ОБУКА ЗА ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛОРИ

Σχετικά έγγραφα
ТАРИФЕН СИСТЕМ ЗА ДИСТРИБУЦИЈА

Предизвици во моделирање

М-р Јасмина Буневска ОСНОВИ НА ПАТНОТО ИНЖЕНЕРСТВО

а) Определување кружна фреквенција на слободни пригушени осцилации ωd ωn = ω б) Определување периода на слободни пригушени осцилации

37. РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2013 основни училишта 18 мај VII одделение (решенија на задачите)

ИСПИТ ПО ПРЕДМЕТОТ ВИСОКОНАПОНСКИ МРЕЖИ И СИСТЕМИ (III година)

Проф. д-р Ѓорѓи Тромбев ГРАДЕЖНА ФИЗИКА. Влажен воздух 3/22/2014

ЗАДАЧИ ЗА УВЕЖБУВАЊЕ НА ТЕМАТА ГЕОМЕТРИСКИ ТЕЛА 8 ОДД.

НАПРЕГАЊЕ ПРИ ЧИСТО СМОЛКНУВАЊЕ

2. Просечната продажна цена на електрична енергија по која АД ЕЛЕМ - Скопје, подружница Енергетика, ги снабдува потрошувачите за 2018 година од:

ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА СО ВЕНТИЛАТОРИТЕ ВО ЦЕНТРАЛНИОТ СИСТЕМ ЗА ЗАТОПЛУВАЊЕ ТОПЛИФИКАЦИЈА-ИСТОК - СКОПЈЕ

ЈАКОСТ НА МАТЕРИЈАЛИТЕ

ОБУКА ЗА УСОВРШУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛОРИ

Проф. д-р Ѓорѓи Тромбев ГРАДЕЖНА ФИЗИКА

О Д Л У К А. 3. Жалбата изјавена против оваа Одлука, не го одлага нејзиното извршување.

4. Оваа Одлука влегува во сила со денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија, а ќе се применува од 1 јули 2018 година.

σ d γ σ M γ L = ЈАКОСТ 1 x A 4М21ОМ02 АКСИЈАЛНИ НАПРЕГАЊА (дел 2) 2.6. СОПСТВЕНА ТЕЖИНА КАКО АКСИЈАЛНА СИЛА Напонска состојаба

О Д Л У К А. 3. Жалбата изјавена против оваа Одлука, не го одлага нејзиното извршување.

ИЗБОР НА ЕНЕРГЕТСКИ ТРАНСФОРМАТОР ЗА МЕТАЛНА КОМПАКТНА ТРАФОСТАНИЦА

СТАНДАРДНИ НИСКОНАПОНСКИ СИСТЕМИ

46. РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА април III година. (решенија на задачите)

О Д Л У К А. 3. Жалбата изјавена против оваа Одлука не го одлага нејзиното извршување.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА

Проф. д-р Ѓорѓи Тромбев ГРАДЕЖНА ФИЗИКА

Тарифен став (денари) Пресметковна. Тарифно Потрошувачи на висок Единица величина. напон 35 kv * 35 kv 10 kv Моќност kw 943,62 994,66 767,14.

ЕВН ЕЛЕКТРОСТОПАНСТВО НА МАКЕДОНИЈА

46. РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА април II година (решенија на задачите)

КОМПЕНЗАЦИЈА НА РЕАКТИВНА МОЌНОСТ

Методина гранични елементи за инженери

КОМПЕНЗАЦИЈА НА РЕАКТИВНАТА ЕНЕРГИЈА КАЈ ИНДУСТРИСКИ ПОТРОШУВАЧИ И ТЕХНИЧКИ-ЕКОНОМСКИТЕ ПРИДОБИВКИ ОД НЕА

С О Д Р Ж И Н А

Нацрт А - Дозвола за усогласување со оперативен план

Етички став спрема болно дете од анемија Г.Панова,Г.Шуманов,С.Јовевска,С.Газепов,Б.Панова Факултет за Медицински науки,,универзитет Гоце Делчев Штип

АНАЛИЗА НА ПОСТОЕЧКАТА СОСТОЈБА НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ НА ЗГРАДИТЕ. Класични извори на енергија, водогрејникотли

ПЕТТО СОВЕТУВАЊЕ. Охрид, 7 9 октомври ДМС Софтвер "WINDOWS" за дистибутивните системи

