УДК 93/99 ISSN INSTITUT ZA NACIONALNA ISTORIJA GLASNIK. GLASNIK god. 60 br. 1

Μέγεθος: px
Εμφάνιση ξεκινά από τη σελίδα:

Download "УДК 93/99 ISSN INSTITUT ZA NACIONALNA ISTORIJA GLASNIK. GLASNIK god. 60 br. 1"

Transcript

1 УДК 93/99 ISSN INSTITUT ZA NACIONALNA ISTORIJA GLASNIK GLASNIK god. 60 br. 1 str Skopje 2016

2

3 СОДРЖИНА TABLE OF CONTENTS СТАТИИ - ARTICLES Драган Зајковски: По повод 1100 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски... 9 Dragan Zajkovski: Dedicated to the 1100th Anniversary of the Death of Saint Clement of Ohrid... 9 Војислав Саракински: Филхелен и сојузот: Александар I, Атина и првите искри на северот Vojislav Sarakinski: The Philhellene and the League: Alexander I, Athens and the first Sparks in the North Јасминка Кузмановска: Неколку забелешки за топонимите Касандреја и Артемисион Jasminka Kuzmanovska: Few Remarks on the Toponyms Kassandreia and Artemision Драган Зајковски: Ранохристијанските црковни функции апостол, пророк и учител: меѓу харизмата и прагматизмот Dragan Zajkovski: Early Christian Church Functions of Apostle, Prophet and Teacher: between Charisma and Pragmatism Стефан Пановски, Дарко Стојанов: Кога митот и историјата се среќаваат: Getica Stefan Panovski, Darko Stojanov: When Myth and History converge: Getica Драган Веселинов, Трајче Нацев: Одбранбени елементи кај Доцноантичките утврдувања во Брегалничкиот басен Dragan Veselinov, Trajce Nacev: Defence Elements on late Antique Fortifications in the Bregalnica Basin Драган Ѓалевски: Трансформацијата на Византискиот воен систем на Балканот (VII IX век) Dragan Ğalevski: Transformation of the Byzantine military System in the Balkans (VII-IX century)

4 Љубица Станковска: Кон прашањето за втората Климентова црква во Охрид Ljubica Stankovska: The issue of the second Church of Clement in Ohrid Александар Атанасовски: Врските помеѓу Македонија и Дукља во Средниот век Aleksandar Atanasovski: Relations between Macedonia and Duklja in the Middle Ages Владимир Јанев: Даночните обврски и задолженија на Евреите во Македонија ( ) Vladimir Janev: Tax Obligations of Jews in Macedonia ( ) Рахман Адеми: Изградба на телеграфски линии во Македонија во времето на Абдулхамид Втори: линијата Дебар Рекалар (Жировница) Rahman Ademi: Construction of Telegraph Lines in Macedonia during the Rule of Abdulhamid II: Line Debar - Rekalar (Zirovnica) Силвана Сидоровска-Чуповска: Споровите меѓу Српската и Бугарската пропаганда за црквите и училиштата во Дебарско-Кичевската митрополија Silvana Sidorovska-Čupovska: Confrontation between Serbian and Bulgarian Propaganda for Churches and Schools in Diocesse of Debar i Kicevo Димитар Љоровски Вамваковски: Грчката Македонска борба ( ): Општи карактеристики Dimitar Ljorovski Vamvakovski: The Greek Macedonian Struggle ( ): Main Characteristics Македонка Митрова: Територијалното проширување на Кралството Србија низ призмата на Александар Белиќ: Србите и Бугарите во Балканскиот Сојуз и во меѓусебната војна Makedonka Mitrova: Kingdom of Serbia s territorial Expansion seen through Aleksandar Belic Prism : the Serbians and the Bulgarians in the Balkan Alliance and at War with each other Габриела Топузовска: Осврт на животот и делото на Анастас Коцарев ( ) Gabriela Topuzovska: Review of the Life and Work of Anastas Kocarev ( )

5 Верица Јосимовска: Руските имигранти и културните настани во Штип во периодот година Verica Josimovska: Russian Immigrants and cultural Events in Stip between Александар Манојловски: Еврејската верска општина во Скопје и прашањето за депортираните Евреи од Македонија Aleksandar Manojlovski: The Jewish religious Community in Skopje and the Question for deported Jews from Macedonia Стојко Стојков: Концепции за решавање на Македонското прашање на страните на весникот Пиринско дело ( ) Stojko Stojkov: Conceptions for resolving Macedonian Question on the Pages of Newspaper Pirin Cause Борче Илиевски: Улогата на Топличкиот епископ Доситеј во разрешување на Македонското црковно прашање година: Прилог кон биографијата на поглаварот на Македонската Православна црква по повод 110 години од раѓањето Borce Ilievski: The Role of the Toplicа Bishop Dositej in resolving the Macedonian Church Issue (appendix to the Biography of the Macedonian Orthodox Church Pontiff regarding 110 Years from his Date of Birth) Јован Јоновски: Сонцето на општинските знамиња во Република Македонија Jovan Jonovski: The Sun on municipal Flags in the Republic of Macedonia МАТЕРИЈАЛИ - PAPERS Александар Симоновски: Пресуда на Окружниот суд во Скопје против Миливој Трбиќ-Војче и други лица (13 јуни 1947 година) Aleksandar Simonovski: Judgement of the District Court in Skopje against Milivoj Trbic-Vojce and others (13 june 1947) Невен Радичевски: Положбата на приврзаниците на резолуцијата на Информативното биро во СР Македонија според известието на Управата за државна безбедност од 1964 година Neven Radicevski: The Status of the supporters of Cominform Resolution in SR Macedonia according to the Report from State Security Administration from Year of

