Ракавици и сандали Владимир Стојановски-Дерлиев
Сл. 30 Златна ракавица,, лок. Горна Порта-Охридска крепост, гроб 132, почеток на V век пред Христа Техниката во која се изработувани и овие предмети исто така е исчукување на тенок лим. Кај некои од ракавиците релативно вистинито е претставена горна страна од дланка, која е декорирана со флорални (од кои најмногу е застапена розетата), геометриски и животински мотиви, но има и претстави на горгони. Во охридскотребенишкиот регион досега се пронајдени три вакви ракавици (лок. Требенипшта, гроб бр. I и VIII и лок. Горна Порта-Охридска крепост, гроб бр. 132), а со две од нив се пронајдени и прстени. Во некрополата кај Синдос, во гроб бр.25 е пронајдена една златна апликација која верувам дека е стилизирана претстава на ракавица. Тоа е наодот број 8022. Во каталогот 1 тој е наведен како τραπεζιόσχημο χρισό έλασμα, и досега не е земан предвид како ракавица, тука само како трапезоидна апликација со перфорации. Но неодамна во некрополата Архонтико, во близина на Пела е пронајдена речиси идентична апликација со која имало и прстен, што ја појаснило нејзината намена. Имено Α. ΧρισοστομουиΠ. Χρισοστομου во една своја статија 2 за истата некропола, таа апликација ја нарекуваат ракавица. Во овој случај мислам дека станува збор за исти погребниобичаи и предмети со иста сепулкрална намена 3, додека разлика постои само во количината на употребениот материјал и квалитетот на изработката на предметите. За разлика од ракавиците пронајдени во охридско-требенишкиот регион, оние од Синдос и Пела се крајно стилизирани и имаат перфорации 4. 1 Ι. Βοκοτοπουλου, ΑΙ. Δεσποινη, Β. Μισαηλιδου, Μ. Τιβεριος, 1985. 2 Α. Χρισοστομου, Π. Χρισοστομου, 2003. 3 Условена од истите верувања и почитувањето на истите култови. 4 Α. Χρισοστομου, Π. Χρισοστομου, 2003. Во оваа статија има уште една златна апликација на која и е препишана истата намена. Станува збор за прилично фрагментирана апликација (сл.12) чии надворешни делови се многу оштетени и не може да се забележи некој конкретен облик, но со неа се пронајдени два златни прстени кои несомнено укажуваат на нејзината намена. Со овој степен на познавање на материјалите можам да се дрзнам и да претпоставам постоење на ракавици од органски материјал на кои биле прицврстувани златните апликации.
Сл. 31 Стилизирана златна ракавица, лок. Синдос, гроб 25, бр. 8022, околу 540 г. пред Христа Сл. 32 Стилизирана златна ракавица, Градска некропола Архонтико кај Пела, гроб бр. 280, крај на VI век пред Христа Во охридско-требенишкиот регион пронајдени се три чифта сандали (лок. Требеништа, гроб бр. XIII, X и XII), од кои два се фрегментирани. Изработени се во техника на исчукување на златен лим, се повторуваат декоративните мотиви како и кај ракавиците и ја делат истата сепулкрална намена. Засега, во некрополата кај Синдос официјално нема откриено сандали, но исто така има наоди (гроб бр. 65, наод број 7926), чиј облик и украсни мотиви навистина многу потсетуваат на оние откриени во охридско-требенишкиот регион. Последен ваков наод на наша територија беа еден чифт сребрени сандали, датирани кон крајот на V век пред Христа, пронајдени на локалитетот Горна Порта-
Охридска крепост. Ова треба да претставуа уште еден доказ за задржаните култови на истата територија. Сл. 33 Златни сандали, лок. Требениште, гроб VIII, почеток на V век пред Христа Сл. 34 Златна апликација, лок. Синдос, гроб 65, бр. 7926, од 530-520 г. пред Христа
Останати апликации Откриен е и голем број на апликации со други облици. Некои од нив се правоаголни, некои трапезоидни, други пак ромбовидни, кружни или елипсовидни. Има и апликации чии краеви завршуваат со запци во облик на триаголници или пак се благо заоблени. Изработувани се со исчукување на тенок лим, а меѓу украсните мотиви повторно се вбројуваат розети, палмети, разни геометриски и животински мотиви, од кои дури има и хералдички поставени лавови. Овие апликации биле поставувани на различни делови на телото на починатите и во сооднос со местото на пронаоѓање, а воедно и обликот тие ги добивале своите имиња : надградници, кардиофилакси, панделки, дијадеми и др.. Важно е