РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Универзитет ЕВРО-БАЛКАН во Скопје Б И Л Т Е Н на Универзитет ЕВРО-БАЛКАН во Скопје Број I/66 Скопје,10.08.2016
Издание на Универзитетот Евро-Балкан во Скопје Ул. Александар Македонски бр. 22, 1000 Скопје ПРВИОТ БРОЈ НА БИЛТЕНОТ Е ОБЈАВЕН ВО 2009 ГОДИНА Уредник на издавачката дејност: проф. д-р Рубин ЗЕМОН, директор Уредник на Билтенот: Игор ПАНЕВ
Содржина: 1. Реферат - д-р Биљана Страмшак Ѓуровска за избор во наставно-научни, наставни и соработнички звања од подрачјето на општествените науки, област социјална работа и социјална политика, на Универзитетот Евро-Балкан Скопје 2. Реферат - д-р Силвана Петревска за избор во звањето наставник, по група предмети од област на општествените науки, научното поле политички науки, на Универзитетот Евро-Балкан - Скопје 3. Реферат м-р Елена Пренџова за избор на лектор по лингвистика, по предметот англиски јазик и македонски јазик, на Универзитетот Евро-Балкан Скопје 4. Реферат вон. проф. д-р Драгор Заревски за избор во звањето наставник од областа на општествените и хуманистичките науки, научната област филозофија, на Универзитетот Евро-Балкан Скопје 5. Реферат - д-р Димитри Кумбаровски за избор во наставно научното звање насловен доцент од научното подрачје општествени науки, научната област антропологија, поле културна антропологија, на Универзитетот Евро-Балкан Скопје 6. Реферат - д-р Дијана Стојановиќ Ѓорѓевиќ за избор во наставно научното звање насловен доцент од научното подрачје општествени науки, научно поле политички науки, област граѓанско општество, политички партии и интересни групи, на Универзитетот Евро-Балкан Скопје 7. Реферат - д-р Марина Тунева за избор во наставно - научното звање насловен доцент од подрачјето на општествените науки, научната област политички науки, научн поле комуникации и мас-медиуми, на Универзитетот Евро-Балкан Скопје 8. Реферат - доц. д-р Душка Матевска за избор во наставно научното звање вонреден професор за научното подрачје општествени науки, научно поле социологија, област општа социологија, на Универзитетот Евро-Балкан Скопје 9. Реферат - доц. м-р Елена Вангеловска за избор во звањето вонреден професор по група предмети од научното подрачје хуманистички науки, областите од уметничкото поле ликовна уметност, на Универзитетот Евро-Балкан Скопје 10. Реферат - м-р Маја Кикириткова за избор во звањето доцент во научното подрачје техничко-технолошки науки, областа текстилна технологија, област дизајнирање на текстил ни облека, на Универзитетот Евро-Балкан Скопје 11. Реферат - м-р Антонија Гугинска Јорданоска за избор во звањето доцент во научното подрачје хуманистички науки, областите од уметничкото поле ликовна уметност, на Универзитетот Евро-Балкан Скопје 12. Реферат - д-р Горан Стојанов за избор во звањето наставник од областа на општествените и хуманистичките науки, научната област филозофија, на Универзитетот Евро-Балкан Скопје 13. Реферат - д-р Љубица Топузовска за избор во звањето наставник од областа на општествените и хуманистичките науки, научната област филозофија, на Универзитетот Евро-Балкан Скопје
1. Реферат - д-р Биљана Страмшак Ѓуровска за избор во наставно-научни, наставни и соработнички звања од подрачјето на општествените науки, област социјална работа и социјална политика, на Универзитетот Евро-Балкан Скопје РЕФЕРАТ За избор во наставно-научни, наставни и соработнички звања од подрачјето на општествените науки, област социологија Матичната комисија при Универзитетот Евро-Балкан, на седницата одржана на ден 13 јули 2016 година, ја одреди комисијата во состав проф. д-р Слободанка Маркоска (претседател), проф. д-р Рубин Земон (член) и проф. д-р Зоран Матевски (член) за да состави реценски извештај за пријавените кандидати за избор во наставно-научни, наставни и соработнички звања од подрачјето на општествените науки, област социјална работа и социјална политика. Врз основа на поднесените конкурсни материјали, рецензенската комисија ги зеде предвид и ги презентира биографииите на кандидатот Билјана Страмшак Ѓуровска, како и предлогот за оценката на нејзината научна и стручна-апликативна дејност за избор во наставно-научно звања. Комисијата во состав:. проф. д-р Слободанка Маркоска (претседател), проф. д-р Рубин Земон (член) и проф. д-р Зоран Матевски (член), по прегледувањето на документацијата, има чест до Матичната комисија при Универзитетот Евро-Балкан, да го поднесе следниот: 1.Биографски податоци Д-р Биљана Страмшак Ѓуровска е родена во Скопје, на 12 јуни 1977 година.високото образование го стекнала на Институтот за социјална работа и социјална политика, при Филозофскиот факултет во Скопје, со просечна оценка 9,23. На истиот Институт, ги завршила постипломските студии со просечна оценка 9,6 и во 2008 година го одбранила магистерскиот труд на тема: Жените пионери во социјалната работа и нивното влијание врз подемот на феминизмот. Во 2013 година на Филозофскиот факултет во Скопје, д-р Биљана Страмшак Ѓуровска ја одбранила својата докторска теза, на тема: Вградувањето на родовата компонента во дефинирањето на социјалниот статус на самохраните родители: можност за унапредување на семејната политика. Двата труда ги работела под менторство на проф.д-р Слободанка Марковска. Има богато работно искуство како координаторка или асистентка на проекти од областа на социјалната заштита и социјалната политика, како и во областа на родовата рамноправност. Била ангажирана во различни домашни невладини и владини институции, како и меѓународни организации во Република Македонија. На неколку наврати била ангажирана како експертка/консултантка на домашни или Меѓународни организации (Меѓународна организација на трудот; Мисијата на ОБСЕ во Скопје; Канцеларијата на UNWomen; Здружението за еманципацја, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ Скопје) за проекти и проблематики поврзани со родови прашања во областа на социјалната политика и пазарот на трудот, дискриминација и вознемирување на работно место. Учествувала и на четири меѓународни конференции во различни области, како и на многубројни обуки и семинари во организација на домашни организации и институции. Авторка е на книгата Феминистички почетоци на социјалната работа, на пет публикации од областа на социјалната работа и коавторка на пет научни трудови објавени во зборници со меѓународен уредувачки одбор. 2. Наставно-образовна дејност Првото искуство во наставно образовната дејност д-р Биљана Страмшак го стекнала во академската2009/2010 годинакога била ангажирана како демонстраторка на Филозофски факултет во Скопје на две предметни програми: Стратегии за родова рамноправност на Институтот за родови студии и Родова рамноправност во социјалнaта политика на Институтот за социјална работа и социјална политика, под менторство на проф. д-р Слободанка Марковска. Како демонстраторка, со голема посветеност учествувала во изведување на 3 часа вежби неделно во летниот семестар.