ЛУШПИ МЕМБРАНСКА ТЕОРИЈА

6. СОВЕТУВАЊЕ. Охрид, 4-6 октомври 2009

ВЕРОЈАТНОСТ И СТАТИСТИКА ВО СООБРАЌАЈОТ 3. СЛУЧАЈНИ ПРОМЕНЛИВИ

I. Теорија на грешки

ТРЕТО СОВЕТУВАЊЕ Охрид 3 6 октомври 2001

ПРИМЕНА НА МЕНАЏМЕНТ НА РИЗИК ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ОДЛУКИ ВО ЕНЕРГЕТСКИ КОМПАНИИНАПАТСТВИЈА

2. КАРАКТЕРИСТИКИ НА МЕРНИТЕ УРЕДИ

SFRA ТЕСТ ЗА МЕХАНИЧКА ПРОЦЕНКА НА АКТИВНИОТ ДЕЛ КАЈ ЕНЕРГЕТСКИ ТРАНСФОРМАТОРИ

Модел на општински информациски систем за управување со цврстиот отпад (SWIS) УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА 2016.

Примена на Matlab за оптимизација на режимите на работа на ЕЕС

27. Согласно барањата на Протоколот за тешки метали кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување (ратификуван од Република Македонија во

Регулација на фреквенција и активни моќности во ЕЕС

Во трудот се истражува зависноста на загубите во хрватскиот електроенергетски систем од

ИНСТРУМЕНТАЛНИ МЕТОДИ ЗА АНАЛИЗА

Зелен раст и климатски промени во Македонија Програма за аналитичка и советодавна поддршка. Краток извештај Ноември, 2012 година

Анализа на профитабилноста на банките во Македонија

ИНСТРУМЕНТАЛНИ МЕТОДИ ЗА АНАЛИЗА

4.3 Мерен претворувач и мерен сигнал.

Универзитет Св. Кирил и Методиј -Скопје Факултет за електротехника и информациски технологии

( ) ( ) ( ) ( ) ( ) ( )

Заземјувачи. Заземјувачи

АНАЛИТИЧКИ МЕТОД ЗА ПРЕСМЕТКА НА ДОВЕРЛИВОСТA НА ДИСТРИБУТИВНИTE СИСТЕМИ

Проф. д-р Зоран Ивановски. Предговор. Од авторот

Доц. д-р Наташа Ристовска

Универзитет Св. Кирил и Методиј -Скопје Факултет за електротехника и информациски технологии ДИНАМИЧКА ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА НА СОФТВЕР. -магистерски труд-

ИНТЕРПРЕТАЦИЈА на NMR спектри. Асс. д-р Јасмина Петреска Станоева

Тарифи за пресметковни елементи активна ел.енергија (ден/kwh) реактивна ел.енергија (ден/kvarh) 3,1964 0,1994 0,0798. Врвна активна моќност (ден/kw)

ИЗБОР НА ОПТИМАЛНА ЛОКАЦИЈА НА 400/110 kv РЕГУЛАЦИОНИ АВТО-ТРАНСФОРМАТОРИ ВО ЕЕС НА РМ

МЕТОДИ ЗА ДИГИТАЛНО ДИРЕКТНО ФАЗНО УПРАВУВАЊЕ НА СЕРИСКИ РЕЗОНАНТНИ ЕНЕРГЕТСКИ КОНВЕРТОРИ

СТРУКТУРАТА НА КАПИТАЛОТ КАКО ФАКТОР ВО ВРЕДНУВАЊЕТО НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА И ИНВЕСТИЦИОНИТЕ ВЛОЖУВАЊА М-р Илија Груевски Државен универзитет Гоце Делчев

М А Г И С Т Е Р С К И Т Р У Д

DEMOLITION OF BUILDINGS AND OTHER OBJECTS WITH EXPLOSIVES AND OTHER NONEXPLOSIVES MATERIALS

Мали модуларни системи за централно греење и ладење базирани на обновливи извори на енергија

Кои од наведениве процеси се физички, а кои се хемиски?

Факултет за електротехника и информациски технологии - ФЕИТ, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Република Македонија

Ветерна енергија 3.1 Вовед

8. МЕРНИ МОСТОВИ И КОМПЕНЗАТОРИ

Менаџирање со побарувањата од купувачите со посебен осврт на состојбите во АД Тутунски комбинат-прилеп

3. ПРЕСМЕТКА НА КРОВ НА КУЌА СО ТРИГОНОМЕТРИЈА

Економски детерминанти на потрошувачката на животно осигурување во Република Македонија. Милан Елисковски. Апстракт

СИСТЕМ СО ТОПЛИНСКИ УРЕД КОЈ КОРИСТИ ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА

ЗА ПОДГОТОВКА НА БАРАЊЕТО ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ТАРИФА ЗА ВОДНА УСЛУГА ПОДНЕСОЦИТЕ И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ОЦЕНА

ПОДОБРУВАЊЕ НА КАРАКТЕРИСТИКИТЕ НА ИСПИТНА СТАНИЦА ЗА ТЕСТИРАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКИ ТРАНСФОРМАТОРИ

