Зелен раст и климатски промени во Македонија Програма за аналитичка и советодавна поддршка. Краток извештај Ноември, 2012 година

Σχετικά έγγραφα
М-р Јасмина Буневска ОСНОВИ НА ПАТНОТО ИНЖЕНЕРСТВО

ТАРИФЕН СИСТЕМ ЗА ДИСТРИБУЦИЈА

ОБУКА ЗА ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛОРИ

2. Просечната продажна цена на електрична енергија по која АД ЕЛЕМ - Скопје, подружница Енергетика, ги снабдува потрошувачите за 2018 година од:

Здравствени ефекти од цврстите честички

ВТОРДВОГОДИШЕНИЗВЕШТАЈ ЗАКЛИМАТСКИТЕПРОМЕНИ НАРЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА

Модели за декарбонизација во електроенергетскиот сектор

ЗАДАЧИ ЗА УВЕЖБУВАЊЕ НА ТЕМАТА ГЕОМЕТРИСКИ ТЕЛА 8 ОДД.

а) Определување кружна фреквенција на слободни пригушени осцилации ωd ωn = ω б) Определување периода на слободни пригушени осцилации

Отпадни води: вистинско време за подобро управување - Случајот со Македонија. Analytica 1/25/2009

Забелешки кон Уредбата за дополнување

σ d γ σ M γ L = ЈАКОСТ 1 x A 4М21ОМ02 АКСИЈАЛНИ НАПРЕГАЊА (дел 2) 2.6. СОПСТВЕНА ТЕЖИНА КАКО АКСИЈАЛНА СИЛА Напонска состојаба

ПЈР МАКЕДОНИЈА ПРОЦЕНКА НА СИРОМАШТИЈАТА ЗА

НАПРЕГАЊЕ ПРИ ЧИСТО СМОЛКНУВАЊЕ

Проф. д-р Ѓорѓи Тромбев ГРАДЕЖНА ФИЗИКА. Влажен воздух 3/22/2014

Предизвици во моделирање

37. РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2013 основни училишта 18 мај VII одделение (решенија на задачите)

О Д Л У К А. 3. Жалбата изјавена против оваа Одлука, не го одлага нејзиното извршување.

46. РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА април III година. (решенија на задачите)

ВЛИЈАНИЕТО НА ОСИГУРУВАЊЕТО ВРЗ ЕКОНОМСКИОТ РАСТ: СЛУЧАЈОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ИСПИТ ПО ПРЕДМЕТОТ ВИСОКОНАПОНСКИ МРЕЖИ И СИСТЕМИ (III година)

4. Оваа Одлука влегува во сила со денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија, а ќе се применува од 1 јули 2018 година.

ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА СО ВЕНТИЛАТОРИТЕ ВО ЦЕНТРАЛНИОТ СИСТЕМ ЗА ЗАТОПЛУВАЊЕ ТОПЛИФИКАЦИЈА-ИСТОК - СКОПЈЕ

О Д Л У К А. 3. Жалбата изјавена против оваа Одлука, не го одлага нејзиното извршување.

Предговор. Почитувани читатели,

Тарифен став (денари) Пресметковна. Тарифно Потрошувачи на висок Единица величина. напон 35 kv * 35 kv 10 kv Моќност kw 943,62 994,66 767,14.

6. СОВЕТУВАЊЕ. Охрид, 4-6 октомври 2009

МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ СТРАТЕГИЈА ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕТО НА ОБНОВЛИВИТЕ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДО 2020 ГОДИНА

СЦЕНАРИЈА ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ ЗА МАКЕДОНИЈА

ДАЛИ ФИНАНСИСКИОТ СЕКТОР Е ОГРНИЧУВАЧКИ ФАКТОР ЗА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ: СЛУЧАЈ ЗА МАКЕДОНИЈА?

27. Согласно барањата на Протоколот за тешки метали кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување (ратификуван од Република Македонија во

Регулација на фреквенција и активни моќности во ЕЕС

СТАНДАРДНИ НИСКОНАПОНСКИ СИСТЕМИ

Национална Стратегија за води

МОДЕЛИРАЊЕ НА РАБОТАТА НА РЕВЕРЗИБИЛНИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ ВО ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИ СИСТЕМ

МЕТОД НА ПРИОРИТИЗАЦИЈА КАКО АЛАТКА ЗА АСЕТ МЕНАЏМЕНТ

Етички став спрема болно дете од анемија Г.Панова,Г.Шуманов,С.Јовевска,С.Газепов,Б.Панова Факултет за Медицински науки,,универзитет Гоце Делчев Штип

КОМПЕНЗАЦИЈА НА РЕАКТИВНА МОЌНОСТ

Во трудот се истражува зависноста на загубите во хрватскиот електроенергетски систем од

ОБУКА ЗА УСОВРШУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛОРИ

Φύλλα Εργασίας. Работни Листови. Εκπαιδευτικό Υλικό

ЈАКОСТ НА МАТЕРИЈАЛИТЕ

ПРЕДЛОГ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЕМИСИИТЕ НА СТАКЛЕНИЧКИ ГАСОВИ ОД УРБАНИОТ ТРАНСПОРТ ВО ГРАД СКОПЈЕ

ЕВН ЕЛЕКТРОСТОПАНСТВО НА МАКЕДОНИЈА

Мали модуларни системи за централно греење и ладење базирани на обновливи извори на енергија

BEC - TSB.

ПРИМЕНА НА МЕНАЏМЕНТ НА РИЗИК ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ОДЛУКИ ВО ЕНЕРГЕТСКИ КОМПАНИИНАПАТСТВИЈА

Емпириска анализа на загатката на Фелдштајн и Хориока во транзициски земји, со осврт на Македонија

ШЕМИ ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ НА ПРОСТИТЕ БРОЕВИ

Анализа на интеракциите и ефектите од монетарната и фискалната политика во Македонија Д-р Борче Треновски

ЗА ПОДГОТОВКА НА БАРАЊЕТО ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ТАРИФА ЗА ВОДНА УСЛУГА ПОДНЕСОЦИТЕ И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ОЦЕНА

Економски детерминанти на потрошувачката на животно осигурување во Република Македонија. Милан Елисковски. Апстракт

ИНТЕРПРЕТАЦИЈА на NMR спектри. Асс. д-р Јасмина Петреска Станоева

ВЕРОЈАТНОСТ И СТАТИСТИКА ВО СООБРАЌАЈОТ 3. СЛУЧАЈНИ ПРОМЕНЛИВИ

Проф. д-р Ѓорѓи Тромбев ГРАДЕЖНА ФИЗИКА

Анализа на улогата на банкарскиот систем во економскиот раст: Случајот на Македонија

ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА НА ВЕТРОТ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО. Проф. д-р Влатко Стоилков

ПЕТТО СОВЕТУВАЊЕ. Охрид, 7 9 октомври ДМС Софтвер "WINDOWS" за дистибутивните системи

СТУДИЈА НА РЕАЛЕН СЛУЧАЈ НА ВЛИЈАНИЕТО НА ДИСПЕРЗИРАНОТО ПРОИЗВОДСТВО ВРЗ СН ДИСТРИБУТИВНА МРЕЖА

46. РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА април II година (решенија на задачите)

НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈАТА ЗА ДРОГА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Примена на Matlab за оптимизација на режимите на работа на ЕЕС

Детаксикација: Ефектот од трошокот на трудот врз вработеноста во Македонија 1

СИСТЕМ СО ТОПЛИНСКИ УРЕД КОЈ КОРИСТИ ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА

Макроекономски детерминанти за развој на пазарот на капитал во Република Македонија Милан Елисковски

УЛОГАТА НА АВТО ШКОЛАТА ВО ЕДУКАЦИЈА НА МЛАДИТЕ ВО СООБРАЌАЈОТ КАКО ИДНИ ВОЗАЧИ

Универзитет Св. Кирил и Методиј -Скопје Факултет за електротехника и информациски технологии ДИНАМИЧКА ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА НА СОФТВЕР. -магистерски труд-

ПРИРАЧНИК ЗА ПОДГОТOВКА НА ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РЕЧЕН СЛИВ

О Д Л У К А. 3. Жалбата изјавена против оваа Одлука не го одлага нејзиното извршување.

