ГОЛЕМ СОВЕТ ПРЕДМЕТ VALLIANATOS И ОСТАНАТИТЕ ПРОТИВ ГРЦИЈА. (Жалби бр /09 и 32684/09) ПРЕСУДА [Извадоци] СТРАЗБУР. 7 ноември 2013 г.

Σχετικά έγγραφα
М-р Јасмина Буневска ОСНОВИ НА ПАТНОТО ИНЖЕНЕРСТВО

ЗАДАЧИ ЗА УВЕЖБУВАЊЕ НА ТЕМАТА ГЕОМЕТРИСКИ ТЕЛА 8 ОДД.

ИСПИТ ПО ПРЕДМЕТОТ ВИСОКОНАПОНСКИ МРЕЖИ И СИСТЕМИ (III година)

НАПРЕГАЊЕ ПРИ ЧИСТО СМОЛКНУВАЊЕ

ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ЧЕТВРТ ОДДЕЛ. СЛУЧАЈ BJÖRK EIÐSDÓTTIR ПРОТИВ ИСЛАНД (Жалба бр /09) ПРЕСУДА СТРАЗБУР.

σ d γ σ M γ L = ЈАКОСТ 1 x A 4М21ОМ02 АКСИЈАЛНИ НАПРЕГАЊА (дел 2) 2.6. СОПСТВЕНА ТЕЖИНА КАКО АКСИЈАЛНА СИЛА Напонска состојаба

Етички став спрема болно дете од анемија Г.Панова,Г.Шуманов,С.Јовевска,С.Газепов,Б.Панова Факултет за Медицински науки,,универзитет Гоце Делчев Штип

Пресуди во врска со дискриминација од судската пракса на Европскиот суд за човекови права и Судот на правдата на Европска унија

ИНТЕРПРЕТАЦИЈА на NMR спектри. Асс. д-р Јасмина Петреска Станоева

Податоците презентирани во извештајот не ги одразуваат мислењата и ставовите на донаторите на проектот. Проектот Мојот пратеник е поддржан од:

37. РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2013 основни училишта 18 мај VII одделение (решенија на задачите)

НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ

ВЕРОЈАТНОСТ И СТАТИСТИКА ВО СООБРАЌАЈОТ 3. СЛУЧАЈНИ ПРОМЕНЛИВИ

4. Оваа Одлука влегува во сила со денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија, а ќе се применува од 1 јули 2018 година.

Приватноста како основно човеково право

С Т А Т У Т НА ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ЈАВНИ ПАРКИРАЛИШТА ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ

ТАРИФЕН СИСТЕМ ЗА ДИСТРИБУЦИЈА

О Д Л У К А. 3. Жалбата изјавена против оваа Одлука, не го одлага нејзиното извршување.

О Д Л У К А. 3. Жалбата изјавена против оваа Одлука не го одлага нејзиното извршување.

а) Определување кружна фреквенција на слободни пригушени осцилации ωd ωn = ω б) Определување периода на слободни пригушени осцилации

2. Просечната продажна цена на електрична енергија по која АД ЕЛЕМ - Скопје, подружница Енергетика, ги снабдува потрошувачите за 2018 година од:

Д-Р АЛЕКСАНДАР СПАСЕНОВСКИ

46. РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА април II година (решенија на задачите)

СТАНДАРДНИ НИСКОНАПОНСКИ СИСТЕМИ

О Д Л У К А. 3. Жалбата изјавена против оваа Одлука, не го одлага нејзиното извршување.

Регулација на фреквенција и активни моќности во ЕЕС

Почетоците на европската античка етимологија (со осврт на македонската)

ДОНЧЕ ТАСЕВ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГРЦИЈА

ФОНДАЦИЈА ФРИДРИХ ЕБЕРТ РЕВИЈА ЗА СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА

Од точката С повлечени се тангенти кон кружницата. Одреди ја големината на AOB=?

46. РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА април III година. (решенија на задачите)

Η «Καταπιεσμενη Μακεδονικη Μειονοτητα»

Родовиот и мајчинскиот јаз во платите во ПЈР Македонија: економетриска анализа

ЛГБТИ КОРИСНИЦИ НА ДРОГА СЕКСУАЛНИ РАБОТНИЦИ/ЧКИ, ЛУЃЕ ШТО ЖИВЕАТ СО ХИВ

Забелешки кон Уредбата за дополнување

ШЕМИ ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ НА ПРОСТИТЕ БРОЕВИ

СОД РЖИНА Стр. 93. Правилник за стручно оспособување, проверки, испити, дозволи и овластувања/рејтинзи за

Проф. д-р Ѓорѓи Тромбев ГРАДЕЖНА ФИЗИКА. Влажен воздух 3/22/2014

Бесмртноста на душата кај Платон (II)

Лидерството и институциите: легитимитетот и балансот на моќ меѓу институциите на политичкиот систем

ЈАКОСТ НА МАТЕРИЈАЛИТЕ

Тарифен став (денари) Пресметковна. Тарифно Потрошувачи на висок Единица величина. напон 35 kv * 35 kv 10 kv Моќност kw 943,62 994,66 767,14.

Предизвици во моделирање

УСЛОВИ НА ПАРИТЕТ ВО МЕЃУНАРОДНИТЕ ФИНАНСИИ И ПРЕДВИДУВАЊЕ НА ДЕВИЗНИОТ КУРС. Parity Conditions in International Finance & Currency Forecasting

НУМЕРИЧКО МОДЕЛИРАЊЕ НА ГАЛАКСИИ

27. Согласно барањата на Протоколот за тешки метали кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување (ратификуван од Република Македонија во

ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ ПРЕДМЕТ АСЛАНИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. (Апликација бр /13) ПРЕСУДА СТРАЗБУР

Кои од наведениве процеси се физички, а кои се хемиски?

Елисавета Сарџоска 1 Виолета Арнаудова Институт за психологија, Филозофски факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј Скопје

ВОДИЧ ЗА ЗЕМЈАТА ДЕСТИНАЦИЈА - ГРЦИЈА

ЖАЛБА Од Јован Вранишкоски на пресудата од Основниот Суд Скопје I, V КОК бр. 59/12

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ. Економија на Европска унија. Александар Костов. МОБИЛНОСТ НА КАПИТАЛОТ ВО ЕУ - магистерски труд -

СТЕРЕОТИПИЗИРАНИ ПРЕТСТАВИ ЗА ЖЕНАТА ВО МАКЕДОНСКОТО ФРАЗЕОЛОШКО ТВОРЕШТВО

ЕВН ЕЛЕКТРОСТОПАНСТВО НА МАКЕДОНИЈА

ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНА КОМИСИЈА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА

Info 3ΟΡΑ EDIFYING BULLETIN OF RAINBOW PARTY MK EDITION June 2002 No 6-b

56. РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2013 Скопје, 11 мај IV година (решенија на задачите)

ВО ОВОЈ БРОЈ: MAKEDONIKA. Izdava. MAKEDONIKA litera

3. ПРЕСМЕТКА НА КРОВ НА КУЌА СО ТРИГОНОМЕТРИЈА

Анкета за Граѓанското учество на граѓаните на Република Македонија. Септември 2016 Скопје

45 РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2012 III година (решенија на задачите)

СТОПАНСКА БАНКА АД СКОПЈЕ. Кодекс на етика. Сектор за контрола на усогласеноста на работењето на Банката со прописите.

