Катерина Колозова СМРТТА, БЕСМРТНОСТА И ФИЛОСОФОТ. (фрагмент)

Σχετικά έγγραφα
Бесмртноста на душата кај Платон (II)

ЗАДАЧИ ЗА УВЕЖБУВАЊЕ НА ТЕМАТА ГЕОМЕТРИСКИ ТЕЛА 8 ОДД.

Почетоците на европската античка етимологија (со осврт на македонската)

М-р Јасмина Буневска ОСНОВИ НА ПАТНОТО ИНЖЕНЕРСТВО

ВЕРОЈАТНОСТ И СТАТИСТИКА ВО СООБРАЌАЈОТ 3. СЛУЧАЈНИ ПРОМЕНЛИВИ

ЕДНИОТ И МНОГУТЕ НИЗ ЕКЛИСИОЛОШКИ АСПЕКТ

37. РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2013 основни училишта 18 мај VII одделение (решенија на задачите)

ЕКЛИСИОЛОШКИОТ ЕТОС СПОРЕД СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ КИРЕ ТРАЈАНОВ

НАПРЕГАЊЕ ПРИ ЧИСТО СМОЛКНУВАЊЕ

ВО ОВОЈ БРОЈ: MAKEDONIKA. Izdava. MAKEDONIKA litera

ИСПИТ ПО ПРЕДМЕТОТ ВИСОКОНАПОНСКИ МРЕЖИ И СИСТЕМИ (III година)

Проф. д-р Ѓорѓи Тромбев ГРАДЕЖНА ФИЗИКА. Влажен воздух 3/22/2014

46. РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА април II година (решенија на задачите)

ИНТЕРПРЕТАЦИЈА на NMR спектри. Асс. д-р Јасмина Петреска Станоева

Етички став спрема болно дете од анемија Г.Панова,Г.Шуманов,С.Јовевска,С.Газепов,Б.Панова Факултет за Медицински науки,,универзитет Гоце Делчев Штип

Диоген Лаертиј. Животите и мислењата на славните философи, книга IX, глава II: Од животот и мислите на Хераклит*

БОГОМИЛ ЃУЗЕЛ МИРОНОСНИЦИ

СТАНДАРДНИ НИСКОНАПОНСКИ СИСТЕМИ

Метод, формат, стратегија, тактика, практика, процедура, протокол, платформа и... и други испитни прашања за професорот. Сесија #2 со Мишко Шуваковиќ

Анализа на триаголници: Упатство за наставникот

Доц. д-р Наташа Ристовска

ФИЛАРХ, ПОЛИБИЈ И РАЗВОЈОТ НА ХЕЛЕНИСТИЧКАТА ИСТОРИОГРАФИЈА ВО III ВЕК ПР. Н. Е. *

Регулација на фреквенција и активни моќности во ЕЕС

а) Определување кружна фреквенција на слободни пригушени осцилации ωd ωn = ω б) Определување периода на слободни пригушени осцилации

Кон нов Свет и Голем Собор

Од точката С повлечени се тангенти кон кружницата. Одреди ја големината на AOB=?

Тетовско - гостиварска епархиjа Година 4 Броj 7 февруари 2017 ЗА ИКОНАТА НА СРЕТЕНИЕ ГОСПОДОВО

ШЕМИ ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ НА ПРОСТИТЕ БРОЕВИ

МЕТОДИ ЗА ДИГИТАЛНО ДИРЕКТНО ФАЗНО УПРАВУВАЊЕ НА СЕРИСКИ РЕЗОНАНТНИ ЕНЕРГЕТСКИ КОНВЕРТОРИ

45 РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2012 II година (решенија на задачите)

игумен Давид (Нинов)

РЕФЕРАТ. Во средниот век епископската титула на св. Климент ја среќаваме во три основни варијанти:

ТАРИФЕН СИСТЕМ ЗА ДИСТРИБУЦИЈА

Социјалните мрежи како алатка во процесот на управување со знаење

σ d γ σ M γ L = ЈАКОСТ 1 x A 4М21ОМ02 АКСИЈАЛНИ НАПРЕГАЊА (дел 2) 2.6. СОПСТВЕНА ТЕЖИНА КАКО АКСИЈАЛНА СИЛА Напонска состојаба

