05.04.2017 Забелешки кон Уредбата за дополнување Граѓанска иницијатива О2 коалиција за чист воздух бул. Партизански одреди бр.72a/41 1000 Скопје contact@o2koalicija.mk Скопје, 05.04.2017 година Граѓанска иницијатива "Воздух Сега!" Граѓанска иницијатива"ние сме Карпош 4" Граѓанска иницијатива "Стоп на загадувањето" Здружение Прва детска амбасада во светот МЕЃАШИ - Скопје Еколошко здружение - Движење ЕКО ГЕРИЛА - Тетово Граѓанска иницијатива "Мајка и дете - Тетово" Граѓанска иницијатива "Скопје Смог Аларм" Граѓанска иницијатива "Спас за Водно" Здружение за развој и активно делување и поттикнување и на граганскиот сектор ЗА НАС СЕ РАБОТИ - Битола Граѓанска иницијатива "Куманово бара чист воздух" Граѓанска иницијатива "Скопје бара чист воздух" Граѓанска иницијатива "Охрид ЅОЅ" Здружение за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н. До: Министерство за животна средина и просторно планирање Предмет: Забелешки кон предлог-текстот на дополнувањето на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови за алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели" ВРСКА: Нацрт Верзија на Уредба за дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели. (веб страна на МЖСПП 31.03.2017год) стр. 1 од 6
05.04.2017 Забелешки кон Уредбата за дополнување Почитувани, Со оглед на загрижувачката состојба со аерозагадувањето на териоторијата на Р.Македонија, сметаме дека за ова прашање е потребен подолг период за запознавање на јавноста со важноста и значењето на донесување на ваков тип на уредба. Имено, поголемиот дел од јавноста не е запознаена зошто се воведуваат овие прагови и што значат тие. Со оглед на тоа, предвидениот рок за забелешки на текстот, од нецели 5 работни дена, не е доволен да се вклучат поголем број на граѓани и граѓански организации со свои забелешки. Покрај краткиот рок, моментално сме во период кога веќе не е толку алармантно загадувањето, а од друга страна фокусот на јавноста е на политичката состојба во државата, и се сомневаме во целта на донесувањето на овие измени. Сметаме, исто така, дека вакви измени во ова поле се од големо значење за да по нив одлучува техничка/привремена влада. Сакаме и бараме измени, но такви кои ќе донесат подобрување на состојбата во поглед на намалување на аерозагадувањето и во однос на таа цел очекуваме сериозен и темелен пристап од Минситерството и следната Влада. Целта на една ваква уредба е пред сè, подобрување на квалитетот на воздухот, односно намалување на аерозагадувањето со тоа што ќе се стреми да ги намали граничните вредности и да се постигнат целните вредности на загадување согласно препораките на СЗО, кон кои стреми цела Европа, а кои не се загрозувачки кон здравјето на граѓаните. Сметаме дека ваква уредба не е во согласност со НАЦИОНАЛЕН ПЛАН ЗА ЗАШТИТА НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА ПЕРИОД ОД 2013 ДО 2018 ГОДИНА во кој јасно се наведени препораките на СЗО и ЕУ во поглед на штетноста по здравјето на луѓето од изложеноста над истите. Имено, имајќи ја предвид големата опасност по здравјето на човекот според Светската здравствена организација, PM10 не смее да е поголемо од 20 μg/m3 годишно. И не повеќе од 3 дена во годината над 50 μg/m3 дневно. A PM2.5 до 10 μg/m3 годишно и 25 μg/m3 дневно. ЕУ и ние сме се договориле со закон PM10 да не е поголемо од 40 μg/m3 годишно и не повеќе од 35 дена во годината над 50 μg/m3 дневно. - Рокот од 1.1.2012 кога требаше нивото на PM10 да се доведе до законски пропишаното и да не ја надминува повеќе од 35 дена годишно вредноста од 50 μg/m3 е изминат повеќе од 5 години. - Повеќе од 12 години има поминато од носењето на Законот за квалитетот на амбиентниот воздух. стр. 2 од 6
