Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, врз основа на член 22, алинеја 4 од Законот за енергетика ( Службен весник на РМ бр. 16/2011 и 136/11 ) и член 21 од Правилникот за начин и услови за регулирање на тарифи за пренос, управување со системот за пренос и дистрибуција на природен гас ( Службен весник на РМ бр. 151/11), постапувајќи по Барањето за одобрување на регулиран приход и тарифа за дејностите пренос и управување со системот за пренос на природен гас за регулиран период од 01.01.2012 година до 31.12.2016 година, бр. 0702-2923 од 11.11.2011 година, доставено од Акционерското друштво ГА-МА Скопје, на седницата одржана на 30 декември 2011 година, донесе О Д Л У К А за одобрување на регулиран максимален приход и тарифа за вршење на дејностите пренос и управување со системот за пренос на природен гас за 2012 година и годишен приход по составни елементи за вршење на дејностите пренос и управување со системот за пренос на природен гас за регулиран период 2012-2016 година на АД ГА-МА Скопје 1. На Акционерското Друштво ГА-МА Скопје, се одобрува регулиран максимален приход од 295.004.885 денари и тарифа од 1,1753 ден/nm 3 за услугите пренос на природен гас и управување со системот за пренос на природен гас за 2012 година, за пренесени 251.000.000nm 3 природен гас. 2. На Акционерското Друштво ГА-МА Скопје, се одобрува годишен приход по составни елементи (ABB) за услугите пренос на природен гас и управување со системот за пренос на природен гас за регулиран период 2012-2016 година да изнесува: - за 2012 година - 251.923.895 денари, - за 2013 година - 255.070.235 денари, - за 2014 година - 256.880.224 денари, - за 2015 година - 259.955.791 денари, и - за 2016 година - 261.861.924 денари. 3. Жалбата изјавена против оваа Одлука не го одлага нејзиното извршување. 4. Оваа Одлука влегува во сила со денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија, а ќе се применува од 1 јануари 2012 година. О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е Акционерското Друштво ГА-МА Скопје (во понатамошниот текст: ГА-МА АД Скопје) согласно член 17 од Правилникот за начин и услови за регулирање на тарифи за пренос, управување со системот за пренос и дистрибуција на природен гас ( Службен весник на РМ бр. 151/11), (во понатамошниот текст: Правилник) до Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија (во понатамошниот текст: Регулаторна комисија за енергетика) на ден 11.11.2011 година достави Барање за одобрување на регулиран приход и тарифа за дејностите пренос и управување со системот за пренос на природен гас за регулиран период од 01.01.2012 година до 31.12.2016 година, бр. 0702-2923 од 11.11.2011 година, (во понатамошниот текст:барање). Барањето е заведено во архивата на Регулаторната комисија за енергетика со УП1 бр.08-78 од 11.11.2011 година.
ГА-МА АД Скопје кон Барањето ја достави следната документација: 1. Податоци за Барателот; 2. Решение за упис во трговскиот регистар, 3. Тековна состојба на ГА МА АД од Централен регистар на Република Македонија; 4. Статут на ГА-МА АД Скопје; 5. Годишна сметка на ГА-МА АД Скопје за 2010 година бр. /0103-330/1 од 21.02.2011 година, со прилози: - Биланс на состојба на 31.12.2010 година; - Биланс на успех за 2010 година; - Даночен биланс за 2010 година; 6. Годишен извештај на Одборот на директори за работењето на ГА-МА АД Скопје во 2010 година бр. 0103-1072/1/1 од 04.05.2011 година; 7. Финансиски извештаи и Извештај на независните ревизори од Grant Thornton; 8. Бруто биланс за 2010 9. Бруто биланс со состојба 31.10.2011 година; 10. Финансиско-сметководствени и техничко-економски податоци и информации изготвени во согласност со Прилог 4 од Правилникот; 11. Податоци за пренесени количини на природен гас; 12. Податоци за број на потрошувачи на природен гас; 13. Инвестициона програма (планирани инвестиции); 14. Изјава за веродостојноста на поднесените податоци од страна на