С О Д Р Ж И Н А. Број 94 Год. LXI Четврток, 3 ноември 2005 Цена на овој број е 350 денари ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Σχετικά έγγραφα
С Т А Т У Т НА ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ЈАВНИ ПАРКИРАЛИШТА ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ

2. Просечната продажна цена на електрична енергија по која АД ЕЛЕМ - Скопје, подружница Енергетика, ги снабдува потрошувачите за 2018 година од:

О Д Л У К А. 3. Жалбата изјавена против оваа Одлука, не го одлага нејзиното извршување.

Тарифен став (денари) Пресметковна. Тарифно Потрошувачи на висок Единица величина. напон 35 kv * 35 kv 10 kv Моќност kw 943,62 994,66 767,14.

4. Оваа Одлука влегува во сила со денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија, а ќе се применува од 1 јули 2018 година.

О Д Л У К А. 3. Жалбата изјавена против оваа Одлука, не го одлага нејзиното извршување.

О Д Л У К А. 3. Жалбата изјавена против оваа Одлука не го одлага нејзиното извршување.

Број јуни 2015, среда година LXXI

Македонска берза АД Скопје

ТАРИФЕН СИСТЕМ ЗА ДИСТРИБУЦИЈА

С О Д Р Ж И Н А. Број 26 Год. LXIII Понеделник, 5 март 2007 Цена на овој број е 150 денари. Стр.

ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНА КОМИСИЈА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

1831. Врз основа на член 84, алинеја 2 од Уставот на Република Македонија ( Службен весник на Република Македонија бр. 52/91), донесувам

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА

С О Д Р Ж И Н А. Број 12 Год. LXIV Среда, 23 јануари 2008 Цена на овој број е 210 денари.

Број февруари 2015, среда година LXXI

М-р Јасмина Буневска ОСНОВИ НА ПАТНОТО ИНЖЕНЕРСТВО

МРЕЖНИ ПРАВИЛА ЗА ДИСТРИБУЦИЈА НА ПРИРОДЕН ГАС

НАПРЕГАЊЕ ПРИ ЧИСТО СМОЛКНУВАЊЕ

σ d γ σ M γ L = ЈАКОСТ 1 x A 4М21ОМ02 АКСИЈАЛНИ НАПРЕГАЊА (дел 2) 2.6. СОПСТВЕНА ТЕЖИНА КАКО АКСИЈАЛНА СИЛА Напонска состојаба

Тарифи за пресметковни елементи активна ел.енергија (ден/kwh) реактивна ел.енергија (ден/kvarh) 3,1964 0,1994 0,0798. Врвна активна моќност (ден/kw)

а) Определување кружна фреквенција на слободни пригушени осцилации ωd ωn = ω б) Определување периода на слободни пригушени осцилации

Податоците презентирани во извештајот не ги одразуваат мислењата и ставовите на донаторите на проектот. Проектот Мојот пратеник е поддржан од:

ИСПИТ ПО ПРЕДМЕТОТ ВИСОКОНАПОНСКИ МРЕЖИ И СИСТЕМИ (III година)

ЕВН ЕЛЕКТРОСТОПАНСТВО НА МАКЕДОНИЈА

С О Д Р Ж И Н А

ЗАДАЧИ ЗА УВЕЖБУВАЊЕ НА ТЕМАТА ГЕОМЕТРИСКИ ТЕЛА 8 ОДД.

27. Согласно барањата на Протоколот за тешки метали кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување (ратификуван од Република Македонија во

Етички став спрема болно дете од анемија Г.Панова,Г.Шуманов,С.Јовевска,С.Газепов,Б.Панова Факултет за Медицински науки,,универзитет Гоце Делчев Штип

37. РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2013 основни училишта 18 мај VII одделение (решенија на задачите)

Нацрт А - Дозвола за усогласување со оперативен план

С О Д Р Ж И Н А. Број 73 Год. LXVI Понеделник, 31 мај 2010 Цена на овој број е 250 денари. Стр. Стр.

Φύλλα Εργασίας. Работни Листови. Εκπαιδευτικό Υλικό

КВАРТАЛНИ ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ

Проф. д-р Ѓорѓи Тромбев ГРАДЕЖНА ФИЗИКА. Влажен воздух 3/22/2014

Врз основа на член 68 став 4 од Законот за денационализација

Предизвици во моделирање

ЈАКОСТ НА МАТЕРИЈАЛИТЕ

ВЕРОЈАТНОСТ И СТАТИСТИКА ВО СООБРАЌАЈОТ 3. СЛУЧАЈНИ ПРОМЕНЛИВИ

Современи концепции на финансискиот менаџмент при управување со ризикот во банкарските институции

ЗА ПОДГОТОВКА НА БАРАЊЕТО ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ТАРИФА ЗА ВОДНА УСЛУГА ПОДНЕСОЦИТЕ И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ОЦЕНА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Универзитет Св. Климент Охридски Битола Економски факултет - Прилеп. Управување со ликвидноста на банкарските институции

Регулација на фреквенција и активни моќности во ЕЕС

ПРИМЕНА НА МЕНАЏМЕНТ НА РИЗИК ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ОДЛУКИ ВО ЕНЕРГЕТСКИ КОМПАНИИНАПАТСТВИЈА

ДИРЕКЦИЈА ЗА РИЗИК.

Водич во буџети. Автори Д-р ЖИДАС ДАСКАЛОВСКИ М-Р АНА НИКОЛОВСКА М-Р МАРИЈА РИСТЕСКА

МЕХАНИКА 1 МЕХАНИКА 1

РЕФЕРЕНТНА ПОНУДА ЗА ИНТЕРКОНЕКЦИЈА Т-МОБИЛЕ МАКЕДОНИЈА АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА МОБИЛНИ КОМУНИКАЦИИ - СКОПЈЕ

МОДЕЛИРАЊЕ НА РАБОТАТА НА РЕВЕРЗИБИЛНИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ ВО ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИ СИСТЕМ

ΕΛΛΗΝΙΚΗ ΗΜΟΚΡΑΤΙΑ/ РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА/ HELLENIC REPUBLIC. Πιστοποιητικό Υγείας/ ВЕТЕРИНАРНО-ЗДРАВСТВЕН СЕРТИФИКАТ/ Health Certificate

Κτηνιατρικό Πιστοποιητικό για την Π.Γ.Δ.Μ. /Ветеринарно здравствен сертификат за F.Y.R.O.M. /Veterinary certificate to F.Y.R.O.M. Κωδικός/ Код/ Code

Доц. д-р Наташа Ристовска

СТОПАНСКА БАНКА АД СКОПЈЕ. Кодекс на етика. Сектор за контрола на усогласеноста на работењето на Банката со прописите.

СОД РЖИНА Стр. 93. Правилник за стручно оспособување, проверки, испити, дозволи и овластувања/рејтинзи за

СТАНДАРДНИ НИСКОНАПОНСКИ СИСТЕМИ

ПРИРАЧНИК ЗА ПОДГОТOВКА НА ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РЕЧЕН СЛИВ

ИЗВЕШТАЈ ЗА БАНКАРСКИОТ СИСТЕМ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО 2012 ГОДИНА

Факултет за електротехника и информациски технологии - ФЕИТ, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Република Македонија

Национална Стратегија за води

Менаџирање со побарувањата од купувачите со посебен осврт на состојбите во АД Тутунски комбинат-прилеп

КОМПЕНЗАЦИЈА НА РЕАКТИВНА МОЌНОСТ

ФИНАНСИСКА И ПАЗАРНА АНАЛИЗА НА ПОРТФОЛИО ИНВЕСТИРАЊЕТО

МОБИЛНА КОМУНИКАЦИСКА МРЕЖА И УСЛУГИ МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД-СКОПЈЕ

НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА

Анализа на триаголници: Упатство за наставникот

Примена на Matlab за оптимизација на режимите на работа на ЕЕС

Забелешки кон Уредбата за дополнување

46. РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА април II година (решенија на задачите)

Отпадни води: вистинско време за подобро управување - Случајот со Македонија. Analytica 1/25/2009

ИНТЕРПРЕТАЦИЈА на NMR спектри. Асс. д-р Јасмина Петреска Станоева

ОБУКА ЗА ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛОРИ

ВЛИЈАНИЕТО НА ОСИГУРУВАЊЕТО ВРЗ ЕКОНОМСКИОТ РАСТ: СЛУЧАЈОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Кои од наведениве процеси се физички, а кои се хемиски?

46. РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА април III година. (решенија на задачите)

ЈП МАКЕДОНСКИ ШУМИ. број 59/60 јануари 2013 ЈАНУАРИ 2013 НАШИ ШУМИ 1

Конгрес на нови технологии, знаења и вештини

Предавање 3. ПРОИЗВОДНИ ТЕХНОЛОГИИ Обработка со симнување материјал (режење) Машински факултет-скопје 2.4. ПРОЦЕСИ ВО ПРОИЗВОДНОТО ОПКРУЖУВАЊЕ

Проф. д-р Зоран Ивановски. Предговор. Од авторот

56. РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2013 Скопје, 11 мај I година (решенија на задачите)

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ. Економија на Европска унија. Александар Костов. МОБИЛНОСТ НА КАПИТАЛОТ ВО ЕУ - магистерски труд -

Зелен раст и климатски промени во Македонија Програма за аналитичка и советодавна поддршка. Краток извештај Ноември, 2012 година

СТУДИЈА НА РЕАЛЕН СЛУЧАЈ НА ВЛИЈАНИЕТО НА ДИСПЕРЗИРАНОТО ПРОИЗВОДСТВО ВРЗ СН ДИСТРИБУТИВНА МРЕЖА

ЛУШПИ МЕМБРАНСКА ТЕОРИЈА

УСЛОВИ НА ПАРИТЕТ ВО МЕЃУНАРОДНИТЕ ФИНАНСИИ И ПРЕДВИДУВАЊЕ НА ДЕВИЗНИОТ КУРС. Parity Conditions in International Finance & Currency Forecasting

ХЕМИСКА КИНЕТИКА. на хемиските реакции

Модел на општински информациски систем за управување со цврстиот отпад (SWIS) УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА 2016.

Η «Καταπιεσμενη Μακεδονικη Μειονοτητα»

Генерирање на Концепти

45 РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2012 II година (решенија на задачите)

ИЗБОР НА ОПТИМАЛНА ЛОКАЦИЈА НА 400/110 kv РЕГУЛАЦИОНИ АВТО-ТРАНСФОРМАТОРИ ВО ЕЕС НА РМ

Лидерството и институциите: легитимитетот и балансот на моќ меѓу институциите на политичкиот систем

ШЕМИ ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ НА ПРОСТИТЕ БРОЕВИ

Универзитет Гоце Делчев - Штип ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ. Менаџмент, бизнис, администрација- МБА ШТИП БОБАН ТРАЈКОВСКИ

ИЗВЕШТАЈ ЗА РИЗИЦИТЕ ВО БАНКАРСКИОТ СИСТЕМ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО 2015 ГОДИНА

Стратегиска рамка и Акциски план. за здравје и животна средина до 2020 година. на Република Македонија. - нацрт документ -

Од точката С повлечени се тангенти кон кружницата. Одреди ја големината на AOB=?

Заземјувачи. Заземјувачи

ВОДИЧ ЗА ЗЕМЈАТА ДЕСТИНАЦИЈА - ГРЦИЈА

ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА СО ВЕНТИЛАТОРИТЕ ВО ЦЕНТРАЛНИОТ СИСТЕМ ЗА ЗАТОПЛУВАЊЕ ТОПЛИФИКАЦИЈА-ИСТОК - СКОПЈЕ

Transcript:

Број 94 Год. LXI Четврток, 3 ноември 2005 Цена на овој број е 350 денари www.slvesnik.com.mk contact@slvesnik.com.mk Стр. 1288. Уредба за спроведување на мерките за заштита и спасување на животните и производите од животинско потекло... 1 1289. Уредба за спроведување на мерките за заштита и спасување на растенијата и производите од растително потекло... 3 1290. Одлука за одобрување на Програмата за изменување на Програмата за реализација на задачите на Бирото за стопански недоволно развиените подрачја во 2005 година... 5 1291. Решение за именување заменик на директорот на ЈП за извршување на водостопански дејности ХЗ Злетовица - Пробиштип... 6 1292. Решение за разрешување и именување член на Управниот одбор на Фондот за магистрални и регионални патишта... 6 1293. Лиценца за постојано приредување на посебни игри на среќа во автомат клуб... 6 1294. Лиценца за постојано приредување на посебни игри на среќа во автомат клуб... 6 1295. Изменување на лиценца под број 19-1879/1 од 26.05.2005 година издадена на Друштвото за производство, трговија и услуги АСТРА ЕЛЕКТРОНИК ДОО- ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 1288. Врз основа на член 50 став 3 од Законот за заштита и спасување ( Службен весник на Република Македонија бр. 36/04 и 49/04), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 25.10. 2005 година, донесе У Р Е Д Б А ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ НА ЖИВОТНИТЕ И ПРОИЗВО- ДИТЕ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Со оваа уредба се уредува организацијата и спроведувањето на мерките за заштита и спасување на животните и производите од животинско потекло, во рамките на системот за заштита и спасување. С О Д Р Ж И Н А Стр. Скопје за постојано приредување на посебни игри на среќа во автомат клуб што се наоѓа во месноста Милци Базен Фатаморгана Богородица Гевгелија... 7 1296. Статут на операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна сопственост, Скопје (Пречистен текст)... 7 1297. Решение на Комисијата за хартии од вредност... 12 1298. Правилник за начин и услови за регулирање на цени за пренос, дистрибуција и снабдување со природен гас... 12 1299. Тарифен систем за пренос на природен гас 48 1300. Тарифен систем за продажба на природен гас на тарифни потрошувачи... 49 Објава за просечната месечна нето плата по работник за месец октомври 2005 година... 53 Декларации, заеднички позиции и демарши на Европската унија кон кои се придружува/прифаќа Република Македонија на покана на ЕУ 1-4 Огласен дел... 1-68 Обврска за планирање и подготвување на активностите за спроведување на мерките за заштита и спасување на животните и производите од животинско потекло имаат органите на Државната управа, органите на единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија, установи и служби и трговските друштва (во натамошниот текст: задолжени субјекти). Член 2 Поимите животни и производи од животинско потекло во смисла на оваа уредба го имаат следното значење: 1. Животни се: копитари (коњи, мазги, мули и магариња); чапункар (говеда, биволи, овци, кози и свињи); перната живина (кокошки,мисирки,гуски,шатки и друга перната живина);украсни и егзотични птици и животни; кучиња мачки, куникули, пчели, пијавици, сви-

Стр. 2 - Бр. 94 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 3 ноември 2005 лени буби, риби, ракови, школки, ежеви, желки, полжави, жаби, ловен дивеч, диви зверови, лабораториски животни и инсекти. 2. Производи од животинско потекло се: составни делови од животинското тело во сурова, полупреработена или преработена состојба (млеко, јајца, производи од месо, риби, икра, мед и други производи од ракови, школки, полжави и жаби) наменети за исхрана на луѓето. Член 3 Задолжените субјекти ги планираат и подготвуваат активностите за спроведување на мерките за заштита и спасување на животните и производите од животинско потекло. Задолжените субјекти при спроведување на мерката за заштита и спасување на животни и производи од животинско потекло соработуваат со сопствениците и одгледувачите на животни и со производителите на производите од животинско потекло. II. ОРГАНИЗАЦИЈА НА МЕРКИТЕ И АКТИВНО- СТИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА И СПАСУВАЊЕТО НА ЖИВОТНИТЕ И ПРОИЗВОДИТЕ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО Член 4 Организацијата на мерките за заштитата и спасувањето на животните и производите од животинско потекло опфаќа: а. Планирање на активности за спроведување на заштита и спасување на животните и производите од животинско потекло. б. Подготвување на активности за спроведување на заштита и спасување на животните и производите од животинско потекло. а) Планирање на активности и мерки за заштита и спасување на животни и производи од животинско потекло Член 5 Планирањето на активностите и мерките за заштита и спасување на животните и производите од животинско потекло опфаќа утврдување на потребна организација за спроведување на мерките за заштита и спасување на животните и производите од животинско потекло и пропишување на оперативна процедура. Планирањето на активностите и мерките за заштита и спасување на животните и производите од животинско потекло се остварува во рамките на интегралното планирање (развојно и оперативно) за заштита и спасување и тоа со елаборати во тие планови. При утврдувањето на потребната организација од став 1 на овој член се определуваат задачите на задолжените субјекти и задачите, големината и видовите на силите за заштита и спасување кои ќе учествуваат во спроведувањето на мерките за заштита и спасување на животните и производите од животинско потекло, местата за собирање на повредените и заболените, тријажните пунктови, патиштата и начините на извршување на транспортот до најблиските ветеринарни установи за кои ќе се прифаќаат животните на кои им е потребна помош. Член 6 Со стандардите за оперативна процедура за спроведување на мерките за заштита и спасување на животните и производите од животинско потекло што ги пропишува Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување се определени активности и постапки на учесниците во спроведувањето на мерките за заштитата и спасувањето на животните и производите од животинско потекло од моментот на добивањето на задачата па се до нејзиното извршување. б) Подготвување на активностите за спроведување на мерките за заштита и спасување на животните и производите од животинско потекло Член 7 Подготвувањето на активностите за спроведување на мерките за заштита и спасување на животните и производите од животинско потекло се состои од организациски и оперативни активности и мерки со кои се обезбедуваат потребните предуслови за спроведување на планираните активности и мерки за заштита и спасување на животните и производите од животинско потекло. За реализација на активностите од став 1 на овој член субјектите кои ги организираат мерките за заштитата и спасувањето посебно и подетално треба да предвидат: - пополнување на силите за заштита и спасување; - обуки и вежби; - обезбедување на материјални ресурси и нивно одржување и - склучување на потребни договори. Член 8 Задолжените субјекти кои ги спроведуваат мерките за заштитата и спасувањето на животните и производите од животинско потекло го обезбедат потребниот минимум на средства и сили за мерките за заштитата и спасувањето на животните и производите од животинско потекло. III. СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ НА ЖИВОТНИТЕ И ПРОИЗВОДИТЕ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО Член 9 Во спроведувањето на заштитата и спасувањето на животните и производите од животинско потекло задолжените субјектите и силите за заштита и спасување ги исполнуваат задачите и должностите утврдени во плановите за заштита и спасување. Спроведувањето на мерките за заштита и спасување на животните и производите од животинско потекло опфаќаат планирање, подготвување и спроведување на превентивни и оперативни активности и мерки. Член 10 Во плановите за заштита и спасување од член 9 од оваа уредба се предвидуваат превентивните и оперативните активности и мерки за заштита и спасување на животните и производите од животинско потекло од заразни болести, радиолошки, хемиски и биолошки загадувања, заштита од пожари, заштита и спасување на вода и под вода, заштита и спасување од урнатини и други несреќи (глад и сл.). Член 11 Во подготвувањето и спроведувањето на превентивните активности и мерки задолжените субјекти ги обезбедуваат податоците за состојбите на теренот и ги преземаат следните активности: - правилно сместување, исхрана и напојување на домашните животни; - редовно вакцинирање; - ограничување и забрана на увоз на животни и производи од животинско потекло од земји во кои владеат епидемии на заразни животински заболувања; - контрола и утврдување на хигиено - епидемиолошките услови и исправност на увезените животни, сточната храна и производите од животинско потекло; - редовна радиолошко хемиска и биолошка контрола на животната средина, животните, сточната храна и производите од животинско потекло; - лабораториска контрола на крвта и други излачувања кај животните и на производите од животинско потекло;

