РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ Б И Л Т Е Н УНИВЕРЗИТЕТОТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ. Број 1093

Σχετικά έγγραφα
Φύλλα Εργασίας. Работни Листови. Εκπαιδευτικό Υλικό

М-р Јасмина Буневска ОСНОВИ НА ПАТНОТО ИНЖЕНЕРСТВО

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ Б И Л Т Е Н УНИВЕРЗИТЕТОТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ. Број 1094

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ Б И Л Т Е Н УНИВЕРЗИТЕТОТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ. Број 1144

Бр. _ _ Скопје

Предизвици во моделирање

UNIVERZITETSKI BILTEN

ЗАДАЧИ ЗА УВЕЖБУВАЊЕ НА ТЕМАТА ГЕОМЕТРИСКИ ТЕЛА 8 ОДД.

ЈАКОСТ НА МАТЕРИЈАЛИТЕ

НАПРЕГАЊЕ ПРИ ЧИСТО СМОЛКНУВАЊЕ

Доц. д-р Наташа Ристовска

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ

Бр. _ _. Скопје

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ Б И Л Т Е Н УНИВЕРЗИТЕТОТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ. Број 1164

а) Определување кружна фреквенција на слободни пригушени осцилации ωd ωn = ω б) Определување периода на слободни пригушени осцилации

Гоце Јанкулоски ТРАНСФОРМАЦИСКОТО ЛИДЕРСТВО КАКО ГЕНЕРАТОР НА УСПЕХОТ НА РАБОТЕЊЕТО - МАГИСТЕРСКИ ТРУД -

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ФАКУЛТЕТ ПО ИНФОРМАТИКА. Катедра за математика. Сања Пачемска

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ Б И Л Т Е Н УНИВЕРЗИТЕТОТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ. Број 1098

ИСПИТ ПО ПРЕДМЕТОТ ВИСОКОНАПОНСКИ МРЕЖИ И СИСТЕМИ (III година)


σ d γ σ M γ L = ЈАКОСТ 1 x A 4М21ОМ02 АКСИЈАЛНИ НАПРЕГАЊА (дел 2) 2.6. СОПСТВЕНА ТЕЖИНА КАКО АКСИЈАЛНА СИЛА Напонска состојаба

Етички став спрема болно дете од анемија Г.Панова,Г.Шуманов,С.Јовевска,С.Газепов,Б.Панова Факултет за Медицински науки,,универзитет Гоце Делчев Штип

МЕХАНИКА 1 МЕХАНИКА 1

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ- СКОПЈЕ Е Л А Б О Р А Т

Социјалните мрежи како алатка во процесот на управување со знаење

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ Б И Л Т Е Н УНИВЕРЗИТЕТОТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ. Број 1142

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ Б И Л Т Е Н УНИВЕРЗИТЕТОТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ. Број 1129

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ Б И Л Т Е Н УНИВЕРЗИТЕТОТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ. Број 1160

4. Оваа Одлука влегува во сила со денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија, а ќе се применува од 1 јули 2018 година.

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ Б И Л Т Е Н УНИВЕРЗИТЕТОТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ. Број 1159

ВЛИЈАНИЕТО НА ОСИГУРУВАЊЕТО ВРЗ ЕКОНОМСКИОТ РАСТ: СЛУЧАЈОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ВЕРОЈАТНОСТ И СТАТИСТИКА ВО СООБРАЌАЈОТ 3. СЛУЧАЈНИ ПРОМЕНЛИВИ

Бр. _ _. Скопје

ПРИМЕНА НА ИКТ КАКО АЛАТКА ВО НАСТАВАТА PO УЧИЛИШТАТА ВО РМАКЕДОНИЈА

О Д Л У К А. 3. Жалбата изјавена против оваа Одлука, не го одлага нејзиното извршување.

Универзитет ЕВРО-БАЛКАН во Скопје

Родовиот и мајчинскиот јаз во платите во ПЈР Македонија: економетриска анализа

І АКАДЕМСКО ПИШУВАЊЕ: СУШТИНА, ЦЕЛИ И ПРИДОБИВКИ

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ

УЛОГАТА НА АВТО ШКОЛАТА ВО ЕДУКАЦИЈА НА МЛАДИТЕ ВО СООБРАЌАЈОТ КАКО ИДНИ ВОЗАЧИ

Елисавета Сарџоска 1 Виолета Арнаудова Институт за психологија, Филозофски факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј Скопје

Проф. д-р Ѓорѓи Тромбев ГРАДЕЖНА ФИЗИКА. Влажен воздух 3/22/2014

О Д Л У К А. 3. Жалбата изјавена против оваа Одлука, не го одлага нејзиното извршување.

Тарифен став (денари) Пресметковна. Тарифно Потрошувачи на висок Единица величина. напон 35 kv * 35 kv 10 kv Моќност kw 943,62 994,66 767,14.

2. Просечната продажна цена на електрична енергија по која АД ЕЛЕМ - Скопје, подружница Енергетика, ги снабдува потрошувачите за 2018 година од:

Универзитет Св. Климент Охридски Битола Технички факултет Битола

Генерирање на Концепти

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ

UNIVERZITETSKI BILTEN

ТАРИФЕН СИСТЕМ ЗА ДИСТРИБУЦИЈА

ПРЕДИЗВИЦИ И РЕШЕНИЈА НА ПРОМОВИРАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ ЗА ШИРОКА ПОТРОШУВАЧКА ОД АСПЕКТ НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО РМ

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ

СТАНДАРДНИ НИСКОНАПОНСКИ СИСТЕМИ

Универзитет Гоце Делчев - Штип ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ. Менаџмент, бизнис, администрација- МБА ШТИП БОБАН ТРАЈКОВСКИ

АКСИЈАЛНО НАПРЕГАЊЕ Катедра за техничка механика и јакост на материјалите

О Д Л У К А. 3. Жалбата изјавена против оваа Одлука не го одлага нејзиното извршување.

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

АНТРОПОМЕТРИСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ КАЈ ДЕЦАТА ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ANTHROPOMETRIC CHARACTERISTICS OF PRIMARY SCHOOL CHILDREN

ИНДУСТРИСКО ИНЖЕНЕРСТВО И МЕНАЏМЕНТ

BEC - TSB.

Емпириска анализа на загатката на Фелдштајн и Хориока во транзициски земји, со осврт на Македонија

ИНЖЕНЕРСТВО ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА И РАБОТНА СРЕДИНА

ШЕМИ ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ НА ПРОСТИТЕ БРОЕВИ

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ Б И Л Т Е Н УНИВЕРЗИТЕТОТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ. Број 1138

37. РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2013 основни училишта 18 мај VII одделение (решенија на задачите)

Податоците презентирани во извештајот не ги одразуваат мислењата и ставовите на донаторите на проектот. Проектот Мојот пратеник е поддржан од:

Емпириска анализа на загатката на Фелдштајн и Хориока во транзициски земји, со осврт на Македонија

МОДЕЛИРАЊЕ СО СТРУКТУРНИ РАВЕНКИ И ПРИМЕНА

Современи концепции на финансискиот менаџмент при управување со ризикот во банкарските институции

Universiteti Shtetëror i Tetovës Државен универзитет во Тетово State University of Tetova

ПРИМЕНА НА МЕНАЏМЕНТ НА РИЗИК ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ОДЛУКИ ВО ЕНЕРГЕТСКИ КОМПАНИИНАПАТСТВИЈА

НУМЕРИЧКО МОДЕЛИРАЊЕ НА ГАЛАКСИИ

Регулација на фреквенција и активни моќности во ЕЕС

С Т А Т У Т НА ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ЈАВНИ ПАРКИРАЛИШТА ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ

TEHNOLO[KO-METALUR[KI FAKULTET ИЗВЕШТАЈ

Универзитет Св. Кирил и Методиј -Скопје Факултет за електротехника и информациски технологии ДИНАМИЧКА ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА НА СОФТВЕР. -магистерски труд-

ДАЛИ ФИНАНСИСКИОТ СЕКТОР Е ОГРНИЧУВАЧКИ ФАКТОР ЗА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ: СЛУЧАЈ ЗА МАКЕДОНИЈА?

