Весна Ацевска СТОЛИСНИК (ДИЈАЛОЗИ)

Σχετικά έγγραφα
Проф. д-р Ѓорѓи Тромбев ГРАДЕЖНА ФИЗИКА. Влажен воздух 3/22/2014

БОГОМИЛ ЃУЗЕЛ МИРОНОСНИЦИ

ЛИЛЈАНА ДИРЈАН ЖИВА МЕРА

37. РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2013 основни училишта 18 мај VII одделение (решенија на задачите)

ЗАДАЧИ ЗА УВЕЖБУВАЊЕ НА ТЕМАТА ГЕОМЕТРИСКИ ТЕЛА 8 ОДД.

ВЛАДА УРОШЕВИЌ ЅВЕЗДЕНА ТЕРЕЗИЈА

АДЕМ ГАЈТАНИ ЛЕБЕДОВАТА ПЕСНА

46. РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА април III година. (решенија на задачите)

веле смилевски ЗАБРАНЕТА КНИГА

М-р Јасмина Буневска ОСНОВИ НА ПАТНОТО ИНЖЕНЕРСТВО

НАПРЕГАЊЕ ПРИ ЧИСТО СМОЛКНУВАЊЕ

46. РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА април II година (решенија на задачите)

Решенија на задачите за I година LII РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 мај 2009.

а) Определување кружна фреквенција на слободни пригушени осцилации ωd ωn = ω б) Определување периода на слободни пригушени осцилации

ВЕРОЈАТНОСТ И СТАТИСТИКА ВО СООБРАЌАЈОТ 3. СЛУЧАЈНИ ПРОМЕНЛИВИ

Бесмртноста на душата кај Платон (II)

УБАВИНАТА. Me прогони како жена блудна, ненаситна, похотна, осамена. Me грабнува вo прегратка пламена неизбежно и сo cилa судна.

Ветерна енергија 3.1 Вовед

t r i n c LIBER LEGIS СТАР КОМЕНТАР H A T H A Y O G A МАНТРА ЈОГА ТЕЛЕМИТСКА ВЕРЗИЈА НА МАЛИОТ РИТУАЛ НА ПЕНТАГРАМ ;;;;;;;;;;;;;;;;; ;;;;;;;;;;;;;;;;;

ЕДНОВЕКОВНО МОЛЧЕЊЕ ( )

45 РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2012 III година (решенија на задачите)

Почетоците на европската античка етимологија (со осврт на македонската)

ЕКЛИСИОЛОШКИОТ ЕТОС СПОРЕД СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ КИРЕ ТРАЈАНОВ

ЈАКОСТ НА МАТЕРИЈАЛИТЕ

45 РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2012 II година (решенија на задачите)

( ) ( ) ( ) ( ) ( ) ( )

56. РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2013 Скопје, 11 мај IV година (решенија на задачите)

ЕДНИОТ И МНОГУТЕ НИЗ ЕКЛИСИОЛОШКИ АСПЕКТ

σ d γ σ M γ L = ЈАКОСТ 1 x A 4М21ОМ02 АКСИЈАЛНИ НАПРЕГАЊА (дел 2) 2.6. СОПСТВЕНА ТЕЖИНА КАКО АКСИЈАЛНА СИЛА Напонска состојаба

Универзитет св.кирил и Методиј-Скопје Природно Математички факултет. Семинарска работа. Предмет:Атомска и нуклеарна физика. Тема:Фотоелектричен ефект

Од точката С повлечени се тангенти кон кружницата. Одреди ја големината на AOB=?