ГА-МА АД Скопје; 15. Резиме за пресметките и начинот на пополнување на табелите од Прилог 4 од Правилникот; 16. Одлука од Одборот на директори на ГА-МА АД Скопје бр.0202-53/4 од 07.11.2011 година за поднесување на Барање за Барање за одобрување на регулиран приход и тарифа за дејностите пренос и управување со системот за пренос на природен гас за. 0702-2923 од 11.11.2011 година; 17. Електронска форма (ЦД) Регулаторната комисија за енергетика, согласно член 19 од Правилникот, на 12.12.2011 година го објави известувањето во врска со Барањето на ГА-МА АД Скопје на веб страната на Регулаторната комисија за енергетика и во дневните весници Вечер и Коха. По објавеното известување, во рокот утврден во Известувањето до Регулаторната комисија за енергетика не беа доставени мислења и предлози од страна на заинтересирани правни и физички лица. Податоци доставени од ГА-МА АД Скопје ГА-МА АД Скопје, во Барањето ги има презентирано следните податоци: 1. Вредност на средствата за вршење на регулирана дејност (RAB), принос на капитал (RA) и вредноста на пондерираната просечна цена на капиталот (WACC) Опис 2010 2012 2013 2014 2015 2016 Вредност на средства за вршење на регулирана дејности 2.051.827.324 2.099.864.188 2.254.695.375 2.354.190.633 2.444.955.023 2.532.650.818 Вредност на залиха на природен гас во мрежа AVSt-1 19.040.377 25.692.821 26.668.996 27.682.418 28.734.350 29.826.255 Принос на капитал (RA) 60.109.420 61.696.843 66.219.339 69.136.724 71.801.802 74.378.972 2
Вредност на пондерираната просечна цена на капиталот (WACC) (%) 9,6754% 9,6754% 9,6754% 9,6754% 9,6754% 9,6754% 2. Планирани количини за пренос на природен гас ГА-МА АД Скопје за регулираниот период 2012-2016 година, за пренос ја планира следната количина на природен гас: - во 2010 година - 117.393.625 nm 3, - во 2011 година - 135.000.000 nm 3, - во 2012 година - 120.000.000 nm 3, - во 2013 година - 135.000.000 nm 3, - во 2014 година - 138.000.000 nm 3, - во 2015 година - 140.000.000 nm 3 и - во 2016 година - 142.000.000 nm 3. 3. Регулиран приход и регулирана просечна тарифа ГА-МА АД Скопје, за вршење на дејностите пренос и управување на системот за пренос на природен гас, за регулираниот период 2012-2016 година бара регулираниот приход и просечна тарифа да изнесуваат: Година Регулиран приход (ден) Просечна тарифа (ден/ nm 3 ) 2012 350.919.170 2,9243 2013 250.291.367 1,8540 2014 261.094.162 1,8920 2015 271.735.617 1,9410 2016 282.075.896 1,9864 ГА-МА АД Скопје, со Барањето ги има презентирано податоците за трошоците, приходите и пренесените количини на природен гас за базната 2010 година, како и планираните трошоци и приходи и количини на природен гас за 2011 година. Според податоците од Барањето ГА-МА АД Скопје во 2011 година ќе оствари помал приход во износ од 120.093.319 денари поради помала пренесена количина на природен гас, и истиот е вклучен во приходот за 2012 година. Анализа од Регулаторната комисија за енергетика За определување на просечната тарифа за регулираниот период 2012-2016 година за услугите пренос на природен гас и управување со системот за пренос на природен гас, Регулаторната комисија за енергетика ги користеше податоците доставени во Барањето на ГА- МА АД Скопје. Вредноста на средствата за вршење на регулираните дејности пренос и управување со системот за пренос на природен гас (RAB) е определена врз основа на вредноста на средствата од 2010 година во која се вклучени и средства за залихи на природен гас во системот за пренос (AVSt-1) во износ од 19.040.377 денари Во вредноста на средствата за вршење на регулирана дејност во регулираниот период 2012-2016 година вклучени се средствата за залихи на природен гас во ист износ како во Барањето, и вредноста на инвестициите во висина од 42% од вредноста на планираните инвестиции во Барањето поради помалиот процент на реализација на истите во минатата година. 3