С О Д Р Ж И Н А

Емпириска анализа на загатката на Фелдштајн и Хориока во транзициски земји, со осврт на Македонија

год. IV / бр. 20 / СПИСАНИЕ НА КомораТА на овластени архитекти и овластени инженери на македонија ISSN X

Нацрт А - Дозвола за усогласување со оперативен план

ГРЧКИ РЕАКЦИИ ЗА ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ

Кон нов Свет и Голем Собор

Емпириска анализа на загатката на Фелдштајн и Хориока во транзициски земји, со осврт на Македонија

Оценка на ефикасноста на македонските банки примена на пристапот на стохастичка граница

Макроекономски детерминанти за развој на пазарот на капитал во Република Македонија Милан Елисковски

СТРУКТУРАТА НА КАПИТАЛОТ КАКО ФАКТОР ВО ВРЕДНУВАЊЕТО НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА И ИНВЕСТИЦИОНИТЕ ВЛОЖУВАЊА М-р Илија Груевски Државен универзитет Гоце Делчев

Број февруари 2015, среда година LXXI

Анализа на триаголници: Упатство за наставникот

МЕХАНИКА 1 МЕХАНИКА 1

Глава VI Културната дипломатија и Република Македонија...стр.159

Изомерија. Видови на изомерија

Гоце Јанкулоски ТРАНСФОРМАЦИСКОТО ЛИДЕРСТВО КАКО ГЕНЕРАТОР НА УСПЕХОТ НА РАБОТЕЊЕТО - МАГИСТЕРСКИ ТРУД -

Доц. д-р Наташа Ристовска

Тарифи за пресметковни елементи активна ел.енергија (ден/kwh) реактивна ел.енергија (ден/kvarh) 3,1964 0,1994 0,0798. Врвна активна моќност (ден/kw)

Современи концепции на финансискиот менаџмент при управување со ризикот во банкарските институции

ВЛИЈАНИЕТО НА ОСИГУРУВАЊЕТО ВРЗ ЕКОНОМСКИОТ РАСТ: СЛУЧАЈОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Универзитет Св. Климент Охридски Битола Економски факултет - Прилеп. Управување со ликвидноста на банкарските институции

45 РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2012 II година (решенија на задачите)

РЕФЕРЕНТНА ПОНУДА ЗА ИНТЕРКОНЕКЦИЈА Т-МОБИЛЕ МАКЕДОНИЈА АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА МОБИЛНИ КОМУНИКАЦИИ - СКОПЈЕ

С О Д Р Ж И Н А. Број 26 Год. LXIII Понеделник, 5 март 2007 Цена на овој број е 150 денари. Стр.

МРЕЖНИ ПРАВИЛА ЗА ДИСТРИБУЦИЈА НА ПРИРОДЕН ГАС

Универзитет Гоце Делчев - Штип ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ. Менаџмент, бизнис, администрација- МБА ШТИП БОБАН ТРАЈКОВСКИ

Методина гранични елементи за инженери

МОДЕЛИРАЊЕ СО СТРУКТУРНИ РАВЕНКИ И ПРИМЕНА

( ) ( ) ( ) ( ) ( ) ( )

У Н И В Е Р З И Т Е Т С В. К И Р И Л И М Е Т О Д И Ј В О С К О П Ј Е

Κτηνιατρικό Πιστοποιητικό για την Π.Γ.Δ.Μ. /Ветеринарно здравствен сертификат за F.Y.R.O.M. /Veterinary certificate to F.Y.R.O.M. Κωδικός/ Код/ Code

РЕФЕРАТ. Во средниот век епископската титула на св. Климент ја среќаваме во три основни варијанти:

FISKALNA DECENTRALIZACIJA ZA PODOBARREGIONALEN RAZVOJNA

ЕДНИОТ И МНОГУТЕ НИЗ ЕКЛИСИОЛОШКИ АСПЕКТ

56. РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2013 Скопје, 11 мај I година (решенија на задачите)

игумен Давид (Нинов)

ЗА ПОДГОТОВКА НА БАРАЊЕТО ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ТАРИФА ЗА ВОДНА УСЛУГА ПОДНЕСОЦИТЕ И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ОЦЕНА

Transcript:

Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2014. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (www.coe.int/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ. Council of Europe/European Court of Human Rights, 2014. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (www.coe.int/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document. Conseil de l Europe/Cour européenne des droits de l homme, 2014. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l homme du Conseil de l Europe (www.coe.int/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l indication de copyright/droits d auteur à la fin du présent document. ГОЛЕМ СОВЕТ ПРЕДМЕТ VALLIANATOS И ОСТАНАТИТЕ ПРОТИВ ГРЦИЈА (Жалби бр. 29381/09 и 32684/09) ПРЕСУДА [Извадоци] СТРАЗБУР 7 ноември 2013 г. Оваа пресуда е конечна но може да биде предмет на редакциски измени.

2 VALLIANATOS И ОСТАНАТИТЕ ПРОТИВ ГРЦИЈА ПРЕСУДА Во предметот Vallianatos и останатите против Грција, Европскиот суд за човекови права (Голем совет), заседавајќи како Голем совет составен од следниве судии: Dean Spielmann, Претседател, Josep Casadevall, Guido Raimondi, Ineta Ziemele, Mark Villiger, Isabelle Berro-Lefèvre, Peer Lorenzen, Danutė Jočienė, Mirjana Lazarova Trajkovska, Ledi Bianku, Angelika Nußberger, Julia Laffranque, Paulo Pinto de Albuquerque, Linos-Alexandre Sicilianos, Erik Møse, André Potocki, Aleš Pejchal, судии, и Michael O Boyle, заменик секретар, По заседавањето без присуство на јавноста на 16 јануари и 11 септември 2013 година, Ја изрекува следнава пресуда, што беше донесена на последно наведениот датум: ПОСТАПКА 1. Предметот произлегува од две жалби (бр. 29381/09 и 32684/09) против Република Грција, поднесени пред Судот во согласност со член 34 на Конвенцијата за заштита на човековите права и на основните слободи ( Конвенцијата ) на 6 и 25 мај 2009 година, соодветно. Првата жалба (бр. 29381/09) беше поднесена од страна на двајца грчки државјани, г. Grigoris Vallianatos и г. Nikolaos Mylonas, родени во 1956 и 1958 година, соодветно, а втората жалба (бр. 32684/09) беше поднесена од страна на шест грчки државјани, C.S., E.D., K.T., M.P., A.H. и D.N., и од страна на здружението Synthessi информирање, сензибилизација и истражување, правно лице со седиште во Атина. 2. Жалителите во жалбата бр. 29381/09 беа застапувани од страна на Грчки Хелсинки монитор, невладина организација со седиште во Glyka Nera (Атина). Жалителите во жалбата бр. 32684/09 беа застапувани од г. N. Alivizatos и г. E. Mallios, адвокати што работат во Атина. Грчката

VALLIANATOS И ОСТАНАТИТЕ ПРОТИВ ГРЦИЈА ПРЕСУДА 3 Влада ( Владата ) беше застапувана од своите заменици застапници, г- ѓа A. Grigoriou и г-ѓа G. Papadaki, советници во Правниот совет на државата, и од г. D. Kalogiros, правен асистент во Правниот совет на државата. 1. Жалителите тврдеа особено, повикувајќи се на член 8 разгледуван заедно со член 14, дека фактот што граѓанските заедници воведени со Законот бр. 3719/2008 биле предвидени единствено за парови составени од полнолетни лица од различен пол го повредил нивното право на почитување на приватниот и семејниот живот и претставува неоправдана дискриминација помеѓу паровите од различен и од ист пол, на штета на второнаведените. 2. Жалбите биле доделени на Првиот оддел на Судот (Правило 52 1 од Деловникот на Судот). На 3 февруари 2011 година овој Оддел одлучил да ја извести Владата за жалбата. Тој одлучил, исто така, да ја испита основаноста на жалбата во исто време со нејзината допуштеност (член 29 1 на Конвенцијата). На крајот, вршителот на должноста Претседател на Советот го одобрил барањето за анонимност што го поднеле првите шест жалители во жалбата бр. 32684/09 (Правило 47 3). 3. На 11 септември 2012 година Советот, составен од Nina Vajić, Peer Lorenzen, Elisabeth Steiner, Mirjana Lazarova Trajkovska, Julia Laffranque, Linos-Alexandre Sicilianos и Erik Møse, судии, и Søren Nielsen, Секретар на одделот, му ја отстапи надлежноста на Големиот совет, при што ниедна од страните не се спротивстави на таквото отстапување откако беше консултирана (член 30 на Конвенцијата и Правило 72). Составот на Големиот совет беше утврден во согласност со одредбите на член 26 4 и 5 на Конвенцијата и Правилото 24. 4. Жалителите и Владата поднесоа писмени забелешки во врска со допуштеноста и основаноста на жалбите (Правило 59 1). Дополнително, беа примени забелешки од трети страни од Центарот за совети за индивидуални права во Европа (AIRE Центар), Меѓународната комисија на правници (ICJ), Fédération internationale des Ligues des Droits de l Homme (FIDH) и од Европскиот регион на меѓународната асоцијација на лезбејки, геј мажи, бисексуалци и трансродови лица (ILGA-Европа), кои добиле дозвола од Претседателот да интервенираат во писмената постапка (член 36 2 на Конвенцијата и Правило 44 3). 5. Расправата е одржана во Зградата за човекови права, Стразбур, на 16 јануари 2013 година (Правило 59 3). Пред Судот се појавиле: (а) за тужената Држава Г-ѓа A. GRIGORIOU, Советник, Правен совет на државата, Г. D. KALOGIRIS, Правен асистент, Правен совет на државата, Г-ѓа M. GERMANI, Правен асистент, Правен совет на државата,

