ВОВЕД ОПИС НА ЛОКАЛИТЕТОТ ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА МЕГАЛИТСКАТА ОПСЕРВАТОРИЈА. Циклуси на затемнувања на 19

Σχετικά έγγραφα
М-р Јасмина Буневска ОСНОВИ НА ПАТНОТО ИНЖЕНЕРСТВО

ЗАДАЧИ ЗА УВЕЖБУВАЊЕ НА ТЕМАТА ГЕОМЕТРИСКИ ТЕЛА 8 ОДД.

а) Определување кружна фреквенција на слободни пригушени осцилации ωd ωn = ω б) Определување периода на слободни пригушени осцилации

НАПРЕГАЊЕ ПРИ ЧИСТО СМОЛКНУВАЊЕ

37. РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2013 основни училишта 18 мај VII одделение (решенија на задачите)

Предизвици во моделирање

ВЕРОЈАТНОСТ И СТАТИСТИКА ВО СООБРАЌАЈОТ 3. СЛУЧАЈНИ ПРОМЕНЛИВИ

ИСПИТ ПО ПРЕДМЕТОТ ВИСОКОНАПОНСКИ МРЕЖИ И СИСТЕМИ (III година)

ЈАКОСТ НА МАТЕРИЈАЛИТЕ

σ d γ σ M γ L = ЈАКОСТ 1 x A 4М21ОМ02 АКСИЈАЛНИ НАПРЕГАЊА (дел 2) 2.6. СОПСТВЕНА ТЕЖИНА КАКО АКСИЈАЛНА СИЛА Напонска состојаба

НУМЕРИЧКО МОДЕЛИРАЊЕ НА ГАЛАКСИИ

Анализа на триаголници: Упатство за наставникот

ИНТЕРПРЕТАЦИЈА на NMR спектри. Асс. д-р Јасмина Петреска Станоева

ТАРИФЕН СИСТЕМ ЗА ДИСТРИБУЦИЈА

Етички став спрема болно дете од анемија Г.Панова,Г.Шуманов,С.Јовевска,С.Газепов,Б.Панова Факултет за Медицински науки,,универзитет Гоце Делчев Штип

45 РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2012 II година (решенија на задачите)

ШЕМИ ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ НА ПРОСТИТЕ БРОЕВИ

46. РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА април III година. (решенија на задачите)

3. ПРЕСМЕТКА НА КРОВ НА КУЌА СО ТРИГОНОМЕТРИЈА

46. РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА април II година (решенија на задачите)

Регулација на фреквенција и активни моќности во ЕЕС

ЕДНИОТ И МНОГУТЕ НИЗ ЕКЛИСИОЛОШКИ АСПЕКТ

45 РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2012 III година (решенија на задачите)

д. м. и. Дони Димовски ФОТОВОЛТАИЧНА ЕЛЕКТРАНА НА КРОВ ОД ИНДУСТРИСКИ ОБЈЕКТ

Почетоците на европската античка етимологија (со осврт на македонската)

56. РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2013 Скопје, 11 мај I година (решенија на задачите)

Проф. д-р Ѓорѓи Тромбев ГРАДЕЖНА ФИЗИКА. Влажен воздух 3/22/2014

Бесмртноста на душата кај Платон (II)

Решенија на задачите за I година LII РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 мај 2009.

Горан Санев. еден коринтски арибалос од скопје

Од точката С повлечени се тангенти кон кружницата. Одреди ја големината на AOB=?

ПРИМЕНЕТИ МЕТОДИ НА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ПОЈАВИ И НАОЃАЛИШТА НА ЗЛАТО ВО Р. МАКЕДОНИЈА

SEGMENTVM II : КРАТОВСКО - ЗЛЕТОВСКАТА ОБЛАСТ ВО АНТИКАТА 1

Доц. д-р Наташа Ристовска

АКСИЈАЛНО НАПРЕГАЊЕ Катедра за техничка механика и јакост на материјалите

ВО ОВОЈ БРОЈ: MAKEDONIKA. Izdava. MAKEDONIKA litera

МЕХАНИКА 1 МЕХАНИКА 1

Ветерна енергија 3.1 Вовед

СТАНДАРДНИ НИСКОНАПОНСКИ СИСТЕМИ

НЕКОИ АЛГОРИТМИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ЗАДАЧАТА НА ПАТУВАЧКИОТ ТРГОВЕЦ

ЗНАЧЕЊЕТО НА ИКОНОСТАСОТ ВО РАЗВОЈОТ НА КОНЦЕПТОТ НА ЗАПАДНИОТ ТЕАТАР Театарот како храм на уметноста

Заземјувачи. Заземјувачи

ФРАКТАЛИ: ДЕФИНИЦИЈА, КОНСТРУКЦИЈА, СВОЈСТВА И ПРИМЕНА. Елена Хаџиева 1 Јован Петкоски 2 1. ВОВЕД