05.04.2017 Забелешки кон Уредбата за дополнување После толку време поминато со закони, транспонирање ЕУ директиви, уредби, рокови, навистина е потребно проблемот со загадувањето на воздухот да почне да се решава, а не да се остава статус кво. ПРИЛОГ 1: Во прилог на оваа забелешка доставуваме и податоци кои го потврдуваат тоа. Вашиот предлог за праг на информирање и алармирање за PM10 оди само во прилог на последново. Ситуацијата да остане неизменета. А таа е катастрофална. Со по 10 дена во зимските месеци, ако и толку, со дозволена концентрација на PM10, а мерки отсуствуваат. ПРИЛОГ 2 : Во прилог на оваа забелешка доставуваме и податоци кои го потврдуваат тоа. Во Ревизорскиот извештај Ефикасноста на мерките за обезбедување на квалитетот на воздухот во Република Македонија од 13.05.2015 заклучено е дека поради високите концентрации и големиот број на денови со надминување вашето Министерство потребно е да утврди праг на алармирање и информирање за PM10 и да ги внесе во подзаконскиот акт - Уредбата за гранични вредности, по примерот на европските градови. Вие по две години поднесувате предлог за праг на алармирање и информирање за PM10 кој е далеку од примерите на европските градови. Секои 10 μg/m3 на зголмување и намалување на PM10 значат многу за порастот или намалувањето на ракот на бели дробови и ред други болести. Да поставите праг на алармирање, чија основна цел е да го заштити целото население од штетните и опасни последици по здравјето при краткотрајно изложување, 5 пати повисок од дозволеното ниво, односно 4 пати во крајната негова целна вредност, а да знаете притоа колкава разлика прават секои 10 μg/m3 и да поставите цели 200 μg/m3 односно 150 μg/m3 над дозволеното ниво за PM10 е спортивно на основната, првенствено заштитна цел на воведување на праг на алармирање. Со вака дефинирано надминување на праг на алармирање воведувањето на мерки согласно член 27а за краткорочни акциони планови станува практично невозможно. Можноста одредена со член 59 од Законот за квалитетот на амбиентниот воздух да се ограничи или забрани сообраќајот на определени места во урбани и/или рурални подрачја за одредено времетраење, сè додека не се постигнат граничните вредности во случаи на надминување на прагот на алармирање станува неупотреблива. Сите законски можности за воведување мерки кои би го намалиле загадувањето во најбрз можен рок стануваат неупотребливи. Со вака дефиниран праг на алармирање за PM10 вие носите одлука за поддржување на високо опасната состојба со загадениот воздух во државава и поддржувате не делување за негово намалување. Спротивно на вашата основна функција, заштита на животната средина и здравјето на населението. Со оглед на тоа што сегашниот праг на алармирање за PM10 користи надминување на вредноста од 100 μg/m3 во текот на 10 последователни дена и добиена временска прогноза за стабилна временска состојба со појава на магла од УХМР во наредните 5 дена, свесни сме дека вака дефинираниот праг од 100 μg/m3 беше повеќе пати надминатво континуитет стр. 3 од 6
05.04.2017 Забелешки кон Уредбата за дополнување и повеќе од 10 дена, а при тоа немавме никакви реакции. ПРИЛОГ 3: Во прилог на оваа забелешка доставуваме и податоци кои го потврдуваат тоа. Во образложението стои: Но, нивната примена ни овозможи да дојдеме до сознание дека периодот од 5, односно 10 дена за информирање на јавноста, односно примена на итни краткорочните мерки е предолг. За таа цел, Министерството за животна средина и просторно планирање во координација со претставниците на Интерсекторската работна група за воздух и експерти од Финска и Италија, пристапи кон ревизија на праговите, при што периодот од 5 односно 10 дена драстично го намали на 2 дена, но ја зголеми вредноста на прагот. Се согласуваме дека е потребно намалување на 2 дена, но се прашуваме зошто е потребно прагот на алармирање за PM10 да се зголеми од 100 на 250 за првата (односно 200 μg/m3 во 2022) година? Се прашуваме и зошто се вметнуваат и дополнителни услови (број на станици и временска прогноза) без чие исполнување Прагот на алармирање не се смета за надминат? Прагот на информирање ги дефинира пониските концентрации, кои, откако ќе бидат надминати се ризик за човековото здравје при краткотрајна изложеност, особено на чувствителните делови на населението, при кое што е потребно навремено информирање. Имајќи ги предвид препораките на СЗО, се прашуваме дали ќе бидат навремено информирани постарите граѓани, трудниците, хронично и срцево болните, малите деца, лицата со астма и сите други кардиоваскуларни и респираторни болести? Може со денови да траат средни дневни концентрации од 140 μg/m3 за PM10на сите мерни станици, а овие