Бесмртноста на душата кај Платон (II)

Стратегиска рамка и Акциски план. за здравје и животна средина до 2020 година. на Република Македонија. - нацрт документ -

Д-Р АЛЕКСАНДАР СПАСЕНОВСКИ

ЕЛАБОРАТ ЗА РЕАКРЕДИТАЦИЈА НА СТУДИСКА ПРОГРАМА ОД ТРЕТ ЦИКЛУС УНИВЕРЗИТЕТСКИ СТУДИИ ПО

27. Согласно барањата на Протоколот за тешки метали кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување (ратификуван од Република Македонија во

Број јуни 2015, среда година LXXI

Оценка на ефикасноста на македонските банки примена на пристапот на стохастичка граница

Анализа на улогата на банкарскиот систем во економскиот раст: Случајот на Македонија

Η «Καταπιεσμενη Μακεδονικη Μειονοτητα»

Б И Л Т Е Н НА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА 67

Инфлација и буџетски дефицит: Емпириски факти од Македонија

СТРУКТУРАТА НА КАПИТАЛОТ КАКО ФАКТОР ВО ВРЕДНУВАЊЕТО НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА И ИНВЕСТИЦИОНИТЕ ВЛОЖУВАЊА М-р Илија Груевски Државен универзитет Гоце Делчев

С О Д Р Ж И Н А

ПРЕДЛОГ ПРОЕКТ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА ТРЕТ ЦИКЛУС ДОКТОРСКИ УМЕТНИЧКИ СТУДИИ ПО

ИНТЕРПРЕТАЦИЈА на NMR спектри. Асс. д-р Јасмина Петреска Станоева

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Технички факултет-битола ЕЛАБОРАТ. за повторна акредитација на студиската програма по

Интеркултурно образование и воспитување во мултикултурни општества

Методина гранични елементи за инженери

ДИРЕКЦИЈА ЗА РИЗИК.

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Универзитет Св. Климент Охридски Битола Економски факултет - Прилеп. Управување со ликвидноста на банкарските институции

ПРИРАЧНИК ЗА ПОДГОТOВКА НА ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РЕЧЕН СЛИВ

Transcript:

1 РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ Б И Л Т Е Н НА УНИВЕРЗИТЕТОТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ Број 1093 Скопје, 2 февруари 2015 година

2 Издание на Универзитетот Св Кирил и Методиј во Скопје ПРВИОТ БРОЈ НА БИЛТЕНОТ Е ОБЈАВЕН ВО МАЈ 1957 ГОДИН Уредник: Томислав БАШЕВСКИ Лектор: Весна Илиевска-Цветановска

3 Бр. 5.8. 2013_ Скопје Предмет: УКиМ Материјали за Билтенот за објавување на веб-страницата на Согласно член 132, став 5 од Законот за високото образование ( Сл. весник на РМ бр. 35/2008, 103/2008, 26/2009, 83/2009, 115/2010, 17/2011, 51/2011 и 123/2012), на вебстраницата на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, од бројот 1059 од 15 август 2013 година, ќе се објавуваат рефератите за избор во наставно-научни, научни и соработнички звања, рецензиите за подобност на темата и оспособеноста на кандидатот за вршење научна работа, прегледите на одобрените докторски дисертации, прифатените магистерски и специјалистички теми, рецензиите на учебници и учебни помагала, како и рефератите за доделување на звањето почесен професор и титулата почесен доктор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј. По објавување на материјалите на веб-страницата, факултетите и институтите за своите потреби, истите треба да ги отпечатат во материјална форма за да можат да ги достават на членовите на наставнонаучниот, односно научниот совет. Поради тоа, потребно е сите материјали што се предвидени за објавување во Билтенот на Универзитетот, благовремено да ги доставувате во електронска форма. Поради усогласеност и униформност на текстовите потребно е материјалите за објавување да се доставуваат како Microsoft Word 2003 документи во кои исклучиво ќе се користи системскиот фонт Georgia. Овој фонт содржи богато множество на кирилични (македонски, српски, руски), латинични (со различни видови на надредени знаци), грчки и други знаци. Варијанта на овој фонт со корегирани знаци во италик формата за македонските букви д, п, т, г може да се добие во компјутерскиот центар на УКиМ на барање на факултетот. Исто така, таму може да се добие софтверско решение со кое може да се испрограмира тастатурата на персонален сметач кога работи под Windows XP оперативниот систем при притискање на копчето ` во македонска поддршка да се добие знакот ѐ, а при притискање на копчето ~ во македонска поддршка да се добие знакот ѝ. Поради запазување на роковите за објавување на материјалите во Билтенот, но и на веб-страницата, ве молиме, рефератите откако ќе бидат лекторирани, да ja доставите оригиналната верзија (лекторирана со потписите), а електронската верзија да ја доставите на e-mail адресата: t.basevski@ukim.edu.mk (so mali bukvi). Неблаговремено доставените материјали и оние кои нема да бидат напишани согласно упатството нема да бидат објавени во тој број, туку ќе бидат поместени за објавување во наредниот број од Билтенот, односно откако ќе ја добиеме бараната верзија. Изготвил:Т.Б. Одобрил:К.М. Ви благодариме за соработката. Со почит, Проректор Проф. д-р Коле Василевски

4 Содржина на Билтен број 1093 од 2 февруари 2015 година ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ 1. Рецензија на ракописот Менаџмент на малиот бизнис 6 издание, од авторот проф. д-р Бобек Шуклев, пријавен на Економскиот факултет во Скопје...8-19 2. Рецензија на докторската дисертација Анализа на стилот на лидерството во образовните институции во Република Македонија, од кадидатката м-р Сељвије Тачи, пријавена на Економскиот факултет во Скопје...20-29 3. Рецензија на докторската дисертација Вредносниот систем на менаџерите и развојот на човечките ресурси во претпријатијата, изработена од м-р Емануела Есмерова, пријавена на Економскиот факултет во Скопје...30-39 4. Рецензија на докторската дисертација Меѓузависноста на буџетскиот дефицит, јавниот долг и фискалната одржливост, од м-р Билјана Ташевска, пријавена на Економскиот факултет во Скопје...40-45 5. Рецензија на докторската дисертација Квалитетот на банкарските услуги и нивното влијание врз задоволството на клиентите во Република Македонија, изработена од м-р Аида Узеири Бафтијари, пријавена на Економскиот факултет во Скопје...46-50 6. Рецензија на докторската дисертација Е-бизнис системи за процесна организациска трансформација и конкурентност на претпријатијата, изработена од м-р Марина Мијоска, пријавена на Економскиот факултет во Скопје...51-57 МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ 1. Преглед на прифатени теми за изработка на магистерски труд на Машинскиот факултет во Скопје (Зоран Матев, Дарко Атанасоски, Ѓорѓи Кушевски, Горан Блажевски, Наташа Андревска, Петар Арсиќ, Весна Ѓорчева, Виктор Кузмановски, Петар Галевски, Гоце Стевковски, Ивана Цветковска)...58-60 МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ 1. Реферат за избор на еден наставник во сите звања по предметот анатомија на Медицинскиот факултет во Скопје (д-р Билјана Зафирова)...61-91 2. Реферат за избор на еден наставник во сите звања по предметот фармакологија со токсикологија на Медицинскиот факултет во Скопје (д-р Димче Зафиров)...92-103 3. Рецензија на докторската дисертација Анализа на митохондријална ДНК (мтднк) од биолошки материјал во форензичните испитувања од д-р Рената Jанкова Ајановска, пријавена на Медицинскиот факултет во Скопје...104-113 4. Рецензија на докторската дисертација Безбедност на пациентите на ниво на секундарната здравствена заштита во Република Македонија од м-р Лолита Митевска, пријавена на Медицинскиот факултет во Скопје...114-124 5. Рецензија на докторската дисертација Јавноздравствени аспекти кои влијаат на сексуалното и репродуктивното здравје на лица со телесна инвалидност во Македонија предизвици за инклузивно општество од м-р Роберт Величковски, пријавена на Медицинскиот факултет во Скопје..125-136 6. Рецензија на докторската дисертација Хомоцистеинемија и полиморфизам на генот за метилентетрахидрофолат редуктаза (C677T) кај пациенти со коронарна артериска болест и тромбоза на длабоки вени од д-р Јулијана Брезовска Кавракова, пријавена на Медицинскиот факултет во Скопје...137-140