Православна Охридска Архиепископија Службен билтен година XII Јануари Декември 2015

ИНТЕРПРЕТАЦИЈА на NMR спектри. Асс. д-р Јасмина Петреска Станоева

Диоген Лаертиј. Животите и мислењата на славните философи, книга IX, глава II: Од животот и мислите на Хераклит*

НУМЕРИЧКО МОДЕЛИРАЊЕ НА ГАЛАКСИИ

д. м. и. Дони Димовски ФОТОВОЛТАИЧНА ЕЛЕКТРАНА НА КРОВ ОД ИНДУСТРИСКИ ОБЈЕКТ

Етички став спрема болно дете од анемија Г.Панова,Г.Шуманов,С.Јовевска,С.Газепов,Б.Панова Факултет за Медицински науки,,универзитет Гоце Делчев Штип

СТАНДАРДНИ НИСКОНАПОНСКИ СИСТЕМИ

ШЕМИ ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ НА ПРОСТИТЕ БРОЕВИ

ОСНОВИ НА ХИДРОТЕХНИКА

56. РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2013 Скопје, 11 мај I година (решенија на задачите)

ВОВЕД ОПИС НА ЛОКАЛИТЕТОТ ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА МЕГАЛИТСКАТА ОПСЕРВАТОРИЈА. Циклуси на затемнувања на 19

ВИСТИНСКА ТРОЈА НЕМАЛО

Анализа на триаголници: Упатство за наставникот

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеj. Издава: Свештена Бигорска Обител Свети Jован Крстител

ЗБИРКА ОДБРАНИ РЕШЕНИ ЗАДАЧИ ПО ФИЗИКА

ЛУШПИ МЕМБРАНСКА ТЕОРИЈА

Тетовско - гостиварска епархиjа Година 4 Броj 7 февруари 2017 ЗА ИКОНАТА НА СРЕТЕНИЕ ГОСПОДОВО

1.2. Сличност троуглова

ИСПИТ ПО ПРЕДМЕТОТ ВИСОКОНАПОНСКИ МРЕЖИ И СИСТЕМИ (III година)

Метод, формат, стратегија, тактика, практика, процедура, протокол, платформа и... и други испитни прашања за професорот. Сесија #2 со Мишко Шуваковиќ

Катерина Колозова СМРТТА, БЕСМРТНОСТА И ФИЛОСОФОТ. (фрагмент)

Как Бог велик! Ι œ Ι œ Ι œ. œ œ Ι œ. œ œ œ œ œ œ œ œ. œœœ. œ œ. œ Œ. œ œ œ œ œ. œ œ œ œ œ œ œ œ œ œ œ œ œ. œ œ œ œ œ œ œ œ œ œ œ œ œ œ œ œ

игумен Давид (Нинов)

ЗНАЧЕЊЕТО НА ИКОНОСТАСОТ ВО РАЗВОЈОТ НА КОНЦЕПТОТ НА ЗАПАДНИОТ ТЕАТАР Театарот како храм на уметноста

Предизвици во моделирање

Остава на монети од археолошкиот локалитет Баргала II (каталог)

Проф. д-р Ѓорѓи Тромбев ГРАДЕЖНА ФИЗИКА

НЕКОИ АЛГОРИТМИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ЗАДАЧАТА НА ПАТУВАЧКИОТ ТРГОВЕЦ

ДРВОТО КАКО МАТЕРИЈАЛ ЗА

Ракавици и сандали. Владимир Стојановски-Дерлиев

Регулација на фреквенција и активни моќности во ЕЕС

АКСИЈАЛНО НАПРЕГАЊЕ Катедра за техничка механика и јакост на материјалите

3. ПРЕСМЕТКА НА КРОВ НА КУЌА СО ТРИГОНОМЕТРИЈА

ЗБИРКА ЗАДАЧИ ПО ТЕОРИЈА НА ДВИЖЕЊЕТО НА МОТОРНИТЕ ВОЗИЛА

Компаративистичко согледување на нимфите во хеленската и самовилите во јужнословенската митологија [*]

г) страница aa и пречник 2RR описаног круга правилног шестоугла јесте рац. бр. јесу самерљиве

Кон нов Свет и Голем Собор

4.3 Мерен претворувач и мерен сигнал.

