TEHNOLO[KO-METALUR[KI FAKULTET ИЗВЕШТАЈ

Σχετικά έγγραφα
Φύλλα Εργασίας. Работни Листови. Εκπαιδευτικό Υλικό

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ- СКОПЈЕ Е Л А Б О Р А Т

ПРИМЕНА НА ИКТ КАКО АЛАТКА ВО НАСТАВАТА PO УЧИЛИШТАТА ВО РМАКЕДОНИЈА

ТАРИФЕН СИСТЕМ ЗА ДИСТРИБУЦИЈА

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Технички факултет-битола ЕЛАБОРАТ. за повторна акредитација на студиската програма по

М-р Јасмина Буневска ОСНОВИ НА ПАТНОТО ИНЖЕНЕРСТВО

UNIVERZITETSKI BILTEN

ЈАКОСТ НА МАТЕРИЈАЛИТЕ


37. РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2013 основни училишта 18 мај VII одделение (решенија на задачите)

НАПРЕГАЊЕ ПРИ ЧИСТО СМОЛКНУВАЊЕ

Етички став спрема болно дете од анемија Г.Панова,Г.Шуманов,С.Јовевска,С.Газепов,Б.Панова Факултет за Медицински науки,,универзитет Гоце Делчев Штип

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ Б И Л Т Е Н УНИВЕРЗИТЕТОТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ. Број 1129

2. Просечната продажна цена на електрична енергија по која АД ЕЛЕМ - Скопје, подружница Енергетика, ги снабдува потрошувачите за 2018 година од:

ИСПИТ ПО ПРЕДМЕТОТ ВИСОКОНАПОНСКИ МРЕЖИ И СИСТЕМИ (III година)

Универзитет Св. Климент Охридски Битола Технички факултет Битола

Податоците презентирани во извештајот не ги одразуваат мислењата и ставовите на донаторите на проектот. Проектот Мојот пратеник е поддржан од:

4. Оваа Одлука влегува во сила со денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија, а ќе се применува од 1 јули 2018 година.

ИНДУСТРИСКО ИНЖЕНЕРСТВО И МЕНАЏМЕНТ

ИНЖЕНЕРСТВО ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА И РАБОТНА СРЕДИНА

ЕЛАБОРАТ ЗА РЕАКРЕДИТАЦИЈА НА СТУДИСКА ПРОГРАМА ОД ТРЕТ ЦИКЛУС УНИВЕРЗИТЕТСКИ СТУДИИ ПО

О Д Л У К А. 3. Жалбата изјавена против оваа Одлука, не го одлага нејзиното извршување.

ЗАДАЧИ ЗА УВЕЖБУВАЊЕ НА ТЕМАТА ГЕОМЕТРИСКИ ТЕЛА 8 ОДД.

Тарифен став (денари) Пресметковна. Тарифно Потрошувачи на висок Единица величина. напон 35 kv * 35 kv 10 kv Моќност kw 943,62 994,66 767,14.

σ d γ σ M γ L = ЈАКОСТ 1 x A 4М21ОМ02 АКСИЈАЛНИ НАПРЕГАЊА (дел 2) 2.6. СОПСТВЕНА ТЕЖИНА КАКО АКСИЈАЛНА СИЛА Напонска состојаба

О Д Л У К А. 3. Жалбата изјавена против оваа Одлука, не го одлага нејзиното извршување.

Издание на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје

ПРЕДЛОГ ПРОЕКТ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА ТРЕТ ЦИКЛУС ДОКТОРСКИ УМЕТНИЧКИ СТУДИИ ПО

Universiteti Shtetëror i Tetovës Државен универзитет во Тетово State University of Tetova

МЕХАНИКА 1 МЕХАНИКА 1

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ФАКУЛТЕТ ПО ИНФОРМАТИКА. Катедра за математика. Сања Пачемска

46. РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА април II година (решенија на задачите)

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

Предизвици во моделирање

а) Определување кружна фреквенција на слободни пригушени осцилации ωd ωn = ω б) Определување периода на слободни пригушени осцилации

Доц. д-р Наташа Ристовска

Проф. д-р Ѓорѓи Тромбев ГРАДЕЖНА ФИЗИКА. Влажен воздух 3/22/2014

ЕЛАБОРАТ ЗА. прв циклус академски студии за студиска програма МЕХАТРОНИКА

ПРЕДМЕТНИ ПРОГРАМИ ОД СТУДИСКАТА ПРОГРАМА ПО КЛАСИЧНА ФИЛОЛОГИЈА СО ИЗБОРНИТЕ МОДУЛИ (АНТИЧКИ СТУДИИ ИЛИ ВИЗАНТОЛОГИЈА)

UNIVERZITETSKI BILTEN

Социјалните мрежи како алатка во процесот на управување со знаење

Бр. _ _. Скопје

ИНТЕРПРЕТАЦИЈА на NMR спектри. Асс. д-р Јасмина Петреска Станоева

УЛОГАТА НА АВТО ШКОЛАТА ВО ЕДУКАЦИЈА НА МЛАДИТЕ ВО СООБРАЌАЈОТ КАКО ИДНИ ВОЗАЧИ

Б И Л Т Е Н НА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА 67

Бр. _ _ Скопје

С Т А Т У Т НА ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ЈАВНИ ПАРКИРАЛИШТА ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ

О Д Л У К А. 3. Жалбата изјавена против оваа Одлука не го одлага нејзиното извршување.

Елисавета Сарџоска 1 Виолета Арнаудова Институт за психологија, Филозофски факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј Скопје

Тарифи за пресметковни елементи активна ел.енергија (ден/kwh) реактивна ел.енергија (ден/kvarh) 3,1964 0,1994 0,0798. Врвна активна моќност (ден/kw)

АНТРОПОМЕТРИСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ КАЈ ДЕЦАТА ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ANTHROPOMETRIC CHARACTERISTICS OF PRIMARY SCHOOL CHILDREN

BEC - TSB.

ВЕРОЈАТНОСТ И СТАТИСТИКА ВО СООБРАЌАЈОТ 3. СЛУЧАЈНИ ПРОМЕНЛИВИ

ЗА ПОДГОТОВКА НА БАРАЊЕТО ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ТАРИФА ЗА ВОДНА УСЛУГА ПОДНЕСОЦИТЕ И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ОЦЕНА

год. V / бр. 32 / СПИСАНИЕ НА КомораТА на овластени архитекти и овластени инженери на република македонија ISSN X

ЈП МАКЕДОНСКИ ШУМИ. број 59/60 јануари 2013 ЈАНУАРИ 2013 НАШИ ШУМИ 1

НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈАТА ЗА ДРОГА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Регулација на фреквенција и активни моќности во ЕЕС

Факултет за електротехника и информациски технологии - ФЕИТ, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Република Македонија

СТАНДАРДНИ НИСКОНАПОНСКИ СИСТЕМИ

Забелешки кон Уредбата за дополнување

Η «Καταπιεσμενη Μακεδονικη Μειονοτητα»

ВЛИЈАНИЕТО НА ОСИГУРУВАЊЕТО ВРЗ ЕКОНОМСКИОТ РАСТ: СЛУЧАЈОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

46. РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА април III година. (решенија на задачите)

27. Согласно барањата на Протоколот за тешки метали кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување (ратификуван од Република Македонија во

ШЕМИ ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ НА ПРОСТИТЕ БРОЕВИ

Од точката С повлечени се тангенти кон кружницата. Одреди ја големината на AOB=?

Универзитет Св. Кирил и Методиј -Скопје Факултет за електротехника и информациски технологии ДИНАМИЧКА ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА НА СОФТВЕР. -магистерски труд-

Кои од наведениве процеси се физички, а кои се хемиски?

АНАЛИТИЧКИ МЕТОД ЗА ПРЕСМЕТКА НА ДОВЕРЛИВОСТA НА ДИСТРИБУТИВНИTE СИСТЕМИ

С О Д Р Ж И Н А

Alfred Nobel s other mistake or what? Нобелова награда за хемија ЗА 2013 ГОДИНА

Нацрт А - Дозвола за усогласување со оперативен план

Во трудот се истражува зависноста на загубите во хрватскиот електроенергетски систем од

С О Д Р Ж И Н А. Број 26 Год. LXIII Понеделник, 5 март 2007 Цена на овој број е 150 денари. Стр.

