Извештај за ГРЦИЈА 1. Основни информации a) Главен град: Атина b) Население: 10,706,290 (јули 2007) c) Површина: вкупно: 131,940 км2 d) Валута: Евро (EUR) e) Стапка на невработеност: 8.4% (2007) 2. Основни услови за влез и информации за визи Услови за влез Секој странец кој сака да влезe во Грција треба да покаже валиден пасош или друга патна исправа, и виза издадена од грчки конзулат. Визите се поделени во две категории: визи за краток престој (таканаречените Schengen визи со валидност до три месеци) и визи за долг претој (таканаречените национални визи со валидност од повеќе од три месеци). Видови на визи: Schengen за студирање за вработување за работа во економски независни активности за семејна реунификација за други причини спорт, мeнаџери и персонал на компании, уметници 3. Имиграција заради вработување a) услови за влез и престој на работници од странство Во Грција, вработувањето е во ексклузивна надлежност на Организацијата за вработување на работа сила (OAED). Според тоа, приватните агенции за вработување во моментот делуваат нелегално, меѓутоа забраната за нивна работа е во фаза на разгледување бидејќи не се совпаѓа со препораките на Европската Унија. Овој извештај е изготвен во рамките на AENEAS 2006 проектот: Градење на капацитети, информирање и подигање на свеста за промовирање на прописна миграција на Западниот Балкан, финансиран од Европската Унија и кофинансиран од Швајцарската федерална канцеларија за миграции, Германската федерална канцеларија за миграции и бегалци, Владата на Лихтенштајн и Италијанското министерство за надворешни работи/италијанска соработка.
OAED обезбедува професионално насочување, техничко-стручни обуки, осигурителни бенефиции, работно поставување и имплементација на програми за вработување. OAED изготвува годишни извештаи во кои ги проценува потребите на Грчкиот пазар на труд и ги одредува испразнетите места по професија и регион, кои би можеле да се пополнат со мигранти. Врз основа на извештајот од OAED, се одредува максмалниот број на работни дозволи кои ќе се издаваат, поделени според државјанството на мигрантите, регионите на вработување и природата на професијата. Апликациите ги поднесува локалниот работодавач до OAED и Канцелариите за вработување во грчките префектури. Дури и во оваа етапа од процедурата не може да се издаде работна дозвола, доколку OAED урврди дека местото може да биде пополнето со грчки државјанин или мигрант кој веќе престојува во Грција. Отворените понуди за работни места за странци се испраќаат до грчките конзулати. Од 2005 година, наваму, дозволите за работа и престој се соединети во една дозвола, со цел да не се аплицира двапати. Странските државјани кои добиле виза за влез заради вработување добиваат и дозвола за престој заради вработување, доколку склучиле писмен договор за работа со кој се пропишува дека ниваната месечна плата ќе изнесува најмалку еднаква на месечните примања на неквалификуван работник и дека истите ги поддале сите потребни документи вклучувајќи и заверена копија од договорот за работа и потврда дека апликантот се пријавил за јавно осигурување кое ќе ги покрива болничките трошоци, медицинските трошоци и осигурување од несреќи на работно место. Заради фактот што различни земји имаат различни процедури, препорачливо е да ја проверите процедурата во грчката амбасада во вашата земја. За да ви издаде работна виза Конзулатот обично ќе ви побара: валиден пасош, здравствено уверение од некоја државна болница, уверение за неосудуваност, здравствено осигурување. Документите може да се разликуваат од случај до случај. Визата се издава за неколку дена, во зависност од обемот на работа во конзулатот. Дозвола за престој заради вработување Откако ќе ви биде издадена работна виза, треба да аплицирате за дозвола за престој заради вработување, во општината каде што ќе престојувате, пред да почнете да работите во Грција. Основните документи кои треба да ги поднесете се: работната виза договор склучен помеѓу вработениот и работодавачот пасош хонорар 150 евра (годишно) Оваа листа не е исцрпна. Бидејќи истата може да подлежи на промени, треба да побарате листа на потребни документи од општината. Во зависност за која општина станува збор, и од обемот на работа во дадениот момент, потребно е од 2 недели до 3 месеци за да се издаде дозвола за престој заради вработување. Откако ќе ја предадете апликацијата за дозвола за престој, ќе добиете потврда дека сте ја предале, па можете да почнете да работите. Бидејќи регулативите за виза постојано се менуваат, препорачливо е да ги проверите на Интенет, на веб страната на грчката амбасада во вашата земја на престој. Услови за вработување 2
