ПЈР МАКЕДОНИЈА ПРОЦЕНКА НА СИРОМАШТИЈАТА ЗА 2002-2003 18 октомври 2005 година Одделение за намалување на сиромаштијата и економско управување Регион на Европа и Централна Азија Документ на Светска Банка
ВАЛУТА И ЕКВИВАЛЕНТНИ ЕДИНИЦИ (девизен курс на 25 мај 2005 година) Валута = Денар (МКД) УСД 1,00 = 48,95 МКД Фискална година 1 јануари до 31 декември Акроними и скратеници ЕЦА ЕУ ПЈР БДП БНП ВРМ АПД МРЦ ЗСП МКД ПС ПКМ OECD ДЗС USDA СБ СРП Европа и Централна Азија Европска Унија Поранешна југословенска Република Бруто домашен производ Бруто национален приход Влада на Република Македонија Анкета за потрошувачка на домаќинствата Милениумски развојни цели Земји со среден приход Македонски денар Проценка на сиромаштијата Паритет на куповната моќ Организација за економска соработка и развој Државен завод за статистика на Македонија Министерство за земјоделство на САД Светска Банка Светски развојни показатели Потпретседател: Директор за земјата: Директор на секторот: Водач на секторот: Водач на тимот: Shigeo Katsu Orsalia Kalantzopolous Cheryl Gray Asad Alam Sarosh Sattar ii
Содржина Признанија... vi Клучни наоди... vii Извршно резиме... ix ПОГЛАВЈЕ 1... 1 1. ВОВЕД...1 2. РАЗВОЈНИ ПОКАЗАТЕЛИ... 2 3. СОЦИЈАЛНИ ПОКАЗАТЕЛИ И ПРИСТАП ДО ИНФРАСТРУКТУРАТА... 3 4. ЗАКЛУЧОЦИ... 6 ПОГЛАВЈЕ 2... 8 1. ВОВЕД...8 2. МЕРЕЊЕ НА БЛАГОСОСТОЈБАТА... 8 3. КОЈ Е СИРОМАШЕН, А КОЈ НЕ Е ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ПРАГОТ НА СИРОМАШТИЈАТА.. 11 4. МЕРЕЊЕ НА СИРОМАШТИЈАТА: КОЛКУ СИРОМАШНИ ИМА И КОЛКУ СИРОМАШНИ СЕ ТИЕ?... 17 5. ПОВЕЌЕДИМЕНЗИОНАЛНА СИРОМАШТИЈА... 23 6. РЕЗИМЕ... 24 ПОГЛАВЈЕ 3... 26 1. ВОВЕД... 26 2. ТРОШОЦИ НА ДОМАЌИНСТВО... 26 3. ЛОКАЦИЈА, ГОЛЕМИНА И ДЕМОГРАФИЈА НА ДОМАЌИНСТВО... 27 4. УСЛОВИ ЗА ДОМУВАЊЕ И ИНФРАСТРУКТУРА... 30 5. КАРАКТЕРИСТИКИ НА ГЛАВАТА НА ДОМАЌИНСТВОТО: ПОЛ, ВОЗРАСТ И ОБРАЗОВАНИЕ... 31 6. ПРИХОДИ И ПАЗАРИ НА ТРУД... 32 7. ДАЛИ ПОСТОЈАТ ЏЕБОВИ НА СИРОМАШТИЈА ВО МАКЕДОНИЈА?... 36 ПОГЛАВЈЕ 4... 38 1. ВРСКИ ПОМЕЃУ РАСТОТ И СИРОМАШТИЈАТА... 38 2. КЛУЧНИ ЕКОНОМСКИ ТРЕНДОВИ ВО МАКЕДОНИЈА: 1996 2003 ГОДИНА... 38 3. ЕЛАСТИЧНОСТ НА СИРОМАШТИЈА ВО ОДНОС НА РАСТОТ И НЕЕДНАКВОСТ... 41 4. ТРАНСМИСИЈА ПРЕКУ ПАЗАРОТ НА РАБОТНА СИЛА... 44 5. ФИСКАЛНА РЕДИСТРИБУЦИЈА... 48 6. ЗАКЛУЧОЦИ... 50 СТАТИСТИЧКИ АНЕКС... 60 С.2. УСЛОВИ ЗА ЖИВЕЕЊЕ ВО ДОМАЌИНСТВАТА СПОРЕД СТАТУС НА СИРОМАШТИЈА... 63 С.3. Информации за вработувањето... 66 С.4. Потрошувачка и приход... 67 С.5. СУБЈЕКТИВНА СИРОМАШТИЈА... 68 Листа на табели Табела 1.1: Македонија: Напредок во милениумските развојни цели... 2 Слика 2.1 и Табела 2.1: Проблеми со релативните линии на сиромаштија... 13 Табела 2.2: Линии на сиромаштија за Македонија според трошоците за основните потреби, 2002 и 2003... 17 Табела 2.3: Стапка на сиромаштија, индекс на длабочина на сиромаштијата и индекс на острина на сиромаштијата (во проценти)... 19 Табела 2.4: Индекс на стапката на сиромаштија за потрошувачка по жител и скали на еквивалентност 1/... 21 iii
Табела 2.5: Сиромаштијата од еден и два долари дневно е ниска во Македонија... 22 Табела 3.1: Потрошувачката за храна доминира во трошоците на сиромашните... 28 Табела 3.2: Услови за домување на сиромашните и не-сиромашните... 31 Табела 3.3: Стапки на сиромаштија во домаќинства каде главата на домаќинствата се мажи односно жени... 31 Табела 4.1: Приватниот сектор сеуште сочинува помалку од половина од не-земјоделските вработувања... 46 Табела 4.2: Работниците не се придвижиле кон попродуктивните сектори помеѓу 2002 и 2003 година... 47 Табела 4.3: Руралните сиромашни се придвижија кон подобри состојби на вработување, додека урбаните сиромашни кон полоши... 48 Листа на слики Слика ИР 1: Приходни и социјални индикатори... x Слика ИР 2: Меѓународни споредби на сиромаштијата, 2003... xi Слика ИР 3: Потрошувачка и повеќедимензионална сиромаштија... xiii Слика ИР 4: Опаѓачки животен стандард и растечка сиромаштија... xiv Слика ИР 5: Стапки на сиромаштија со и без социјално осигурување и социјални програми... xvi Слика 1.1: Здравствените показатели во споредба со другите земји на ЕЦА... 3 Слика 1.2: Меѓународна споредба на средното и високото образование... 4 Слика 1.3: Меѓународна споредба на невработеноста и продуктивноста... 5 Слика 1.4: Достапност и сигурност на инфраструктурните услуги... 6 Слика 2.1 и Табела 2.1: Проблеми со релативните линии на сиромаштија... 13 Слика 2.2: Субјективната сиромаштија се зголемува со порастот на благосостојбата... 15 Слика 2.3: Во споредба со земјите на ЕЦА, стапката на сиромаштија е ниска... 22 Слика 2.4: Повеќедимензионална сиромаштијата во 2003... 24 Слика 3.1: Поголемите домаќинства, особено со многу мали деца, се значително посиромашни во споредба со други... 29 Слика 3.2: Индекси на сиромаштија по возрасни групи, 2003 година... 30 Слика 3.3: Индекси на сиромаштија според ниво на образование на главата на домаќинството, 2003 година... 32 Слика 3.4: Можности за приход за сиромашните се отежнати поради ограничениот пристап кон добри работни места... 34 Слика 3.5: Голем дел од сиромашните се повремени работници... 35 Слика 4.1: Растот не е обновен, но екомонијата остана стабилна... 39 Слика 4.2: Економијата не покажува знаци на реструктурирање... 40 Слика 4.3: Инвестициите и СДИ се ниски во споредба со меѓународни нивоа... 40 Слика 4.4: Сиромаштија, реална и симулирана, 1996-2003 година... 42 Слика 4.5: Регистрирано е намалување на уделот на потрошувачката на сиромашните во вкупната потрошувачка, поради структурата на пораст кој беше неповолна за сиромашните... 44 Слика 4.6: Состојбата со пазарот на трудот се влоши со тек на време... 45 Слика 4.7: Стапки на сиромаштија со и без социјално осигурување и програми на социјална заштита... 49 Слика 4.8: Програмска покриеност и адекватност на бенефиции по петтини од населението... 50 iv
Листа на полиња Поле 2.1: Што мислиме под поимот сиромаштија?... 9 Поле 2.2: Следење на сиромаштијата: мерење на сиромаштијата според Foster, Greer и Thorbecke... 18 Поле 2.3: Еквивалентни скали користени во Проценката на сиромаштијата... 20 Поле 3.1: Индивидуална сиромаштија и карактеристики на домаќинство... 27 Поле 3.2: Индикатори на пазарот на работна сила во Проценката на сиромаштија во ПЈР Македонија... 36 Поле 4.1: Споредливост на податоци од анкети... 42 Поле 4.2: Зошто растот на БДП не се прелеа врз потрошувачката на домаќинствата?... 43 v