Макроекономски детерминанти за развој на пазарот на капитал во Република Македонија Милан Елисковски

ВЛИЈАНИЕТО НА ОСИГУРУВАЊЕТО ВРЗ ЕКОНОМСКИОТ РАСТ: СЛУЧАЈОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ДРВОТО КАКО МАТЕРИЈАЛ ЗА

ШЕМИ ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ НА ПРОСТИТЕ БРОЕВИ

СОДРЖИНА 1. ОСНОВНИ ПОИМИ ОД ПОДАТОЧНОТО РУДАРЕЊЕ УЧЕЊЕ НА ПРЕДИКТИВНИ МОДЕЛИ...9

Современи концепции на финансискиот менаџмент при управување со ризикот во банкарските институции

ПРИРАЧНИК ЗА ПОДГОТOВКА НА ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РЕЧЕН СЛИВ

МОДЕЛИРАЊЕ НА РАБОТАТА НА РЕВЕРЗИБИЛНИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ ВО ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИ СИСТЕМ

УСЛОВИ НА ПАРИТЕТ ВО МЕЃУНАРОДНИТЕ ФИНАНСИИ И ПРЕДВИДУВАЊЕ НА ДЕВИЗНИОТ КУРС. Parity Conditions in International Finance & Currency Forecasting

ГРАДЕЖНА ФИЗИКА Размена на топлина. проф. д-р Мери Цветковска

МЕТОД НА ПРИОРИТИЗАЦИЈА КАКО АЛАТКА ЗА АСЕТ МЕНАЏМЕНТ

Оценка на ефикасноста на македонските банки примена на пристапот на стохастичка граница

Анализа на триаголници: Упатство за наставникот

МИКРОЕКОНОМСКИ И МАКРОЕКОНОМСКИ ДЕТЕРМИНАНТИ НА ПРОФИТАБИЛНОСТА НА ОСИГУРИТЕЛНИОТ СЕКТОР СЛУЧАЈОТ НА МАКЕДОНИЈА Тања Дрвошанова- Елисковска

АНАЛИЗА НА ДОВЕРЛИВОСТА НА РАДИЈАЛНИ ДИСТРИБУТИВНИ МРЕЖИ СО ПРИМЕНА НА МОНТЕ КАРЛО СИМУЛАЦИИ

МОДЕЛИРАЊЕ СО СТРУКТУРНИ РАВЕНКИ И ПРИМЕНА

Емпириска анализа на загатката на Фелдштајн и Хориока во транзициски земји, со осврт на Македонија

КАРАКТЕРИСТИКИ НА АМБАЛАЖНИТЕ ФИЛМОВИ И ОБВИВКИ КОИШТО МОЖЕ ДА СЕ ЈАДАТ ЗА ПАКУВАЊЕ НА ХРАНА

10. МЕРНИ СИСТЕМИ И ПРЕНОС НА МЕРНИ ПОДАТОЦИ

МРЕЖНИ ПРАВИЛА ЗА ДИСТРИБУЦИЈА НА ПРИРОДЕН ГАС

ДИРЕКЦИЈА ЗА РИЗИК.

ИСПИТУВАЊЕ НА СТРУЈНО-НАПОНСКИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ФОТОВОЛТАИЧЕН ГЕНЕРАТОР ПРИ ФУНКЦИОНИРАЊЕ ВО РЕАЛНИ УСЛОВИ

Transcript:

CeProSARD ISO 9001:2008 ISO 14001:2004 ОБУКА ЗА ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛОРИ Скопје, Март - Мај 2014

5 Изработка на извештај Предавач: Алекса Томовски, дипл. маш. инж. 5.1 Изработка на извештај за спроведената енергетска контрола на зградата 5.1.1 Содржина на извештајот и на резимето на извештајот 5.1.2 Техничко-економска анализа на препознаените потенцијали за заштеди на енергија 5.1.2.1 Одредување на сложеноста на мерките за подобрување на енергетската ефикасност 5.1.2.2 Проценка на годишните заштеди на енергија 5.1.2.3 Проценка на годишните парични заштеди 5.1.2.4 Проценка на редукцијата на емисиите на CO 2 на годишно ниво 5.1.2.5 Проценка на трошоците на вложување за спроведување на мерката 5.1.2.6 Пресметка на економските показатели на вложувањата 5.1.2.6.1 Показатели кои се користат во извештајот за спроведената општа енергетска контрола 5.1.2.6.2 Показатели кои се користат во извештајот за спроведената детална енергетска контрола 5.1.3 Изработка на план за следење, мерење и верификација на заштедата на енергија

5.1.1 Содржина на извештајот и на резимето на извештајот Корица (насловна страна на извештајот) Резиме од извештајот Попис на сите фотографии, табели, кратенки и дефиниции користени во извештајот за енергетска контрола Увод на извештајот Надворешна страна на корицата: - Нарачател, - предметот на енергетска контрола. Внатрешна страница: - Датумот на изработка на извештајот; - Податоците за енергетскиот контролор. Сите клучни податоци (показатели на потрошувачката) како и преглед на анализираните мерки во форма на табела со јасно истакнати предлози за активности за спроведување (Прилог 8а). Транспарентен приказ пред Нарачателот. 1 до 2 страници - опис на локацијата, градбите и се останато што е предмет на енергетската контрола.