Договорот за работа помеѓу вработените и работодавците треба да содржи одредби за плата, работно време, одмор, компензација во случај на раскинување на договорот кага станува збор за договори на неопределено време, итн. Во договорите на определено време треба да биде назначен периодот на траење на договорот: како дата на истекување на договорот. Највообичаената форма на договори за вработување е договорот на полно работно време на неопределен период. Вработувањето со неполно работно време е доста ограничено, во споредба со другите земји на ЕУ. Сезонското вработување е карактеристично за туристичкиот сектор и сите други професии поврзани со туризмот. Надничарите и техничарите, особено во градежништвото и земјоделството, обично примаат дневници или неделни плати. Приход Националната минимална плата е утврдена со Генералниот колективен трудов договор кој го склучуваат социјалните партнери (работодавачите и синдикатите). Минималната плата пропишана со Колективниот договор се заснова на работното искуство во години кое го има работникот. На секои три години на работен стаж, стапката за плата се зголемува. На 1-ви мај 2007 година, минималната дневна надница за неквалификувани работници беше поставена на 29.39 EUR а минималната основна месечна плата за работник кој не е во брак, на 657.89 EUR. Вработените обично се платени месечно, неделно или на ден. Работодавачот пред даму ја исплати платата на вработениот му ги одзема сите задолжителни давачки (за социјално осигурување и данок на приход). Работодавачот ги уплаќа овие давачки кај надлежните органи, заедно со придонесите кој самиот треба да ги плати. Работникот добива писмен детален извештај за неговите примања, за да може да ги види износите на бруто платата и износите на сите задолжителни давачки кои му биле одземени пред врачувањето на истата. OAED Ethnikis Antistasis 8 str. GR-17456 Alimos, ГРЦИЈА Телефон: +30 21-09989000 Факс (гувернер): +30 21-09989500 Поштенски фах: 77117 / 17510 P. Faliro, ГРЦИЈА Дирекотрат за вработување Email: a5@oaed.gr www.oaed.gr b) сектори на пазарот на труд кои се соочуваат со недостатоци на рабтотна сила Грција има пазарна економија со јавен сектор кој изнесува околу 40% oд БДП. Туризмот носи 15% oд БДП. Имигрантите сочинуваат скоро една петтина од работаната сила, претежно во замјоделството и други неквалификувани работни места. Главни индустрии се туризмот, прехрамбената и тутунската индустрија, текстилната индустрија, хемиската, производство на метали, рударство, нафтена индустрија. Главни земјоделски производи: пченица, пченка, јачмен, шеќерна репа, маслини, домати, тутун, компири, говедско, млечни призводи. Работна сила по професија: Земјоделство: 12 % Индустрија: 20 % Услужни дејности: 68 % Не е неопходно, но пожелно е мигрантите да зборуваат грчки јазик. Иако англискиот е нашироко прифатен во Грција, не е лесно да се снаједеш со англиски во пооддалечените региони, особено на копно, и надвор од туристичката сезона во главно се зборува исклучиво на грчки. Не говорењето на грчки јазик може да ви предизвика и проблеми при итни случаи. 3
c) веб страници за барање на работа Грчките весници се многу важен извор на информации, особено за работно места за канцелариски работници како и работни места од средно ниво. Но, најпознатиот пат до наоѓање на работно место сеуште се личните контакти. Грчки веб страници каде можете да најдете огласи за работа: www.jobseeker.gr www.ads-in-грција.com www.skywalker.gr Приватни агенции за вработување во Грција: Adecco www.adecco.gr Manpower www.manpowerteam.gr http://www.learn4good.com/jobs/language/english/list/country/грција/ http://goгрција.about.com/od/jobsinгрција/jobs_in_грција.htm http://www.ads-in-грција.com/aig/ http://www.hri.org/news/misc/jobs/ http://www.in2грција.com/jobs/job_forum.htm http://www.tiptopjob.com/search/jobs_by_location/c/grc_грција http://mycareer.com.au/greek-job/ http://www.jobsabroad.com/грција.cfm 4. Имиграција заради студирање a) услови за влез и престој на студенти Ако сте странски државјанин кој сака да студира во Грција, треба да поседувате валидна студентска