CeProSARD ISO 9001:2008 ISO 14001:2004 ОБУКА ЗА УСОВРШУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛОРИ Тема 4.1 Новитети во однос на енергетските карактеристики на зградите и анализата на потрошувачката на енергија и вода Скопје, jули 2017
Одредби на Третиот акционен план за енергетска ефикасност За новитетите и идеите за подобрување на енергетската ефикасност да имааат основа, треба да се направи увид во акциониот план и Уредбата за индикативните цели.
Нови изолации Да се потсетиме: - Апсолутен изолатор е вакуумот, затоа што нема материја, молекули кои би ја пренесувале топлината; - Воздухот е изолатор тогаш кога е заробен, т.е. спречено е неговото движење и конвективниот пренос на топлината; - Современите нано-технологии овозможуваат заробување на воздухот во структурата на материјалите. VIP вакуумизираните изолациони панели имаат кондуктивна топлоспроводливост λ = 0.007W/mK, што е 5 пати подобро од минералната волна, но цената е околу 40 пати повисока (според податоците на ЕМРА Material Science& Technology, како и на фирмата Porextherm). Spaceloft blanket како аерогел интегриран во фиброзна обвивка со λ = 0.02W/mK е комерцијален производ во ролни на Aspen aerogels, додека аерогел производот на STO A.G. има λ = 0.016W/mK.
Инсталации од нова генерација
Инсталации од нова генерација Инсталациите од новата генерација, вклучително и оние кои се воведуваат или се во работа кај нас се карактеризираат со: - Напредни методи во поглед на користењето на примарната енергија со зголемено користење на обновливите енергетски извори. Топлинските пумпи со директна експанзија воздух, користењето на подземните води, секако и когенерацијата се во подем; - Напредокот и комерцијализацијата на компресорите кои се користат во топлинските пумпи отвораат нови хоризонти, особено кога (најчесто) се во системи со комуникациски решенија за управување преку интернет апликации; - Интегрирано управување со распределбата на носителите на енергија според потрошувачи во еден систем. Кај низа комерцијални објекти, особено во здравството, угоститеството и станбениот сектор распоредот на потрошувачката на финална енергија е организиран и централно и локално; - BMS,BMS,BMS.
ПЕЛЕТИ Пелетите од дрвена маса се гориво кое што наоѓа сé поголема примена, а се раѓаат и нови производни капацитети во земјата. Опремата која се наоѓа на пазарот е современа, со можности за континуирано следење, вклучително и далечинско управување. Еден од важните услови за натамошна употреба на пелетите е системот на снабдување и складирање на лице место. Функционирањето на котларата на пелети е поврзана со потрошувачка на електрична енергија за: всисниот систем во сезонскиот резервоар и горилникот. Во подем се решенијата за складирање во силоси вон објектот, што заменува пакување во вреќи.
Поврат на топлина од отпаден воздух Отпадниот воздух е категорија во сите случаи каде што постои регулирано управување со амбиентот, па така и во нискоенергетските објекти(nzb). Употребата на соодветна опрема веќе е во подем, а тој тренд нагласено продолжува. Степенотнаповратнатоплина,најчестовозду воздух,носéповеќеи воздух-течност-воздух, зависи од робустноста на изменувачот, односно големината на површината за топлоразмена. Секогаш се прави компромис помеѓу енергетската ефикасност, просторните услови и цената. Уредите на пазарот, како и современите Климакоморисесонивонаповратод 75%. Рекуператорите можат да идат и итегрирани со топлинска пумпа за натамошна рационализација.
Современи вентилациски системи и поврат на енергијата Смисолот на пасивна куќа, енергетски ефикасни јавни објекти лежи во обезбедувањето на свеж воздух, па заради тоа примената на вентилациски системи со рекуперација оди до сé помали простории, вклучително и станбениот сектор. Стандардната вентилациона опрема стандардот на поврат на енергија привентилацијавеќеенанивооднајмалку75%. Климатизационите постројки и нивните карактеристики со Методологијата се поместени во дел 10 и таму е даден норматив за други начини на штедење, рекуперацијата, до колку таа се воведува, или пак е оригинално опфатена во еден систем за климатизација, претставува директна заштеда во билансот на потрошена финална енергија.
Пример: Рекуператор во ресторан Рекуператорот е поставен така што има улога на единица за примарна подготовка на влезниот воздух. Со негова ефикасност од 75%, тој е сосема адекватен за во натамошните уреди (вентилоконвекторски касети) воздухот се доведе до потребната температура. Насликатасегледаилинијатаналадилно/грејниот медиумкојштоепримаренизворнатоплина Каде е овој случај во енергетската контрола? Методологија оддолу нагоре, дел 10. Подобрување на централна климатизација(терцијален сектор) AES=A* SEC Напомена: Ова е само обработен сегмент, а не централен систем за климатизација. Количеството на надворешен воздух е според МКС EN 15251.
Подготовка на потрошна вода со топлинска пумпа Примерот е од кланица каде што извор е отпадната топлина од ладилникот, сончевата енергија и електричен греач (само за температура на пастеризација)
Подготовка на потрошна вода со отпадна топлина Отпадната топлина како тема се споменува во Акциониот план, но само овршно, како омпонента на когенеративните процеси.
Рационална употреба на водата за наводнување Водата за наводнување во многу случаи е поврзана со потрошувачка на енергија, па заради тоа се воведуваат постапки за штедење: - Системи со економично користење на иригационите шеми при штио наместо отворени канали со големи протоци се воведуваат притисни разводни системи на кои што се приклучуваат системите со рационално полевање, прскалки, капка по капка и слично; - Пумпните системи користат големи електромоторни единици со чие што осовременување се прават значително заштеди. Замената на високонапонските мотори со нисконапонски кои што се во фреквентна регулација, произведува заштеди кои што Контролорот треба да ги пресмета ако се работи за предлог за подобрување, или пак да ја спореди документацијата за потрошувачката, како што е наведено во дел 12 од Методологијата.
Постројка со топлинска пумпа и приклучок на топлификација
Новитети како предизвик за предлог - подобрувања Енергетскиот контролор треба да ги процени и пресмета зградите и системите, но и да препорача мерки за иднина. Во тој смисол, еве неколку идеи: Дата центрите се постојани генератори на топлина, а се присутни во многу административни згради. Зафаќањето на отпадната топлина може да се врши во кондензаторскиот дела на ладилните машини, но и на воздушна страна на изменувачите каде воздухот оди загреан во атмосферата; Сензорите за присуство во канцелариите да ја управуваат работата на вентилоконвекторите; BMS системите за управување со зградите веќе е сосема афирмирана компонента, која што игра сé поголема улога, а треба да бидат неизбежни при секоја реконструкција.