За регулираниот период ГА-МА АД Скопје планира инвестиции за проширување и надградба на постојниот систем за пренос (проширување на градската гасоводна мрежа и затворање на гасоводниот прстен во Скопје, зголемување на капацитетот на ГМС Жидилово, телеметриски систем на објектите на гасоводот и систем за следење и откривање на истекување на природен гас од гасоводната мрежа, изработка на географско-информациски систем, чистење на делници 25, 26, 27 и 28 кон топлана Запад и набавка на мерно регулациски станици-мрс ), и тоа: во денари Година Планирано од ГА-МА Одобрено од РКЕ (42%) 2012 328.717.500 138.061.350 2013 214.020.000 89.888.400 2014 202.950.000 85.239.000 2015 206.025.000 86.530.500 2016 206.025.000 86.530.500 Вредноста на планираните инвестиции за регулираниот период 2012-2016 година, Регулаторната комисија за енергетика ја определи на 42% од вредноста на планираните инвестиции, исто како и во претходниот регулиран период а врз основа на остварениот степен на реализација на планираните инвестиции во претходниот период. Во табелата што следи даден е преглед на средствата за вршење на регулирана дејност за регулираниот период 2012-2016 година. ОПИС 2012 2013 2014 2015 2016 RAB start 2.076.810.317 2.126.794.278 2.128.605.289 2.125.766.900 2.124.220.011 Нови инвестиции 138.061.350 89.888.400 85.239.000 86.530.500 86.530.500 Бесплатно добиени средства 0 0 0 0 0 Амортизација 88.077.389 88.077.389 88.077.389 88.077.389 88.077.389 RAB end 2.126.794.278 2.128.605.289 2.125.766.900 2.124.220.011 2.122.673.122 RAB просек 2.101.802.298 2.127.699.784 2.127.186.095 2.124.993.456 2.123.446.567 AVS t-1 - Залиха на природен гас 25.692.821 26.668.996 27.682.418 28.734.350 29.826.255 RAB просек + AVS t-1 2.127.495.119 2.154.368.780 2.154.868.513 2.153.727.806 2.153.272.822 Приносот на капитал (RA) за дејностите пренос на природен гас и управување со системот за пренос на природен гас е пресметан согласно Правилникот, Прилог 1, точка 2.4.3.3, односно признаен е принос во висина 50% од пресметаниот принос од регулираните средства со примена на просечна пондерирана цена на капиталот (WACC) од 9,3885%. Пресметката на пондерираната просечна цена на капиталот за ГА-МА АД Скопје е како што следи: Ред. 2012-2016 бр ОПИС И ОЗНАКА ГА-МА АД РКЕ 1 Сопствен капитал (денари) 0 2.404.524.391 2 Долг (денари) 0 30.390.974 3 Сопствен капитал (%) 0 98,75% 4 Долгорочен долг, Debt (%) 0 1,25% 5 Цена на долг, Kd (%) 0,00% 2,33% 4
6 Просечни каматни стапки на долгорочни кредити (, $ и денари), објавени од Народна банка на РМ, Rm (%) 0,00% 8,53% 7 Стапка на поврат без ризик, еднаква на приносот на обврзниците издадени од Владата на РМ, Rf (%) 0,00% 4,68% 8 Премија за ризик (R m - R f = MRP) 0,00% 3,85% 9 Бета на сопствен капитал, (пазарното портфолио), β 1 1 10 Цена на сопствен капитал, Ke (%) 0,00% 8,53% 11 Стапка на данок на добивка, Tp (%) 10,00% 10,00% 12 Пондерирана просечна цена на капиталот на реална основа пред оданочување, WACC (%) 9,6754% 9,3885% Вредноста на Rf (приход на неризични вложувања) е утврден како пондерирана просечна каматна стапка на 3; 6; 12; 24 и 36 месечни државни хартии од вредност. Вредноста на Rm (просечен приход на ризични вложувања) е утврдена како просечна каматна стапка на долгорочни денарски и девизни кредити на претпријатијата во република Македонија. Оперативните трошоци на ГА-МА АД Скопје за регулираниот период 2012-2016 година кои ги одразуваат нормализираните трошоци, се определени на следниот начин: Оперативните трошоци за базната 2010 година се исти со одобрените со Одлука УП1 бр.08-17 од 30.03.2011 година по извршената контрола за 2010 година. Вкупно пресметаните нормализирани трошоци за регулираните дејности пренос на природен гас и управување со системот за пренос на природен гас за базната 2010 година изнесуваат 147.868.976 денари. За регулираниот период 2012-2016 година нормализираните трошоци се определени согласно Правилникот и тоа: 1 Трошоците за