот е шегобиец кој свирењето на китара го заменил со овој вид на уметност. Белешки: * преведено според: Διογένους Λαερτίου, Βίων καὶ γνόμων τῶν ἐν ϕιλοσοϕίᾳ εὐδοκιμησάντων, II, 9, William Heinemann Ltd, London & Harvard University Press, Cambridge, Massachusetts, MCMLVIII. [1] Зборот логос во овој контекст има значење на законитост, начело на управување и промена. [2] Во антиката света болест е називот за падавичност или епилепсија. [3] Алузија на Хераклитовиот пат нагоре и надолу. [4] Персефона, жената на Хад, е метафора за подземното царство. [5] Се мисли на Хад. 5