Лидија КОВАЧЕВА. античкиот македонски календар (антички македонски, селеуктински и птолемејски календар) Табела бр. 1

Емпириска анализа на загатката на Фелдштајн и Хориока во транзициски земји, со осврт на Македонија

( ) ( ) ( ) ( ) ( ) ( )

ФИЛАРХ, ПОЛИБИЈ И РАЗВОЈОТ НА ХЕЛЕНИСТИЧКАТА ИСТОРИОГРАФИЈА ВО III ВЕК ПР. Н. Е. *

SFRA ТЕСТ ЗА МЕХАНИЧКА ПРОЦЕНКА НА АКТИВНИОТ ДЕЛ КАЈ ЕНЕРГЕТСКИ ТРАНСФОРМАТОРИ

Кон нов Свет и Голем Собор

4.3 Мерен претворувач и мерен сигнал.

Универзитет Св. Кирил и Методиј -Скопје Факултет за електротехника и информациски технологии

- Автобази и автостаници Битола, март УНИВЕРЗИТЕТ Св. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ БИТОЛА

Универзитет Св. Кирил и Методиј -Скопје Факултет за електротехника и информациски технологии ДИНАМИЧКА ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА НА СОФТВЕР. -магистерски труд-

ЗБИРКА ОДБРАНИ РЕШЕНИ ЗАДАЧИ ПО ФИЗИКА

ЕКЛИСИОЛОШКИОТ ЕТОС СПОРЕД СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ КИРЕ ТРАЈАНОВ

70 ГОДИНИ ИНСТИТУТ ЗА ИСТОРИЈА 70 ГОДИНИ МАКЕДОНСКА ИСТОРИОГРАФИЈА

- градот Стар Дојран (800 жители), центар на Општина Дојран во Република Македонија на местото на стариот град,

ЛУШПИ МЕМБРАНСКА ТЕОРИЈА

Универзитет св.кирил и Методиј-Скопје Природно Математички факултет. Семинарска работа. Предмет:Атомска и нуклеарна физика. Тема:Фотоелектричен ефект

Забелешки кон Уредбата за дополнување

Душан Чакмаков. Веројатност

БОГОМИЛ ЃУЗЕЛ МИРОНОСНИЦИ

Квантна теорија: Увод и принципи

ПЕТТО СОВЕТУВАЊЕ. Охрид, 7 9 октомври ДМС Софтвер "WINDOWS" за дистибутивните системи

ПРИМЕНА НА ИКТ КАКО АЛАТКА ВО НАСТАВАТА PO УЧИЛИШТАТА ВО РМАКЕДОНИЈА

Социјалните мрежи како алатка во процесот на управување со знаење

ЕВН ЕЛЕКТРОСТОПАНСТВО НА МАКЕДОНИЈА

МЕТОДИ ЗА ДИГИТАЛНО ДИРЕКТНО ФАЗНО УПРАВУВАЊЕ НА СЕРИСКИ РЕЗОНАНТНИ ЕНЕРГЕТСКИ КОНВЕРТОРИ

НАСОКИ ЗА МОДЕЛИРАЊЕ НА КОНСТРУКЦИИТЕ И ИЗВРШУВАЊЕ НА СТАТИЧКА И СЕИЗМИЧКА АНАЛИЗА ВО РАМКИТЕ НА ГРАДЕЖНО-КОНСТРУКТИВНАТА ПРОЕКТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

ВИСТИНСКА ТРОЈА НЕМАЛО

ИНСТРУМЕНТАЛНИ МЕТОДИ ЗА АНАЛИЗА

Методина гранични елементи за инженери

ПОДОБРУВАЊЕ НА КАРАКТЕРИСТИКИТЕ НА ИСПИТНА СТАНИЦА ЗА ТЕСТИРАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКИ ТРАНСФОРМАТОРИ

56. РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2013 Скопје, 11 мај IV година (решенија на задачите)

ХИДРОГЕОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОКОЛИНАТА НА ДОЈРАНСКОТО ЕЗЕРО И МОЖНОСТИ ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ПОДЗЕМНИТЕ ВОДИ

МОДЕЛИРАЊЕ НА ПРЕОДНИ ПРОЦЕСИ ПРИ КОМУТАЦИИ СО MATLAB/Simulink

О Д Л У К А. 3. Жалбата изјавена против оваа Одлука не го одлага нејзиното извршување.

Ракавици и сандали. Владимир Стојановски-Дерлиев

Кои од наведениве процеси се физички, а кои се хемиски?