виза. Студнтската виза е тримесечна виза за еден влез со која имата право да алицирате за дозвола за престој кога ќе пристигнете во Грција. Дозволата за престој важи една година и може да се продолжува се до завршувањето на студиите. Грчката влада издава студентски визи за редовно студирање во Грција (а не за дописни студии) доколку имате доволно финансиски средства да ги покриете трошоците за школарина и животните трошоци во текот на вашиот престој во Грција. За да ви се издаде студентска виза, како државјанин на трета земја, треба да ги исполнувате следниве критериуми: Да поседувате потврда за упис на грчка образовна институција Да поседувате доволно финансиски стедства за да ги покриете трошоците за студирање и живеење во Грција Да поседувате пасош и/или други патни исправи Да поседувате потврда за неосудуваност издадена од надлежните институции во вашата матична земја Истите критериуми важат и за стручно образование како и специјализирани програми за обуки. Лицето кое поседува дозвола за престој како студент смее да работи хонорарно, само доколку обезбеди довола за хонорарна работа. 4
b) Стипендии за додипломски и постдипломски студии Стипендии за студенти од странство: Alexander S. Onassis Public Benefit Foundation стипендии за странски научници, истражувачи и студенти на општествени и политички науки, Хеленисти, наставници, уметници и преведувачи на грчка литература. www.onassis.gr Aristotle University of Thessaloniki стипендии за додипломски и постдипломски студии за странци засновани на успехот на студентот и неговата финансиска состојба www.auth.gr The J. F. Costopoulos Foundation финансиска поддршка за едукативни програми, истражувачки проекти, археолошки ископувања www.jfcf-athens.org State Scholarship Foundation автономна институција на Минситерсвото за образование и религија, која доделува стипендии како на грчки така и на странски студенти кои студираат во Грција, а и на грчки студенти кои студираат во странство. Нуди стипендии за постдипломски и докторски студии, истражувања, изучување на грчкиот јазик, литература, филозофија, историја и уметност за професори по грчки на странските универзитети и оние кои специјализираат во областа на ликовната уметност. 14 Lysistratous Street Athens 10558 Тел: +301 325 4385-9 Факс: +301 322 1863 c) листа на најпознатите универзитети и колеџи за комплетната листа, посетете ја веб страната: www.ypepth.gr d) програми за студенти од странство Доколку сте заинтересирани да поминете една академска година или семестар по програмата на размена на студенти, во Грција, контактирајте: http://www.twoworldsunited.com/twu/requirements_грција.html 5. Престој Дозвола за престој Дозволите за престој ги издава, продолжува и повлекува Генералниот секретаријат на регионот, по мислење на Имиграционата комисија која се формира во секој регионален директорат за странци и имиграција. Видови на дозволи за престој: Дозвола за престој заради студирање Дозвола за престој заради вработување Дозвола за престој заради економски независна активност Дозвола за престој заради реунификација на семејството Дозвола за престој за тренери и спортисти Дозвола за престој за администратори на директори и компаниски персонал Дозвола за престој за работници од културата, членови на артистички групи и циркуси Дозвола за престој за познати научници на нови технологии Дозвола за престој заради хуманитарни причини 5
Процедура и документи потребни за обезбедување на дозвола за престој: Апликација до општинските власти во местото каде апликантот престојува барем два месеци пред истекот на неговата виза, со напоменување на причината за престој заради која истиот аплицира Валидна виза Копија од пасош останати документи кои одат во прилог на причината за престојот (доказ за обезбедено сместување, осигурување, здравствено уверение, потврда за сигурни финансиски средстава, уверение за неосудуваност и други релевантни документи) Општинските институции ги проверуваат документите и ги испраќаат до надлежната институција во службата за странци и имиграција. Службата е обврзана да ја прегледа апликацијата во рок од еден месец. Дозволата за престој се доделува со резолуција на Генералниот секретар на регионот по мислење на Комисијата за имиграција. Дозволата за престој може да се продолжува секоја година, најмногу пет години со ред. Апликациите за продолжување на дозволата за престој треба да се поддадат најмалку два месеци пред истекот на постоечката дозвола. Документите кои ќе бидат потребни може да бидат истите како за првичната апликација. 