нејзината прва книга Феминистички почетоци на социјалната работа која произлезе од магистерскиот труд се користи како наставна литература за студентите на Институтот за родови студии и Институтот за социјална работа и социјална политика, при Филозофскиот факултет во Скопје За реализација на Програмата за обука за занимањето Ромски здравствен медијатор, во 2015 година, д-р Биљана Страмшак Ѓуровска била ангажирана од Средно медицинско училиште на град Скопје Д.р Панче Караѓозов. Како предавач, кандидатката одржала 41 работен час. За потребите на проектот Дискриминација и мобинг кој бил спроведуван од Синдикалната организација на Организација на жени при Унијата на автономни и независни синдикати на Република Македонија, со финансиска поддршка на CVNInternational, кандидатката д-р Биљана Страмшак Ѓуровска била ангажирана како предавач на тема: дискриминација. Таа одржала 16 часа предавања во 2014, и 16 часа предавања во 2015 година. 3. Научно-истражувачка дејност Научно-истражувачкиот опус на д-р Биљана Страмшак Ѓуровска, се состои од следните научни трудови и истражувачки проекти:магистерскиот труд, докторската дисертација, првата објавена книга, пет научни трудовикои се публикувани во зборници со меѓународен уредувачки одбор,четири проекти од
локално значење и учество на четири меѓународни конференции. Во магистерскиот труд со наслов Жените пионери во социјалната работа и нивното влијание врз подемот на феминизмот д-р Биљана Страмшак Ѓуровска, поттикната од модерната научна дисциплина Феминистичка социјална работа, ја истражува историјата и на феминизмот и на социјалната работа откривајќи ни дека социјалната работа како професија, од самиот почеток била проникната со феминистичките идеи, и ни дава извонредни портрети на Џејн Адамс, Софонсиба Престон Брекинриџ, Мери Ричмонд и Алис Соломон кои го трасирале патот на социјалната работа и влијаеле врз подемот на феминизмот. Овој труд е инспиративен и од теоретски и од практичен аспект зашто укажува на императивата за вградување на родовата перспектива во социјалната работа и политика во сегашноста. Докторската дисертација д-р Биљана Страмшак Ѓуровска под наслов Вградувањето на родовата компонента во дефинирањето на социјалниот статус на самохраните родители: можност за унапредување на семејната политика, претставува извонреден научен труд кој и во методолошка и во содржинска смисла ги задоволува академските стандарди на едно теориско и емпириско истражување. Избирајќи за предмет на елаборација значајна тема којашто досега не била на ваков начин актуелизирана во доменот на социјалната политика и родовите истражувања во нашиот општествен контекст, кандидатката со нагласена мотивираност, и одлично познавање на проблематиката која е критички промислена и поткрепена со емпириско истражување, ја докажува својата основна теза дека вградувањето на родовата компонента во дефинирањето на социјалниот статус за самохраните родители навистина може да придонесе за унапредување на семејната политика. Петте научни трудови објавени во зборници со меѓународен уредувачки одбор д-р Биљана Страмшак Ѓуровска ги сработила во соработка со д-р Силвана Петревска.Во трудот Феминизам, род и социјална работа, 3rd International Conference Ohrid Vodici, 2015, Rethinking the Framework of Interdisciplinary Cooperation between Cultural Heritage, Local Economic Development, Tourism and Media http://www.iscanthro.org/onewebmedia/book%20of%20abstracts%202015.pdf. се застапува тезата дека историјата на феминизмот нуди патоказ не само за откривање на феминистичките почетоци на социјалната работа како професија туку и насоки за нејзината иднина. Феминизмот овозможува подлабоко разбирање на социјалните проблеми и вклучува различни пристапи за социјална работа со жените и мажите, признавање на различни социјални проблеми и пречки со кои се соочуваат, но исто така и различните потреби, приоритети и аспирации. Силвана Петревска, Биљана Страмшак Ѓуровска, Развојот на женското претприемништво во економиите во транзиција, 4th International Conference "Ohrid Vodici, 2016" "Terrorism, Migration, Refugees - Contemporary Challenges to Cultural Heritage and Identities, Economy, Tourism and Media" (http://www.iscanthro.org/onewebmedia/book-of-abstracts2016.pdf).трудот содржи четири поглавја и заклучок, презентирани на петнаесет страници текст и библиографијата.во него прегледно и јасно се изложени стратешките цели за развој на економските капацитети на жените, критички се промислени економскиот развој во економиите во транзиција, активностите и дејствијата на меѓународните/невладините организации за развој на женското претприемништво, и се даваат насоки за економското зајакнување на жените што претставува услов за општиот економски и одржлив развој. Силвана Петревска, Биљана Страмшак Ѓуровска, Ненасилните вредности на програмите за спречување на сексуалното вознемирување при вработување и на работно место, 4th International Conference "Ohrid Vodici, 2016" "Terrorism, Migration, Refugees - Contemporary Challenges to Cultural Heritage and Identities, Economy, Tourism and Media" (http://www.iscanthro.org/onewebmedia/book-of-abstracts2016.pdf). И овој труд кој е презентиран на шеснаесет страници плус библиографија, обработува важна родова тема. Структуриран во четири насловни единици во него се елаборираат прашањата: дефинирањето на поимот сексуално вознемирување; карактеристиките на сексуалното вознемирување како вид насилство кое е базирано врз полот; воведување ненасилни програми за отстранување на сексуалното вознемирување, и како тоа се третира во правната регулатива. Силвана Петреска, Биљана Страмшак Ѓуровска, Родовото буџетирање во контекст на економското, политичко-правното и социјално опкружување во Република Македонија, 3rd International Conference Ohrid Vodici, 2015, Rethinking the Framework of Interdisciplinary Cooperation between Cultural Heritage, Local Economic Development, Tourism аndмedia (http://www.iscanthro.org/onewebmedia/book%20of%20abstracts%202015.pdf). Во овој труд сретнуваме анализа на родовото буџетирање како важна алатка на стратегијата за вградување на родовата перспектива во сите сфери на општественото живеење, со посебен осврт на родово-буџетските иницијативи и нивното имплементирање во Република Македонија. Кандидатката, д-р Биљана Страмшак Ѓуровска, изготвила и пријавила четири проекти од локално значење. Два од проектите, Имплеметација на родова рамноправност восоцијалната заштита низ едукација и Вградување на родовата рамноправност восоцијалната работа низ родова анализа и зголемување на капацитетите преку истражување, биле реализирани со финансиска поддршка на Канцеларија на UNWomen во Скопје. Третиот проект, Ресурсен центар за деца во социјален ризик, бил реализиран со финансиска поддршка на Канцеларија на УНИЦЕФ во Скопје. При реализацијата на овие три проекти, кандидатката била координаторка на имплементацијата на активностите. Четвртиот проект Локално, но гласно, со финансиска поддршка од Европската Унија, бил реализиран од Здружението на социјални работници на град Скопје и Ресурсниот центар за самохрани родители МИНУС и ПЛУС Скопје. Во овој рпоект, кандидатката учествувала во имплементацијата на