Модел на општински информациски систем за управување со цврстиот отпад (SWIS) УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА 2016.

Заземјувачи. Заземјувачи

УНИВЕРЗИТЕТ Св. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ - БИТОЛА. ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ БИТОЛА - Отсек за сообраќај и транспорт. Жаклина Стеваноска

4.3 Мерен претворувач и мерен сигнал.

ИЗБОР НА ОПТИМАЛНА ЛОКАЦИЈА НА 400/110 kv РЕГУЛАЦИОНИ АВТО-ТРАНСФОРМАТОРИ ВО ЕЕС НА РМ

ПРИМЕНА НА FACTS УРЕДИ ЗА РЕДНА И НАПРЕЧНА КОМПЕНЗАЦИЈА НА РЕАКТИВНА МОЌНОСТ ВО ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИ МРЕЖИ

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Универзитет Св. Климент Охридски Битола Економски факултет - Прилеп. Управување со ликвидноста на банкарските институции

АНАЛИТИЧКИ МЕТОД ЗА ПРЕСМЕТКА НА ДОВЕРЛИВОСТA НА ДИСТРИБУТИВНИTE СИСТЕМИ

ТРЕТО СОВЕТУВАЊЕ Охрид 3 6 октомври 2001

Фискалната политика и нејзиното влијание врз економијата во Македонија

Стратегиска рамка и Акциски план. за здравје и животна средина до 2020 година. на Република Македонија. - нацрт документ -

НУМЕРИЧКО МОДЕЛИРАЊЕ НА ГАЛАКСИИ

Eкономската теорија и новата-кејнзијанска школа

ЕКОНОМСКИ И ЕВРОПСКИ ПЕРСПЕКТИВИ НА ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН. Славица Пенев

ПРЕДИЗВИЦИ И РЕШЕНИЈА НА ПРОМОВИРАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ ЗА ШИРОКА ПОТРОШУВАЧКА ОД АСПЕКТ НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО РМ

ИЗБОР НА ЕНЕРГЕТСКИ ТРАНСФОРМАТОР ЗА МЕТАЛНА КОМПАКТНА ТРАФОСТАНИЦА

Емпириска анализа на загатката на Фелдштајн и Хориока во транзициски земји, со осврт на Македонија

Факултет за електротехника и информациски технологии - ФЕИТ, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Република Македонија

Нацрт А - Дозвола за усогласување со оперативен план

СТРУКТУРАТА НА КАПИТАЛОТ КАКО ФАКТОР ВО ВРЕДНУВАЊЕТО НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА И ИНВЕСТИЦИОНИТЕ ВЛОЖУВАЊА М-р Илија Груевски Државен универзитет Гоце Делчев

ГРАДЕЖНА ФИЗИКА Размена на топлина. проф. д-р Мери Цветковска

Тарифи за пресметковни елементи активна ел.енергија (ден/kwh) реактивна ел.енергија (ден/kvarh) 3,1964 0,1994 0,0798. Врвна активна моќност (ден/kw)

water υδωρ Bοдa Kαθαρό Νερό, Καθαρά Προϊόντα, Καθαρές Σκέψεις Clean Water, Clean Products, Clear thoughts Чиста вода, чисти продукти, чисти мисли

Анализа на профитабилноста на банките во Македонија

ИЗВЕШТАЈ ЗА ФИНАНСИСКАТА СТАБИЛНОСТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО 2015 ГОДИНА

КВАЛИТЕТОТ НА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО ДОЛНОПОЛОШКИОТ РЕГИОН

Инфлација и буџетски дефицит: Емпириски факти од Македонија

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ. Економија на Европска унија. Александар Костов. МОБИЛНОСТ НА КАПИТАЛОТ ВО ЕУ - магистерски труд -

Одржливи Кратко Ротирачки дрвeнести Растенија. Прирачник

Број јуни 2015, среда година LXXI

Детерминанти на кредитирање на населението

Transcript:

Зелен раст и климатски промени во Македонија Програма за аналитичка и советодавна поддршка Краток извештај Ноември, 2012 година

Програма за аналитичка и советодавна поддршка Содржина: 1. Вовед...3 2. Снабдување со енергија...7 3. Побарувачка на енергија и енергетска ефикасност...10 4. Транспорт...14 5. Урбани аспекти...18 6. Загадување на воздухот...22 7. Вода...25 8. Земјоделство...30 9. Социјални димензии...33 3

Зелен раст и климатски промени во Македонија 1. Вовед Оваа сеопфатна програма на соработка и аналитичка работа и техничка помош има за цел да ги процени економските трошоци и придобивки на преминувањето во насока на позелен раст и усвојувањето на активности за климатски промени во Македонија. Преку спроведување на широка мултисекторска аналитичка работа заедно со макроекономско моделирање, програмата ќе ги обезбеди основните елементи за сеопфатна проценка на зелениот раст и климатските промени со што ќе се интегрира одржливоста и зелениот раст во главнината на економскиот раст и агендата за конкурентност. Програмата исто така има за цел да ја подобри и приоретизира неодамнешната Национална стратегија за одржлив развој. Поддржана од неколку донатори, оваа мултисекторска програма има за цел да развие методологија за проценки на зелен раст на ниво на земја која понатаму може да се применува. Што е зелен раст? Светската банка, програмата на ООН за животна средина, ОЕЦД и други меѓународни институции постигнаа согласност во однос на дефиницијата на зелен раст. Според водечкиот извештај на Светската банка за зелен раст, Политиките на зелен раст имаат за цел да поттикнат одржлив развој преку усогласување на потребите за одржливост на животната средина со потребите на економски раст и социјално подобрување, 1 меѓутоа зелениот раст не е само прашање на размена на едни придобивки со други бидејќи Шемите на тековен раст не само што не се одржливи, туку се исто така и неефикасни. Токму тука се наоѓа потенцијалот за зелен раст раст кој што е ефикасен, чист и прилагодлив. 2 Зелениот раст започнува со традиционалната загриженост за одржливата употреба на природните ресурси. Ефикасното црпење на необновливите ресурси како што е енергијата и минералните депозити и одржливата употреба на обновливите ресурси како што се шуми и рибници, вода и чист воздух веќе со децении се сметаат за дел од агендата за одржлив раст. Природните ресурси се потребни за економската активност, обезбедувајќи суровини и услуги за животната средина кои се од есенцијално значење за одвивањето на производството. Некои делови од природните ресурси стануваат предмет на сè поголема загриженост. Тука спаѓаат слатководните ресурси погодени од прекумерна експлоатација, загадување, и климатски промени; и биолошкиот диверзитет под закана од менување и загадување на живеалиштата. Ублажувањето на емисиите на стакленички гасови претставува критична дополнителна компонента на одржливоста на животната средина, со сè поголема важност и особено тежок предизвик за земјите. Сè поголемата неурамнотеженост на стакленичките гасови (или јаглеродот ) во атмосферата претставува јасен пример за растегнување на планетарните граници и на глобалното јавно добро. Сами по себе, поедините земји можат да стекнат само локални придобивки како што се намалување на суспендираните честички во воздухот ако се намали согорувањето на фосилни горива. Бидејќи најголемиот дел од придобивките не одат кај поедините земји, одлуката да се премине на 1 Chapter 1 abstract, World Bank (forthcoming), Green Growth Flagship Report for the Rio+20 Conference. 2 Overview abstract, World Bank (forthcoming), Green Growth Flagship Report for the Rio+20 Conference. 4