Универзитет ЕВРО-БАЛКАН во Скопје

5. ТЕХНИЧКИ И ТЕХНОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОБРАБОТКАТА СО РЕЖЕЊЕ -1

Анализа на триаголници: Упатство за наставникот

ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА СО ВЕНТИЛАТОРИТЕ ВО ЦЕНТРАЛНИОТ СИСТЕМ ЗА ЗАТОПЛУВАЊЕ ТОПЛИФИКАЦИЈА-ИСТОК - СКОПЈЕ

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ Б И Л Т Е Н УНИВЕРЗИТЕТОТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ. Број 1159

Универзитет Гоце Делчев - Штип. Факултет за информатика

Модел на општински информациски систем за управување со цврстиот отпад (SWIS) УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА 2016.

ОБУКА ЗА ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛОРИ

АКСИЈАЛНО НАПРЕГАЊЕ Катедра за техничка механика и јакост на материјалите

ПРИМЕНЕТИ МЕТОДИ НА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ПОЈАВИ И НАОЃАЛИШТА НА ЗЛАТО ВО Р. МАКЕДОНИЈА

год. VI / бр. 36 / СПИСАНИЕ НА КомораТА на овластени архитекти и овластени инженери на република македонија ISSN X

ЕВН ЕЛЕКТРОСТОПАНСТВО НА МАКЕДОНИЈА

МЕТОД НА ПРИОРИТИЗАЦИЈА КАКО АЛАТКА ЗА АСЕТ МЕНАЏМЕНТ

Универзитет Гоце Делчев - Штип ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ. Менаџмент, бизнис, администрација- МБА ШТИП БОБАН ТРАЈКОВСКИ

Предавање 3. ПРОИЗВОДНИ ТЕХНОЛОГИИ Обработка со симнување материјал (режење) Машински факултет-скопје 2.4. ПРОЦЕСИ ВО ПРОИЗВОДНОТО ОПКРУЖУВАЊЕ

ХЕМИСКА КИНЕТИКА. на хемиските реакции

Гоце Јанкулоски ТРАНСФОРМАЦИСКОТО ЛИДЕРСТВО КАКО ГЕНЕРАТОР НА УСПЕХОТ НА РАБОТЕЊЕТО - МАГИСТЕРСКИ ТРУД -

Современи концепции на финансискиот менаџмент при управување со ризикот во банкарските институции

FISKALNA DECENTRALIZACIJA ZA PODOBARREGIONALEN RAZVOJNA

НЕКОИ АСПЕКТИ ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТОТ КАЈ ЛИЦАТА БОЛНИ ОД МУЛТИПЛЕКС СКЛЕРОЗА

Родовиот и мајчинскиот јаз во платите во ПЈР Македонија: економетриска анализа

УЕФА ПРОГРАМА ЗА ЕДУКАЦИЈА НА ФУДБАЛСКИ ДОКТОРИ РАБОТИЛНИЦА 3

ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНА КОМИСИЈА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Конгрес на нови технологии, знаења и вештини

КАРАКТЕРИСТИКИ НА АМБАЛАЖНИТЕ ФИЛМОВИ И ОБВИВКИ КОИШТО МОЖЕ ДА СЕ ЈАДАТ ЗА ПАКУВАЊЕ НА ХРАНА

Transcript:

UNIVERZITET SV.KIRIL I METODIJ SKOPJE TEHNOLO[KOMETALUR[KI FAKULTET ИЗВЕШТАЈ ЗА САМОЕВАЛУАЦИЈА НА ТЕХНОЛОШКОМЕТАЛУРШКИ ФАКУЛТЕТ ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ СКОПЈЕ И СТУДИСКИТЕ ПРОГРАМИ за 2016 година СКОПЈЕ, 2016

ИЗВЕШТАЈ ЗА САМОЕВАЛУАЦИЈА НА ТЕХНОЛОШКОМЕТАЛУРШКИ ФАКУЛТЕТ ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ СКОПЈЕ И СТУДИСКИТЕ ПРОГРАМИ за 2016 година Комисија за самоевалуација во состав: проф.др Соња Ќортошева, претседател проф.др Анита Грозданов, координатор проф.др Ружица Манојловиќ, член проф.др Гордана Русеска, член проф.др Кирил Лисичков, член проф. др Јадранка Блажевска Гилев, член др Елена Величкова, член Ненад Стаменковиќ, студент, член др Игор Јорданов,продекан за настава, претставник на Деканатот

Вовед Самоевалуацијата на Технолошкометалуршкиот факултет е процес кој континуирано се спроведува преку оценување и вреднување на работата на академскиот кадар, администрацијата и на студентите во согласност со законските одредби. Оценувањето на студентите се спроведува преку проверката на нивната посветеност на настава (предавања и вежби), преку проверката на знаењето и полагањето на колоквиумите, проодноста од година во година, изработката на семинарски трудови, домашните задачи и испитите. Оцената на академскиот кадар се прави на два нивоа: преку избор и повторен избор кои се изведуваат според Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставнонаучни, научни, наставностручни и соработнички звања и асистентидокторанди на Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје (пречистен текст) со кој е воведено подетално квантифицирање на потребните услови транспаренто и со број на бодови вреднувани референци за учество во наставнообразовната, научноистражувачката, стручноуметничката, односно стручноапликативната дејност за секој поединец кандидат за избор во соодветно звање и од страна на компетентна комисија за таа научна област избрана од: Наставно научниот совет на Факултетот и од страна на студентите преку спроведување на анонимна студентска анкета на крајот на семестар. Изборот во највисокото наставно звање, редовен професор, го врши Сенатот на Универзитетот, со што е зголемен заемниот увид во практиките на различните научни профили и е зголемена транспарентност како најважна алатка за поголем квалитет. Во овој извештај е изведена самоевалуацијата на студиските програми, наставниот кадар и на Факултетот, како високобразовна институција, за 2016 година. Во извештајот за самоевалуација се презентирани: ЗА ТЕКОТ НА САМОЕВАЛУАЦИЈАТА САМОЕВАЛУАЦИЈА НА ФАКУЛТЕТОТ САМОЕВАЛУАЦИЈА НА СТУДИСКИТЕ ПРОГРАМИ САМОЕВАЛУАЦИЈА НА НАСТАВНОНАУЧЕН И СОРАБОТНИЧКИ КАДАР СТУДЕНТИ И ЕФИКАСНОСТ НА СТУДИРАЊЕТО ПРОСТОРНИ И МАТЕРИЈАЛНИ РЕСУРСИ ФИНАНСИРАЊЕ НА ФАКУЛТЕТОТ СИСТЕМАТСКО СЛЕДЕЊЕ И ПЕРИОДИЧНА ПРОВЕРКА НА КВАЛИТЕТОТ НА НАСТАВНО ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС И НАСТАВНИОТ КАДАР ПРЕКУ АНОНИМНАТА СТУДЕНТСКА АНКЕТА

1. ЗА ТЕКОТ НА САМОЕВАЛУАЦИЈАТА Процесот на самоевалуацијата е изведен со Комисија која е избрана од Наставнонаучниот совет. Самоевалуациониот процес е спроведен и Извештајот е изработен од страна на Комисијата во состав: проф.др Соња Ќортошева, претседател проф.др Анита Грозданов, координатор проф.др Ружица Манојловиќ, член проф.др Гордана Русеска, член проф.др Кирил Лисичков, член проф. др Јадранка Блажевска Гилев, член др Елена Величкова, член Студенти кои се предложени од Студентскиот парламент Ненад Стаменковиќ, студент, член продекан за настава проф.др Игор Јорданов. Во процесот на самоевалуација учествуваа сите вработени од академскиот кадар и од администрацијата со презентирање на податоци и информации кои беа неопходни за изработка на Извештајот. Сите податоци релевантни за спроведувањето на процесот на самоевалуација се добиени од органите, субјектите и институциите со кои Комисијата соработуваше во процесот на самоевалуација: декан, продекани, раководителите на институти, вработените од академскиот кадар на Факултетот, секретарот на Факултетот, раководителот на сметководство, студентите, студентската служба и библиотеката. II. САМОЕВAЛУАЦИЈА НА ФАКУЛТЕТОТ 1. Визија и мисија на факултетот Технолошко металуршкиот факултет (ТМФ) е членка на Универзитетот Св.Кирил и Методиј (УКИМ) во Скопје, кој остварува наставнообразовна, научноистражувачка дејност и надворешна соработка која се развива во облик на меѓународна соработка и соработка со стопанството во Република Македонија.