1 6. Процедура за азил Дозвола за престој заради хуманитарни причини Според Делот 8 од Претстедателскиот декрет бр. 61/1999, кој се однесува на Делот 25(4) од претходниот Закон за странци, со амандман бр. 2452/1996, барателот на азил може да добие привремена дозвола за престој во Грција заради хуманитарни причини. Сепак, реалноста вели дека шансите да се добие хуманитарен статус после процесирањето на апликацијата се екстремено мали. Постоечкото грчко законодавство не вклучува одредби за приврмена заштита. Влез на територијата на Грција Барањата за азил се предаваат или усно или писмено кај граничните служби или доколку барателот на азил е веќе во земјата, до некоја од институциите на државата. Доколку барањето се предаде до некоја неполициска институција, истата треба итно да ја информира локалната полиција и да го препрати барателот кај истата. Сите барања треба суштински да се разгледаат, било во нормална или забрзана процедура. Грчкото законодавство не содржи клаузула на неприфатливост на барањето. Дури и кога азил се бара од страна на државјанин на безбедна и мирна земја, барањето не може да се отфрли како неприфатливо истото мора суштински да се разгледа. Во случаите кога странци се уапсени или притворени од страна на полицијата при нелегален влез во земјата (видете го подолу делот за "Притвор") а истите имаат поднесено барање за азил, не е дозволено нивно депортирање се додека не се донесе одлука по нивото барање. Тие треба да останат во притвор се до донесувањето на одлуката односно до изминувањето на периодот на тримесечен притвор. Регистриран и признат азилант не смее да се уапски и притвори како лице кое се обидува нелегално да влезе во државата. Редовна процедура на одлучување Полицијата го интервјуира барателот на азил најдоцна три месеци од поднесувањето на барањето за азил. Секогаш кога е потребно, присутен е и преведувач. После интервјуто, барателот на азил добива специјален документ со кој истиот се декларира како лице кое бара азил ("розова картичка ") (Во регионот на Атина, заради недостаток на адекватно обучен персонал и недоволен број на преведувачи како и големиот број на 1 http://pubweb.fdbl.com/ihp8/global/media85.nsf/public-country-briefs/грција 6
барања за азил, барателите не можат да се интервјуираат во предвидениот рок од три месеци, што е и одобрено со Декретот број 61/1999.) Прва инстанца Генералниот секретар на Министерството за јавен ред (MPO) ги следи препораките од Министерскиот оддел за државна безбедност при донесување на одлуките од прва инстанца. Во градовите, проверката на документите ја врши под-директоратот за странци или полицискиот оддел за странци. Во областите каде нема оддел за странци, интервјуата ги врши под-директоратот за безбедност или полицискиот оддел. При забразана постапка на аеродром, интервјуирањето му е одговорност на полицискиот безбедносен оддел на аеродромот. Жалба Негативните одлуки на Генералниот секреатр на MPO можат да се обжалат кај Министерот за јавен ред. Жалбата може да се поддаде во рок од 30 дена од приемот на негатнивната одлука. Истата најчесто се поддава во локалната полиција, а потоа од таму се препраќа до MPO. Министерот за јавен ред донесува одлука врз основа на препораките од Комисијата за жалби. Ова шесточлено тело го сочинуваат правниот советник на МPO, во улога на претседавач, правен советник од Министерството за надворешни работи, висок претставник на дипломатскиот кор, висок претставник на полицијата сите четворица ги назначува нивното Министерство како и претставник на Атинската адвокатска комора и Службеникот за правна заштита или друг претсавник на канцеларијата на UNHCR во Грција. Иако Комисијата за жалби е консултативна комисија, во минатото, нејзините препораки биле најчесто следени одстрана на министерот. Но во последниве неколку години, покрај позитивните препораки добиени од комисијата, Министерот во многу наврати донел негативни решенија. Крајно одбивање и депортација Барателите на азил чии апликации се одбиени со крајно одбивањ, добиваат одреден временски период, обично три месеци, во кој треба доброволно да ја напуштат земјата. После истекот на овој период, одбиените баратели на азил стануваат илегалци во Грција и како такви