ИНСТРУМЕНТАЛНИ МЕТОДИ ЗА АНАЛИЗА

МОДЕЛИРАЊЕ СО СТРУКТУРНИ РАВЕНКИ И ПРИМЕНА

Проф. д-р Ѓорѓи Тромбев ГРАДЕЖНА ФИЗИКА

Тетовско - гостиварска епархиjа Година 4 Броj 7 февруари 2017 ЗА ИКОНАТА НА СРЕТЕНИЕ ГОСПОДОВО

С О Д Р Ж И Н А

Бојан Миклош ТАЈНИТЕ НА РАЧНАТА БУСОЛА М-53

ИЗБОР НА ОПТИМАЛНА ЛОКАЦИЈА НА 400/110 kv РЕГУЛАЦИОНИ АВТО-ТРАНСФОРМАТОРИ ВО ЕЕС НА РМ

UDK:398.33(497.17):355

ЕЛЕКТРОМАГНЕТНА АНАЛИЗА И ПРЕСМЕТКА НА ЕЛЕКТРОМАГНЕТНА СИЛА КАЈ МОДЕЛ НА СИНХРОН ЛИНЕАРЕН МОТОР ПО МЕТОД НА КОНЕЧНИ ЕЛЕМЕНТИ

1.2. Сличност троуглова

ЗБИРКА ЗАДАЧИ ПО ТЕОРИЈА НА ДВИЖЕЊЕТО НА МОТОРНИТЕ ВОЗИЛА

КАРАКТЕРИСТИКИ НА АМБАЛАЖНИТЕ ФИЛМОВИ И ОБВИВКИ КОИШТО МОЖЕ ДА СЕ ЈАДАТ ЗА ПАКУВАЊЕ НА ХРАНА

БИОФИЗИКА Биомеханика. Доцент Др. Томислав Станковски

2. Просечната продажна цена на електрична енергија по која АД ЕЛЕМ - Скопје, подружница Енергетика, ги снабдува потрошувачите за 2018 година од:

АНАЛИТИЧКИ МЕТОД ЗА ПРЕСМЕТКА НА ДОВЕРЛИВОСТA НА ДИСТРИБУТИВНИTE СИСТЕМИ

Проф. д-р Ѓорѓи Тромбев ГРАДЕЖНА ФИЗИКА

Диоген Лаертиј. Животите и мислењата на славните философи, книга IX, глава II: Од животот и мислите на Хераклит*

Православна Охридска Архиепископија Службен билтен година XII Јануари Декември 2015

Стефан Пановски Војислав Саракински. По трагите на една епифанија Мотивот на Пан и политичката пропаганда на Антигон Гоната

ТЕХНИЧКО - ЕКОНОМСКО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА СОНЧЕВАТА ЕНЕРГИЈА ВО СОВРЕМЕНИ УРБАНИ СРЕДИНИ СО ПРИМЕНА НА НАЈНОВИ ТЕХНИЧКИ И ТЕХНОЛОШКИ РЕШЕНИЈА

СОДРЖИНА 1. ОСНОВНИ ПОИМИ ОД ПОДАТОЧНОТО РУДАРЕЊЕ УЧЕЊЕ НА ПРЕДИКТИВНИ МОДЕЛИ...9

Transcript:

ВОВЕД 05 ОПИС НА ЛОКАЛИТЕТОТ 06 ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА МЕГАЛИТСКАТА ОПСЕРВАТОРИЈА 09 Маркери на изгревање на Сонцето и полната Месечина 10 Календарот од Кокино 16 Циклуси на затемнувања на Сонцето и Месечината 19 Библиографија 26 КАКО ДА СЕ ПОСЕТИ МЕГАЛИТСКАТА ОПСЕРВАТОРИЈА КОКИНО 27

04 05 СВЕТОТ НА КОКИНО ГОДИНА ПРЕД НАШАТА ЕРА 2000...нема заедница во која Сонцето не претставува божество кое дарува и одржува живот... Потрагата по старите цивилизации најчесто ѝ се препушта на археологијата, како наука која има најголем број информации, развиени методи и искуство во оваа област. Но, како денес, така и во минатото, животот на луѓето не бил едноставна и монотона дејност. Луѓето во минатото не живееле само за да градат живеалишта и да изработуваат садови, алатки и оружја. На секое ниво на цивилизацискиот развој тие се обидувале да го разберат светот околу себе, да создадат комуникациски врски со него и да го утврдат и одржат своето место во него. Така се развивале и се граделе креативните и духовните капацитети и вредности на човекот како поединец, но и на заедницата, добивајќи карактеристики на едно цивилизациско ниво во развојот на човештвото. За да се разбере достигнатото ниво во цивилизацискиот развој на една популација, која во минатото живеела на некоја територија, не се доволни само археолошките наоди, туку е потребно да се направат мултидисциплинарни истражувања и да се спојат, па ако треба и да се спротивстават, резултатите од истражувањата во сферата на етнологијата, антропологијата, историјата, филозофијата, социологијата, но и од астрономијата, што за многумина е големо изненадување. Во минатото животот на луѓето особено бил зависен од настаните на небото. Затоа тие со големо внимание ги следеле појавите што се случувале на небото и се обидувале да го разберат движењето на небесните тела од кои им зависел животот, како што на пример е Сонцето. Токму затоа, во целата пишана и непишана историја на човековата цивилизација, нема заедница во која Сонцето не претставува божество кое дарува и одржува живот. Пред неколку илјади години, луѓето живееле во целосно единство со природата. Во тоа време, за нив не постоела разлика во погледот кон светот што ги опкружува или, со други зборови, за нив не постоела поделба на религија и наука. Токму затоа во светот сè почесто се наоѓаат посебни локалитети кои имаат чудни карактеристики, како тие, од една страна, да се верски објекти каде се изведувале религиозни и жртвени обреди, а од друга страна, се опсерватории за набљудување и обележување на позициите на небесните тела како што се Сонцето, Месечината, Венера, Плејади, Сириус итн. Токму еден таков локалитет е Мегалитската опсерваторија Кокино.