5 ПЕДАГОШКИ ФАКУЛТЕТ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ 1. Реферат за избор во наставно-научно звање вонреден професор по предметите: предучилишна хигиена, за групата предучилишно воспитание на македонски наставен јазик, училишна хигиена, за групата одделенска настава на македонски наставен јазик, од областа медицински науки и од областа основи на тесно-стручни области по предметот основи на еколошкото вопситание (изборен предмет), за групите одделенска настава и предучилишно воспитание на македонски наставен јазик, на Педагошкиот факултет Св. Климент Охридски во Скопје (д-р Билјана Глигорова)...141-154 2. Реферат за избор на еден извршител во сите наставно-научни звања од областа: основи на тесно-стручни области, по предметот основи на физичко воспитание со методика, за групите одделенска настава и предучилишно воспитание на македонски наставен јазик, на Педагошкиот факултет Св. Климент Охридски во Скопје (д-р Марјан Малцев)...155-172 3. Реферат за избор во сите наставно-научни звања од областа основи на тесно-стручни области, по предметот основи на музичката култура со методика, за групите предучилишно воспитание и одделенска настава на македонски наставен јазик, на Педагошкиот факултет Св. Климент Охридски во Скопје (д-р Владимир Талевски)...173-190 4. Преглед на прифатени теми за изработка на магистерски труд на Педагошкиот факултет Св. Климент Охридски во Скопје (Илир Фетаи)...191 ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ 1. Реферат за избор на наставник во сите наставно-научни звања на научната област уставно право и политички систем на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје (д-р Марика Ристовска)...192-241 2. Реферат за избор на наставник во сите наставно-научни звања на научната област граѓанско материјално право семејно и наследно право) на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје (д-р Елена Игновска)...242-258 ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ 1. Реферат за избор на наставник во сите наставно-научни звања од група предмети од областа на општата физиологија и имунологија на Институтот за биологија на Природно-математичкиот факултет во Скопје (д-р Никола Хаџи- Петрушев)...259-281 2. Реферат за избор-прием на еден наставник во сите наставно-научни звања по група предмети од областа на туризмот на Институтот за географија на Природноматематичкиот факултет во Скопје (д-р Ана Здравковска-Илиевска, д-р Весна Танчева)...282-319 3. Рецензија на докторската дисертација Категориско-теоретски конструкции во моделите на учење во игри од м-р Невена Серафимова, пријавена на Природно-математичкиот факултет во Скопје...320-324 4. Рецензија на докторската дисертација под наслов Развој на нови методи за формулација на терапевтски радиофармацевтици, базирани на моноклонални антитела и пептиди - dota-rituximab и супстанција P од м-р Катарина Смилков, пријавена на Природно-математичкиот факултет во Скопје...325-331 СТОМАТОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ 1. Преглед на прифатени теми за изработка на докторската дисертација на Стоматолошкиот факултет во Скопје (д-р Ванчо Спиров, д-р Борјан Наумовски, д-р Анета Мијоска)...332

6 ТЕХНОЛОШКО-МЕТАЛУРШКИ ФАКУЛТЕТ 1. Преглед на одобрени теми за изработка на докторска дисертација на Технолошкометалуршкит факултет во Скопје (м-р Александар Петровски)...333 2. Преглед на одобрени теми за изработка на магистерски труд на Технолошкометалуршкит факултет во Скопје (Соња Алчевска, Марија Цветковска Стојановска)...334 ФАКУЛТЕТ ЗА ВЕТЕРИНАРНА МЕДИЦИНА 1. Прглед на прифатени теми за изработка на магистерски труд на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје (Надежда Стојковска)...335 ФАКУЛТЕТ ЗА ДРАМСКИ УМЕТНОСТИ 1. Преглед на прифатени теми за изработка на магистерски труд на Факултетот за драмски уметности во Скопје (Александар Степанулески)...336 ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО 2. Рецензија на докторската дисертација Моделирање на образованието преку далечина со цел за подобрување на квалитетот на искуство кај студентите при образовниот процес од м-р Тони Малиновски, пријавена на Факултетот за информатрички науки и компјутерско инженерство во Скопје...337-342 ФАКУЛТЕТ ЗА ЛИКОВНИ УМЕТНОСТИ 3. Реферат за избор на наставник во сите наставно-научи звања по предметите дигитални технологии во ликовната уметност и графички дизајн на студиската програма по графика на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (м-р Ладислав Цветковски)...343-368 ФАКУЛТЕТ ЗА ФИЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ, СПОРТ И ЗДРАВЈЕ 4. Реферат за избор на еден наставник на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје во Скопје по предметот физичко образование за настава на студенти од нематичните факултети на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје (м-р Сузана Симева)...369-371 ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ 1. Рецензија на докторската дисертација Улогата на преведувачот во процесот на медитација на конфликти од м-р Марија Тодорова, пријавена на Филозофскиот факултет во Скопје...372-375 2. Рецензија на учебникот Политичка географија и геополитика од проф. д-р Тони Милески, пријавен на Филозофскиот факултет во Скопје...376-380 3. Рецензија на ракописот Кризен менаџмент од авторот проф. д-р Марина Митревска, пријавен на Филозофскиот факултет во Скопје...381-385 4. Рецензија на докторската дисертација Ефектите од вонинституционалната заштита на деца со умерена и тешка интелектуална попреченост во Република Македонија од м-р Наташа Станојковска-Трајковска, пријавена на Филозофскиот факултет во Скопје...386-394 5. Рецензија на докторската дисертација Егзистенција и интуиција Бергсоновото и Хајдегеровото поимање на човекот и времето од м-р Дејан Здравков, пријавена на Филозофскиот факултет во Скопје...395-401 ФИЛОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ БЛАЖЕ КОНЕСКИ 1. Реферат за избор на редовен професор по предметот граматика на современиот англиски јазик на Филолошкиот факултет Блаже Конески во Скопје (д-р Јованка Лазаревска-Станчевска)...402-419 2. Рецензија на докторската дисертација Преведување експресивна лексика: проблеми и предизвици врз примери од книжевни преводи од англиски