Програма за аналитичка и советодавна поддршка пониско ниво на јаглерод треба да биде мотивирана од други согледувања, вклучувајќи и пристап до јаглеродни финансии и други видови на надворешно финансирање, како одговор на регионалните стандарди и услови какви што се оние на Европска унија, или да бидат поттикнати од одлука да се предводи во однос на глобалните прашања и да се биде подготвен за постигнување на глобална согласност. Прилагодувањето на менувањето на климата треба исто така да биде дел од патеката на земјата за одржлив раст. Без оглед на идните емисии на стакленички гасови, климата веќе се менува, со сè поекстремни временски појави, зголемување на нивото на морињата и севкупно затоплување. Некои земји, сектори и населенија ќе бидат многу погодени, иако најголемите влијанија во најголем број случаи нема да се материјализираат уште неколку децении. За многу земји, би било рационално да согледаат како може потребите за прилагодување да бидат вклопени во одлуките за инфраструктурните елементи со долг животен век како што се на пример хидроелектричните централи. Општо земено, земјите кои ќе се соочат со значителни влијанија треба да ги имаат во предвид ваквите промени во фреквенцијата на сушите, приносите од културите, крајбрежното поплавување при размислувањето на патеки за одржлив и позелен раст. Најновиот елемент во агендата за зелен раст е силниот акцент на иновации и зелени работни места. Оваа димензија на зелениот раст предлага дека поместувањето кон позелен раст ќе поттикне технолошки иновации, особено во енергетскиот сектор, и ќе промовира појавување на нови индустрии. Иновациите може да помогнат при одвојувањето на растот од исцрпувањето на природните ресурси и емисиите на стакленички гасови преку изместување на можностите за глобално производство и овозможување на поголемо производство со помалку влезни параметри кои се поповолни за животната средина. Наместо животната средина да се гледа како ограничување на растот, динамичката техничка промена во насока на технологии кои се со ниско ниво на јаглерод и ниско ниво на загадување може да биде двигател на растот и генератор на работни места за сите нивоа на вештини. Слика 1: Елементи за одржливост на животната средина кои заеднички го сочинуваат зелениот раст Одржливо користење на природните ресурси Прилагодување на менувањето на климата Зелен раст Ублажување на емисиите на стакленички гасови Иновации и зелени работи 5

Зелен раст и климатски промени во Македонија Патеката на зелен раст треба да ги опфати овие четири аспекти и да постигне рамнотежа помеѓу озеленувањето и растот на излезните резултати и приходите, меѓутоа деталите за патеката на земјата ќе зависат од условите и дизајнот на политиките во секоја земја. Секоја земја почнува со одредени богатства без оглед дали се природни или создадени од човекот. Иако некои аспекти на тековните услови на секоја земја зависат од донесените одлуки за политики, сепак голем дел произлегува од надворешни карактеристики како што се географија или богатства на фосилни горива, хидроенергетски потенцијал, или шуми; и многубројните одлуки за политики кои го довеле националниот развој до онаму каде денес се наоѓа. Овие карактеристики ги позиционираат земјите прилично различно во однос на сегашната зеленост и потенцијалното озеленување на нивните патеки на раст. При разгледувањето на сложената задача на проценување на зелениот раст на ниво на земја, почетната точка претставува основа за трошоците и различните придобивки со кои земјата ќе се соочи при изборот на зелената патека за во иднина. Програма на Македонија за анализа на зелениот раст Моделирањето на енергетскиот сектор, со акцент на можностите за ублажување, е поврзано со моделирањето на водите и нивната употреба во наводнување во земјоделството, хидроенергетиката и водоснабдувањето во општините. Се развива база на податоци за енергетска ефикасност која ќе помогне при изготвувањето на проекции на побарувачката за енергија и изгледите за енергетска ефикасност. Се применуваат алатки за одржливи градови за да се идентификуваат можности за енергетска ефикасност во Скопје. Се предвидува проценка на патниот наспроти железничкиот и урбаниот јавен транспорт, како и предизвиците во однос на прилагодување на инфраструктурата со оглед на потоплата иднина, поподложна на поплави. Слика 2: Програма на аналитичка работа за зелен раст во Македонија мултисекторска поврзана анализа поткрепена со иновативно макроекономско моделирање Социјални димензии ЕФЕКТ Енергија Транспорт Вода Земјоделство Урбани прашања Макроекономска анализа и моделирање 6

Програма за аналитичка и советодавна поддршка Сценарио за зелен раст Основа: нема климатски промени; како кога економијата денес едноставно природно би еволуирала во иднината без промени на политиките Основа +: Основата со влијание од климатските промени (како што е анализирано во работата на секторот за води, со ограничено користење на водите во земјоделство, хидроенергија (и можеби термална енергија) и за општински/индустриски потреби). Зелено сценарио: се предвидува спроведување на скромни мерки за прилагодување и ублажување. Ова сценарио е усогласено со членство во ЕУ. Супер зелено сценарио: спроведување на амбициозни мерки за ублажување и прилагодување во повеќе сектори. Споредбата се прави со основа +. Слика 3: Сценарио кога би се продолжило како и досега во Македонија вклучувајќи ги и влијанијата од менување на климата 7

Зелен раст и климатски промени во Македонија 2. Снабдување со енергија Анализата на снабдувањето со енергија во рамките на студијата за зелен раст во Македонија има за цел да ги процени расположливите можности за придвижување на производството на енергија во Македонија во насока на позелено снабдување со енергија. Беше употребен моделот за оптимизација на снабдувањето со енергија, МАРКАЛ, за да се утврди оптималната мешавина на различните енергетски ресурси за да се задоволи проектираната побарувачка имајќи ги во предвид ресурсните, технолошките и другите ограничувања за периодот 2010 2050 година. Во рамките на студијата прво беше развиен план за оптимално снабдување со енергија (план за задоволување на проектираната побарувачка со најмали трошоци) за основниот случај за период од наредните 40 години, 2010-2050. Потоа, студијата изврши моделирање на различни мерки за снабдување со чиста енергија за да го пресмета: (i) намалувањето на емисиите на стакленичките гасови (СГ), и (ii) промените на трошоците за снабдување со енергија во споредба со основното сценарио. Без промени на политиките, вкупната потрошувачка на примарната енергија најверојатно ќе се зголеми за 34 проценти до 2030 година и 117 проценти до 2050 година. Употребата на енергија се проектира да се зголеми од нивото во 2009 година од износ еквивалентен на 2,7 милиони тони нафта (mtoe), до 3,6 mtoe во 2030 година и скоро 6 mtoe до 2050 година (видете ја Слика 1a). Капацитетот за снабдување со електрична енергија скоро ќе се удвои до 2030 година на 2.618 мегавати (MW) од нивото во 2009 година од 1.476 MW. До 2050 година дополнително ќе се зголеми на 3.463 MW. На сличен начин, снабдувањето со електрична енергија ќе се зголеми од 7,6 терават часови (TWh) во 2009 година на 11,5 TWh во 2030 година (51 процент повеќе од нивото во 2009 година) и на повеќе од 186 TWh во 2050 година (145 проценти повеќе од нивото во 2009 година). Слика 1: Когенеративната постројка на ТЕ-ТО АД Извор:ТЕ-ТО АД Скопје http://www.te-to.com.mk Комбинацијата на снабдување со видови енергија во Македонија ќе претрпи значителни промени во наредните четири децении. Во моментов, јагленот е главното енергетско гориво и сочинува скоро половина од вкупното снабдување со примарна енергија, 8