Визија на Технолошкометалуршкиот факултет е да се постигне компатибилност со европските универзитети за да се обезбеди мобилност на студентите и поголема вработеност на европскиот пазар. Мисија (цели и задачи) : За да ја оствари својата визија, факултетот и во овој период, одржуваше континуитет во поставените цели и тоа: спроведување на образовна технологија според европски кредит трансфер систем (ЕКТС) во сите три циклуси на студирање, усогласување на предметните содржини согласно потребите на индустријата, унапредување квалитет на наставниот кадар и континуирано спроведување анонимната студентска анкета, едуцирање кадар кој ќе биде подготвен да дејствува во различните области на стопанството во земјата и странство, да подготвува студентите за учество во различни форми на научната и тимска работа. 2. Стратегија за остварување на мисијата на Факултетот За да ги оствари своите определби академскиот кадар на Факултетот се вклучи во сите облици на истражување и совладување на новите знаења за да ги примени насоките на Болоњскиот процес: учество во меѓународни проекти за примена на научноистражувачки резултати во реалната индустриска практика, покана на предавачи од светски универзитети за предавања од областа на новите технологии и екологија. Во текот на оваа година за таа цел Деканатот и во овој период ги одржува соработките со сродните факултети како во регионот така и пошироко. Во извештајниот период, факултетот, согласно законските одредби за обезбедување на визитинг професори од 500 универзитети од Шангајската листа, беше домаќин на тројца еминентни професори од различни високообразовни институти, кои имаа можност да пренесат дел од своите знаења и искуство во соодветната област пред студентите и вработените. Во полето на меѓународната соработка ТМФ и во овој период ги продолжи своите заложби за отворање на нови можности за соработка со други сродни образовни институции од Балканот и пошироко. Во таа насока беше потпишани Договор за академска и научна соработка со Универзитетот во Љубљана, Факултет за природни науки и инженерство, како и еден Еразмус договор со Универзитетот во Салерно, Италија. Сознанијата стекнати од соработката со светските универзитети е пренесувано преку работа на семинари, работилници, симпозиуми, конференции, објавено во брошури и преку усвоени со документи на Наставнонаучниот совет. Со усвојување на годишниот извештај за реализирани активности на Деканот и Деканатот во период од 15.9.2015 до 14.9.2016 усвоен на 12.седница на ННС одржана на

31.10.2016 година, е проследена реализацијата на целите и задачите зацртани во Стратегијата за развој на Факултетот. Со прифаќање на годишниот извештај за работата на ТМФ во 2016 година, како и на сите други активности, може да се каже дека реализацијата е успешна. Препорака за унапредување: Да се продолжи со следење на стратешките цели на Факултетот. 3. Организациона структура Своите цели и задачи, Факултетот ги остварува во рамките на своите шест Институти: Институт за неорганска технологија, Институт за органска технологија, Институт за текстилно инженерство, Институт за хемиско и контролно инженерство, Институт за екстрактивна металургија, Институт за преработувачка металургија. Институтите ги креираат предметните содржини на дисциплините и ги развиваат различните научни и стручни области од технологијата и металургијата. Тие воспоставуваат соработка со дипломираните инженери од стопанството и ја негуваат апликативната дејност. На факултетот се реализирани следниве активности поврзани со доживотно учење: потпишан мултилатерален договор со 6 универзитети од Балканот за реализација на курсеви за доживотно учење за потребите на индиустријата, активна е компјутерска лабораторија за одржување курс за доживотно учење во областа на одржливи технологии, наменет за кадарот на индустријата. На Факултетот постои и Центар за трансфер на технологија, во рамките на кој се одвиваат кратки курсеви во компјутерски подржаното хемиско процесно и текстилно инженерство. За вршење на стручноадминистративните работи се задолжени службите: Секретарот на факултетот, Одделение за финансиско, сметководствено и материјално работење, Одделение за студентски прашања и библиотечно работење, Одделение за ИКТ. 4. Застапување и раководење со Факултетот Застапувањето и раководењето со факултетот се одвива преку: 1. Деканот, 2. Продеканите (3 продекани), 3. Деканатска управа, 4. претставници во Универзитетскиот сенат. Раководењето на факултетот се извршува преку работата и донесените одлуки од страна на Наставно научниот совет.

Наставнонаучниот совет го сочинуваат наставници и студентите. Во работата на Наставнонаучниот совет и Деканатска управа учествува и Секретарот, но без право на глас. Деканот го застапува факултетот во земјата и во странство и раководи со седниците на Наставнонаучниот совет. Деканатската управа е составена од 11 члена: декан, 3 продекани, 6 раководители на институти и еден претставник од студентите. Во работата на факултетот се применуваат Законот за високо образование, Статутот на Универзитетот, закони и подзаконски акти и различни правилници со кои се регулираат образовната, научната и апликативната дејност на Факултетот во рамките на Универзитетот. На XIIIта редовна седница на Наставнонаучниот совет на Технолошкометалуршки факултет, Скопје, одржана на ден 05.12.2016 донесена е Одлука за измени и дополнување на студиските програми за прв циклус студии согласно на законските прописи. (реакредитација) За сите вработени на факултетот обезбедена е обука од областа на безбедност и здравје при работа и притоа е добиен соодветен Елаборат за извршена проценка на ризик како и Стручен технички извештај за микроклиматски испитувања, осветлување и бучава. За сите вработени обезбеден е систематски преглед согласно законските прописи. Препорака за унапредување: Неопходно е да се обезбеди континуитет во донесувањето на правилници и одлуки со цел постојано унапредување на квалитетот на работата на Факултетот. Во управување се вклучени и студенти. Студентите имаат Студентски парламент кој го сочинуваат претставници на студенти од сите студиски програми и години на студирање (вкупно 7 члена) и студентски правобранител. Во работата на ННС учествуваат 4 студенти (поголем од 10 % од вкупниот број на членови на ННС). Студентите се застапени и во различни комисии на Факултетот, како и во комисија за самоевалуација. III. САМОЕВАЛУАЦИЈА НА СТУДИСКИТЕ ПРОГРАМИ Во 2016 година Факултетот продолжи со одржување на модернизираните наставни програми. Во извештајниот период Факултетот работеше со 7 редизајнирани студиски програми и тоа: 1. Дизајн и инженеринг на облека 2. Металургија, дизајн и менаџмент во IV година со 3 модули: Екстрактивно металуршко инженерство Преработувачко металуршко инженерство Менаџмент и енергетска ефикасност во металуршко инженерство 3. Неорганско инженерство и заштита на животна средина од III година со 2 модула: Базно неорганско инженерство и животна средина Керамика, дизајн и технологии 4. Полимерни материјали, дизајн и менаџмент

5. Прехранбена технологија и биотехнологија од III година со 2 модула: Биотехнологија Прехранбена технологија 6. Дизајн и менаџмент на технолошки процеси 7. Инженерство на материјали и нанотехнологии Во изминатиот период наставата на прв циклус на студии се одвиваше според веќе акредитираните студиски програми со непроменет број на наставен кадар. Од оваа година отпочната е процедура за измени и дополнувања на студиските програми и нивна реакредитација. Континуираното образование на дипломираните студенти се остварува преку организираање на постдипломските и докторски студии. Вториот циклус студии се организирани како магистерски студии. Новите редизајнирани постдипломски студии, составени од 12 различни студиски програми кои стартуваа од февруари 2014 година се: 1. Металургија и метални материјали 2. Екстрактивна металургија 3. Нови материјали полимери 4. Неорганско инженерство и заштита на животната средина 5. Процесно инженерство 6. Електрохемиско инженерство 7. Текстилна хемиска технологија и екологија 8. Менаџмент на конфекциски процеси 9. Прехранбена технологија и биотехнологија со 2 модула : Биотехнологија Прехранбена технологија 10. Управување со квалитет и безбедност на храната 11. Инженерство на животна средина 12. Менаџмент на квалитет Докторските студии се организирани преку Школа за докторски студии во рамките на Универзитетот Св.Кирил и Методиј. Технолошкометалуршкиот факултет успешно ги заврши акредитациите за студиските програми од трет циклус. Докторските студии (III циклус на студии) се изведуваат на две студиски програми: 1. Технологија 2. Металургија Овие студии непречено течат и списокот на ментори се прошири во повеќе наврати. Согласно на меѓусебно потпишаните договори за соработка помеѓу факултетот и 26 реномирани македонски компании, факултетот континуирано одржува теренска и практична настава. Практичната настава за студентите од ТМФ, и во 2016 година беше успешно реализирана во летниот период, во времетраење од 4 недели.