4 VALLIANATOS И ОСТАНАТИТЕ ПРОТИВ ГРЦИЈА ПРЕСУДА Заменици застапници; (б) за жалителите Г-ѓа C. MÉCARY, Адвокат, Г. N. ALIVIZATOS, Адвокат, Адвокати, Г. P. DIMITRAS, Г. E. MALLIOS, Адвокат, Советници. Судот ги сослуша обраќањата на г-ѓа Germani, г-ѓа Mécary и г. Alivizatos. ФАКТИЧКА СОСТОЈБА I. ОКОЛНОСТИТЕ НА ПРЕДМЕТОТ 6. Жалителите во жалбата бр. 29381/09 живеат заедно како пар во Атина. Во случајот на жалбата бр. 32684/09, првиот и вториот жалител, како и третиот и четвртиот жалител, живееле заедно долго време како парови во Атина. Петтиот и шестиот жалител се во врска но поради професионални и социјални причини не живеат заедно. Како што може да се види од нивните банковни изводи, шестиот жалител му ги плаќа придонесите за социјално осигурување на петтиот жалител. Седмиот жалител е непрофитно здружение чиишто цели вклучуваат давање психолошка и морална поддршка на геј мажите и лезбејките. 7. На 26 ноември 2008 година влегол во сила Законот бр. 3719/2008, со наслов Реформи во врска со семејството, децата и општеството. Овој закон, за првпат во Грција, предвидува официјална форма на партнерство што не е брак, позната како граѓанска заедница (σύμφωνο συμβίωσης). Во согласност со член 1 на Законот, таквите заедници може да бидат склучени единствено од две полнолетни лица од различен пол. 8. Врз основа на извештајот со објаснувања за Законот бр. 3719/2008, воведувањето на граѓанските заедници е одраз на општествената реалност, односно соживот надвор од бракот, и им дозволи на засегнатите лица да ја регистрираат својата врска во рамките на пофлексибилна правна рамка од онаа што ја обезбедува бракот. Извештајот наведува и дека бројот на децата родени во Грција од небрачни двојки што живеат во de facto партнерства се зголемил со текот на времето и до тој момент претставувал околу 5% од сите деца родени во земјата. Извештајот понатаму забележува дека положбата на жените што се оставени без каква било поддршка по долг период на соживот, како и појавата на семејства со самохрани родители воопшто,

VALLIANATOS И ОСТАНАТИТЕ ПРОТИВ ГРЦИЈА ПРЕСУДА 5 биле најзначајните причини за законодавна реакција. Меѓутоа, извештајот нагласува дека статусот на верскиот брак останал ненадминат и, заедно со граѓанскиот брак, ја претставувал најдобрата опција за паровите што сакаат да основаат семејство со максимални правни, финансиски и социјални заштитни механизми. Извештајот, исто така, содржи упатување до член 8 на Конвенцијата, што ги заштитува небрачните заедници од гледна точка на правото на приватен и семеен живот, и забележува дека определен број европски земји овозможуваат законско признавање на определена форма на регистрирано партнерство за парови од различен или ист пол. Без дополнително да ги разгледува работите, извештајот наведува дека граѓанските заедници се резервирани за полнолетни лица од различен пол. Извештајот заклучува дека тие претставуваат нова форма на партнерство и не претставуваат определен вид на флексибилен брак. Извештајот смета дека бракот како институција не би бил ослабен од новото законодавство, бидејќи тој се уредува со различна група правила. 9. На спроведувањето на Законот бр. 3719/2008 му претходеше енергична дебата. Црквата на Грција официјално се изнесе против законот. Во соопштение за печатот издадено на 17 март 2008 година од страна на Светиот Синод, таа ги опишува граѓанските заедници како проституција. Министерот за правда, во меѓувреме, ѝ се обрати на надлежната парламентарна комисија со следниве зборови:... Сметаме дека не треба да одиме подалеку. Паровите од ист пол не треба да бидат вклучени. Убедени сме дека потребите и барањата на грчкото општество не го оправдуваат одењето подалеку од оваа точка. Со својата улога за изготвување на законите, владејачката политичка партија е одговорна пред грчкиот народ. Таа има свои уверувања и водеше расправа за ова прашање; Јас верувам дека ова е патот кон напредокот. 10. Националната комисија за човекови права, во своите забелешки кон предлог законот од 14 јули 2008 година, упатува особено на концептот за семеен живот, чијашто содржина не е статична туку се развива во согласност со општествените морални норми (видете ставови 21-24 горе). 11. На 4 ноември 2008 година Научниот совет (Επιστημονικό Συμβούλιο) на парламентот, консултативно тело што му поднесува извештаи на Претседателот на Парламентот, изготвило извештај за предлог законот. Научниот совет забележал, особено, упатувајќи на судската практика на Судот, дека заштитата на сексуалната ориентација е во опфат на член 14 на Конвенцијата и дека концептот за семејство не е ограничен единствено на врските меѓу поединци во рамките на институцијата на бракот, туку, поопшто, може да опфаќа и други врски вон бракот што de facto претставуваат семеен живот (страна 2 на извештајот).

6 VALLIANATOS И ОСТАНАТИТЕ ПРОТИВ ГРЦИЈА ПРЕСУДА 12. Во текот на парламентарната расправа на 11 ноември 2008 година на темата за граѓанските заедници, Министерот за правда само изјави дека општеството денес сè уште не е подготвено да го прифати заедничкиот живот меѓу паровите од ист пол. Неколкумина говорници нагласија дека Грција би ги прекршила своите меѓународни обврски и, особено, членовите 8 и 14 на Конвенцијата исклучувајќи ги паровите од ист пол. 13. На 27 септември 2010 година Националната комисија за човекови права му се обрати во писмена форма на Министерот за правда повторувајќи го својот став во однос на дискриминаторската природа на Законот бр. 3719/2008. Во своето писмо Комисијата препорача изготвување на законодавство со кое се проширува опфатот на граѓанските заедници за да се вклучат паровите од ист пол. II. РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО И МЕЃУНАРОДНО ПРАВО И ПРАКТИКА... ПРАВОТО... II. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕН 14 НА КОНВЕНЦИЈАТА РАЗГЛЕДУВАН ЗАЕДНО СО ЧЛЕН 8 36. Жалителите тврдеа дека фактот што граѓанските заедници воведени со Законот бр. 3719/2008 биле предвидени единствено за парови составени од полнолетни лица од различен пол го повредил нивното право на почитување на приватниот и семејниот живот и претставувал неоправдана дискриминација помеѓу паровите од различен и од ист пол, на штета на второнаведените. Тие се повикале на член 14 на Конвенцијата разгледуван заедно со член 8. Тие одредби гласат како што следува: Член 14 Остварувањето на правата и слободите што се утврдени во Конвенцијата се обезбедува без дискриминација врз каква било основа, како што е полот, расата, бојата на кожата, верата, политичко или кое било друго мислење, национално или социјално потекло, припадност на национално малцинство, имот, потекло по раѓање или каков било друг статус.