Програма за аналитичка и советодавна поддршка додека пак природниот гас сочинува само 2 проценти. До 2050 година, природниот гас, кој се увезува, ќе сочинува 20 проценти од вкупното снабдување со примарна енергија додека уделот на јагленот ќе опадне на околу 30 проценти. Исто така ќе настане слична ваква голема промена во производството на енергија. Додека уделот на гасот во вкупното снабдување со електрична енергија ќе се зголеми од незначителното ниво во 2009 година на 17 проценти во 2050 година, уделот на лигнитот ќе се намали од 62 проценти во 2009 година на 45 проценти во 2050 година. На Македонија ќе ѝ биде потребна вкупна проценета инвестиција во износ од 5.303 милиони ЕУР (или 135 милиони ЕУР годишно) во наредните 40 години во енергетскиот сектор. Ваквата инвестиција ќе придонесе за повеќе од 3000 MW дополнителен капацитет за производство на електрична енергија според основното сценарио. Освен тоа, потребна е дополнителна инвестиција од 176 милиони ЕУР за нов гасовод. Слика 1: Проекции на примарната енергија и мешавината на произведена енергија 2051 2051 2030 2009 Биомаса Јаглен Нафта Е. енергија Гас 2030 2009 Лигнит Увоз Гас Хидро Наф Обновливи извори 0 1,000 2,000 3,000 4,000 5,000 6,000 0 5000 10000 15000 20000 (a) Примарна енергија ( 000 тони нафта екв.) (б) Производство на ЕЕ. (GWh) Во рамките на сценаријата со зелен раст, беа разгледани неколку почисти технологии за производство на електрична енергија. Овие зелени сценарија вклучуваат: (i) реновирање на постоечките термоелектрани за да се подобри нивната ефикасност за 2 проценти, (ii) 463 MW нови хидроелектрични централи освен оние 813 MW додадени во рамките на основното сценарио во наредните 40 години, (iii) 360 MW електрични централи на ветерна енергија освен оние 670 MW додадени во рамките на основното сценарио, (iv) 60 MW централи на соларна енергија и фотоволтаици, (v) 1260 MW енергетски централи на гас освен оние 1.129 MW додадени во основното сценарио, и (vi) 1000 MW нуклеарни централи. Првите три мерки го сочинуваат зеленото сценарио, а преостанатите три мерки до сочинуваат супер зеленото сценарио за енергетскиот сектор. Овие алтернативни технологии за производство главно ги заменуваат електричните централи на лигнит кои би биле изградени во рамките на основното сценарио. Во рамките на основното сценарио е проектирано влијанието од спроведувањето на постоечката стратегија на владата која веќе е значително зелена; со што, дополнителните трошоци од додавањето на дополнителни зелени мерки според зеленото и супер зеленото сценарио се релативно мали. Всушност, мерките според зеленото сценарио (т.е. подобрување на термалната ефикасност на постоечките термоелектрани и дода- 9

Зелен раст и климатски промени во Македонија вање на повеќе хидро и ветерна енергија) би имале помали нето трошоци во однос на основниот случај. Во рамките на зеленото сценарио, Македонија би заштедила на трошоците за снабдување со електрична енергија во износ од околу 2,2 милиони годишно, а во исто време ќе намали 133 илјади тони емисии на CO 2 годишно во наредните 40 години. Супер зеленото сценарио ќе чини дополнителни 9 милиони ЕУР годишно, меѓутоа ќе придонесе за заштита од 412 илјади тони емисии на CO 2 секоја година во наредните 40 години. За секторот на снабдување со енергија, Македонија би можела да добие нето економски придобивки во рамките на зеленото сценарио и би поднела мали дополнителни трошоци во рамките на супер зеленото сценарио. Овие поволни нето трошоци дополнително би се намалиле доколку се земат во предвид придобивките по животната средина од намалените стакленички гасови и воздушното загадување. 10

Програма за аналитичка и советодавна поддршка 3. Побарувачка на енергија и енергетска ефикасност Позеленувањето на македонската економија на страна на побарувачка на енергија значи, пред сè, поефикасно користење на енергијата во сите сектори кои трошат енергија. За да се разбере напорот кој треба да се вложи за да се проведе овој вид на транзиција, оваа анализа во рамките на програмата за зелен раст врши испитување на активностите кои трошат енергија во Македонија, како и сопственоста и употребата на енергетските потрошувачи во домаќинствата, не-резиденцијалниот сектор и во индустрискиот сектор, и ги зема во предвид сценаријата за ефикасно користење на енергијата во наредните четири децении. Инструментот за консензус во однос на емисиите и рамката за енергетска прогноза (Energy Forecasting Framework and Emissions Consensus Tool - EFFECT) беше употребен за изготвување на сценарија за енергетска потрошувачка во Македонија до 2050 година. 3 Сценаријата претставуваат суштина на анализата на можностите за ублажување на стакленичките гасови и претставуваат придонес за предвидувањата на снабдувањето со енергија, дискутирани погоре. Како и во другите сектори, направени се предвидувања за основното сценарио, зеленото сценарио и супер зеленото сценарио за периодот од 2010 до 2050 година. Основното сценарио предвидува BАU варијанта (business as usual да се продолжи како и досега) додека двете зелени сценарија покажуваат каква може да биде иднината со помало ниво на јаглерод а која може да се оствари преку агресивно зголемување на интервенциите со цел менување на побарувачката од енергија. Основно сценарио Секторот домаќинства сочинуваше скоро половина од побарувачката за електрична енергија во 2010 година, по што следуваше индустријата со скоро 30 проценти. Остатокот го сочинуваат транспортот, земјоделството и другата побарувачка (вклучувајќи и не-резиденцијални објекти). Очекуваниот раст на реалниот приход на домаќинствата од 4,2 проценти годишно во наредните 25 години, плус проширената меѓународна трговија и развој на туризмот, ќе доведат до зголемување на севкупната побарувачка за електрична енергија од 1,6 проценти годишно за домаќинствата и 1,7 проценти годишно за не-резиденцијалните објекти, што ќе доведе до вкупни зголемувања од 48 односно 51 проценти до 2050 година. Домаќинствата ќе бараат сè повеќе електрична енергија во иднина, меѓутоа ќе понудат и најзначајни можности за заштеда на електричната енергија. Осветлувањето, ладењето, затоплувањето на вода и простор сочинуваат повеќе од 83 проценти од употребата на електричната енергија во домаќинствата. За осветлување, замената на светилките со вжарено влакно со компактно флуоресцентно осветлување и ЛЕД диоди нуди значителни заштеди по разумни цени. Ладилниците не се менуваат толку често, меѓутоа новите ладилници можат да понудат многу поголема ефикасност. Подобрувањата на ефикасноста на бојлерите за вода можат да понудат скромни заштеди при менувањето на истите. Ваквите заштеди можат да се обезбедат преку утврдување на минимални стандарди за ефикасност за новите уреди. Греењето може да се подобри преку унапредување на топлинскиот интегритет на домот соодветна изолација или замена на про- 3 EFFECT претставува модел од дното-нагоре кој развива сценарија за енергетска потрошувачка и емисии на стакленички гасови во државата на долг рок. 11