ПРИЗНАНИЈА Овој извештај е заеднички документ на Државниот завод за статистика на Република Македонија и на Светска Банка. Тој е кулминација на процесот кој почна во 2002 година кога двете институции се договорија заеднички да работат за да ја разберат состојбата на сиромаштијата базирана на достапноста на подобри податоци кои би овозможиле извлекување робусни заклучоци за животниот стандард. Сепак, ова дело претставува само прва фаза од соработката помеѓу Светска Банка и Владата за оваа важна тема и ќе биде проследено со дополнителна длабинска анализа на пазарите на работна сила во следната година и пристапот до социјалните услуги со достапноста на побогати податоци во 2006 година. Водач на тимот од Државниот завод за статистика е Ајрија Чаушовска (раководител), а клучните членови се Снежана Шиповиќ и Стасе Нолев. Работата се вршеше под покровителство на директорот на заводот, Катерина Даскаловска. Не само што насоките и советите дадени од овој тим при изготвувањето на овој извештај беа клучни за неговото изготвување, туку статистичкиот тим ја постави основата за подобрувањето во податоците за домаќинствата преку подобрување на прашалникот за истражувањето и проширување на показателите за проценка на сиромаштијата во земјата. Задачата на тимот на Светска Банка беше спроведена под водство на Sarosh Sattar и Ruslan Yemtsov. Членови на тимот беа Sara Johansson de Silva, Sasun Tsirunyan, Борко Ханџиски и Jenet Owens. Г-н Tsirunyan работеше заедно со Државниот завод за статистика на подготвувањето и на статистичката анализа на податоците од истражувањето и на изложувањето на методолошките прашања. Г-ѓа Johansson даде голем аналитички и пишан придонес за извештајот. Рецензенти беа Erika Jorgensen и Berk Ozler. Дополнителни коментари и насоки беа дадени од Asad Alam, Sandra Bloemenkamp и Cheryl Gray. Тимот, исто така, би сакал да се заблагодари на Helena Makarenko, Irina Partola, Adam Polak, Јасмина Шопова и Judy Wiltshire за нивната административна помош дадена на тимот. vi
Клучни наоди Состојба на сиромаштијата во 2003 година Потрошувачката сиромаштија (мерена според методологија на трошоци за основни потреби) се проценува на 21,7 проценти. Немонетарни димензии на сиромаштијата (посебно, лошите услови за домување и ниско образовно ниво) погодуваат дополнителни 30 проценти од населението. Стапките на сиромаштија во Скопје, секундарните урбани центри и руралните области се слични и се помеѓу 20 и 22 проценти. Детерминанти на сиромаштијата Најсилните детерминанти на сиромаштијата се големината на домаќинствата и бројот на вработени лица во домаќинството. Како резултат на тоа, помеѓу лицата со слични карактеристики, кај оние со висока стапка на зависност (издржувани лица) во домаќинството поголема е веројатноста дека ќе бидат сиромашни. Ниското ниво на образование на главата на домаќинството и живеењето во секундарните урбани центри се други важни детерминанти на сиромаштијата при контрола на другите карактеристики на домаќинството. Економскиот пораст и намалувањето на сиромаштијата во 2002-2003 година Сиромаштијата и нееднаквоста останаа стагнантни и покрај порастот на БДП по жител од 3 проценти. Стапките на сиромаштија значително се зголемија во секундарните урбани центри и во помала мера во Скопје, но се намалија во руралните подрачја. Причините за влошувањето на животниот стандард би можеле да бидат контракцијата на вработеноста и/или нискиот секторски раст во секторите со висока продуктивност. Повеќедимензионални аспекти на сиромаштијата Здравствените показатели и стапките на запишување во училиштата изгледа дека се во склад со националниот приход по жител. Сепак, тие се ниски во споредба со новите членки на Европската Унија од Централна и Источна Европа (ЕУ-8). Пристапот на населението до инфраструктурни услуги вода, канализација и електрична струја е добар со исклучок на пристапот до канализацијата на руралните подрачја. Сигурноста на и достапноста до инфраструктурните услуги е под просечните стапки за ЕУ-8, но се добри ако се споредат глобално. Ефективност на системот на социјална заштита: Социјални програми и пензии Пензиите се важни не само бидејќи ја намалуваат сиромаштијата на постара возраст, туку и ги поддржуваат другите членови на семејството. Иако програмите на социјална помош во значително поголем дел ги покриваат сиромашните во споредба со несиромашните, значителни средства (75 проценти) се одлеваат кај несиромашните што укажува на непотребно трошење на ресурси. vii
Вкупните тековни трансфери од кои мнозинството се социјални трансфери се проценуваат на 19 проценти од БДП. Ова е високо ниво во споредба со други земји со што се ограничуваат ресурсите достапни за други инвестиции како и можноста за намалување на даноците. viii
Извршно резиме 1. Овој извештај е производ на соработката помеѓу Државниот завод за статистика на Република Македонија и Светската Банка. Самиот документ е резултат на првата фаза од дијалогот помеѓу двете институции за тоа како најдобро да ја разберат состојбата на сиромаштијата во земјата, како да развијат соодветни показатели за мерење на сиромаштијата и како да се следат промените во сиромаштијата со тек на време. Процесот на изработка на овој извештај даде можност и средство за проценка на апсолутната сиромаштија и поопшта проценка на условите за живот на населението на Република Македонија. Но, она што е исто така важно, се надеваме дека процесот продолжува преку информирање на Владата како и на јавноста за корисноста на анализирањето на податоците на ниво на поединец и на домаќинство за да се разбере влијанието на економските настани врз секојдневниот живот на граѓаните. 2. Извештајот дава општа проценка на состојбата на животниот стандард во земјата во периодот 2002 2003 година. Оваа активност е комплементарна на останатите анализи направени од страна на Владата, независни истражувачи и донатори за економските случувања во земјата. Наместо да се анализира успехот или неуспехот на политиките за генерирање раст, извештајот го фокусира вниманието врз испитувањето на условите за живот какви што се тие денес. Бидејќи економскиот раст не е сам по себе цел, туку средство за постигнување одржливо подобрување на животните услови на сите граѓани, колку се добри или лоши резултатите е во крајна мера одраз на успехот или неуспехот на владините политики. За да се постигне крајната цел, со овој извештај пробуваме да го направиме следново: (i) Да се даде општа перспектива за тоа како животните услови во ПЈР Македонија се споредуваат со другите земји во регионот; (ii) Да се определи нивото на сиромаштија помеѓу населението и да се опише профилот на сиромашните; и (iii) Да се анализира поврзаноста помеѓу растот и промените во сиромаштијата со тек на време. 