ПЛАНИНСКИ ЧАЈ ПРИРАЧНИК ЗА СОБИРАЊЕ И КУЛТИВИРАЊЕ НА ПЛАНИНСКИОТ ЧАЈ ВО ПРЕСПАНСКИОТ РЕГИОН
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ Уникатноста на Преспанскиот регион се должи на неговата пределска разновидност и пејсажни вредности. Тој ги опфаќа двете природни езера - Големото и Малото Преспанско Езеро и високите планини кои нив ги оградуваат. Мозаикот составен од езера и планини е надополнет со изобилство од разновидни станишта и екосистеми кои претставуваат живеалишта на голем број ендемски и европски или глобално засегнати растителни и животински видови. Меѓу засегнатите видови растенија што растат во Преспа е и планинскиот чај. фото: Љ. Стефанов Планинскиот чај (уште се нарекува и Çaj mali на албански, τσάι του βουνού на грчки, како и шарпланински чај и охридски чај на македонски) е еден од најпопуларните топли пијалоци што се користат во нашите краишта. На територијата на Балканскиот Полуостров и Турција постојат повеќе слични видови од овој тип чај (стручно се нарекува Sideritis L., од фамилијата Lamiaceae). Планинскиот чај има широка употреба, како во третман на кашлица, бронхитис, астма и тегоби во стомакот, така и поради своите освежителни дејства. Родот Sideritis (Lamiaceae) опфаќа околу 150 видови, распространети главно во медитеранскиот регион и во умерените зони на Азија. Во Преспанскиот регион, се собира видот S. raeseri кој е многу сличен со шарпланинскиот чај (S. scardica). Природните наоѓалишта на S. raeseri во преспанскиот планински регион се дел од субалпската зона под силно медитеранско влијание, а делумно се среќаваат и во топлото континентално и континенталносубмедитеранското климатско подрачје. Се среќаваат на надморска височина од 1000-2000 метри населувајќи суви карпести и тревести варовнички биотопи. Растенијата издржуваат ниски температури и до -10 C, но под снежни покривки кои ги штитат од замрзнување. Периодот на цветање започнува на крајот на јуни до средината на jули и трае околу 25 дена. фото: Љ. Стефанов Распространување на планинскиот чај во Преспанскиот регион
Биолошка активност Фармаколошките својства на ова растение не се доволно познати иако постојат многубројни научни податоци. Екстрактот од S. raeseri покажува анти-инфламаторно, анти-микробно, анти-бактериско и антиревматско дејство. Поради присуството на микроелементите железо и селен во S. raeseri, неговите екстракти се вклучени во подготовка на анти-анемични препарати. Во нашата народна медицина S. raeseri се користи како средство за релаксација, при бронхитис и бронхијална астма, против обична настинка и емфизема на белите дробови. Собирањето на планинскиот чај во Преспанскиот регион е недоволно контролирано. Не постојат правила за количина на собирање; бројот на собирачи не е познат; не се воведени дозволи за собирање; постојат несовесни собирачи кои ги корнат растенијата и сл. Ова е причина за нарушување на самите станишта каде што расте планинскиот чај и значително намалување на популациите. Поради ова, лековитото растение Sideritis raeseri Griseb. е засегнат вид. Претставува ендемит за Балканскиот Полуостров. Вклучен е во Црвената книга на Албанија со статус загрозен (EN - според критериум A1c) и на листата на видовите на значајни растителни подрачја (IPA) во нашата држава (критериум Аiv).
ПРЕПОРАКИ ЗА ОДРЖЛИВО СОБИРАЊЕ Делови од растението што се собираат: Надземните делови од растението и тоа само стебленцата со соцветијата (стручно се нарекува Sideriti herba). Временски период за собирање: Растението се собира во јуни и јули, за време на цветањето. Алат за берба: Нож или ножици Метод на собирање: Се отсекува само стебленцето со цветови со остро сечило и тоа над долниот задрвенет дел. Листовите не се собираат. Се чисти од песокот и почвата. Не треба да се собираат прецветани растенија и растенија нападнати од болести. Не смее да се корне бидејќи во делот што се употребува (дрогата) не смее да има делови од коренот коишто би го намалиле нејзиниот квалитет. Планинскиот чај се собира на сончево време. фото: Љ. Стефанов Не е дозволено корнење на надземниот дел. Задолжително е при берењето да се остави најмалку 1/3 од растенијата во наоѓалиштето со добро развиени цветоносни стебла, за да се осигура семеното размножување на видот и негово возобновување. Следното собирање на истото наоѓалиште е дозволено најрано по 2 години. Не е дозволено да се собира во области каде што примероците се ретки.