СТЕРЕОТИПИЗИРАНИ ПРЕТСТАВИ ЗА ЖЕНАТА ВО МАКЕДОНСКОТО ФРАЗЕОЛОШКО ТВОРЕШТВО

Годишен зборник 2016/2017 Yearbook 2016/2017

ГРАДЕЖНА ФИЗИКА Размена на топлина. проф. д-р Мери Цветковска

Природни ресурси и технологии Natural resources and technology

Душан Чакмаков. Веројатност

Техника на висок напон 2 ПРОСТИРАЊЕ НА БРАНОВИ ПО ВОДОВИ

Стефан Пановски Војислав Саракински. По трагите на една епифанија Мотивот на Пан и политичката пропаганда на Антигон Гоната

Кои од наведениве процеси се физички, а кои се хемиски?

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ БИТОЛА MAШИНСКИ ОТСЕК

СОД РЖИНА Стр. 93. Правилник за стручно оспособување, проверки, испити, дозволи и овластувања/рејтинзи за

ФРАКТАЛИ: ДЕФИНИЦИЈА, КОНСТРУКЦИЈА, СВОЈСТВА И ПРИМЕНА. Елена Хаџиева 1 Јован Петкоски 2 1. ВОВЕД

27. Согласно барањата на Протоколот за тешки метали кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување (ратификуван од Република Македонија во

Социјалните мрежи како алатка во процесот на управување со знаење

Κτηνιατρικό Πιστοποιητικό για την Π.Γ.Δ.Μ. /Ветеринарно здравствен сертификат за F.Y.R.O.M. /Veterinary certificate to F.Y.R.O.M. Κωδικός/ Код/ Code

С О Д Р Ж И Н А

Доц. д-р Наташа Ристовска

МЕХАНИКА 1 МЕХАНИКА 1

ТАРИФЕН СИСТЕМ ЗА ДИСТРИБУЦИЈА

СОДРЖИНА 1. ОСНОВНИ ПОИМИ ОД ПОДАТОЧНОТО РУДАРЕЊЕ УЧЕЊЕ НА ПРЕДИКТИВНИ МОДЕЛИ...9

Методина гранични елементи за инженери

Квантна теорија: Увод и принципи

АКАТИСТ НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА ВО ЧЕСТ И СПОМЕН НА ЈАВУВАЊЕТО НА НЕЈЗИНАТА ЧУДОТВОРНА ИКОНА НАРЕЧЕНА БРЗОПОСЛУШНИЧКА

ИЗБОР НА ЕНЕРГЕТСКИ ТРАНСФОРМАТОР ЗА МЕТАЛНА КОМПАКТНА ТРАФОСТАНИЦА

ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА НА ВЕТРОТ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО. Проф. д-р Влатко Стоилков

Емпириска анализа на загатката на Фелдштајн и Хориока во транзициски земји, со осврт на Македонија

ПРЕОДНИ ПРОЦЕСИ ПРИ ВКЛУЧУВАЊЕ НА КОНДЕНЗАТОРСКИТЕ БАТЕРИИ КАЈ ЕЛЕКТРОЛАЧНАТА ПЕЧКА

Универзитет у Крагујевцу Факултет за машинство и грађевинарство у Краљеву Катедра за основне машинске конструкције и технологије материјала

год. II / бр. 8 / април 2012 / СПИСАНИЕ НА КомораТА на овластени архитекти и овластени инженери на македонија ISSN X

Aлександра НИКОЛОСКА ГЕНЕЗА, РАЗВОЈ И РАСПРОСТРАНЕТОСТ НА ИКОНОГРАФСКИОТ МОТИВ КИБЕЛА ВО НАИСК

налазе се у диелектрику, релативне диелектричне константе ε r = 2, на међусобном растојању 2 a ( a =1cm

24 Број децембар 2012.