ОПИС НА ЛОКАЛИТЕТОТ Мегалитската опсерваторија Кокино го зазема просторот веднаш под планинскиот врв Татиќев Камен со димензии од 90 метри во насока исток-запад и 50 метри во насока север-југ. Гледано во третата димензија, содржините на опсерваторијата се распоредени на две платформи: источна и западна, од кои источната е за 20 метри повисока од западната. Имајќи го предвид значењето на карпестите масиви на чии врвови се изработени маркери со археоастрономска вредност, може да се тврди дека древната опсерваторија го опфаќа внатрешниот простор опишан со изохипсата 980 метри. Географските координати на локалитетот се: 42 0 15 47 северна географска ширина и 21 0 57 32 источна географска должина. Геолошките анализи покажуваат дека тоа е еден андезитски нек (стврдната лава во каналите на вулканот), кој најверојатно потекнува од најмладата фаза на вулканската активност во Крaтовско злетовската област од времето на горниот плиоцен (Đorđević N. 2003). Андезитните карпи имаат природна склоност да пукаат во вертикална и хоризонтална насока и да формираат четириаголни столбови и платформи од стврдната лава. Оваа природна структура и особеност на андезитните карпи сигурно им ја олеснила работата на древните жители при изработката и формирањето на местото како света планина и древна опсерваторија. Во 2002 година за првпат во Република Македонија беше направена археоастрономска анализа на еден археолошки локалитет (Cenev Gj.,2002) Тогаш беше покажано дека ова исклучително интересно место има голем број содржини кои се карактеристични за древна опсерваторија од времето на таканаречената мегалитска култура. Истражувањата покажаа дека местата за набљудување на движењето на Сонцето и Месечината се наоѓаат на долната или западната платформа, а сите маркери за одбележување на местата на изгревање на Сонцето и полната Месечина се наоѓаат на горната или источната платформа. Некои од камените маркери беа сочувани речиси во оригинална состојба, а некои беа видно оштетени, најверојатно од катастрофалните земјотреси, кои во Македонија се случуваат просечно на секои 500 години. 06 07

08 09 ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА МЕГАЛИТСКАТА ОПСЕРВАТОРИЈА Во археоастрономската анализа на локалитетот беа користени препораките и методологијата на професорот Џерлад Хокинс употребени при неговата археоастрономска анализа на познатиот Стоунхенџ во Англија (Hawkins S.G., 1963). Уште при првата посета на локалитетот беа евидентирани посебно изработени маркери во доминантни камени блокови на горната или источна платформа. Можеше основано да се претпостави дека со посебно обликуваните маркери на источниот хоризонт луѓето во минатото ги одбележувале местата на изгревање на Сонцето и Месечината. Затоа сосем природно се наметна потребата за пронаоѓање на едно централно место од каде се гледаат сите камени маркери поврзани со привидното движење на Сонцето и Месечината на небесната сфера. На долната платформа на локалитетот има три јасно обработени места за кои може да се претпостави дека биле користени за набљудување на движењето на Сонцето и Месечината. Првото и најсугестивно место се четирите камени седишта кои денес се познати како тронови, а останатите две места се изработени така што на нив може да стои само еден човек во исправена положба. Анализата на сите можни правци покажа дека секое од трите места имало посебна улога во набљудувањето на Сонцето и Месечината.