3 ноември 2005 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 94 - Стр. 3 - обезбедување доволни количини на храна и вода за животните и нивна заштита од сите видови на загадување; - контрола на хигиено-епидемиолошките услови и исправност на складиштата, магацините, ладилниците и другите објекти во кои се чуваат и складираат производите од животинско потекло; - обезбедување на потребен минимум на персонални и материјални ресурси за функционирање на воспоставената организација и - спроведување на обука и вежби со персоналот и силите за заштита и спасување. Член 12 Во спроведување на оперативните мерки и активности задолжените субјекти спроведуваат мерки и активности во случај на непосредна опасност, за време на траењето на опасноста и за отстранување на последиците. Член 13 Кога надлежниот орган согласно Закон ќе утврди постоење на можност за настанување на потенцијална опасност ги известува надлежните органи од член 1 од оваа уредба и одговорните лица во задолжените субјектите за зголемување готовноста за спроведување на мерките за заштита и спасување на животните и производите од животинско потекло. Задолжените субјекти од став 1 на овој член ги активираат надлежните и одговорни лица во задолжените субјекти за спроведување на мерките за заштита и спасување на животните и производите од животинско потекло и ги активираат за преземање организациски, стручни, безбедносни и други мерки заради зголемување на подготвеноста за извршување на задачите во спроведување на мерките за заштита и спасување на животните и производите од животинско потекло. Член 14 За време на траењето на опасноста, задолжените субјекти за спроведување на мерките за заштита и спасување на животните и производите од животинско потекло ги спроведуваат следните мерки и активности: - ги следат резултатите од извидувањата, вршат контрола на лабораториските анализи на примероците од животните и производите од животинско потекло на кои е воочена промена, ги утврдуваат причинителите кои ја предизвикуваат промената и оштетувањата кај животните и предлагаат преземање на соодветни мерки; - спроведуваат изолација на подрачјата на кои е појавена епидемија; - изолација на заболените животни и спроведување на мерки за карантинско лечење; - вакцинација на животните во загрозеното подрачје; - целосна вакцинација на населението, до колку се работи за болести кои се пренесуваат на луѓето; - избегнување и спречување на непотребно движење и собирање на животните; - забрана за колење на животните во загрозените подрачја и редовна контрола на месото во кланиците; - спроведување на мерки на дезинфекција,дезинсекција и дератизација на загрозените населби,водните објекти и останатите објекти од посебно значење со цел уништување на изворот и преносителите на заразата; - запознавање на населението на загрозеното подрачје со опасностите што му се закануваат, карактеристиките и начинот на пренесувањето на заразните болести, превентивни и оперативни мерки на заштита кои треба секој да ги спроведува како и начинот на однесување, мерките на безбедност и учеството во акциите за заштита и спасување на животните,сточната храна водата и производите од животинско потекло; - мерки за радиолошко хемиска и биолошка заштита; - мерки за противпожарна заштита; - мерки за заштита и спасување од поплави. Член 15 Во отстранување на последиците силите за заштита и спасување на субјектите кои учествуваат во заштита и спасување на животните и производите од животинско потекло можат да се ангажираат и употребуваат и за мерките за отстранување на последиците и тоа: - преземање на санитарно-хигиенски и санитарно технички мерки на загрозеното подрачје со цел спречување на ширење на зарази и епидемии на други подрачја во соработка со организациите и институциите кои имаат материјално технички средства и стручно оспособени лица за оваа работа; - закопување-отстранување на мрши од животни, загадени, затруени и расипани производи од животинско потекло, сточна храна, отпадни материи на начин на кој не се загрозува животната околина. Член 16 Раководниот персонал во задолжените субјекти и командниот персонал на силите за заштита и спасување врз основа на водената евиденција најдоцна четири часа по завршување на активностите го анализираат своето учество во спроведувањето на мерките за заштита и спасување на животните и производите од животинско потекло. Раководниот персонал во задолжените субјекти водената евиденција за употреба на силите за заштита и спасување во случај на непосредна опасност, за време на траењето на опасноста и во отстранување на последиците и извештајот од извршената анализа, ја доставува до Дирекцијата за заштита и спасување и тоа во рок од два дена по завршување на активностите. IV. ЗАВРШНА ОДРЕДБА Член 17 Оваа уредба влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во,,службен весник на Република Македонија. Бр. 19-3876/1 Заменик на претседателот 25 октомври 2005 година на Владата на Република Скопје Македонија, Радмила Шекеринска, с.р. 1289. Врз основа на член 50 став 3 од Законот за заштита и спасување (,,Службен весник на Република Македонија бр. 36/04 и 49/04), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 25.10.2005 година, донесе У Р Е Д Б А ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ НА РАСТЕНИЈАТА И ПРОИЗВОДИТЕ ОД РАСТИТЕЛНО ПОТЕКЛО I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Со оваа уредба се уредува спроведувањето на мерките за заштитата и спасувањето на растенијата и производите од растително потекло, кое се остварува во рамките на единствениот систем за заштита и спасување. Обврска за планирање и подготвување на активностите за спроведување на мерките за заштита и спасување на растенијата и производите од растително потекло имаат органите на Државната управа, органите

Стр. 4 - Бр. 94 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 3 ноември 2005 на единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија, јавните установи и служби и трговските друштва (во натамошниот текст: задолжени субјекти). Член 2 Поимите растенија и производи од растително потекло во смисла на оваа уредба го имаат следното значење: 1. Растенија се: живи растенија и нивни делови, семе и саден материјал, растителни плодови, печурки, влакна на предилни растенија, амбалажа од растително потекло, дрвената граѓа (не парена) и шумските сортименти. 2. Растителни производи се: преработени и непреработени производи од растително потекло, кои поради своите својства или начинот на преработка можат да пренесуваат штетници на растенијата. Член 3 Задолжените субјекти за заштита и спасување, во соработка со непосредните производители, имаат обврска да планираат и подготвуваат мерки и активности за спроведување на заштита и спасување на растенијата и производите од растително потекло во услови на нивно загрозување од различен вид на опасности, како во услови на природни непогоди, така и во услови на војна. II. ОРГАНИЗАЦИЈА НА МЕРКИТЕ И АКТИВНОСТИ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ НА РАСТЕНИЈАТА И ПРОИЗВОДИТЕ ОД РАСТИТЕЛНО ПОТЕКЛО Член 4 Организацијата на активностите и мерките за заштита и спасување на растенијата и производите од растително потекло опфаќа: a) планирање на активности за спроведување на мерките за заштитата и спасувањето на растенијата и производите од растително потекло и б) подготвување на активности за спроведување на мерките за заштитата и спасувањето на растенијата и производите од растително потекло. а) Планирање на активности за спроведување на мерките за заштита и спасување на растенијата и производите од растително потекло Член 5 Планирањето на активностите и мерките за заштита и спасувањето на растенијата и производите од растително потекло опфаќа утврдување на потребна организација за спроведување на мерките за заштита и спасување на растенијата и производите од растително потекло и пропишување на оперативна процедура. Планирањето на активностите и мерките за заштита и спасување на растенијата и производите од растително потекло се остварува во рамките на итегралното планирање ( развојно и оперативно ) за заштита и спасување и тоа со елаборати во тие планови. При утврдување на потребната организација од став 1 од овој член се определуваат задачите на задолжените субјекти и задачите, големината и видовите на силите за заштита и спасување кои ќе учествуваат во спроведувањето на мерките за заштита и спасување на растенијата и производите од растително потекло, место за собирање на повредени и заболени растенија. Член 6 Со стандардите за оперативна процедура за спроведување на мерките за заштита и спасување на растенијата и производите од растително потекло што го пропишува Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување определени активности и постапки на учесниците во спроведувањето на мерките за заштита и спасувањето на растенијата и производите од растително потекло од моментот на добивање на задачата и се до нејзино извршување. б) Подготвување на активности во спроведување на мерките за заштита и спасување на растенијата и производите од растително потекло Член 7 Подготвувањето на активностите за спроведување на мерките за заштита и спасување на растенијата и производите од растително потекло се состои од организациски и оперативни мерки и активности со кои се обезбедуваат потребните предуслови за спроведување на планираните активности за заштита и спасување на растенијата и производите од растително потекло. За реализација на активностите од став 1 од овој член субјектите кои ги организираат мерките за заштита и спасување посебно и подетално треба да предвидат: - пополнување на силите за заштита и спасување; - обука и вежби; - обезбедување на материјални ресурси и нивно одржување; - склучување на потребни договори и - утврдување на времето пред настанување на опасноста, време на непосредна опасност, време додека трае опасноста и време на вонредна состојба. Член 8 Задолжените субјекти кои ги спроведуваат мерките за заштита и спасување на растенијата и производите од растително потекло го обезбедат потребниот минимум на средства и сили за мерките за заштитата и спасувањето на растенијата и производите од растително потекло. III. СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ НА РАСТЕНИЈАТА И ПРОИЗВО- ДИТЕ ОД РАСТИТЕЛНО ПОТЕКЛО Член 9 Во спроведувањето на мерките за заштита и спасување на растенијата и производите од растително потекло субјектите и силите за заштита и спасување ги исполнуваат задачите и должностите утврдени во плановите за заштита и спасување. Спроведувањето на мерките за заштита и спасување на растенијата и производите од растително потекло опфаќаат планирање, подготвување и спроведување превентивни мерки. Член 10 Во плановите за заштита спасување од член 9 се предвидуваат превентивните и оперативните активности и мерки за заштита и спасување на растенијата и производите од растително потекло од заразни болести, радиолошки, хемиски и биолошки загадувања, природни и други несреќи ( пожар, поплава, суша и сл. ), како и заштита и спасување на растенијата и производите од растително потекло поврзани со изворот на соодветни сорти, примена на агротехнички мерки, средства за заштита на растенијата, правилно складирање и благовремено собирање на растителни плодови во случај на опасност од природни непогоди и други несреќи. Член 11 Во подготвувањето и спроведувањето на превентивните активности задолжените субјекти ги обезбедуваат податоците за состојбите на теренот И ги превземаат следните активности:

3 ноември 2005 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 94 - Стр. 5 - прибирање и размена на информации за опасностите кои можат да ги загадат или уништат растенијата и производите од растително потекло. - соодветна покриеност на подрачјето со средства и сили за противградна одбрана и нивна навремена употреба. - постојана поврзаност во систем за врски, известување и размена на информации помеѓу хидрометеролошките служби, служба за противградна одбрана, центрите за известување и субјектите на противпожарната заштита со цел заштита на растенијата и производите од растително потекло. - согледувања и проценка на влијанието на геолошките, хидролошките, микроклиматските и еколошките карактеристики на производството, преработката и складирањето на растенијата и производите од растително потекло. - податоци за состојбите на објектите за производство, преработка и складирање на растенијата и производите од растително потекло обезбедување на потребен минимум персонални и материјални ресурси за функционирање на воспоставената организација и спроведување на обука и вежби со задолжителниот персонал и силите за заштита и спасување. Член 12 Во спроведување на оперативните мерки и активности задолжените субјекти спроведуваат мерки и активности во случај на непосредна опасност, за време на траењето на опасноста и за отстранување на последиците. Член 13 Кога надлежен орган согласно Закон ќе утврди за постоење на можност за настанување на потенцијална опасност, надлежните органи од член 1 и одговорните лица во задолжените субјекти ја зголемуваат готовноста за спроведување на мерките за заштитата и спасувањето на растенијата и производите од растително потекло. Задолжените субјекти од став 1 од овој член ги активираат надлежните и одговорни лица за спроведување на заштита и спасување на растенијата и производите од растително потекло и ги задолжуваат да преземат организациски, стручни, безбедносни и други мерки заради зголемување на подготвеноста за извршување на задачите во спроведување на мерките заштита и спасување на растенијата и производите од растително потекло. Член 14 За време траење на опасноста, задолжените субјекти за спроведување на мерките за заштита и спасување на растенијата и производите од растително потекло ги спроведуваат следните активности и мерки: - ги следат резултатите од извидувањата, контрола на одговорните лица за лабараториските анализи на примероците од растенијата и производите од растително потекло на кои е воочена промената и причинителите кои ја предизвикуваат промената и оштетувањата на растенијата и предлагаат преземање на соодветни мерки. - запрашување и прскање на растенијата со соодветни хемиски средства. - собирање на плодови кога со цел на заштита треба што побрзо да се соберат. - отстранување на растенијата и производите од растително потекло, нивно складирање и чување на места кои се помалку загрозени или на незагрозени локации. - преработка на растенијата и производите од растително потекло ако при тоа се овозможи нивна употреба. - ангажирање на сили и средства за противградобијна одбрана во услови на непосредна опасност од елементарни непогоди. - уништување на делови од растенијата и производите од растително потекло кои не може да се преработат или на друг начин да се искористат. - мерки на контролирана употреба на хемиските средства за заштита на растенијата и други мерки за безбедност. - дејствија и постапки за организација на животот и работата на загрозените подрачја во услови на појава и ширење на растителни заразни болести и појава на наезда на растителни штеточини. - мерки на радиолошко хемиска и биолошка заштита. - мерки на противпожарна заштита. - мерки за заштита и спасување од поплави. Член 15 Во отстранување на последиците, силите за заштита и спасување на субјектите кои учествуваат во мерките за заштита и спасување на растенијата и производите од растително потекло може да се ангажираат и употребуваат и за мерките во отстранување на последиците и тоа: - преземање санитарно-хигиенски и санитарно технички мерки на загрозеното подрачје со цел спречување на ширење на зарази и епидемии на други подрачја во соработка со организациите и институциите кои имаат материјално технички средства и стручно оспособени лица. - собирни места и други мерки околу закопување на лешеви од штеточини. - начин и места за отстранување на отпадните и загадените материјали и вода. - начин на информирање на населението за сите опасности и обврски на кои ќе треба да се придржува. - други мерки и активности за рамномерно и одржливо искористување на природните ресурси. Член 16 Раководниот персонал во задолжените субјекти и командниот персонал на силите за заштита и спасување на растенијата и производите од растително потекло врз основа на водената евиденција најдоцна четири часа по завршувањето на активностите го анализираат своето учество во спроведувањето на мерките за заштита и спасување на растенијата и производите од растително потекло. Раководниот персонал во задолжените субјекти водената евиденција за употреба на силите за заштита и спасување во случај на непосредна опасност, за време на траењето на опасноста и во отстранување на последиците и извештајот од извршената анализа, ја доставува до Дирекцијата за заштита и спасување и тоа во рок од два дена по завршување на активностите. IV. ЗАВРШНА ОДРЕДБА Член 17 Оваа уредба влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во,,службен весник на Република Македонија. Бр. 19-3873/1 Заменик на претседателот 25 октомври 2005 година на Владата на Република Скопје Македонија, Радмила Шекеринска, с.р. 1290. Врз основа на член 20 став 2 од Законот за поттикнување на развојот на стопански недоволно развиените подрачја ( Службен весник на Република Македонија бр. 2/94 и 39/99), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 25.10.2005 година, донесе О Д Л У К А ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА ИЗМЕНУ- ВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАДАЧИТЕ НА БИРОТО ЗА СТОПАНСКИ НЕДО- ВОЛНО РАЗВИЕНИТЕ ПОДРАЧЈА ВО 2005 ГОДИНА 1. Владата на Република Македонија ја одобрува Програмата за изменување на Програмата за реализација на задачите на Бирото за стопански недоволно развиени-