материјали, енергија, резервни делови и ситен инвентар, се пресметани врз основа на утврдените во 2010 година, зголемени со примена на CPI од 3% за 2011-2013, и CPI од 2,7% за периодот 2014-2016; 2 Вредноста на трошоците за тековно одржување е преземена од Барањето; 3 Трошоците за осигурување за 2012 година се преземени со вредност од бруто билансот за 2011 година, а за периодот 2013-2016 зголемени се за соодветниот процент на CPI; 4 Трошоците за бруто плати се пресметани согласно Правилникот, односно просечна бруто плата исплатена во стопанството на РМ во 2011 година за девет месеци, во износ од 30.515 денари зголемена за соодветната вредност на CPI за секоја година од регулираниот период, за 52 вработени како што е наведено во Барањето и зголемена за 40%; 5 Менаџерските плати и менаџерските награди се со ист износ како во Барањето; 6 Другите услуги се пресметани согласно Правилникот според тригодишното просечно учество во трошоците за материјали, енергија, резервни делови и ситен инвентар, во висина од 259,88%; 7 Трошоците од категоријата останати и вонредни трошоци се пресметани согласно Правилникот, во висина од 10% од позициите 1, 2, 3, 4 и 6 од нормализираните трошоци; 8 Даноци, придонеси и други давачки кои не зависат од резултатот од работењето се нормирани во ист износ како во Барањето и 9 Трошокот за амортизација е во износ од 88.077.389 пресметан за 2012 година и е ист за регулираниот период 2012-2016. 5
Пресметаните оперативни трошоци за вршење на дејностите пренос и управување со системот за пренос на природен гас се презентирани во Табела 1 Преглед на трошоци и приходи за ГА-МА АД Скопје, за регулиран период 2012-2016 година, која е во прилог и е составен дел на оваа Одлука. При прогнозирање на количините за пренос на природен гас за периодот 2012 2016 година, земени се во предвид количините на природен гас од Барањето, од анкетата за планираната потрошувачка на природен гас на големите потрошувачи, спроведена од страна на Регулаторната комисија за енергетика, како и количините на природен гас од Енергетскиот биланс за 2012 година донесен од страна на Владата на Република Македонија. Прогнозираната количина на природен гас која ќе се пренесе во 2012 година е утврдена да изнесува 251.000.000 nm³. Заради определување на SX факторот во целиот регулиран период 2012-2016 година во пресметките е земена истата количина на природен гас за пренос. Одобрениот регулиран приход за 2011 година согласно Одлуката УП1 бр.08-17 од 30.03.2011 година изнесува 431.917.045 денари, а остварениот приход во 2011 година на ГА-МА АД Скопје е 226.532.639 денари, и е помал за 205.384.406 денари. Овој помалу остварен приход ќе се надомести во регулираниот период 2012-2016 година. Факторот на порамнување (SX) за регулираниот период 2012 2016 година изнесува -0,07482 и со негова примена во утврдувањето на цената на услугата пренос и управување со системот за пренос на природен гас за регулираниот период 2012-2016 година се овозможува поурамнотежено движење на цената во текот на регулираниот период и избегнување на големи скокови или падови во цената на услугата пренос и управување со системот за пренос на природен гас. Имајќи го предвид напред наведеното, Регулаторната комисија за енергетика одлучи како во диспозитивот на оваа Одлука. ПРАВНА ПОУКА: Против оваа Одлука, незадоволната страна, согласно член 31, став 1, од Законот за енергетика ( Службен весник на РМ бр.16/2011 и 136/11), може да изјави жалба до Комисијата за решавање на жалби во областа на енергетиката, преку Регулаторната комисија за енергетика, во рок од 15 дена од денот на нејзиното објавување во Службен весник на Република Македонија. УП1 бр.08-78 30 декември 2011 година Скопје ПРЕТСЕДАТЕЛ Димитар Петров Прилози: Табела 1 - Преглед на трошоци и приходи за вршење на регулирани дејности пренос и управување со системот за пренос на природен гас за регулиран период 2012-2016. 6