3. Во последната деценија, земјата направи импресивен напредок во некои клучни области на човечкиот развој. Се зголеми очекуваниот животен век и стапките на упис во средното образование значително пораснаа. Исто така, во земјата постои релативно добра инфраструктура што претставува важна национална придобивка таа ја подобрува благосостојбата на домаќинствата и ги потпомага инвестициите. Овој напредок се случи во позадина на економските и понекогаш и општествените потреси што ја погодија земјата во процесот на транзиција кон пазарна економија. Како ПЈР македонија успеа да го постигне ова во релативно краток временски период останува неодговорено прашање. Тоа може да рефлектира комбинација од добри секторски политики, насочени јавни интервенции и промена во очекувањата на населението и во преференците за тоа што се прифатливи нивоа на здравствена заштита и образование. Сепак, останува да се спроведе пошироко истражување како беа постигнати овие успеси. 4. Анализата на достапните податоци од повеќе извори дава донекаде неочекувана слика за животните услови во земјата. Од една страна, многу од социјалните индикатори на Република Македонија се слични со оние во земјите со слично ниво на приходи ова е ix
точно ако го гледаме здравството, запишувањето во училиштата или сиромаштијата во регионот на Европа и Централна Азија (ЕЦА). Од друга страна, потрошувачката сиромаштија во 2003 година беше проценета на 22 проценти, а пошироката повеќедимензионална дефиниција на сиромаштијата која, исто така, вклучува услови на домување и ниско ниво на образование покажува вкупна сиромаштија од 51 процент од населението. Нееднаквоста е исто така висока за регионот, пониска само од онаа во Грузија. Исто така, посебно изложени на сиромаштија се децата и младите кои живеат во домаќинства со мал број вработени возрасни членови. Слика ИР 1: Приходни и социјални индикатори Очекуван животен век Приход и упис во средно образование 85 200 во години 80 75 70 65 во проценти 180 160 140 120 100 80 60 0 20,000 40,000 60,000 80,000 60 0 20,000 40,000 60,000 БДП по жител во УСД по ПКМ БДП по жител во УСД по ПКМ ЕЦА МКД ЕУ-8 Pow er (ЕЦА) ЕЦА МКД ЕУ-8 Pow er (ЕЦА ) Извор: Проценки на вработени на Светска Банка врз основа на податоци од СРИ (WDI). Податоците за очекуваниот животен век се однесуваат на 2003 година а податоците за стапката на упис за 2001 година. а/ ЕЦА е Земјите од регионот на Европа и Централна Азија, МКД е ПЈР Македонија и ЕУ-8 се новите земји членки на ЕУ: Чешка, Естонија, Унгарија, Летонија, Литванија, Полска, Словачка и Словенија. б/ Податоци за стапката на упис во средно образование 5. Во поглед на динамиката, во текот на 2002 и 2003 сиромаштијата и нееднаквоста останаа на исто ниво и покрај умерениот раст на БДП од 3 проценти. Стопанството на земјата страда од повеќегодишен слаб економски раст комбиниран со резултати на пазарот на работна сила неповолни за подобрување на сиромаштијата т.е. загуба на работни места, висока невработеност и стагнација на платите. Исто така, обидите на Владата за прераспределба на приходите за да се намали сиромаштијата преку нејзините програми за социјална помош се ослабени поради значителните одливи кон несиромашните и ниското ниво на трансфери во споредба со потребите на сиромашните. Но, користењето на мрежата за социјална заштита за да се елиминира сиромаштијата би било скапо проценето на дополнителен трошок од 2 3 проценти од БДП годишно. 6. Импликациите од оваа комплексна состојба за јавната политика се такви што оние кои се вклучени во одлучувањето или во влијанието над владините активности мора да запрат за да го определат основното прашање дали постојната комбинација од политики е одржлива на среден рок или ќе резултира со ерозија на напредокот постигнат на многу фронтови, потенцијално загрозувајќи ја наградата, зачленување во Европската Унија во не толку далечната иднина. Иако овој извештај не ги анализира ефикасноста и ефективноста ниту на економските ниту пак на социјалните политики, она што го покажува е дека континуираниот напредок на социјалните показатели и справувањето со сиромаштијата се x
критични за иднината на земјата. Тој, исто така, утврдува дека значителен дел од јавните трошоци насочени за заштита на оние кои имаат потреба се прелеваат кај оние кои не се меѓу нив оставајќи дури и помалку фискален простор за преземање на неопходните инвестиции кои ќе ја зголемат продуктивноста на трудот и во иднина ќе ги зголемат реалните плати. Социјалните показатели и показателите на сиромаштијата се во главно во склад со оние на споредбените земји 7. Постојат повеќе индикатори со кои може да се мерат животните услови во земјата. Меѓународно прифатените индикатори кои се најсеопфатни во прикажувањето на промените во животните услови се Милениумските развојни цели (МРЦ) бидејќи тие може да се користат да се споредува напредокот и со тек на време и со споредбена група на земји. Друг идикатор за состојбите во земјата е да се процени дали социјалните и физичките показатели се во склад со истите во земји со слично ниво на приходи од ЕЦА регионот, особено со новите членки на Европската Унија од Централна и Источна Европа (ЕУ-8). Слика ИР 2: Меѓународни споредби на сиромаштијата, 2003 во % од сиромашното население 140 120 100-80 60 40 20 Приходи и сиромаштија - 5,000 10,000 15,000 БДП по жител во УСД по ПКМ од 2000 год. во % од сиромашното население Сиромаштија во одредени земји 80 70 60 50 40 30 20 10 - ЕЦА МКД Pow er (ЕЦА ) Извор: пресметки на вработени на Светска банка врз основа на СРИ. а/ ЕЦА се земји од Европа и централна Азија и МКД е ПЈР Македонија. б/ Сиромаштија е дефинирана како процент од населението кои живее по 4,30 УСД по жител прилагодени за ПКМ. 8. Од почетокот на деведесеттите години, земјата направи значителен напредок во повеќе МРЦ. Уделот на населението под минималното ниво на диетална енергетска потрошувачка се намали, стапките на завршување на основно образование сега се блиску до светските, стапките на смртност на деца и бебиња се значително намалени, како и појавата на туберкулоза. Во однос на земјите со среден приход и со целиот регион на ЕЦА, ПЈР Македонија исто така релативно добро се рангира во повеќе аспекти на здравството и образованието. МРЦ беа поставени имајќи ги во предвид примарно земјите со ниски приходи и може да не бидат добар репер за земји со ниво на развој како Македонија за надгледување на напредокот на благосостојбата. xi