5.1.1 Содржина на извештајот и на резимето на извештајот Во резимето расположливите податоци за потрошувачката на енергија и вода (на пр. од сметките за енергија и вода) во зависност од активностите (променлива која влијае на неа) во извештајот вообичаено се прикажуваат во табела или графички. Табела од Прилог 8: Оваа табела е универзална за сите видови на Нарачатели. Месец Потрошувачка на енергија (kwh) Остварено производство (тони) Показател на потрошувачката (kwh/t) Јануари 14 000 000 2300 6087 Февруари 13 500 000 2200 6136

5.1.1 Содржина на извештајот и на резимето на извештајот Анализа на енергетските карактеристики на зградите Анализа на потрошувачка на енергија и вода Емисија на CO 2 како последица на потрошувачката на енергија и вода Анализа на енергетските карактеристики на зградите врз база на Правилникот за енергетски карактеристики на згради и Методологијата за определување на енергетските карактеристики на зградите, која е составен дел на тој Правилник. Под-поглавја кои треба да содржат: Податоци за снабдувачите со енергија и вода, Податоци за потрошената количина на енергија и вода во референтната година, според Прилог 11 (табеларно и графички по месеци и по енергенси, како и вкупно) т.е одредување на референтна потрошувачка на енергија и вода. Податоци за потрошувачката на енергија и вода, кои произлегуваат од активностите на дадената локација / индустриски процеси (показатели на енергетската ефикасност, според Прилог 1 - Прашалник). Енергетски и трошковен биланс (Прилог 3 Енергетски и трошковен биланс), Анализа на потрошувачката за секој енергенс /облик на енергија, како и билансот по клучните групи на потрошувачи. На дефинираната референтна потрошувачка на енергија и вода се придодава и емисијата на CO 2. При тоа е важно да се наведат факторите на емисија кои се користеле, според Прилог 7.

5.1.1 Содржина на извештајот и на резимето на извештајот Мерки за подобрување на енергетската ефикасност Ова е најважно поглавје од извештајот за енергетска контрола и во него мора детално да бидат опишани сите мерки за подобрување на енергетската ефикасност. Секоја мерка треба да биде дадена во посебно под-поглавје. За секоја мерка мора да се оценат инвестициските трошоци, заштедата на енергија и вода, заштедите во пари, како и д асе пресмета економската исплатливост на мерката. Дополнително за секоја мерка треба да се пресмета нејзиниот потенцијал за смалување на емисијата на CO 2.

5.1.1 Содржина на извештајот и на резимето на извештајот Предлог план за спроведување на мерките за подобрување на енергетската ефикасност. Предлог план за следење, мерење и верификација на спроведените мерки за подобрување на енергетската ефикасност Прилози На нарачателот да му се даде јасен совет што и како треба да преземе како би се реализирале утврдените мерки за подобрување на енергетската ефикасност. Во ова поглавје треба да се анализираат различните опции за спроведување на мерките, односно да се предложат различни групи на мерки кои се препорачуваат да се спроведат, како и нивните карактеристики. Во зависност од видот на енергетската контрола (општа или детална), за секоја мерка се пресметуваат економските параметри (вложување и показател на исплатливост). Овој план мора да ги содржи најмалку следните елементи: назив на мерката (на ниво на цела зграда или на ниво на придружна постројка и опрема, опис на референтните услови (потрошувачка на енергија, независна променлива која влијае на потрошувачката, опремата, оперативната пракса и сл.), рок во кој се применува планот за следење, мерење и верификација на спроведените мерки за подобрување на енергетската ефикасност, методологија за утврдување на заштедите на енергија, мерење и мерна опрема, ако е предвидено и карактеристики на мерниот уред, протокол на отчитување, постапка за управување со мерните уреди и протокол за калибрација), лице одговорно за отчитување на мерењата и следење на другите податоци, извештај за остварените заштеди. (Прилог 2). Согласно потребата, извештајот може да содржи и прилози. Тоа посебно се однесува на планот и резултатите од мерењата доколку тие се спроведуваат во текот на енергетската контрола. Во прилогот може да се дадат и шеми на постројките, спецификација на опремата како и останати значајни податоци за анализа. Во прилог се содржат и снимки направени со термографска камера, како и оценка на наодите од снимките, но само доколку се направени од сертифицирано лице за ракување со термографска камера. Составен дел на извештајот за енергетска контрола, доколку се работи за зграда со систем за греење поголем од 20 kw или систем за климатизација поголем од 12 kw, треба да бидат и извештаите од контролните прегледи на тие системи за греење и климатизација кои се дадени во прилозите 9 и 10. Извештаите за спроведените контролни прегледи на системите за греење и климатизација треба да се стават како прилог на основниот извештај, а нивните наоди и препораки исто така да се наведат во основниот извештај.