7 на македонски јазик од м-р Катарина Ѓурчевска-Атанасовска, пријавен на Филолошкиот факултет Блаже Конески во Скопје...420-425 ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА 1. Рецензија на докторската дисертација под наслов Штип и Штипско за време на Првата светска војна 1914-1918 година од м-р Оливер Цацков, пријавена на Институтот за национална историја во Скопје...426-430 ЕКОНОМСКИ ИНСТИТУТ 1. Рецензија на докторската дисертација Фактори на економскиот раст во транзициските економии, со посебен осврт на земјите од Југоисточна Европа и Република Македонија иаработена од м-р Билјана Јовановиќ, поднесена на Економскиот институт во Скопје...431-441

8 РЕЦЕНЗИЈА НА РАКОПИСОТ МЕНЏАМЕНТ НА МАЛИОТ БИЗНИСˮ, 6. ИЗДАНИЕ, ОД АВТОРОТ ПРОФ. Д-Р БОБЕК ШУКЛЕВ Со Одлука на Наставно-научниот совет на Економскиот факултет во Скопје број 0202-3356/3 од 30.10.2013 година, донесена на седницата одржана на 25.10.2013 година, определен сум за рецензент на учебникот Менаџмент на малиот бизнисˮ 6. издание, од проф. д-р Бобек Шуклев. Согласно со член 19 од Правилникот за издавачка дејност на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, а по внимателното читање и проучување на трудот го доставувам следниов ПРВ ДЕЛ ИЗВЕШТАЈ Шестото издание на трудот Менаџмент на малиот бизнисˮ од проф. д-р Бобек Шуклев содржи вкупно 362 страници, од кои 342 страници отпаѓаат на основниот текст и 20 страници на вовед. Трудот Менаџмент на малиот бизнисˮ, шесто издание, е пишуван според предметната програма по предметот менаџмент на малиот бизнис како задолжителен на департманот менаџмент, со 60 часа настава и 8 ЕКТС, прифатена од страна на Наставно-научниот совет на Економскиот факултет во Скопје. ВТОР ДЕЛ Проблематиката опфатена во трудот е систематизирана во четири дела и петнаесет глави, и тоа: Дел 1 Моќта на малите претпријатија Глава 1. Глобални промени во малиот бизнис Глава 2. Карактерот на малиот бизнис Глава 3. Малите претпријатија и дигиталната економија Глава 4. Избор на форма на сопствеништво Дел 2 Започнување сопствен бизнис Глава 5. Приоди на започнување сопствен бизнис Глава 6. Фамилијарен бизнис Глава 7. Улогата на одборот во фамилијарните бизниси

9 Глава 8. Франшиза Дел 3 Планирање во мали претпријатиja Глава 9. Ефективно планирање во мали претпријатија Глава 10. Успеси и неуспеси на малиот бизнис Глава 11. Општествената одговорност и етиката кај малите претпријатија Дел 4 Нови хоризонти на претприемништвото Глава 12. Претприемништвото и малиот бизнис Глава 13. Женското претприемништво Глава 14. Етнички бизниси Глава 15. Социјално претприемништво Речник Фусноти Индекс по автори Индекс по предмети Приказ на содржината на трудот Проблематиката на менаџментот на малиот бизнис во учебникот е систематизирана во четири дела. Првиот дел е посветен на моќта на малиот бизнис. Посебен акцент е ставен на моќта на малиот бизнис наспроти големиот бизнис во САД, Европската унија, Канада, Велика Британија, Австралија и во Република Македонија. Исто така, се елаборира улогата на малиот бизнис во вкупната економија, придонесот во креирањето нови работни места, учеството во создавањето на БДП, можноста за самовработување, улогата на малите претпријатија во создавањето на иновациите, влијанието на брзорастечките мали претпријатија врз економскиот развој, профилот на бизнисите извршувани од дома, стратегиската алијанса кај малите претпријатија. Посебен акцент е ставен на бизнисот во дигиталната економија, профилот на е-бизнисот, факторите за прифаќање на е-трговијата, ограничувањата во примената на е-трговијата, како и на основните форми на организација на

10 малото претпријатие. Во овие рамки, посебен акцент е ставен на единствениот сопственик, како најдоминантна форма на организација на малите претпријатија во економиите, партнерството, корпорацијата и компанијата со ограничена одговорност. Вториот дел е посветен на започнувањето сопствен бизнис. Во овој дел се вклучени доминантните приоди на започнување мал бизнис: купување постојно претпријатие, основање ново претпријатие, наследување фамилијарен бизнис и франшизата. Исто така, утврдена е суштината на физибилити-студијата, факторите на локација на малото претпријатие, фамилијарниот бизнис како уникатна институција, учесниците во фамилијарниот бизнис, видовите култура во фамилијарниот бизнис, стратегискиот менаџмент, како и сукцесијата на основачот на фамилијарниот бизнис, ефектите од сукцесијата, успешното пренесување на сопствеништвото во фамилијарниот бизнис, како и ставовите кои дејствуваат против планирањето на сукцесијата. Посебен акцент е ставен на функционирањето на одборот на директори во мали корпорации, функциите и улогата на одборот на директори во фамилијарниот бизнис, улогата на фамилијарното повлекување и фамилијарниот совет наспроти одборот на директори, улогата на надворешните директори и нивното претходно искуство, како и процесот на селекција на членови во одборот на директори во фамилијарниот бизнис. Франшизата е најпопуларен начин на започнување мал бизнис. Во овој контекст, најпрво се дефинира франшизата, се анализира еволуцијата и улогата на франшизата во економијата, се објаснуваат видовите франшиза и експанзијата на франшизата, како и можните подрачја на нејзина примена, се анализираат факторите кои придонесуваат за нејзина глобализација, се истражуваат личните карактеристики потребни за успех на франшизата, како и утврдувањето на предностите и слабостите на франшизата од гледна точка на франшизерот и на франшизантот. Третиот дел е посветен на планирањето во малите претпријатија. Посебно внимание е посветено на определувањето на користа од планирањето, окружувањето на малите претпријатија, процесот на планирање, карактеристиките на планирањето во малите претпријатија, стратегиското планирање и определување на користа, видовите стратегиски активности, причините за стратегиско непланирање, како и дефинирањето, важноста, видовите и содржината на бизнис-планот, се определуваат корисниците на бизнис-планот, се елаборираат методите за изработка на бизнис-планот, се објаснува потребата за пишување бизнис-план, се истражуваат видовите бизнис-планови, се определува содржината на бизнис-планот и на водичот за изработка на бизнис-план. Успесите и неуспесите на малиот бизнис, морталитетот на малите претпријатија, причините за деловен неуспех, предностите на малото претпријатие во однос на конкуренцијата и работните часови на сопственикот, карактеристиките на сопствениците - менаџерите на малите претпријатија, се предмет на елаборирање во третиот дел. Исто така, се анализира општествената одговорност како грижа на малото претпријатие за општествените проблеми, еволуцијата на општествената одговорност, зелената општествена одговорност, факторите кои влијаат на