може да бидат уапсени. Доколку тоа се случи, истите можат да бидат држени во притвор и до три месеци чекајќи депортација, по изминувањето на тој период веќе не смеат да бидат депортирани и мора да бидат пуштени од притвор. За повеќе информации, проверете на: http://www.ecre.org/conditions/2003/грција.shtml Информативен центар на Обединетите Нации во Грција (на грчки): http://www.unic.gr Грчки парламент (на грчки и англиски): http://www.parliament.gr Грчка влада (на грчки): http://www.kyvernisi.gr Грчко министерство за јавен ред Order (на грчки): http://www.ydt.gr Атинска адвокатска комора (на грчки, со некои страни на англиски): http://www.dsa.gr Грчки совет за бегалци (на грчки, со некои страни на англиски): http://www.gcr.gr 7. Реунификација на семејството Подобност Секој странски државјанин кој легално престојува во Грција најмалку две години, има можност да бара влез и престој во Грција за членовите на неговото семејство, во случај кога: a. Неговите членови на семсјтвото имаат намера да живеат со него 7
b. Поседува доволен приход не помал од дневата плата на неквалификуван работник, место за живеење, здравствено осигурување кое може да ги покрие и членовите на неговото семејство Во предвид за реунификација доаѓаат следниве челнови на семејството: a. сопужник b. деца помлади од 18 години, кои не се во брак c. децата на сопружникот кои се помлади од 18 години и не се во брак, во случај да лицето е одговорно за грижа за нив Виза за реунификација на семејството Странскиот државјанин кој легално престојува во Грција и сака да аплицира за реунификација на неговото семејство треба да поденсе молба за издавање на виза во местото на престој во Грција, доставувајќи ги следниве документи: Нотарски заверена копија од неговата дозвола за престој ekatharistiko (извод од приход) од даночната канцеларија, која се однесува на последната финансиска година понова семјна потврда едноставна изјава дека членовите на семејството ќе живеат со него едноставна изјава за неговата адреса на живеење Генералниот секретар во местото на престој на странскиот државјанин кој легално престојува во Грција, откако ќе ја донесе одлуката ја инфомира Грчката конзуларна мисија во местото каде престојува семејството на странскиот државјанин, кое пак му издава визи на членовите на семејството. Дозвола за престој Членот на семејството кој пристигнал во Грција со виза треба да аплицира за дозвола за престој во местото каде престојува. За деца над 14 години, се издава лична дозвола за престој, а барањето го поднесува законскиот старател на детето. За деца под 14 години и деца родени во Грција, нивниот престој е опфатен во дозволата за престој на нивниот законски старател. 8. Здравствен систем Грчкиот државен здравствен систем е раководен од Институтот за социјално осигурување (I.K.A). Осигурувањето е задолжително и започнува да тече уште од првиот ден на вработувањето. Здравственото осигурување го обезбедува работодавачот. И работникот и работодавачот плаќаат придонеи кон IKA: работодавците плаќаат посебни придонеси (придносеи од работодавци) како и износите кои им се одземаат на вработените од нивните плати (придонеси од работниците) до локалната канцеларија на IKA. Откако здравствено ќе се осигура секој странски државјанин има пристап до социјлани бенефиции и Националната здравствена служба, но според рагулативите, одредени привилегии се ограничени само на некои категории на работници. Секое лице треба да поседува здравствена книшка која ја издава локалната канцеларија на IKA откако работникот ќе почне да работи. Оваа книшка се носи со себе при сите посети на лекар или болница. Целокупната здравствена помош е бесплатна, но се плаќа патриципација за лекови која изнесува приближно 25% од цената на лековите. 9. Систем за социјално осигурување Социјалното осигурување во Грција е задолжително. Надлежниот орган за осигурување на сите вработени лица е Институтот за социјално осигурување (IKA). Постојат три вида на осигурување: систем на социјално 8