5.1.2 Техничко-економска анализа на препознаените потенцијали за заштеди на енергија Потенцијалите за штедење на енергија се основната идеја на енергетската контрола. Препознавањето на потенцијалите преточени во конкретни заклучоци во правило се дискутираат со Нарачателот. Многу често и препорачливо е тоа така да биде, Контролорот подготвува нацрт варијанти за можните подобрувања и таквиот материјал е предмет на анализа во смисол на реалните финансиски можности на Нарачателот. Критериумот дозволивост (affordability) секогаш ќе биде доминантен лимитирачки фактор во прифаќањето на препораките кон кои се стреми Контролорот како експонент на генералната политика за штедење на енергија и намалување на емисиите. Во Република Македонија, како и во другите земји, на располагање се значителни средства наменети за подобрување на енергетската ефикасност како во стамбениот, така во јавниот и комерцијалниот сектор, а постојат и јасни индикации дека таквиот тренд ќе јакне во иднина.

5.1.2.1 Определување на сложеноста на мерките за подобрување на енергетската ефикасност Кога се зборува за сложеноста на мерките за подобрување на енергетската ефикасност се мисли пред се на сложеноста на техничката реализација. Имено, ако мерката за подобрување на енергетската ефикасност не бара големи финансиски средства и доколку реализацијата е можна во склоп на редовните активности на вработените, службата за одржување, таквата мерка ја оценува како многу едноставна за спроведување. Пример за таква мерка е замената на сите таканаречени обични светилки со флуоресцентни светилки. Спротивен пример на претходниот е сложена мерка за спроведување, која опфаќа замена на котлите за греење, бидејќи тоа може да се изврши за време само кога не се користи греењето и предизвикува голема финансиска инвестиција поради ангажирањето на голем број надворешни стручни лица кои треба да извршат потребни тестирања и да бидат одговорни за пуштањето на опремата во употреба.

5.1.2.1 Техничко-економска анализа на препознаените потенцијали за заштеди на енергија Како основен показател на економската исплатливост на мерките за подобрување на енергетската ефикасност кај енергетските контроли се користи едноставниот период на враќање на инвестициите, кој се користи при одлучувањето за вложувањата при енергетска контрола на згради. Кога станува збор за детаљна енергетска контрола, се споредуваат параметри, како што се нето сегашна вредност, како темелен економски фактор и интерната стапка на принос како друг темелен метод. Софтверските алатки овозможуваат олеснета примена на посложениот пристап, така што тој е општо прифатен и кај енергетските контроли кај зградите и вообичаено се прикажуваат и двата параметри.

5.1.2.1 Техничко-економска анализа на препознаените потенцијали за заштеди на енергија Контролорот ги идентификува и предлага мерките за подобрување Подобрување Параметар Забелешка Обвивка Пред мерки После мерки - Прозорци U = 2 W/m 2 K U = 1.6 W/m 2 K - Ѕидови U = 0.8 W/m 2 K U = 0.3 W/m 2 K - Изложени греди U = 1.8 W/m 2 K U = 0.3 W/m 2 K Ψ = 1W/mK Ψ = 0.15W/mK Котел η = 0.8 η = 0.8 со горилник Циркулатор W p = 200 W W p = 170 W Осветлување W l = 20 W/m 2 W l = 10 W/m 2 HVAC BMS Рационализација 10%

5.1.2.2 Проценка на годишните заштеди на енергија Анализата за профитабилност бара да се земат предвид следниве економски параметри: Цена на инвестицијата, вкупно за сите трошоци на имплементација I 0 [ ] Парична заштеда на годишно ниво B [ /god.] Век на траење, според EN 15459, Анекс A n [god.] Стапка на инфлација b 100 [%] Номинална дисконтна стапка n r 100 [%] Реална дисконтна стапка r 100 [%] Годишни нето заштеди изнесуваат: B = S. E + F B Годишни нето заштеди [ /god.] S Заштеда на енергија [kwh/ god.] E Цена на енергија [ /kwh] F Намалени такси [ /god.] О&M - O & M Промени на трошоците за експлоатација и одржување