активностите како асистентка. Д-р Биљана Страмшак Ѓуровска била и асистентка на проекти на Меѓународната организација за миграции. Во поглед на научно-истражувачката може да се констатира дека д-р Биљана Страмшак Ѓуровска се оформила во темелна научничка и истражувачка која своите знаења од социјалната работа како наука и практика постојано ги продлабочува особено со истражувањата на родовите прашања. Во прилог на ова говорат нејзините активности во многу проекти во чие реализирање дава значаен придонес со својата експертиза од двете области за кои постојано се доусовршува. 4. Стручно-апликативна дејност, организациско-развојна и дејности од поширок интерес Од стручно стручно-апликативната дејност д-р Биљана Страмшак Ѓуровска приложила четири публикаци од жанрот на прирачници во кои се јавува како авторка, и еден авторскитекст едно поглавје во публикација, и една публикација каде се јавува како коавторка: ЛОКАЛНО НО ГЛАСНО Прирачник за унапредување на социјалната заштита на самохраните родители на локално ниво, (2016), Здружение на социјални работници на град Скопје (објавен на македонски и албански јазик, англиска верзија достапна во PDF); - Публикација Социјалната работа низ родова призма ризици и услуги (2011), ЈУ Завод за социјални дејности, Скопје, (објавена на македонски и албански јазик, англиска верзија достапна во PDF); - Прирачник за идентификација на родовите прашања и за нивна примена во социјалната работа и социјалната заштита, (2010), ЈУ Завод за социјални дејности (објавен на македонски и албански јазик, англиска верзија достапна во PDF); - Прилог за 60 години од работата на Јавна Установа, Детски Дом 11 Октомври Скопје, 300 примероци - Текст: Родова рамноправност во социјалната заштита на локално ниво во Прирачник за лидерки во единиците на локалната самоуправа, (2014), Институт Евро Балкан и Македонско женско лоби. Д-р Биљана Страмшак Ѓуровска е коавторка на Основен модул за родова рамноправност во социјалната работа во системот на задолжително лиценцирање на стручни работници во системот на социјалната заштита, објавен на македонски и англиски јазик во 2012 година. Од домашни и меѓународни организации, д-р Биљана Страмшак Ѓуровска била ангажирана како експертка/консултантка во различни области, и тоа: - од Меѓународната организација на трудот, за родова анализа на трудовото законодавство и колективните договори во Република Македонија (2015); - од Здружението за еднаквост, солидарност и еднаквост на жените, ЕСЕ Скопје, за евалуација на имплементацијата на Законот за спречување на вознемирување на работно место (2014); - од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, за евалуација на Законот за спречување и заштита од дискриминација (2013); - одканцеларијата на UNWomenво Скопје, за изработка на основен (задолжителен) модул за родова рамнoправност во социјалната работа (2012). Д-р Биљана Страмшак Ѓуровска учествувала и во работна група за изработка на Стратегија за родова еднаквост 2013 2020, на покана на Секторот за еднакви можности при Министерството за труд и социјална политика. Кандидатката, д-р Биљана Страмшак Ѓуровска, поминала многубројни обуки од различни области, во организација на домашни институции, како и меѓународни организации во земјава, и тоа: - обука за социјално претприемништво од Фондација ПСМ, - завршен тренинг за тренери за родова рамноправност во социјалната работа, од Канцеларија на UNWomen во Скопје; - обука за обучувачи за антидискриминација, од Британски Совет на Македонија и Министерство за труд и социјална политика; - обука за Градење на капацитет за вклучување на родовата перспектива во формулирањето на политиките, како и обика за Родово буџетирање на политиките, од Министерство за труд и социјална политика и ОБСЕ Мисијата во Скопје; - обука за Поддршка и подобрување на партнерските, родителските и семејните односи, како и помош на партнерите во справувањето со разводот, од Јавна Установа, Завод за социјални дејности Скопје; - специјалистички студии за развој и унапредување на Невладини организации во Македонија, од Институт за социјална работа и социјална политика при Филозофски факултет во Скопје; - алтернативна програма на женски (родови) студии 2генерации, од Сојуз на организации на жени на Македонија; - обука во вештини за комуникација, градење заедници и разрешување конфликти, како и за посредување искуствени работилници, од Институт за психологија при Филозофски факултет во Скопје; - едукација и обука за работа на терен, од Центар за меѓуетничка толеранција и бегалци; - едукативен семинар и обука за СОС-линија за дрога, од Здружение на социјални работници на
град Скопје; - обука за работа на Национална СОС-линија за жени и деца жртви на семејно насилство, од Организација на жени на град Скопје; - едукативен семинар за ХИВ/СИДА и за советување пред и пост ХИВ тестирање, од Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА, Скопје; - тренинг за борба против трговија со луѓе, од Меѓународна организација за миграциии Министерство за труд и социјална политика; - обука за раководење со проектен циклус, како и обука за набљудување и оценување на проекти и програми, од Центар за институционален развој ЦИР-а, Скопје. Д-р Биљана Страмшак Ѓуровска има учествувано и на регионален семинар на тема, Да зборуваме за младата генерација, можни решенија и стратегии за справување со невработеноста на младите во регионот и во земјте од ЕУ, во организација на Европски центар за работнички прашања (EZA) и Унија на независни и автономни синдикати на Македонија. Кандидатката е обучен тренер за обезбедување тренинг програма законтинуиран професионален развој на стручните работници во системот на социјална заштита во Република Македонија, и има завршено специјалистички тренинг курс за професионалци кои ќе обезбедуваат обуки на стручни работници во системот на социјална заштита во Република Македонија, во организација на Канцеларија на УНИЦЕФ Скопје и Универзитетот Strathclyde од Шкотска. Д-р Биљана Страмшак Ѓуровска го посетувала и зимскиот колоквиум на Одделение за родови студии при ЕВРО Балкан, Скопје, Родови студии ОД и ЗА Балканот. Кандидатката д-р Биљана Страмшак Ѓуровска има учествувано и на четири меѓународни конференции, на различни теми: - Меѓународна конференција за социјални услуги и социјално претпиремништво, во Риека, од 14 до 