граѓани никогаш да не бидат ниту информирани. Ова е апсолутно недозволиво. Дополнителните услови за недeфинирани временски прогнози и недефиниран временски период за истите се неприфатливи. Со тоа и се овозможува наместо што поскоро решавање на овој проблем и итно намалување на овие вредности, периодот во кој ќе имаме абнормални вредности (вредности повисоки од законски гарантираната гранична вредност) да го продолжиме и поддржиме и во следните години. Ситуацијата со аерозагадувањето во државата е таква да нема простор за тактизирање, одолговлекување и префрлање на проблемите за друго време. Наместо донесување уредби со кои ќе се толерира нереагирањето и несправувањето со овој проблем треба сериозно да се сфати проблемот и да се преземат сите возможни мерки за негово решавање. Ваквиот предлог за Праговите на алармирање и информирање за полутантот PM10, кој треба да се вметне во горе споменатата Уредба, е НЕДОЗВОЛИВ. стр. 4 од 6
05.04.2017 Забелешки кон Уредбата за дополнување Забелешки на конкретните членови: Во Член 3 - Во податокот за праг на иформирање, бројот 150 е неприфатлив, истиот треба да биде намален, согласно препораките на СЗО, ЕЕА и по примерот на европските градови! - Во податокот за праг на алармирање, бројот 200 и маргината за толеранција се неприфатливи. Прагот на алармирање за PM10 треба да биде намален, согласно препораките на СЗО, ЕЕА и по примерот на европските градови! - Дефинирање на услов кој ќе биде исполнет само ако двата услови се исполнети остава простор за негово не исполнување. - Вториот услов за добивање на прогноза за стабилна временска состојба во нареден период, остава простор за произволни толкувања. Што е стабилна? Каде ваквата состојба е дефинирана, дали може прогноза (која се базира на веројатности и предвидувања- каде што е нормално да има грешки) смее да биде услов? Колкав е наредниот период? 1 ден? Дали тоа значи дека за нареден период се сметаат следните 3-4 месеци кога ќе помине критичниот период за загадувањето? Неприфатливо е да има било какво условување на исполнувањето на прагот, така што овој дел од реченицата е недозволив. - Потребата да бидат праговите измерени на 50% од поставените мерни станици во градот, доколку во градовите се поставени повеќе од една мониторинг станица е непотребна. Со оглед на тоа што на териоторијата на Македонија има многу малку поставени мерни станици и не е пропишано колку е дозволиво да бидат вон функција, можно е да се случуваат почести дефекти, исклучувања на клучните мерни станици во периодите на алармантно загадување и можно е да имаме ситуации каде што нема да може да се реагира само заради технички причини, на пр. немање резервни делови за мерна станица и сл. Затоа сметаме дека и оваа реченица е непотребна и недозволиво е какво и да е условување за надминување на прагот на алармирање. Со подигање на прагот ја покажуваме нашата немоќ во справување со аерозагадувањето и по децениски пристап, со тоа што си дозволуваме да имаме вредности за праг на алармирање, кои во својата целна вредност и по 5 години од сега, во 2022година, се 4 пати или за 400% повисоки од оној што се смета за дневна гранична вредност согласно законот. Во очекување на Ваш позитивен одговор, Со почит, стр. 5 од 6
05.04.2017 Забелешки кон Уредбата за дополнување Граѓанска иницијатива "О2 коалиција за чист воздух" Граѓанска иницијатива "Воздух Сега!" Граѓанска иницијатива"ние сме Карпош 4" Граѓанска иницијатива "Стоп на загадувањето" Здружение Прва детска амбасада во светот МЕЃАШИ - Скопје Еколошко здружение - Движење ЕКО ГЕРИЛА - Тетово Граѓанска иницијатива "Мајка и дете - Тетово" Граѓанска иницијатива "Скопје Смог Аларм" Граѓанска иницијатива "Спас за Водно" Здружение за развој и активно делување и поттикнување и на граганскиот сектор ЗА НАС СЕ РАБОТИ - Битола Граѓанска иницијатива "Куманово бара чист воздух" Граѓанска иницијатива "Скопје бара чист воздух" Граѓанска иницијатива "Охрид ЅОЅ" Здружение за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н. стр. 6 од 6
ПРИЛОГ 1
ПРИЛОГ 2 стр.1 од 4
стр.2 од 4
стр.3 од 4
стр.4 од 4
ПРИЛОГ 3 стр.1 од 9
стр.2 од 9
стр.3 од 9
стр.4 од 9
стр.5 од 9
стр.6 од 9
стр.7 од 9
стр.8 од 9
стр.9 од 9