3. ПРЕСМЕТКА НА КРОВ НА КУЌА СО ТРИГОНОМЕТРИЈА

1.2. Сличност троуглова

ГОДИШЕН ЗБОРНИК YEARBOOK

Интеркултурно образование и воспитување во мултикултурни општества

ЈАКОСТ НА МАТЕРИЈАЛИТЕ

НУМЕРИЧКО МОДЕЛИРАЊЕ НА ГАЛАКСИИ

Православна Охридска Архиепископија Службен билтен година XII Јануари Декември 2015

СОДРЖИНА 1. ОСНОВНИ ПОИМИ ОД ПОДАТОЧНОТО РУДАРЕЊЕ УЧЕЊЕ НА ПРЕДИКТИВНИ МОДЕЛИ...9

t r i n c LIBER LEGIS СТАР КОМЕНТАР H A T H A Y O G A МАНТРА ЈОГА ТЕЛЕМИТСКА ВЕРЗИЈА НА МАЛИОТ РИТУАЛ НА ПЕНТАГРАМ ;;;;;;;;;;;;;;;;; ;;;;;;;;;;;;;;;;;

4.3 Мерен претворувач и мерен сигнал.

46. РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА април III година. (решенија на задачите)

СТЕРЕОТИПИЗИРАНИ ПРЕТСТАВИ ЗА ЖЕНАТА ВО МАКЕДОНСКОТО ФРАЗЕОЛОШКО ТВОРЕШТВО

МОДЕЛИРАЊЕ СО СТРУКТУРНИ РАВЕНКИ И ПРИМЕНА

( ) ( ) ( ) ( ) ( ) ( )

Елегискиот воин во новиот фрагмент на Aрхилох (P.Oxy. LXIX4708)

Стефан Пановски Војислав Саракински. По трагите на една епифанија Мотивот на Пан и политичката пропаганда на Антигон Гоната

Универзитет св.кирил и Методиј-Скопје Природно Математички факултет. Семинарска работа. Предмет:Атомска и нуклеарна физика. Тема:Фотоелектричен ефект

Решенија на задачите за I година LII РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 мај 2009.

Горан Санев. еден коринтски арибалос од скопје

Кои од наведениве процеси се физички, а кои се хемиски?

ПРЕОДНИ ПРОЦЕСИ ПРИ ВКЛУЧУВАЊЕ НА КОНДЕНЗАТОРСКИТЕ БАТЕРИИ КАЈ ЕЛЕКТРОЛАЧНАТА ПЕЧКА

ИНТЕЛИГЕНТНИ СЕНЗОРСКИ НОДОВИ

ФРАКТАЛИ: ДЕФИНИЦИЈА, КОНСТРУКЦИЈА, СВОЈСТВА И ПРИМЕНА. Елена Хаџиева 1 Јован Петкоски 2 1. ВОВЕД

ИНСТРУМЕНТАЛНИ МЕТОДИ ЗА АНАЛИЗА

Д-Р АЛЕКСАНДАР СПАСЕНОВСКИ

ЗНАЧЕЊЕТО НА ИКОНОСТАСОТ ВО РАЗВОЈОТ НА КОНЦЕПТОТ НА ЗАПАДНИОТ ТЕАТАР Театарот како храм на уметноста

НАРОДНА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА NATIONAL BANK OF THE REPUBLIC OF MACEDONIA

НЕКОИ АЛГОРИТМИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ЗАДАЧАТА НА ПАТУВАЧКИОТ ТРГОВЕЦ

ЖАЛБА Од Јован Вранишкоски на пресудата од Основниот Суд Скопје I, V КОК бр. 59/12

Изомерија. Видови на изомерија

ГОДИШНИК НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ ВО СКОПЈЕ

45 РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2012 III година (решенија на задачите)

ДРВОТО КАКО МАТЕРИЈАЛ ЗА

Примена на Matlab за оптимизација на режимите на работа на ЕЕС

Компаративистичко согледување на нимфите во хеленската и самовилите во јужнословенската митологија [*]

Елисавета Сарџоска 1 Виолета Арнаудова Институт за психологија, Филозофски факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј Скопје

ПРИМЕНА НА ИКТ КАКО АЛАТКА ВО НАСТАВАТА PO УЧИЛИШТАТА ВО РМАКЕДОНИЈА

ВИСТИНСКА ТРОЈА НЕМАЛО

Методина гранични елементи за инженери

ХЕМИСКА КИНЕТИКА. на хемиските реакции

ВОВЕД ОПИС НА ЛОКАЛИТЕТОТ ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА МЕГАЛИТСКАТА ОПСЕРВАТОРИЈА. Циклуси на затемнувања на 19