VALLIANATOS И ОСТАНАТИТЕ ПРОТИВ ГРЦИЈА ПРЕСУДА 7 Член 8 1. Секој човек има право на почитување на неговиот приватен и семеен живот и на домот... 2. Јавните власти не смеат да се мешаат во остварувањето на ова право, освен ако тоа мешање е предвидено со закон и е неопходно во едно демократско општество во интересите на државната и јавната безбедност или економската благосостојба на земјата, заштитата на јавниот ред и спречување на кривични дела, заштитата на здравјето и моралот, или заштитата на правата и слободите на другите. А. Допуштеност... Б. Основи 1. Поднесоци на страните (а) Жалителите 60. Жалителите упатиле на пресудата во предметот Schalk and Kopf v. Austria (бр. 30141/04, ECHR 2010), во којашто Судот потврдил дека врската на пар од ист пол што живее заедно во стабилна de facto заедница е опфатена со концептот за семеен живот. Тие тврделе дека, иако законодавството во европските земји во однос на ова прашање не е целосно еднообразно, сепак постоел тренд кон правно признавање на паровите од ист пол. Жалителите забележале дека, според нивните сознанија, Грција до та време била единствената европска земја што вовела правна алтернативна на бракот што била ограничена единствено на паровите од различен пол. Со други зборови, Грција била единствената земја што донела законодавство со кое се уредува формата на граѓанското партнерство додека, пак, со истото законодавство се исклучуваат паровите од ист пол од неговиот опфат. Според тоа, Грција во тој поглед јасно и радикално отстапувала од нормата во европските земји. Жалителите аргументирале дека желбата да се зачуваат врските на традиционалното хетеросексуално семејство не може да претставува материјална основа што го оправдува поинаквиот третман на паровите од ист пол. Наместо да преземе позитивни мерки за надминување на предрасудите против геј мажите и лезбејките во грчкото општество, тужената држава ги зајакнала таквите предрасуди донесувајќи го Законот бр. 3719/2008 без да ги вклучи паровите од ист пол. Според мислењето на жалителите, предметниот закон дава негативна морална осуда на хомосексуалноста бидејќи одразува неоправдана резерва, па дури и непријателство, кон паровите од истиот пол. Решавајќи да ја напушти идејата за бракот

8 VALLIANATOS И ОСТАНАТИТЕ ПРОТИВ ГРЦИЈА ПРЕСУДА како единствена формална основа за семеен живот, законодавната власт јасно ги запоставила паровите од ист пол исклучувајќи ги од опфатот на Законот бр. 3719/2008. 37. На крајот, жалителите не можат да се согласат со аргументот на Владата дека целта на законодавната власт била да се заштитат децата на паровите од различен пол што живеат во de facto заедници. Според мислењето на жалителите, било јасно дека предметното законодавство било наменето за уредување на состојбата на паровите што не сакаат да склучат брак, без оглед на тоа дали тие имале или сакале да имаат деца. Според тоа, тие сметале дека за нивното исклучување од опфатот на законодавството не постоела никаква цел и објективно оправдување и дека, оттаму, тоа било дискриминаторско. (б) Владата 38. Владата забележала дека, во врска со легитимните цели на Законот бр. 3719/2008, законодавството за граѓанските заедници треба да се смета за група одредби што им овозможуваат на родителите да ги одгледуваат своите биолошки деца на таков начин што таткото ќе има правичен удел во одговорноста без парот да биде обврзан да склучи брак. Граѓанските заедници, според тоа, значеле дека кога жената ќе стане трудна, парот повеќе не мора да склучува брак од страв дека инаку не би ја имал правната врска што ја посакува со своето дете бидејќи ќе се смета дека детето е родено вонбрачно. Оттаму, воведувајќи ги граѓанските заедници грчката законодавна власт се покажала и како традиционална и како модерна со своите размислувања. Со донесувањето на Законот бр. 3719/2008, законодавната власт сакала да ги зајакне институциите на бракот и на семејството во традиционалната смисла, бидејќи одлуката за склучување брак понатаму би се носела независно од изгледите за добивање дете и, оттаму, исклучиво врз основа на заемна обврска што ја преземаат две лица од различен пол, ослободена од надворешни ограничувања. 39. Дополнително, Владата тврдела дека Законот бр. 3719/2008 бил наменет за уредување на постоечката општествена појава на небрачни парови од различен пол што имаат деца. Грчкото право во таа смисла се разликувало од законодавството во останатите европски земји што предвидува граѓански заедници. Грчките законодавни власти изјавиле изречно во извештајот со објаснувања за законот дека неговата намера не била да ги регулира сите облици на de facto партнерство туку да ги заштити децата родени во таквите партнерствата меѓу лица од различен пол, како и самите родители доколку тие не сакаат да склучат брак. Според мислењето на Владата, целата структура на Законот и содржината на неговите одредби биле направени на начин што го рефлектира тоа. Согласно со тоа, за воведување на граѓански заедници

VALLIANATOS И ОСТАНАТИТЕ ПРОТИВ ГРЦИЈА ПРЕСУДА 9 на парови од ист пол би била потреба посебна група правила што ја уредуваат ситуацијата која е аналогна, но не и еднаква, на ситуацијата на паровите од различен пол. 40. Владата изјавила дека, пред донесувањето на Законот бр. 3719/2008, домашното право овозможувало ограничено признавање на паровите од различен пол што живеат заедно во вонбрачна заедница. Конкретно, член 1444 на Граѓанскиот законик упатува на de facto партнерство (-ства). Во согласност со таа одредба, разведените лица што повторно стапиле во брак или живееле во de facto партнерство го загубиле правото на плаќање на издршка. De facto партнерствата се спомнувале и во членовите 1456 и 1457 на Граѓанскиот законик во врска со потпомогнатото оплодување. Член 1456 предвидувал дека, ако немажена жена барала примена на техники за потпомогнато оплодување, мажот со којшто таа живеела во de facto партнерство морал да даде согласност пред нотар. Член 1457 ги утврдувал условите во коишто вештачкото оплодување [било дозволено] по смртта на сопругот или мажот со којшто жената живее[ла] во de facto партнерство. 41. Владата сметала дека, при испитувањето на усогласеноста на член 1 на Законот бр. 3719/2008 со членовите 8 и 14 на Конвенцијата и, особено, при оценувањето на сразмерноста на предметното мешање, Судот треба да ги земе предвид општите околности на случајот и сите одредби на горенаведениот Закон во врска со граѓанските заедници. Како прво, Владата побара од Судот да направи разлика меѓу жалителите што живееле заедно и оние што не живееле заедно. Во случајот на првонаведените, нивните жалби треба да се испитуваат од гледна точка на правото на семеен живот ; во случајот на второнаведените, се применува концептот за приватен живот. 42. Владата потоа пристапила кон анализирање на правата и обврските што произлегуваат од граѓанските заедници и заклучила дека имотот и личниот статус на жалителите на никаков начин не биле засегнати од нивното исклучување од опфатот на законодавството за граѓанските заедници. Во врска со имотните прашања, Владата ги повторила своите аргументи во врска со допуштеноста на жалбата врз основа на принципот ratione personae. Владата забележала дека граѓанските заедници не произведуваат какви било автоматски и обврзувачки ефекти во однос на имотниот статус на партнерите. Во однос на прашањата за социјалното осигурување, паровите од ист пол биле во идентична положба како паровите од различен пол што одлучиле да основаат заедница. Што се однесува до прашањата во врска со издршката и наследството, тие може да се регулираат од страна на паровите од ист пол врз договорна основа, без граѓанска заедница.