Препорака за унапредување: Континуирано следење на усогласеноста на студиските програми на факултетот со студиските програми на ЕУ универзитети за да се обезбеди мобилност на студентите и поголемо вработување на европскиот пазар. IV. САМОЕВАЛУАЦИЈА НА НАСТАВНОНАУЧЕН И СОРАБОТНИЧКИ КАДАР На факултетот се вработени вкупно 80 лица и тоа: 50 наставен и соработнички кадар (табела 1), 8 лаборанти, 1 систем оператор, 19 административно технички персонал. Меѓу наставниците доминира женскиот пол. Табела 1 Структура на вработените на ТМФ Скопје во 2016 година 2016 год 2015 год Звање Пол Просечна Со научен степен Вкупно старост доктор на науки Вкупно Женски Машки (%) Редовен професор 11 8 19 55.05 100 20 Вонреден професор 8 5 13 47.15 100 14 Доцент 6 4 10 39.62 100 10 Асистент 5 3 8 33.12 7 Помлад асистент 30.50 Соработник Вкупно 30 20 50 51 Во изминатиот период има значително намалување на наставниот кадар на факултетот од 92 (2002 година) на 56 во 2009, 55 во 2012 година, 53 во 2013 година, односно 50 во 2016 година што претставува осетно намалување во однос на 2002 година. Односот наставник соработник е неповолен (број на наставници на 1 соработник изнесува 6,1). Академската структура на наставниот и помошно наставниот кадар е соодветна и ги следи законските одредби. Така, 100 % од наставниците се доктори на науки. Споредено со претходниот евалуационен период, (2015 год) очигледно е дека во 2016 година бројот на наставносоработнички кадар е намален за 2 наставника, а зголемен за еден асистентдокторанд. Состојбата на факултетот во поглед на кадровските прашања останува сеуште проблем, како кај наставниот кадар така и во административнотехничкиот кадар. Во периодот од 01.11.2015 до 31.11.2016 година се спроведени постапки и се реализирани следните унапредувања: 1 вонреден професор е унапреден во редовен професор, 1 стручен соработник е унапреден во асисетнт докторанд Старосната структура на наставниците на ТМФ нема голема промена во однос на претходната година. Најголем број од асистентите и припаѓаат на возрасната група од 3035 години (66,7 %). Во 2016 година со Законот за трансформација во редовен работен однос се вработени 1 архивар, 1 лаборант и 1 одржувач на хигиена.

Препорака за унапредување: Континуирано следење и поттикнување на солидни студенти за повисоко образование на II и III циклус студии, со цел добивање на квалитетни магистри и доктори на технички науки кои претставуваат иден потенцијал за соработнички кадар на Факултетот. Целта на ТМФ е подмладување на кадарот со квалитет преку нови вработувања. Ангажираност на наставниот и соработничкиот кадар Во табела 2 е прикажан просечен неделен број на часови на ТМФ по наставник и соработнички кадар и по студиска програма. Се забележува дека има голема разлика во ангажираност на наставниците и на асистентите по студиските програми (табела IV1 до IV 6, прилог). Седум наставници од Факултетот се ангажирани и во процесот на изведување настава на други високообразовни институции на матичниот Универзитет. Во поглед на квалитетно изведување на наставата наставниците подготовиле интерни материјали на македонски јазик за сите (табела 3). Табела 2 Просечен број на часови неделно по звање на наставно соработничкиот кадар и по студиски програми Студиска програма 1.Дизјан и инженеринг на облеката Редовен професор 11.5 (предавања) 3.25 (вежби) 2. Дизајн и менаџмент на технолошки процеси 10.25 3. Прехранбена технологија и биотехнологија 4. Неорганско инженерство и заштита на животната средина 5. Металургија, дизајн и менаџмент 6.Полимерни материјали, дизајн и менаџмент 2.75 (вежби) Просечен број на часови 14.28 3.19 (вежби) Вонреден професор 17.5 (предавања) 9.5 (вежби) 7.6 3.6 (вежби) Доцент Асисте нт Помлад асистент 8 (предавања) 6.0 (вежби) 27 19.0 22.0 (вежби) 22 15.0 21.0 16.5 20 18.5 27.0 24.5 (9.5) 36.5 12.2 20 13.5 3.4 (вежби) 11.0(вежби) 17.5(вежби) 26.0 18.25 37 9.75 (вежби) 10.0 (вежби) 21.7 5.68 (вежби) 13.6 9.16 (вежби) 21.91

Табела 3 Учебници и интерни материјали на те на студиските програми во Институти на ТМФ Институти Учебници и интерни материјали Органска технологија 5 интерни материјали Neorganska тehnologija Hemisko i кontrolno in`enerstvo Tekstilno in`enerstvo 4 интерни материјали 1 учебник Ekstraktivna мetalurgija П.Пауновиќ, И.Митровски, Теорија на металуршки процеси 1 Prerabotuva~ka мetalurgija 1 интерен материјал Вкупно 1 + 10 Во 2016 година, кадарот на Технолошкометалуршки факултет има подготвено и издадено 1 нов учебник и 10 учебни помагала. Факултетот континуирано работи и ги следи резултатите од научноистражувачката работа на наставниот кадар. Во текот на 2016 год., ТМФ бројoт на печатени трудови во списанија со импакт фактор е 21 и 36 со меѓународен уредувачки одбор, што е значително поголем од претходната година (за 12 труда). Наставниците и соработниците во 2016 година имаат забележително учество и на конгреси, симпозиуми, семинари и работилници, како на домашно со 64 учества, така и на меѓународно ниво со 36 учества и тоа со усни соопштенија, трудови и апстракти, потоа во својство на поканет предавач и тоа 7 на меѓународно ниво и 1 на национално ниво. Во однос на претходната 2015 година оваа активност на наставниците и соработниците е зголемена за 34,1 %. Тоа се следи и преку исполнувањето на условите за критериумите за ментор на магистерски и докторски студии. Одржани се 2 модни ревии со една самостојна и една заедничка колекција. Организирани се 4 работилници во соработка со Министерство за економија на Република Македонија. Список на активностите на наставен кадар и соработниците е даден во прилогот на извештајот. Наставен кадар е вклучен и во реализацијата научноистражувачки и едукативни проекти во програмите COST, SCOPES, UNIDO и FP7, и национални проекти финансирани од УКИМ и од ТМФ. Во табела IV7 во прилогот се прикажани проектите по студиските програми на прв циклус, додипломските студии. Препорака за унапредување: Со цел да може објективно, веродостојно и континуирано да се следи научноистражувачката активност на кадарот на ТМФ, се препорачува наставниот кадар редовно да ги ОБНОВУВА податоците на ВЕБ страната на факултетот. ОВА ВЕЌЕ НЕКОЛКУ ГОДИНИ НЕ СЕ ПОЧИТУВА.