9. Социјалните показатели во ПЈР Македонија се во согласност со нивото на приходи. Здравствените показатели како што се очекуваниот животен век и стапката на морталитет се релативно добри во споредба со оние на ЕУ-8 што може да се види на сликата 1. Стапките на упис во училиштата се ниски во споредба со релативно подобрите на ЕУ-8. Иако во најголем дел во согласност со нејзиното ниво на приходи, анализата на поранешните стапки на упис покажува забележителен пораст во последната деценија. Иако, ова секако е охрабрувачки, тоа, исто така укажува на фактот дека постојниот човечки капитал особено во групата на она работоспособно население кое треба да е најпродуктивно не е во просек висок што може да биде фактор за објаснување на релативно ниското ниво на продуктивноста на работниците. 10. Огромно мнозинство од населението во земјата има адекватен пристап до основната физичка инфраструктура. Ова важи за пристапот до вода, санитарии и струја. Како што може и да се очекува, значителен дел од населението во руралните области нема пристап до канализација до нивните живеалишта, но ова е вообичаено во развиените земји и во земјите во развој поради високите трошоци за обезбедување на овие услуги на економичен начин до дисперзирано население. Анализата на инфраструктурните услуги, според изјавите на деловните субјекти, дава одредено согледување за квалитетот. Изгледа дека постојат проблеми иако релативно мали со достапноста на услугите како што се вода и струја. Иако од истражувањето не можеме да извлечеме многу информации за квалитетот на домувањето, изгледа дека мал, но значителен дел нема некои од основни добра како што се бањи и кујни 7 проценти од градските домаќинства и 24 проценти од руралните домаќинства немаат кујна и/или бања. 11. Сиромаштијата мерена со користење на меѓународната линија на сиромаштија од 4,30 УСД прилагодени за ПКМ на ден е релативно ниска во споредба со земјите со слично ниво на приходи и на некои од ЕУ-8 земјите. Во ПЈР Македонија, сиромаштијата се проценува на 22 проценти според оваа метода во 2003 година. Ова е добро во споредба со некои од ЕУ-8 земјите и секако во споредба со просекот од 55 проценти кај земјите со низок и среден доход на регионот на ЕЦА што може да се види на сликата 2. Стапките на сиромаштија под 1,08 УСД и 2,15 УСД по жител дневно прилагодени со ПКМ се занемарливи. Иако индексот на длабочината на сиромаштијата што ја мери длабочината на сиромаштијата не е висок во споредба со стандардите во ЕЦА, просечната потрошувачка на сиромашните изнесува околу две третини од линијата на сиромаштија што покажува дека поголемо, а не само мало зголемување на приходите би било неопходно за значително намалување на сиромаштијата. xii
Слика ИР 3: Потрошувачка и повеќедимензионална сиромаштија Р. Македонија - Сиромаштија и нееднаквост Повеќедимензионална сиромаштија Сиромаштија 2002 2003 процент на населението кое живее под линијата на сиромаштија Р. Македонија 21,4 21,7 Скопје 19,9 20,4 Други урбани 17,5 21,8 Рурални 25,3 22,3 Потрошувачка 11% 8% 1% 1% 2% 2% Образовна 25% Нееднаквост Gini коефициент 0,368 0,373 Домување Несиромашни=49% Извор: Проценки на вработените на Светска банка врз основа на АПД 2003. Апсолутната сиромаштија погодува една петина од населението 12. За да се измери сиромаштијата, овој извештај користи апсолутна линија на сиромаштија или трошоци на основни потреби. Линијата на сиромаштија ја проценува минималната прехрамбена и непрехрамбена кошничка на добра и услуги потребни да се задоволат основните потреби. Таа, на ниту еден начин, не гарантира комфорна егзистенција или можеби онаква која ги има неопходностите на животот како што е доволната потрошувачка на средства или социјални услуги. Но таа гарантира дека се потрошувачка е таква што семејствата се способни да ги задоволат нивните потреби за храна без да мораат да пренасочуваат трошоци од она што општеството го смета за непрехрамбени основни потреби. Треба да се напомне дека оваа линија на сиромаштија е комплементарна на релативните и субјективните линии на сиромаштија кои ги користи Владата за мерење на процентуалното учество на домаќинствата кои живеат во сиромаштија. 13. Во 2003 година, се проценува дека 22 проценти од населението или околу 445 илјади лица живееле во сиромаштија. Од овие лица, 113 илјади (6 проценти од населението) имале потрошувачка под износот потребен да ја купат минималната прехрамбена кошничка, што укажува дека тие страдаат од екстремна немаштија и најверојатно биле неухранети. Концентрацијата на сиромаштијата во Скопје, секундарните урбани центри и во руралните области беше изненадувачки еднаква во опсег од 20 до 22 проценти од населението. Исто така, сиромаштијата не беше особено плитка бидејќи длабочината на сиромаштијата во 2003 година беше 7 проценти што покажува дека просечната потрошувачка на сиромашните би требало значително да се зголеми за да ја достигне линијата на сиромаштијата. 14. Повеќедимензионална анализа на сиромаштијата која ги вклучува образовната сиромаштија и сиромаштијата на домувањето во корелација со потрошувачката сиромаштија резултира со зголемување на стапката на сиромаштија на 51 процент. Образовната сиромаштија се дефинира како учество на население со помалку од средно образование додека сиромаштијата на домувањето се однесува или на пренаселени животни услови или градски домаќинства без канализација во нивна близина. xiii