Зелен раст и климатски промени во Македонија зорците. Клима уредите е веројатно дека ќе се користат уште повеќе со што се отвора простор да се изберат најефикасните можни решенија. Не-резиденцијалниот сектор ќе придонесе за сè поголема побарувачка на електрична енергија со нешто побрза стапка отколку кај домаќинствата, како и за можности за заштеди. Раст на побарувачката на електрична енергија во опсег од 1,7 до 2,0 проценти годишно се проектира за болници, хотели и ресторани. Побарувачката на електрична енергија кај канцелариите и другите објекти расте со стапка нешто поголема од 1,0 проценти годишно, што може да биде конзервативна проценка во зависност од вработеноста и резултатите во иднина. Потрошувачката на мало се случува најбрзо досега врз основа на пораст на реалните примања поголем од 4,2% годишно. Значителни заштеди постојат кај изградбата на нови објекти и програмите за осовременување. Осветлувањето и понатаму ќе биде наједноставниот начин за постигнување економични заштеди. Потребите од греење можат значително да се намалат преку програми за инсталирање на соодветна изолација и преку воведување на стандарди за ефикасност при изградбата на новите објекти. Железото и челикот се доминантниот индустриски корисник на електрична енергија, со повеќе од половината од вкупната индустриска побарувачка. Зависноста од извозот и несигурните економски услови во Европа се ограничувачки фактори на можностите за раст на оваа доминантна индустрија. Не се очекува производството да ги достигне скорешните нивоа сè до 2020 година. Вкупната побарувачка до 2035 година се очекува да достигне ниво кое е околу 1,6 пати повисоко од нивото во 2010 година. Иницијативите за управување со енергијата (промена на процесите, поинтензивни напори за одржување и ограничено менување на системски компоненти) и подобрувањата на технологиите со додавање нови капацитети, можат да придонесат за остварување заштеди. Побарувачката на енергија која не е електрична во домаќинствата се однесува главно за греење и готвење. Вкупната побарувачка за овие крајни корисници бавно се зголемува поради тоа што се очекува многу ограничен раст на бројот на домаќинства. Речиси целокупната потрошувачка на овие горива во објектите кои не се користат за живеење, е за загревање, која се проширува речиси исто и со растот на просторот кој се користи за комерцијални цели. Растот на индустриската побарувачка за енергија која не е електрична досега е најголем (Слика 1). Слика 1 : Основно предвидување за побарувачката на електрична и друга енергија во Македонија во периодот 2010 2035 година (1 GWh=85.984TOE) Побарувачка на електрична енергија во GWh Побарувачка на друг вид на енергија во GWh 14,000.0 ИНДУСТРИЈА GWh НЕ-РЕЗИДЕН. GWh ДОМАЌИНСТВА GWh 12,000.0 10,000.0 8,000.0 6,000.0 4,000.0 2,000.0 ИНДУСТРИЈА GWh НЕ-РЕЗИДЕН. GWh ДОМАЌИНСТВА GWh 12

Програма за аналитичка и советодавна поддршка Енергетска ефикасност: зеленото и супер зеленото сценарио Заштедите на годишната потрошувачка на електрична енергија се проектирани на 15 проценти во 2035 година во рамките на супер зеленото сценарио. Индустрискиот сектор нуди најголем потенцијал за заштеди поради неговиот релативно брз раст и поради постојаната мотивација за намалување на трошоците. Претставува повеќе од 40 проценти од потенцијалните заштеди. Секторот домаќинства е во моментов најголемиот потрошувач и може да придонесе со уште 40 проценти во вкупните заштеди, додека не-резиденцијалните објекти сочинуваат околу 20 проценти. Кај енергијата која не е електрична, годишните заштеди во 2035 година можат да достигнат 22 и 33 проценти за зеленото односно супер зеленото сценарио соодветно. Индустрискиот сектор сочинува повеќе од 60 проценти од потенцијалните заштеди на енергија. Тоа е поради тоа што секторот претставува доминантен корисник на енергија која не е електрична и поради тоа што растот на индустриската потрошувачка е многу поголем отколку кај греењето во домаќинствата или комерцијалните простори. Процентите на намалувањата кај домаќинствата се ограничени бидејќи има само мал раст на вкупната побарувачка за греење на станбените објекти. Поголеми проценти на намалувања се предвидуваат кај не-резиденцијалните корисници бидејќи се предвидени многу повеќе нови градби, а стандардите за новите градби доведуваат до многу поголеми заштеди отколку при осовременувањата. Вкупните кумулативни заштеди на енергија до 2035 година изразени во проценти од основната потрошувачка се проектирани на следниов начин: Електрична енергија 13 Енергија која не е електрична Вкупно Зелено сценарио 9.1% 13.6% 11.6% Супер зелено сценарио 13.7% 20.5% 17.5% Постојат многу можности за заштеди во сите сектори, меѓутоа индустрискиот сектор ќе обезбеди најмногу брзи придобивки, особено со додавањето нови капацитети. Улогата на владата е ограничена тука, но сепак може да обезбеди поволни услови со тоа што точно ќе ги утврди цените за енергија (вклучувајќи ги и надворешните фактори поврзани со животната средина), ќе овозможи конкуренција со отворање на економијата за трговија и инвестиции и ќе обезбеди мотивација за технолошки иновации. Владата може исто така да даде битен придонес со тоа што ќе поддржи енергетски ревизии, особено во индустрискиот сектор, меѓу другото. Во не-резиденцијалниот (комерцијалниот) сектор и секторот домаќинства, владините програми треба да се насочат кон можностите за заштеди на енергија достапни со модернизација на објектите и промовирање на користење позелена комбинација уреди во домаќинствата од страна на корисниците. Особено, владата има многу важна улога во однос на регулирањето на градењето објекти и во однос на воведувањето нови стандарди за енергетска ефикасност за уредите во домаќинствата. Зајакнувањето на институционалните капацитети за дизајнирање и спроведување програми за енергетска ефикасност претставува клучен елемент на една успешна стратегија

Зелен раст и климатски промени во Македонија за енергетска ефикасност во Македонија. За ова е потребно агенција односно сектор во министерство кој ќе ја предводи оваа иницијатива да има доволен буџет да привлече висококвалитетна стручна експертиза. Исто така од круцијално значење е и капацитетот за градење и одржување на податоци за потрошувачката на енергија. На крајот, ставањето на капитал по поволни услови, на располагање за одредени инвестиции во енергетска ефикасност во делот на побарувачката е од есенцијално значење за инвестициите во капитално интензивните мерки за заштеда на енергија со долг период на поврат, каква што е осовременувањето на објекти. 14

Програма за аналитичка и советодавна поддршка 4. Транспорт Врз основа на анализата и моделирањето на трите сценарија за ублажување спроведено во контекст на Студијата за зелен раст, развиен е акционен план за намалување на растот на емисиите од транспортниот сектор во Македонија. Клучните можности за намалување на емисиите од секторот копнен транспорт и кои претставуваат најдобри практики во транспортните политики, во согласност со политиките на земјите од ЕУ-15, што субјектите кои ги изготвуваат политиките би можеле да ги разгледаат, се идентификувани на следниов начин: (a) ССпроведување на ценовни сигнали за поттикнување на користењето на јавен превоз, пешачење и возење на велосипед. Ова може да се спроведе преку дополнителни зголемувања на даноците на гориво (како што е моделирано) или преку други механизми вклучувајќи надоместок при регистрација на возило и данок при купување/ увезување, надоместок/данок за возило/инфраструктура за одреден период (вињета), давачки поврзани со користењето на патната мрежа (патарини, надоместоци за користење на патишта на ниво на ЕУ односно на национално ниво); (б) Подобрувања на горивната ефикасност на возниот парк преку три групи на политики: o укинување на промената во регулативата во однос на увоз на половни возила бидејќи ова не е веќе потребно во однос на поттикнувањето на регистрацијата на незаконски увезените возила и поттикнува увоз на стари возила кои загадуваат; o Воспоставување на пилот проекти за организации од јавниот сектор, оператори на јавен превоз и такси компании за набавка на ефикасни возила во својот возен парк, како подготовка за спроведувањето на Директивата за чисти возила и постигнување на оперативни заштеди преку пониски трошоци за гориво; o Стимулирање на набавката на горивно ефикасни возила, на пример преку шеми на оданочување или поттикнување на замената на стари со нови возила (ако општеството може да си дозволи такво нешто); Слика 2: Постари автобуси за јавен превоз во Скопје Извор: Светска банка (в) Значителни инвестиции во железничкиот сектор со цел подобрување на постројките и услугите како за товарен така и за патнички транспорт, разгледувајќи краткорочни инвестиции во висококвалитетни меѓуградски и приградски автобуски услуги кои 15