Универзитет Св. Кирил и Методиј -Скопје Факултет за електротехника и информациски технологии ДИНАМИЧКА ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА НА СОФТВЕР. -магистерски труд-

27. Согласно барањата на Протоколот за тешки метали кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување (ратификуван од Република Македонија во

ИНСТРУМЕНТАЛНИ МЕТОДИ ЗА АНАЛИЗА

Квантна теорија: Увод и принципи

Гоце Јанкулоски ТРАНСФОРМАЦИСКОТО ЛИДЕРСТВО КАКО ГЕНЕРАТОР НА УСПЕХОТ НА РАБОТЕЊЕТО - МАГИСТЕРСКИ ТРУД -

Душан Чакмаков. Веројатност

СТРУКТУРАТА НА КАПИТАЛОТ КАКО ФАКТОР ВО ВРЕДНУВАЊЕТО НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА И ИНВЕСТИЦИОНИТЕ ВЛОЖУВАЊА М-р Илија Груевски Државен универзитет Гоце Делчев

Ветерна енергија 3.1 Вовед

ЗБИРКА ОДБРАНИ РЕШЕНИ ЗАДАЧИ ПО ФИЗИКА

УДК: Клучни зборови DoS, напад, напаѓач, безжична мрежа, IEEE DoS И DDoS НАПАДИ 1. ВОВЕД

АНАЛИТИЧКИ МЕТОД ЗА ПРЕСМЕТКА НА ДОВЕРЛИВОСТA НА ДИСТРИБУТИВНИTE СИСТЕМИ

Aлександра НИКОЛОСКА ГЕНЕЗА, РАЗВОЈ И РАСПРОСТРАНЕТОСТ НА ИКОНОГРАФСКИОТ МОТИВ КИБЕЛА ВО НАИСК

ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ЧЕТВРТ ОДДЕЛ. СЛУЧАЈ BJÖRK EIÐSDÓTTIR ПРОТИВ ИСЛАНД (Жалба бр /09) ПРЕСУДА СТРАЗБУР.

ГОДИШЕН ЗБОРНИК YEARBOOK 2016 ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ FACULTY OF LAW За издавачот: Проф. д-р Јован Ананиев

УНИВЕРЗИТЕТ,,ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ. ВОСПИТАНИЕ списание за образовна теорија и практика

КАРАКТЕРИСТИКИ НА АМБАЛАЖНИТЕ ФИЛМОВИ И ОБВИВКИ КОИШТО МОЖЕ ДА СЕ ЈАДАТ ЗА ПАКУВАЊЕ НА ХРАНА

Ракавици и сандали. Владимир Стојановски-Дерлиев

Современи концепции на финансискиот менаџмент при управување со ризикот во банкарските институции

ЕДНОВЕКОВНО МОЛЧЕЊЕ ( )

Предавања доц. д-р Наташа Ристовска

Eкономската теорија и новата-кејнзијанска школа

СОД РЖИНА Стр. 93. Правилник за стручно оспособување, проверки, испити, дозволи и овластувања/рејтинзи за

ПОДОБРУВАЊЕ НА КАРАКТЕРИСТИКИТЕ НА ИСПИТНА СТАНИЦА ЗА ТЕСТИРАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКИ ТРАНСФОРМАТОРИ

Емпириска анализа на загатката на Фелдштајн и Хориока во транзициски земји, со осврт на Македонија

Transcript:

Катерина Колозова СМРТТА, БЕСМРТНОСТА И ФИЛОСОФОТ (фрагмент) Во шестиот век пр. Хр., појавата на јонските физичари, познати и како јонска философска школа, го означи раѓањето на хеленската философија. 1 Ова истовремено беше и раѓање на хеленската, односно европската рационалност, како позитивна мисла - која до ден денешен е основата на западната научна мисла. Едниот од седумте мудреци, Талес од Милет, е првиот философ и научник, а по него, веќе во истиот тој шести век, следат и Анаксимандар, Хераклит, Анаксимен, и по нив мнозина други. Хеленската философска мисла се развива бурно, брзо, со се поинтензивен ритам. Вистина, тогаш е родена рационалноста: логос е еден од клучните принципи врз кои е изграден хеленскиот полис како уредување. 2 Но тој логос се препозна себеси, се освести за самиот себе и почна да се рефлектира дури во хеленската философска и научна мисла. Тука почнува вистинскиот прогрес на западната рационалност, процес кој, очигледно, трае до ден денес. Но тука почнува и двоењето на Мислата - која, отсега па натаму, никогаш нема да престане да се мисли самата себе - од митското, кое ќе му го остави на обичниот човек, кој, од своја страна, пак, никогаш во текот на античката историја нема да се одвои од него, како што не се одделува и од својата религија. Со развојот на хеленската философија поимите на духовното и телесното се повеќе се разграничуваат, разликуваат и спротивставуваат. Бог/божеското почнува да се мисли независно, и сѐ повеќе со и во единствено чистата мисла - тој е сотворен од неа, живее во неа и до него се допира само низ неа. Апстракцијата се јавува како принцип кој ја разликува философската мисла од другите видови мисла. Хеленската рационалност раскинува со традицијата. Но овој раскин не е само гносеолошки, туку и на социјално ниво. Ако првите мудреци биле длабоко иочитувани од народот, философите сѐ повеќе почнуваат да штрчат и да се разликуваат по својот начин на живот и однесување.

Питагорејците живеат во безмалку паралелен свет, а Хераклит е вистински отпадник. Првите не сакаат своето тајно знаење да го делат со обичниот човек; од друга страна, пак, тешко можно е дека вториов, со својата апстрактна мисла и неконвенционалност, можел да го има угледот на некој од мудреците и со своето знаење да почне да го просветува обичниот човек. Јазот меѓу философското и општонародното знаење, она што е соmmon ѕence на епохата, е сѐ поголем, а кулминира во славното распнување на Сократ од страна на толпата. Навистина, меѓу стоичарите има многумина што се изградени во фигури на мудреци, а ги краси и доблест на која може да ѐ се восхитува и обичниот човек. Но, нивното гледање на животот и на смртта како на адиафора, ги прави толку далечни на она што му е разбирливо на обичниот човек и му претставува несомнена вредност, каква што е светоста на животот и емоционалниот однос кон умирањето. Меѓу платоничарите се појавуваат големи политичари, како Дион, Еудем од Кипар, Тимонид од Левкада, Аристоним, Формион од Елеја, потоа Питон и Хераклид, чија амбиција е токму внесувањето на философијата во секојдневниот живот - што требаше да се случи со мудрото владеење - но тоа е само спуштање, приземјување на високата платоновска мисла, која не му припаѓала на секој обичен, во неа непосветен граѓанин. Разликата, јазот меѓу принципите, правилата и основните вредности на философската мисла, од една страна, и оние на мислата што му припаѓала на обичниот човек, од друга, постојано останува. 1.Традиционалниот и философскиот однос кон смртта Ако воинот, обичниот човек - и поетот во нивно име - зборуваа за трагичноста на смртта и за обесмртувањето во сеќавањето на потомците, односно за бесмртна слава, философите беа оние што во Древна Хелада зборуваа за вистинската бесмртност. Хомер зборува за земниот живот како за нешто најскапоцено, кое има свој крај наречен со името на омразената смрт. Мимнерм, следејќи го Хомера, луѓето меланхолично ги сиоредува со лисјето што вене. Затоа, пак, философите се впуштаат во потрага по константата кај

човекот која, во неговата суштественост, би го поставила надвор од полето на разорната смртна минливост. Додека обичниот човек, потпирајќи се врз знаењето на сопствената религија и врз традицијата на претфилософската, митотворната мисла, низ борбата за клеос се фаќа во костец со минливоста, трпејќи го неспокојството на постојаната спротивставеност на двете полиња на кои истовремено им припаѓаат - животот и смртта - и останувајќи во постојаната дилема дали секој ден од животот не значи само уште еден чекор кон умирање, философот ја презре минливоста, ја прогласи за привид (со тоа и нејзината закана стана безмалку безначајна), за да ѐ се посвети на контемплацијата за постојаноста, како нејзина директна спротивност. Погледнато од друг агол, може да се каже дека и хеленската философија се нафаќа на една особена жешка битка со минливоста: потрагата по постојаноста - чија појдовна точка е исклучувањето и потценувањето на минливоста, пропадливоста - ја крие идејата за анулирана, поншитена минливост, движење, промена, т.е. пропадливост. Посветеноста на изучувањето на Битието и Природата не е ништо друго освен израз на потребата да се изнајде единствената константа, постојаност кај сепостоечкото, како негова основа, архе (άρχή), која ќе зборува за конечниот триумф над минливоста, несовршеноста, непредвидливоста, за надвладувањето на битието над небитието - за конечниот триумф на животот над смртта, иако, можеби, невидлив наспроти секојдневната, очигледна, тврдоглаво неодминлива победа на грдата и бесмислена смрт над светоста на животот. 3 Што се однесува, пак, до човечкиот микрокосмос, постепеното разработување на разликата тело-душа и откривањето и заокружување на поимот на душа, психе (ψυχή) - но во друга, не хомерска смисла - значи и постепено развивање на философскиот поим на бесмртност, близок до тековите на философската мистика на орфиците и на питагорејците - бесмртност што - за разлика од онаа што ја нудат идеалите на херојска смрт и слава - е реално трајна, вечна, извесна, со самото тоа што е втемелена во онтолошки фундираниот носител - во вечната душа (за разлика од славата, којашто е супститут за личната, директна смртност на исчезнатиот субјект чија бесмртност зависи од другите - од оние кои ќе се сеќаваат).