18 јуни 2015 година; - Меѓународна конференција за системот на малолетничка правда, во Софија, од 11 до 15 октомври 2010 година; - Меѓународна Конференција за 30 години од донесување на Конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација на жените, Истанбул, 19 и 20 ноември 2009 година; и - Меѓународна Конференција за Глобалниот Маршалов план за правата на работниците, во Будимпешта, 13 16 септември 2007 година. ЗАКЛУЧОК И П Р Е Д Л О Г Врз основа на приказот на активностите и анализата на приложените трудови, членовите на Реценезентската комисија заклучија дека д-р Биљана Страмшак Ѓуровска e кандидатка која со својата ерудиција, посветеност и перманентна мотивација за научно и професионално усовршување, се афирмирала како сериозна научничка и истражувачка со способности за наставно образовна дејност. Во прилог на тоа говорат ногубројните референци поврзани со научно-истражувачката работа и експертските активности во областа на социјалната и семејната политика, социјалната заштита, човековите права и родовите истражувања.таа ги следи најмодерните текови на овие дисциплини и има способност да ги преточува и актуелизира во едукативниот процес.резултатите од нејзините активности и од научните трудови претставуваат придонес и за науката и за практиката. Поради сето тоа,членовите на Реценезентската комисија имаат особена чест на Наставнонаучниот совет на Универзитетот Евро-Балкан да му предложат д-р Биљана Страмшак Ѓуровска да биде избрана во звањето доцент по научното подрачје општествени науки, област социјална работа и социјална политика. Имајќи ги предвид одредбите на Законот за високо образование и Правилникот за за критриуми за избор во наставно-научни звања на Универзитетот Евро-Балкан,д-р Биљана Страмшак Ѓуровска ги исполнува критериумите за избор на наставник во наставно-научно звање: во однос на предвидените активности по сите основи за избор во наставно звање доцент таа има вкупно-- бода предвидените 80 (анекс1) има висока просечна оценка на додипломските (9,23) и последипломските студии (9.6), одбранета докторска дисертација, пет трудови со оргинални научни резултати, објавени во зборник од трудови на научен собир со меѓународен уредувачки одбор и познавање на англискиот јазик. РЕЦЕНЗЕНСКА КОМИСИЈА 1. Проф. д-р Слободанка Маркоска 2. Проф. д-р Рубин Земон Анекс бр. 1 3. Проф. д-р Зоран Матевски
П Р И Л О Г Табела за вреднување на активностите на БИЛЈАНА СТРАМШАК ЃУРОСКА, според критериумите за избор на наставници и соработници на Универзитетот ЕВРО БАЛКАН - Скопје Ред. Наставно-образовна дејност (НО) Поени Број во земјата во странство 1. Основен школски или средношколски учебник или научнопопуларна книга 1*6=6 Феминистики почетоци на социјалната работа,мцмс, Скопје,2008 2. Вежби (неделен просечен фонд на часови во двата семестра во изборниот период) број на часови по 0,2 поени за секоја учебна година (не повеќе од 8 поени во година) Вкупно 23 0,2*85=17 Ред. Број Научноистражувачка дејност и стручно- уметнички активности (НИ) 1. Одбранета магистерска работа 4 2. Одбранета докторска теза 8 во земјата Поени во странство 3. Изготвување и пријавување на проект од локално значење 4*1 = 4 4. Координатор на проект од локално значење 3*2=6 5. Асистент на проект од локално значење 1*2=2 Вкупно 24 Ред, број Стручно-апликативнадејност, организациско- развојна и дејности од поширок интерес (СА) Поени во земјата странство 1 Труд во стручно (научно-популарно) списание 6*2=12 3*5=1 5 во
2 Учество на стручен собир со реферат (постер/усно) 0.5*21= 4*1=4 10,5 3. Експертски активности: ревизија, евалуација, консултантски услуги и сл. 5*4 = 20 Вкуп но 42.5 19 61.5 ВКУПНО(НО+НИ+СА) 108.5 Минимум поени кои се однесуваат на целокупната активност на кандидатот потребни за да биде избран во наставно-научното звање доцент се 80 поени од наставно-образовна, научноистражувачка дејност и стручно-апликативна и организациско-развојна дејност и дејности од поширок интерес. Кандидатот д-р Биљана Страмшак Ѓуровска по изборот за доцент ги има остварено следниве поени: НО =23, НИ = 24 и СА = 61,5 или вкупно 108,5. 2. Реферат - д-р Силвана Петревска за избор во звањето наставник, по група предмети од област на општествените науки, научното поле политички науки, на Универзитетот Евро-Балкан Скопје
РЕФЕРАТ ЗА ИЗБОР ВО ЗВАЊЕТО НАСТАВНИК, ПО ГРУПА ПРЕДМЕТИ ОД ОБЛАСТА НА ОПШТЕСТВЕНИТЕ НАУКИ, НАУЧНО ПОЛЕ ПОЛИТИЧКИ НАУКИ, НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ЕВРО-БАЛКАН -СКОПЈЕ На конкурсот објавен во дневниот весник Утрински весник на 15 јуни 2016 година, д-р Силвана Петревска се пријави за избор на наставник во сите наставно-научни и соработнички звања по група предмети од областа на општествените науки. Кон пријавата се приложени потребните конкурсни материјали, документи и податоци: потврда за стекнат научен степен доктор на науки по мир и развој, кратка биографија, список на објавени научни и стручни трудови, по еден примерок (копија), како и други документи од научната и стручно-апликативната дејност. Врз основа на поднесените конкурсни материјали, Рецензентската комисија ги зеде предвид и ги презентира биографијата на кандидатката д-р Силвана Петревска, како и предлогот за оценка на нејзината научна и стручна-апликативна дејност за избор во наставно-научно звање доцент. Комисијата во состав: проф.д-р Владо Бучковски, проф. д-р Билјана Поповска и проф. д-р. Рубин Земон, по прегледувањето на документацијата, има чест до Матичната комисија на Универзитетот Евро- Балкан" да го поднесе следниот: ИЗВЕШТАЈ 1. Биографски податоци Д-р Силвана Петревска родена е во Скопје на деветти мај 1971 година. По завршувањето на Правниот факултет во Скопје и завршувањето на приправничкиот стаж во адвокатска канцеларија, го положува Правосудниот испит, а потоа Стручниот испит за застапници за заштита на права од индустриска сопственост. Паралелно со работниот ангажман како правник, работи како волонтерка во женски невладини организации и следи предавања на специјалистичките студии по мир и развој на Филозофскиот факултет во Скопје. По положувањето на испитите од специјалистичките студии, се запишува на последипломските студии на Институтот за одбранбени и мировни студии на Филозофскиот факултет, каде што ги положува испитите со просечна оценка 9,00 а во 2008 година го одбранува магистерскиот труд од областа на мир и развој, со наслов Меѓународно-правните аспекти на интервенцијата во Ирак. Кандидатката во меѓувреме ги следи и последипломските студии по меѓународен менаџмент на Економскиот институт во Скопје, каде што ги положува испитите со просечна оценка 8,60, а во 2011 година магистрира на тема Родово одговорното буџетирање-состојби и предизвици во Република Македонија. Во 2012 година ги завршува студиите на Институтот за родови студии со просечна оценка 9,98 и дипломира на Филозофскиот факултет во Скопје со одбрана на дипломскиот труд Говорот на женските ликови во делата на Стале Попов. Една година подоцна дипломира на Филолошкиот факултет Блаже Конески, Катедра за италијански јазик и книжевност, насока преведување и толкување. Кандидатката Силвана Петревска во 2015 година ја на Институтот за безбедност, одбрана и мир на Филозофскиот факултет во Скопје ја одбранува докторската дисертација со наслов Застапување и примена на меѓународните правни акти и меѓународните правни механизми во функција на мирот работена под менторство на проф.