Стр. 6 - Бр. 94 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 3 ноември 2005 те подрачја во 2005 година, бр. 01-5/4 од 18.10.2005 година, донесена од Бирото за стопански недоволно развиените подрачја. 2. Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија. Бр. 19-3925/1 Заменик на претседателот 25 октомври 2005 година на Владата на Република Скопје Македонија, Радмила Шекеринска, с.р. 1291. Врз основа на член 23 став 1 од Законот за јавните претпријатија ( Службен весник на Република Македонија бр. 38/96, 6/2002 и 40/2003) и член 36, став 6 од Законот за Владата на Република Македонија ( Службен весник на Република Македонија бр. 59/2000, 12/2003 и 55/2005), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 25 октомври 2005 година, донесе Р Е Ш Е Н И Е ЗА ИМЕНУВАЊЕ ЗАМЕНИК НА ДИРЕКТОРОТ НА ЈП ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ВОДОСТОПАНСКИ ДЕЈНОСТИ ХЗ ЗЛЕТОВИЦА - ПРОБИШТИП 1. За заменик на директорот на Јавното претпријатие за извршување на водостопански дејности ХЗ Злетовица Пробиштип се именува Киро Кировски, дипл. машински инженер, директор на ЈКП Комуналец Пробиштип. 2. Ова решение влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во Службен весник на Република Македонија. Бр. 33-4014/1 Заменик на претседателот 25 октомври 2005 година на Владата на Република Скопје Македонија, Радмила Шекеринска, с.р. 1292. Врз основа на член 23 од Законот за јавните патишта ( Службен весник на Република Македонија бр. 26/96, 40/99, 96/2000, 29/2002 и 68/2004) и член 36 став 6 од Законот за Владата на Република Македонија ( Службен весник на Република Македонија бр. 59/2000, 12/2003 и 55/2005), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 25 октомври 2005 година, донесе Р Е Ш Е Н И Е ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ И ИМЕНУВАЊЕ ЧЛЕН НА УП- РАВНИОТ ОДБОР НА ФОНДОТ ЗА МАГИСТРАЛНИ И РЕГИОНАЛНИ ПАТИШТА 1. Наум Димитровски, се разрешува од должноста член на Управниот одбор на Фондот за магистрални и регионални патишта, поради заминување на друга должност. 2. За член на Управниот одбор на Фондот за магистрални и регионални патишта се именува Бојан Попев. 3. Ова решение влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во Службен весник на Република Македонија. Бр. 33-4016/1 Заменик на претседателот 25 октомври 2005 година на Владата на Република Скопје Македонија, Радмила Шекеринска, с.р. 1293. Врз основа на член 16 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри ( Службен весник на Република Македонија бр. 10/97, 54/97, 13/01 и 2/02), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 25.10.2005 година, издаде Л И Ц Е Н Ц А ЗА ПОСТОЈАНО ПРИРЕДУВАЊЕ НА ПОСЕБНИ ИГРИ НА СРЕЌА ВО АВТОМАТ КЛУБ 1. Лиценца за постојано приредување на посебна игра на среќа во автомат клуб се издава на Друштвото за туризам, угостителство и услуги Мастербет ДОО- ЕЛ-Скопје, за време од 6 (шест) години. 2. Приредувањето на посебните игри на среќа во автомат клуб ќе се врши во автомат клубот што се наоѓа на ул. Васо Карајанов бр. 1 во Гевгелија. 3. Во автомат клубот, корисникот на Лиценцата за приредување на посебните игри на среќа, ќе постави 16 автомати за игри на среќа и 1 електронски рулет. 4. Корисникот на Лиценцата е должен да плати надоместок за Лиценцата кој изнесува 52.000 евра, во денарска противвредност по среден курс на Народна банка на Република Македонија што се применува на денот на уплата и тоа: - 50% од износот 26.000 евра, во денарска противвредност по среден курс на Народна банка на Република Македонија да уплати на денот на доделувањето на Лиценцата и - остатокот од 50% во еднакви годишни рати најдоцна до 30 јануари во тековната година за секоја година додека трае Лиценцата, во денарска противвредност по среден курс на Народната банка на Република Македонија што се применува на денот на уплатата. Уплатата на средствата од алинеја 1 и 2 на оваа точка се вршат во Буџетот на Република Македонија на Трезорска сметка 100000000063095, уплатна сметка број 840-62207, приходно конто 718113, програма 00 и банка на примачот: Народна банка на Република Македонија. Потврдата за уплатениот износ од алинеја 1 на оваа точка корисникот на Лиценцата ја доставува до Министерството за финансии. Корисникот на Лиценцата ги доставува до Министерството за финансии и потврдите за уплатените годишни рати, од алинеја 2 на оваа точка. 5. Лиценцата корисникот не може да ја пренесе. 6. Доколку од страна на корисникот на Лиценцата не биде платен надоместокот за плаќање на Лиценцата од точката 4, алинеја 1 и 2, Лиценцата се одзема. 7. Корисникот на Лиценцата со право на приредување на играта на среќа за која е издадена Лиценцата, се стекнува по уплатата на првиот дел од надоместокот за плаќање на Лиценцата утврден во точка 4, алинеја 1. 8. Оваа лиценца се објавува во Службен весник на Република Македонија. Бр. 19-3838/1 Заменик на претседателот 25 октомври 2005 година на Владата на Република Скопје Македонија, Радмила Шекеринска, с.р. 1294. Врз основа на член 16 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри ( Службен весник на Република Македонија бр. 10/97, 54/97, 13/01 и 2/02), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 25.10.2005 година, издава Л И Ц Е Н Ц А ЗА ПОСТОЈАНО ПРИРЕДУВАЊЕ НА ПОСЕБНИ ИГРИ НА СРЕЌА ВО АВТОМАТ КЛУБ 1. Лиценца за постојано приредување на посебни игри на среќа во автомат клуб се издава на Друштвото за трговија и услуги Фламинго ДОО - Скопје, за време од 6 (шест) години.

3 ноември 2005 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 94 - Стр. 7 2. Приредувањето на посебните игри на среќа во автомат клуб ќе се врши во автомат клубот што се наоѓа на бул. Јане Сандански бр. 79-а. Лок.4 и 5 во Скопје. 3. Во автомат клубот, корисникот на Лиценцата за приредување на посебните игри на среќа, ќе постави 17 автомати за игри на среќа и 1 електронски рулет. 4. Корисникот на Лиценцата е должен да плати надоместок за Лиценцата кој изнесува 52.000 евра, во денарска противвредност по среден курс на Народнатa банка на Република Македонија што се применува на денот на уплата и тоа: - 50% од износот 26.000 евра, во денарска противвредност по среден курс на Народна банка на Република Македонија да уплати на денот на доделувањето на Лиценцата и - остатокот од 50% во еднакви годишни рати, најдоцна до 30 јануари во тековната година за секоја година додека трае Лиценцата, во денарска противвредност по среден курс на Народна банка на Република Македонија што се применува на денот на уплатата. Уплатата на средствата од алинеја 1 и 2 на оваа точка се вршат во Буџетот на Република Македонија на Трезорска сметка 100000000063095, уплатна сметка број 840-62207, приходно конто 718113, програма 00 и банка на примачот: Народна банка на Република Македонија. Потврдата за уплатениот износ од алинеја 1 на оваа точка корисникот на Лиценцата ја доставува до Министерството за финансии. Корисникот на Лиценцата ги доставува до Министерството за финансии и потврдите за уплатените годишни рати, од алинеја 2 на оваа точка. 5. Лиценцата корисникот не може да ја пренесе. 6. Доколку од страна на корисникот на Лиценцата не биде платен надоместокот за плаќање на Лиценцата од точката 4, алинеја 1 и 2, Лиценцата се одзема. 7. Корисникот на Лиценцата со право на приредување на играта на среќа за која е издадена Лиценцата, се стекнува по уплатата на првиот дел од надоместокот за плаќање на Лиценцата утврден во точка 4, алинеја 1. 8. Оваа лиценца се објавува во Службен весник на Република Македонија. Бр. 19-3835/1 Заменик на претседателот 25 октомври 2005 година на Владата на Република Скопје Македонија, Радмила Шекеринска, с.р. 1295. Врз основа на член 16 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри ( Службен весник на Република Македонија бр. 10/97, 54/97, 13/01 и 2/02), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 25.10.2005 година, одобри ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА ПОД БРОЈ 19-1879/1 ОД 26.05.2005 ГОДИНА ИЗДАДЕ- НА НА ДРУШТВОTO ЗА ПРОИЗВОДСТВО, ТРГОВИ- ЈА И УСЛУГИ АСТРА ЕЛЕКТРОНИК ДОО СКОПЈЕ ЗА ПОСТОЈАНО ПРИРЕДУВАЊЕ НА ПОСЕБНИ ИГ- РИ НА СРЕЌА ВО АВТОМАТ КЛУБ ШТО СЕ НАОЃА ВО МЕСНОСТА МИЛЦИ БАЗЕН ФАТАМОРГАНА БОГОРОДИЦА ГЕВГЕЛИЈА 1. Во Лиценцата под бр. 19-1879/1 од 26.05.2005 година, издадена на Друштвото за производство, трговија и услуги АСТРА ЕЛЕКТРОНИК ДОО Скопје за постојано приредување на посебни игри на среќа во автомат клуб, во точката 3 бројот 20 се заменува со бројот 25. 2. Оваа лиценца се објавува во Службен весник на Република Македонија. Бр. 19-3836/1 Заменик на претседателот 25 октомври 2005 година на Владата на Република Скопје Македонија, Радмила Шекеринска, с.р. 1296. Врз основа на член 22 и 287 од Законот за трговските друштва ( Службен весник на Република Македонија бр. 28/04), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 25.10.2005 година, изготви С Т А Т У Т НА ОПЕРАТОРОТ НА ЕЛЕКТРОПРЕНОСНИОТ СИСТЕМ НА МАКЕДОНИЈА, АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА ПРЕНОС НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕР- ГИЈА И УПРАВУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТ- СКИОТ СИСТЕМ, ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ, СКОПЈЕ (ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ) I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Со овој статут се утврдува: фирмата, седиштето, предметот на работење, износот на основната главнина, номиналната вредност на акциите, бројот на акциите, правата, обврските, ограничувањата и погодностите, предностите што за себе ги задржува основачот, постапката за свикување и одржување на собранието, фирмата, седиштето и МБС на основачот, видот, составот и начинот на избор на органот на управување, организација, формата и начинот на објавувањата и други одредби што се од значење за Операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна сопственост, Скопје (во натамошниот текст:друштвото). Член 2 Друштвото настана со Одлука за поделба на Акционерското друштво за производство, пренесување и дистрибуција на електрична енергија Електростопанство на Македонија во државна сопственост, Скопје бр.23-3343/1 од 27.09.2004 година, донесена од Владата на Република Македонија, врз основа на Законот за преобразба на Електростопанство на Македонија. (Службен весник на РМ бр. 19/04). Друштвото е еден од правните следбеници на АД Електростопанство на Македонија во државна сопственост, Скопје запишано во Трговскиот регистар во Основниот суд Скопје 1 под П.Трег.бр.362/2001. II. ФИРМА И СЕДИШТЕ НА ДРУШТВОТО Член 3 Друштвото работи и учествува во правниот промет под фирма: Оператор на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна сопственост, Скопје. Во правниот промет Друштвото употребува и скратена ознака на фирмата која гласи: АД Пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна сопственост, Скопје. Друштвото има скратено име АД МЕПСО. Член 4 Седиштето на Друштвото е во Скопје, на ул.: Орце Николов бб. Член 5 Друштвото има печат, штембил и знак. Формата на печатот, штембилот и знакот ќе се утврдат со акт на Управниот одбор. III. ПРЕДМЕТ НА РАБОТЕЊЕ НА ДРУШТВОТО Член 6 Предмет на работење на Друштвото се следните дејности:

Стр. 8 - Бр. 94 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 3 ноември 2005 40 Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и топла вода 40.1 Производство и дистрибуција на електрична енергија - Пренос на електрична енергија - Управување со електроенергетскиот систем - Организирање и управување со пазарот на електрична енергија 40.2 Производство на гас и производство на гасовити горива преку главните цевки 40.3 Снабдување со пареа и топла вода Трговија на електрична енергија 50 Продажба, одржување и поправка на моторни возила и мотоцикли, продажба на мало на моторни горива 50.2 Одржување и поправка на моторни возила 60 Копнен сообраќај, цевоводен транспорт 60.2 Друг копнен сообраќај 63 Придружни и помошни активности во сообраќајот: активности на патничките агенции 63.1 Претовар на товар и складирање 63.4 Активности на други посредници во сообраќајот 64 Поштенски активности и телекомуникации 64.2 Телекомуникации 72 Компјутерски и сродни активности 72.3 Обработка на податоци 74 Други деловни активности 74.2 Архитектонски и инженерски активности и соодветни технички услуги - Трговија на големо (трговија со електрична енергија со други електроенергетски системи) - Транзит на електрична енергија со други електроенергетски системи - Надворешно трговски промет со непрехранбени производи - Меѓународна шпедиција. Претежни дејности на друштвото се: 40 Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и топла вода 40.1 Производство и дистрибуција на електрична енергија - Пренос на електрична енергија - Управување со електроенергетскиот систем - Организирање и управување со пазарот на електрична енергија. Претежните дејности на Друштвото пренос на електрична енергија е дејност од јавен интерес. IV. ИЗНОС НА ОСНОВНАТА ГЛАВНИНА, НОМИ- НАЛНА ВРЕДНОСТ НА АКЦИИТЕ И НИВНИОТ БРОЈ, ПРАВА, ОБВРСКИ, ОГРАНИЧУВАЊА И ПОГОДНОСТИ Член 7 Основниот капитал на Друштвото изнесува 3.059.393.000,00 денари (со букви: три милијарди пеесет и девет милиони триста деведесет и три илјади денари), (или 49.807.760,00 ЕУР според средниот курс на Народна банка на Р.Македонија објавен еден ден пред усвојување на Статутот), поделени на 3.059.393 обични акции со номинална вредност од 1.000,00 (една илјада) денари по акција. Секоја обична акција му дава право на нејзиниот сопственик да даде еден глас за прашањата за кои гласаат акционерите на Друштвото. Ниеден акционер или група на акционери немаат никакво право на првенство на купување или приоритетно право за претплатување или купување на каков било дел од какво било ново или дополнително издавање на акции или хартии од вредност што може да се претвораат во акции или на друг начин даваат право на акции, освен во обем што се бара во Законот за трговски друштва, без оглед на тоа дали акции или хартии од вредност се или од сега ќе бидат одобрени или на кој било начин да се издадени. V. ПРЕДНОСТИ НА ОСНОВАЧОТ Член 8 Основачот не задржува посебни погодности за себе. VI. ПОСТАПКА ЗА СВИКУВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА СОБРАНИЕ Член 9 Правата и обврските на Собранието на Друштвото ги врши Владата на Р. Македонија. Собранието своите права и обврски ги врши на начин утврден во Деловникот за работа. Член 10 Собранието на Друштвото се свикува во случаите определени со закон, како и кога тоа го бара интересот на Друштвото и на акционерот. 1. СОБРАНИЕ Член 11 Собранието одлучува само за прашања изрично определени со закон и овој Статут, а особено за: 1. Измена на Статутот на Друштвото; 2. Одобрување на годишната сметка, на финансиските извештаи и на годишниот извештај за работата на Друштвото во претходната деловна година и одлучувањето за распределба на добивката; 3. Избор и отповикување на членовите на Надзорен одбор; 4. Промена на правата врзани за одделни видови и родови акции; 5. Одобрување на работата и на водењето на работењето со Друштвото, на членовите на Управниот и Надзорниот одбор; 6. Зголемување и намалување на основната главнина на Друштвото; 7. Назначување овластен ревизор за ревизија на годишната сметка и на финансиските извештаи на Друштвото; 8. Преобразба на Друштвото во друга форма на Друштво и за статусните промени на Друштвото; 9. Престанување на Друштвото; 10. Одлучување за покривање на загубата. VII. ФИРМА, СЕДИШТЕ И МБС НА ОСНОВАЧОТ Член 12 Фирма на Основачот е Влада на Република Македонија. Седиштето на Основачот е во Скопје на ул. Илинденска бб. Матичен број на основачот е 4064674. VIII. ВИД, СОСТАВ И НАЧИН НА ИЗБОР НА ОРГАНОТ НА УПРАВУВАЊЕ Член 13 Управувањето на Друштвото е организирано според двостепен систем. (Управен Одбор и Надзорен одбор). Изборот и отповикувањето на членовите на Управниот и Надзорниот одбор се врши со јавно гласање.