10 VALLIANATOS И ОСТАНАТИТЕ ПРОТИВ ГРЦИЈА ПРЕСУДА 43. Во врска со личната состојба на жалителите Владата тврдела дека биолошката разлика меѓу паровите од ист пол и оние од различен пол, со оглед на тоа што вторите не можеле биолошки да имаат деца, го оправдувала ограничувањето на граѓанските заедници на паровите од различен пол. Владата упатила особено на членовите 9 и 10 на Законот бр. 3719/2008, што му овозможувале на таткото на вонбрачно родено дете да го утврди татковството и да биде вклучен во одгледувањето на детето беа да мора да стапи во брак со мајката на детето. Оттаму, бракот и признавањето на татковството од страна на судовите или од самиот татко повеќе не претставувало единственото средство за утврдување на татковството. Владата нагласила дека предметот на соодветните одредби ја преставувал суштината на законодавството за граѓанските заедници и, по дефиниција, можел да се применува само за паровите од различен пол. Врз основа на тој аргумент, Владата тврдела дека овој предмет не треба да го наведе Судот да утврди повреда на членовите 14 и 8 на Конвенцијата. Според мислењето на Владата, паровите од ист пол не биле во слична или споредлива положба како паровите од различен пол бидејќи тие не можеле во никој случај да имаат биолошки деца заедно. 44. Владата додала дека, како што е наведено во Законот бр. 3719/2008, законодавството за граѓанските заедници се разликувало од сличното законодавство што било донесено од страна на земјитечленки на Советот на Европа. Додека тие закони произведувале правни дејства во врска со финансиските односи меѓу страните, единствено грчкото законодавство утврдувало претпоставка за татковството во однос на децата што се родени во контекст на граѓанска заедница. Владата заклучила од ова дека Законот бр. 3719/2008 се фокусирал на личните врски меѓу партнерите наместо врз имотно-правните аспекти на нивната врска. (в) Трети страни што и се приклучиле на постапката 45. Третите страни што и се приклучиле на постапката (AIRE Центарот, ICJ, FIDH и ILGA-Европа видете став 6 горе) упатиле на судската практика на Судот, особено на неговата пресуда во предметот Karner v. Austria (бр. 40016/98, ECHR 2003-IX) и на судската практика на националните уставни судови, вклучувајќи го унгарскиот Уставен суд, Врховниот суд на Канада, Горниот дом на Обединетото Кралство и бразилскиот Уставен суд. Според овие судови било потребно е силно оправдување кога основот за разграничување бил полот или сексуалната ориентација. Третите страни што и се приклучиле на постапка забележале дека сè поголем број национални судови, како во Европа, така и надвор од неа, барале небрачните парови од ист и од различен пол да се третираат на ист начин. Голем број земји-членки на Советот на Европа имале донесено законодавства што ги признаваат

VALLIANATOS И ОСТАНАТИТЕ ПРОТИВ ГРЦИЈА ПРЕСУДА 11 врските меѓу лицата од ист пол. Според нивните сознанија, случајот на Грција бил единствен, бидејќи таа била единствената европска земја што вовела граѓански заедници и во исто време ги исклучила паровите од ист пол нивното поле на примена. Релевантното законодавство на договорните земји за регистрираните граѓански партнерства за паровите од ист пол се засновало врз два модела: (а) данскиот модел, заснован врз данското законодавство што било воведено во 1989 година со коешто шемата за регистрирање се ограничува само на паровите од ист пол бидејќи паровите од различен пол веќе ја имаат опцијата за стапување во брак, и (б) францускиот модел, според којшто правото за склучување граѓанска заедница било отворено за сите небрачни парови без оглед на нивната сексуална ориентација. 2. Процената на Судот (а) Примена на член 14, земен заедно со член 8 46. Судот веќе решаваше определен број предмети во кои жалителите тврдеа дека постои дискриминација врз основа на сексуалната ориентација во сферата на приватниот и семејниот живот. Дел од нив беа разгледувани во согласност со член 8 земен самостојно. Овие предмети се однесуваа на забраната во согласност со кривичното право на хомосексуалните односи меѓу полнолетни лица (видете Dudgeon v. the United Kingdom, 22 октомври 1981 г., Серија А бр. 45; Norris v. Ireland, 26 октомври 1988 г., Серија A бр. 142; и Modinos v. Cyprus, 22 април 1993 г., Серија A бр. 259) и отпуштање на хомосексуалците од служба во вооружените сили (видете Smith and Grady v. the United Kingdom, бр. 33985/96 и 33986/96, ECHR 1999-VI). Други предмети беа разгледувани во согласност со член 14 земен заедно со член 8. Тие се однесуваа на различните потребни возрасти за давање согласност за стапување во сексуални актови од кривичното право за хомосексуалните односи, од една страна, и за хетеросексуалните односи, од другата страна (видете L. and V. v. Austria, бр. 39392/98 и 39829/98, ECHR 2003-I), давањето на родителска одговорност (видете Salgueiro da Silva Mouta v. Portugal, бр. 33290/96, ECHR 1999-IX), одобрение за посвојување дете (видете Fretté v. France, бр. 36515/97, ECHR 2002-I; E.B. v. France [GC], бр. 43546/02, 22 јануари 2008 г.; и Gas and Dubois v. France, бр. 25951/07, ECHR 2012), правото за наследување на станарското право на починатиот партнер (видете Karner, цитиран горе, и Kozak v. Poland, бр. 13102/02, 2 март 2010 г.), правото на социјално осигурување (видете P.B. and J.S. v. Austria, бр. 18984/02, 22 јули 2010 г.), пристап на истополовите парови до бракот или друга форма на законско признавање (видете Schalk and Kopf, цитиран горе) и исклучувањето на

12 VALLIANATOS И ОСТАНАТИТЕ ПРОТИВ ГРЦИЈА ПРЕСУДА истополовите парови од посвојувањето дете од втор родител (видете X and Others v. Austria [GC], бр. 19010/07, 19 февруари 2013 г.). 47. Во овој предмет жалителите ја формулирале својата жалба врз основа на член 14 земен заедно со член 8, а Владата не ја оспорила применливоста на тие одредби. Судот смета дека е соодветно да го следи овој пристап (видете, во иста смисла, Schalk and Kopf, цитиран горе, 88). 48. Дополнително, Судот во повеќе наврати утврди дека член 14 не е самостоен туку има дејство единствено во врска со останатите права од Конвенцијата. Оваа одредба ги надополнува останатите материјални одредби на Конвенцијата и нејзините Протоколи. Таа не постои независно бидејќи има правно дејство единствено во врска со уживањето на правата и слободите што се заштитени со тие одредби. Иако примената на член 14 не ја претпоставува повредата на тие одредби и во таа смисла е самостоен не може да постои простор за неговата примена освен ако предметните факти не се во полето на примена на една или повеќе од тие одредби (видете, меѓу останатите релевантни предмети, Petrovic v. Austria, 27 март 1998 г., 22, Reports 1998-II; E.B., цитиран горе, 47; Schalk and Kopf, цитиран горе, 89; и X and Others, цитиран горе, 94). 49. Судот забележува, врз основа на досието на предметот, дека жалителите формираат стабилни истополови парови. Покрај тоа, не се оспорува фактот што нивните односи се опфатени со концептот за приватен живот во смисла на член 8 на Конвенцијата. Судот, исто така, укажува дека во својата пресуда во предметот Schalk and Kopf, сметал дека, со оглед на брзиот развој во значителен број земји-членки во однос на законското признавање на истополовите парови, би било извештачено да се остане на ставот дека, во споредба со паровите од различен пол, истополовиот пар не може да го ужива правото на семеен живот во смисла на член 8 (видете Schalk and Kopf, цитиран горе, 94). Според тоа, Судот е на мислење дека односите на жалителите во овој предмет се опфатени со концептот за приватен живот и со концептот за семеен живот, исто како што односите меѓу паровите на лица од различен пол би биле опфатени во истата ситуација. Судот не гледа никаква основа за разграничувањето што го побарала Владата (видете став 65 in fine) меѓу жалителите што живееле заедно и оние што поради професионални и социјални причини не живееле заедно (видете став 8 горе), бидејќи во овој предмет фактот што не постои заеднички живот не ги лишува засегнатите парови од стабилноста што ги вклучува во опфатот на семејниот живот во смисла на член 8. 50. Накратко, Судот заклучува дека член 14 на Конвенцијата, земен заедно со член 8, е применлив во овој предмет.