Transcript:

Весна Ацевска СТОЛИСНИК (ДИЈАЛОЗИ)

На Стефан

ДВАНАЕСЕТ РИБИ

ПСАЛМ Господе, татко наш, како е дома, во рајската градина над небескиот трем? Узреваат ли плодовите на Светото дрво? Овде, во прогонство, земјата е сина како портокал, езерото - задремана пастрмка нишана нежно од благ сон, смоквите ги отворија пупките свои, лозниците префрлија венци над извишените сенки во говорот, дува јужен ветер и носи љубов, се ронат капки бисерни и црни, нивната смрзната сенка се топи и ѕвони на месечевиот висок срт. Сега овде, во твојот храм, носам плодови од мојата градина, зрели и јадри стихувани јатки, неразјадени од незаситната суета. Ќе ги благословиш ли Господе, татко нивен и наш?

УТРИНСКИ ДАМАР Веќе си будна, пред да се расони утрото, пред денот со маглива престилка да почне со ковење на светлината, да ѝ ја танчи ѕвецкавата острина што ги обвиткува облиците ранливоста да им ја покрие. Веќе си будна, но нешто ги притиска капаците, нешто што уште не се оформило, нешто што претура неуморно низ замрачената внатрешност, каде совеста ги затурила ластовичестите гнезда, замрсените клубиња, крај стари слики и писма. Веќе си будна, ѕвоно што ечи во далечината и ги постројува сонливите мигови за првата смена во најновата, штотуку отворена јама.

СВЕТ ОБЕД Ми донесоа дванаесет риби, дванаесет речни русалки, дванаесет тихи калуѓерки, дванаесет смирени апостоли заветени на доживотен молк. На Христос му беа доволно три (или Светото Тројство?) да ги нахрани верниците, пред да го овенчаат со светата круна од трње, a јас со дванаесет не можам да ги заситам домашните. Рибите, со огнен венец, заиграа пискотен танц, a јас ги гледам подбивно, како империјалниот Рим, кој си ги јаде поданиците, несвесен дека мртвите однатре ќе го урнат.

ЕФЕКТОТ HA ПЕПЕРУТКАТА И овие дребни капки, виножитни пеперутки, здодевен зуеж на муви, чиј тупот рамномерно паѓа како ударите на сечивата врз нежните вратови на развластените мигови, го придодаваат својот крик кон големиот бран од звуци што ги тресе планетите и мене ме буди од сон.

ТАЈНА ВЕЧЕРА Свенува денот на небесниот срт. Ветрот ја плеви сончевата слама и ја одвлекува зад облачниот рид, кај премалените стада. Узрева мракот над земјата, бабрат црните ленени зрна, ги полнат кадифестите леи. Ѕвездени недобројни јата са ноќ колваат црно жито. На месечевите рогови виси крвавото широко платно со трошки од тајната вечера.

ТИЕ СЕ ТУКА Пелин ми се пољуљава, пелин ми се заљуљава... Тие се тука, сред пелин-поле, занишано од нашиот топол здив, запрашено од мртвата крта плот, нечујни, невидливи и стрвни ријат тунели низ сегашноста, ја разлагаат на дребни ронки согорени при нивниот пад кон темниот талог на времето, згуснат од немите крици на сè што умира. Тие се тука и кога нè нема, крај сипаничавиот пелин, процветан од замајувањата по светлосниот полен, леплив и миризлив, неодолив за празнината, развеана и копнежлива по полнота и облик, по стреловит восклик на сè што се раѓа и постои.

АЈДЕ BO ЛОВ Ајде во светот, светол и темен, отворена, шумна, умна книга, ајде да листаме лист по лист до празна страница-станица; ајде нека истлее белата магла и нека потечат потоци мисли со срмени пастрмки по брзаците; зората е стокмена за зелен бег, планината пасе ѕвездена плева, месецот кобец демне од сводот, денот пеликан над езерото кружи; ајде во лов низ бучен поток, по нестварни риби со рујни дамки, ајде да фрлиме варена пченица и јадици со јазли загадочни, со шарени мамци на свилен конец за песна в грло што зема здив.

