УНИВЕРЗИТЕТ Св. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ -Отсек за патен сообраќај и транспорт Ред.проф.д-р Иво Дукоски дип.сообр.инг. Соња Д.Шикалоска УЛОГАТА НА АВТО ШКОЛАТА ВО ЕДУКАЦИЈА НА МЛАДИТЕ ВО СООБРАЌАЈОТ КАКО ИДНИ ВОЗАЧИ Битола, 2014
Современиот развој на сообраќајот подразбира соодветна сообраќајна култура и наобразба и укажува на потребата од адекватен пристап за едукација на младите за безбедно учество во патниот сообраќај како возачи на возила на моторен погон. Авто школата има важна улога во едукација на младите во текот на оспособувањето, а особено на младите под 18 години (постармалолетник).
Едукацијата на младите во авто школите има посебно значење во сообраќајот особено поради високиот степен на моторизацијата, како и зголемениот број на малолетни лица кои учествуваат во сообраќај како возачи на возила од различни категории. Безбедноста на младите е клучен проблем на нашето друштво, како клучни елементи за безбедноста во сообраќајот можат да се издвојат-едукација и санкција.
Санкциите мора да бидат ефикасни и поригорозни,односно: -превентивни воспитни мерки и -репресивни казнени мерки Едукацијата мора да биде секојдневна и корисна, а започнува во кругот на семејството во воспитно-образовна институција, авто школа до факултет и работа.
Клучни елементи за безбедноста во сообраќајот Едукација Санкција Воспитнообразовните институции Ефикасни Поригорозни Авто школите Факултет Работа
Едукација на младите учесници во сообраќајот Улогата на семејството и воспитно-образовните установи имаат важна улога во развивање на сообраќајната култура и свест кај учесниците во сообраќајот, како последен степен на сообраќајно образование е оспособувањето на кандидатот во авто школа за иден возач. Школувањето или обучувањето на кандидатите за возачи во авто школите е од посебно значење за едукација на младите во сообраќајот, а се спроведува во неколку фази: Изучување на основните правила и прописи за учество во собраќајот со посетување на теоретка настава; Проверка на стекнатите знаења за правилата и прописите преку пробно тестирање; Совладување на вештините и техниките на управување со возилата на моторен погон; Во текот на оспособување кај кандидатот многу е важно да се разие сообраќајната култура и свест за безбедно учество во сообраќајот.
Едукацијата на учесниците во сообраќајот не треба да заврши со стекнување право за управување со возилата на моторен погон туку и понатаму треба да продолжи на факултет на работа и во пензионерските денови. Превентивни мерки има многу, меѓутоа важна улога имаат сообраќајното образование и воспитување пред се на децата, младите и старите лица како најмногубројни учесници во сообраќајот преку најразлични трибини и советувања со цел постојано да се запознаваат со најновите измени во Законот за безбедност.
МВР како институција надлежна за контрола и регулирање на сообраќајот за одредени лесни прекршоци изрекува советодавна санкција. АШ земаат активно учество во едукација на учесниците во сообраќајот со теоретски предавања, стручни совети и снимен видео материјал со цел да се запознаат прекршителите за можните опасности и последици за направениот прекршок, како и со најновите измени на законските регулативи.
Советодавна санкција кај учесниците во сообраќај најчесто се изрекува за одредени полесни прекршоци како што се: Неправилно користење на сообраќајните површини- страна на движење како и неправилно паркирање ; Неправилно преминување на пешаците преку коловозот, надвор од обележен пешачки премин и непочитување на светлосните сигнални уреди-семафори; Непочитувањето на вертикалната и хоризонталната сигнализација од страна на возачите на велосипеди или велосипеди со помошен мотор (влегување во улици со еднонасочен сообраќај, неправилно држење на страна на движењеисл); Не носење на заштитен шлем-кацига при управување со вел.со помошен мотор, како и превезување на др.лица без заштитна кацига;
Графички приказ на категории на МВ со кои управуваат малолетни лица Категоории на МВ со кои што управуваат малолетни лица М -национална категорија(вел.со мотор до 50cm 2) со наполнати 14 години А1 - поткатегорија(моторц икли до 125cm 3 и до 11kw) со наполнати 16 години Б -категорија(пмв до 8седишта и МВ со носивост до 3.500kg)со наполнати 16 години
Наставни содржини за оспособување на кандидати за возачи теоретски и практично Катег.на МВ Возраст Оспособување на кандидатот теоретски практично М-нац.катег 14 10 / А1 16 16 16 Б-постар малолетник 16 20 47 Б 18 20 36
Во наредните табели ќе бидат претставени податоците добиени од испитните центри и тоа: ИЦ-Струмица, ИЦ-Тетово и ИЦ-Охрид со цел да видиме колкав е бројот на млади учесници во сообраќај како возачи на возила на моторен погон.