VALLIANATOS И ОСТАНАТИТЕ ПРОТИВ ГРЦИЈА ПРЕСУДА 13 (б) Усогласеност со член 14, земен заедно со член 8 (i) Опфат на предметот 51. Судот смета дека е важно да се ограничи опфатот на овој предмет. Жалбата на жалителите по својата смисла не се однесува на општа обврска на грчката држава да предвиди облик на законско признавање во домашното право за истополовите врски. Во овој предмет жалителите се жалат дека Законот бр. 3719/2008 предвидува граѓански заедници само за паровите на лица од различен пол, на тој начин исклучувајќи ги по автоматизам истополовите парови од својот опфат. Со други зборови, жалбата на жалителите не е дека грчката држава не почитувала каква било позитивна обврска што може да и биде наметната од страна на Конвенцијата, туку дека таа вовела разграничување, врз основа на законот бр. 3719/2008, што, според нивното мислење, е дискриминаторско за нив. Според тоа, прашањето што треба да се утврди во овој предмет е дали грчката држава имала право, од гледната точка на членовите 14 и 8 на Конвенцијата, да донесе закон што покрај институцијата брак воведува нова шема за регистрирани партнерства за небрачните парови што била ограничена на паровите меѓу лица од различен пол и, оттаму, ги исклучила истополовите парови. (ii) Принципи што се утврдени од судската практика на Судот 52. Во согласност со утврдената судска практика на Судот, за да постои прашање врз основа на член 14 мора да постои разлика во третманот на лица во споредливи ситуации. Таквата разлика во третманот е дискриминаторска ако нема објективно и разумно оправдување; со други зборови, таа мора да има легитимна цел и мора да постои разумен однос на сразмерност меѓу употребените средства и целта што треба да се исполни. Договорните земји имаат определен простор за оценување дали и во кој обем разликите во инаку сличните ситуации го оправдуваат различниот третман (видете Burden v. the United Kingdom [GC], бр. 13378/05, 60, ECHR 2008; Schalk and Kopf, цитиран горе, 96; и X and Others, цитиран горе, 98). Концептот за дискриминација во смисла на член 14 ги опфаќа и случаите кога некое лице или група се третира, без соодветно оправдување, понеповолно од друго лице или група, иако поповолниот третман не се бара со Конвенцијата (видете Abdulaziz, Cabales and Balkandali v. the United Kingdom, 28 мај 1985 г., 82, Серија A бр. 94). 53. Сексуалната ориентација е концепт што е опфатен со член 14. Судот во повеќе наврати утврди дека, исто како за разликите врз основа на полот, за разликите што се засноваат врз сексуалната ориентација се потребни особено убедливи и сериозни причини како оправдување (видете, на пример, Smith and Grady, 90; Karner, 37 и

14 VALLIANATOS И ОСТАНАТИТЕ ПРОТИВ ГРЦИЈА ПРЕСУДА 42; L. and V., 45; и X and Others, 99, сите цитирани горе). Кога различниот третман се заснова врз полот или сексуалната ориентација, просторот за одлучување на Државата е мал (видете Karner, 41, и Kozak, 92, двата цитирани горе). Разликите што се засноваат исклучиво врз прашања поврзани со сексуалната ориентација се неприфатливи во согласност со Конвенцијата (видете Salgueiro da Silva Mouta, 36; E.B., 93 и 96; и X and Others, 99, сите цитирани горе). (iii) Примената на овие начела во овој предмет (α) Споредба меѓу ситуацијата на жалителите и ситуацијата на паровите од различен пол и постоењето на разлика во третманот 54. Првото прашање што треба да го адресира Судот е дали ситуацијата на жалителите може да се спореди со ситуацијата на паровите на лица од различен пол што сакаат да склучат граѓанска заедница врз основа на Законот бр. 3719/2008. Судот повторува дека паровите на лица од ист пол се исто толку способни како паровите меѓу лица од различен пол да формираат стабилни и посветени врски (видете Schalk and Kopf, цитиран горе, 99). Според тоа, Судот смета дека жалителите се во ситуација што е споредлива со ситуацијата на паровите меѓу лица од различен пол во однос на нивната потреба за правно признавање и заштита на нивната врска (видете Schalk and Kopf, loc. cit.). 55. Судот понатаму забележува дека член 1 на Законот бр. 3719/2008 изречно ја резервира можноста за склучување граѓанска заедница за две лица од различен пол. Според тоа, преку премолченото исклучување на истополовите парови од својот опфат, предметниот Закон воведува разлика во третманот врз основа на сексуалната ориентација на засегнатите лица. (β) Легитимна цел и сразмерност 56. Судот забележува дека Владата се повикувала првенствено на две групи аргументи за оправдување на изборот на законодавецот да не ги вклучи истополовите парови во опфатот на Законот бр. 3719/2008. Прво, тие тврделе дека ако граѓанските заедници што се воведуваат со тој Закон би се применил на жалителите, од тоа за нив би произлегле права и обврски - во однос на сопственичкиот статус, финансиските односи во рамките на секој пар и нивните права на наследство - за кои тие веќе можеле да обезбедат правна рамка во согласност со редовното право, т.е., врз договорна основа. Второ, Владата аргументирала дека предметното законодавство било наменето за постигнување неколку цели: заштита на децата што се родени надвор од брак, заштита на семејствата на самохраните родители (како што е објаснето во извештајот со објаснувања за

VALLIANATOS И ОСТАНАТИТЕ ПРОТИВ ГРЦИЈА ПРЕСУДА 15 Законот) и во одговор на желбите на родителите да ги одгледуваат своите деца без да бидат обврзани да стапат во брак и, на крајот, за зајакнување на институцијата на бракот и на семејството во традиционална смисла. 57. Што се однесува до првиот аргумент што го дава Владата, Судот е на мислење дека, дури и ако таквиот аргумент се смета за валиден, тој не го зема предвид фактот што граѓанските партнерства што се предвидуваат со Законот бр. 3719/2008 како официјално признаена алтернатива на бракот имаат вродена вредност за жалителите без оглед на правните дејствија, независно од тоа колку се тие ограничени или сеопфатни, што тие би ги произвеле. Како што Судот веќе забележа, истополовите парови се исто толку способни како паровите на лица од различен пол да формираат стабилни и посветени врски. Истополовите парови што живеат заедно ги имаат истите потреби во смисла на заемната поддршка и помош како и паровите на лица од различен пол. Според тоа, опцијата за склучување на граѓанска заедница на првонаведените ќе им ја даде единствената можност што им е на располагање во согласност со грчкото право да ја формализираат својата врска доделувајќи и правен статус што е признаен од страна на државата. Судот укажува дека проширувањето на опфатот на граѓанските заедници на истополовите парови би им овозможило на овие парови да ги регулираат прашањата во врска со имотот, издршката и наследството не во својство на приватни лица што склучуваат договор во согласност со редовното право, туку врз основа на законските правила што ги уредуваат граѓанските заедници, и на тој начин нивната врска ќе биде службено признаена од страна на државата. 58. Точно е дека вториот главен аргумент на Владата е дека Законот бр. 3719/2008 е наменет за зајакнување на правниот статус на децата родени надвор од брак и да им го олесни на родителите одгледувањето на децата без да бидат обврзани да стапат во брак. Овој аспект, се тврди, ги разликува паровите на лица од различен пол од истополовите парови бидејќи вториве не може да имаат биолошки деца. 59. Судот смета дека е легитимно, од гледна точка на член 8 на Конвенцијата, законодавецот да донесува законодавство за уредување на ситуацијата на децата што се родени надвор од бракот и посредно за зајакнување на институцијата на бракот во грчкото општество преку промовирање на концептот, како што објаснува Владата, дека одлуката за стапување во брак се носи исклучиво врз основа на заемно преземени обврски од две лица, независно од надворешните ограничувања или од изгледите за добивање деца (видете став 62 горе). Судот се согласува дека заштитата на семејството во традиционалната смисла на зборот е, начелно, сериозна и легитимна причина што може да ја оправда разликата во третманот (видете Karner, 40, и Kozak,