3 ноември 2005 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 94 - Стр. 9 1. УПРАВЕН ОДБОР Член 14 Со Друштвото управува Управен Одбор кој се состои од 6 членови. Членовите на Управниот Одбор ги избира Надзорниот Одбор. Член 15 Со одлуката за избор на членовите на Управниот одбор, еден од членовите на Управниот одбор се именува за претседател на Управниот одбор и се определува кој член на Управниот одбор ќе биде задолжен за која област од работењето на Друштвото. Член 16 Мандатот на членовите на Управниот одбор изнесува четири години. Член 17 Претседателот на Управниот одбор ги свикува состаноците и претседава со нив и е одговорен за водење на записникот и за организацијата на други форми преку кои Управниот одбор работи и одлучува. Ако претседателот од кои и да е причини не е во можност да ја врши функцијата претседател или ако е отсутен, со состаноците на Управниот одбор претседава член на Управниот одбор именуван од Надзорниот одбор. Член 18 Управниот одбор има најшироки овластувања во управувањето со Друштвото односно во вршењето на сите работи сврзани со водењето на работите и на тековните активности во рамките на предметот на работењето на Друштвото. Член 19 Сите членови на Управниот одбор ги водат и ги вршат заедно работите од надлежност на Управниот одбор, а особено: 1. донесува Програма за работа, Програма за развој, Годишен план за работа и Годишен финансиски план на Друштвото; 2. ја утврдува деловната политика; 3. на барање на Собранието подготвува општи акти и одлуки чие донесување е во надлежност на Собранието; 4. назначува раководни лица кои го вршат секојдневното водење на работењето на Друштвото; 5. поднесува иницијатива за изменување и дополнување на Статутот; 6. донесува одлуки за инвестиции; 7. донесува одлуки за давање односно земање на кредити во врска со остварување на Планот; 8. одобрува склучување на договори од поголемо значење и со подолг период на траење; 9. одлучува за внатрешната организација на Друштвото и систематизација на работните места; 10. подготвува предлог - Електроенергетски биланс; 11. одлучува за употреба на посебната резерва; 12. донесува Програма за економски, технолошки, структурални и други промени, кои предизвикуваат потреба од намалување на бројот на вработените; 13. одлучува за прашања од областа на одбраната и донесува електроенергетски биланс во услови на војна; 14. одлучува по приговорите за заштита на правата на работниците, во случаи утврдени со закон; 15. одлучува за преземање на мерки за заштита при работа и противпожарна заштита; 16. одлучува за преземање на електроенергетски објекти; 17. донесува програми и мерки поврзани со заштитата на животната средина; 18. се грижи и презема потребни дејствија за исполнување на со закон пропишани обврски на Друштвото; 19. одлучува за именување и разрешување на членовите во комисиите, предвидени со актите на Друштвото; 20. одлучува за вршење попис на средствата, побарувањата и обврските; 21. формира комисии од редот на членовите на Управниот одбор и од други лица; 22. одлучува за набавка на основни средства; 23. одлучува за расходување и оттуѓување на основни средства; 24. одлучува за издавање на основните средства на Друштвото под закуп; 25. ги определува работните места на кои странски државјани не можат да засноваат работен однос; 26. ги утврдува работните места со услови на работа потешки од нормалните; 27. одлучува за барањата од надлежни органи и институции; 28. ги определува овластените потписници на Друштвото; 29. одлучува за склучување колективен договор; 30. донесува Деловник за работа; 31. донесува одлуки за финансиска помош, спонзорства и донации; 32. поднесува извештај за работењето до Надзорниот одбор еднаш на три месеци; 33. поднесува годишна сметка, годишни финансиски извештаи и годишен извештај за работењето на Друштвото по истекот на деловната година; 34. врши и други работи кои не се во надлежност на Собранието и Надзорниот одбор на Друштвото. Со претходно одобрение на Надзорниот одбор, Управниот одбор одлучува за: 1. затворање (престанување) или пренос на претпријатие или на негов дел што учествува со над 10% во приходот на Друштвото; 2. намалување или проширување на предметот на работење на Друштвото; 3. суштествени внатрешни организациони промени на Друштвото што се определуваат со акт на Друштвото; 4. воспоставување долгорочна соработка со други друштва од суштествено значење за Друштвото или нејзино прекинување; 5. основање и престанување на трговско друштво што учествува со над една десетина во основната главнина на Друштвото; 6. основање и престанување на подружници на Друштвото. Член 20 Членовите на Управниот одбор учествуваат и работат на состаноци. Управниот одбор може да одлучува и без одржување на состанок ако сите членови дадат согласност за одлуката која што се донесува без одржување на состанок. Член 21 Управниот одбор работи ако се присутни најмалку половина од вкупниот број на членови. Член 22 Одлуките на Управниот одбор се сметаат за донесени ако за нив гласале повеќе од половината од вкупниот број на членови на Управниот одбор. Член 23 Правата и обврските на членовите на Управниот одбор се определуваат со Договор за уредување на односите меѓу Друштвото и членот на Управниот одбор. Договорот од став 1 од овој член го склучува Надзорниот одбор, а го потпишува претседателот на Надзорниот одбор. Член 24 Претседателот на Управниот одбор го застапува друштвото во односите со трети лица и носи назив Генерален Директор.

Стр. 10 - Бр. 94 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 3 ноември 2005 Еден од членовите на Управниот одбор го застапува Друштвото за сите правни работи, пред судовите и другите државни органи, и носи назив Раководител за правни работи. Член 25 Генералниот директор ги има следните надлежности: 1. го претставува и застапува Друштвото без ограничување во внатрешниот и надворешниот трговски промет; 2. го обезбедува спроведувањето на одлуките и заклучоците на Собранието и на Управниот одбор на Друштвото; 3. ја утврдува материјалната одговорност на работниците; 4. го организира и го раководи процесот на работа и работењето на Друштвото; 5. предлага внатрешна организација на Друштвото; 6. склучува договори; 7. ја организира и обезбедува работната дисциплина во Друштвото; 8. ја обезбедува законитоста во работата и примената на прописите, овој Статут и другите акти на Друштвото; 9. се грижи за остварување на обврските на Друштвото од областа на одбраната; 10. изготвува елаборат за економските, технолошките, структуралните и други промени, кои предизвикале потреба од намалување на бројот на вработените; 11. одлучува во прв степен за поединечните права, обврски и одговорности на работниците; 12. формира стручни комисии и работни тела; 13. го информира Управниот одбор за одделни прашања од работењето на Друштвото; 14. за работите од својата надлежност издава акти, упатства, налози и наредби со кои се обезбедува работењето на Друштвото; 15. врши други работи во врска со работењето на Друштвото. Член 26 Еден од членовите на Управниот одбор ги води и врши правните работи и е одговорен за правните, кадровските и општите работи на Друштвото и носи назив Директор за правни и општи работи во Дирекција. Еден од членовите на Управниот одбор го води, организира и е одговорен за преносната мрежа и носи назив Директор за пренос на електрична енергија. Еден од членовите на Управниот одбор ја води, организира и е одговорен за управувањето со електроенергетскиот систем и носи назив Директор за управување со електроенергетскиот систем. Еден од членовите на Управниот одбор ги води и врши финансиските и комерцијални работи и е одговорен за финансиското и комерцијално работење на Друштвото, и носи назив Директор за финансиски работи во Дирекција. Еден од членовите на Управниот одбор ги води работите за недвижностите и животната средина и носи назив Директор за недвижности и животна средина. 2. НАДЗОРЕН ОДБОР Член 27 Надзорниот одбор се состои од 7 членови, од кои два члена се независни. Членовите на Надзорниот одбор ги избира Собранието на Друштвото. Двајца членови на Надзорниот одбор се избираат на предлог на Самостојниот синдикат на Друштвото. При изборот на членовите на Надзорниот одбор се назначува кои членови се избираат како независни членови на Надзорниот одбор. Член 28 Надзорниот одбор од редот на своите членови, со мнозинство гласови од вкупниот број на членовите на Надзорниот одбор, избира претседател на Надзорниот одбор. Член 29 Мандатот на членовите на Надзорниот одбор изнесува четири години. Член 30 Претседателот на Надзорниот одбор ги свикува состаноците и претседава со нив, одговорен е за водењето на евиденцијата за состаноците и организирањето на другите начини на работа и на одлучување на Надзорниот одбор. Ако претседателот од кои и да е причини не е во можност да ја врши функцијата претседател или ако е отсутен, со состаноците на Надзорниот одбор претседава член на Надзорниот одбор избран со мнозинство членови од присутните членови на Надзорниот одбор. Член 31 Надзорниот одбор може во секое време да го разреши Претседателот и да избере нов претседател на Надзорен одбор. Член 32 Членовите на Надзорниот одбор учествуваат и работат на состаноци. Надзорниот одбор може да одлучува и без одржување на состанок ако сите членови дадат согласност за одлуката која што се донесува без одржување на состанок. Член 33 Надзорниот одбор работи ако се присутни повеќе од половина од вкупниот број на членови. Член 34 Одлуките на Надзорниот одбор се сметаат за донесени ако за нив гласале повеќе од половината од вкупниот број на членови на Надзорниот одбор. Член 35 Надзорниот одбор врши надзор врз управувањето со Друштвото. Надзорниот одбор може да врши увид и да ги проверува книгите и документите на Друштвото, како и имотот, особено благајната на друштвото и хартиите од вредност. IX. ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДРУШТВОТО Член 36 Организациони делови на Друштвото се Дирекција и Подружници. Член 37 Подружниците на Друштвото се организираат со акт на Управен одбор, по претходно одобрение од Надзорниот одбор. Член 38 Со подружницата раководи директор кој го именува Управниот одбор. Член 39 Директорот на Подружницата ги врши следните работи: 1. Организира, координира и раководи со процесот на работата во Подружницата; 2. Обезбедува примена на законските прописи и на актите на Друштвото; 3. Спроведува одлуки и заклучоци од Управниот одбор и одлуки и насоки дадени од Генералниот директор;

3 ноември 2005 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 94 - Стр. 11 4. Се грижи за реализација на планските задачи; 5. Склучува договори и презема други правни дејства, во рамките на овластувањата дадени од Управниот одбор; 6. Се грижи за одржување на работната и технолошката дисциплина и презема мерки за нејзино остварување; 7. Поднесува извештаи за работата на Подружницата на Управниот одбор; 8. Се грижи и обезбедува потребни мерки за обезбедување на заштита на работа и заштита од пожар; 9. Предлага расходување и оттуѓување на основни средства; 10. Врши набавки во рамките на своите овластувања согласно донесена Одлука од Управниот одбор; 11. Донесува решенија за поединечни права, обврски и одговорности на работниците, по овластување од Управниот одбор; 12. Формира комисии и работни групи за извршување на пооделни работи; 13. Врши и други работи по овластување на Управниот одбор. Член 40 Со акт на Управниот одбор поблиску се уредува внатрешната организација на Друштвото и работите кои се извршуваат во Дирекцијата и Подружниците. X. КОМИСИИ НА ДРУШТВОТО Член 41 Управниот одбор на Друштвото формира комисии од редот на своите членови и од други лица. Друштвото ги има следните Комисии: - Комисија за заштита на правата; - Комисија за контрола над примена на Колективниот договор; - и други Комисии формирани од Управниот одбор, Надзорниот одбор, Генералниот директор и Директорите на Подружници на Друштвото по укажана потреба во процесот на работењето. Комисијата за заштита на правата се состои од пет членови и ист број заменици од кои двајца членови и двајца заменици именува Самостојниот Синдикат на Друштвото. Комисијата за контрола над примена на Колективниот договор се состои од 6 членови од кои 3 члена именува Самостојниот синдикат на Друштвото. Член 42 Комисијата за заштита на правата одлучува по приговори на работници во втор степен. Комисијата за контрола над примена на Колективниот договор врши контрола над примената на одредбите од Колективниот договор. Член 43 Начинот на работа на Комисиите се уредува со Деловник за работа. XI. ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПШТА РЕЗЕРВА (ОПШТ РЕЗЕРВЕН ФОНД) Член 44 Друштвото има задолжителна општа резерва. Оваа резерва се пресметува и издвојува во процент од 15% од добивката. 1. Посебни резерви заради покривање на загуби или други издатоци Член 45 Во Друштвото се создаваат посебни резерви заради покривање на други издатоци за: - осигурување од ризик на вработените за специфични отежнати услови на работење; - докуп на стаж и отпремнина над одобрениот износ; - добротворни цели, помош и спонзорства. Средствата за посебните резерви од став 1 се издвојуваат од општиот имот на Друштвото и истите неможат да се употребат за друга намена освен за намената за која се создадени. Средствата за посебните резерви ќе се водат на посебни сметки, одвоено од другите сметки на Друштвото. Начинот на создавање и вложување, организацијата, начинот на употреба, висината на средствата, планот и програмата за користење на средствата од посебните резерви ќе се утврди со акт на Собранието на Друштвото. XII. СОРАБОТКА СО СИНДИКАТОТ Член 46 Друштвото во согласност со закон и колективен договор, обезбедува услови за работа и делување на Синдикатот. Член 47 Синдикатот може на Управниот одбор да му поднесува предлози, мислења и забелешки во врска со остварувањето и заштитата на правата на работниците утврдени со закон и колективен договор. За поднесените предлози, мислења и забелешки, Управниот одбор е должен да заземе став и за тоа да го извести Синдикатот. XIII. ФОРМА И НАЧИН НА ОБЈАВУВАЊАТА ШТО ГИ ВРШИ ДРУШТВОТО Член 48 Сите акти што ги донесува Управниот одбор се објавуваат во службеното гласило на Друштвото. XIV. АКТИ НА ДРУШТВОТО Член 49 Прашањата кои се од значење за Друштвото, а не се уредени со овој статут ќе се уредат со други акти на Друштвото согласно со законот и овој статут. Актите на Друштвото ги донесува Управниот одбор и истите не можат да бидат во спротивност со овој статут. Актите на Друштвото се: - Колективен Договор, - Правилник за внатрешна организација, - Правилник за заштита од пожар, - Правилник за деловна тајна, - Правилник за печат, штембил и знак, - Норматив за лични заштитни средства и опрема, - Правилник за редот и дисциплината, - Правилник за контрола на квалитет, - Ценовник за технички и други услуги, - Акти кои произлегуваат од меѓународната регулатива кои ја регулираат дејноста на пренос на електрична енергија во рамките на европската интерконекција, - И други акти согласно закон и колективен договор. Член 50 Актите на Друштвото влегуваат во сила осмиот ден од денот на објавувањето, освен ако со акт не е поинаку определено. XV. ОДБРАНА Член 51 Во воена состојба Друштвото продолжува со вршење на дејноста, заради што во согласност со Законот за одбрана и другите подзаконски прописи, спроведува соодветни подготовки и изработува документи за работа во воена состојба.

Стр. 12 - Бр. 94 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 3 ноември 2005 Член 52 Во воена состојба Друштвото презема мерки за заштита на работниците и материјалните добра од воени дејствија. Член 53 Заради заштита на тајните податоци и информации од областа на одбраната, Друштвото спроведува соодветни мерки за нивна заштита. XVI. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 54 Средствата, правата и обврските на АД за производство, пренесување и дистрибуција на електрична енергија Електростопанство на Македонија во државна сопственост, Скопје, ги презема Друштвото, согласно Планот за поделба. Дел од работниците од Акционерското друштво за производство, пренесување и дистрибуција на електрична енергија Електростопанство на Македонија во државна сопственост, Скопје ги презема Друштвото, од денот на уписот во Трговскиот регистар, согласно списокот на работници кој е составен дел на Планот за поделба. Член 55 До донесување на актите на Друштвото ќе се применуваат актите на поранешното Друштво, доколку не се во спротивност со закон и овој статут. Член 56 Со влегување во сила на овој статут престанува да важи Статутот на АД Електростопанство на Македонија во државна сопственост, Скопје бр. 23-5748/1 од 16.01.2001 година. Член 57 Овој статут влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Р. Македонија. Бр. 19-3596/2 Заменик на претседателот 25 октомври 2005 година на Владата на Република Скопје Македонија, Радмила Шекеринска, с.р. КОМИСИЈА ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ 1297. Врз основа на член 110 од Законот за хартии од вредност ( Службен весник на Република Македонија бр. 63/00, 103/00, 34/01, 4/02, 37/02, 31/03, 85/2003 и 96/04), постапувајќи кон барањето поднесено од брокерската куќа Еуро Брокер АД Скопје број 01-140/05 од 28.09.2005 година, Комисијата за хартии од вредност на својата седница одржана на ден 19.10.2005 година донесе Р Е Ш Е Н И Е 1. Се дава времена согласност за именување на Јосиф Костандиновски, дипломиран менаџер по царина и шпедиција од Скопје, ул. Вич бр. 28/24, со ЕМБГ 1505979450166, за вршител на должност директор на брокерската куќа Еуро Брокер АД Скопје, со седиште на ул. Вељко Влаховиќ бр. 1/2/2, Скопје. 2. Согласноста за именување на Јосиф Костандиновски за вршител на должност директор на брокерската куќа Еуро Брокер АД Скопје се дава за период од 6 (шест) месеци, согласно Одлуката на Одборот на директори на Еуро Брокер АД Скопје од 26.09.2005 година. 3. Согласноста за именување на Јосиф Костандиновски за вршител на должност директор на брокерската куќа Еуро Брокер АД Скопје престанува да важи пред истекот на рокот утврден во точка 2 на ова решение, доколку лицето од точка 1 на ова решение биде разрешено од функцијата вршител на должност директор на брокерската куќа Еуро Брокер АД Скопје. 4. Ова решение влегува во сила со денот на донесувањето и ќе се објави во Службен весник на Република Македонија. Бр. 08-2003/7 Комисија за хартии од вредност 19.10.2005 година Претседател, Скопје проф. д-р Весна Пендовска, с.р. РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА НА РМ 1298. Врз основа на член 11-е, став 1, алинеја 4 од Законот за енергетика ( Службен весник на РМ бр. 47/97, 40/99, 98/00, 94/02, 38/03 и 40/05), Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, на седницата одржана на 1 ноември 2005 година, донесе П Р А В И Л Н И К ЗА НАЧИН И УСЛОВИ ЗА РЕГУЛИРАЊЕ НА ЦЕНИ ЗА ПРЕНОС, ДИСТРИБУЦИЈА И СНАБДУВАЊЕ СО ПРИРОДЕН ГАС I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Со овој правилник се уредува начинот за формирање, одобрување и контрола на цените (во понатамошниот текст: регулирање на цените) за пренос, дистрибуција и снабдување со природен гас. Одредбите на овој правилник се однесуваат на претпријатијата кои вршат регулирани дејности во секторот за природен гас. Регулирани дејности во смисла на став 2 од овој член се: - пренос на природен гас, - управување со системот за пренос на природен гас, - дистрибуција на природен гас, - управување со системот за дистрибуција на природен гас, и - снабдување со природен гас на тарифни потрошувачи. Член 2 Претпријатијата кои вршат регулирани дејности (во понатамошниот текст: претпријатијата) должни се да ги формираат цените за своите услуги, согласно методологијата утврдена со овој правилник. Регулирањето на цените на природниот гас на начин и постапка утврдени со овој правилник има цел да обезбеди: - заштита од злоупотреба од доминантна и монополска положба на претпријатијата; - заштита на потрошувачите на природен гас и обезбедување на сигурно, континуирано и безбедно снабдување со природен гас; - услови за трајно и успешно работење на претпријатијата со определување на ниво на регулиран принос на капиталот; - иден развој на претпријатијата преку регулирање засновано на мотивации за подобрување на продуктивноста и ефикасно работење; - подобрување на квалитетот на услугите кои ги даваат претпријатијата; - стабилни и предвидливи односи на пазарот на природен гас, кои обезбедуваат поволни услови за привлекување на инвеститори; - предуслови за одржлив развој, и - услови за примена на начелата на објективност, недискриминаторност и транспарентност. Член 3 При регулирањето на цените на дејностите од член 1 став 3 на овој правилник, се користи методологија врз основа на поттикнувачка ценовна регулатива за определен регулиран период, со примена на метод на регулирана максимална цена.