фото: Ѓ. Стефков култивација Семето собрано од природата покажува ниско ниво на ртење како во лабораториски така и во природни услови ( ртливоста е само околу 5%). За подобрување на процесот на ртење, се применуваат најразлични третмани. Најдобри резултати се постигнати со третирање на семето (со еднократно прскање) со раствори на гиберлинска киселина (1 и 1,5%) и бакар сулфат (0,001%) што го зголемуваат степенот на ртење до 80% (може да се најде во земјоделските аптеки). По третманот, семеновиот развој се карактеризира со поинтензивен раст на корењата, стеблата и листовите. Се препорачува култивирањето да биде главно преку засејување со сеидба на отворени простори во семенски расадници на есен и во пролет во периодот февруари-март. Семињата бавно ртат и потребна им е стратификација. Стратификација претставува процес во кој семето се чува во песок на ниски температури во време од неколку дена. Просторот помеѓу редовите треба да изнесува 10 cm, а длабочината на која се засадуваат семките околу 1-2 cm. Потребно е околу 3 g семе на m 2 почвена површина. Потребното количество семе за 1 декар (1000 m 2 ) може да биде подмирено со семе добиено од растенија засеани на површина од 10 или 12 m 2 со околу 30 g стратифицирано семе. По извршената сеидба, засеаните површини треба редовно да се наводнуваат. Поретко, култивирањето е возможно да се изврши со засејување на полињата токму пред почетокот на зимата на добро подготвена почва, со користење на 250-400 g семе/декар. Садниците се прават во пролет (мај) или на есен (октомври) во производствени парцели со простор помеѓу редовите од 50 или 60 cm и помеѓу растенијата во редот 50 или 40 cm. Растенијата треба да бидат редовно наводнувани и плевени. ПРОИЗВОДСТВО И ПРИНОС Во текот на првата година насадот формира само базални ливчиња. По втората година настанува редовно цветање и плодонесување. Најинтензивниот раст на стебленцата и формирање на надземната биомаса се забележува за време на третата и четвртата година од засадувањето, кога бројот на цветните стебленца значително се зголемува, проследено со интензивно разгранување. Производството на искористлива биомаса (табела 1) до петтата година достигнува 242 g свежа и 93 g сува херба по растение. Приносот од 1 декар изнесува околу 1000 kg свежа и 380 kg сува херба. Во подоцнежните години приносот бележи слабо опаѓање. Насади со култивиран планински чај
ТРЕТМАН ПО СОБИРАЊЕТО Год II III IV V принос на херба g/1 растение свежа сува принос на херба kg/декар свежа сува 10.30 80.64 202.08 242.29 41.2 322.6 808.0 969.2 4.48 38.40 84.20 93.19 17.9 153.6 335.8 372.8 Кореновиот систем на култивираниот чај е многу подобро развиен во споредба со оној кој расте во природни услови. По 4 години корењата достигаат длабочина до 55 cm, а надземниот дел со неговите цветни стебленца се развива во форма на круг (огниште) кој достигнува дијаметар и до75 cm. Стебленцата од формираните огништа може да се собираат еднаш по втората година од засејувањето и генерално два пати годишно во следните години од продуктивниот живот на растението (за разлика од природните популации), на почетокот на цветањето на сончево време. Собраните исечени растенија се транспортираат веднаш на сушење. Сушењето се врши во темни, проветрени простории. Сушењето на растенијата во вештачки сушилници на температура од 40 C, резултира со подобар квалитет. Од 2,5 kg свежо набрани делови се добива 1 kg сува херба. Кај култивираните растенија антибактериското и антивиралното дејство е исто така потврдено. Насади со култивиран планински чај Собраните цветни стебленца од растението, се чистат од нечистотиите од почвата или од деловите нападнати од болести. Растенијата со потемнети листови и оние без цветови немаат комерцијална вредност. Препорачливо е да се сушат под сенка во проветрени простории. Се сушат во тенок слој, на рамки, полици или листови хартија на земјата. Не е дозволена употреба на вештачки материјали (најлон, полиетилен и други) што води до намалување на квалитетот на собраното растение. За време на процесот на сушење, растенијата треба да се превртуваат често зависно од временските услови и атмосферската влажност. Растението е суво кога најдебелите делови од стебленцата се кршат при виткање. Собраните растенија може да се сушат во сушилници на температура не повисока од 40 C и со добра вентилација. Исушениот чај може да се реди во китки од по 25 стебленца. Вака наредените китки се чуваат во висечка положба со соцветијата надолу во сува просторија каде е потребно да отстојат 2-4 дена поради воедначување на влагата. фото: Ѓ. Стефков Табела 1. Приближен принос на биомаса на култивиран S. raeseri
фото: Ѓ. Стефков ПАКУВАЊЕ И ЧУВАЊЕ фото: Љ. Стефанов Исушениот материјал се пакува во чисти и суви памучни или хартиени ќеси и се чува во суви, чисти и проветрени простории, заштитен од директна сончева светлина, влага, прашина и нечистотија, инсекти и глодари, одделен од отровни и силно ароматични растенија.
APOLOIMAGES Интегрираното управување со екосистемот во басенот на Преспанското Езеро е проект што го спроведува УНДП од 2006 г. наваму, во соработка со сите три земји кои го делат басенот. Проектот е финансиски поддржан од Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ) со 4,3 милиони УСД. Главната цел на проектот е да му се помогне на населението од регионот со долгорочен економски и социјален развој, да се сочува богатата биолошка разновидност и да се заштитат водите на Преспа. www.thegef.org www.undp.org.mk