Образовната сиромаштија погодува 36 проценти од населението што покажува дека македонскиот човечки капитал не е голем (види слика 2). Од друга страна, сиромаштијата на домувањето е релативно скромна и погодува само околу 7 проценти од населението. Анализата покажува дека заедничкиот недостаток на трите димензии на сиромаштијата не е вообичаен што покажува дека екстремната сиромаштија не е широко распространета. Слика ИР 4: Опаѓачки животен стандард и растечка сиромаштија промена во проценти Пораст на потрошувачка по квантил, 2002-2003 Најсиромашни 3 Најбогати 0-1 -2-3 -4-5 -6 квантил од населението Раст на потрошувачка по квантил Просечен раст на потрошувачка, Македонија промена во проценти 30 25 20 15 10 5 0-5 -10-15 Пораст на сиромаштијата по региони, 2002-2003 Скопје Други урбани Рурални Извор: Проценки на вработените на Светска банка врз основа на АПД 2003. 15. Клучните двигатели на (потрошувачката) сиромаштија во ПЈР Македонија се високо зависните односи големите домаќинства комбинирани со ниската вработеност на возрасните членови на домаќинството. Лицата на дното на дистрибуцијата најверојатно доаѓаат од домаќинства кои имаат многу членови особено деца и возрасни кои се или економски неактивни (многу веројатно поради повлекување од пазарот на трудот) или невработени. Други карактеристики кои ја зголемуваат веројатноста да се биде сиромашен се ниското ниво на образование и живеење во секундарните градски центри. Иако овие карактеристики не се неочекувани, изгледа дека сиромаштијата во голем дел е резултат на економските и социјалните политики несоодветни можности да се најде вработување (можеби губење на работата поради затворање на претпријатијата) и несоодветно истакнување на потребата од завршувањето на средно образование. 16. Најголемата демографска група на сиромашни се децата, особено многу малите деца. Се проценува дека 30 проценти од децата во возрасната група 0 6 години живеат во сиромаштија како и нешто помал дел од оние кои се стари 6 14 години. Ова треба да се спореди со 22 проценти кај помладите возрасни (15 39 годишна возраст) и 17 проценти кај постарите работоспособни возрасни (40 64 години). На позитивната страна, појавата на сиромаштијата помеѓу постарите (над 65 години) е компаративно мала. Веројатноста за сиромаштија изгледа континуирано се намалува со тек на животниот циклус. Сиромаштијата и нееднаквоста останаа стабилни и покрај умерениот економски раст xiv
17. Сиромаштијата остана стагнантна на околу 22 проценти во 2002 2003 иако економскиот раст во овој период беше 3 проценти. Не само што сиромаштијата не опадна туку и просечната потрошувачка на населението изгледа дека опадна за околу 1,3 проценти така што економскиот раст не придонесе за повисока потрошувачка за мнозинството на населението без разлика дали гледаме на оние на дното или на врвот на распределбата на приходите. 18. Националната стапка на сиромаштија крие големи промени на секторско ниво руралната сиромаштија значително опадна додека градската сиромаштија особено во второстепените градски центри значително се зголеми. Овие промени можеби може да бидат објаснети преку расчленување на економскиот раст на секторски компоненти. Опаѓањето на руралната сиромаштија е во согласност со 2 проценти пораст во земјоделскиот сектор. Од друга страна, и покрај тоа што новосоздадената вредност кај услугите и преработувачката индустрија се зголеми (6 и 3 проценти, соодветно), кај индустриските непреработувачки дејности забележана е негативна стапка на раст од околу 1 процент во текот на 2002-2003година. 19. Вработеноста опадна за 3 проценти во текот на 2002-2003 година што укажува на економски раст без создавање на работни места што е во согласност со зголемување на сиромаштијата. Помеѓу 2002 и 2003 година, вработеноста опадна и покрај економскиот раст. Иако моделот не е сосема јасен; работниците изгледа не се придвижиле кон сектори со повисока продуктивност и, како резултат на тоа, и со повисоки плати. Секторите со релативно високи нивоа на продуктивност, како што се трговијата, транспортот и врските и преработувачката дејност ослободуваа работна сила во овој период. Вработеноста се намали за 10 проценти во земјоделството, но изгледа дека вкупната вработеност во руралните области се зголеми што укажува на раст во нефармерските активности. 20. Нееднаквоста, исто така остана на исто ниво, што исто така, го блокираше подобрувањето во состојбата на сиромаштијата во 2002 и 2003 година. Општиот негативен раст на потрошувачката изгледа дека е еден важен фактор кој го објаснува развојот на сиромаштијата, но исто така, структурата на раст не ги фаворизираше сиромашните. Помеѓу 2002 и 2003 година, Gini коефициентот остана непроменет на 0,37 не покажувајќи подобрување во распределбата на приходите. Како што може да се види на сликата 3, моделот на порастот беше неповолен за сиромашните. Потрошувачката на посиромашните покажа подраматичен пад. 21. Владата распределува повеќе од една половина од нејзините вкупни расходи за трансфери за социјална заштита. Владата троши значителен дел од ресурсите 54 проценти од вкупните расходи или 19 проценти од БДП на тековни трансфери (исклучувајќи ја исплатата на долговите). Најголемиот дел од овие трансфери се за пензии, а остатокот за разни типови социјална помош. Ресурсите алоцирани кон социјалните трансфери се тежок товар за јавните финансии и одземаат ресурси од други важни и со поголема стапка на поврат на вложените средства трошоци вклучувајќи ги инвестициите во инфраструктурата. Тоа исто така го ограничува износот на дополнителни ресурси кои владата може да ги распредели при редистрибуцијата. 22. Во отсуство на социјално осигурување и социјални бенефиции, сиромаштијата значително ќе се зголеми како на национално ниво така и помеѓу корисниците на програмите. Исто така, 60 проценти од населението е корисник на најмалку една од програмите за социјална заштита директно или индиректно (живеејќи во домаќинство со xv