11 етичкото однесување, етиката и претприемачите, приодите на етичко однесување и нагласена е важноста на стеикхолдерите за малите претпријатија. Четвртиот дел е посветен на новите хоризонти на претприемништвото. Во овој дел се разработуваат прашањата сврзани со: дефинирањето на претприемаштвото и претприемачот, определувањето на суштината како предуслов за разбирање на претприемаштвото, суштината на intrapreneurs, карактеристиките на претприемачите и intrapreneurs, развојот на женското претприемаштво во земјите на OECD, САД, Европската унија, Југоисточна Европа и Република Македонија, бизнисите со кои започнуваат жените претприемачи, факторите кои влијаат на прогресот на жената кон бизниссопствеништво, причините поради кои започнуваат сопствен бизнис, видовите жени-претприемачи, како и менаџерските способности што треба да ги поседуваат жените претприемачи за успех на малиот бизнис, етничкото претприемаштво, етничките бизниси и тенденциите во етничкото претприемаштво во САД, Велика Британија и Канада, основните карактеристики на етничките претприемачи, моделите на етничкото претприемаштво, бизнисите на малцинските женипретприемачи, иднината на етничкото претприемаштво, како и факторите од кои зависи развојот на етничкото претприемништво. На крајот од овој дел е елаборирано социјалното претприемаштво, елементите на социјалното претприемаштво, филантропијата и социјалното претприемаштво, социјалните претприемачи, разликите помеѓу традиционалните, сопствениците на мали претпријатија и социјалните претприемачи, изворите на финансирање на социјалното претприемништво и односот помеѓу општествената одговорност и социјалното претприемаштво. Оцена на трудот Трудот Менаџмент на малиот бизнисˮ, шесто издание, е пишуван според предметната програма по предметот менаџмент на малиот бизнис. Шестото издание на трудот Менаџмент на малиот бизнисˮ се разликува во однос на петтото по обем на страници (362 страници во шестото во однос на 412 страници во петтото издание) и содржината (нови, изоставени и преработени наслови) од преку 70%. Ракописот за учебникот Менаџмент на малиот бизнисˮ на проф. д-р Бобек Шуклев е подготвен за публикување како шесто издание. Во последните десетина години тој доживеа пет изданија: во 2000, 2001, 2003, 2006 и во 2011 година. Во секое ново издание трудот трпеше одредени измени во содржината, со напуштање на некои од постојните поглавја, како и воведување на нови. Со користењето на нова литература авторот ја иновираше содржината на материјата на менаџментот на малиот бизнис, во согласност со новите текови на нејзиниот развој во светот, особено во земјите со поголема традиција во образованието на кадри од односната проблематика. Теориските и емпириските истражувања сврзани со менаџментот на малиот бизнис постојано се зголемуваат. За обезбедување на конституентите со најновите достигнувања во литературата во најголем дел се користени најнови книги и статии, како и одделни постари

12 капитални истражувања. За таа цел, над 78% од користените извори на книги, статии и студии се објавени по 2000 година. Заради задржување на потврдените карактеристики и заради зголемување на педагошките вредности на учебникот, извршени се неколку промени кои се корисни за конституентите и се порепрезентативни за подрачјето на менаџментот кое се карактеризира со брз развој. Во продолжение се истакнати само новите карактеристики на ова издание, а тоа се насловите со нови содржини, како и оние што се преработени и изоставени. Нови содржини на наслови: најновите сознанија во науката за менаџментот на малиот бизнис ја наметнаа потребата од вклучување на две нови глави и на неколку нови содржини, на наслови, и тоа: дефинирање на малиот бизнис според големината, профилот на сопственикот на малиот бизнис, улогата на малите и средните претпријатија во економијата на Европската унија, дефинирање на малите бизниси во Австралија, улогата на малите бизниси во економијата на САД, Австралија, Велика Британија, Канада, Европската унија, Република Македонија, активните претпријатија според големината, малите претпријатија и вработувањето, малите претпријатија и БДП, успех и причини за престанок на малите претпријатија, малите претпријатија и иновациите, профилот на малите иновативни претпријатијa во Република Македонија, ограничувачките фактори за работење на малите претпријатија, животен циклус на малите претпријатија, брзорастечки мали претпријатија, дефинирање на брзорастечки претпријатија, мерење на растот на брзорастечките претпријатија, стратегиската алијанса кај малите претпријатија, бизнисите извршувани од дома, привлечност на бизнисите извршувани од дома, придонесот на бизнисите извршувани од дома за економијата на САД, профилот на бизнисите извршувани од дома во Велика Британија, предности на бизнисите извршувани од дома, методи на онлајнприсуство на малите претпријатија, бариери при креирање веб-страница кај малите претпријатија, е- трговијата и малите претпријатија во Република Македонија, извори на бизнис-идеи, вреднување на бизнисот, важност на фамилијарниот бизнис во светот, улогата на фамилијарните бизниси во економијата на САД, Европа, Велика Британија, планирање во фамилијарниот бизнис, најстарите фамилијарни бизниси во светот, профилот на франшизата во економијата, економски услови за развој на франшизните бизниси, трошоци при купување на франшизата, значење на ризиците на малиот бизнис, неуспехот на бизнисот, престанок на бизнисот наспроти неуспех на бизнисот, видови неуспех на бизнисот, мерење на успехот на малиот бизнис, конкурентнoста на малиот бизнис, малите претпријатија и општествената одговорност во Европската унија, во Република Македонија, одговорност на малиот бизнис кон животната средина, мотивацијата на малите бизниси за еколошката одговорност, бариери за вклучување во еколошката одговорност, одговорност на малиот бизнис кон рециклирањето, претприемништвото според економската активност на земјите, откривање претприемачки можности, стратегиско претприемништво, модел на стратегиско претприемништво, дефинирање на корпоративното претприемништво, форми на

13 корпоративно претприемништво, модели на корпоративно претприемништво, корпоративното претприемништво и иновациите, профилот на претприемачот, екопретприемач, женското претприемништво во југоисточна Европа, женското претприемништво во Република Македонија, иновациите и жените сопственици на мали претпријатија, образованието на жените претприемачи, рамка за разбирање на етничкото претприемништво, бариери на етничките претприемачи, мерење на етничкото претприемништво профилот на етничките претприемачи, профилот на мигрантите претприемачи во земјите на OECD, дефинирање на социјалното претприемништво, типологија на претприемачкиот деловен потфат, елементи на претприемачкиот деловен потфат, социјална вредност, што не е социјално претприeмништво, матрица на социјално претприемништво, добротворност, филантропија и социјално претприемништво, социјално претпријатие наспроти добротворна организација, социјални претприемачи, разлики помегу социјален и традиционален претприемач, разлика помегу бизнис-претприемачи, социјални претприемачи и сопственици на мали бизниси, разлика помегу социјално претприемаштво и општествена одговорност, извори на финансирање на социјалните претприемачи. Преработени содржини. Во учебникот се преработени следниве наслови: карактерот и мокта на малиот бизнис во СAД, фактори од кои зависи изборот на формата на организацијата, форми на организација на малото претпријатие, единствен сопственик, општо партнерство, ограничено партнерство, C- корпорација, S-корпорација, компанија со ограничена одговорност, споредување на основните форми на сопствеништво, функциите на одборите во фамилијарните бизниси, еволуција на општествената одговорност, важност на стеикхолдерите за малите претпријатија. Заслужува да се истакне фактот дека трудот и натаму ги задржува поранешните карактеристики. Со континуирани иновирања тој се потврдува како сеопфатен и добро систематизиран учебник, кој придонесува да им се олесни на студентите совладувањето на предметната проблематика. Трудот е широко прифатен и од лица во стопанството, особено од оние чија животна преокупација е менаџментот. Публикувањето на овој труд ќе претставува значаен придонес во збогатувањето на бизнис-литературата од областа на менаџментот како и унапредување на бизнис-практиката поврзана со менаџментот во претпријатијата. За унапредување на процесот на учење и подготвувње на литературата од страна на студентот вклучени се неколку дополнителни карактеристики кои претставуваат педагошка помош за студентите во разбирањето и примената на презентираниот концепт, а тие се: Целите на учењето го фокусираат вниманието при читањето и служат како сеопфатна проверка на совладаното и мерка на способноста да се одговори на поставените прашања. Јасното остварување на целите на учењето е дадено на почетокот на секоја глава. Во секоја глава, студентот треба да дефинира, да опише, да