д-р Билјана Ванковска. Заради личните интереси, но и потребите од професионална природа, во периодот на годините на стекнување со формално образование, Силвана Петревска следи и дописни студии за право и медијација, бизнис и мир, обуки и курсеви за застапување за заштита на правата на жените во рамки на човековите права, застапување (advocacy) за заштита на животната средина, обуки за истражувања и реконсцилијација на конфликти, разрешување на конфликти по ненасилен пат, но и обуки за застапување за родово буџетирање, курсеви за раководење со човечки ресурси, корпоративно управување, пазарот на финансиски продукти и услуги, но и обуки за тренинг и коачинг (coaching) на жени претприемачки. Досегашното работно искуство го има стекнато работејќи како стручна консултантка во Друштвото за консалтинг АРТ СИЛВЕР, стручна консултантка и соработничка на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија-ФХЕМ, програмска соработничка на регионален проект за економско и политичко зајакнување на жените-стар Мрежа на Светското Учење, соработничка на проект за измени и дополненија на Кривичниот законик и Законот за работни односи, во врска со сексуалното вознемирување при вработување и на работно место, реализиран во рамки на Институт Отворено Општество-Македонија, консултантка за застапување за еколошки права и права на жените во ОРТ-Обука за одржлив развој, адвокатска приправничка, нотарска приправничка, демонстраторка на Филозофскиот факултет во Скопје, Институт за родови студии, но и консултантка за работни односи, застапување, женски права и родово буџетирање во невладини организации кои работат на родова проблематика. Во рамки на нејзините работни активности се и истражувањата за 2015 и 2016 година направени за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија, за Родот во телевизиските програми: Извештаи од истражувањата на родовите прашања и на прикажувањето и претставувањето на жените и мажите во програмите на радиодифузерите.
2. Наставно-образовна дејност Своето прво искуство поврзано со академската наставно-образовна дејност, д-р Силвана Петревска го стекнала на Институтот за родови студии, Филозофски факултет, Универзитет Св.Кирил и Методиј, каде што во својство на демонстраторка држела вежби на прв циклус настава по предметите: Историја на родот и полот во 19 век и Родовите студии и мирот, со вкупно 4часа неделно во зимскиот семестар на академската 2011/2012 година. Како резултат на нејзината посветеност на работата со студентите, и покрај постојната литература подготвена од предметниот наставник, д-р Силвана Петреска подготвила интерни скрипти за работа на вежби по двата споменати предмети. Во контекс на наставно-образовната дејност ја споменуваме и нејзината активност како предавачка/обучувачка на Летната школа Охрид 2000-Мултикултурна Македонија во мултикултурна Европа одржана од 7-27 август 2000, организирана од Нансен дијалог центар-ндц-скопје во соработка со Проект алтернативи на насилство-пан, Балкански центар за мир и развој, Филозофски факултет, Универитет Св.Кирил и Методиј. 3. Научно-истражувачка дејност Од приложената документација на д-р Силвана Петревска неизбежен е заклучокот дека во оформувањето на нејзиниот научно истражувачки профил е е вткаено огромно љубопитство и посветеност за стекнување знаења различни области од општествените науки што резултирало со темелна интердисциплинарна наобразба. Во прилог на ова говорат дипломите за завршени додипломски студии од три факултети (Правен, Филозофски и Филолошки факултет), два одбранети магистерски трудови ( на Филозофскиот факултет и Економскиот институт на УКИМ) и една одбранета докторска дисертација на Филозофскиот факултет во Скопје. Во првиот магистерски труд Mеѓународно-правните аспекти на интервенцијата во Ирак, работен под менторство на проф.д-р Владимир Ортаковски, кандидатката д-р Петревска исходувјќи од Теоријата за праведна војна или Just War Theory, ја анализира воената интервенција во Ирак од аспект на меѓународното јавно и меѓународното хуманитарно право, базирано на низа правно-политички меѓународни документи. Во делот посветен на човековите права кои се тесно поврзани со мирот и мировната состојба, анализирано е и прекршувањето и непочитувањето на женските човекови права во рамки на човековите права, направен е обид за нивно димензионирање, како и квантитативно утврдување на страдањата на ирачките граѓани, особено на ирачките граѓанки и деца. Во вториот магистерски труд, Родово одговорното буџетирање-состојби и предизвици во Република Македонија, работен под менторство на проф.д-р Снежана Костадиноска Милошеска научниот интерес на д-р Силвана Петреска е сосредоточен врз теоријата и практиката на стратегијата на родово-одговорното буџетирање како моќна алатка за постигнување на родовата рамноправност. Критички анализирајки ги предизвиците и состојбите на овој план во РМ, авторката нуди и препораки како да да се унапреди практиката на родово-одговорното буџетирање во нашето општество. Докторската дисертација со наслов Застапување и примена на меѓународните правни акти и меѓународните правни механизми во функција на мирот работена под менторство на проф.д-р Билјана Ванковска, претставува студиозен труд, во кој авторката пристапува кон анализа и поврзување на две научни дисциплини како што се правото и мирот, и воспоставување на нивна релација со концептот застапување (advocacy), кој претставува вештина долго време аплицирана од страна на субјектите на граѓанското општество, особено во областа на човековите права. Д-р Петревска ги обработува теориските постулати на застапувањето, влијанието на граѓаните врз јавните политики преку застапувањето, меѓународното јавно право, дипломатијата и застапувањето, застапувањето и меѓународното јавно право во функција на мирот; кандидатката третиот дел во целост го посветува на практичната примена на застапувањето (advocacy), со акцент на застапувачките активности на одредени женски невладини организации. Во нашата научна и пошироко културна средина сознанијата од докторската дисертација на д-р Силвана Петревска претставуваат значаен придонес за мировните студии, за правните науки и за теориите и практиките на цивилното општество. Во списокот на научно-истражувачките активности