5.1.2.2 Проценка на годишните заштеди на енергија Влезна енергија пред и по примена на мерките за подобрување добиена по пресметка Потрошувачка на енергија Пред мерки По мерките [kwh/m²а] [kwh/m²а] Греење 100 46 Санитарна топла вода 1,8 1,8 Пумпи, вентилатори 3 2,5 Осветление 15 11 Опрема 8,8 6,8 Ладење 0 0 Вкупно 128.8 68.1

5.1.2.3 Проценка на годишните парични заштеди Техно економски преглед на мерките, по пресметка Мерка Инвестиција Нето заштеди Период на поврат NPVQ [ ] [kwh/а] [ /а] [а] r = 7 % 1. Изолација на фасадата 56 000 20 380 2 000 28-0,52 2. Нови прозорци 48 000 88 652 9 800 4,8 1,68 3. Замена на котел и горилник 20 000 43 624 7 200 2,7 1,51 4. Замена на осветление 15 000 22 429 2 230 6,7 0,95 5. Регулација на системот 22 500 37 327 3 550 6,3 0,42 Вкупно сите мерки 169 500 255 196 28 880 5,8

5.1.2.4 Проценка на редукцијата на емисиите на CO 2 на годишно ниво Прилог 7 на Правилникот за енергетска контрола: Коефициенти за пресметка на емисијата на CO 2 при согорување на фосилни горива во РМ Изразување на емисиите на CO 2 кои се поврзани со согорувањето на фосилните горива се пресметуваат на следниот начин: каде: EM емисија на CO 2 [kg], EF c коефициенти кои ја поврзуваат потрошувачката на фосилни горива со соодветна емисија [kg C/GJ], H d долна топлинска моќ на фосилните горива [MJ/kg или MJ/m 3 ], O c делот на јаглеродот кој се ослободува при процесот на согорување, 44/12 стехиометриски однос CO 2 и C, B количина на користениот енергенс [t ili 10 3 m 3 ]. Вредностите на горе опишаните коефициенти потребни за пресметка на емисијата на CO 2 кои настанале со согорувањето на фосилните горива според IPCC методологијата, http://www.ipcc-nggip.iges.or.jp/public/index.html

5.1.2.4 Проценка на редукцијата на емисиите на CO 2 на годишно ниво Намалувањето на емисијата на CO 2 е разлика при емисијата пред и по примената на мерките за подобрување: EM S = EM P EM N каде: EM S намалување CO 2 [kg], EM P емисија на CO 2 пред примената на мерките, пресметана според декларираната референтна потрошена енергија [kg], EM N емисија на CO 2 после примената на мерките [kg]. Намалувањето на емисијата на CO 2 се одредува на годишно ниво. Табела: Специфични фактори на емисијата на CO 2 по единица гориво и по единица корисна топлина Гориво по природна единица на горива [kgco 2 /kg (ili m 3 )] Фактори на емисијата на CO 2 по единица енергетски горива [kgco 2 /kwh] по единица корисна топлина [kgco 2 /kwh] Екстра лесно масло 3,13 0,264 0,318 Мазут 3,08 0,276 0,332 Течен нафтен гас 2,93 0,225 0,264 Лигнит 1,16 0,357 0,470 Природен гас 1,90 0,201 0,236

5.1.2.4 Проценка на редукцијата на емисиите на CO 2 на годишно ниво Табеларен приказ на емисиите на СО 2 според примарната енергија Примарна енергија: 354 kwh/m²а CO 2 емисија: 75,8 kg/ m² а 944,5 t/а Примарна енергија: 190 kwh/m²а ГРЕЕЊЕ CO 2 емисија: 39 kg/ m² а 482,9 t/а Примарна енергија: 48 kwh/m²а ВЕНТИЛАЦИЈА CO 2 емисија: 10 kg/ m² а 121,6 t/а Примарна енергија: 19 kwh/m²а СТВ CO 2 емисија: 4 kg/ m² а 47,1 t/а Примарна енергија: 31 kwh/m²а ОСВЕТЛЕНИЕ CO 2 емисија: 6 kg/ m² а 78,4 t/а Примарна енергија: 14 kwh/m²а ВЕНТИЛАТОРИ CO 2 емисија: 3 kg/ m² а 35,3 t/а Примарна енергија: 8 kwh/m²а ПУМПИ CO 2 емисија: 2 kg/ m² а 19,6 t/а Примарна енергија: 45 kwh/m²а РАЗНО CO 2 емисија: 13 kg/ m² а 159,7 t/а