И ПОКРАЈ ПОВТОРУВАЊЕТО НА ОВАА ПРЕПОРАКА ВО СИТЕ ИЗВЕШТАИ ЗА САМОЕВАЛУАЦИЈА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 5 ГОДИНИ, СЕУШТЕ НЕКОИ ВЕБ СТРАНИТЕ НА ПРОФЕСОРИТЕ НА ТМФ СЕ СОСЕМА ПРАЗНИ, ОГРОМЕН БРОЈ НЕ СЕ ОСВЕЖЕНИ СО НОВИ ПОДАТОЦИ ОД 2010, СО МАЛ ИСКЛУЧОК НА 56 ПРОФЕСОРИ И СОРАБОТНИЦИ КОИ ГИ ВНЕЛЕ ПОСЛЕДНИТЕ ПОДАТОЦИ ЗА НИВНАТА АКТИВНОСТ. Исто така, и понатаму Факултетот и раководителите на проектите треба да работат на зголемување на мотивацијата на младите истражувачи кон научноистражувачка работа и презентирањето на трудови на конференции. Факултетот треба да работи на подигнуваање на нивото на оспособеноста на истражувачите за подготовка на сеопфатни предлог проекти и извештаи за проекти според соодветните критериуми на меѓународните организации (HORIZONT 2020, UNIDO, NSFUSA). Во текот на 2016 година наставниот кадар активно соработува со комапниите од македонското стопанство, за кои се изработени различни типови експертизи, технолошки студии и анализи. Исто така, тимот на професори кои добија лиценци за судски вештаци активно работеа на изработка на стручни вештачења од областа на пластиката, текстилот и водите. V. СТУДЕНТИ И ЕФИКАСНОСТ ВО СТУДИРАЊЕТО Студии од прв циклус додипломски студии Информации за бројот на запишани студенти Во учебната 2015/16 година на Технолошкометалуршкиот факултет во Скопје се запишале вкупно 104 студенти на додипломските студии. Од нив, 97 се редовни и 7 се вонредни студенти. Во табела 4 е даден бројот на запишани студенти на додипломските студии за последниве 3 години. Табела 4. Број на вкупно запишани студенти на додипломски студии Вкупно запишани студенти на додипломски студии 2014/2015 год. 2015/2016 год. 2016/2017 год. 125 124 104 Од табела 4 може да се види дека oваа година се запишале 16,8% помалку во однос на претходните две години. Од податоците добиени со активностите на Комисијата за самоевалуација, на сл.1. е прикажана промената на бројот на запишаните студенти за последните 6 години, со цел да се направи споредба за подолг временски период.

Број на запишани студенти 160 140 120 100 80 60 40 20 0 2011 2012 2013 2014 2015 2016 Учебна година Сл.1. Број на запишани студенти на додипломски студии за последните 6 години Oд хистограмот на сл.1 се гледа дека бројот на запишани студенти бил најголем во учебната 2013/2014 157, а најмал во учебната 2011/2012 година 102. Сметаме дека би било пожелно бројот на студентите да задржи тенденција на раст во наредниот период. Поради тоа, неопходно е да се анализираат сите аспекти поврзани со можноста за зголемување на бројот на студентите, што е особено важно за насоките со едноцифрена бројка на студенти. Промотивни активности на Факултетот Со цел да се зголеми бројот на студенти на седумте модернизирани студиски програми, Технолошкометалуршкиот факултет и оваа учебна година реализираше различни промотивни активности. Дел од позначајните се: 1. Обезбедување на стипендии за најдобрите студенти од прва година Согласно со потпишаниот Меморандум за соработка со повеќе компании од државата, за оваа учебна година вкупно беа обезбедени 46 стипендии, и тоа: 10 стипендии од Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје, како едногодишна партиципација; 25 стипендии од Министерството за образование и наука од Скопје; 4 стипендии од Фруктал Скопје, 2 стипендии од Витаминка Прилеп, 5 стипендии од Технолошкометалуршкиот факултет за 5 за најдобри учесници на натпреварот Наноматеријали материјали на иднината, како едногодишна партиципација. 2. Посети на ученици на Технолошкометалуршкиот факултет Оваа учебна година беа реализирани посети на учениците од училиштата,,koчo Рацин, Орце Николов и Здравко Цветковски од Скопје. Учениците од III и IV година од

,,Koчo Рацин од Скопје, кои заедно со своите предметни наставници ја посетија акредитираната текстилна лабораторија на Технолошкометалуршкиот факултет. Притоа се запознаа со опремата со која располага лабораторијата, како и со методите кои се применуваат при испитување на текстилот за потребите на индустријата. 3. Посети на средни училишта низ Републиката Беа одржани промотивни предавања во повеќе скопски училишта, каде се рекламираа можностите за студирање на различни насоки на нашиот Факултет. 4. Организирање на натпревар Нано материјалиматеријали на иднината И оваа година, по четврти пат, Факултетот продолжи да го организира натпреварот под наслов Нано материјалиматеријали на иднината, наменет за ученици на средните училишта од Републиката. На напреварот учествуваа 93 тимови од средните училишта од Република Македонија, а на крајот беа доделени соодветни награди парични награди за првопласираните тимови, како и едногодишни партиципации школарини. 5. Учество на Годишно собрание на CEN/ELEC Факултетот зеде учество на 12то Годишно собрание на CEN/ELEC, кое се одржа од 6 до 9 јуни 2016 година, во хотел Александар Палас во Скопје. Факултетот се претстави со својот штанд, каде беа поставени и рекламни материјали на Факултетот, на акредитираната текстилна лабораторија и на новоформираната ласерска лабораторија. Во организацијата учествуваа др Јадранка БлажевскаГилев, др Јана Симоновска, мр Војо Јованов и мр Божидар Ристевски. 6. Учество на регионални телевизии Мр Лидија Георгиева и др Јана Симоновска со студентите од нивните студиски насоки Дизајн и инженеринг на облека и Прехранбена технологија со своите креации на облека и храна имаа настап на Алфа телевизија на 1 ноември 2016, како и на телевизиите Телма, 24 Вести и Сител. Исто така, пред започнување на уписите Факултетот се промовираше на повеќе регионални телевизии, претставувајќи ги студиските програми на Факултетот. 7. Рекламирање преку написи Во овој период беа објавени повеќе написи за Технолошкометалуршкиот факултет на вебпортали Fakulteti, Ѕtylist.mk и Inovatinost.mk. Проф. Лидија Георгиева објави поголем број текстови во повеќе списанија, промовирајќи ја својата работа со студентите и својата работа од областа на модниот дизајн. 8. Учество на Светскиот ден на науката По повод одбележувањето на Светскиот ден на науката, на а 10.11.2015 Универзитетот Св Кирил и Методиј организираше изложба на која Технолошкометалуршкиот факултет презентираше дел од своите најрепрезентативни печатени трудови во списанија, зборници како и научни монографии. 9. Одржување на отворен ден на факултетот

Традиционално, и оваа година се одржа т.н. отворен ден за средношколците, на 08.04.2016, со цел тие подетално да се запознаат со наставните програми и лабораториските услови со кои располага Факултетот. Беа изготвени и флаери со основни информации за студиските програми и студентските активности. 10. Учество на отворен ден на Универзитетот Студиските програми на нашиот факултет беа промовирани и на отворениот ден на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, одржан на 15.04.2016 во Универзитетскиот кампус. 11. Учество на Job Fair На факултетот беше официјално отворен и одржан Networking настан во Клубот на пријателство, а саемскиот дел е одржан во холот на Факултетот. Настанот се одржа од 4 до 5 мај 2016 година. 12. Учество на форумската расправа Наши студенти и професори учествуваа на формуска расправа EBEC во Скопје од 17 до 19 февруари 2016 година. Тие учествуваа на форумска расправа на образовна тема и во стручното жири на натпреварувачкиот дел од оваа манифестација. 13. Промоција на EBEC На Во холот на факултетот беше одржана промоција на EBEC Скопје, како дел од Job Fair 2016. Исто така, беше одржана и промоција за регрутација на нови членови. 14. Учество на Go green Во организација на Амбасадата на Франција на 13.06.2016 беше организиран Go green настан Денови на зелени работни места и еколошко образование. На овој настан др Славчо Алексовски и мр Кармина Митева го претставуваа нашиот факултет. 15. Одржување на модни ревии Веќе традиционална, модната ревија се одржа на 14.06.2016, под водство на проф. Лидија Георгиева. На ревијата беа прикажани креации на студентите од насокатата Дизајн и инженеринг на облека под назив Ритам. Во рамките на ревијата свое обраќање преку видео имаше гѓа Лоренс Оер, Амбасадор на Република Франција во Република Македонија. На ревијата студентите ги прикажаа своите знаења, умешност и креативност од областа на дизајнот на облека пред своите колеги студенти, наставниот кадар, професорите, менаџерите, соработниците на фкултетот и пред останатите гости. За успешноста на реализираната ревија говори и зголемениот број на новозапишани студенти на студиската програма дизајн и инженеринг на облека, што несомнено претставува и нејзино најдобро промовирање како и промоција на Факултетот воопшто. Во октомври 2016 година студентите од насоката Дизајн и инженеринг на облека одржаа модна ревија Ритам и наука во рамките на Скопје Моден викенд во Хотел Мериот. 16. Учество на ТЕХНОМА