16 VALLIANATOS И ОСТАНАТИТЕ ПРОТИВ ГРЦИЈА ПРЕСУДА 98, двата цитирани горе). Општо прифатено е дека заштитата на интересите на детето, исто така, претставува легитимна цел (видете X and Others, цитиран горе, 138). Останува да се утврди дали во овој предмет било почитувано начелото за сразмерност. 60. Судот ги повторува начелата што се утврдени во неговата судска практика. Целта за заштита на семејството во традиционална смисла е прилично апстрактна и може да се употребат голем број различни мерки за исполнување на таа цел (видете Karner, 41, и Kozak, 98, двата цитирани горе). Исто така, со оглед на тоа што Конвенцијата е жив инструмент, што треба да се толкува во денешните услови (видете, меѓу останатите релевантни предмети, Tyrer v. the United Kingdom, 25 април 1978 г., 31, Серија A бр. 26, и Christine Goodwin v. the United Kingdom [GC], бр. 28957/95, 75, ECHR 2002-VI), Државата, при изборот на средствата што се наменети за заштита на семејството и за обезбедување на почитувањето на семејниот живот што се бара со член 8, мора задолжително да го земе предвид развојот на настаните во општеството и промените во перцепцијата на прашањата и врските што се поврзани со социјалниот и граѓанскиот статус, вклучувајќи го фактот дека не постои само еден начин или избор кога се зборува за тоа како некој го води семејниот или приватниот живот (видете X and Others, цитиран горе, 139). 61. Во случаите кога е мал просторот за одлучување што и даден на Државата, како што е случајот кога постои разлика во третманот врз основа на полот или сексуалната ориентација, начелото за сразмерност не бара само избраната мерка да биде начелно соодветна за постигнување на посакуваната цел. Мора, исто така, да се покаже дека било неопходно, за постигнување на таа цел, да се исклучат определени категории луѓе - во конкретниов случај лицата што живеат во хомосексуална врска - од опфатот на примена на предметните одредби (видете Karner, 41, и Kozak, 99, двата цитирани горе). Во согласност со судската практика што е цитирана горе, товарот на докажувањето во оваа смисла паѓа на тужената Држава. Според тоа, грчката Влада е таа што во овој предмет треба да покаже дека било неопходно, за исполнување на легитимните цели на коишто таа се повикала, да не им се дозволи на истополовите парови да ги склучуваат граѓанските заедници што се предвидени со Законот бр. 3719/2008 (видете, со слично значење, X and Others, цитиран горе, 141). 62. Судот забележува дека предметното законодавство не предвидува само мерки што се наменети за регулирање на социјалните реалности и за постигнување на целите што ги наведува Државата (видете став 80 горе). Тоа првенствено и пред сè е наменето да обезбеди правно признавање на определена форма на партнерство што не е брак. наречена граѓанска заедница. Ова јасно произлегува од

VALLIANATOS И ОСТАНАТИТЕ ПРОТИВ ГРЦИЈА ПРЕСУДА 17 содржината и структурата на законот. Член 1 ја дефинира граѓанската заедница како договор меѓу две возрасни лица од различен пол што го уредува нивниот живот како пар. Дополнително, следните членови не се ограничуваат на регулирањето на статусот на децата што се родени надвор од бракот, туку се занимаваат со сместувањето на паровите што склучиле граѓанска заедница. Членовите 6 и 7, на пример, се однесуваат на финансиските односи меѓу страните и на обврските за издршка при распуштање на заедницата. Членот 11, пак, предвидува дека кога едниот партнер ќе умре преживеаниот партнер има право да наследи... 63. Судот забележува во таа смисла дека во својот извештај за предлог законот, Националната комисија за човекови права забележала дека не е било објаснето точно зошто на предлог законот му бил даден насловот Реформи во врска со семејството, децата и општеството кога тој, всушност, предвидува нова законска форма на небрачно партнерство... Со оглед на претходно наведеното, судот смета дека, без оглед на својот наслов и изјавените намери на законодавецот, Законот бр. 3719/2008 бил првенствено наменет за правно признавање на нова форма на небрачно партнерство. 64. Во секој случај, дури и ако се претпостави дека намерата на законодавецот била да се зголеми правната заштита на децата што се родени надвор од бракот и посредно да се зајакне институцијата на бракот, останува фактот дека, со донесувањето на Законот бр. 3719/2008, законодавецот вовел определена форма на граѓанско партнерство, позната како граѓанска заедница, што ги исклучила истополовите парови, истовремено овозможувајќи им на паровите на лица од различен пол, без оглед на тоа дали тие имаат деца или не, да регулираат бројни аспекти на својата врска. 65. Во врска со ова Судот забележува како прво дека аргументите на Владата се фокусираат на ситуацијата на паровите на лица од различен пол што имаат деца, без да се оправда разликата во третманот што произлегува од предметното законодавство помеѓу истополовите парови и паровите на лица од различен пол кои не се родители. Како второ, Судот не е убеден од аргументот на Владата дека постигнувањето преку Законот бр. 3719/2008 на целите до коишто упатува Владата претпоставува исклучување на истополовите парови од неговиот опфат. Не би било невозможно за законодавецот да вклучи определени одредби што се однесуваат посебно на децата што се родени надвор од бракот, истовремено проширувајќи ја на истополовите парови општата можност за склучување граѓанска заедница. Судот укажува во врска со тоа дека извештајот со објаснувања за предметното законодавство не нуди сознанија за одлуката на законодавецот да ги ограничи граѓанските заедници на паровите на лица од различен пол (видете став 10 горе). Судот

18 VALLIANATOS И ОСТАНАТИТЕ ПРОТИВ ГРЦИЈА ПРЕСУДА понатаму забележува дека Националната комисија за човекови права сметала дека предлог законот е дискриминаторски бидејќи не се применувал за истополовите парови... и дека Научниот совет на Парламентот усвоил сличен став (видете став 13 горе). 90. Конечно, Судот забележува дека во согласност со грчкото право, како што нагласила и самата Влада (видете став 64 горе), паровите на лица од различен пол, за разлика од истополовите парови, можеле да добијат правно признавање на својата врска дури и пред донесувањето на Законот бр. 3719/2008, во целост врз основа на институцијата на бракот или во поограничена форма во согласност со одредбите на Граѓанскиот законик што се однесуваат на de facto партнерствата. Според тоа, истополовите парови би имале особен интерес за склучување граѓанска заедница бидејќи тоа би им ја дало, за разлика од паровите на лица од различен пол, единствената основа во грчкото право за правно признавање на нивните врски. 66. Покрај тоа, Судот укажува на фактот што, иако не постои консензус помеѓу правните системи на земјите-членки на Советот на Европа, тековно се развива тренд во однос на воведувањето на облици за правно признавање на истополовите заедници. Девет земји-членки предвидуваат истополови бракови. Дополнително, седумнаесет земјичленки одобруваат определена форма на граѓанско партнерство за истополовите парови. Во однос на специфичното прашање што се поставува во овој предмет (видете став 75 горе), Судот смета дека трендот што е во развој во правните системи на земјите-членки на Советот на Европа е јасен: од деветнаесет држави што одобруваат определена форма на регистрирано партнерство што не е брак, Литванија и Грција се единствените земји што го резервираат истото исклучиво за паровите на лица од различен пол... Со други зборови, со два исклучоци, земјите-членки на Советот на Европа, кога ќе одлучат да донесат законодавство со кое се воведува нов систем на регистрирани партнерства како алтернатива за бракот за небрачните парови, ги вклучуваат истополовите парови во опфатот на таквото законодавство. Покрај тоа, овој тренд се рефлектира во релевантните материјали на Советот на Европа. Во таа смисла Судот упатува особено на Резолуцијата 1728(2010) на Парламентарното собрание на Советот на Европа и на Препораката CM/Rec(2010)5 на Комитетот на министри... 67. Фактот што, на крајот на постепената еволуција, некоја земја ќе се најде во изолирана позиција во однос на еден аспект на нејзиното законодавство не повлекува задолжително дека тој аспект е во судир со Конвенцијата (видете F. v. Switzerland, 18 декември 1987 г., 33, Серија A бр. 128). Сепак, со оглед на горенаведеното, Судот смета дека Владата не понудила убедливи и сериозни причини за оправдување на исклучувањето на истополовите парови од опфатот на Законот бр.