5.1.2.5 Проценка на трошоците на вложување за спроведување на мерката Под вложувања (инвестиции) се подразбираат сите трошоци врзани со проектот, вклучувајќи проектирање, набавка на нова опрема, демонтажа на стара опрема, инсталација на нова опрема, тестирање и пуштање во употреба (без ДДВ). Во случај на општа контрола, висината на вложувањата можат приближно да се оценат со точност ±15%, додека кај детаљната контрола точноста треба да изнесува ±5%. Енергетскиот контролор треба правилно да ги одмери рационалните опции и притоа да биде информиран за реалните можности за интервенции на зградите и системите, притоа земајќи ги предвид моменталните пазарни цени, како и ценовните трендови

5.1.2.5 Проценка на трошоците на вложување за спроведување на мерката 8. Предлог мерки за подобрување на енергетската ефикасност Бр. Назив и опис на мерката Енергенс 1 Заштеда на енергија / вода [kwh/год.] или [m 3 /год.] Енергенс 2 Енергенс 3 Енергенс 4 Вода Парични заштеди [МКД/год.] Потребни вложувања [МКД Период на враќање на вложувањата [година] Намалување на емисии на CO 2 [tco 2 /год.] 1. 2. 3. Референтна потрошена енергија [kwh] Вкупни заштеди на енергија [kwh] Намалување на потрошената енергија %

5.1.2.6.1 Показатели кои се користат во извештајот за спроведената општа енергетска контрола Како основен показател на економската исплатливост на мерките за подобрување на енергетската ефикасност кај енергетските контроли се користи едноставниот период на враќање на инвестициите, кој се користи при одлучувањето и приоритизацијата за вложувањата при енергетска контрола на згради, а се добива според изразот: каде: EPV едноставен период на враќање на инвестициите изразен во години, I потребни вложувања за реализација на предложените мерки изразени во парична вредност, и N заштедите во пари како резултат на реализација на предложените мерки изразени во МКД/год.

5.1.2.6.1 Показатели кои се користат во извештајот за спроведената детална енергетска контрола Кога станува збор за детаљна енергетска контрола, се споредуваат параметри, како што се нето сегашна вредност, како темелен економски фактор и интерната стапка на принос како друг темелен метод. Нето сегашната вредност е денешната вредност на сите идни парични заштеди остварени од пуштањето на проектот во употреба (од 1-та година до периодот T), намалена за вложувањата пред да биде пуштен проектот во употреба (во година 0) и се добива со следниот израз: каде: NSV нето сегашна вредност, или NPV (net present value) N t парични заштеди во година t кои се последица на реализацијата на предложените мерки искажани во МКД/год. r дисконтна стапка и T животен век на проектот/опремата

5.1.2.6.1 Показатели кои се користат во извештајот за спроведената детална енергетска контрола Нето сегашната вредност е темелен критериум при економското одлучување. Недостаток при примената на овој критериум е изборот на дисконтната стапка, која може да влијае на големината на нето сегашната вредност. Поради тоа, најчесто се користи интерната стапка на принос како друг темелен метод за економското одлучување. Интерната стапка на принос е дисконтна стапка која трошоците за инвестирање во целиот животен век на проектот ги сведува со вредноста на инвестициите. Најчесто се изразува во проценти. Интерната стапка на принос е најпрецизен индикатор за исплатливоста на еден проект. Идејата е да се пронајде дисконтната стапка за која проектот ќе се смета за исплатлив, односно да се пронајде IRR: Критериумот за прифаќање секако ќе биде највисоката интерна стапка на принос.

5.1.2.6.1 Показатели кои се користат во извештајот за спроведената детална енергетска контрола Софтверските алатки овозможуваат олеснета примена на посложениот пристап, така што тој е општо прифатен и кај енергетските контроли кај зградите и вообичаено се прикажуваат и двата параметри. Едноставниот период на враќање на инвестицијата е времето што е потребно да се отплати инвестицијата, врз основа на еднакви годишни нето заштеди (B1 = B2 = = B n ): Инвестиција Отплата = = години Годишни нето заштеди B l o Доколку отплатата е подолга од економскиот век на траење на мерката, мерката не е профитабилна.