На ТЕХНОМА, на Скопскиот саем, во организација на Фондот за иновации и технолошки развој учествуваа повеќе наши професори со свои презентации: др Славчо Алексовски, др Емилија Фиданчевска, др Јадранка БлажевскаГилев, др Елена Величковска и др Дарко Димитровски, преставувајќи ги своите достигнувања од областа на технолошкиот развој и иновациите, а со тоа и промовирајќи го нашиот факултет. 17. Рекламирање преку социјалните мрежи Во 2016 година продолжи рекламирањето на Факултетот на социјалните мрежи Fаcebook и Twitter. Препорака за унапредување: Се препорачува продолжување со досегашните активности. Истите би требало да се развиваат и унапредуваат, а нивните содржини да се збогатуваат. Исто така, да се осмислат нови активности за интензивно промовирање на постоечките студиски програми на Факултетот. Активности на Факултетот за подобрување на условите на студирањето Факултетот продолжува со модернизирање и осовременување на наставните содржини. Преку разновидни облици на дејствување активно се работи на подобрување на условите на студирањето, на успехот на студентите и на намалување на времето на студиите. Се очекува постојаниот напор кој континуирано се вложува во модернизација на студиските програми преку внесување на нови изборни со атрактивни содржини и осовременување на наставата да вроди со подобар квалитет на студиите. Во изминатиов период, активно работи новата Текстилна лабораторија. Исто така, во овој период отпочната е и постапка за акредитација на лабораторија за хемиски анализи на минерални концентрати од обоени метали. Согласно законските прописи, составената листа на истакнати стручњаци од практиката кои се вклучуваат во наставата беше проширена. Наставата со визитинг професори продолжува и во изминатиов период на Факултетот престојуваше др Сабина Крамар од Словенечкиот национален институт за градежништво од Љубљана, Словенија, која одржа предавање со наслов:,,неорганските материјали во културното наследство. Исто така, предавања одржаа и мр Љубица Владичевска, од Титан Цeментарница УСЈЕ од Скопје, и Бурхан Мурати, од Кнауф Радика Дебар од Дебар. Факултетот продолжи со теренска настава и пракса во различни компании во Републиката. Дел од компаниите каде беше одржана теренска настава се Титан Цементарница УСЈЕ од Скопје, Макстил од Скопје, Кнауф Радика Дебар од Дебар, Хемија Комерц од Велес и др. Престојот во нивните погони на студентите им дава можност за непосредно запознавање со процесите, технолошките линии и опремата. При изведувањето на теренска настава студентите се стекнуваат со практични знаења и вештини и успешно ги надополнуваат теоретските со практични знаења.

Содржините на студиските насоки, разни новости, информации и обавестувања постојано се објавуваат на webстраницата на Факултетот и на студентскиот портал. Исто така, студентите успешно го користат информатичкиот систем Iknow. Ефикасност на студирањето Ефикасноста на студирањето е еден од најважните показатели на реализација на сите вложени напори на наставниот кадар за успешно изведување на наставниот материјал и успешно совладување на истиот од страна на студентите. За таа цел беше анализирана состојбата во 2015/16 година, и тоа: од аспект на бројот на дипломирани студенти, нивната средна оценка при студирање и проодноста на студентите од година во година. Констатираните состојби потоа се споредени со состојбите во претходните години. Во табела 5 е даден вкупниот број на дипломирани студенти од 2012 година до 2016 година. Во однос на претходните години, на некои од насоките кои веќе не постојат, немаше дипломирани студенти, така што тие не се наведени во табела 2. Такви се, Инженерство на неметали, Биотехнолошко инженерство, Преработувачка металургија, Екстрактивна металургија, Дизајн и менаџмент во хемиска индустрија и Текстилно инженерство. Но, додадени се нови насоки: Металургија, дизајн и менаџмент, Полимерни материјали, дизајн и менаџмент, Металургија, дизајн и менаџмент и Дизајн и менаџмент на технолошки процеси. Табела 5. Број на дипломирани студенти во период од 2012 до 2016 година Студиска програма Број на дипломирани студенти во 2012 г. 2013 г. 2014 г. 2015 г. 2016 г. Конфекциско инженерство 14 24 10 3 1 Прехранбена технологија и биотехнологија модул Биотехнологија 13 3 23 16 8 6 модул Прехранбена технологија Биотехнолошко инженерство 9 1 35 20 17 14 Базно органско и полимерно инженерство Полимерно и органско инженерство 8 7 1 1 1 1 1 Полимерни материјали, дизајн и менаџмент 2 Инженерство на неметали 2 Преработувачка металургија 2 17 1 Екстрактивна металургија 13 Металургија и метални материјали модул: Металургија модул: Метални материјали Металургија, дизајн и менаџмент модул: Екстрактивна металургија модул: Преработувачка металургија 4 1 Дизајн и менаџмент во хемиска индустрија Петрохемиско инженерство* 2 6 3 Хемиско процесно инженерство 1 12 9 2 8 7 5 1

Дизајн и менаџмент на технолошки процеси 4 Базно и неорганско инженерство Керамичко инженерство* 1 12 2 1 Неорганско инженерство и заштита на животна средина модул Керамика дизајн и технологии модул Базно неорганско инженерство и заштита на животна средина 5 4 6 4 Текстилно инженерство 1 3 Дизајн и инженеринг на облека 3 Вкупно 55 162 70 63 47 Вкупниот број на дипломирани студенти во 2016 година е 47. Во однос на 2015 година, ова претставува намалување за 25,4%. Зголемениот број на дипломирани студенти во претходниoт период, особено во 2013 година се должи на студентите чиј статус бил во мирување и на студентите кои го обновиле статусот на редовен студент. Најголем број на студенти во 2016 година дипломирале на две студиски програми: на Прехранбена технологија и биотехнологија вкупно 20 и на Металургија и метални материјали (стара наставна програма) и Металургија, дизајн и менаџмент (нова наставна програма) вкупно 11, што изнесува 57,45% од сите дипломирани студенти. На студиските програми на Прехранбена технологија и биотехнологија студентите континуирано покажуваат најголем интерес, па таму и се запишува поголем број на студенти, за разлика од сите останати студиски програми, каде што најчесто не се ни пополнуваат предвидените квоти. На останатите насоки дипломирале по 4 студенти или и помалку ( табела 5). Во табела 6 е даден просечен успех при студирањето на студентите кои дипломирале во период од 2013 до 2016 година, за сите студиски насоки. Табела 6. Просечен успех на студентите кои дипломирале од 2013 до 2016 година Студиска програма Просечен успех на студентите во 2013 г. 2014 г. 2015 г. 2016 г. Конфекциско инженерство 7,22 6,72 7,09 6,75 Прехранбена технологија и биотехнологија модул Биотехнологија 7,65 7,79 7,61 7,97 модул Прехранбена технологија Биотехнолошко инженерство 7,16 7.46 7,50 7,88 Полимерно и органско инженерство 7,04 7,31 6,71 8,47 Полимерни материјали, дизајн и менаџмент 9,46 Базно органско и полимерно инженерство 7,46 7,17 Инженерство на неметали Преработувачка металургија 6,81 6,88 Екстрактивна металургија 6,79 Металургија и метални материјали модул: Металургија модул: Метални материјали Металургија, дизајн и менаџмент модул: Екстрактивна металургија модул: Преработувачка металургија 6,87 6,67 8.96 7,62 8,02 Дизајн и менаџмент во хемиска индустрија 7,38 6,72 7,05 7,52 8,78