14 дискутира, да спореди, да наведе и да идентификува соодветни аспекти од проблематиката на менаџментот. Клучните термини. Кога студентот за прв пат ќе стане близок со некое ново подрачје, совладувањето на терминологијата претставува совладување на половината од патот до успехот. За таа цел, секоја глава завршува со клучни термини, кои во текстот се подвлечени со болд, кога за прв пат се дефинираат, а се извлечени и на маргините на трудот. Со тоа е направена поголема транспарентност во совладувањето на материјата. Во трудот се презентирани бројни илустрации, слики и табели кои ја поврзуваат теоријата и практиката на менаџментот. Овие илустрации се преземени од вистински случаи објавени во списанија или книги, од истражувачки студии или од личното искуство на авторот. Со нив се зголемува транспарентноста на текстот и заклучоците кои произлегуваат од практичните истражувања. Новина во однос на претходното издание претставува студирањето преку примери. На крајот на секоја глава се презентирани 15 примери од светски познати компании, за да се илустрира како новите сознанија за менаџментот се применуваат во секојдневното работење. Меѓународните примери на студентите треба да им овозможат да ги развијат сопствените способности, да разберат како одделните аспекти на менаџментот се применуваат во реалниот свет и како тие самите можат да го применуваат сопственото знаење во конкретни случаи. Трудот е техничко опремен на високо рамниште, а текстот во учебникот е прикажан сликовито и живописно, со илустрации во боја, кои се важни аспекти на визуелната презентација на одделни прашања од менаџментот на малиот бизнис. Исто така, трудот содржи и индекс на автори, индекс на предмети, како и речник на термини. Стилот на пишување се карактеризира со јасно формулирани реченици кои ја одразуваат суштината на елаборираното прашање. Предлог Поаѓајќи од презентираната содржина и оцена на трудот Менаџмент на малиот бизнис, шесто издание, од проф. д-р Бобек Шуклев, потврдените квалитети на учебникот од претходните изданија, како и неговото збогатување со нови и преработени содржини, со задоволство му предлагам на Наставно-научниот совет на Економскиот факултет во Скопје, да го одобри овој ракопис за користење од страна на студентите како учебник. Учебникот Менаџмент на малиот бизнис, шесто издание, е оригинален труд и не постои друг или сличен универзитетски учебник од оваа област (според содржина, квалитет и дизајн) со што се аргументира оправданоста за објавување на трудот. Истовремено го препорачувам за печатење. Рецензент Проф. д-р Љубомир Дракулевски,с.р.

15 РЕЦЕНЗИЈА НА РАКОПИСОТ МЕНЏАМЕНТ НА МАЛИОТ БИЗНИСˮ 6. ИЗДАНИЕ, ОД АВТОРОТ ПРОФ. Д-Р БОБЕК ШУКЛЕВ Со Одлука на Наставно-научниот совет на Економскиот факултет во Скопје број 0202-3356/3 од 30.10.2013 година, донесена на седницата одржана на 25.10.2013 година, определен сум за рецензент на учебникот Менаџмент на малиот бизнисˮ, 6. издание, од проф. д-р Бобек Шуклев. Согласно со член 19 од Правилникот за издавачката дејност на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, а по внимателното читање и проучување на трудот го доставувам следниов ПРВ ДЕЛ ИЗВЕШТАЈ Шестото издание на трудот Менаџмент на малиот бизнис од проф. д- р Бобек Шуклев содржи вкупно 362 страници, од кои 342 страници отпаѓаат на основниот текст и 20 страници на вовед. Трудот Менаџмент на малиот бизнисˮ, шесто издание, е пишуван според предметната програма по предметот менаџмент на малиот бизнис како задолжителен на департманот менаџмент, со 60 часа настава и 8 ЕКТС, прифатена од страна на Наставно - научниот совет на Економскиот факултет во Скопје. ВТОР ДЕЛ Проблематиката е систематизирана во четири дела и петнаесет глави.структурата на ракописот е следнава: Дел 1 Моќта на малите претпријатија Глава 1. Глобални промени во малиот бизнис Глава 2. Карактерот на малиот бизнис Глава 3. малите претпријатија и дигиталната економија Глава 4. Избор на форма на сопствеништво Дел 2 Започнување сопствен бизнис Глава 5. Приоди на започнување сопствен бизнис Глава 6. Фамилијарен бизнис Глава 7. Улогата на одборот во фамилијарните бизниси Глава 8. Франшиза

16 Дел 3 Планирање во мали претпријатиja Глава 9. Ефективно планирање во мали претпријатија Глава 10. Успеси и неуспеси на малиот бизнис Глава 11. Општествената одговорност и етиката кај малите претпријатија Дел 4 Нови хоризонти на претприемништвото Глава 12. Претприемништвото и малиот бизнис Глава 13. Женското претприемништво Глава 14. Етнички бизниси Глава 15. Социјално претприемништво Речник Фусноти Индекс по автори Индекс по предмети Првиот дел е посветен на моќта на малиот бизнис. Посебен акцент е ставен на моќта на малиот бизнис наспроти големиот бизнис во САД, Европската унија, Канада, Велика Британија, Австралија и во Република Македонија. Исто така, се елаборира улогата на малиот бизнис во вкупната економија, придонесот во креирањето нови работни места, учеството во создавањето на БДП, можноста за самовработување, улогата на малите претпријатија во создавањето на иновациите, влијанието на брзорастечките мали претпријатија врз економскиот развој, профилот на бизнисите извршувани од дома, стратегиската алијанса кај малите претпријатија. Посебен акцент е ставен на бизнисот во дигиталната економија, профилот на е- бизнисот, факторите за прифаќање на е-трговијата, ограничувањата во примената на е-трговијата, како и на основните форми на организација на малото претпријатие. Во овие рамки, посебен акцент е ставен на единствениот сопственик, како најдоминантна форма на организација на малите претпријатија во економиите, партнерството, корпорацијата и компанијата со ограничена одговорност. Вториот дел е посветен на започнувањето сопствен бизнис. Во овој дел се вклучени доминантните приоди на започнување мал бизнис: купување постојно претпријатие, основање ново претпријатие, наследување фамилијарен бизнис и франшизата. Исто така, утврдена е суштината на физибилити-студијата, факторите на локација на малото претпријатие, фамилијарниот бизнис како уникатна институција, учесниците во фамилијарниот бизнис, видовите култура во фамилијарниот