VALLIANATOS И ОСТАНАТИТЕ ПРОТИВ ГРЦИЈА ПРЕСУДА 19 3719/2008. Според тоа, Судот утврди дека постои повреда на член 14 земен заедно со член 8 на Конвенцијата во овој предмет.... IV. ПРИМЕНА НА ЧЛЕН 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА 95. Член 41 на Конвенцијата предвидува: Ако Судот оцени дека постои повреда на Конвенцијата или нејзините протоколи, и ако внатрешното право на засегнатата Висока договорна страна овозможува само делумно отстранување на последиците на таквата повреда, Судот, доколку е тоа потребно, и овозможува правично обесштетување на оштетената страна. А. Штета 96. Жалителите во жалбата бр. 29381/09 заеднички барале 10.000 евра (ЕУР) во однос на нематеријалната штета што тие наводно ја претрпеле поради повредата на член 14 земен заедно со член 8 на Конвенцијата и непостоењето на ефективен правен лек во врска со тоа. Тие, исто така, побарале од Судот да издаде посебни препораки за Владата во смисла на измени на Законот бр. 3719/2008 и проширување на примената на граѓанските заедници на истополовите парови. 97. Жалителите во жалбата бр. 32684/09 барале ЕУР 15.000 од пар во однос на нематеријална штета, што вкупно изнесува ЕУР 45.000. Тие тврделе дека биле подложени на неприфатлива дискриминација врз основа на својата сексуална ориентација и дека нивното исклучување од опфатот на Законот бр. 3719/2008 им предизвикало значителни фрустрации. 98. Владата приговорила дека износите што ги бараат жалителите биле прекумерни и дека жалителите не докажале дека тие претрпеле лично и непосредно мешање во нивниот приватен и семеен живот. Владата тврдела дека утврдувањето на повредата само по себе би претставувало правично обесштетување. 99. За разлика од Владата, Судот смета дека утврдувањето на повреда на член 14 земен заедно со член 8 на Конвенцијата не претставува доволно обесштетување за нематеријалната штета што била претрпена од страна на жалителите. Одлучувајќи врз правична основа, во согласност со член 41 на Конвенцијата, Судот им доделува на сите жалители, со исклучок на седмиот жалител во жалбата бр. 32684/09, износ од ЕУР 5.000, зголемен за какви било даноци што може да се плативи, во однос на нематеријалната штета. Судот го одбива остатокот од барањето на жалителите за правично обесштетување.

20 VALLIANATOS И ОСТАНАТИТЕ ПРОТИВ ГРЦИЈА ПРЕСУДА Б. Судски и други трошоци 100. Жалителите во жалбата бр. 29381/09 заеднички побарале износ од ЕУР 7.490,97 за поднесените судски и други трошоци пред Судот. Конкретно, тие процениле дека времето што го потрошиле на предметот нивните застапници од грчкиот Хелсинки монитор изнесувало дваесет часови, со цена од ЕУР 100 од час. Во врска со тоа тие поднеле документ во којшто се наведени детални податоци за времето што нивните застапници го потрошиле на изготвувањето на своите забелешки до Судот. Тие побарале, исто така, ЕУР 4.485 во однос на своето застапување пред Големиот совет од страна на г-ѓа Mécary и поднеле извештај за поднесените трошоци во поддршка на своето барање. На крајот, тие побарале ЕУР 1.005,97 за патните трошоци што биле поднесени од нивните застапници во врска со рочиштето на Големиот совет. Жалителите објасниле дека, во согласност со условите од договорот со нивните застапници, тие се обврзани да им го платат на застапниците целосниот износ што ќе го додели Големиот совет во врска со судските и другите трошоци ако Судот утврди повреда на Конвенцијата. Според тоа, тие побарале сите надоместоци што ќе бидат доделени од таа ставка да се уплатат директно на банковните сметки на нивните застапници. 101. Жалителите во жалбата бр. 32684/09 заеднички побарале износ од ЕУР 8.000 во врска со постапката пред Судот и поднеле фактури и извештај за поднесените трошоци во поддршка на своето барање. 102. Владата одговорила дека Судот би можел да им додели средства на жалителите во однос на судските и другите трошоци единствено под услов ако барањата се доволно основани. 103. Во согласност со судската практика на Судот, жалителот има право на надоместување на трошоците единствено ако се покаже дека таквите трошоци биле вистински и неопходно поднесени и дека се оправдани во поглед на нивниот износ (видете Creangă v. Romania [GC], бр. 29226/03, 130, 23 февруари 2012 г.). Земајќи ги предвид документите во свој посед и горенаведените критериуми, Судот смета дека на жалителите во жалбата бр. 29381/09 треба да им се додели износ од ЕУР 5.000 заеднички, зголемен за какви било даноци што може да се плативи за нив, што треба да се исплати директно на банковните сметки на нивните застапници (видете, со слично значење, Carabulea v. Romania, бр. 45661/99, 180, 13 јули 2010 г.). Во врска со жалителите во жалбата бр. 32684/09, Судот смета дека треба да им бидат доделен износот од ЕУР 6.000 заеднички во врска со судските и другите трошоци, зголемен за какви било даноци што може да се плативи за нив.

VALLIANATOS И ОСТАНАТИТЕ ПРОТИВ ГРЦИЈА ПРЕСУДА 21 В. Затезна камата 104. Судот смета дека е соодветно затезната камата да се пресметува врз основа на маргиналната каматна стапка на Европската централна банка, на која треба да и се додадат три процентни поени. ПОРАДИ ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ... 3. Заклучува, со шеснаесет гласа за и еден глас против, дека постои повреда на член 14 земен заедно со член 8 на Конвенцијата; 4. Заклучува, со шеснаесет гласа за и еден глас против, (а) дека тужената Државата треба да им ги исплати на жалителите, во рок од три месеци, следниве износи: (i) ЕУР 5.000 (пет илјади евра) на секој жалител, со исклучок на седмиот жалител во жалбата бр. 32684/09, зголемен за какви било даноци што може да се плативи, во однос на нематеријалната штета; (ii) ЕУР 5.000 (пет илјади евра) заеднички за жалителите во жалбата бр. 29381/09, плус какви било даноци што може да се плативи за нив, во врска со судските и другите трошоци, што треба да се исплатат директно на банковните сметки на нивните застапници; (iii) ЕУР 6.000 (шест илјади евра) заеднички за жалителите во жалбата бр. 32684/09, со исклучок на седмиот жалител, плус какви било даноци што може да се плативи за нив, во врска со судските и другите трошоци; (б) дека од истекувањето на претходно наведениот рок од три месеци до исплатата се пресметува проста камата на горенаведениот износ по стапка еднаква на маргиналната каматна стапка на Европската централна банка во текот на периодот на доцнење на исплатата, зголемена за три процентни поени; 5. Го одбива, едногласно, остатокот од барањето на жалителите за правично обесштетување.