Петрохемиско инженерство* 7,10 Дизајн и менаџмент на технолошки процеси 9,37 Хемиско процесно инженерство 7,00 8,03 Базно и неорганско инженерство Керамичко инженерство* 6,85 6,86 9,67 Текстилно инженерство 6,96 Дизајн и инженеринг на облека 8,99 Неорганско инженерство и заштита на животна средина модул Инженерство на неметали модул Базно неорганско инженерство 7,80 7,1 7,30 8,12 Вкупно 7,06 7,37 7,45 8,21 Од податоците дадени во табелата 6. се гледа дека просечниот успех при студирање на нашиот факултет за 2016 година се движи од 6,72 (Металургија и метални материјали, модул Металургија) до 9,67 (Керамичко инженерство), или, во просек, 8,21. Средниот успех при студирањето континуирано се зголемува, почнувајќи од 7,06, во 2013 година, до 8,2, во 2016 година. Во однос на претходната, 2015 година, средниот успех при студирањето се зголемил за 10,2%, а во однос на 2013 година, за 16,3%. За потсетување, во 2013 година дипломираа, помеѓу редовните, и студентите со обновен статус, кои имаа помал просечниот успех при студирањето. Во рамките на анализата на ефикасноста на студирањето беше разгледан и успехот во преминување на студентите од година во година. Во табела 7 е прикажана оваа состојба за последниве две години одделно по студиските програми. Табела 7. Проодност на студентите од година во година по студиските програми за 2015 и 2016 година Број на студенти кои се запишале Студиска програма* од I во II год. од II во III год. од III во IV год. Конфекциско инженерство Дизајн и инженеринг на облека Прехранбена технологија и биотехнологија Прехранбена технологија и биотехнологија Полимерни материјали, дизајн и менаџмент Полимерно и органско инженерство** Металургија, дизајн и менаџмент Металургија и метални материјали Дизајн и менаџмент на технолошки процеси Хемиско процесно инженерство Неорганско инженерство и заштита на животна средина 2015 2016 2015 2016 2015 2016 7 од 20, се запишале 13 11 од 61, се запишале 50 +2 од 2, се запишале 4 2 од 9, се запишале 7 2 од 6, се запишале 4 3 од 8, се запишале 5 Инженерство за материјали и нанотехнологии 4 од 19, се запишале 15 11 од 24, се запишале 13 9 од 61, се запишале 52 1 од 2, се запишал 1 2 од 6, се запишале 4 +1 од 5, се запишале 6 3 од 8, се запишале 58 5 од 20, се запишале 15 +3 од 18, се запишале 21 +1 од 57, се запишале 58 1 од 6, се запишале 5 +1 од 13, се запишале 14 3 од 7, се запишале 4 +2 од 9, се запишале 11 1 од 15, се запишале 14 +6 од 13, се запишале 19 +8 од 50, се запишале 58 0 од 4, се запишале 4 +1 од 7, се запишале 8 1 од 4, се запишале 3 +1 од 5, се запишале 6 0 од 15, се запишале 15 +2 од 8, се запишале 10 +32 од 21, се запишале 53 1 од 5, се запишале 3 +12 од 17, се запишале 29 +4 од 13, се запишале 17 +3 од 9, се запишале 12 2 од 21, се запишале 19 +20 од 58, се запишале 78 +1 од 5, се запишале 6 +5 од 14, се запишале 19 +2 од 4, се запишале 6 +5 од 11, се запишале 16 3 од 14, се запишале 11 Вкупно 27 30 +2 +15 +52 +28 *Во табелата се внесени и стари и нови називи на студиските програми

Како што се гледа од табела 7, при премин од I во II година имаме забележливо намалување на бројот на студентите. Минатата година 27 студенти помалку се запишале во II година, а оваа година тој број е 30, што претставува намалување проодноста на студентите од I во II година за 10%. При премин од II во III година, во 2015 година 2 студенти повеќе се запишале во III година, а оваа, 2016 година, тој број е поголем. Имено, се запишале 15 студенти повеќе, што главно се должи на поголем број презапишани студенти, но секако претставува подобрување. При премин на студентите од III во IV година во 2015 година во IV година се запишале дури 52 студенти повеќе, додека во 2016 година оваа бројка е 28 (во овие бројки се и презапишаните студенти). Ова претставува намалување во однос на минатата учебна година за 46%. Како и во претходниот период, најголем проблем е намалувањето на бројот на запишани студенти при премин од I година во II година. Причината може да се бара во прилагодување на нов, студентски режим на учење и совладување на материјалот и, делумно, за студентите кои се од несоодветни средни училишта, во потешко снаоѓање со нови. Препорака за унапредување: Факултетот и во иднина треба да ги анализира причините за намалената проодност на студентите од година во година, особено од I во II година, и тоа одделно, по те, со цел да лоцираат проблемите, да се најде решение за нив и да се постигне уште подобра проодност на студентите. Студии од втор циклус По модернизација на постоечките студии од втор циклус во 2014/2015 година, новите последипломски студии опфаќаат вкупно 12 студиски програми од областа на технологијата и металургијата. Во учебната 2016 година втор циклус студии се запишале вкупно 14 : 4 на студиската програма Инженерство на животна средина, по двајца на студиските програми Управување со квалитет и безбедност на храна, Прехранбена технологија и биотехнологија, Дизајн и менаџмент на технолошки процеси и Екстрактивна металургија и по еден на студиските програми Менаџмент на квалитет и Нови материјали полимери. Во однос на минатата 2015/2016 година, кога биле запишани 9 магистранти, ова е подобрување за 55,5%. Бројот на студентите кои магистрирале во текот на 2016 година и нивниот просечен успех е прикажан во табела 8. За споредба, во табелата се дадени истите податоци за период од 2012 до 2016 година. Во 2016 година магистрирале вкупно 8 студенти. Во однос на 2015 година, за 4 помалку, што изнесува 50%. Од табела 8 може да се види дека бројот на магистрирани студенти се движи од 7 (во 2014 година) до 12 (во 2013 и 2015 година). Што се однесува до успехот од испитите, тој е исклучиелно висок и се движи од 9,33 до

10 по студиските програми одделно. Просечно, успехот од испитите изнесува 9,764. Во однос на 2015 година, тој е повисок за 1%, а во однос на 2014 година е повисок за 4,5%. Табела 8. Број на студенти кои магистрирале и нивен просечен успех Студиска програма Број на студенти Успех од испитите 2012 г. 2013 г. 2014 г. 2015 г. 2016 г. 2012 г. 2013 г. 2014 г. 2015 г. 2016 г. Управување со квалитет и безбедност на храна Управување со квалитет 1 9,12 Прехранбена технологија и биотехнологија, модул: биотехнологија модул: прехрана Прехранбена технологија(птбм1) Биотехнологија (ПТБМ2) 2 3 3 1 8,66 9,38 9,39 10 2 1 1 1 1 9,16 9,50 7,33 9,66 Инженерство на животна средина 2 2 1 2 3 9,66 10 9,17 9,665 9,83 Неорганско инженерство и заштита на животна средина 1 9,50 Менаџмент на квалитет 1 2 2 2 1 9,66 9,75 9,75 9,67 Процесно инженерство Дизајн и менаџмент на технолошки процеси 1 10,0 Неорганска технологија 1 9,57 Нови материјали полимери 1 2 1 1 10 9,415 10 Нови материјали неоргански материјали 1 9,71 Текстилна хемиска технологија и екологија 1 1 9,50 10 Екстрактивна металургија 1 2 10 9,33 Електрохемиско инженерство 1 1 1 9,33 10 10 Металургија и метални материјали Менаџмент на конфекциски производи Вкупно 10 12 7 12 9 9,40 9,67 9,32 9,66 9,76 10 Студии од трет циклус докторски студии Докторските студии се организирани преку Школата за докторски студии, во рамките на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Технолошкометалуршкиот факултет успешно ги заврши акредитациите за студиските програми од третиот циклус, кој опфаќа докторски студии по металургија и докторски студии по технологија. Докторските студии се реализираат континуирано, а списокот на ментори неколку пати беше обновуван и прошируван.

Во 2016 година на докторски студии се запишаа 2 нови кандидати, еден на Технологија и еден на Металургија. Тоа се вкупно 14 докторанди од почетокот на работата на Школата за докторски студии. Со цел да им се овозможи на студентите на трет циклус студии полесно следење и реализирање на активностите се задолжителни, беа подготвени процедури кои ги содржат сите потребни документи за комплетирање на студентските досиеа и истите се поставени на факултетската вебстрана. Во 2016 година беа одбранети вкупно 3 докторски дисертации. Во 2015 година немаше одбранети докторски дисертации, во 2014 година беа одбранети 2, а во 2013 година 3 докторски дисертации. Студентски активности во текот на 2016 година Во текот на 2015/2016 година, студентите на Технолошкометалуршкиот факултет успешно остварија повеќе наставни и воннаставни активности. Меѓу нив вреди да се спомнат следниве: Учество на Студентски конгрес за макромолекули и нанотехнологии Студентите од студиските програми Полимерни материјали, дизајн и менаџмент и Инженерство на материјали и нанотехнологии учествуваа на Студентски конгрес за макромолекули и нанотехнологии, кој се одржа во Беград на 5.11.2016 година. Студентите учествуваа со 5 труда, под менторство на др Анита Грозданов. Учество во програми за меѓународна размена Во рамките на Еразмус програма за меѓународна размена на студентите, за двајца студенти од студиската програма Дизајн и инженеринг на облека е обезбедено студирање (еден семестар) во Љубљана, Словенија, Учество на Технологијада 2016 Студентите на нашиот факултет традиционално учествуваа на Технологијада, која се одржа од 23 до 28 октомври 2016 во Нови Сад. Тие учествуваа во сите спортски дисциплини и во презентација на трудови во научниот дел. Теренски настави и посети Во рамките на теренската настава по те: Технологија на вино и алкохолни пијалаци, Конструкциски материјали во индустријата и Индустриски менаџмент, студентите од Технолошкометалуршкиот факултет на 25 октомври 2016 година ја посетија винаријата Имако од Штип, заедно со предметните наставници др Донка ДоневаШапческа, др Драгица Чамовска, др Дејан Димитровски и асистент др Јана Симоновска. Студентите од студиската програма Дизајн и инженеринг на облека на 25 октомври 2016 го посетија Музејот на современа уметност. Учество на разни манифестации