корисник на бенефиција). Трансферите за социјална заштита се одговорни за намалување на сиромаштијата од 35 проценти на 22 проценти од населението во 2003 година иако тоа во најголем дел е поради пензиските приходи (види во слика 4). Пензиите имаат најголемо влијание на сиромаштијата: без пензии националната стапка на сиромаштија би пораснала на 32 проценти. За сите други програми за социјална помош, зголемувањето на сиромаштијата како резултат на нивното прекинување би било за околу 2 процентни поени, донесувајќи ја националната стапка на сиромаштија до 24 проценти. Сепак, длабочината на сиромаштијата значително би се зголемила бидејќи и покрај тоа што тие трансфери не се доволни да се извлечат корисниците од сиромаштијата тие значително го дополнуваат приходот на сиромашните. Слика ИР 5: Стапки на сиромаштија со и без социјално осигурување и социјални програми (во % од квантил кој прима помош) 50 45 40 35 30 25 20 15 10 5 - Покриеност со програми за социјални заштита Пензии Соц. пом. Дет. дод. Здрав. осиг. Друго (% од трансфери во вкупна потрошувачка) Соодветност на бенефициите по квантили 25-20 15 10 5 Пензии Соц. пом. Дет. дод. Здрав. осиг. Друго К1 К2 К3 К4 К5 К1 К2 К3 К4 К5 Извор: Проценки на вработени на Светска Банка врз основа на АПД 2003. Забелешка: Здрав. осиг. значи приходи од здравствено осигурување ; соц. пом. се социјална помош ; дет. дод. e детски додаток и "друго е инвалидски и други субвенции. Растот ќе биде клучен за намалување на сиромаштијата, сепак подобро насочен систем на социјална заштита е потребен за да се максимизира ефективноста 23. Како заклучок, земјата се соочува со предизвикот за извлекување на голем дел од населението од тешкотиите преку спроведување на политиките за раст кој генерира нови работни места. Постојната економска структура не е во функција на подеднаква распределба на растот меѓу населението. Недостатокот на добри работни места достапни за сиромашните е главното објаснување за стагнацијата на сиромаштијата во овој период. Ова бара решителни мерки за зголемување на производството и растот на продуктивноста за да се зголеми создавањето работни места и оствари одржлив раст на реалните плати со тек на време. За македонското население а особено за сиромашните за да се пристапи до добро платените работи во формалниот сектор, Владата на Република Македонија ќе треба да ги идентификува клучните ограничувања за растот најверојатно од менито кое ги вклучува климата за инвестирање и реформата на пазарите на работна xvi
сила и на пазарите на добра кои го ограничуваат економскиот раст што би создал работни места. Меѓународното искуство покажува дека потпирањето на масивни социјални трансфери и со самото тоа и високите даноци на плати ги подриваат создавањето на работни места и растот. За подобро да се разбере состојбата на сиромашните потребна е повеќе работа 24. Овој извештај идентификуваше некои клучни празнини во знаењето. Подоброто разбирање на следните области ќе треба да обезбеди понатамошни насоки за идентификување на активностите на политиките за борба со сиромаштијата. Повеќе детали за структурата и функционирањето на пазарите на труд, особено на неформалните пазари на трудот и улогата на пазарите на труд во објаснувањето на регионалното изедначување на сиромаштијата во руралните и урбаните области. Многу малку знаеме за стратегиите на справување на семејствата во секундарните урбани центри каде сиромаштијата остро се зголеми помеѓу 2002 и 2003 година. Детерминантите на руралниот приход и улогата на земјоделството и нефармерските активности во зголемувањето на животниот стандард. Руралната сиромаштија значително се намали, но не е јасно дали е тоа поради зголемените приходи од земјоделство или подобрите можности за приходи од нефармерски активности. Подоброто разбирање и на приходните и неприходните димензии на сиромаштијата во руралните области ќе помогне во подоброто информирање на било кој дијалог на политиките за тоа како да му се помогне на руралното население. Влијанието на здравствените реформи врз животниот стандард, особено врз сиромашните. Иако подобрувањата во здравствениот систем се критични за осигурување на одржливоста на системот, потребна е повеќе работа за да се оцени колку овие реформи ги погодиле сиромашните и кои се ефектите од зајакнувањето на буџетските ограничувања врз пристапот на одредени групи. Улогата на етничката припадност како детерминанта на приходот. Како и во многу други развиени и земји во развој, разните етнички групи имаат различни приходи при еднакви останати карактеристики. Потребна е поопсежна анализа за да се одреди дали тоа е резултат на дискриминација или на видовите преферирани работни места. Ранливост. Сиромаштијата оди рака под рака со ранливоста и изложеноста на ризици кои, за домаќинствата кои живеат блиску до егзистенционалниот минимум може да биде закана за опстанокот. Кои се главните ризици со кои се соочуваат домаќинствата во руралните и урбаните центри, кои стратегии за справување ги користат и како политиките може да им помогнат на домаќинствата да го намалат негативното влијание на шоковите, пред и по нивното случување? Постоењето на замки на сиромаштија. Потребна е поширока анализа да се разбере дали постои маѓепсан круг кој континуирано репродуцира сиромаштија во земјата. Постои причина да се верува, на пример, дека децата кои припаѓаат на посиромашни домаќинства имаат помал пристап до образованието и здравствените услуги и поради тоа ќе имаат помали шанси да ја избегнат сиромаштијата во иднина. 25. Можеби уште поважно од пополнувањето на празнините во знаењето е потребата Владата да определи кои информации за домаќинствата подобро би ја информирале xvii
политичката дебата и би ги обликувале политиките. Анкетите на домаќинствата кои се вршат на годишно ниво даваат можност да се следат промените во благосостојбата бидејќи ако не е така Владата само ќе слуша протести или поддршка за реформите од најгласните групи во општеството наместо да добие поширок и попретставителен поглед. Со ограничувањето на анкетите на домаќинствата само на мерење на приходот или на потрошувачката сиромаштија во земјата, Владата пропушта важна можност да ги преточи своите реформски програми во цели кои треба да се постигнат, да развие показатели за следење на напредокот и да ги следи промените со тек на време. За да се спроведе оваа многу покорисна и соодветна агенда, поодговорен систем за следење на податоците за развојот би требало да се воспостави за да се задоволат потребите за информации на најновите и најважните политички дебати во земјата. xviii