10 11 МАРКЕРИ НА ИЗГРЕВАЊЕ НА СОНЦЕТО И ПОЛНАТА МЕСЕЧИНА A = 67 O 56 50 h= 11 O 26 40 SUN 1800 BC δ = 23 O 54 05 A = 67 O 57 54 h = 11 O 21 42 Основната идеја во археоастрономската анализа на локалитетот беше да се измерат хоризонтските координати на сите посебно изработени камени маркери на источниот хоризонт, кои се гледаат од централната позиција на локалитетот. Потоа со користење на формулите за трансформација да се премине во екваторскиот систем и преку пресметка на вредноста на деклинацијата да се донесе заклучок за природата на небесното тело чие изгревање било маркирано на источниот хоризонт. Мерењата беа реализирани со помош на геодетот Чедомир Арсовски, а се користеше инструментот Тотална станица Лајка 307 со ласер, кој овозможи добивање на резултати со голема прецизност (Cenev Gj., 2002; Cenev Gj., 2006). Како пример за мерењата и извршената анализа ќе го дадaме примерот со маркерот, кој го означува местото на изгревање на Сонцето на источниот хоризонт во денот на летната долгодневница. Мерењата на хоризонтските координати на маркерот ги дадоа следниве вредности: азимут А = 67 56 50 и висина h = 11 26 40. Врз основа на овие податоци може да се пресмета дека деклинацијата на телото чие изгревање на хоризонтот во далечното минато било означено со овој камен маркер имала вредност од 23,9. Ваква вредност на деклинацијата имало Сонцето во денот на летната долгодневница околу 1800 година пр. н.е....движењето на Месечината на небесниот свод не е едноставно, а местата на изгревање на полната Месечина на источниот хоризонт, исто така, се повторуваат во долги временски периоди... SUN 21 JUN 2004 δ = 23 O 26 20 A = 67 O 54 h = 10 O 42

Заради влијанието на прецесијата, вредноста на деклинацијата на Сонцето во денот на летната долгодневница денес има вредност од 23,50. Токму затоа во денешно време во денот на летната долгодневница, гледано од централната позиција на опсерваторијата, Сонцето ќе изгрева малку во лево и пониско од изгревањето во денот на долгодневницата пред 3800 години. Ова убаво се забележува на фотографиите со кои се следи изгревањето над камениот маркер на 21 јуни 2005 година. На сличен начин е постапено во мерењата, пресметките и документирањето на камените маркери за карактеристичните места на изгревање на источниот хоризонт на Сонцето и полната Месечина. При тоа откриени се три камени маркери за изгревање на Сонцето на источниот хоризонт во деновите на летната долгодневница, пролетната и есенската рамнодневница и зимската краткодневница. Тие се доказ дека на древните набљудувачи на небото добро им било познато привидното движењето на Сонцето на небото во текот на една тропска година. Движењето на Месечината на небесниот свод не е едноставно, а местата на изгревање на полната Месечина на источниот хоризонт, исто така, се повторуваат во долги временски периоди. На локалитетот беа откриени четири камени маркери со кои древните жители во зима ги означиле местата на изгревање на полната Месечина на источниот хоризонт, кога таа има минимална и максимална вредност на деклинацијата, како и во лето во деновите кога таа, исто така, има максимална и минимална деклинација. Постоењето на четирите камени маркери за означување на местата на изгревање на полната Месечина е јасен доказ дека древните набљудувачи на небото знаеле за циклусот од 19 години кога полната Месечина ќе изгрее со иста фаза во ист календарски ден. Добиените резултати мошне добро се согласуваат со резултатите за маркерите на познатиот Стоунхенџ како и со теориските вредности за 2000 година пр. н.е. сонце во денот на долгодневница сонце во денот на краткодневница месечина во зима со максимална деклинација месечина во зима со минимална деклинација месечина во лето со максимална деклинација месечина во лето со минимална деклинација СТОУНХЕНЏ КОКИНО 2000 пр.н.е. 23,9 0 23,9 0 23,9 0-23,9 0-23,9 0-23,9 0 29,0 0 28,2 0 28,2 0 18,7 0 20,4 0 17,9 0-29,0 0-30,2 0-30,0 0-18,7 0-18,6 0-19,6 0 Табела 1 Деклинација на Сонцето во деновите на краткодневница и долгодневница и на Месечината во деновите со најголема и најмала деклинација, за Стоунхенџ и Кокино споредени со теоретските вредности 12 13