17 бизнис, стратегискиот менаџмент, како и сукцесијата на основачот на фамилијарниот бизнис, ефектите од сукцесијата, успешното пренесување на сопствеништвото во фамилијарниот бизнис, како и ставовите кои делуваат против планирањето на сукцесијата. Посебен акцент е ставен на функционирањето на одборот на директори во мали корпорации, функциите и улогата на одборот на директори во фамилијарниот бизнис, улогата на фамилијарното повлекување и фамилијарниот совет наспроти одборот на директори, улогата на надворешните директори и нивното претходно искуство, како и процесот на селекција на членови во одборот на директори во фамилијарниот бизнис. Франшизата е најпопуларен начин на започнување мал бизнис. Во овој контекст, најпрво се дефинира франшизата, се анализира еволуцијата и улогата на франшизата во економијата, се објаснуваат видовите франшиза и експанзијата на франшизата, како и можните подрачја на нејзина примена, се анализираат факторите кои придонесуваат за нејзина глобализација, се истражуваат личните карактеристики потребни за успех на франшизата, како и утврдувањето на предностите и слабостите на франшизата од гледна точка на франшизерот и на франшизантот. Третиот дел е посветен на планирањето во малите претпријатија. Посебно внимание е посветено на определувањето на користа од планирањето, окружувањето на малите претпријатија, процесот на планирање, карактеристиките на планирањето во малите претпријатија, стратегиското планирање и определување на користа, видовите стратегиски активности, причините за стратегиско непланирање, како и дефинирањето, важноста, видовите и содржината на бизнис-планот, се определуваат корисниците на бизнис-планот, се елаборираат методите за изработка на бизнис-планот, се објаснува потребата за пишување бизнис-план, се истражуваат видовите бизнис-планови, се определува содржината на бизнис-планот и на водичот за изработка на бизнис-план.успесите и неуспесите на малиот бизнис, морталитетот на малите претпријатија, причините за деловен неуспех, предностите на малото претпријатие во однос на конкуренцијата и работните часови на сопственикот, карактеристиките на сопствениците - менаџерите на малите претпријатија, е предмет на елаборирање во третиот дел. Исто така, се анализира општествената одговорност како грижа на малото претпријатие за општествените проблеми, еволуцијата на општествената одговорност, зелената општествена одговорност, факторите кои влијаат на етичкото однесување, етиката и претприемачите, приодите на етичко однесување и нагласена е важноста на стеикхолдерите за малите претпријатија. Четвртиот дел е посветен на новите хоризонти на претприемаштвото. Во овој делсе разработуваат прашањата сврзани со: дефинирањето на претприемаштвото и претприемачот, определувањето на суштината како предуслов за разбирање на претприемаштвото, суштината на intrapreneurs, карактеристиките на претприемачите и intrapreneurs, развојот на женското претприемаштво во земјите на OECD, САД, Европската унија, Југоисточна Европа и Република Македонја, бизнисите со кои започнуваат жените-претприемачи, факторите кои влијаат на прогресот на жената кон бизнис-сопствеништво, причините поради кои започнуваат сопствен бизнис, видовите жени-претприемачи, како и менаџерските способности што треба да ги поседуваат жените-претприемачи за успех на малиот

18 бизнис, етничкото претприемаштво, етничките бизниси и тенденциите во етничкото претприемаштво во САД, Велика Британија и Канада, основните карактеристики на етничките претприемачи, моделите на етничкото претприемаштво, бизнисите на малцинските жени претприемачи, иднината на етничкото претприемаштво, како и факторите од кои зависи развојот на етничкото претприемаштво. На крајот од овој дел е елаборирано социјалното претприемаштво, елементите на социјалното претприемаштво, филантропијата и социјалното претприемаштво, социјалните претприемачи, разликите помеѓу традиционалните, сопствениците на мали претпријатија и социјалните претприемачи, изворите на финансирање на социјалното претприемаштво и односот помеѓу општествената одговорност и социјалното претприемаштво. Во продолжение, ќе се потенцираат некои негови квалитативни особености: Прво, трудот по својата концепција, содржинскиот и методолошкиот пристап во ништо не заостанува зад исти учебници публикувани во земјите со долгогодишна традиција во областа на менаџментот на малиот бизнис. Второ, трудот во целина е пишуван според усвоената предметна програма за предметот менаџментот на малиот бизнис. Трето, во разработката на материјата авторот користел мошне обемна и релевантна домашна и странска литература. Посебно истакнување заслужува богатиот фонд на користена странска литература од областа на менаџментот, во најголем дел објавена по 2ооо година, со исклучок на одделни капитални дела објавени пред таа година. Четврто, трудот е богато илустриран со графикони, слики, шеми и табели. Тие, на свој начин, зборуваат за сериозноста и сеопфатноста на истражувачките напори на авторот во изработката на трудот. Петто, во трудот се презентирани тековни примери од претпријатијата за да се илустрира како новите сознанија за менаџментот на малиот бизнис се применуваат во секојдневната практика. Шесто, трудот е пишуван на јасен и разбирлив јазик, со концизна и ударна мисла, при што авторот го задржува неопходното научно ниво во презентирањето на материјата. Седмо, трудот изобилува со емпириски резултати, добиени од анкети и студии спроведени во одделни земји, кои сведочат за прифатеноста и распространетоста на менаџментот во светот. Осмо, посебно одбележување заслужува напорот на авторот да го унапреди процесот на учење и подготвување на материјата од страна на студентите. За таа

19 цел, во секоја глава од трудот посебно се истакнуваат целите на учењето и клучните термини. Деветто, квалитетот на трудот се подигнува на повисоко ниво со речникот, индексот на автори и индексот на предмети, кои се даваат на крајот од книгата. Во речникот секој клучен термин кој се среќава во одделните глави на учебникот е вклучен во поширок речник во кој се содржани над 198 термини опфатени во процесот на менаџментот на малиот бизнис. Индексот на автори и индексот на предмети, пак, помагаат полесно да се лоцираат информациите сврзани со авторите и одредено тематско подрачје. Со оглед на презентираните квалитети на трудот, сметам дека учебникот Менаџмент на малиот бизнис, шесто издание", ќе предизвика внимание и интерес кај голем број корисници: меѓу студентите на економските факултети, во нивните настојувања за совладување на предметните содржини по предметите од областа на менаџментот, кај научните работници како ориентација за идни продлабочени истражувања на одделни сегменти на менаџментот и кај економските и други човечки ресурси кои во претпријатијата директно се ангажирани и работат на задачи од областа на менаџментот. Заради сето тоа, чест ми е да го предложам учебникот Менаџмент на малиот бизнис", шесто издание, изготвен од проф. д-р Бобек Шуклев, да го одобри овој ракопис за користење од страна на студентите како учебник. Учебникот Менаџмент на малиот бизнис шесто издание е прв во Република Македонијa и не постои друг или сличен универзитетски учебник од ова област (според содржината, квалитетот и дизајнот) со што се аргументира оправданоста за објавување на трудот. Истовремено го препорачувам за печатење. Рецензент Проф. д-р Димитар Бојаџиоски с.р.