ПОГЛАВЈЕ 1 ПРЕГЛЕД НА УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВОТ 1. ВОВЕД 1.1. Овој извештај дава општа проценка на состојбата на животниот стандард во земјата во периодот 2002 2003 година. Тој ги дополнува анализите направени од Владата, независни истражувачи и донатори за економскиот развој на земјата. Наместо да ги анализира успесите или неуспесите на политиките кои генерираат раст, извештајот го фокусира вниманието на испитувањето на животните услови какви што се денес. Бидејќи економскиот раст не е сам по себе цел туку е средство за постигнување одржливи подобрувања на животните услови на сите граѓани, колку се добри или лоши резултатите во крајна мера го одразува успехот или неуспехот на владините политики. 1.2. Во 1999 година, Светска Банка во соработка со Владата на Република Македонија изготви сличен извештај со наслов: ПЈР Македонија: Фокусирање на сиромашните. Тој извештај, исто така, ги проценуваше животните услови и обезбеди слика на сиромаштијата во земјата во годините од 1990 до 1996. Сепак, од тогаш многу работи се променија. Не само што се подобрија макроекономските услови туку земјата се поврати од работ на граѓански конфликт и разви план за децентрализација на власта. Исто така, земјата појде на патот на поголема глобална интеграција и во 2004 година ја поднесе својата апликација за членство во Европската Унија. Освен кај социјалниот и политичкиот развој, значајни подобрувања беа направени во системот за надгледување на сиромаштијата кој дава можност да се добие поточна слика за постојните услови. 1.3. За да ја исполни општата цел на обезбедување повеќедимензионална проценка на животните услови, овој извештај има за цел да ги спроведе следните задачи: Да се обезбеди поопширна претстава за тоа како животните услови земјата се споредуваат со другите земји во регионот; Да се определи нивото на сиромаштија помеѓу населението и да се опише профилот на сиромашните; и Да се анализира поврзаноста помеѓу растот и промените во сиромаштијата со тек на време. 1.4. Структурата на извештајот е следнава. Во ова поглавје почнуваме со меѓународна споредба на клучните општествени и инфраструктурни показатели кои даваат преглед за тоа како земјата се рангира во споредба со референтни земји од регионот на Европа и Централна Азија. Второто поглавје ги разгледува методолошките прашања во врска со проценката на апсолутната сиромаштија во земјата и дава проценка за учеството на делот од населението кое не е во состојба да го задоволи минималниот животен стандард. Третото поглавје ги разгледува главните карактеристики на сиромашните. Завршуваме со анализа на односот помеѓу економскиот развој и сиромаштијата со фокус на случувањата во 2002 и 2003 година. 1
Цели поврзани со Табела 1.1: Македонија: Напредок во милениумските развојни цели Најстаро достапно 1990-1994 Македонија ЕЦА /1 ЗСП /2 Најново достапно Најново достапно 2000-2003 2000-2003 Најново достапно 2000-2003 Глад Население под минималното ниво на енергетска исхрана (%) 15 11 8 10 Школство и пол Стапка на завршување основно училиште (% од соодветната старосна група) 97 99 90 95 Сооднос на девојчиња во однос на момчиња во основното и средното образование (%) 98,5 98,1 97,3 97,7 Здравство Стапка на смртност на доенчињата (на 1,000 живородени деца) 32 10 29 30 Стапка на смртност под 5 годишна возраст (на 1,000) 33 11 36 37 Раѓања под надзор на обучен медицински кадар (% од вкупниот број) -- 98 -- 87 Појава на туберкулоза (на 100,000 лица) 54 31 82 114 Животна средина Емисии на CO2 (метрички тони по жител) 5,3 5,5 6,7 3,2 Поврзаност Претплатници на фиксна и мобилна телефонија (на 1,000 лица) 148 448 438 403 Корисници на интернет (на 1.000 лица) 0,4 24,7 161 115,9 Друго БНП по жител, Атлас метод (тековни УСД) 1.350 1.980 2.580 1.930 Очекуван животен век при раѓање, вкупно (години) 71,6 73,6 68,5 69,7 Трговија (% од БНП) 62 89 70 63 Извор: База на податоци за показатели за светскиот развој, април 2005. 1. ЕЦА е Европа и Централна Азија. ЗСП е групата на земји со среден приход. 2. РАЗВОЈНИ ПОКАЗАТЕЛИ 1.5. Како се рангира земјата во поглед на непотрошувачките показатели на благосостојбата? Материјалниот недостаток е едно од многуте лица на сиромаштијата. Лошото здравство, несоодветното образование и немање на пристап до основните добра и немањето политички и општествени права се често силно поврзани со приходната сиромаштија, но и самите по себе исто така претставуваат показатели на недостатокот на благосостојба. Анкетата за потрошувачката на домаќинствата (АПД) не е солидна основа за анализа на неприходните димензии на сиромаштијата од регионална перспектива. Ова поглавје во најголем дел се заснова на официјални податоци од Светска Банка кои се извлечени од бројни извори вклучувајќи и одделни општествени и инфраструктурни истражувања. 1.6. Земјата направи значителен напредок во остварувањето на повеќе милениумски развојни цели. Учеството на населението под минималното ниво на 2
енергетска исхрана е намалено, стапките на завршување на основно образование сега се скоро универзални, стапките на смртност на децата и доенчињата се значително намалени како и појавата на туберкулоза (види табела 1.1). МРЦ беа во основа обмислени имајќи ги предвид земјите со ниски приходи и може да не бидат добар репер за следење на напредокот во благосостојбата во земја со ниво на развој како Македонија. 1 Слика 1.1: Здравствените показатели во споредба со другите земји на ЕЦА во години 85 80 75 70 65 60 Очекуван животен век 0 20,000 40,000 60,000 80,000 БДП по жител во УСД (ПКМ) ЕЦА МКД ЕУ-8 Pow er (ЕЦА) Умрени на 1.000 живородени Стапка на смртност на доенчиња 90 80 70 60 50 40 30 20 10 0 0 20,000 40,000 60,000 80,000 БДП по жител во УСД (ПКМ) ЕЦА МКД ЕУ-8 Pow er (ЕЦА ) Извор: Проценки на вработени на Светска Банка врз основа на податоци од WDI. Податоци за очекуваниот животен век за 2003 година и податоци за стапката на упис за 2001 година.. а/ ЕЦА е Земјите од регионот на Европа и Централна Азија, МКД е ПЈР Македонија и ЕУ-8 се новите земји членки на ЕУ: Чешка, Естонија, Унгарија, Летонија, Литванија, Полска, Словачка и Словенија б/ Податоци за стапката на упис во средно образование 1.7. Во деведесеттите години беа остварени големи и значајни подобрувања во индикаторите за здравство и образование. Се подобри состојбата на луѓето во аспектите од најголема важност за населението се продолжи очекуваниот животен век и стапките на упис во образованието се зголемија. Подобрувањата почнаа во почетокот на деведесеттите и продолжија низ целата декада дури и во текот на тешки економски периоди. Од 1990 до 2003 година просечниот очекуван животен век се продолжи за две години делумно како резултат на големото намалување на стапките на смртност на децата и доенчињата. Стапките на упис во средното образование рапидно пораснаа од 56 на 85 проценти. 3. СОЦИЈАЛНИ ПОКАЗАТЕЛИ И ПРИСТАП ДО ИНФРАСТРУКТУРАТА 1.8. Здравствените индикатори во ПЈР Македонија се релативно добри во споредба со нејзиното ниво на приходи. Клучни показатели на здравствената состојба на населението се очекуваниот животен век и стапките на смртност на доенчињата, децата и 1 Милениумските развојни цели (МРЦ) вклучуваат отстранување на екстремната сиромаштија и на гладот, постигнување универзално основно образование, унапредување на еднаквоста меѓу половите и зајакнување на улогата на жените, намалување на смртноста на децата и подобрување на здравјето на мајките, борба против ХИВ/СИДА, маларија и други болести, осигурување на еколошка одржливост и развивање глобални партнерства за развој. Секоја цел има повеќе показатели. За сите показатели види http://www.developmentgoals.org/. 3