кандидатката Петревска навела пет научностручни трудови изработени во соработка со д-р Биљана Страмшак Ѓуровска, а публикувани во зборник со межународен уредувачки одбор. Силвана Петреска, Биљана Страмшак Ѓуровска, Развојот на женското претприемништво во економиите во транзиција, 4th International Conference "Ohrid Vodici, 2016" "Terrorism, Migration, Refugees - Contemporary Challenges to Cultural Heritage and Identities, Economy, Tourism and Media" (http://www.iscanthro.org/onewebmedia/book-of-abstracts2016.pdf). Тематски ситуиран во областа на родовите истражувања, овој труд е одговор на научниот предизвик да се истражи колку и како, дваесет години подоцна, се применуваат одредбите од Пекиншката декларација и Пекиншката платформа, усвоени на Четвртата конференција на жените одржана во Пекинг. Трудот содржи четири поглавја и заклучок, презентирани на петнаесет страници текст и библиографијата. Прегледно и јасно се изложени стратешките цели за развој на економските капацитети на жените, критички се промислени економскиот развој во економиите во транзиција, активностите и дејствијата на меѓународните/невладините организации за развој на женското претприемништво, и се даваат насоки за економското зајакнување на жените што претставува услов за општиот економски и одржлив развој.
Силвана Петреска, Биљана Страмшак Ѓуровска, Ненасилните вредности на програмите за спречување на сексуалното вознемирување при вработување и на работно место, 4th International Conference "Ohrid Vodici, 2016" "Terrorism, Migration, Refugees - Contemporary Challenges to Cultural Heritage and Identities, Economy, Tourism and Media" (http://www.iscanthro.org/onewebmedia/book-of-abstracts2016.pdf). И овој труд кој е презентиран на шеснаесет страници плус библиографија, обработува важна родова тема. Структуриран во четири насловни единици во него се елаборираат прашањата: дефинирањето на поимот сексуално вознемирување; карактеристиките на сексуалното вознемирување како вид насилство кое е базирано врз полот; воведување ненасилни програми за отстранување на сексуалното вознемирување и сексуалното вознемирување во законската регулатива на Република Македонија. Со својата научна релевантност овој труд е поттикнувачки како за унапредување на правната регулатива така и за подигање на родовата сензитивност во насока на правно реагирање на дискриминираните личности врз основа на полот. Биљана Страмшак Ѓуровска, Силвана Петреска, Родот и самохраното родителство, 4th International Conference "Ohrid Vodici, 2016" "Terrorism, Migration, Refugees - Contemporary Challenges to Cultural Heritage and Identities, Economy, Tourism and Media" (http://www.iscanthro.org/onewebmedia/book-ofabstracts2016.pdf). Предмет на научната анализа во овој труд е самохраното родителство кое има растечки тренд во денешниот свет, чии причини авторките ги објаснуваат со зголемената стапка на развод, разделувањето, смртноста меѓу родителите и индивидуалните одлуки да бидат самохрани родители. Трудот нуди историски преглед на дискриминацијата и родовата нееднаквост на самохраните родители, особено на самохраните мајки. Анализата на современата состојба на самохраните родители покажува дека поради опстојувањето на традиционалното сфаќање на семејството, тие се повеќе подложни на притисокот на условите за живот. Станува збор за ранлива категорија со изразени родови тонови. За да ја креираат својата социјална и семејна улога, треба да бидат земени предвид бремето на историската традиција, како и рефлексиите на севкупните социо-политички притисоци и условите кои директно или индиректно влијаат на нивната сегашна позиција.. Силвана Петреска, Биљана Страмшак Ѓуровска, Родовото буџетирање во контекст на економското, политичко-правното и социјално опкружување во Република Македонија Застапување и примена на меѓународните правни акти и меѓународните правни механизми во функција на мирот работена под менторство на проф.д-р Билјана Ванковска, 3rd International Conference Ohrid Vodici, 2015, Rethinking the Framework of Interdisciplinary Cooperation between Cultural Heritage, Local Economic Development, Tourism and Media (http://www.iscanthro.org/onewebmedia/book%20of%20abstracts%202015.pdf). Ситуирајќи го родовото буџетирање како важна алатка на стратегијата за инкорпорирање на родовата перспектива во сите домени на општественото живеење, авторките првенствено го дефинираат процесот на креирање, имплементација, мониторирање и евалуација на родовото буџетирање. Истовремено, се објаснети родово буџетските иницијативи во Република Македонија, кои меѓудругото ги содржат активностите на женските невладини организации, можностите за вклучување на академскиот кадар во креирањето на родово одговорни буџети, и мерките и процедурите кои ги презема Министерството за труд и социјална политики во родово буџетските анализи и процесот на креирање политики. Ова истражување ја нагласува и неопходноста од обезбедување предуслови за создавање и примена на родово одговорно буџетирање. Биљана Страмшак Ѓуровска Силвана Петреска, Феминизам, род и социјална работа, 3rd International Conference Ohrid Vodici, 2015, Rethinking the Framework of Interdisciplinary Cooperation between Cultural Heritage, Local Economic Development, Tourism and Media http://www.iscanthro.org/onewebmedia/book%20of%20abstracts%202015.pdf Во овој труд се расветлува потребата од вградувањето на родовата перспектива во социјалната работа и политика. Авторките покажуваат дека историјата на феминизмот нуди патоказ не само за откривање на феминистичките почетоци на социјалната работа како професија туку и насоки за нејзината иднина. Родовата компонента на социјалните проблеми секогаш била видлива, па примената на концептот на феминизмот нуди инспирација за подлабоко разбирање на социјалните проблеми. Тоа вклучува различни пристапи за социјална работа со жените и мажите, признавање на различни социјални проблеми и пречки со кои се соочуваат, но исто така и различните потреби, приоритети и аспирации. Д-р Силвана Петревска во својство на соработничк/асистентка има учествувано во следниве проекти фокусирани главно на родовата рамноправност: Координаторка на националниот проектен тим Бреза, проект реализиран во период 1998-2001, како дел од регионалниот проект Како на шефот да му кажете-не?!, за спречување на сексуалното вознемирување при вработување и на работно место; во Македонија насловен Застапување-процес во акција, поддржан од Фондација институт отворено општество-македонија. Програмска соработничка во 2001-2002 во СТАР Мрежа на Светското Учење, регионален проект за економско и политичко зајакнување на жените за демократски промени во општеството, поддржан од Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), грантови од меѓународни организации, приватни фондации и индивидуални донатори.