осигурување за заштита на вработените, систем за социјална помош кој се грижи за луѓе кои имаат такви потреби и државниот систем за здравствена заштита кој ги покрива сите лица со престој во Грција. Институт за социјално осигурување (Idryma Koinonikon Asfaliseon - IKA) Agiou Konstantinou 8, Athens 10241 Tел:. + 30 210 5224861 Факс: + 30 210 5229180 Веб страница: http://www.ika.gr 10. Домување Трошоци за живот: наемнина, храна, јавен транспорт Наемнина Двособен стан Соба во заеднички стан Трошоци 350 200 Коментари Цена за главниот град, може да биде и поефтино во зависност од големината и локацијата на станот. Сметки 52 Гас, струја, телефон Храна 120 Без алкохолни пијалоци Јавен транспорт (автобуска карта до 3 km) Просечни месечни трошоци Околу 397-547 25 месечно Без осигурување 11. Признавање на дипломи Органи кои се надлежни за признавање на акредитиви од странство: Institute of Technological Education (ITE) Институт за технолошко образование Leoforos Syngrou 56, 11742 Athens, Грција Тел: +30(1) 922-10-00, Факс: +30(1) 922-77-16 E-Mail: inteek@netor.gr Се занимава со признавање на акредитиви за влез на: универзитети и професии; ја утврдува еквивалентноста на дипломите стекнати во странство со оние стекнати на грчките технолошкообразовни институции. Inter-University Centre for the Recognition of Foreign Academic Titles (DIKATSA) Интер-универзитетски центар за признавање на странски академски титули Messogeion st 223, 11525 Athens, Грција Tел: +30(1) 675-63-62, Факс: +30(1) 675-67-09 E-Mail: dikatsa@otenet.gr Се занимава со признавање на акредитиви за влез на: Универзитет; проценка на странските дипломи и како истите кореспондираат на грчките; проценка на нивото на странските образовни иституции за високо обазование во споредба со грчките. 2 The Hellenic National Academic Recognition and Information Centre / Грчки државен центар за признавање на академски нивоа и информации е органот кој е надлежен за признавање на дипломи за високо образование стекнати во странство. 54, Ag. Konstantinou Street, 10437 Athens Tел (+30) (210) 5281000, Факс: (+30) (210) 5239679 E-mail: information@doatap.gr, h-naric@doatap.gr Тhessaloniki Office /Канцеларија во Солун 2 http://www.euroeducation.net/prof/greeco.htm 9
Адреса: Dioikitirio (Ministry Makedonias Thrakis) Поштенски код: 54123 Thessaloniki Телефони: 2310 379371-3, 2310 278256 Факс: 2310 379374 12. Услуги за поддршка на мигранти Синдикатите и невладините организации можат да ги информираат мигрантите за нивните права и за правните услуги да се поднесат побарувања за компензација против работодавци кои ги експлоатирале или агенции за регрутирање. Побарувањата за компензации можат да се поднесат по следниве основи: - доколку работодавецот не се држел до условите пропишани со договорот за работа на пример со исплаќање на пониска плата од договорената или неисплаќање на одредени дневници; - доколку работникот е отпуштен без причина и без спроведување на соодветна постапка: - доколку работникот бил присилен да го раскине договорот заради неподнослив или нехуман третман; - доколку работникот бил предмет на било каква форма на злоупотреба, вознемирување или закани; - доколку работникот би наишол на физички повреди или штети. Трудови судови Легалните мигранти имаат право на побарување на нивните плати или дневници на суд. Тие имаат подеднакви права со грчките државјани во однос на трудовите судови. Сепак, нелегалните мигранти ги немаат овие права, бидејќи основниот предуслов за уживање на истите е поседувањето на дозволи. Синдикати во Грција The General Confederation of Greek Workers (GSEE) +30 210 8834611-15 +30 210 8202186, 210 8202187 info@gsee.gr www.gsee.gr Активистички фронт на сите работници PAME (Πανεργατικό Αγωνιστικό Μέτωπο (ΠΑΜΕ) Panergatiko Agonistiko Metopo) 28, Emm. Benaki Str., 106 78 Тел: 30 210 3305219 Факс: +30 210 3802864 pame@hol.gr http://www.pamehellas.gr/about_en.asp Грчките државјани и странците имаат подеднакви права во основ на членувањето во синдикати. Но, според законот, секој кој сака да членува во синдикат треба да има социјално осигурување. Значи, мигрантите треба легално да престојуваат и работат за да станат членови на синдикат. Што се однесува на услугите за помош на мигранти, синдикатите нудат поддршка и правна помош за секого, на пример PAME (Активистички фронт на сите работници ) има формирано Секретаријат за имигранти, кој нуди поддршка и совети за мигранти, без оглед дали имаат дозволи или не. Жртви на трговија со луѓе Жртвите на трговија со луѓе кои преживеале сериозна експлоатација и се чини дека сеуште се во опасност како резултат на нивното бегство, добиваат 30 дневен период за рефлексија во кој добиваат психо-социјална поддршка. После тоа, жртвата треба да одлучи дали ќе соработува со полицијата и судските институции и тогаш истата може да добие дозвола за престој. Дозволата за престој ја издава Министерството за внатрешни работи, без плаќањена никаков надоместок, а и истата може да се продолжува. Лицата кои добиваат ваква дозвола имаат право да се вработат, имаат право на образование, обуки и медицинска нега. Еден месец по завршувањето на судската процедура, лицето кое поседува дозвола за престој како жртва на трговија со луѓе може да добие друг вид на дозвола за престој. 10