МОЛКОТ ШТО ГО СНЕМА Меурлив молк што нараснува над хоризонтот и светиот миг, каде што изгреваат и заоѓаат сонце, месечина, летна луња. Молкот се распрснува од зашиленото теме на својата спротивност; секоја мрвка му е разнесена, секоја ронка раздробена, секоја плетенка развласена, секое влакно одвеано, секоја сенка стреперена од секаков заталкан привид, кој се обидува потајум да прокриумчари облик украден од случајноста, зборлеста, плиткоумна и толку неодговорна.

TO A EXO Toa постојано exо во хлорирана празнина пo која шибаат електрони; крцкање на стари планети по пруги на кружни орбити; цвилење на проголтана вода притисната низ остри жабри; нишање на стракови трева што го сечат сувиот воздух; трепнување на златорун овен, овенчан пред жртвеник во крв; сето тоа и уште многу чудовишни тонови и звуци, скриени ноти во црн фрак, слетани од петолинијата зад невидливата црта зад која само Бог слуша сè, сета таа лелеава темнина прелеана во ритмични октави е спитомен питон на сцената, кој длабоко се поклонува сред нашето ракоплескање во полничок недоглед.

БЕЗ РАВНОВЕСИЕ Се топи летото врз сувите усни со чоколадните сладоледи. Тркалото на судбината се сврте и отсега работи на плажата, како тобоган на кој се вртат, од утро до мрак, капачи и вода. Мачно е искачувањето по разлеаниот сончев жар: телото зоврива, темето чади, а на секое погорно скалило, по влажната соголена кожа, солта сè погорко смраморува. Најгоре, озарените, подготвени за Икаров лет, го чекаат нивниот миг. Од ударот изненадена, водата се превртува, ги голта фрлените факели; вжештената утроба се грчи и ги отфрла паднатите Икари, замелушени од вртењето и втрелушени кон нов опит. Отстрана, од брег или од вода, очната терезија го мери времето на искачување

и времето на паѓање, кои никојпат не биле во мирно рановесие.

БУРА На Билјана Заталкани во син сон, крај алеи од водни качунки, низ нерамно поле со пенливи перуники, влечени од силни струи, чуновите и пливачите беспоговорно легнуваат на песочното дно пред бисерниот камшик. Извлечени на брегот, водните остатоци издишуваат тихо во вдлабнатинките на песочниот штит, крај скинати перјаници од сиви и зелени алги, крај мртвите тела од палавите сни, над кои згаснуваат разнобојни еднодневки, зафатени од бурата во нашето катадневие, говорот наш громогласен.

ДОВИКУВАЊЕ Свенува лисјето во градината. Рубинести, златно-кафеави, згаснати пламени на тревата, сронати крлушки на есента... Ги збирам на средишно место, во столисник-куп налик на могила, над која сум стела смраморена. Ги ширам рацете, гранки без лисја, без славеи со грла распеани... Столб топлина се искрева угоре, од мојот истенчен влажен здив сплетен со гнилите испарувања... Небото станува грло на славеј, облаците сиви пердувести крилја.

Предавство на симболите

СВИОК Бидува така да залае ртка во далечината, да затруби лаѓа во широчината, да долета перо од височината, да отскокне риба од длабочината. Бидува така севезден да се поткинува тишината, да се распарува по шевовите, да се расцепува по ракавите и сета да се распарталува кај острите свиоци на планетите. Бидува сонцето со златна опашка да го затскрива црниот свиок.

НОЌ Ex ноќ. Гладна, пуста ноќ. Црн превез врз црни зеници пред усвитен зрачен растрел, построен да покосува ден. Секој ден. Ех ден. Црн ден. Одбројувањето се одбива од еластичните мембрани и се згуснува во звучен јарбол. Ноќта е црно гусарско знаме на граблива семирска галија, која плови низ тихиот океан полн со блескотни облици во неотворените ковчези. Ех ноќ. Глува, тешка ноќ. Но не се буди ништо додека не се пробуди зборот.