Соработничка на националниот проект Ромката има право на живот без ќотек, реализиран во 2003 година, од локално значење, подготвен и реализиран од ОРТ-Здружение за информации, обука и одржлив развој. Сите прикажани научно-истражувачки трудови на д-р Силвана Петревска, како нејзините магистерски трудови, докторската дисертација така и публикуваните текстови се одликуваат со ерудиција, темелност во истражувањето, примена на соодветна методологија и критичност во анализите и заклучоците. Накусо, ги задоволуваат стандардите на научно-истражувачката работа, а проектите во кои учествувала се од пошироко општествено значење и се во функција на постигнување на родовата рамноправност. 4. Стручно-апликативна дејност, организациско-развојна и дејности од поширок интерес Во стручно-апликативна дејност, организациско-развојна и дејности од поширок интерес се вбројуваат: Стручно постигнување по студии по право и медијација, Студии по право и медијација во трање од 12 недели, март 2006-јули 2006 година, Трансценд Мировен Универзитет. Положен стручен испит за застапници за заштита на права од индустриска сопственост, во 2003 година, Биро за заштита на индустриска сопственост, Министерство за економија на Република Македонија. Положен правосуден испит, во 2002 година, Министерство за правда на Република Македонија. Во рамки на експертските активности д-р Силвана Петревска се вбројуваат: Истражување и подготовка на електронска публикација Родот во телевизиските програми: Извештаи од истражувањата на родовите прашања и на прикажувањето и претставувањето на жените и мажите во програмите на радиодифузерите во 2016 година, мај 2016-јуни 2016 година. Истражување и подготовка на електронска публикација Родот во телевизиските програми: Извештаи од истражувањата на родовите прашања и на прикажувањето и претставувањето на жените и мажите во програмите на радиодифузерите во 2015 година, ноември 2015-декември 2015 година. Консултантски активности во Друштвото за правен консалтинг АРТ СИЛВЕР, декември 2002- февруари 2011 година. Консултантски и стручни активности во Фонд на холокаустот на Евреите од Македонија-ФХЕМ, јули 2004-јули 2009 година. Консултантски активности и услуги за ОРТ-Здружение за информации, обука и одржлив развој, мај 2003-септември 2008 година. Во рамки на стручно-апликативна дејност, организациско-развојна и дејности со поширок интерес на д-р Силвана Петревска се и нејзините учeства на стручни собири меѓу кои се вбројуваат: Учество на регионалната конференција Значењето и улогата на жените во Македонија во процесот на европските интеграции, одржана на 16 октомври, организирана од Регионално женско лоби за мир, безбедност и правда во Југоисточна Европа, Скопје. Учество во својство на консултантка за мир и развој на Меѓународната конференција за мир, Годишна комеморација на Светската алијанса на самитот на религиите за мир и Конференција за Конвенцијата за откажување и престанок на војните и меѓународните вооружени конфликти, одржана 18-19 септември 2015 година, во организација на Небесна култура, светски мир и обнова на светлината - HWPL и Меѓународната група на жени за мир, на - IWPG, Сеул, Јужна Кореја. Сертификат за мировен амбасадор на Меѓународната група на жени за мир - IWPG. Учество со устен реферат на тема Законот за работни односи и женското претприемништво во Македонија, на меѓународна конференција Силата на жените во рамки на Денови на женско претприемништво 2015 одржана во период од 14 до 16 мај 2015 година, во организација на Асоцијација ОНЕ, Регионален совет за соработка РСС и Министерство за занаетчиство и претприемништво на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Сараево, Босна и Херцеговина. Учество на обука за подготовка на проект апликации за фондовите на ЕУ, во организација на ТАКСО-Техничка поддршка за граѓанските организации, канцеларија во Скопје, Македонија, одржана 22-24 април 2015 година. Сертификат за тренинг курс за подготовка на проект апликации за ЕУ фондовите.