да се истакне големата сличност на обликот на пронајдените апликации во погребувањата во охридско-требенишкиот регион и некрополата кај Синдос, истата техника во која се изработени и украсни мотиви кои постојано се повторуваат. Се разбира и истата намената која им била дадена како сепулкрални дарови е важен елемент кој посочува на блискоста на населението и нивните верувања. Сл. 35 Златни апликации, лок. Синдос, гроб 52, гр. 8500 и 8501, Сл. 36 Златна апликација, лок. Требениште, крај на V век пред Христа од 510-500 г. пред Христа Сл. 38 Златна ромбовидна апликација, лок. Синдос, гроб 66, бр.8425, околу 540 г. пред Христа
Сл. 37 Златна апликација (розета), лок. Требениште, крај на V век пред Христа Сл. 39 Златни и сребрени предмети, лок. Горна Порта Охридска крепост, гроб 167, крај на VI-ти/почеток на V век пред Христа
Сл. 40 Златни апликации, Градска некропола Архонтико кај Пела, гроб 197, крај на VI век пред Христа Природата на самите пронајдоци не принудува повторно во овој контекст да споменеме и други наоди откриени надвор од териториите наведени во насловот на трудот. Се работи за златни апликации употребени како покривка на очите на покојничките од гроб 167, лок. Горна Порта-Охридска крепост и гроб бр. 197, лок. Архонтико-Пела. Нивниот облик условно можеме да го наречеме наочарест. Апликацијата пронајдена во Охрид има облик на бројот 8, декорација од двојна плетенка со точки во празнините и за разлика од онаа од Пела може да се каже дека е стилизирана. Додека наочарестата апликација пронајдена во некрополата Архонтико се состои од два бадемасти дела кои се поврзани со една тенка лента, а на нив се претставени очи, кои ги пратат надворешните линии. Уште еден наод од некрополата Архонтико заслужува да биде споменат. Тоа е златната дијадема од гробот 9, која е изработена во истата техника како и другите златни апликации. Слични претстави се забележуваат на маските (наод бр.7980 и 7981) од Синдос, каде на челото на покојниците има полукружни нанапред издадени линии. Имено тие се сметани за дијадеми и од други автори. Други предмети Сл. 41 Октодрахма на Лајаите, НБРМ 1999/22/1, библ.:мпи 3, од 479-460 до 450 г. пред Христа
Меѓу останатите погребните дарови се сретнуваат и минијатурни запрежни коли. Во некрополата кај Сл. 43 Сребрена заветна кола, лок. Горна Порта- Охридска крепост, V-IV век пред Христа Синдос се откриени неколку вакви коли од кои некои се двоколки, но има и товарни коли кои имаат по четири тркала. Синдоските примероци се изработени од железо, со еден исклучок кој е од бронза. Од охридско-требенишкиот регион досега е познат само еден примерок на двоколка изработена од сребро. Но тоа што навистина привлекува внимание е обликот на тркалата на некои од колите пронајдени кај Синдос (наод бр. 8632, 8648 и 8636) и на онаа пронајдена на Горна Порта-Охридска крепост. Тие имаат две паралелно поставени пречки кои не ја допираат оската и уште една пречка поставена под прав агол во однос на нив, која има контакт со оската. Тркалата на колата од Охрид се исти такви само што паралелните пречки се малку свиени нанадвор. Овој податок е важен бидејќи истовремено на територија на која веруваме дека биле населени пајонски племиња, се издавале монети 5 на кои се претсатавени исти вакви тркала. Имено тие се дел од претстава на двоколка која има возач, кој се смета за божество и се разбира дека целата претстава и идеја се суштествен дел од духовниот живот на месното население. Сл. 42 Железна заветна кола, лок. Синдос, гроб 115, бр.8632, околу 520 г. пред Христа Во некрополата кај Синдос се откриени и минијатурни масички и столови. Нивната намена сите автори ја припишуваат на култот. Досега не се познати истовремени аналогии. Уште еден интересен наод, кој како дел од секојневниот живот покојниците сакале да го понесат со себе, се коцките за играње. Досега се откриени неколку коцки, еден чифт на локалитет Горна Порта-Охридска крепост, а другиот примерок е од гробот 25 од синдоската некропола. 5 Овие монети воглавно им се препишуваат на пајонските племиња Дерони и Лајали.
Сл. 44 Златни коцки, лок. Горна Порта-Охридска крепост, V-IV век пред Христа