Студентите од студиската програма Прехранбена технологија и биотехнологија со др Јана Симоновска учествуваа на 27 ноември 2016 година на Public room, како дел од манифестација Skopje design week. Студентите од студиската програма Прехранбена технологија и биотехнологија со др Јана Симоновска исто така учествуваа на 25 декември 2016 година на Public room, Студентите од студиската програма Дизајн и инженеринг на облека со мр Лидија Георгиева и студентите од студиската програма Прехранбена технологија и биотехнологија со др Јана Симоновска учествуваа на манифестацијата Ритам и храна, што беше одржан во хотел Мериот во рамките на Skopje Fashion Weekend на 31 октомври 2016. Студентите од студиската програма Дизајн и инженеринг на облека со мр Лидија Георгиева и студентите од студиската програма Прехранбена технологија и биотехнологија со др Јана Симоновска учествуваа на манифестацијата Моден дизајн, одржан на нашиот факултет на 16 декември 2016. Студентите од студиската програма Дизајн и инженеринг на облека со мр Лидија Георгиева учествуваа во работилница за дизајн на производ "Вкусот на текстилот", под покровителство на СНД и Холандска Амбасада, во рамки на Скопска недела на дизајнот, во ноември 2016. Студентката Мартина Бошковска доби Инженерски прстен за 2016 година Претседателот на Републиката Македонија по 13ти пат го додели ова признание од страна на Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и инженери. Нашата студентка беше меѓу 12 најдобри студенти од инженерски струки. Активна соработка со БЕСТ и ИАЕСТЕ и поддршка на нивните активности. Активности со невладини организации во програми за меѓународна размена на студентите. Редовно осовременување и надополнување на WEB страната. Учество на редовни седници на СПУКМ. Активно разгледување и помагање на студентите и нивните тековни проблеми заедно со Студентскиот правобранител. Учество на студентите, преку своите претставници, во работата на Деканатската управа и на Наставнонаучниот совет. Препорака Да се подобри соработка со деканот и деканатот, со цел поуспешно разгледување на нивните барања и проблеми во текот на студиите и согледувње на начини за решавање на истите, како и поголема мотивација на студентите за учество во работата на факултетот. VI. ПРОСТОРНИ И МАТЕРИЈАЛНИ РЕСУРСИ

За реализацијана сите свои активности во текот на 2016 година, Технолошкометалуршкиот факултет располагаше со вкупна корисна површина од 7691,90 m 2. Во вкупната површина не се внесени ходниците на факултетот. Бројот на единици на дидактички простор за изведување на наставната, научноистражувачката и стручната дејност прикажан е на табела VI1, дадена во прилогот. Факултетот располага со современ амфитеатар опремен со модерен систем за озвучување и презентирање. Амфитеатарот се користи за изведување на редовна настава за студентите, изведување на семинари и обуки, како и за одбрана на магистерски и докторски дисертации. Во анексот на Технолошкометалуршкиот факултет функционира и мал амфитеатар (со 60 седишта) кој исто така се користи за реализирање на наставата, организирање на семинари и обуки, итн. Комплетните листи за целокупната научноистражувачка, компјутерска, техничка и лабораториска опрема се прикажани во табелите дадени во прилогот (од табелаvi2 до VI7). За студентите, наставниот и административниот кадар, Технолошкометалуршки факултет овозможува користење на кабелски и WIFI безжичен интернет (табелаvi8 во прилогот). Студентите можат да ги користат и библиотеката на ТМФ која располага со читална и компјутерска сала (табела VI9, дадена во прилог), копирницата и студентскиот ресторан. Во рамките на Факултетот функционира и современо уреден Клуб на пријателство, за наставниот кадар и надворешните гости. Заради подобрување на постоечките услови, обезбедување квалитетна и современа настава и унапредување на научноистражувачката работа, во текот на 2016 година на Технолошкометалуршкиот факултет се реализирани следните активности: комплетно е реновирана и опремена лабораторија на Институтот за неорганска технологија, една лабораторија на Институтот за неорганска технологија е делумно реновирана, на ТМФ (во главната зграда и анексот) комплетно се реновирани и опремени шест кабинети, делумно е реновиран и опремен еден кабинет, опремени се два кабинети, детално е реновирана и опремена една училница, комплетно се реновирани и една вертикала тоалети во главната зграда на Факултетот, на главниот влез во зградата на Технолошкометалуршкиот факултет и на влезот во анексот на факултетот поставени се електронски врати. Препорака за унапредување: Со цел да се формираат и акредитираат нови модерни централни лаборатории наменети за испитување на материјали и нови технологии, а во огласност со целите и задачите кои произлегуваат од Стратегијата за развој на Факултетот, неопходно е да се продолжи со континуирана реконструкција и тековно одржување на премата и целокупниот простор на Технолошкометалуршкиот факултет.

VII.ФИНАНСИРАЊЕ НА ФАКУЛТЕТОТ Финансирање на Факултетот се обезбедува од средствата на основачот, како и од сопствените приходи и донации. За активностите и услугите кои ги дава Факултетот остварува приход од: школарината за прв, втор и трет циклус студии, надомест за трошоците на студирањето, организирање на курсевите за континуирана едукација и други видови на стручно образование и усовршување, соработка со други правни и физички лица, обуки, надоместоци за нострификација на дипломите, надоместоци за изведување на анализи, вештачења, експертизи и друго. Во текот на 2016 година вкупните средства изнесувале 70748699 денари и тоа средствата од буџетот изнесувале 48653933 денари, што е за 7,1 % помалку од 2015 година, а Факултетот оствари сопствени средства во износ од 22094766 денари, што е за 13,8 % помалку од 2015 година. Препорака за унапредување: Да се прати односот на приходите остварени од буџетот и од сопствените средства и да се тежнее да се зголемат сопствените средства, да се намалат расходите, да се зголемат приходите од развојните и научноистражувачките проекти од различни меѓународни и домашни извори, како и донации, спонзорства и софинансирање. VIII. СИСТЕМАТСКО СЛЕДЕЊЕ И ПЕРИОДИЧНА ПРОВЕРКА НА КВАЛИТЕТОТ НА НАСТАВНООБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС И КАДАР ПРЕКУ СТУДЕНТСКА АНКЕТА Студентската анкета е спроведена од 15.01 до 1.02.2016 година и од 15.09. до 1.10.2016 година, на сите студиски програми и сите години на ТМФ. Студентите ги пополнуваа анкетните прашалници електронски при запишување на зимскиот и летниот семестар. Анкетниот лист содржеше 10 ставови за наставниот кадар и 6 ставови за соработничкиот кадар (асистентите), при што секој став бил оценуван од 5 до 10, при што 10 значеше најголема согласност со ставот, додека 5 означуваше најмала согласност. Анкетниот лист беше превземен од Универзитетот Св.Кирил и Методиј Скопје. Во прашалникот студентите директно се изјаснуваа за наставниците и асистентите, и тоa според неколку категории: Ставовите од 1 до 5 се однесувале на професорите и асистентите во однос на нивната подготвеност за предавањата и вежбите и квалитетот на нивно изведување, редовност на часовите, достапност за комуникација и консултации и односот кон студентот; Ставовите 69 се однесувале само на професорите во однос на обезбеденост на соодветниот материјал за учење и полагање на испитот, усогласеност на вежбите со предавањата и корисност од изведените лабораториски вежби и објективност при оценувањето и начин на реализирање на испитот; Ставот 10 се однесувал на барања што се поставуваат пред студентите и тежина на испитот, а