20 РЕЦЕНЗИЈА НА ДОКТОРСКАТА ДИСЕРТАЦИЈА АНАЛИЗА НА СТИЛОТ НА ЛИДЕРСТВОТО ВО ОБРАЗОВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ОД КАНДИДАТКАТА М-Р СЕЉВИЈЕ ТАЧИ, ПРИЈАВЕНА НА ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ Врз основа на член 120 од Законот за високото образование (Сл. весник на РМ бр. 64/00, 49/03, 113/05, 51/07), член 241 од Статутот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и членовите 56, 57, 58, 59, 60, 61 од Правилникот за единствените основи за организирање на последипломски и докторски студии на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје (Универзитетски Гласник бр.7/2001) и член 39 од Правилникот за внатрешните односи и работењето на Економскиот факултет во Скопје, во состав на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, а според одлуката на Наставно-научниот совет на Економскиот факултет во Скопје, под бр. 0202-2685/3 донесена на 31.10.2014 година, определени сме за членови на Комисијата за оцена и одбрана на докторската дисертација под наслов АНАЛИЗА НА СТИЛОТ НА ЛИДЕРСТВОТО ВО ОБРАЗОВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, поднесена од кандидатот м-р Сељвије Тачи. По внимателното и опстојно прегледување на содржината на докторската дисертација, Комисијата му го поднесува на Наставно-научниот совет следниов И З В Е Ш Т А Ј I. ОПФАТ И СОДРЖИНА НА ДОКТОРСКАТА ДИСЕРТАЦИЈА Докторската дисертација под наслов АНАЛИЗА НА СТИЛОТ НА ЛИДЕРСТВОТО ВО ОБРАЗОВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, поднесена од кандидатката м-р Сељвије Тачи, содржи вкупно 252 страници текст, 12 страници користена литература (161 релевантни изворно користени библиографски домашни и странски единици) и 13 страници прилози. Трудот претставува комплексна научна материја од доменот на лидерството во образовните институции кои се присутни во нашата држава. Концепциски погледнато, содржината на дисертацијата е методолошки логично систематизирана и насочена во функција на јасно поставената цел, а се состои од следниве составни делови:

21 Вовед (10-20 стр.) Глава I Природата на лидерството (21-87 стр.) Глава II Образованието како општествена дејност (88-121 стр.) Глава III Управување со реформите во образовните институции во Република Македонија (122-175 стр.) Глава IV Истражување на стилот на лидерството во образовните институции во Република Македонија (176-217 стр.) Заклучок (218-225 стр.) Литература (226-237 стр.) Прилози (238-252 стр.) Во воведот на дисертацијата се дефинирани актуелноста на истражувањето, предметот, целта, задачите, како и значењето на употребената широчина и длабoчина на докторското истражување. Предмет на истражувањето на докторскава дисертација е анализа на трансформациониот и трансакциониот стил на лидерството во образовните институции, со цел создавање на единствена и заокружена теоретскоапликативна основа за разбирање и употреба на концептот на стилот на лидерството во образовните институции во Република Македонија. Целта на спроведеното истражување во докторската дисертација е во јасна релација со дефинираните задачи на докторскава дисертација, определени на следниов начин: да се проучи и да се анализира природата и важноста на стилот на лидерството и формите на раководење на образовните институции; да се анализира значителната разлика помеѓу модалитетите (директор и заменик-директор) во перцепцијата на трансформациониот и трансакциониот стил; да се објаснат разликите во перцепцијата на стилот на раководството од страна на подредените;

22 да се анализира значајната разлика помеѓу стиловите на лидерство и ефикасноста на стратешкото и оперативно ниво во образовните институции; да се образложат специфичните карактеристики на трансформациониот и трансакциониот стил на лидерството врз основа на кои тие се разликуваат; да се објаснат и да се анализираат демографските карактеристики (полот, искуството, нивото на образованиет), за да се утврди дали личните карактеристики се клучни фактори во определување на стилот на лидерството во образовните институции во Република Македонија, особено ако се има предвид дека во многу истажувања од оваа материја е утврдено дека демографските карактериситки имаат клучна улога во определување на стилот на лидерството; да се анализира влијанието на стиловите на лидерство врз ефективноста на образовните институции; да се објасни поврзаноста на варијаблите на трансформациониот, трансакциониот и либералниот стил, со ефективноста на употребениот стил; да се определи кој стил на лидерството е подобар за примена во образовните институции; да се согледаат резултатите од истражувањата во областа на лидерството во образовните институции во светот и во Република Македонија. Во првата глава од трудот, која носи наслов Природата на лидерството, м-р Сељвије Тачи ја образложува самата природа на лидерството преку дефинирање на поимот на лидерство и негово согледување од повеќе аспекти. Одделно внимание во овој иницијален дел на дисертацијата кандидатката посветува на анализа на историскиот развој на лидерството, односот на лидерството и менаџментот, односно лидерот и менаџерот, опстојно објаснувајќи ги моделите на лидерството. Кандидатката,

23 во овој прв сегмент ги опфатила и аспектите на лидерството во различни теории, односно ги објаснува бихејвиористичките и современите теории на лидерството, особено третирајќи ги компонентите на ефективното лидерство, различните стилови на лидерството во различни култури, како и трансформациониот и трансакциониот стил на лидерството. Составен сегмент на првата глава претставува и анализата на разликите помеѓу трансформациониот и трансакциониот стил на лидерството, објаснувајќи ги, притоа, и компонентите на трансформациониот и трансакциониот стил, како и ефективноста и елементите на одделните стилови. Исто така, кандидатката во овој сегмент ги опфатила и анализата на лојалноста и задоволството на следбениците во трансформационото лидерство и моделот на задоволството на работа. Од големиот број модели на лидерство, кандидатката ги издвоила најразвиените современи модели на лидерството кои се применуваат во образовните институции. Моделите во ова докторско истражување се претставени на дескриптивен и на графички начин. Во втората глава на докторската дисертација, под наслов Образованието како општествена дејност, м-р Сељвије Тачи темелно ја разгледува и ја истражува важноста на образованието во современото општеството, разликата помеѓу модерното и традиционлното учење, како и новата структура на образовниот систем во Република Македонија. На почетокот на оваа глава, кандидатката ги објаснува различните видови на образованието, способностите и проблемите на образованието во современото општество, како и реформите во образовниот систем во земјите во транзиција и формите на управување во образовните институции. За подобро разбирање на важноста на современото образование е направена и анализа и компарација на приоритетите на политиките на образованието во ЕУ, поврзување на образованието со пазарот на трудот и економскиот развој на државата. Оваа глава кандидатката ја завршува со ставање акцент на процесот на децентрализација и на методите на финансирање на образовните институции во Република Македонија.

24 Во третата глава на докторската дисертација, која носи наслов Управување со реформите во образовните институции во Република Македонија, м-р Сељвије Тачи ги истражува реформите со кои се соочуваат менаџерските структури на образовните институции во Република Македоија. Денешното конкурентско глобално окружување нуди многу предизвици за раководствата во училиштата, па оттаму, детално се образложени институциите кои се одговорни за развој на стратегии за промени во образовниот систем, како и нивната имплементација, сè со цел подобрување на квалитетот во образованието. Исто така, во овој трет сегмент на докторското истражување одделно е анализирана и законската рамка за изведување образовна дејност, како и новата програма за развој на образованието на различни нивоа, современите трендови, мисија, цели, принципи и предизвици на предучилишното, онсновното, средното и постсредното образование, а посебно е образложена и програмата за развој на ИКТ во општеството, Е-образованието, како и механизмите за вреднување на интерното и екстерното тестирање. Како составен дел на оваа глава, кандидатката ги анализира промените во училиштата, улогата на лидерството во управување со промените во училиштата и системот за обезбедување на квалитет и контрола во образовните институции. Суштински погледнато, денес, во деловното окружување, треба да се третира моделот на лидерство на едно училиште, од аспект на неговиот титулар, потпирајќи се врз личноста на лидерот, работата на лидерот, како и карактеристиките на училиштето што тој го води. Четвртата глава на дисертацијава, Истражување на стилот на лидерството во образовните институции во Република Македонија, ги анализира стиловите на лидерството кои преовладуваат во образовните институции во Република Македонија, како и начинот на кој се перцепира трансформациониот и трансакциониот стил на лидерството, и тоа на различни хиерархиски нивоа во образовните институции (директор, замнеик-директор и вработените). Во овој четврти истражуван сегмент, м-р Сељвије Тачи ја објаснува значајната разлика помеѓу стиловите и нивната ефективност на стратешко и