Поимот на психе (душа) со кој оперираа хеленските философи не само што го нема истото значење со оној кај Хомера и во, врз традицијата втемеленото, народно сфаќање, туку им е дури и спротивен, токму во оној негов дел што се однесува на прашањето: што е носител на животот во човека. Кога Платон зборува за бесмртноста на душата, тоа не е истиот оној поим од народното верување, втемелен врз старите знаења од хомерското време. 4 Стариот, или поточно, не-философскиот поим на психе, го означува животодавниот здив на човечкото тело 5 ; тој е единствениот носител на животот што останува по пропаѓањето на телото, односно по завршувањето на животот, но како сенка или двојник на физичкиот изглед на некогаш живиот - трага на некогашното постоење. Значењето на оваа психе, во рамките на колективното знаење, се сведува на овие работи: здив, дим и привид на сенка или еидолон, фантомски двојник на некогаш живиот. Кај Хомера се среќаваат три вида на натприродно привидение или еидолон: фасма, привидение кое сосема соодветствува на физичкиот изглед на жив човек, создадено од страна на некој бог, сонот, онеирос и психаи, душите на мртвите - еидола камонтон, привиденија на мртвите (Ил. 23, 72; Одис. 11, 476; 24, 14). 6 Во хомерско време, психе на мртвиот не означува ништо повеќе од двојник на живиот човек, кој во светот на мртвите ја застапува трагата на некогаш живиот човек - бесмислена, празна, безволна сенка. 7 Клаус забележува континуитет на ваквото значење на психе на мртвиот и во класичното време; всушност, токму опстојувањето на ова нејзино значење на сенка му е доказ за постоењето на континуитет на овој поим во народната употреба, in рорular usagе", од хомерската до класичната епоха. 8 Затоа, вистинско недоразбирање е да се смета дека може да се констатира континуитет или истовидност меѓу хомерската визија за преселбата на психе во адот и философските идеи за бесмртност на душата. Според Ервин Роде, да се каже дека долу, во адот, душите, по својата смрт, живееле" е сосема непримерено на јазикот на времето 9 ; иако Сократ, во еден изблик на традиционалните погледи, се надева или се шегува дека по смртта ќе разговара со Одисеј. Посветена во таинствените води на мистериите, а, пред сѐ, на орфизмот, хеленската философија сѐ повеќе инсистира

на разликата душа-тело, развивајќи ја концепцијата на душата како носител на бесмртноста, па дури и нејзин единствен гарант, и тоа токму затоа што е тоа - душа. Двата збора ( душа" и бесмртно"), иако не се синоними, се заменуваат, без да се направи притоа грешка или промена на значењето. Од орфизмот наваму, душата е, едноставно, бесмртниот дел во човека. Така, е откриена постојаноста, неминливоста во човечкото постоење, а со тоа победена и заканата од минливост, и бесмислата што ја носи таа. Но утехата и спокојството што ги прибавува ваквото сознание постојано мачеле со својата неизвесност, поради неевидентноста на смирувачката константа. Затоа постојано се усовршуваат сознанијата за глетките од онаа страна од видливото - различните философи излегуваат со свои концепции и поинакви докази. Како по другите прашања, така и по ова, философите се наоѓаат во постојан агон по нови, поинакви или по стари и преработени вистини за душата и нејзината несмртност. За Хераклит, душата е сочинета од најсовршената граѓа - огнот", за атомистите - од честички, за, преку Платона до Аристотел, да биде ослободена од каква и да е телесност. Талес мисли дека душата е составена од вода 12, Анаксимен од воздух 13, за питагорејците нејзината суштина се состои во бројот 14, за Парменид, ако му веруваме на изворот, е слична на оганот 15, додека, според Демокрит, душата е сочинета од топчести огнени атоми 16 и му е истоветна на умот, а, во поглед на последново, ова мислење го дели и Емпедокле (според Аетиј IV, 9, 14, заедно со него и Парменид). 17 Така, по Талеса кој, во духот на своето сфаќање на архе како вода, тврдел дека суштината на душата е во влагата, Хераклит извикува дека сувата душа е најмудра и најдобра": αύγή ξρεή ψύχή σοφωιτηκαι αρτστη 18 Низ вековите, од еден до друг философ, мислата, секогаш незадоволна, трага по друг, посуштествен одговор. Но, кај сите нив душата е сочинета од, во согласност со философовото учење за природата, најбестелесната телесност: Аристотел вели дека некои мислат дека душата е сочинета од оган, бидејќи тој е составен од најситни делови и е најмногу бестелесен". 19 Душата, впрочем, секогаш му е