НВО кои нудат помош на жтрви на трговија со луѓе: KLIMAKA 30-32 Evmolpidon st. 118 54 Athens, Грција Тел: +30 210 3417160-3, Факс+30 210 3417164 e-mail: shelter@klimaka.org.gr Веб страна: www.klimaka.org.gr Нуди помош (прифатилиште, мидицинска помош, психолошка поддршка, правни совети, часови по грчки јазик, работна рехабилитација) за жени од странство кои биле жртви на насилство и трговија со луѓе. NGO Solidarity / НВО Солидарност ΑΛΛΗΛΕΓΓΥΗ Μ.Κ.Ο. ΤΗΣ ΕΚΚΛΗΣΙΑΣ ΤΗΣ ΕΛΛΑ ΟΣ 34 Leonidou str. 104 36 Athens Тел. centre: 0030 210 5203031, Факс: 0030 210 5233624 www.solidarity.gr e-mail: athens@solidarity.gr Го води прифатилиштето наречено STORGI за жртви на трговија со луѓе, како од сексулана експлатација така и принудна работа (жени и деца). Обезбедува услуги како што се: трошоци за лекови и лекари, психолошка и психијатриска поддршка, правно консултанство, социјална поддршка. Отворена телефонска линија за помош 800 11 37777 Greek Helsinki Monitor (GHM) Грчки Хесиншки набљудувач Minority Rights Groupe - Грција (MRG-G) Малцински права Адреса: P.O. Box 60820, GR-15304 Glyka Nera Тел: (+30) 210.347.22.59 Факс: (+30) 210.601.87.60 e-mail: office@greekhelsinki.gr Веб страна: http://www.greekhelsinki.gr/ Нуди правни услуги на жртви на трговија со луѓе Меѓународо здружение за заштита на семејството FRONTIDA-(ГРИЖА) Адреса: 3, Messinias Street, Ambelokipi, Athens Тел: +(30) 210-8103496 Тел и факс: +(30) 210-6923136 Моб: +(30)-6973 871004 (24h) e-mail: frontis@otenet.gr Згрижува жени жртви на семејно насилство и/или трговија со луѓе, заедно со нивните деца. Психолошка поддршка, легална помош, обука и можности за рехабилитација. Европска мрежа на жени Главно седиште: Amaliados 15, 11523, Athens, Грција Тел.- факс : +30 210 6411449, 0030 210 7704574 E-mail: nroubani@gmail.com Огранок: Estias 25, 11526, Athens, Грција Тел. +30 210 7703043, Факс +30 210 7786886 E-mail: enow@otenet.gr Огранок: Ilioupoleos 112, 17237, Dafni, Athens, Грција Тел.-Факс: 210 9700814 E-mail: enowjobs@gmail.com Веб страна: http://www.enow.gr/ 11
Нуди поддршка за жени жертви на трговија со луѓе: SOS телефонска линија 8001114400 (и на руски); прифатилиште, придружба до полиција, болница и поддршка на жени при наоѓање на соодветна работа доколку истите добијат статус на жртви од страна на владата. Центар за заштита на човекови права (KEPAD) 8, Naiadon str. 11634, Athens, Тел.: + 30 210-9210977, Факс: +30 210-9246056 www.kepad.gr Нуди правна помош на странци, како и на жртви на трговија со луѓе и принудна работа (не обезбедува застапување на суд) Социјално и образовно дејствување 21 Attikis Street, Hilioupolis, 16342 Athens, 9922336 e-mail: socedacto@tenet.gr Тел. +30 210 9922336 + 30 210 5239402 Нуди социјални услуги на секого на кога му е потребна помош и ги упатува случаите до надлежните институции IOM Меѓународна организацја за миграција, P.O. Box 430, GR-174 02 Alimos, Грција Тел. 0030 2 10/99.19.040 Факс. 0030 2 10/99.10.914 13. Добивање на државјанство Со раѓање: - дете на грчки државјани - дете родено на грчка територија доколку неговите родители се без државјанство - дете родено вонбрачно, а законски признато од грчки државјанин (до 18 годишна воздраст) Со класификација во воена служба: - странци од грчко етничко потекло кои отслужуваат грчки воен рок како офицери или кои се класифицирани како волонтери - Со натурализација: - странци кои легално престојуваат во Грција 10 години од последните 12 години - бегалци и лица без државјанство кои престојуваат во Грција последните 5 години од последните 12 години - тие мора да зборуваат грчки добро и да имаат доволни познавања од грчката култура и историја Апликациите се поднесуваат до општинските институции во местото на престој, кое истите ги препраќа до Министерот за државни работи, јавна админситерација и децентрализација. Повеќе детали на: http://www.migramedia.it/mie_carтелle/ducumenti/informated_migration/5_gre.pdf 14. Други корисни контакти и информации Амбасада на Грција во Албанија 12