3 ноември 2005 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 94 - Стр. 13 Метод на регулирана максимална цена од став 1 од овој член, значи утврдување на цена која обезбедува доволен приход за покривање на оправданите трошоци. Член 4 Под регулиран период од член 3 став 1 од овој правилник се подразбира периодот за кој со примена на методот од член 3 од овој правилник се определува регулираната максимална цена на услугата од вршењето на регулираната дејност. Регулираниот период го утврдува Регулаторната комисија за енергетика на РМ (во понатамошниот текст: Регулаторна комисија). Времетраењето на првиот регулиран период е три години со примена од 01.01.2006 година. Базна година за првиот регулиран период е 2005 година. Член 5 Претпријатието кое врши две или повеќе регулирани дејности или покрај регулираната дејност врши и некоја друга дејност која во смисла на овој правилник не се смета за регулирана дејност, должно е во своите интерни пресметки да води одвоена евиденција за секоја од дејностите која ја врши пооделно, како и консолидирани биланси за други дејности и да изготви биланс со преглед на приходите, расходите и резултатите од работењето за секоја дејност поодделно во согласност со закон. Член 6 Претпријатието од член 1 од овој правилник го води своето сметководството во согласност со меѓународните сметководствени стандарди. Претпријатието е должно при поднесување на барање за одобрување на цена од член 15 став 1 од овој правилник до Регулаторната комисија да достави податоци согласно формуларите и табелите дадени во Прилог 4 кој е составен дел на овој правилник. Претпријатието е должно по барање на Регулаторната комисија да достави и други податоци и информации, потребни за регулирање на цената, вклучувајќи и увид во инвестиционо- техничката документација за нови објекти. II. ПРЕСМЕТКА НА РЕГУЛИРАНА МАКСИМАЛНА ЦЕНА ЗА УСЛУГАТА НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА 1. Пренос на природен гас и управување со системот за пренос на природен гас Член 7 Регулираната максимална цена за услугата на претпријатието кое врши пренос и управување со системот за пренос на природен гас, треба да ги покрие трошоците за пренос, трошоците за управувањето со системот за пренос на природен гас и да обезбеди ниво на регулиран принос на капиталот, а се определува на начин и постапка со примена на Методологијата и критериумите дадени во Прилог 1 кој што е составен дел на овој правилник. Член 8 Техничките загуби во системот за пренос на природен гас се признаваат до 0,3 % од вкупната количина на природен гас на влез во системот за пренос на природен гас, не вклучувајќи ги транзитираните количини на природен гас. Член 9 Системските услуги во системот за пренос на природен гас, се однесуваат на обврските кои што произлегуваат од: - водење, управување и обезбедување на пристап до системот за пренос на природен гас; - покривање на сопствените потреби од природен гас во системот за пренос на природен гас; - оттчитување на мерените податоци и нивна обработка; - урамнотежување на отстапувањата меѓу тековната и договорената количина на природен гас за пренос и - регистрирање и пресметување на отстапувањата од договорените количини на природен гас при превземање во и предавање од системот за пренос на природен гас. Член 10 Надоместокот на трошоците за приклучување, одржување и работење со средствата за приклучување кон системот за пренос на природен гас претставува надоместок кој го плаќаат корисниците поврзани кон системот за пренос на природен гас, а се пресметува согласно методологијата дадена во точка 2 од Прилог 1 од овој правилник. Надоместокот на трошоците за приклучување кон системот за пренос на природен гас го плаќа корисникот кои се приклучува на системот за пренос на природен гас, еднократно според ценовник изготвен од претпријатието кое врши пренос на природен гас, претходно одобрен од Регулаторната комисија за енергетика. Надоместокот на трошоците за одржување и работење со средствата за приклучување, се пресметува на годишно ниво како дел на оперативните трошоци на претпријатието кое врши пренос на природен гас. 2. Дистрибуција на природен гас и управување со системот за дистрибуција на природен гас Член 11 Регулираната максимална цена на услугата на претпријатието кое врши дистрибуција и управување со системот за дистрибуција на природен гас треба да ги покрие трошоците за дистрибуција,трошоците за управување со системот за дистрибуција на природен гас, трошоците за снабдување на потрошувачите приклучени на системот за дистрибуција на природен гас и да обезбеди ниво на регулиран принос на капиталот, а се определува на начин и постапка утврдена со овој правилник и со примена на методологијата дадена во Прилог 2, кој што е составен дел на овој правилник. Член 12 Техничките загуби во системот за дистрибуција на природен гас се признаваат до 0,7% од вкупнитe годишно дистрибуирани количини природен гас. Член 13 Надоместокот на трошоците за приклучување, одржување и работење со средствата за приклучување кон системот за дистрибуција на природен гас го плаќаат корисниците кои се приклучуваат кон системот за дистрибуција на природен гас. Надоместокот на трошоците за приклучување кон системот за дистрибуција на природен гас го плаќа корисникот кој се приклучува на системот за дистрибуција на природен гас, еднократно според ценовник изготвен од претпријатието кое врши дистрибуција на природен гас, претходно одобрен од регулаторната комисија за енергетика. Одржувањето и работењето со средствата за приклучување ги врши претпријатието од член 11 од овој правилник и истите му се признаваат во оперативните трошоци. 3. Снабдување со природен гас на тарифни потрошувачи непосредно приклучени на системот за пренос на природен гас Член 14 Регулирана максимална цена на услугата на претпријатието кое врши снабдување со природен гас на тарифните потрошувачи непосредно приклучени на си-

Стр. 14 - Бр. 94 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 3 ноември 2005 стемот за пренос на природен гас, се определува со примена на Методологијата дадена во Прилог 3 од овој правилник. III. НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА ОДОБРУВАЊЕ И КОНТРОЛА НА ЦЕНА Член 15 Претпријатијата од член 1 од овој правилник поднесуваат барање до Регулаторната комисија за одобрување на цена согласно со овој правилник (во понатамошниот текст: барање). Барањето го доставува управителот или директорот на претпријатието по претходна добиена согласност од органот на управување. Кон барањето за одобрување на цена за регулираниот период треба да бидат доставени: - податоци за барателот (фирма, седиште, евидентен број на лиценца); - финансиски извештаи со сите прилози во согласност со барањата на меѓународните сметководствени стандарди, со извештаи за извршена ревизија од овластен ревизор; - финансиско-сметководствени и техничко-економски податоци и информации изготвени во согласност со Прилог 4 од овој правилник; - опис, намена и план на инвестициите (изградба на нови, реконструкција и ревитализација на објектите и постројките за вршење на регулираната дејност) во текот на регулираниот период; и - други податоци за кои барателот смета дека се релевантни за одобрување на цената. Кон барањето претпријатието е должно да достави изјава за веродостојноста на барањето и податоци дадени во врска со него, потпишана од одговорното лице на претпријатието. Содржината на изјавата е дадена во Прилог 5 кој што е составен дел на овој правилник. Барањето и податоците од став 3 од овој член се доставуваат во четири примероци, од кои барањето и податоците од став 3 алинеја 3 од овој член се доставува и во електронска форма. Член 16 Барањето за одобрување на цена за регулираниот период, претпријатието треба да го поднесе до Регулаторната комисија, најдоцна 45 дена пред почетокот на регулираниот период. Постапката за одобрување на цената од став 1 на овој член, отпочнува со денот на приемот на барањето во архивата на Регулаторната комисија. Регулаторната комисија е должна во рок од седум дена од денот на приемот на барањето, да го разгледа барањето, да донесе заклучок за утврдување на комплетноста на барањето и заклучокот да го достави до претпријатието. Регулаторната комисија може пред донесување на заклучокот од став 3 на овој член да го повика претпријатието на заеднички состанок за дополнителни информации, податоци и појаснувања во врска со поднесеното барање. Доколку претпријатието во рок од седум дена во целост не постапи по барањата содржани во заклучокот од став 3 на овој член, Регулаторната комисија во рок од три дена ќе донесе решение со кое ќе го одбие барањето од став 1 на овој член, како некомплетно. Ако барањето е комплетно Регулаторната комисија ќе донесе заклучок за комплетност на барањето. Член 17 Со Заклучокот од член 16 став 6 на овој правилник, Регулаторната комисија ќе го задолжи барателот, во рок од три дена да подготви Известување за барањето кое што треба да биде објавено и да го достави до Регулаторната комисија заради одобрување. Барателот е должен во рок од три дена од денот на добивање на одобрувањето од став 1 на овој член, да го објави Известувањето за барањето на свој трошок во најмалку два дневни весници од кои најмалку во еден од весниците што се издаваат на македонски јазик и во весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик. Известувањето за барањето се објавува и на веб страната на Регулаторната комисија. Известувањето за барањето треба да содржи податоци од барањето, причините поради кои е поднесено барањето, начинот и рокот во кој заинтересираните физички и правни лица можат да достават мислење, како и адресата на Регулаторната комисија до која се доставуваат мислењата. Рокот за доставување на мислењата од заинтересираните физички и правни лица не може да биде подолг од седум дена од денот на објавувањето. Член 18 Регулаторната комисија е должна во рок од 3 дена по истекот на рокот за доставување на мислењата од заинтересираните физички и правни лица, да му достави на барателот копии од сите добиени мислења во врска со објавеното барање и да свика подготвителна седница која треба да се одржи најдоцна до истекот на четириесетиот ден од денот на отпочнување на постапката за промена на цена. За присуство и учество во расправата на подготвителната седница се покануваат овластени претставници на заинтересирани претпријатија, институции и организации. Член 19 Регулаторната комисија е должна најдоцна во рок од пет дена од завршувањето на подготвителната седница да одржи редовна седница на која ќе донесе одлука по барањето за промена на цена. Одлуката донесена на седницата од став 1 од овој член задолжително се објавува во Службен весник на Република Македонија. Член 20 Одредбите од Деловникот за работа на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, бр. 01-171/1 од 29.12.2003 година, соодветно се применуваат на организирањето и одржувањето на подготвителната седница и редовната седница на Регулаторната комисија. Член 21 Претпријатието од член 1 на овој правилник, е должно најдоцна до 10 март во тековната година до Регулаторната комисија да достави: финансиски извештаи со сите прилози во согласност со барањата на меѓународните сметководствени стандарди за претходната година, заради вршењето на годишната контрола на примената на определената цена за регулираниот период. Член 22 Претпријатието може да поднесе барање за промена на цената, пред истекот на периодот за кој е одобрена регулираната цена, во случај на настанување на околности кои не постоеле во времето на одобрување на цените, но предизвикале зголемување или намалување на следените вкупни трошоци за повеќе од 5 % во временскиот период за кој се применувала претходно одобрената цена. Кон барањето од став 1 на овој член, барателот е должен да достави финансиско-сметководствени и техничко-економски податоци и информации изготвени

3 ноември 2005 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 94 - Стр. 15 во согласност со Прилог 4 од овој правилник, како и други податоци за кои барателот смета дека се релевантни за одобрување на цената. Во случај кога претпријатието нема да поднесе барање за намалување на цена во согласност со став 1 од овој член, Регулаторната комисија ќе го извести претпријатието за отпочнување на постапката за намалување на цената. Рокот за донесување на одлука по барање од став 1 на овој член, односно известувањето од став 3 на овој член, не може да биде подолг од 20 дена од денот на доставување на барањето, односно известувањето. Во случаите од став 1 и став 3 на овој член, Регулаторната комисија со заклучок ќе ги определи роковите за превземање на одделни дејствија во постапката во рамките на рокот од став 4 на овој член. R Tt - планиран приход [денари] P Tt - регулирана максимална цена во годината t од регулираниот период; i q t - планирана количина на природен гас за пренос во година t, за корисник (i) на системот за пренос [денари/единица мерка] [единица мерка] Границата на дозволениот пораст на максималната цена на услугата на претпријатието кое врши пренос и управување со системот за пренос на природен гас, се пресметува со следната формула: IV. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 23 До одобрување на регулираната максимална цена за вршење на дејностите пренос и управување со системот за пренос на природен гас во согласност со овој правилник, највисоката цена за овие дејности се утврдува да изнесува 2,217 ден/nm 3. Член 24 До одобрување на регулираната максимална цена за вршење на дејноста снабдување со природен гас на тарифни потрошувачи непосредно приклучени на системот за пренос во согласност со овој правилник, највисоката цена за дејностите трговија со природен гас и снабдување со природен гас на тарифни потрошувачи непосредно приклучени на системот за пренос се утврдува да изнесува 0,246 ден/nm 3. Член 25 Со денот на отпочнување на примена на овој Правилник, одредбите од Методологијата за формирање на цените за одделни видови енергија ( Службен весник на РМ бр. 43/98 и бр. 08/2000) престануваат да се применуваат при формирањето на цените на природниот гас. Член 26 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето на Службен весник на Република Македонија. Бр. 01-1271/1 Претседател, 1 ноември 2005 година Славе Ивановски, с.р. Скопје ПРИЛОГ 1. Методологија за пресметка на регулирана максимална цена на услугата на претпријатието кое врши пренос и управување со системот за пренос на природен гас 1. Регулирана максимална цена Планираниот приход врз основа на регулирана максимална цена на услугата на претпријатието кое врши пренос и управување со системот за пренос на природен гас, треба да ги покрие трошоците за пренос и управување со системот за пренос на природен гас, а се пресметува според следната формула: Оперативните трошоци, согласно оваа методологија, се трошоци за работењето и одржувањето на регуликаде што: каде што: P Tt - регулирана максимална цена во годината t од регулираниот период; P T( t-1) - регулирана максимална цена во претходната година t-1; [денари/ единица мерка] [денари/ единица мерка] CPI t-1 - индекс на цени на мало, во годината t-1; X - фактор на ефикасност; [od 0 до 1] - пренесена количина на природен гас во година t-1, за корисник (i) на системот за пренос пооделно; 1.1. Цена во базната година [единица мерка] Цената за пренос на природен гас во базната година за прв регулиран период се пресметува со примена на следната формула: каде што: P T0 - цена за пренос на природен гас во базна година t о ; [денари/ единица мерка] O - оперативни трошоци во базната година; [денари] L - реални технички загуби во системот за пренос; [денари] D - амортизација; [денари] T - даноци, придонеси и други [денари] давачки; RA - принос од регулираните [денари] средства; (*)180.000.000 nm 3, претставуваат збир на максимални потрошени количини природен гас од страна на пооделни потрошувачи во изминатиот период од пет години, зголемени за 35%, како очекуван пораст на потрошувачката на постојните потрошувачи. 1.1.1. Оперативни трошоци (О)