противставена на телото, секогаш и е спротивна на телесноста. 20... 1 Треба да се спомне дека постојат и истражувачи на хеленската философија кои не се сложуваат со овој став, тврдејќи дека јонските физичари се само продолжение на митската-мистична мисла; сf. О. Gilbert, Griechische Religionsphilosophie. Секако дека треба да го признаеме наследството што јонската филозофија го презема од митската мисла и навистина е тешко да се тврди дека постоел толку остар прекин со традицијата, по кој таа сосема би отсуствувала во новата форма на дух. Па сепак, за она што ја разликува мислата на еден Хераклит од онаа на составувачот на митови не наоѓаме ниту еден друг збор освен: Рационалност или логос. 2 Cf. Z.Р. Vernan, Роreklo..., ѕtr. 51-67. 3 За двата вида постоење, видливото и невидливото како минливо и постојано, како и за душата како нешто што му припаѓа на светот на невидливото, види Платон, Фајдон, 79а-79b (во овде користениот превод на Елена Колева: стр. 108). 4 Сf. D. В. Сlauѕ, Тoward the Soul, An Inquiry into the Meaning of ψυχή before Plato, passim. 5 Хомерскиот поим на психе на живиот човек Клаус го преведува со life force; види D. В. Сlаuѕ, ор. сit., р. 39. 6 Сf. Ј. Р. Vernаnt, Figures, р. 34. Исто така, види и Ј. Вremmer, Тhе Еаrlу Grеек Соncept оf Ѕоul. раѕѕim; D. В. Сlаuѕ, ор. сit., раѕsim. 7 Сf. D. В. Сlauѕ, ор. сit р. 61. 8 Е.Ibidem, p. 66 ff. 9 E. Rode Рѕусhе, Кult duse i vera u besmrtnost kod Grka, str. 18. За хомерскиот поим на психе и за нејзината адска егзистенција ќе кажеме нешто повеќе во следното поглавје. 10 Така, во Платоновиот Фајдон (85е) по исцрпната расправа со која докажуваат дека смртта е нешто што мудриот треба да го посакува - а, чија појдовна премиса се состои во тврдењето дека душата е бесмртна - Сократ и Симија треба да се вратат дури пред самиот почеток на расправата за да испитаат дали воопшто душата е независен ентитет и навистина бесмртна. 11 Сf. Херкалит, В118 Diеlѕ. 12 Сf. Талес, А23 Diеlѕ. 13 Сf. Анаксимен, А23 Diеlѕ. 14 Сf. Хипас, 11 Diеlѕ. 15 Сf. Хипас, 9 Diеlѕ 16 Сf. Демокрит, А101, А102 Diеlѕ. 17 Сf. Емпедокле, А96 Diеlѕ; сf. Демокрит, А101, А113 Diеlѕ. 18 Хераклит, В118 Diеlѕ (превод Витомир Митевски). 19 Аристотел dе аnima А 2. 404а 27, сf. кај Демокрит, А101 Diеlѕ.

20 Сf. Орфеј, ВЗ Diеlѕ; Хипас, 10 Diеlѕ; Ксенофан, А2 Diеlѕ, 13-14; Хераклит, В4 Diеlѕ; а тука спаѓа и познатиот Платонов став од Фајдон, 64е, 65с (во користениот превод: стр. 84, 85)....