Учество со устен реферат на тема Застапување и лобирање кон креирање на политики на меѓународна конференција Женско претприемништво-промоција, лобирање и застапување, одржана на 10 април 2014 година, во организација на Здружение на бизнис жени, Бизнис конфедерација на Македонија, Decp-Dutch Employers Cooperation Programme. Учество на меѓународна конференција на тема Организации на работодавачи и жени претприемачки: Како да соработуваат?, одржана од ноември 26 до ноември 28, 2014 година, во организација на Меѓународниот тренинг центар на Организацијата на обединетите нации, Торино, Италија. Сертификат за учество во обука. Учество на обука за менторирање, одржана на 11 ноември 2014 година, во организација на ОБСЕ- Мисија во Скопје и КВИНФО, Данска. Сертификат за обука за менторирање. Учество на тренинг за застапување за родово буџетирање, одржан од 26 септември до 29 септември, 2012 година, во организација на ОН Жени, Ентитет за родова еднаквост и зајакнување на жените при обединетите нации, Маврово, Македонија. Сертификат за тренинг за застапување за родово буџетирање. Учество на регионална конференција, Жените претприемнички, бизнис асоцијациите и јавното застапување во Балканскиот регион, во организација на Балканската коалиција за жени претприемачки и Регионалниот центар за организационен менаџмент, одржана во период 13-15 јуни, 2012 година, Букурешт, Романија. Учество на обука за обука за раководење со човечки ресурси, одржана на 15-18 ноември 2007 година, во организација на МЦМС, Маврово, Македонија,. Сертификат за учество на обука за раководење со човечки ресурси. Учество во работилница за Законот за трговски друштва и корпоративна општествена одговорност, одржан на 26 септември 2007 година, во организација на Здружение на правници од стопанството на Република Македонија, Скопје, Македонија. Потврда за учество во работилницата. Учество на тренинг Како да направме бизнис, одржана во период од 13 до 15 јули 2001 година, во организација на АРНА-Асоцијација на жени претприемачки во Македонија, Крушево, Македонија. Потврда за завршен тренинг Како да направиме бизнис. Учество на едногодишна обука за застапување (advocacy) на женските права во рамки на човековите права, октомври 1998 до ноември 2001 година, во организација на Агенцијата за жени, право и интернационален развој, Вашингтон, САД и Институт отворено општество, Њујорк, САД Сертификат за напредна обука за лидерство во застапување на женските човекови права. Учество на обука за управување со здружение на граѓани, одржана од 1 до 4 декември 2000 година, во организација на ОРТ-Здружение за информации, обука и одржлив развој, Кавадарци, Македонија. Сертификат за завршена обука за управување со здружение на граѓани. Problems and Prospect for Public Education on Peace and Conflict Resolution in the Balkans: Identifying Best Practices, September 15-17, 2000, Sofia, Bulgaria, United States Institute of Peace. Учество на 20 часа обука за обучувачи во вештини за афирмација, комуникација, градење заедници и разрешување конфликти, како и вештини за посредување искуствени работилници, одржана на 24-25 јуни, 2000 година, во организација на Универзитет Св.Кирил и Методиј, Филозофски факултет, Балкански центар за проучување на мирот и Проект алтернативи на насилство. Сертификат за обука за обучувачи во вештини за афирмација, комуникација, градење заедници и разрешување конфликти, како и вештини за посредување искуствени работилници. Учество на семинар за проект менаџмент, одржан во период од 24 до 27 април 2000 година, во организација на Директна помош за децата во соработка со ИЦИУ-Мултимедиа, Скопје, Македонија. Диплома за учество на семинар за проект менаџмент. Учество на обука за изградба на капацитет на невладините организации, одржана на 28 март 2000 година, во организација на МККМ-Меѓународна католичка комисија за миграции, Скопје, Македонија. Сертификат за учество во обука за изградба на капацитет на невладините организации. Учество на 40 часа обука во афирмација, комуникација, градење заедници и разрешување конфликти, како и вештини за посредување за искуствени работилници, одржана на 16 јуни, 18-20 јуни и 26-27 јуни 1999, година, во организација на Универзитет Св.Кирил и Методиј, Филозофски факултет, Балкански центар за проучување на мирот и Проект алтернативи на насилство. Сертификат за обука во
афирмација, комуникација, градење заедници и разрешување конфликти, како и вештини за посредување за искуствени работилници. Учество на курс за раководење со проектен циклус, одржан од 10 до 12 јули 1998 година, во организација на МЦМС-Македонски центар за меѓународна соработка, Скопје, Македонија. Потврда за раководење со проектен циклус. ЗАКЛУЧОК И ПРЕДЛОГ Имајќи ги предвид биографските податоци и активностите во наставно-образовната дејност, научно-истраувачката дејност и апликативно стручните активности од поширок општествен интерес на д- р Силвана Петревска, Рецезентската комисија заклучува дека станува збор за личност која од дипломирањето на првиот факултет па сѐ до денес е во перманентен процес на усовршување и потрага по знаења од различни области од општествените науки и се профилирала во извонреден научноистражувачки кадар. Во прилог на ова говорат дипломите за завршени додипломски студии од три факултети (Правен, Филозофски и Филолошки факултет), два одбранети магистерски трудови ( на Филозофскиот факултет и Економскиот институт на УКИМ) и една одбранета докторска дисертација на Филозофскиот факултет во Скопје. Сите прикажани научно-истражувачки трудови на д-р Силвана Петревска, како нејзините магистерски трудови, докторската дисертација така и публикуваните текстови се одликуваат со ерудиција, темелност во истражувањето, примена на соодветна методологија и критичност во анализите и заклучоците. Импресивна е и нејзината апликативна дејност, учествотото на домашни и меѓународни конференции, проекти, консултантски дејности преку кои таа нуди експертизи во различни области од доменот на правото, безбедноста и мировните студии и родовите прашања. Оттука, Рецензетската Комисија има чест и задоволство на Матичната комисија на Универзитетот Евро-Балкан да му предложи д-р Силвана Петреска да биде избрана во звањето доцент од научното подрачје општествени науки, научно поле политички науки, област политички науки (основи, теорија, методологија, историја, друго);. Според Законот за високо образование и Правилникот за избор во звање на Универзитетот Евро-Балкан таа ги исполнува сите предвидени критериуми: во однос на предвидените активности по сите основи за избор во наставно звање доцент таа има вкупно 102,9 од предвидените 80 (анекс1) има висока просечна оценка на додипломските (9,98 ) и последипломските студии (9.00), одбранета докторска дисертација, објавени пет трудови со оргинални научни резултати, објавени во зборник од трудови на научен собир со меѓународен уредувачки одбор и познавање на англискиот и италијанскиот јазик. РЕЦЕНЗЕНТСКА КОМИСИЈА Проф. д-р Владо Бучковски Проф. д-р Билјана Попоска Проф. д-р Рубин Земон Анекс 6р. 1 П Р И Л О Г Табела за вреднување на активностите и дејноста на д-р Силвана Петревска, според критериумите за избор на наставници и соработници на Универзитетот ЕВРО БАЛКАН - Скопје. Реден број Универзитет Евро-Балкан Поени НАСТАВНО-ОБРАЗОВНА ДЕЈНОСТ (НО) во земјата во 1. Вежби во својство на демонстраторка на Институтот за родови студии, Филозофски факултет по 2 предмети: Историја на родот и полот во 19 век и Родовите студии и мирот, еден семестар 2011/2012 година. 2. Авторски интерни скрипти за вежби за предметите Историја на родот и полот во 19 век и Родовите студии за академската 2011/2012 година,институтот за родови студии, Филозофски факултет, Универзитет Св.Кирил и Методиј - Скопје. 4 часа неделно (6,4) странство / 2х2=4 /