Табеларен преглед на бројот на малолетни лица кои полагале и во целост го положиле испитот во Испитниот центар-асструмица за период 01.01.2012 до 31.12.2013 година Категории и поткатегории Вкупно пристапиле на испит Положиле Неположоле 2012 2013 2012 2013 2012 2013 А1 7 6 5 3 2 3 М 82 58 78 48 4 10 Вкупно 89 64 83 51 6 13
Од табелата јасно се гледа дека бројот на учесници во сообраќајот односно возачи на велосипеди со помошен моторкои спаѓаат во: - М нац.категорија е многу поголем од бројот на учесници кои управуваат - моторцикли кои спаѓаат во А1 - поткатегорија.
Табеларен преглед на бројот на кандидати во Испитниот центар Авто мото Старт -Тетово за период 01.01.2013 до 31.12.2013 година Категории и поткатегории Вкупно пристапиле на испит Положиле Неположоле А1 / / / М / / / Вкупно / / /
Табеларен преглед на кандидати од М -национална категорија за период од 01.04.2008 до 31.12.2013 година во ИЦ-Охрид М Национална категорила Испитен центар АМД-Кичево Ипитува-Охрид вкупно полагале положиле % неположиле % 2008 69 59 85.51 10 14.49 2009 64 52 81.25 12 18.75 2010 28 24 85.71 4 14.29 2011 81 74 91.36 7 8.64 2012 328 147 44.82 181 55.18 2013 29 26 89.66 3 10.34 Σ 599 382 63.77 217 36.23
Табеларен преглед на кандидати од А1 поткатегорија за период од 01.04.2008 до 31.12.2013 година во ИЦ-Охрид А1 Поткатегорија вкупно полагале Испитен центар АМД-Кичево Ипитува-Охрид Положиле тест по првп пат % Целосно го положиле испитот по првпат % неположи ле % 2008 8 8 100 5 62.5 3 37.5 2009 7 4 57.14 5 71.42 1 14.29 2010 5 4 80 4 80 1 20 2011 1 1 100 1 100 0 0 2012 1 0 0 0 0 1 100 2013 3 1 33.33 1 33.33 2 66.67 Σ 24 18 75 16 66.67 8 33.33
Од податоците добиени од ИЦ-Охрид за бројот на кандидати кои го положиле возачкиот испит за управување со МВ кои што спаѓаат во А1 поткатегорија можеме да заклучиме дека бројот на кандидати кои полагаат за оваа поткатегорија се намалува, а како основна причина сметам дека се најновите измени на Законот за безбедност, односно полагање на возачки испит за упрвавување со МВ кои што спаѓаат во Б - категорија со наполнати 16 години.
Во табелата се претставени бројот на кандидати со наполнати 16 години во ИЦ- Охрид Испитен центар АМД-Кичево Ипитува-Охрид % неположил е % Целосно го положиле испитот % Положиле по првп пат вкупно полагале Б Категорија со 16год. 2013 21 3 14.26 17 85.71 1 4.76 2014 46 7 15.21 32 69.56 7 15.21 Σ 67 10 14.92 49 73.13 8 11.94
Како што може да се заклучи дека бројот на младите учесници во сообраќајот се зголемува. Возач почетник -млад возач како возач на возило на моторен погон на почеток на возачката пракса потребно е да знае дека секоја нова ситуација бара прилагодување со постојано следење на сообраќајот сооглед дека сообраќајот се одвива брзо и динамично, а основни правила за сите млади учесници во сообраќајот се: -прилагодување на брзината на движење; - правилно престигнување и - додека возиш не консумирај алкохол.
Од добиените податоци за бројот на положени кандидати од ИЦ претставени во табели јасно се гледа дека секојднево имаме зголемен број на млади возачи, малолетни лица т.н возачипочетници,азанивеважнодагознаатследното: - Возењето не е право туку превилегија и тоа превилегија е само за оние кои возат според правилата и прописите и кои со своето возење не ги загрозуваат другите учесници во сообраќајот односно, - Дефанзивното возење е партнерство за преживување, контролирај се или ќе станеш жртва.
Виблагодарам!