ТИРАНА - Амбасада на Грција Адреса: Rruga Frederik Shiroka, No. 3, Tirana, Albania Тел.: (00355) 4 274 668, 4 274669, 4 274670 Факс: (00355) 4 234140 E-mail: gremb.tir@mfa.gr Веб страна: www.greekамбасада.al ТИРАНА Комерцијален оддел Адреса: Sky Tower Business Center, 10th floor, Tirana, Albania Тел.: (00355) 4 228 980 Факс : 4 228 979 E-mail: ecocom-tirana@albnet.net ЏИРОКАСТРО Генерален конзулат Адреса: Cerciz Topulli Square, Gjirokastra, Albania Тел.: (00355) 84 638 04, 84 630 91 Факс: (00355) 84 620 11 E-mail: grgencon.arg@mfa.gr КОРЧА Генерален конзулат Адреса: Pavlo Kastro No. 4, Korca, Albania Тел.: (00355) 82 528 88 / 82 528 89 / 82 457 34 Факс: (00355) 82 450 52 E-mail: grgencon.kor@mfa.gr Амбасада на Грција во Босна и Херцеговина САРАЕВО - Амбасада на Грција Адреса: Obala Maka Dizdara 1, 71000 Sarajevo Тел.: (0038733) 203516, 213439, Ðñî: 215032 - Факс: 203512 E-mail: greekemb@bih.net.ba САРАЕВО Комерцијален оддел Адреса: Obala Maka Dizdara 1, 71000 Sarajevo Тел.: (0038733) 203516, 213439 - Факс: 203512 E-mail: geeco@bih.net.ba Амбасада на Грција во Хрватска ЗАГРЕБ - Амбасада на Грција Адреса: Opaticka 12, Zagreb 10000, Croatia Тел.: (003851) 4810444, 4810437 - Факс: 4810419 E-mail: Грција-Амбасада@grАмбасада.hr - Web Site: www.grамбасада.hr САРАЕВО - Комерцијален оддел Адреса: Opaticka 12, 10000 Zagreb, Croatia Тел.: (003851) 4835716 - Факс: 4810419 E-mail: grafoey@zg.htnet.hr Амбасада на Грција во Поранешна Југословенска Република Македонија (ПЈРМ) СКОПЈЕ Канцеларија за врски во Република Грција Адреса: Borka Taleski 6, 1000 Skopje Тел.: (003892) 3219260 - Факс: 3115718 (Ðñïî.: 3130419) E-mail: grfyrom@unet.com.mk 13
СКОПЈЕ - Комерцијален оддел Адреса: Partizanski Ohredi 15-1000 Skopje Тел. : (003892) 3129456 - Факс : 3129441 E-mail : office@hellastrade-skopje.com Амбасада на Грција во Србија БЕЛГРАД - Амбасада на Грција Адреса: Francuska 33, 11000 Belgrade Тел.: (0038111) 3226523, 3341507 - Факс: 3344746 E-mail: office@greekemb.co.yu - Web Site : www.greekemb.co.yu БЕЛГРАД - Комерцијален оддел Адреса: Simina 15, 11000 Belgrade Тел.: (0038111) 3031606, 3231577 - Факс: 3249215 E-mail : greconof@verat.net БЕЛГРАД Конзуларна канцеларија Адреса: Strahjnica Bana 76, 11000 Belgrade Тел.: (0038111) 3341507-9 - Факс: 3344746 E-mail: office@greekemb.co.yu НИШ Конзулат на Грција Адреса: Kej Mike Paligorica 18/A, Nis 18000 Тел.: (0038118) 520407, 512520 - Факс: 523303 E-mail: info@greekcon.org.yu - Web Site: www.greekcon.org.yu Грчки конзулат во Црна Гора ПОДГОРИЦА Генерален конзулат на Грција Адреса: UL.Atinska 4 Gorica "C", Podgorica Тел. : (0038181) 655544, 618170 - Факс : 655543 E-mail : hellas@cg.yu Грчка канцеларија за врски во Косово ПРИШТИНА Канцларија за врски на Република Грција Адреса: Bekin Berisha 9 Dragodan, Pristina Тел.: (0038138) 243013, - Факс: 245533 E-mail: grpristina@mfa.gr Амбасада на Албанија во Грција АТИНА Амбасада на Албанија Адреса: 7, Vekiareli GR., 15237 Filothei, Athens, Грција Тел.: (+30) 210 6876200 - Факс: (+30) 210 6876223 Email: Амбасада.athens@mfa.gov.al Амбасада на Босна и Херцеговина ва Грција АТИНА - Амбасада на Босна и Херцеговина Адреса: Hatzikosta 3, Athens, Грција 11521 Тел.: +30-210-641-1375, +30-210-641-1978, +30-210-641-0788 Факс: +30-210-642-3154 Амбасада на Хрватска во Грција 14
АТИНА - Амбасада на Хрватска Адреса: Tzavela 4 Neo Psychico 154 51 Athens Тел.: (0030 10) 677 7059-677 7037-677 7049-677 7033 Факс: (0030 10) 671 1208-671 1362 Амбасада на Поранешна Југословенска Република Македонија (ПЈРМ) во Грција АТИНА - Амбасада на Поранешна Југословенска Република Македонија Адреса: Marathonoudromou 13, P. Psychico, 154 52, Athens Тел.: (+30-210) 6749585, 6749548 Факс: (+30-210) 6749572 Email: lormak@телedomenet.gr СОЛУН Конзулат на Поранешна Југословенска Република Македонија Tsimiski 43, Thessaloniki, Грција Тел.: (+30-2310) 277347-9 Факс: (+30-2310) 277347 Амбасада на Србија во Грција AТИНА Амбасада на Србија Адреса: 106, Vassilissis Sofias, 11527 Athens Тел.: (210) 777-43-44, (210) 777-43-55 Факс: (210) 779-64-36 Email: beograd@hol.gr Министерство за надворешни работи Република Грција 1 st Vas. Sofias Av., 106 71 Athens, Грција Tел.: Тел.: +30 210 3681000 http://www.mfa.gr/ http://www.mfa.gr/en-us/ 15