ВРЕМЕТО Ε ГИГАНТСКИ МАМУТ A ЈАС СУМ ЈАС Времето е гигантски мамут a јас сум јастреб, јас сум јас. Летам сам со векови, летам од создавањето на првиот јастреб, летам високо и сè повисоко, прелетувам континенти, но не можам сè уште со моето жолто око да го проголтам титанскиот син. Јас сум јастреб, Јас сум јас. Времето е гигантски мамут, се придвижи ли, безмилосно гази.

ПРЕДАВСТВО HA СИМБОЛИТЕ Светлина, стебло, сенка. Сцена. Светлината го облеа стеблото. Сенката се згусна и се сви под корен. Лисјето ги подигна свенатите клепки. Плодовите стежнуваа од мед и зрелост. Се извиши Дрвото на познанието во возвишениот сон на семирот. Сенката исползи од под коренот, ја свлече шарената кошулка, змиулесто се обвитка крај стеблото. Лисјето ги спушти своите клежи. Плодовите се сокрија во заспаното семе. Дрвото на познанието се вовлече во себе и спие во скришните корени на семирот. Симболите, немирни скитници со многу животи и ножеви, заклучени се со јазични катанци и не може никој да месечари. Кому му Ги предаваш катанците, оче? Кому симболите?

СМРТ-СОН-СТИХ Гледачката ги реди картите: ти си на сред пат и чекаш мека магла да ги покрие пресечените пурпурни рабови; патот води низ длабока вода, колебливо се искачува по брановидни серпентини на песочниот зборовен рт; те следи сенка зад петиците, нетрпеливо те одминува, прескокнувајќи се; на скалите пред сончев дом, мостови кон длабочините, виулица и скршено крило. Затемнувањето се следи низ темни стакла.

БРОНЗЕНА ПЕСНА За да се стаса кај тебе, треба да се совлада цела алеја смуртени бисти. Така е, и мечот и песната вајале илјадници глави со длета од изострен блесок, но тие не цветаат во исти алеи. Пепелта в планина, крај пепелта на дроздовите, бронзена, во цветна алеја од столисна ајдучка трева, можна е само во алеја од бронзени стихови.

ВРВИЦИ. ЗБОРОВИ. СЛЕДИ. Врвици. Врсти. Разгазени следи. Разгранети во немирот, разлистени во говорот, под сводот на сонцето. Врвици. Врсти. Неброени следи. Слеани во нив миговимостови низ корави листови, низ ромор во пев. Врвици. Врсти. Бележени следи. Кратки и долги, патеки-далги низ гора, низ вода, низ воздушен брег.

СВОДОВИ СЛОГОВИ Мраз и снег. Снег и мраз. Образите на ветрот кочан. Од очите капе света вода. Одот на воздухот е тврд и тежок. Свежо е горе на небесниот рид. Под сивиот ѕид на празнината. Мазен и ведар е пределот под неа. Смеата сета би одѕвонувала. Лета под кубе што нема кој да го измери, со што да го измери.

СУМ. ТОЧКА. ЗБОР Сум, точка. Просо среде житни зрна. Зрната бабрат во зборови. Зборовите шират рабови. На секој раб расте дрво. На секое дрво слетува птица. Птицата прелетува планина. Планината штрчи над облаци. Облаците мрморат со громови. Секој гром удира во своја точка. Секоја точка е модро место. Јаглен што гори во утробата, κοга зборот се двои од темнина.

ЗЛОДОБА Доцна е и злодоба е, без бел коњ по црн друм Секула замина и нема кој домот да го брани... Предјас да влезам и да се избезумам, го пуштам Марко Крале, со речник на симболи. Доцна е. Зла е доба.