Зелен раст и климатски промени во Македонија треба да ја задоволат сè поголемата побарувачка додека се спроведат надградбите на железниците; (г) Управување со паркирањето. Градење на капацитет, обука и поддршка за подобрување на управувањето со паркирањето во Скопје бидејќи ова го поддржува успехот на планираните инвестиции во системот на ЦУУС и ќе помогне во управувањето со побарувачката во транспортот, а во исто време ќе доведе до подобрување на привлечноста на одржливите видови на транспорт и генерирање на приходи кои би можеле да бидат инвестирани во транспортниот систем на Градот; Слика 3: Паркирање на тротоар во Скопје Извор: Светска банка 16

Програма за аналитичка и советодавна поддршка ((д) Поддршка на јавното сообраќајно претпријатие Скопје и Градот Скопје во насока на спроведување на планираните инвестиции во јавниот превоз, вклучувајќи ја и обновата на автобуските станици и засолништа во Скопје (одложено поради економската криза); опрема потребна за автобусите да комуницираат со новиот систем за ЦУУС на Градот; предложените трамвајски линии (или слични шеми со користење на брз автобуски превоз) и интеграција на овие инвестиции во пошироката транспортна политика во Градот (паркирање и возење, постројки за велосипеди, управување со паркирање) за поддршка на финансиската издржаност; (ѓ) Развивање на програма за менување на однесувањето насочена кон однесувањето на возачите и избирањето на начин на патување, преку: o Национална информативна кампања за еколошко возење со фокус на финансиски заштеди, вклучување на еколошко возење во тестовите за возачка дозвола за нови возачи (и обуки за возачи кои направиле сообраќајни престапи) и програма за обука на возачите од јавниот сектор и другите професионални возачи (комбиња, такси возила, автобуси, итн.); и o Развој на програма за планирање на патувања како проект за демонстрација, насочен кон главните генератори на сообраќај во урбаните подрачја, особено во врска со инвестициите во јавниот транспорт, инфраструктура за пешачење и возење на велосипед (и ценовни сигнали); (е) Преиспитување на регулативите и насоките за планирање на намената на земјиштето за да се обезбеди дека општините спроведуваат одржливи принципи за транспорт и продолжуваат во насока на поттикнување на развојот на заедници со поголема густина и помало ниво на користење на автомобили; и (ж) Развој на ограничувања на пристапот за товарниот сообраќај во Скопје што ќе придонесе за разрешување на проблемите со квалитетот на воздухот во градот и ќе покаже како вакво нешто би можело да се спроведе и во други градови во Македонија. Прашања поврзани со прилагодување во транспортниот сектор Беше изготвена долга листа на потенцијални мерки за надминување на идентификуваните ранливости, кои потоа беа оценети во однос на критериумите за добро прилагодување како и во однос на индикативен однос на економичност со цел да се изготви список на мерки наредени според приоритет. Беа развиени активности за прилагодување насочени кон надминување на конкретни ранливости во патниот односно железничкиот сектор, како и посеопфатни активности. За патните средства и услуги даден е приоритет на следниве активности на прилагодување. На краток рок: (a) спроведување на ограничувањата на тежината, за што најголема пречка е способноста за спроведување; (б) проценка на ризик од поплава, што ќе придонесе за пошироки придобивки за транспортниот сектор и пошироко; и (в) зголемување на јавната свест за ризик од пожари. На среден рок: (a) спроведување на стандарди за локални патишта, во однос на поплавување и одводнување. Главната пречка за ова се финансиите; (б) подобрување на одводнувањето, особено во однос на стабилноста на насипите. Дизајнот треба да биде флексибилен, односно претпазлив, во однос на промените на врнежите. Главната пречка за ова се финансиите. 17

Зелен раст и климатски промени во Македонија За железнички средства и услуги, даден е приоритет на следниве мерки за прилагодување. На краток рок: (a) проценка на ризик од поплава, што ќе придонесе за пошироки придобивки за транспортниот сектор и пошироко; (б) подобро одржување на пругите (за да се избегнат проблемите со високите температури); (в) подобро следење на температурите и централно собирање на податоци. Ова беше идентификувано како најголем приоритет во работилницата; (г) студии за стабилност; (д) подобро одржување на околината на пругите (особено насипите); (ѓ) планови за обнова на вегетацијата; (е) внимателно управување со вегетацијата од секоја страна на пругата; (ж) спроведување на забраната за пушење во возовите. На среден рок фокусот треба да биде ставен на замена на прагови и централно собирање на податоци и информатички системи. На крајот, на долг рок може да биде потребна и климатизација на станиците и возовите. Сеопфатните мерки кои треба да се спроведат на краток рок ги одразуваат големите ограничувања во однос на информации и податоци поради што Македонија заостанува зад најдобрите практики во други земји. На пример, нема база на податоци за екстремни временски појави, Агенцијата за државни патишта не врши пресметки на оштетувањата, ниту пак има база на податоци со квантифицирани односно парични вредности на трошоците за поправка на инфраструктурата оштетена од временските услови. Останатите мерки кои треба да се спроведат на краток рок вклучуваат потреба за (а) ревидирање на стандардите за проектирање; (б) спроведување проверки на состојбата; (в) интегрирање на климатската отпорност во процесите на Оценување на влијанијата врз животната средина и Стратешко оценувања на животната средина (вклучувајќи стратешки транспорт и урбани планови); (г) подобрување на процесите за собирање на податоци; (д) вклучување на подетални временски обрасци кои агенциите ги користат при пријавување на инциденти во Центарот за управување со кризи; (ѓ) стандардизирање на образецот (во рамките и помеѓу агенциите) за пријавување на инциденти во Центарот за управување со кризи; и (е) поблиска интеграција на податоците и предвидувањата со Хидрометеоролошката служба. Она што овие мерки го потенцираат е потребата за подобрување на информациите и податоците како потребен прв чекор. Изготвен е акционен план со трошоци за секторските и севкупните мерки за прилагодување. Планот предвидува како активностите ќе бидат спроведени преку нови или постоечки процеси, политики и процедури улогите и обврските на соодветните организации, врски со други активности, потребни ресурси (вклучувајќи и проценка на трошоците), комуникација, бариери и временска динамика. 18

Програма за аналитичка и советодавна поддршка 5. Урбани аспекти Македонија е урбанизирана земја каде што 68 проценти од вкупното население живее во градовите, а најголемиот дел од богатството на државата, но и загадувањето се создава во урбаните подрачја. Само петте најголеми градови Скопје, Куманово, Битола, Тетово и Прилеп се дом на речиси половината (40%) од вкупното население, и иако темпото се разликува помеѓу градовите, Македонија и понатаму се урбанизира. Сепак, градовите не само што го произведуваат најголемиот дел од богатството во Македонија и се двигател на економскиот раст, туку тие исто така се одговорни и за загадувањето и прекумерната потрошувачка на ресурси. Целта на анализата на урбаниот сектор согласно Програмата за зелен раст на Македонија е да направи проценка на влијанијата од урбаните политики, регулативи и инвестиции за различни сценарија поврзани со инвестиции и зелен раст во Македонија. Излезните резултати во рамките на анализата може да ги поддржат македонските градови и општини во нивните напори да ја намалат интензивноста на ресурсите и да го унапредат квалитетот на живот на граѓаните. Комплексната анализа покажа дека градовите во Македонија неконтролирано се шират и ја губат својата густина. Во најголем дел неконтролираното ширење на градот се случува во и околу Скопје но и во другите урбани подрачја кои неорганизирано се рашириле кон надвор (видете ја сликата подолу). Урбано неконтролирано ширење во Скопје (погоре), Тетово - Гостивар (десно) и Струмица (лево) 19