Стр. 16 - Бр. 94 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 3 ноември 2005 раната дејност на претпријатието, во согласност со техничките нормативи и стандарди кои се применуваат во Република Македонија, и нормализираните трошоци за вршење на регулираната дејност, кои се формираат според следните ориентири: 1. трошоци за материјали, енергија, резервни делови и ситен инвентар, врз основа на нормативите за потрошувачка и просечните цени на пазарот во периодот на набавката; 2. трошоци за тековно одржување, ремонт и услуги за одржување на средствата, до ниво од 20 % од пресметаната годишна амортизација; 3. трошоци за осигурување на градежни објекти и опрема се признаваат согласно нивото на премиите за осигурување кои претпријатието ги платило; 4. бруто плати по работник до ниво на просечна бруто плата по работник остварена во стопанството на Република Македонија во тековната година, зголемена до 30 %, како израз на квалификационата структура и сложеноста на регулираната дејност; 5. менаџерските плати и менаџерските награди, во нормализирани износи соодветно на зголемувањето на ефикасноста, а според одлуките на управните органи на претпријатието; 6. други услуги, до нивото од просечното тригодишно учество (%) во однос на трошоците за материјали, енергија, ситен инвентар (од ставката 1); 7. останати и вонредни (екцесни) трошоци, до 10% во однос на вкупните трошоци од ставките под 1; 2; 3; 4 и 6. 1.1.2. Реални технички загуби (L) Се признаваат трошоците за реалните технички загуби при редукција и пренос на природниот гас, што се определуваат согласно член 8 од овој Правилник, пресметани по набавна цена на природен гас. За определување на просечната вредност на регулираните средства се користи следната формула: каде што: RAB - просечна вредност на средствата со кои се врши регулираната дејност (регулирани средства); RAB start - вредност на регулираните средства на почетокот на годината; RAB end - вредност на регулираните средства на крајот на годината. AVS t-1 - просечна вредност на залихи на природен гас во системот за пренос на природен гас во претходната година t-1 [денари] [денари] [денари] [денари] Вредноста на регулираните основни средства на почетокот на годината претставува збир на поединечните книговодствени вредности на регулираните материјални средства и регулираните нематеријални средства на првиот ден од годината. Вредноста на регулираните основни средства на крајот на годината се пресметува по следната формула: RAB end = RAB start + NI - Grant - D - RAB out 1.1.3. Амортизација (D) Пресметката на амортизацијата на регулираните средства се врши во согласност со пропишаните минимални годишни стапки на амортизација дадени со важечките прописи. 1.1.4. Даноци, придонеси и други давачки (Т) Даноците, придонесите и другите давачки се признаваат во согласност со законските прописи. 1.1.5. Принос од регулирани средства (RA) Приносот од регулираните средства се пресметува според формулата: каде што: RA = RAB * WACC RA - принос од регулираните средства; RAB - просечна вредност на средствата со кои се врши регулираната дејност (регулирани средства); WACC - пондерирана просечна цена на капиталот. [денари] [денари] каде што: RAB end - вредност на регулираните основни средства на крајот на годината; [денари] RAB start - вредност на регулираните основни средства на почетокот на годината; [денари] NI - нови инвестиции; [денари] Grant - бесплатно добиени средства; [денари] D - амортизација на регулираните средства; [денари] RAB out - отуѓени и расходувани средства во годината. [денари] 1.1.5.2. Пондерирана просечна цена на капитал (WACC) Пондерираната просечна цена на капиталот се пресметува според следната формула: каде што: 1.1.5.1. Просечна вредност на средствата со кои се врши регулираната дејност (регулирани средства - RAB) WACC - пондерирана просечна Регулираните средства се само оние средства кои се користат за извршување на регулираната дејност (основни средства и трајни обртни средства). цена на капиталот; E - сопствен капитал; [денари] K e - цена на сопствен капитал;

3 ноември 2005 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 94 - Стр. 17 Debt - долг; [денари] K d - цена на долг; T p - данок на добивка. 1.1.5.2.1. Цена на сопствен капитал (K e ) Цената на сопствениот капитал се определува со примена на моделот на определување на цените на долгогодишните вложувања (CAPM - Capital Asset Prising Model), и тоа врз основа на приходот на неризични вложувања, просечниот приход на ризични вложувања и систематичните ризици изразени со коефициентот β, според следната формула: 2. Надоместок за одржување и работење со средствата за приклучување кон преносниот систем Надоместокот за одржување и работење со средствата за приклучување кога средствата за приклучување се во сопственост на претпријатието за пренос на природен гас се пресметува според следната формула: каде што: CC t - надоместок за одржување и K e = R f + (R m R f ) * β работење со средствата за приклучување во годината каде што: t; [денари] GAV t - бруто вредност на средствата за приклучување во годи- K e - цена на сопствен капитал; Rf - приход на неризичните влоната t, заснована врз вредноста на МЕА (Modern жувања (% на очекуван приход на државни обврзници); Equivalent Assets); [денари] R m - просечен приход на ризични Y - век на траење на средствата вложувања (% на очекуван за приклучување, согласно приход на пазарниот пор- пропишаната годишна минимална стапка на амортитфељ); (R m R f ) - премија за пазарен ризик; зација; [години] β - коефициент на варијабилно- WACC t - пондерирана просечна цена ста на приносите на акциите на капиталот во годината t на претпријатието во однос за претпријатието кое врши на просечниот варијабилитет пренос на природен гас; на приносите од сите акции NAV t - нето вредност на средствата на пазарот; во годината t, заснована врз (R m m R f ) * β - премија за пазарниот ризик вредноста на МЕА (Modern за сопствен капитал. Equivalent Assets); [денари] M t - трошоци за работење и Во првиот регулиран период вредноста на коефици- одржување со средствата за ентот на варијабилноста на приносите на акциите на приклучување во годината претпријатието во однос на просечниот варијабилитет t; [денари] на приносите од сите акции на пазарот, β е еднаква на 1. Во случај кога средствата за приклучување се во сопственост на корисникот на системот за пренос на 1.1.5.2.2. Цена на долг (K d ) природен гас, се засметува само надоместокот за одржување и работење со средствата за приклучување M t. Цената на долгот на регулираното претпријатие се пресметува врз основа на просечните каматни стапки ПРИЛОГ 2. на користените инвестициони кредити, а контролата се врши врз основа на условите за кредитирање и каматните стапки, кои банките ги нудат на македонските рексимална цена на услугата на претпријатието кое гулирани претпријатија. врши дистибуција и управување со системот за ди- Методологија за пресметка на регулирана мастрибуција на природен гас 1.2. Индекс на цени на мало (CPI) 1. Регулирана максимална цена За определување на индексот на цени на мало CPI во годината се користат официјални податоци објавени од Државниот завод за статистика. 1.3. Фактор на ефикасност (X) Регулираната максимална цена на услугата на претпријатието кое врши дистрибуција и управување со системот за дистрибуција на природен гас треба да ги покрие трошоците за дистрибуција, трошоците за управување со системот за дистрибуција на природен гас, трошоците за снабдување со природен гас на тарифни потрошувачи приклучени на системот за дистрибуција на природен гас и да обезбеди ниво на регулиран принос на капиталот, а се пресметува по метод на регулирана максимална цена, според следната формула: Вредноста на факторот на ефикасност X се движи помеѓу 0 до 1 и е во функција за: - подобрување на ефикасноста која произлегува непосредно од постигнатите резултати на ефикасност (задача на споредбена анализа) и бараната брзина за прилагодување на ефикасноста; и - израмнување на приходите, што се темели на постапка која ќе обезбедува такви идни приходи за обезбедување на очекуваниот приход за секоја година од регулираниот период кои се пропорционални на деловниот ризик. R dt - планиран приход; [денари] Факторот на ефикасност X го определува Регулаторната комисија, при што во првата година на регулиодветна категорија на [денари/ раниот период вредноста на факторот на ефикасност е потрошувачи (i), во единица еднаква на 0. годината t; p ij dt - тарифен став (j) за со- мерка]

Стр. 18 - Бр. 94 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 3 ноември 2005 q ij t - планирана количина на природен гас за категорија на потрошувачи (i), со соодветен тарифен став (j), во годината t; [единица мерка] Границата на дозволениот пораст на цените по методот на регулирана максимална цена се пресметува со односот на планираниот приход и остварениот приход во годината t-1, според следната формула: каде што: P Ke - референтна цена на природен гас, како супституент на енергентите застапени во широката потрошувачка, пропорционално на нивното учество; P imp - просечна набавна цена на природен гас во претходната година, вклучувајќи ги царинските P St - и другите давачки; регулирана максимална цена во претходната година за услугата снабдување на тарифни потро- P Tt - шувачи приклучени на преносна мрежа; регулирана максимална цена за услугата пренос на природен гас во претходната година од регулираниот период. [денари/ единица мерка] [денари/ единица мерка] [денари/ единица мерка] [денари/ единица мерка] CPI t-1 - индекс на цени на мало, во годината t-1; X - фактор на ефикасност; [0 1] p ij dt p ij d(t-1) - тарифен став (j) за категорија на потрошувачи (i), во годината t; - тарифен став (j) за категорија на потрошувачи (i), во годината t-1; q ij t-1 - oстварена количина на природен гас за категорија на потрошувачи (i), во годината t-1; - Индекс на цени на мало (CPI) [денари/единица мерка] [денари/ единица мерка] [единица мерка] За определување на индексот на цени на мало CPI во релевантната година се користат официјални податоци објавени од Државниот завод за статистика. - Фактор на ефикасност (X) Вредноста на факторот на ефикасност X се движи помеѓу 0 1 и е во функција за: Подобрување на ефикасноста која произлегува непосредно од постигнатите резултати на ефикасност ( задача на споредбена анализа) и бараната брзина за прилагодување на ефикасноста, и Израмнување на приходите, што се темели на постапка која ќе обезбедува такви идни приходи за обезбедување на очекуваниот приход за секоја година од регулираниот период кои се пропорционални на деловниот ризик. Факторот на ефикасност X го определува Регулаторната комисија, при што во првата година на регулираниот период вредноста на факторот на ефикасност е еднаква на 0. 1.1. Утврдување на основна (почетна) цена за услугата дистрибуција на природен гас Oсновната (почетната) цена за услугата дистрибуција на природен гас се пресметува со примена на следната формула: каде што: P Dt P Ke P imp P St P Tt P Dt - основна (почетна) цена за услугата дистрибуција; [денари/ единица мерка] 1.2. Референтна цена на природен гас, (P Ke ) Референтната цена на природниот гас во дистрибуцијата (P Ke ), како супституент на енергентите застапени во широката потрошувачка, пропорционално на нивното учество, се пресметува по следната формула: 1 P Ke = 2,625*P ee + 0,003*P w + 0,103*P elo P кe - референтна цена на природ- [денари/ ниот гас во дистрибуција; единица мерка] P ee - просечна продажна цена на електрична енергија во дистрибуција во претходната [дена- година; ри/kwh] P w - просечна продажна цена на огревно дрво во претходната година; [денари/м 3 ] P elo - просечна продажна цена на екстра лесно масло за домаќинства во претходната година. [денари/ lit) ПРИЛОГ 3 Методологија за определување на регулирана максимална цена за вршење на дејност снабдување на тарифни потрошувачи непосредно приклучени на системот за пренос на природен гас 1. Регулирана максимална цена Регулираната максимална цена за снабдување со природен гас на тарифни потрошувачи непосредно приклучени на системот за пренос на природен гас, треба да му овозможи на претпријатието поврат на трошоците поврзани со: - склучување на договори за набавка на природен гас, - склучување на договори за пристап и пренос на природен гас, 1 Коефициентите во равенката се определени врз основа на следните параметри: учество на енергенти кои се супституираател.енергија 45%, огревно дрво 40% и масло за домаќинство 15%; коефициент на енергетска ефикасност- ел.енергија 95%, огревно дрво 60%, масло за домаќинство 80%, природен гас 85%; долна топлинска моќ - ел.енергија 3600 kj/kwh, огревно дрво 3900000 kj/m 3, масло за домаќинство 36000 kj/lit и природен гас 33500 kj/nm 3. Коефициентите се намалени за 30% заради овозможување на инвестирање во инсталации и уреди за користење на природен гас од страна на дистрибутивните потрошувачи.

3 ноември 2005 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 94 - Стр. 19 - склучување на договори за снабдување со природен гас на тарифните потрошувачи непосредно приклучени на системот за пренос, и - отчитување, евидентирање и фактурирање на испорачаната количина на природен гас, а се пресметува според следната формула: каде: R st - планиран приход; [денари] p st - цена на услугата снабдување во годината t; [денари/ единица мерка] q i t - планирана количина на природен гас за секој тарифен потрошувач (i) пооделно, во годината t; [единица мерка] Границата на дозволениот пораст на цените по методот на регулирана максимална цена се пресметува со односот на планираниот приход и остварениот приход во годината t-1, според следната формула: каде што: CPI t-1 - индекс на цени на мало, во годината t-1; X - фактор на ефикасност; [0 1] P st - цена на услугата снабдување во годината t; P s( t-1) - цена на услугата снабдување во годината t-1; q i t-1 - oстварена количина на природен гас за секој тарифен потрошувач (i) пооделно, во годината t-1; - Индекс на цени на мало (CPI) [денари/ единица мерка] [денари/ единица мерка] [единица мерка /год.] За определување на индексот на цени на мало CPI во релевантната година се користат официјални податоци објавени од Државниот завод за статистика. - Фактор на ефикасност (X) Вредноста на факторот на ефикасност X се движи помеѓу 0 1 и е во функција за: - Подобрување на ефикасноста која произлегува непосредно од постигнатите резултати на ефикасност ( задача на споредбена анализа) и бараната брзина за прилагодување на ефикасноста, и - Израмнување на приходите, што се темели на постапка која ќе обезбедува такви идни приходи за обезбедување на очекуваниот приход за секоја година од регулираниот период кои се пропорционални на деловниот ризик. Факторот на ефикасност X го определува Регулаторната комисија, при што во првата година на регулираниот период вредноста на факторот на ефикасност е еднаква на 0. 1.1. Цена во базната година Цената за снабдување на тарифни потрошувачи со природен гас во базната година ги покрива следните трошоци: - оперативни трошоци (O) - амортизација на регулираните средства (D) - даноци, придонеси и други давачки (T) и обезбедува принос на регулираните средства во базната година ( RA) 1.1.1. Оперативни трошоци (О) Оперативните трошоци, согласно оваа методологија, се трошоци за работењето и одржувањето на регулираната дејност на претпријатието, во согласност со техничките стандарди кои се применуваат во Република Македонија, а одразуваат нормализирани трошоци за вршење на регулираната дејност. Нивото на нормализираните трошоци се формира според следните ориентири: 1. трошоци за материјали, енергија, резервни делови и ситен инвентар, врз основа на нормативите за потрошувачка и просечните цени на пазарот во периодот на набавката; 2. трошоци за тековно одржување, ремонт и услуги за одржување на средствата, до ниво од 20 % од пресметаната годишна амортизација; 3. трошоци за осигурување на градежни објекти и опрема се признаваат согласно нивото на премиите за осигурување кои претпријатието ги платило; 4. бруто плати по работник до ниво на просечна бруто плата по работник остварена во стопанството на Република Македонија во тековната година, зголемена до 30%, како израз на квалификационата структура и сложеноста на регулираната дејност; 5. менаџерските плати и менаџерските награди, во нормализирани износи соодветно на зголемувањето на ефикасноста, а според одлуките на управните органи на претпријатието; 6. други услуги, до нивото од просечното тригодишно учество (%) во однос на трошоците за материјали, енергија, ситен инвентар (од ставката 1); 7. останати и вонредни (екцесни) трошоци, до 10% во однос на вкупните трошоци од ставките под 1; 2; 3; 4 и 6. 1.1.2. Амортизација (D) Пресметката на амортизацијата на регулираните средства се врши во согласност со пропишаните минимални годишни стапки на амортизација дадени со важечките прописи. 1.1.3. Даноци, придонеси и други давачки (Т) Даноците, придонесите и другите давачки се признаваат во согласност со законските прописи. 1.1.4 Принос од регулирани средства (RA) Приносот од регулираните средства се пресметува според формулата: каде што: RA = RAB * WACC RA - принос од регулираните средства; [денари]

Стр. 20 - Бр. 94 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 3 ноември 2005 RAB - просечна вредност на средствата со кои се врши регулираната дејност (регулирани средства); WACC - пондерирана просечна цена на капиталот. [денари] 1.1.4.2. Пондерирана просечна цена на капитал (WACC) Пондерираната просечна цена на капиталот се пресметува според следната формула: 1.1.4.1. Просечна вредност на средствата со кои се врши регулираната дејност (регулирани средства - RAB) Регулираните средства се само оние средства кои се користат за извршување на регулираната дејност (основни средства и трајни обртни средства). За определување на просечната вредност на регулираните средства се користи следната формула: RAB = RAB start + RAB 2 end каде што: WACC - пондерирана просечна цена на капиталот; E - сопствен капитал; [денари] K e - цена на сопствен капитал; Debt - долг; [денари] K d - цена на долг; T p - данок на добивка. каде што: 1.1.4.2.1. Цена на сопствен капитал (K e ) RAB - просечна вредност на средствата со кои се врши регулираната дејност (регулирани средства); RAB start - вредност на регулираните средства на почетокот на годината; RAB end - вредност на регулираните средства на крајот на годината. [денари] [денари] [денари] Вредноста на регулираните основни средства на почетокот на годината претставува збир на поединечните книговодствени вредности на регулираните материјални средства и регулираните нематеријални средства на првиот ден од годината. Вредноста на регулираните основни средства на крајот на годината се пресметува по следната формула: RAB end = RAB start + NI - Grant - D - RAB out каде што: RAB end - вредност на регулираните основни средства на крајот на годината; RAB start - вредност на регулираните основни средства на почетокот на годината; NI - нови инвестиции; Grant - бесплатно добиени средства; D - амортизација на регулираните средства; RAB out - отуѓени и расходувани средства во годината. [денари] [денари] [денари] [денари] [денари] [денари] Цената на сопствениот капитал се определува со примена на моделот на определување на цените на долгогодишните вложувања (CAPM - Capital Asset Prising Model), и тоа врз основа на приходот на неризични вложувања, просечниот приход на ризични вложувања и систематичните ризици изразени со коефициентот β, според следната формула: каде што: K e = R f + (R m R f ) * β K e - цена на сопствен капитал; R f - приход на неризичните вложувања (% на очекуван приход на државни обврзници); R m - просечен приход на ризични вложувања (% на очекуван приход на пазарниот портфељ); (R m R f ) - премија за пазарен ризик; β - коефициент на варијабилноста на приносите на акциите на претпријатието во однос на просечниот варијабилитет на приносите од сите акции на пазарот; (R m R f )* β - премија за пазарниот ризик за сопствен капитал. Во првиот регулиран период вредноста на коефициентот на варијабилноста на приносите на акциите на претпријатието во однос на просечниот варијабилитет на приносите од сите акции на пазарот, β е еднаква на 1. 1.1.4.2.2. Цена на долг (K d ) Цената на долгот на регулираното претпријатие се пресметува врз основа на просечните каматни стапки на користените инвестициони кредити, а контролата се врши врз основа на условите за кредитирање и каматните стапки, кои банките ги нудат на македонските регулирани претпријатија