ЛУДОГОРЈЕ Перунико, тихо пееш, далеку се слуша... Гласот исполни небесни градини, ги пренесе низ воздушни сртови и ги спушти на мравини плеќи, а мравата на моите дланки; ги однесов во висока гора, гората ги даде на смркнати облак, облакот ги качи на молскотни лачи, лачите ги носеа низ целиот семир, грска падна на божјото чело и се свитка во трнлива круна; зад круната Ништото се смее, тихо пее, далеку се слуша, два се гласа а од едно грло, еден темен а другиот светол, два се гласа, иста перуника.

ТЕМНО МЕСТО Слегов внатре. Внатре е темно место. Ќелија за тихување-стихување. Светлината е восочна отсечка, меко се топи точка по точка. Последниот пламен фрли зрна, разиграни срни во тишина-срма. Слегов внатре. Внатре е тихо место. Ќелија за тихување-стихување. Тишината е длабока штама-јама, сета се сронува во себе сама. Штамата е слепа, непроѕирна белина, отсечено парче темна месечина. Слегов внатре. Внатре е светло место. Ќелија за тихување-стихување. Стиховите се стракови темнина, однесени од горопадна лавина. Мракот е густ и однатре врие, огнена лава и прска и лие. Слегов внатре. Внатре е темно место..

назад во јазикот

НАЗАД BO ЈАЗИКОТ Тргнав да го пронајдам јазичниот вруток, држејќи се близу до Млечниот пат, сиот сочинет од сламени одблесоци на недобројните заискрени зеници, деноноќно будни, деноноќно жедни да го прозрат безмерието, стврднати од предолго гледање како петици што тупотат низ лето, како крлушки во скамената глина од кои се одлушнале сончевиот сјај и вжештениот немир во виножитото. Житото високо и занишано диво, воздухот преполн полен и плипотен зуј расеани со ленот низ порозното сито во широките дланки на Големата Мајка над камената маса од млада карпа пред пештерата, пред цртежите врежани во засенчената утроба, пресликани од желкин оклоп на кој жегата длабела кротко и долго знак по знак од прадревна доба. Желко, заборавена сестро, Дребен потомку на диносаурусите, заборавен зачетнику на змејовите што во приказните ги зачувале пламенот во јазикот,

светоста на огништето, жртвеникот во пештерите со мовлести одрекувања крај распенет вруток, решките од твојот оклоп се реси на волшебен килим на кој ведра летам низ времето по закривениот свод на веројатноста, од каде умножен докрај сиот бескрај е севезден на дофат, песните - соѕвездија што горат.

ТОКМУ ТАКА, ИЛИ.. Немало ништо. Збувнал сеопштиот котел, а од вриежот се излачиле оган, вода, земја, воздух. Или претходел свиреп раскин на светлина од темнина, на ред од неред. Од нив настанал светот, или од шесте тули, од шесте плочки, невидливи но цврсти, а од нив животот. Или од дребно јајце. Или од капка млеко. Или го создал Бог. Или движењето. Или постара од сè е волјата, хидра со безброј глави, слепа и нема, која раѓа без престан и без престан голта сè што се родило, што се изродило. Песно моја, чија си ти, од што си ти?

ΒΡΕΜΕ Ε.. Еве ме, крај тебе светлино горка, рибино ковче во темно грло, време е веригите да ги потргнеме, да не ни прокрвават глуждестите зборови и да се отворат живи рани, оти немам девет лакти платно, време е ламјо моја, црномурна раско во светло око, да вардиме длабочини, да не ни исчемреат јагулестите мисли, да не се затворат протоците, оти немам сабја-дипленица, време е а не може ни ти во мене нијас вотебе, стерната е откорната и срамнета, волшебната ламба дамна докршена, време е и моја хартијата, твое запишаното, мое е грлото, гласот твој.

КАМЕН ЗА ПОД ГЛАВА Какво е каменото срце, какво е? Трепери ли? Тоа не е ситна ластовица пред лута зима-осојница. - Цврррр-цвррр-лит! Цирлит! Какво е каменото срце, какво е? Воскликнува ли? Тоа не е полска чучулига, со восклик-мера за височина. Цврррр-цвррр-клик! Цилик! Какво е каменото срце, какво е? Немирно ли е? Тоа не е палава сеница што се јази по есента. Трррр-пинк, пинк! Силб! Какво е каменото срце, какво е? Верно ли е? Тоа не е домашна врабица, кавгаџика крај портата. -Шил -шелм-пип! Дел-диб-шилк! Какво е каменото срце, какво е? Гори ли?