Изработката на календар била основната задача, но секако и врвен дострел на креативноста на древните набљудувачи на небото. Постоењето на камени маркери со кои се потврдува дека на древните астрономи им било познато привидното движење на Сонцето на небото во текот на годината, како и привидното движење на полната Месечина во временски циклус од 19 години, во прво време ја наметна дилемата за типот на календарот, кој бил изработуван на оваа древна опсерваторија. Дали тоа бил соларен, лунарен или комбиниран лунарно-соларен календар? КАЛЕНДАРОТ ОД кокино Дилемата беше разрешена кон крајот на 2006 и почетокот на 2007 година кога беше потврдено постоењето на камени маркери за мерење на должината на лунарниот месец со должина од 29 и 30 дена (Cenev Gj., 2007). На 5 декември 2006 година беше денот кога полната Месечина имаше максимална деклинација зимно врме во циклусот од 19 години и нејзиното изгревање се случи точно во отворот на камениот маркер откриен во изминатите години. Во истиот камен блок има јасно воочлив и ист по облик камен маркер за кој се покажа дека го означува местото на изгревање на полната Месечина точно еден лунарен месец подоцна, или на 3 јануари 2007 година. Изгревањето на полната Месечина во овј маркер во споменатиот датум јасно покажа дека древните астрономи, не само што го познавале лунарниот циклус на изгревање на полната Месечина од 19 години, туку ја знаеле и буквално ја мереле должината на лунарниот месец од 29 дена во зимскиот период. Постоењето на два слични маркери во камениот блок каде се маркирани местата на изгревање на полната Месечина во денот со максимална деклинација, летно време, исто така, покажува дека древните жители го познавале и го мереле лунарниот месец со должина од 30 дена. На тој начин стана јасно дека на Мегалитската опсерваторија Кокино се изработувал лунарен календар со циклус од 19 години во кои биле вклучени одреден број лунарни месеци со должина од 29 дена и одреден број лунарни месеци со должина од 30 дена. Анализата покажува дека во циклусот од 19 години има 12 години со по 12 лунарни месеци, кои се т.н. обични години и 7 години со по 13 лунарни месеци, кои се престапни години. Во науката ваквиот лунарен календар со шематизирано додавање на еден лунарен месец е познат како Метонов циклус. година во календарот од Кокино број на месеци број на денови број на денови во тропската година разлика од тропска година број на денови во Метоновиот циклус 1 12 354 365-11 354-11 2 13 384 365 +8 354-22 3 12 354 365-3 384-3 4 12 354 366-15 354-15 5 13 384 365 +4 354-26 6 12 354 365-7 384-7 7 12 354 365-18 354-18 8 13 384 366 0 354-30 9 12 354 365-11 384-11 10 13 384 365 +8 354-22 11 12 354 365-3 384-3 12 12 354 366-15 354-15 13 13 384 365 +4 354-26 14 12 354 365-7 384-7 15 12 354 365-18 354-18 16 13 384 366 0 354-30 17 12 354 365-11 384-11 18 13 384 365 +8 354-22 19 12 354 365-3 383-4 разлика од тропската година 2 Табела Календар од Кокино - Метонов Циклус Во анализата на лунарниот календар многу помогнаа етноастрономските податоци добиено од македонскиот народ во истражувањата кои се реализирани во последниве 25 години (Cenev Gj., 2004). Според овие податоци дури и во денешно време луѓето во селата тврдат дека во една календарска година има само две годишни времиња: зима и лето. Во старо време, се вели, зимските месеци биле многу лоши и биле покуси, а летните месеци биле добри и имале поголем број денови. Од овие податоци забележани во колективната меморија на народот, може да се заклучи дека во календарот од Кокино обичните години имале 6 зимски месеци со должина од 29 дена и 6 летни месеци со должина од 30 дена. Во престапните години имало 13 лунарни месеци, при што се додавал еден летен месец со должина од 30 дена. Во циклусот од 19 години престапните години се менувале по посебна шема. Во календарот од Кокино, според бројот на полни Месечини во годините од тој период, во секоја 2, 5, 8, 10, 13, 16 и 18 година се додавал по еден лунарен месец со должина од 30 дена. На тој начин (Табела 2) се добива лунарен календар со циклус од 19 години, денес познат под името календарот од Кокино, кој се согласува со смената на годишните времиња како и со должината на тропската година. 16 17