Зелен раст и климатски промени во Македонија Неконтролираното ширење ги зголемува трошоците за давање на јавни услуги и ги зголемува емисиите по глава на жител. Негативните ефекти од неконтролираното ширење на градовите дополнително се интензивираат со намалувањето и стареењето на населението. Освен тоа студијата разгледа и неколку други прашања кои се под влијание на неконтролираното урбано ширење на градовите во Македонија: управување во вода, отпадни води и цврст отпад, енергетска ефикасност и урбан транспорт. Слика 4: Градба во предградијата на Скопје Извор: Светска банка Начинот на кој се планираат, финансираат и управуваат градовите во Македонија ја засега целокупната економија. Градовите и општините во Македонија се задолжени за обезбедување на најважните јавни услуги како што се водоснабдување и канализација, управување со цврстиот отпад и јавниот превоз, но исто така и за најважните социјални услуги како што се основното и средното образование и основната здравствена заштита. Имајќи ја во предвид нивната економска тежина, фактот дека во нив живее голем број од населението во државата но и тоа дека се главен извор на загадување и на потрошувачка на ресурси, учинокот на македонските градови ќе ја утврди патеката по која ќе се движи Македонија кон зелениот раст. Истовремено, градовите во Македонија ќе имаат корист од спроведувањето на политиките за зелен раст. Градовите можат да придонесат кон зелениот раст преку насочени урбани политики и инвестиции. Градовите можат да помогнат во зголемувањето на ефикасноста и намалувањето на интензитетот на ресурсите, да ги намалат загадувањето и емисиите на стакленичките гасови, да привлекуваат фирми и да го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните. Урбаниот начин и реализирањето на услугите во македонските градови се од суштинска важноста за зелениот раст. Градовите се повеќесекторски системи со поголем број на засегнати страни. Тие бараат, но исто така и овозможуваат интегрирани интервенции со потенцијал за создавање на дополнителни бенефиции во повеќе сектори. Градоначалниците и градските власти се во најдобра позиција да планираат и да инвестираат во поодржливи системи, да ги максимизираат меѓусекторските синергии и да ги минимизираат компромисите карактеристични кога се прави избор помеѓу зелено и раст. 20

Програма за аналитичка и советодавна поддршка Погустите градови емитуваат помали емисии по глава на жител. Повеќето од негативните еколошки влијанија кои можеме да ги забележиме на глобално ниво се предизвикани во градовите, вклучувајќи го и индустриското загадување, емисиите од автомобилите и емисиите од објектите. Градовите можат ефективно да ги намалат овие негативни влијанија врз животната средина така што ќе поттикнуваат и ќе создаваат поодржлив начин на развој, особено развој кој се карактеризира со поголема густина и кој избегнува неконтролирано ширење. Поголемата густина во градовите обично значи и поголема енергетска ефикасност. Начинот на кој се реализираат локалните услуги е клучниот двигател на зелениот раст. Заклучоци и препораки: - Изготвување на интегрирани урбани планови и давање стимуланси и поттик за тоа центрите на градовите да станат попристојни за живеење. Локалните власти можат да влијаат на тенденциите на населување кај луѓето преку соодветни одлуки за инвестирање и преку добро урбано планирање кое ќе дава поттик за граѓаните и за претпријатијата. Оформувањето на овие населби со мешовита намена треба да биде еден од приоритетите на градоначалниците и урбаните планери во Македонија, и тоа треба да биде итеративен процес. - Давање овластувања на градовите и општините да можат да донесуваат стратешки одлуки. За сега, голем е бројот на градови и општини во Македонија кои немаат капацитет и финансиски ресурси за добро урбано планирање и кои немаат интегрирани планови. Улогата на централната власт првенствено треба да се фокусира на давање насоки и помош за здраво урбано планирање во општините и обезбедување дека законската рамка се применува на соодветен начин. - Инвестирање во обновата на мрежата за водоснабдување и водомерите со цел намалување на загубите и поголем поврат на трошоците. Решавањето на проблемот на големи технички загуби на вода ќе помогне во намалувањето на енергетскиот интензитет и емисиите од водоснабдувањето но исто така ќе придонесе и кон намалување кон трошоците во работењето на претпријатијата за водоснабдување. Обновувањето на мрежата треба да има приоритет пред нејзиното ширење. - Пристап до финансирање преку грантови со цел инвестирање во инфраструктура за пречистување на отпадните води. Повеќето градови и општини не се во можност да финансираат капитални инвестиции од таков обем. Сепак, постојат финансиски можности, на пример средства од Европската комисија кои се финансираат преку инструментот за претпристапна помош (ИПА) и некои други извор од меѓународни финансиски институции. Општините ќе имаат потреба од помош и техничка поддршка од централната влада за да можат полесно да имаат пристап до фондови за капитални инвестиции во секторот за отпадни води. - Да се забрза формирањето на интегрирани регионални системи за управување со отпадот. Сегашниот начин на одлагање на отпадот ја загадува почвата и подземните води, одговорен е за значителен удел во емисиите на стакленички гасови и, во некои случаи, претставува дури и ризик за здравјето поради опасниот отпад, и поради тоа треба да бидат затворени. Општините се обидуваат да утврдат меѓуопштински договори како и планови за рехабилитација и структурни инвестиции. Исто така ќе биде потребна понасочена поддршка и помош од страна централното ниво. 21

Зелен раст и климатски промени во Македонија Слика 5: Картони прибрани од неформалните рециклирачи Извор: Светска банка - Поголем опфат со јавниот превоз, подобрување на неговиот квалитет и инвестирање во немоторизирани начини на превоз. Потенцијалната заштеда на трошоци благодарение на користењето на немоторизирани начини на превоз како и примената на мерки со кои се ограничува паркирањето и густината на сообраќајот во Градот Скопје се проценуваат до 7 милиони американски долари; како плус на заштедата од околу 4.1 милиони американски долари благодарение на надградувањето на инфраструктурата за јавен превоз. Исто така пешачките зони ги поттикнуваат приватните инвестиции во продавници, кафулиња, ресторани и други мали бизниси. - Програмите за унапредување на енергетската ефикасност да се прошират и надвор од Скопје, во други пилот градови. Во Градот Скопје, потенцијалните заштеди од енергетската ефикасност во општинските објекти и јавното осветлување заедно се проценуваат на околу 1.4 милиони американски долари. 22

Програма за аналитичка и советодавна поддршка 6. Загадување на воздухот Слика 6: Издувни гасови од фабрика Извор: Светска банка Загадувањето на воздухот е значителен проблем на одредени локации во Македонија. Според мерењата на системот на станици за мерење на квалитетот на воздухот во Македонија, концентрациите на ситни честички повеќепати ги надминуваат стандардите на ЕУ (видете ја сликата подолу). 4 Високо урбанизираните и индустријализирани центри како што се Скопје, Битола (енергетика), Кавадарци (металургија) и Миладиновци (рафинирање на сурова нафта) се значајни придонесувачи за лошиот квалитет на воздухот во овие области. Слика: Амбиенталните концентрации на PM10 го надминуваат стандардот на ЕУ за годишни концентрации од 40 μg/m3 (2011). (Годишна просечна концентрација на PM10 на секоја автоматска мониторинг станица во μg/m3 во 2011 година) 180 160 Концентрација на PM 10 ( g/m 3 ) 140 120 100 80 60 40 20 0 2007 2008 2009 2010 2011 Станица за следење на квалитетот на воздухот Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање, 2012 Забелешка: Станиците Карпош, Центар, Гази Баба, Лисиче и Ректорат се наоѓаат во Скопје. 4 Ситните честички се во основа прашина која се пренесува преку воздухот; PM10 и PM2.5 се однесува на прашина составена од честици со дијаметар помал од 10 односно 2,5 микрони. 23