3 ноември 2005 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 94 - Стр. 21 ПРИЛОГ 4. Табеларни прегледи за потребни податоци за регулирање на цени за пренос, дистрибуција и снабдување со природен гас

Стр. 22 - Бр. 94 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 3 ноември 2005

3 ноември 2005 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 94 - Стр. 23

Стр. 24 - Бр. 94 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 3 ноември 2005

3 ноември 2005 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 94 - Стр. 25

Стр. 26 - Бр. 94 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 3 ноември 2005

3 ноември 2005 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 94 - Стр. 27

Стр. 28 - Бр. 94 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 3 ноември 2005

3 ноември 2005 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 94 - Стр. 29

Стр. 30 - Бр. 94 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 3 ноември 2005

3 ноември 2005 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 94 - Стр. 31

Стр. 32 - Бр. 94 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 3 ноември 2005

3 ноември 2005 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 94 - Стр. 33

Стр. 34 - Бр. 94 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 3 ноември 2005

3 ноември 2005 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 94 - Стр. 35

Стр. 36 - Бр. 94 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 3 ноември 2005

3 ноември 2005 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 94 - Стр. 37

Стр. 38 - Бр. 94 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 3 ноември 2005

3 ноември 2005 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 94 - Стр. 39

Стр. 40 - Бр. 94 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 3 ноември 2005

3 ноември 2005 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 94 - Стр. 41

Стр. 42 - Бр. 94 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 3 ноември 2005

3 ноември 2005 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 94 - Стр. 43

Стр. 44 - Бр. 94 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 3 ноември 2005

3 ноември 2005 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 94 - Стр. 45

Стр. 46 - Бр. 94 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 3 ноември 2005

3 ноември 2005 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 94 - Стр. 47

Стр. 48 - Бр. 94 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 3 ноември 2005 1299. Врз основа на член 11-е, став 1, алинеја 5 од Законот за енергетика ( Службен весник на РМ бр. 47/97, 40/99, 98/00, 94/02, 38/03 и 40/05), Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, на седницата одржана на 1 ноември 2005 година, донесе ТАРИФЕН СИСТЕМ ЗА ПРЕНОС НА ПРИРОДЕН ГАС Член 1 Со овој Тарифен систем се утврдуваат тарифните елементи и начинот на формирање на цената за пренос на природниот гас низ системот за пренос на природен гас. Член 2 Поимите употребени во овој Тарифен систем го имаат истото значење како што е утврдено во Законот за енергетика, а останатите поими употребени во овој Тарифен систем го имаат следното значење: корисник на системот за пренос на природен гас - е тарифен или квалификуван потрошувач приклучен на преносна мрежа, како и трговец со природен гас. тарифен потрошувач приклучен на преносна мрежа - е потрошувач кој е приклучен на системот за пренос на природен гас и природниот гас го купува по пропишани тарифни ставови; природен гас - е смеша на јагленоводороди, во која главна состојка (компонента) е метан во гасна состојба и кој се добива од земјата во природна состојба или заедно со течни јагленоводороди; нормален метар кубен (nm 3 ) - е единица за мерење на количините на природен гас и претставува количина на природен гас кој се содржи во волумен од 1m 3, при апсолутен притисок од 1,01325 bar и при температура од 20 о C ( 293,15 о К). долна топлинска моќ - претставува количина на топлина што се ослободува при потполно согорување на 1 nm 3 природен гас и при тоа содржината на водата како продукт при согорувањето останува во гасна фаза; основна долна топлинска моќ претставува дефинирана долна топлинска вредност од 33500 кј, врз чија основа се пресметува цената на природниот гас; притисок на гас - претставува разлика помеѓу апсолутниот и атмосферскиот притисок; ден - претставува временски период од 24 континуирани часа, сметајќи од 8 часот наутро од било кој календарски ден до 8 часот наутро во следниот кален- Член 4 (1) Цената за услугата пренос низ системот за пренос на природен гас и управување со системот за пренос на природен гас, се утврдува согласно Правилникот за начин и услови за регулирање на цени за пренос, дистрибуција и снабдување на тарифни потрошувачи со природен гас и се состои од фиксен и варијабилен дел, односно; P Tt = p f + p v при што: P Tt - цена за услугата пренос на природен гас низ системот за пренос на природен гас (цена за пренос); p f - фиксен дел на цената за пренос; и p v - варијабилен дел на цената за пренос. (2) Фиксниот дел на цената за пренос на природен гас, од став (1) на овој член, се утврдува да изнесува 70% од цената за пренос, а варијабилниот дел 30% од цената за пренос. Член 5 Надоместокот кој корисникот на системот за пренос на природен гас го плаќа за извршената тарифна услуга за пренесените количини на природен гас низ системот за пренос за еден календарски месец, се определува со примена на следната формула: при што: N it - надоместок за пренос на природен гас за период од еден календарски месец кој го плаќа корисникот (i); P Tt - регулирана максимална цена за услугата пренос на природен гас во годината (t), утврдена согласно Правилникот за начин и услови за регулирање на цени за пренос, дистрибуција и снабдување на тарифни потрошувачи со природен гас; Q it - договорени вкупни количини на природен гас за пренос во текот на годината (t) со корисникот (i) на системот за пренос на природен гас,и q im - измерени количини на природен гас, односно пренесени количини на природен гас на корисникот (i) во текот на соодветен календарски месец. дарски ден; Член 6 месец претставува временски период од 8 часот наутро од првиот ден на календарски месец до 8 часот наутро од првиот ден на идниот календарски месец; година претставува временски период сметано од 8 часот наутро од првиот ден на календарската година до 8 часот наутро од првиот ден на идната календарска година; мерно-регулациска станица (МРС) претставува место каде испорачателот го мери количеството на предадениот гас и го регулира притисокот на истиот до потребниот за потрошувачот; точка на примо-предавање на гасот претставува местото каде што природниот гас се испорачува на потрошувачот и се наоѓа на излезот од мерните уреди на МРС кон потрошувачот. Член 3 Претпријатието кое врши пренос на природен гас, должно е на корисниците на системот за пренос на природен гас да им обезбеди пренос на количините на природен гас, согласно договорите за пристап и пренос, по цени утврдени согласно овој Тарифен систем. (1) Дозволена граница на отстапување за помалку пренесени количини на природен гас од договорените за пренос во текот на една календарска година се утврдува да изнесува до 30% од договорената годишна количина (долна граница на отстапување). (2) Дозволена граница на отстапување за повеќе пренесени количини на природен гас од договорените за пренос во текот на една календарска година се утврдува да изнесува до 30% од договорената годишна количина (горна граница на отстапување). (3) Во случај кога со отстапувањето од став 1 на овој член, вкупно пренесената количина на природен гас во текот на годината е пониска од 80% од договорената годишна количина Q it, надоместокот за пренос кој што треба да го плати корисникот (i) не може да биде помал од износот кој би го платил за пренос на 70% од договорената годишна количина Q. (4) Во случај кога со отстапувањето од став 2 на овој член, вкупно пренесената количина на природен гас во текот на годината е повисока од 30% од договорената годишна количина Q it, цената за услугата пренос P Tt за секој nm 3 пренесена количина над дозволеното 30% отстапување, се зголемува за 1%. it

3 ноември 2005 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 94 - Стр. 49 Член 7 (1) Пресметката за порамнување на сметките за помалку или повеќе пренесена количина на природен гас во текот на годината, до кое може да дојде во врска со примена на фиксниот дел од цената при надоместокот за пренос, како и поради отстапувањата во врска со ставот 1 и ставот 2 од членот 6 на овој Правилник, ја извршува претпријатието за пренос на природниот гас. (2) Пресметката за порамнување на сметките од став 1 на овој член, се извршува во рок од 10 дена по истекот на шестиот календарски месец (месецот јуни) од годината и во рок од 10 дена по истекот на календарската година. (3) Пресметка за порамнување од став 1 и 2 на овој член по истекот на шестиот календарски месец од годината, во рамките на кој период надоместокот за пренесени количини природен гас се плаќа со примена на формулата од став 1 на членот 5 од овој Правилник, како и начинот на порамнување во наредниот период од годината, се врши со примена на следните формули: При што: - разлика, односно повеќе или помалку пренесени количини природен гас од планираните во првите шест месеци од годината (m 3 ) Q im - измерени количини на природен гас, односно пренесени количини на природен гас на корисникот (i) во текот на соодветен календарски месец од годината Q it - договорени вкупни количини на природен гас за пренос во текот на годината со корисникот на системот за пренос на природен гас (i) Н 7-12 - надомест за пренос на природен гас за период од еден календарски месец кој го плаќа корисник (i) во наредниот период од годината (од 7 до 12 месец) (4) Пресметка и начинот на порамнување на повеќе или помалку остварен вкупен надомест по истекот на календарска година се врши со примена на следните формули: Во случај ако е: при што: Q r - измерени - пренесени количини на природен гас во текот на годината на корисникот (i); N r - вкупно извршена наплата за надомест за пренос на природен гас во текот на годината на корисникот (i) ; и N - износ на надоместок за порамнување кој што треба да го плати корисникот на системот за пренос на претпријатието за пренос во случај ако е N позитивно (поголемо од 0), односно претпријатието за пренос на корисникот на системот за пренос во случај ако е N негативно (помало од 0). Член 8 (1) Мерењето, односно оттчитувањето на мерачите за пренесените количини природен гас се врши по истекот на секој месец во МРС, во присуство на овластени лица од корисникот на системот за пренос и претпријатието за пренос на природен гас, за што овластените лица потпишуваат записник. (2) Оттчитаните измерени количини на природен гас од став 1 на овој член се заокружуваат на цел број. Член 9 (1) Пресметка на надоместокот за пренесени количини на природен гас на корисниците на системот за пренос на природен гас се врши согласно членот 5 и членот 6 од овој Правилник, од страна на претпријатието за пренос на природен гас. (2) Фактурата за пресметаниот надомест за пренесени количини на природен гас се доставува до корисниците на системот за пренос на природен гас. (3) Наплата на надоместокот за пренесените количини природен гас, согласно фактурата од став 2 на овој член, од страна на тарифните потрошувачи непосредно приклучени на системот за пренос на природен гас, ја врши снабдувачот со природен гас на овие потрошувачи. Член 10 Корисникот на системот за пренос на природен гас е должен 15 дена пред истекот на тековната година со претпријатието за пренос на природен гас да склучи Договор за пристап и пренос на договорените количини природен гас за наредната година. Член 11 Овој Тарифен систем влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето на Службен весник на Република Македонија, а неговата примена започнува по влегување во сила на Одлуката за определување на регулирана максимална цена за услугата пренос и управување со системот за пренос на природен гас, донесена согласно Правилникот за начин и услови за регулирање на цени за пренос, дистрибуција и снабдување со природен гас. Бр. 01-1272/1 Претседател, 1 ноември 2005 година Славе Ивановски, с.р. Скопје 1300. Врз основа на член 11-е, став 1, алинеа 5 од Законот за енергетика ( Службен весник на РМ бр. 47/97, 40/99, 98/00, 94/02, 38/03 и 40/05), Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, на седницата одржана на 1 ноември 2005 година, донесе ТАРИФЕН СИСТЕМ ЗА ПРОДАЖБА НА ПРИРОДЕН ГАС НА ТАРИФНИ ПОТРОШУВАЧИ I.ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 (1) Со овој Тарифен систем се утврдуваат тарифните елементи и начинот на формирање на продажната цена на природниот гас на тарифните потрошувачи не-

Стр. 50 - Бр. 94 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 3 ноември 2005 посредно приклучени на системот за пренос и на тарифните потрошувачи приклучени на системот за дистрибуција на природен гас. (2) Претпријатијата што вршат дејност снабдување на тарифни потрошувачи со природен гас, должни се на тарифните потрошувачи да им ги обезбедат количините на природен гас по продажни цени утврдени согласно овој Тарифен систем. Член 2 Изразите употребени во овој Тарифен систем го имаат истото значење како што е утврдено во Законот за енергетика, а останатите изрази употребени во овој Тарифен систем го имаат следното значење: корисник на системот за пренос на природен гас - тарифен или квалификуван потрошувач непосредно приклучен на системот за пренос на природен гас, како и трговец со природен гас преку кого се снабдуваат овие потрошувачи со природен гас; претпријатие за пренос на природен гас - претпријатие кое што е носител на лиценца за пренос на природен гас и носител на лиценца за управување со системот за пренос на природен гас; претпријатие за дистрибуција на природен гас - претпријатие кое што е носител на лиценца за дистрибуција на природен гас, лиценца за управување со системот за дистрибуција на природен гас и лиценца за снабдување на тарифни потрошувачи на системот за дистрибуција на природен гас; тарифен потрошувач на природен гас - потрошувач кој е непосредно приклучен на системот за пренос, односно на системот за дистрибуција на природен гас и природниот гас го купува по пропишани тарифни ставови; снабдувач на тарифни потрошувачи непосредно приклучени на системот за пренос на природен гас - трговец на природен гас, носител на лиценца за снабдување со природен гас на тарифни потрошувачи непосредно приклучени на системот за пренос на природен гас; природен гас - смеса на јагленоводороди, во која главна состојка (компонента) е метан во гасна состојба, кој се добива од земјата во природна состојба или заедно со течни јагленоводороди; нормален метар кубен(nm 3 ) - единица за мерење на количината на природен гас и претставува количина на природен гас кој се наоѓа во волумен од 1m 3, при апсолутен притисок од 1,01325 bar и при температура 20 o C ( 293,15 o K); долна топлинска моќ - претставува количина на топлина што се ослободува при потполно согорување на 1 nm 3 природен гас и при тоа содржината на водата како продукт при согорувањето останува во гасна фаза; точка на примо-предавање на гасот претставува место каде што природниот гас се испорачува на потрошувачот и се наоѓа на излезот од мерните уреди на мерно-регулациската станица кон потрошувачот; основна долна топлинска моќ претставува дефинирана долна топлинска вредност од 33500 кј, врз чија основа се пресметува цената на природниот гас; притисок на гас - претставува разлика помеѓу апсолутниот и атмосферскиот притисок; ден - претставува временски период од 24 континуирани часа, сметајќи од 8 часот наутро од било кој календарски ден до 8 часот наутро во следниот календарски ден; месец претставува временски период од 8 часот наутро од првиот ден на календарски месец до 8 часот наутро од првиот ден на идниот календарски месец; квартал претставува временски период од 3 месеци, почнувајќи од 8 часот наутро од првиот ден во годината, при што: - првиот квартал се пресметува од 8 часот наутро од првиот ден на календарскиот месец Јануари до 8 часот наутро од првиот ден на календарскиот месец Април; - вториот квартал се пресметува од 8 часот наутро од првиот ден на календарскиот месец Април до 8 часот наутро од првиот ден на календарскиот месец Јули; - третиот квартал се пресметува од 8 часот наутро од првиот ден на календарскиот месец Јули до 8 часот наутро од првиот ден на календарскиот месец Октомври; - четвртиот квартал се пресметува од 8 часот наутро од првиот ден на календарскиот месец Октомври до 8 часот наутро од првиот ден на календарскиот месец Јануари, од наредната година. година претставува временски период сметано од 8 часот наутро од првиот ден на календарската година до 8 часот наутро од првиот ден од наредната календарска година; мерно-регулациска станица (МРС) претставува место каде што се мери испорачаното количество на природниот гас и се регулира притисокот на природниот гас; Договор за набавка на природен гас - претставува договор со кој се уредуваат односите сврзани со купопродажбата на природниот гас, односно набавката на природниот гас, помеѓу извозникот на природен гас и трговецот со природен гас или помеѓу извозникот или трговецот со природен гас и квалификуваниот потрошувач; Договор за пристап и пренос на природен гас - претставува договор со кој се уредуваат односите сврзани со преносот на природен гас помеѓу претпријатието за пренос и управување со системот за пренос на природен гас и снабдувачот на тарифните потрошувачи непосредно приклучени на системот за пренос на природен гас, како и договор помеѓу претпријатието за пренос и управување со системот за пренос на природен гас и трговецот со природен гас или со квалификуваниот потрошувач непосредно приклучен на системот за пренос на природен гас; Договор за снабдување со природен гас - претставува договор со кој се уредуваат односите сврзани со снабдувањето со природен гас, односно договор во рамките на кој се утврдуваат количините и динамиката на испорака на природен гас и другите услови помеѓу снабдувачот на природен гас и потрошувачот. Член 3 Тарифниот систем има за цел да обезбеди квалитетно снабдување со природен гас на тарифните потрошувачи, да поттикне рационална потрошувачка и економичност во снабдувањето на тарифните потрошувачи со природен гас. II. ФОРМИРАЊЕ НА ПРОДАЖНА ЦЕНА НА ПРИРОДЕН ГАС ЗА ТАРИФНИ ПОТРОШУВАЧИ НЕПОСРЕДНО ПРИКЛУЧЕНИ НА СИСТЕМОТ ЗА ПРЕНОС НА ПРИРОДЕН ГАС Член 4 Продажната цена на природниот гас за тарифните потрошувачи непосредно приклучени на системот за пренос на природен гас, треба да ги покрие трошоците за набавка на природниот гас и трошоците за услугата на претпријатието кое врши снабдување со природен гас на овие потрошувачи, а се состои од: - набавна цена на природниот гас, и - цена за снабдување на тарифните потрошувачи непосредно приклучени на системот за пренос на природен гас. Член 5 (1) Продажната цена на природниот гас за тарифни потрошувачи непосредно приклучени на системот за пренос на природен гас е изразена во ден/nm 3 и се пресметува по следната формула: C tp = C k * K + R t + T