18 19 На тој начин древните астрономи од Мегалитската опсерваторија Кокино го правеле лунарниот календар. Неговата примена, од една страна, значела издавање на навремени упатстава на населението за започнување и завршување со земјоделските и сточарските работи и добивање на доволни количества храна, а од друга страна, со неговата примена на квалитетен начин се организирал религиозниот живот на заедницата. Секоја битна информација поврзана со календарот, на пример дека дошол денот кога може да се започне со орање на нивите, се соопштувала со едноставно палење на оган на врвот веднаш зад троновите. Доминантната положба на планината овозможувала овој сигнал да се забележи во круг од најмалку 30 километри. На тој начин древната опсерваторија била во можност на квалитетен начин да го организира животот на луѓето во еден широк регион во центарот на Балканскиот Полуостров. Со дефинирањето на типот на календарот, кој се изработувал на Кокино, стана јасна и улогата на камените маркери за обележување на местата на изгревање на Сонцето на источниот хоризонт. Според добрите познавачи на историјата на религијата (Eliade M., 2005) во времето на изградбата на Мегалитската опсерваторија Кокино, Сонцето е значајно божество кое раководи со животниот циклус, пред сî, на растителниот свет. Неговото движење, внимателно, би се рекло и со страв, се следело на хоризонтот. Ако Сонцето летно време продолжело да се движи на север по денот на долгодневницата, топлината толку ќе се зголемела што светот ќе изгорел, а ако пак тоа зимно време продолжело да се движи кон југ по денот на краткодневницата, студот, според верувањата на луѓето, ќе ја замрзнел земјата. Изгревањето на Сонцето во маркерот, кој ги означувал деновите на пролетната и есенска рамнодневница, значело смена на зимато и летото во годините од календарот од Кокино. Midwinter Major Moon Stand Still Moon Rise on 05.12.2008 ЦИКЛУСИ НА ЗАТЕМНУВАЊА НА СОНЦЕТО И МЕСЕЧИНАТА Од самото сознание дека на Кокино многу внимателно се набљудувало движењето на Месечината во долги временски периоди, се наметна прашањето дали на древните набљудувачи на небото од Кокино им биле познати циклусите на затемнување на Сонцето и на Месечината. Според постојната литература, археоастрономските анализи на познатите локалитети од мегалитскиот период, каков што е на пример Стоунхенџ во Англија (Hawkins S.G., 1964) се концентрирани околу поврзувањето на бројот и поставеноста на камените маркери во просторот со циклусите на затемнувања на Сонцето и на Месечината (Hawkins S.G., 1964; Colton R. Martin R. L., 1967). При тоа се прават напори распоредот на камењата да се прикаже во функција на своевиден мегалитски компјутер, кој во минатото служел за претскажување на затемнувањата на Сонцето и на Месечината. Искуството во анализата на дизајнирањето на просторот на Мегалитската опсерваторија Кокино покажува дека за секој посебен вид на активности древните жители имале изработено посебно место за набљудување и биле изработени посебни камени маркери на источниот хоризонт, кои се гледаат само од тоа место. Истиот принцип важи и за следење на затемнувањето на Сонцето и Месечината.

Археоастрономската анализа на локалитетот (Cenev Gj., 2008) покажа дека за набљудување на затемнувањата на Месечината има изработено посебно место за набљудување во стоечка позиција. Древните набљудувачи од ова место внимателно го следеле изгревањето на полната Месечина и нејзиното движење. Археоастрономската анализа покажа дека само од ова место на источниот хоризонт се гледаат 4 лесно воочливи камени маркери. Мерењата на координатите на маркерите и пресметките на координатите на изгревањето на полната Месечина покажаа дека со овие четири камени маркери биле обележани местата на изгревање на полната Месечина на хоризонтот во ноќите кога настапува целосно затемнување на Месечината. Секој маркер бил поставуван по истекот на 54 години и 34 дена (Табела 3)....Секој маркер бил поставуван по истекот на 54 години и 34 дена... eclipse observation post...информациите за редоследот на затемнувањата на некој начин биле запишувани со некаков вид на писмо или симболи... Во астрономијата е познат Сарос циклусот на затемнувања со должина од 18 години 11 дена и 8 часа. Исто така е познат фактот дека истиот редослед на затемнувања во ист географски простор во исто време ќе се повтори на секои 54 години и 34 дена или по три серии на Сарос. Совпаѓањето на координатите на камените маркери и координатите на местата на изгревање на полната Месечина во ноќта кога настапуваат затемнувањата, покажува дека на древните набљудувачи на небото од Кокино добро им биле познати циклусите на затемнувања на Месечината и дека тие во континуитет биле следени над 220 години. датум 24.01.1917 пр. н.е. 25.02.1863 пр. н.е 30.03.1809 пр. н.е 01.05.1755 пр. н.е moon eclipse 1917 BC тип на затемнување moon eclipse 1863 BC сарос серија moon eclipse 1809 BC месечина moon eclipse 1755 BC маркери A h A h целосно 3 70 0 37 11 0 18 70 0 43 10 0 42 целосно 3 78 0 00 10 0 12 78 0 01 09 0 50 целосно 3 88 0 28 04 0 30 88 0 30 03 0 54 целосно 3 104 0 54 02 0 40 104 0 53 02 0 24 Табела Координати на местата на изгревање на полната Месечина и камените маркери Од овој податок може да се заклучи дека информациите за редоследот на затемнувањата на некој начин биле запишувани со некаков вид на писмо или симболи, но дали ќе се најдат ваков вид на записи ќе треба да покажат археолошките ископувања на локалитетот. Затемнувањата на Месечината, а особено затемнувањата на Сонцето во тоа време (Eliade M., 2005, Cenev Gj., 2004), но и денес, се сметаат за манифестација на борбата меѓу доброто и злото или силите на темнината и силите на светлината. 3 20 21