5.1.3 Изработка на план за следење, мерење и верификација на заштедата на енергија За да се оценат тековните пракси на управување со енергијата во, најчесто се користи таканаречената, матрица за систематско управување со енергијата (МСУ), од 5 колони што се однесуваат на различните елементи на систематското управување со енергијата. Во редовите на матрицата се опишани различни нивоа на враќање преку колоната од прикажаните елементи на систематско управување со енергијата. Вака се оценува нивото на надомест на секој од елементите на систематско управување со енергијата на локацијата. Цел е да се достигне највисока оцена за секоја колона, односно елементи на систематско управување со енергијата. Оцена Политика за енергетска ефикасност и заштита на околината Организација Комуникација Собирање и анализа на податоци за потрошувачката на енергија и вода Одржување и набавка на нова опрема 5 Раководството на фирмата целосно ја поддржува политиката на енергетска ефикасност и акцискиот план редовно се ажурира Управувањето со енергијата во целост е интегрирано во управувачката политика Поделени улогите и одговорностите поврзани со потрошувачката на енергија Редовни формални и неформални начини на комуникација. Воспоставен е сеопфатен систем за следење на потрошувачката на енергија и вода. Заштеди. За остварувањата во подрачјето на енергетската ефикасност редовно се информираат сите вработени/корисници. Одлична развиена практика за одржување и набавка на нова опрема Се применуваат сите ставки за зелени набавки.

5.1.3 Изработка на план за следење, мерење и верификација на заштедата на енергија 3 Политиката за енергетска ефикасност е дефинирана од страна на одговорните лица на Службата за одржување или енергетика, не е формално прифатена Постои лице кое е задолжено за управување со енергијата кое повремено го известува енергетскиот одбор и постои нејасна врска со раководството или сопственикот Контакт со главните потрошувачи се остварува по потреба, воспоставен енергетски одбор со кој раководи некој на ниво на раководител на одделение или служба Потрошувачката се следи преку мерна опрема поставена од страна на снабдувачот со енергија Анализа на трендовите и трошоците за енергија и вода, што е дел од планирањето на пресметките Добра практика за одржување и набавка на нова опрема За вложувања во делот кој се однесува на енергетската ефикасност се користи метода за едноставен период на враќање на инвестициите 1 Не постои политика за енергетска ефикасност Не постои систем за управување со енергијата или било која друга форма на делегирање одговорности поврзани со потрошувачката на енергија и вода Нема контакти и информации на вработените и големите потрошувачи Не се следи потрошувачката на енергија и вода Слаба практика за одржување Нема вложувања за подобрувања на енергетската ефикасност

5.1.3 Изработка на план за следење, мерење и верификација на заштедата на енергија Илустрацијата покажува основен изглед на работни перфоманси на еден систем

5.1.3 Изработка на план за следење, мерење и верификација на заштедата на енергија Енергетскиот мониторинг претставува контролен инструмент кој има за цел перманентно да ја одржува потрошувачката на енергија на точна вредност. Енергетскиот мониторинг се базира на периодична регистрација (седмична) на потрошувачка на енергија и мерења на соодветната средна надворешна температура. Енергетскиот мониторинг е докажан корисен инструмент не само по реализација на проектот за енергетска ефикасност, туку и за време на целиот век на користење на еден објект. Освен тоа што открива вишок на потрошена енергија и вода, тој овозможува: Поправилна работа на техничките инсталации; Документирање на резултатите од мерките за заштеда на енергија; Помош во идентификување на објекти со најголем потенцијал за подобрување на енергетската ефикасност; Брза повратна информација за резултатите од промените во процедурите за експлоатација; Зголемување на свеста за можностите за заштеда на енергија; Намалување на трошоците за енергија и вода.

15 10 5 Потрошувачка на енергија [kwh/m²неделно] 5.1.3 Изработка на план за следење, мерење и верификација на заштедата на енергија Основнно средство во системот за енергетски мониторинг е дијаграмот за Енергија - Температура (ET-дијаграм). Хоризонталната оска ја покажува седмичната средната надворешна температура [ C/нед.m], а вертикалната оска ја покажува потрошувачката на енергија по кондиционирана површина за истата седмица [kwh/m²нед.]. -20-10 0 10 Средна надворешна температура [ C] 20 На ET-дијаграмот (сликата десно) се регистрира измерената потрошувачка на енергија и соодветната надворешна температура за одреден временски период. Во овој пример секоја регистрација е претставена со една седмица. Дадената линија која се добива од овие мерки се нарекува ETкрива.

5.1.3 Изработка на план за следење, мерење и верификација на заштедата на енергија Секој објект има своја сопствена, единствена ET-крива. ET-кривата се утврдува врз основа на резултатите од енергетските пресметки извршени со соодветен софтвер. ЕT-кривата покажува колку треба да изнесува потрошувачката на енергија за различни надворешни температури, под претпоставка дека постојат коректни експлоатациони услови целна вредност. Доколку отстапувањето на седмичната потрошувачка на енергија е поголема за 5 10 % од целната вредност, треба да се преземат активности, да се идентификува причината и да се направат одредени корекции. Вообичаените отстапувања предизвикани со промените на сончевото оптоварување, ветерот, начинот на користење, итн., се во рамките на овие отстапувања.