3 ноември 2005 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 94 - Стр. 51 каде што: C tp - продажна цена на природен гас за тарифни потрошувачи на преносната мрежа (денари/nm 3 ); C k - корегирана набавна цена на природен гас согласно долната топлинска моќ (САД $ / nm 3 ); K - просечен продажен курс на САД $ во Република Македонија, изразен како средна вредност на просечните продажни курсеви на САД $ во последниот месец од претходниот пресметковен период, објавени од страна на банки поддржувачи на девизниот пазар, определени од страна на Народната банка на Република Македонија; R t - цена за услуга снабдување со природен гас на тарифни потрошувачи непосредно приклучени на системот за пренос на природен гас, утврдена согласно Правилникот за начин и услови за регулирање на цени за природен гас (денари / nm 3 ); T - даноци и други давачки утврдени со закон. (2) Корегираната набавна цена на природниот гас се определува по следната формула: каде што: C 0 C k - - набавна цена на природен гас (САД $/nm 3 ); корегирана набавна цена на природниот гас, согласно долната топлинска моќ ($/nm 3 ); H d - долна топлинска моќ на испорачаниот природен гас (кј/nm 3 ). (3) Корекција на набавната цена на природниот гас од ставот 2 на овој член според испорачаната топлинска моќ на природниот гас, како и порамнувањето по овој основ, се врши на начин и во постапка утврдена во Договорот за набавка на природниот гас од увоз (во понатамошниот текст: Договор за набавка). (4) Набавна цена на природниот гас од ставот 2 на овој член, претставува цена за 1nm 3 природен гас која што се пресметува согласно условите и критериумите утврдени во договорите за набавка на природен гас, за природен гас со основна долна топлинска моќ од 33500 кј/nm 3. Член 6 (1) Продажната цена на природниот гас се утврдува периодично, согласно договорите за набавка. (2) Носителите на лиценца за снабдување со природен гас на тарифни потрошувачи непосредно приклучени на системот за пренос на природен гас, должни се за секоја промена на набавната цена на природниот гас да поднесат барање за промена на продажната цена до Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, со предлог за нова продажна цена. (3) Барање за промена на продажната цена може да се побара по основ на промена на набавната цена, како последица од промената на средната вредност од просечните продажни курсеви на САД $ (во претходниот календарски месец во однос на датумот/месецот од поднесеното последно барање) во Република Македонија за ± 2%, според кој е утврдена важечката набавна цена. (4) Барањето за промена на продажната цена заради промена на набавната цена од став 2 на овој член, се поднесува до Регулаторната комисија за енергетика најмногу 7 дена по истекот на претходниот пресметковен период (квартал), при што барателот ги наведува причините за промена и ја приложува потребната документација за оправданоста на промената. (5) Регулаторната комисија за енергетика е должна во рок од 7 дена од приемот на барањето од став 4 на овој член, да донесе одлука за висината на новата продажна цена на природниот гас и истата да ја објави во Службен весник на Република Македонија. (6) Во одлуката од став 5 на овој член, освен продажната цена на природниот гас, се објавува и нејзината структура, односно: - набавната цена на природниот гас и просечната вредност на курсот на САД $ во Република Македонија, според кој е утврдена набавната цена; - цената за снабдување на тарифните потрошувачи непосредно приклучени на системот за пренос на природен гас, и - износот на ДДВ. Член 7 (1) Мерењето, односно отчитувањето на мерачите за испорачаните количини природен гас во претходниот календарски месец, се врши во првиот ден од наредниот календарски месец во МРС, во присуство на овластени лица од: снабдувачот на тарифните потрошувачи непосредно приклучен на системот за пренос на природен гас, тарифниот потрошувач непосредно приклучен на системот за пренос на природен гас и операторот на системот за пренос, односно претпријатието за пренос на природен гас, за што овластените лица потпишуваат записник. (2) Оттчитаните измерени количини на природен гас од став 1 на овој член се заокружуваат на цел број. Член 8 (1) Тарифниот потрошувач непосредно приклучен на системот за пренос на природен гас, е должен согласно Тарифниот систем за пренос на природен гас, да го плати и надоместокот за услугата пренос на количините природен гас низ системот за пренос (N pr ), односно вкупниот надоместок кој што треба да го плати тарифниот потрошувач непосредно приклучен на системот за пренос на природен гас, изнесува: N tpvk = N tpq + N pr каде што: N tpvk - вкупен надоместок за испорачани и пренесени количини на природен гас (денари); N tpq - надоместок за испорачани количини природен гас (денари); и N pr - надоместок за пренесени количини природен гас (денари). (2) Надоместокот за извршената услуга пренос на количините природен гас од став 1 на овој член, се пресметува и наплатува согласно Тарифниот систем за пренос на природен гас, од страна на снабдувачот на тарифните потрошувачи непосредно приклучен на системот за пренос на природен гас, што се уредува со посебен договор или во рамките на Договорот за пристап и пренос, склучен помеѓу претпријатието за пренос и управување со системот за пренос на природен гас и снабдувачот на тарифните потрошувачи непосредно приклучен на системот за пренос на природен гас. Член 9 (1) Снабдувачот на тарифните потрошувачи непосредно приклучени на системот за пренос на природен гас, е должен 30 дена пред истекот на тековната година, да заклучи Договори за снабдување со природен гас на тарифните потрошувачи непосредно приклучени на системот за пренос на природен гас за наредната година, во рамките на кои ги утврдуваат количините и динамиката на испорака, како и условите за испорака. (2) Снабдувачот на тарифните потрошувачи непосредно приклучени на системот за пренос на природен гас, е должен 15 дена пред истекот на тековната година со претпријатието за пренос и управување со системот

Стр. 52 - Бр. 94 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 3 ноември 2005 за пренос на природен гас, да склучи Договор за пристап и пренос на договорените количини природен гас од став 1 на овој член. Член 10 (1) Снабдувачот на тарифните потрошувачи непосредно приклучени на системот за пренос на природен гас, е должен да изготви и да му достави на потрошувачот пресметка и фактура, во која посебно ќе ги искаже износите на надоместоците за: - набавка на природен гас; - снабдување со природен гас на тарифни потрошувачи непосредно приклучени на системот за пренос на природен гас; - пренос и управување со системот за пренос на природен гас; и - данок на додадена вредност. III. ФОРМИРАЊЕ НА ЦЕНА НА ПРИРОДЕН ГАС ЗА ТАРИФНИ ПОТРОШУВАЧИ ПРИКЛУЧЕНИ НА СИ- СТЕМОТ ЗА ДИСТРИБУЦИЈА НА ПРИРОДЕН ГАС Член 11 Продажната цена за природниот гас на тарифните потрошувачи приклучени на системот за дистрибуција на природен гас, во случај кога дистрибутерот е тарифен потрошувач непосредно приклучен на системот за пренос на природен гас, треба да обезбеди надомест на трошоците за: - набавка на природниот гас од снабдувачот на тарифни потрошувачи непосредно приклучен на системот за пренос на природен гас, пренос и управување со системот за пренос на природен гас, како и снабдување со природен гас, до точката на примопредавање во системот за дистрибуција на природен гас, во согласност со одредбите од Главата II од овој Тарифен систем и - дистрибуција и управување со системот за дистрибуција на природен гас, како и снабдување на тарифните потрошувачи приклучени на системот за дистрибуција на природен гас. Член 12 Продажната цена за природниот гас на тарифните потрошувачи приклучени на системот за дистрибуција на природен гас, во случај кога дистрибутерот е квалификуван потрошувач непосредно приклучен на системот за пренос на природен гас, треба да обезбеди надомест на трошоците за: - набавка на природниот гас од трговец или од увоз по сопствен избор, пренос и управување со системот за пренос на природен гас, до точката на примопредавање во системот за дистрибуција на природен гас, и - дистрибуција и управување со системот за дистрибуција на природен гас, како и снабдување на тарифните потрошувачи приклучени на системот за дистрибуција на природен гас. Член 13 Продажната цена на природниот гас на тарифни потрошувачи приклучени на системот за дистрибуција е изразена во ден / nm 3 и се пресметува по истекот на календарскиот месец, по следната формула: C td = N tpvk / q imd + P Dt каде што: C td - продажна цена на природен гас на тарифни потрошувачи на дистрибутивна мрежа; N tpvk - износ на надомест за набавени и пренесени, односно испорачани количини природен гас на мерно регулациската станица за дистрибуција во текот на претходниот месец; q imd - испорачани количини на природен гас на мерно регулациската станица за дистрибуција во текот на претходниот месец; и P Dt - цена за услугата дистрибуција, управување со системот за дистрибуција и снабдување на тарифните потрошувачи приклучени на системот за дистрибуција на природен гас, утврдена согласно Правилникот за начин и услови за регулирање на цени за пренос, дистрибуција и снабдување со природен гас. Член 14 Претпријатието за дистрибуција на природниот гас, е должно 30 дена пред истекот на тековната година, да склучи договор за набавка на количините природен гас за потребите на тарифните потрошувачи на дистрибутивна мрежа, за наредната година. Член 15 (1) Продажната цена на природниот гас на тарифни потрошувачи приклучени на системот за дистрибуција на природен гас, се утврдува периодично, согласно Договорот за набавка на природен гас, односно Договорот за снабдување со природен гас во услови ако е дистрибутерот тарифен потрошувач. (2) Претпријатието за дистрибуција е должно при секоја промена на елементите кои ја формираат продажната цена на природниот гас, до Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија да поднесе барање за промена на продажната цена, со предлог за нова продажна цена, при што барателот ги наведува причините за промена и ја приложува потребната документација за оправданоста на промената. (3) Регулаторната комисија за енергетика е должна во рок најмногу до 7 дена од денот на приемот на комплетното барање од ставот 2 на овој член, да донесе одлука за висината на новата продажна цена на природниот гас за потрошувачите приклучени на дистрибутивната мрежа и истата да ја објави во Службен весник на Република Македонија. (4) Во одлуката од ставот 3 на овој член, освен продажната цена на природниот гас, се објавува и нејзината структура. Член 16 (1) Мерењето, односно отчитувањето на мерните уреди кај потрошувачите за испорачаните количини природен гас во претходниот календарски месец, се врши во првите три дена од наредниот календарски месец од страна на овластени лица од снабдувачот на природен гас, по правило во присуство на потрошувачот. (2) Отчитаните измерени количини на природен гас од став 1 на овој член се заокружуваат на цел број. Член 17 Снабдувачот на тарифните потрошувачи приклучени на системот за дистрибуција на природен гас е должен да изготви и да му достави на потрошувачот пресметка и фактура, во која посебно ќе ги искаже сите надоместоците за: - набавка на природен гас; - пренос и управување со системот за пренос на природен гас; - дистрибуција, управување со системот за дистрибуција на природен гас и снабдување со природен гас; и - данок на додадена вредност. Член 18 Овој Тарифен систем влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето на Службен весник на Република Македонија, а неговата примена започнува по влегување во сила на Одлуката за определување на регулирана максимална цена за услугата пренос и управување со системот за пренос на природен гас, донесена согласно Правилникот за начин и услови за регулирање на цени за пренос, дистрибуција и снабдување со природен гас. Бр. 01-1273/1 Претседател, 1 ноември 2005 година Славе Ивановски, с.р. Скопје

3 ноември 2005 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 94 - Стр. 53 МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА Врз основа на член 5 од Законот за исплата на платите во Република Македонија ( Службен весник на РМ бр. 70/94, 62/95, 33/97, 50/01, 26/2002, 46/2002 и 37/05), Министерството за труд и социјална политика О Б Ј А В У В А Просечната месечна нето плата по работник за месец октомври 2005 година не може да изнесува помалку од утврдената на ниво на оддел и тоа: Оддел Назив на одделот Износ 01 Земјоделство, лов и соодветни услужни активности 6.497 02 Одгледување на шуми, користење на шуми и соодветни услужни активности 7.320 05 Улов на риба, дејност на мрестилиштата и рибарските фарми, услужни активности во рибарството 8.510 10 Вадење на камен јаглен и лигнит, вадење на тресет 6.824 11 Вадење на сурова нафта и природен гас и услужни активности во производството на нафта и гас, освен истражувања 0 12 Вадење на руда на уран и ториум 0 13 Вадење на руди на метал 9.523 14 Вадење на други руди и камен 10.558 15 Производство на прехранбени производи и пијалаци 9.085 16 Производство на тутунски производи 8.726 17 Производство на текстилни ткаенини 4.416 18 Производство на предмети за облека: доработка и боење на крзно 3.318 19 Штавење и доработка на кожа, производство на куфери, рачни торби, седла, сарачки производи и обувки 1.849 20 Преработка на дрво, производи од дрво и плута, освен мебел, производство на предмети од слама и плетарски материјал 5.104 21 Производство на целулоза, хартија и производи од хартија 7.964 22 Издавачка дејност, печатење и репродукција на снимени медиуми 9.619 23 Производство на кокс, деривати и нафта и нуклеарно гориво 13.146 24 Производство на хемикалии и хемиски производи 13.230 25 Производство на производи од гума и производи од пластични маси 3.449 26 Производство на производи од други неметални минерали 9.110 27 Производство на основни метали 10.049 28 Производство на метални производи во металопреработувачката фаза, освен машини и уреди 5.245 29 Производство на машини и уреди, неспомнати на друго место 8.170 30 Производство на канцелариски и сметачки машини 9.885 31 Производство на електрични машини и апарати, неспомнати на друго место 6.312 32 Производство на радио, телевизиска и комуникациона опрема и апарати 4.602 33 Производство на прецизни медицински и оптички инструменти и часовници 11.608 34 Производство на моторни возила, приколки и полуприколки 5.557 35 Производство на други сообраќајни средства 8.935 36 Производство на мебел и други разновидни производи, неспомнати на друго место 3.631 37 Рециклажа 6.051 40 Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и топла вода 11.339 41 Собирање, пречистување и дистрибуција на вода 8.430 45 Градежништво 6.464 50 Продажба, одржување и поправка на моторни возила и мотоцикли, продажба на мало на моторни горива 10.285 51 Трговија на големо и посредничка трговија, освен трговија со моторни возила и мотоцикли 10.654 52 Трговија на мало, освен трговија со моторни возила и мотоцикли; поправка на предмети за лична употреба и за домаќинствата 6.072 55 Хотели и ресторани 7.082 60 Копнен сообраќај, цевоводен транспорт 7.243 61 Воден сообраќај 0 62 Воздушен сообраќај 12.511 63 Придружни и помошни активности во сообраќајот: активности на патничките агенции 10.961 64 Поштенски активности и телекомуникации 13.512 65 Финансиско посредување, освен осигурување и пензиски фондови 16.844 66 Осигурување, реосигурување и пензиски фондови, освен задолжителна социјална заштита 20.819 67 Помошни активности во финансиското посредување 28.950 70 Активности во врска со недвижен имот 10.357 71 Изнајмување на машини и опрема без ракувач и изнајмување на предмети за лична употреба и за домаќинствата 6.603 72 Компјутерски и сродни активности 9.758 73 Истражување и развој 8.436 74 Други деловни активности 8.218 75 Јавна управа и одбрана; задолжителна социјална заштита 10.352 80 Образование 7.602 85 Здравство и социјална работа 7.973 90 Отстранување на отпадоци и ѓубре, санитарни и слични активности 7.575 91 Дејност на организации врз база на зачленување 10.880 92 Рекреативни, спортски, културни и забавни активности 7.563 93 Други услужни дејности 8.677 95 Приватни домаќинства со вработени лица 0 99 Екстериторијални организации и тела 0 Министер, Стевчо Јакимовски, с.р.

Стр. 54 - Бр. 94 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 3 ноември 2005

3 ноември 2005 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 94 - Стр. 55

Стр. 56 - Бр. 94 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 3 ноември 2005 Издавач: ЈП СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ц.о.-скопје бул. "Партизански одреди" бр. 29. Поштенски фах 51. Директор и одговорен уредник - Борис Тренески. Телефони: +389-2-3298-860. Телефакс: +389-2-3112-267. www.slvesnik.com.mk contact@slvesnik.com.mk Претплатата за 2005 година изнесува 9.200,00 денари. Службен весник на Република Македонија излегува по потреба. Рок за рекламации 15 дена. Жиро-сметка: 300000000188798. Број за ДДВ МК: 4030987108771. Депонент: Комерцијална банка, АД - Скопје. Печат: Графички центар КМ Креатив - Скопје.