22 23 Без исклучок, во сите времиња и цивилизации, затемнувањата се сметаат за многу лош знак, кои навестуваат војни, болести и смрт. Затоа луѓето кои го познавале редоследот на затемнувањето, секако, имале посебно место и моќ во заедницата. Спасот од силите на темнината и злото се барал преку изведувањето на разновидни религиозни ритуали и магиски обреди, кои во поширокиот географски простор биле организирани и командувани од древните свештеници набљудувачи на небото, кои живееле на просторот на опсерваторијата. Со овие сознанија археоастрономијата дава свој прилог во расветлувањето на животот на луѓето од пред 4000 години, кои очевидно имале високоразвиена култура и организација на заедницата. 29 days lunar month Едно од најголемите признанија за вредноста на Мегалитската опсерваторија Кокино пристигна во 2005 година кога американската вселенска агенција НАСА ја рангираше на четвртото место на листата на стари опсерватории во светот веднаш зад познатите Абу Симбел во Египет, Стоунхенџ во Англија и Ангкор Ват во Камбоџа (NASA-GFSC, 2005). Со тоа се потврди фактот дека во Република Македонија постои локалитет, кој според своите археоастрономски вредности се вбројува во редот на светското наследство.

Библиографија Cenev Gjore, Megalithic Оbservatory in Kokino, Museum Gazette vol. VII-IX, p. 49 68, National Museum Kumanovo, 2002. Cenev Gjore, The Sky over Macedonia, p. 38 40, 85 114, MKC Skopje, 2004. Cenev Gjore, Megalithic observatory Kokino, Publications of the Astronomical Observatory of Belgrade, vol 80, p. 313 317, 2006. Cenev Gjore, Archaeo-astronomical characteristics of the Kokino archaeological site, Astrophysical Investigations, Institute of Astronomy at Bulgarian Academy of Science No. 9, Sofia, 2007. Cenev Gjore, Kokino Calendar, Proceedings of the Conference Studying Nature Through Centuries, October 16 20, 2007, Belgrade, Publ. Astron. Obs. Belgrade, vol. 85, p. 87 94, 2008. Colton R. Martin R. L. Eclipse Cycles and Eclipses at Stonehenge Nature 213, p. 476 478, 1967. Eliade Mircea. Histoire des croyances et des idîes religieuses, Tabernаcul Skopje, p. 90 93, 2005. Đorđević Nedeljko, Geological Reconnaissance of the Terrain on the Archaeological Localities around Kumanovo during Year 2002, Pyraichmes vol. II, National Museum Kumanovo, p. 275, 2003. Hawkins S. Gerald, Stonehenge Decoded, Nature vol. 200, p. 306 308, 1963. Hawkins S.Gerald. Stonehenge: A Neolithic Computer, Nature 202, p.1258 1260, 1964. NASA GSFC: Ancient Observatories Timeless Knowledge poster, Sun Earth Day 2005, http://sunearthday.nasa.gov/2005/images/ao_poster.pdf Автор: Ѓоре Ценев Фотографии: Љупчо Илиевски Истражувачки тим: Ѓоре Ценев, Ванчо Стојкоски, Чедомир Арсовски, Даниел Анастасов, Никола Ценев, Диме Маџовски Лектор: Катица Трајкова дизајн: Елена Блажевска За издавачот: Борис Момироски Издавач: Младински културен центар, Кеј Димитар Влахов бб Скопје, Република Македонија тел./факс. +389 2 3115 225 www.mkc.com.mk CIP Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски, Скопје 903.69(497.721) 637 ЦЕНЕВ, Ѓоре Светот на Кокино 2000 година пред нашата ера / [автор Ѓоре Ценев; фотографии Љупчо Илиевски] Скопје: Младински културен центар, 2009 24 стр.: илустр.; 20х23 cm Библиографија: стр. 24 ISBN: 978-9989-644-34-4 а) Кокино (предисториска опсерваторија) COBISS.MK-ID 75693322...на само 75 километри од скопје... КАКО ДА СЕ ПОСЕТИ МЕГАЛИТСКАТА ОПСЕРВАТОРИЈА КОКИНО Мегалитската опсерваторија Кокино се наоѓа на територијата на општина Старо Нагоричане во атарот на селото Кокино во североисточна Македонија. Содржините на древната опсерваторија се распоредени на две скалесто поставени платформи на карпестиот планински врв со надморска висина од 1013 метри, кој се издига веднаш над селото Кокино. Од Скопје локалитетот е одалечен 75 километри, а од Куманово 35 километри. Наједноставен начин за посета на древната опсерваторија е да се користи автопатот Скопје Куманово, а потоа регионалниот пат Куманово Крива Паланка. На 10 километри од Куманово на раскрсницата крај селото Младо Нагоричане се врти влево и се оди по патот кој минува низ Старо Нагоричане и води до Пелинце. Крај селото Драгоманце се врти вдесно и по тесниот, но асфалтен пат, се оди во насоката Драгоманце Кокино. По изминати десетина километри од Драгоманце се пристигнува во подножјето на планинскиот врв. Од означеното место до самиот локалитет може да се дојде само со пешачење од петнаесетина минути. Планинската патека е тесна и релативно стрмна, па затоа е потребна соодветна внимателност и подготвеност.