мајките. Подетално расчленети податоци за здравствената состојба во земјите со среден и поголем приход се фокусираат на морбидитетот на возрасните како што е појавата на коронарна болест. За да се обезбеди поопшта споредба на здравствената состојба во ЕЦА може да видиме дека очекуваниот животен век е над, а стапката на смртност на бебињата е под онаа во референтни земји. Здравствената состојба е функција од многу фактори вклучувајќи достапност на вода за пиење, ниво на образование (особено на жените), безбедност на патиштата и на работното место и ефективен систем на здравствена заштита. Македонската инфраструктура е добро развиена така што не е извор на инфекции и болести кои би воделе до поголем морбидитет и морталитет, особено кај малите деца и постарите лица. Слика 1.2: Меѓународна споредба на средното и високото образование во проценти 190 170 150 130 110 Бруто стапки на упис во средно образование 90 70 50 0 20,000 40,000 60,000 БДП по жител во УСД (ПКМ) ЕЦА МКД ЕУ-8 Pow er (ЕЦА) во проценти 90 80 70 60 50 40 30 20 10 0 Бруто упис во терцијарно образование 0 20,000 40,000 60,000 БДП по жител во УСД (ПКМ) ЕЦА МКД ЕУ-8 Pow er (ЕЦА ) Извор: Проценки на вработени на Светска банка врз основа на податоци од WDI, 2001 а/ ЕЦА се земјите од регионот на Европа и централна Азија ", МКД е ПЈР. Македонија, а ЕУ-8 земјите се новите земји членки на ЕУ: Чешка, Естонија, Унгарија, Летонија, Литванија, Полска, Словачка и Словенија. б/ Податоци за вкупниот упис во средно образование 1.9. Реформите во здравствениот систем дадоа главен придонес за намалувањето на стапките на смртност во последните неколку години. Како што може да се види во табелата 1.1, стапките на смртност на децата и бебињата значително опаднаа, за околу две третини, во последната деценија. Напредокот беше направен од страна на Владата преку обука на здравствените работници за употреба на протоколи базирани на докази и обезбедување опрема што беше направено кон крајот на деведесеттите години. 2 Намалувањето на показателите на смртноста, исто така доведе до зголемување на индикаторите за очекуваниот животен век. Понатамошни подобрувања на здравствениот систем се во тек при што агендата на реформите се фокусира на зголемување на финансиската одржливост на системот на подолг рок преку подобра употреба и распределба на средствата во рамките на секторот. 1.10. Здравствените показатели на Македонија се споредливи со оние на новите земји членки на ЕУ од централна и источна Европа (ЕУ-8) 3. Краток преглед на сликата 1.1 покажува дека показателите на Македонија, иако најчесто не се добри како кај 2 Македонија: Проект за управување со здравствениот сектор, Документ за оценка на проектот. Извештај 27760-MK. 3 ЕУ-8 земјите се Чешка, Естонија, Унгарија, Летонија, Литванија, Полска, Словачка и Словенија. 4
најголемиот дел на ЕУ-8 земјите сепак се во согласност со нејзиниот понизок БДП по жител како што се и во најголем дел оние на ЕУ-8. Донекаде исклучоци се очекуваниот животен век на мажите и стапките на смртност на мајките. Очекуваниот животен век на мажите во ЕУ-8 е понизок поради појавата на алкохолизам и туберкулоза. ПЈР Македонија има пониски стапки на смртност на мајките во споредба со Летонија и Естонија. 1.11. Македонските бруто стапки на упис во средно и високо образование се на пониската страна од скалата иако сеуште во голема мерка во согласност со нивото на приходи. Стапките на упис во средно и високо образование се 84 и 27 проценти, соодветно како што може да се види на сликата 1.2. Иако овие стапки на упис се донекаде под просекот тие не се особено лоши за нивото на развој на земјата. Сепак, земајќи ја во предвид желбата на Македонија да стане членка на ЕУ, стапките на упис се доста под просеците за средно и високо образование во ЕУ-8 (98 и 54 проценти соодветно). Исто така, ниските стапки на упис во средно образование се особено загрижувачки бидејќи за една современа економија, особено за економија која се стреми да се интегрира во Европа, клучот на просперитетот лежи во продуктивноста на работната сила која делумно е определена од соодветната обука и нивото на образование. Слика 1.3: Меѓународна споредба на невработеноста и продуктивноста Стапки на невработеност Продуктивност на вработени 35 140 во проценти 30 25 20 15 10 5 0 0 20,000 40,000 60,000 БДП по жител во УСД (ПКМ) ЕЦА МКД ЕУ-8 Pow er (ЕЦА) Производство по вработен во '000 УСД 120 100 80 60 40 20 0 0 20,000 40,000 60,000 80,000 БДП по жител во УСД (ПКМ) ЕЦА МКД ЕУ-8 Pow er (ЕЦА ) Извор: Проценки на вработени на Светска банка врз основа на податоци од WDI, 2001 а/ ЕЦА се земјите од регионот на Европа и централна Азија ", МКД е ПЈР Македонија, а ЕУ-8 земјите се новите земји членки на ЕУ: Чешка, Естонија, Унгарија, Летонија, Литванија, Полска, Словачка и Словенија. б/ Податоци за вкупниот упис во средно образование 1.12. Во споредба со ЕУ-8, ПЈР Македонија има исклучително висока невработеност што покажува економски систем кој недоволно го користи човечкиот капитал. Стапката на невработеност во земјата во 2003 година се проценува на 31 процент. Дури и кога ќе се користат податоците од анкети на домаќинствата, стапката на невработеност сеуште е висока и многу над просекот на ЕЦА или на ЕУ-8. Стапки на невработеност во земјата се традиционално високи што покажува дека структурните крутости сеуште постојат и покрај значителните реформи. Исто така, подобра мерка би можела да биде стапката на вработеност едноставно поради тоа што долгорочната вработеност може да резултира со тоа значителен број луѓе да се повлечат од работната 5