Зелен раст и климатски промени во Македонија Ситните честички се еден од најзначајните загадувачи поврзани со краткотрајните и хроничните респираторни болести. Ситните честички и прашината во воздухот се најопасни кога се мали. Тоа е бидејќи големината на честичката определува до каде ќе стигне честичката во респираторниот тракт кога ќе се вдише. Врската помеѓу концентрацијата на ситните честички и здравствените исходи е утврдена во литературата 5 вклучувајќи и во неколку студии во Македонија. 6 PM 2.5 го зголемува морталитетот (т.е. смртноста) примарно поради кардиопулмонарни (КП) болести и рак на белите дробови (РБД). PM 10 го зголемува морбидитетот (т.е. болеста) од хроничен бронхитис, болести на долните дишни патишта кај деца, респираторни симптоми и денови со ограничена активност. Поради врската со здравјето, концентрацијата на РМ 10 во воздухот е клучна мерка за загадувањето на воздухот. Неодамнешна студија во Скопје утврди дека зголемувањето на PM 10 за 10 μg/m 3 над максималното дневно дозволено ниво (50 μg/m 3 ) е поврзано со 12% зголемување на кардиоваскуларните болести. 7 Годишно се губат околу 1.350 животи и илјадници продуктивни денови како резултат на загадувањето на воздухот со ситни честички. Користејќи ги податоците за квалитетот на воздухот, населението и медицинските истражувања за врската помеѓу ситните честички и здравствените исходи, се проценува дека над 1.350 смртни случаи годишно можат да се припишат на загадувањето со ситните честички. Луѓето страдаат и од секојдневни последици од болестите на органите за дишење. Се проценува дека неколку илјади работни години се губат секоја година поради хроничен бронхитис, астма, прием во болница и денови со ограничена активност. Загадувањето на воздухот со ситни честички ја чини економијата 253 милиони евра годишно или 3,2 проценти од БДП за 2011 година. Трошокот на економијата од загубена заработка поради прерана смртност и изгубена продуктивност на работното место или отсуство од работа е околу 253 милиони евра годишно. Тоа претставуваше 3,2 проценти од БДП во 2011 година. Слика 7: Сензор за аерозагадување Извор: Светска банка 5 Види Ostro, 1994; Ostro, 2004; Pope et al., 2002. 6 Види Kochubovski и Kendrovski, 2012; Kochubovski et al., 2008. 7 Види Kochubovski и Kendrovski, 2012. 24

Програма за аналитичка и советодавна поддршка Ако Македонија ги намали концентрациите на PM 10 и PM 2.5 до граничните вредности на ЕУ, би се избегнале над 800 смртни случаи, илјадници денови на загубена продуктивност и тоа би резултирало со здравствени заштеди од 151 милион евра годишно. Усогласеноста со стандардите на ЕУ (преку спроведување на еколошкото европско законодавство поврзано со воздухот) би резултирала со значително помалку смртни случаи и изгубена продуктивност. Намалување на амбиенталната концентрација на PM 10 и PM 2.5 од само 1 μg/m 3 би резултирало со потенцијални здравствени заштеди од 34 милиони евра или 0,4 проценти од БДП годишно (подолната табела). Трошоците за интервенциите што водат кон усогласеност со ЕУ би можеле да се оправдаат со овие заштеди. Табела 1. Потенцијалните здравствени заштеди со намалувањето на PM10 и PM2.5 се значителни и можат да бидат до 2 проценти од БДП ако се постигне лимитот на ЕУ. 1. (милиони евра и % од БДП) Намалување на амбиенталната концентрација на РМ (μg/m 3 ) 1 Годишни трошоци (милиони евра) 25 % од БДП, 2011 Ниско Средно Високо Ниско Средно Високо 1 3.8 34.1 54.6 0.0% 0.4% 0.7% 5 16.3 98.9 234.2 0.2% 1.3% 3.0% 10 28.3 133.6 323.4 0.4% 1.7% 4.1% 15 36.8 161.5 370.1 0.5% 2.0% 4.7% Стандард на ЕУ за PM 10 и PM 2.5 35.4 151.5 353.6 0.4% 1.9% 4.5% Извор: Пресметки на авторот. 1 Намалувањата од примерот беа применети и на PM 10 и на PM 2.5 и истовремено. Политиките можат да се фокусираат бидејќи мнозинството ситни честички се испуштаат од неколку фирми во секторите на енергетиката, металургијата нафтата и градежништвото. Индустриското и производството на енергија се концентрирани на неколку локации во Македонија како што се Битола, Кавадарци, Кичево, Скопје и Тетово. Составот на производството, исто така спаѓа во неколку сектори како што се енергетиката, металургијата, градежништвото, рафинирањето нафта и текстилната индустрија. Овие големи извори можат да бидат фокусот на напорите за намалување на голем дел од загадувањето на воздухот. Локалните зелени опции за намалување на ситните честички вклучуваат енергетска ефикасност, промена на горивата и усвојување на почисти технологии но улогата на прекуграничното загадување на воздухот е исто така важна. Сè поголемата енергетска ефикасност на зградите и на другите производствени процеси (на пример во металургијата) се важни за намалување на емисиите. Исто така, промената на котлите што согоруваат јаглен или нафта со котли на природен гас би била значајна мерка. Иницијативите со кои се трансформира урбаниот пејзаж кон позелено користење на почист јавен превоз треба да бидат дел од стратегијата за зелен раст. Меѓутоа, бидејќи состојбата со квалитетот на воздухот во Македонија опфаќа и прекугранични извори на загадување локалните интервенции се ограничени и концентрациите на ситни честички можат повеќе да се намалат само со регионален договор со соседните земји.

Зелен раст и климатски промени во Македонија 7. Вода Водата е важен фактор за производство на електрична енергија, за земјоделскиот, индустрискиот и урбаниот сектор во Македонија и како таква е драгоцена економска стока. Поточно, водата е примарен фактор за производство на хидроенергија. Во земјоделството и во снабдувањето со вода за пиење, водата нема замена, а во другите дејности што користат вода како влезна компонента во производството (на пример рударството и термоенергијата), замените се многу скапи. Намалените загуби и зголемената ефикасност на користењето на водата се клучни компоненти на секоја стратегија за зелен раст бидејќи потрошувачката на вода во еден сектор, неизбежно ја прави недостапна за друга употреба. Истовремено, големо количество вода што се повлекува за користење во овие сектори на крајот се враќа во хидролошкиот систем и важно е да се сфати дека квалитетот на водата што се враќа е исто така клучен фактор во планот за зелен раст. Климатските промени имаат потенцијал да влијаат и на снабдувањето и на побарувачката за вода во Македонија. Климатските промени ќе ја намалат понудата на вода. Според студијата за зелен раст, до 2020 година има зголемување на достапноста на вода во некои сливови, но до 2050 година сите сливови доживуваат намалување на средниот годишен проток. Понудата е под влијание на промените на температурите и на количеството врнежи како и на временските и просторните модели. Повисоките температури предизвикуваат поголем степен на испарување во природните езера и во вештачките акумулации и со тоа ја намалуваат достапноста на водата. Климата, исто така влијае врз времето на побарувачката на вода. Неодамнешна студија на Светска Банка утврди дека, со повисоки пролетни температури, македонските земјоделски култури почнуваат да бараат вода уште во април наместо во мај, а врвот на побарувачката на водата за наводнување се достигнува во јуни наместо во јули понатамошна, уште поголема побарувачка за вода од постојната се одржува и низ август. Во термоелектричниот сектор, каде водата се користи за ладење, повисоката температура на водата во реките може да ја намали нејзината ефикасност како медиум за пренесување на топлината. 26