Тоа не е жолта канаринка со пев што го следи сонцето. -Црррр-церрр-церцинит! Какво е каменото срце? Какво е? Вечен стражар во униформа кој никогаш не трепка пред мермерниот мавзолеј во пределот на мртвите, таму, кај што секој жител своето столчено срце го менува за цврст камен што го става под глава за спокоен сон.

ОЛИМПИСКА ВРТОГЛАВИЦА Ha баждарената терезија на зајадливата реч - како што - модрее водата од удари во непоместлив брег; чемерниот мрак ја јаде безмерноста; катмер алово е земјиното срце; златен песок се пожолтените глоси; зелен април најадар коњјава; - така и - зелена лоза се вие околу Будим в песна, по златен пламен копнее пустината; темен пурпур цвета во гласовите ноќе;

безмерен семир е гаврановиот чемер; зениците темнеат од божјиот поглед... Ех, вртоглавицата од вртењето по олимписките кругови е безопасна птица-селица.

ШТО АКО ТРЕПНАМ? Ако трепнам, што ќе се појави? Песок што се рони со векови. Вода што сама се обновува. Отсутност што се полни со патници; - сонцето љубезно ги поздравува, галебот - бело знаме развеано, твоето лице без облак, засмеано. Погледот го доцрпува видикот пред да го прелее темнината.

СТЕПА Таму, леплив полен, бубалки рој, врани коњи и роглести сајги, заталкани племиња и орди во златеста ветрова рамнина ласица во сон по крвав пир. Горе, без престан рти тревлив сон за ѕвездени стада во огнен галоп, гонети од невидлив див ветер низ мрка непрегледна рамнина, во змиулеста потрага по трем. Овде, развеани прамени ветер низ степа за јазичен галоп.

ЗЕЛЕНИ ПОЈАСИ Зелени појаси - острови во карпест предел, палмин здив во бронзена пустина, немирни бродови во мртво море, шарени ириси крај пламнати црнки, топли замоци во снежни сни; - зелени појаси - развеани, разлеани, темни и светли, мои и твои разтранети ртови во синозеленото време, засводени мостови од сплетени дланки, од страст и од јад, од глас и од молк на светото дрво со расцветан живот, разгранета смрт, зелен венец, зелен бескрај, зелено...

ЛИЦЕ. СЕЌАВАЊЕ Зад јагулест водопад, обесен без престан над бескрајна бездна, зад капки-тули во игрив ѕид, замаглено лице пред отворен налет на оловна безвременост. Трепкитеспуштени стрелки на компасот.

КРУГ Клучеви и врати. Кругот е затворен. Зад нив е бранот од звучен рој, собран во облак треперливо ѕвоно, по зацртаната крива до друг затворен скит со врати и клучеви.

ШТО МОЖЕ ПЕСНАТА Да те крене перо на највисоката точка среде луда вејавица и да постави знаме Дојдов, видов, победив!" Да допреш со неа до најдлабоката точка, да го проголта левијатанот Страв, преплашен од трозабецот на богот Време. Да те успие слатко. Да скокнеш од сон. Да ја отвори портата кога ќе затропа Смртта. Да ѝ ја тресне пред нос неотстапно.

ПРЕМИН Го барам преминот. Од името до моето внатре. Пробувам со водата. Ја испивам. Водата води до празнина. Пробувам со огнот. Го запалувам. Огнот води кон пепел. Пробувам со земјата. Ја раскопувам. Земјата води кон густина. Пробувам со воздухот. Го вдишувам. Воздухот води кон разреденост. Барам премин. Од моето внатре до името. Пробувам со зборот. Пробувам.