6 РЕЦЕНЗИИ ПРИКАЗИ - REVIEWS - SURVESYS Лидија Кумбараџи Богојевиќ, Османлиски споменици во Скопје, Второ дополнето издание, Скопје (Милка Здравева) Lydia Kumbardzhi Bogojevic, Ottoman Monuments in Skopje, Second expanded Edition, 2014 Skopje. (Milka Zdraveva) Македонија Полска: Историја, култура, јазик, литература, медиуми, Скопје: Институт за национална историја, 2015, 234. (Невен Радически) Macedonia Poland: History, Culture, Language, Literature, Media Institute of National History, Skopje, 2015 (Neven Radiceski) Натали Клејер, Кон потеклото на албанскиот национализам: раѓањето на една мнозинско муслиманска нација во Европа, Скопје: ФООМ 2015, 718. (Петар Тодоров) Nathalie Clayer, On the Origin of Albanian Nationalism: The Birth of a Nation of Muslim Majority in Europe Skopje, FOSM 2015, 718. (Petar Todorov) Драгица Поповска, Споменикот, меморијата и идентитетот, Институт за национална историја, Скопје, 2015; 211. (Теон Џинго) Dragica Popovska, Monument, Memory and Identity, Institute of National History, Skopje 2015; 211. (Theon Jingо) Музафер Бислими, Границата на Албанија и прашањето за манастирот Св.Наум: (документи), Скопје, Институт за национална историја, 2015, 208. (Јетон Доко) Muzafer Bislimi, Kufiri me shqipërinë dhe cështja e Shën Naumit: (dokumente) Shkup, Instituti për histori nacionale, 2015, 208. (Jeton Doko) СООПШТЕНИЈА - ANNOUNCEMENTS Меѓународна научна конференција: Македонија и Полска во модернизациските процеси во XIX XXI век: историја политика јазик култура литература (Скопје, мај 2015 година) (Марјан Иваноски) Macedonia and Poland in modernization Processes in XIX - XXI century : History - Politics - Language - Culture - Literature ( Marjan Ivanoski) Научна трибина: Одбележување на 1000 години од смртта убиството на цар Гаврило Радомир (Драган Зајковски) A scientific Debate Celebration of 1000 Years of Death Murder of King Gavrilo Radomir (Dragan Zajkovski)

7 БИБЛИОГРАФИJA - BIBLIOGRAPHY Соња Стрезоска Велјановска: Минатото на Македонија низ призмата на странски автори (Библиографски податоци објавени во странство во 2010 година) Sonja Strezovska Veljanovska: Past of Macedonia through the Prism of foreign Authors (Bibliographic Data published Abroad in 2010)

8

9 ГЛАСНИК ISSN УДК 27-36:929 ПО ПОВОД 1100 ГОДИНИ ОД УПОКОЈУВАЊЕТО НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ...бидејќи си станал пастир на разумно стадо и неисцрпно море на чуда; и совршенство на свештеникувањето; закон за монасите; вистински пророк на иднината; и учител на многу народи; и нов апостол. Од Службата на св.климент * Историската наука бележи извесен број личности, настани, прашања и други проблеми, кои привлекуваат постојан интерес независно од тоа што трудовите за нив се многубројни. Меѓу нив се, секако, личноста и делото на св. Климент Охридски за кои е многупати пишувано од наши и странски учени луѓе. Секое навраќање кон нив, речиси без исклучок е повторно откривање на корените на кои почива нашата историска свест, култура и духовност. Оваа година се навршуваат 1100 години од упокојувањето на св. Климент Охридски, што е доволен мотив да му ги посветиме првите страници од Гласникот на овој редок и значаен јубилеј. Основен историски извор за св. Климент Охридски се неговите две житија, долгото и кусото, напишани на грчки јазик. Благодарение на нив, ние сме во можност да ја реконструираме биографијата на Светецот. Тие содржат сведоштва за неговите дела како учител, проповедник, епископ и културен деец. Воедно, тие се можеби и едни од најважните историски извори за историјата на Словените на територијата на Балканот во втората половина на 9 и почетокот на 10 век; драгоцен извор не само за црковната и политичката историја, туку подеднакво за литературата и образованието на балканските простори во наведениот период. Освен житијата, за дејноста и особено за ширењето на култот на св. Климент Охридски сведочат и неговите ликовни претстави. Најстариот досега познат лик на св. Климент е сочуван на јужниот ѕид на црквата Св. Софија во Охрид датиран во времето на архиепископот Лав ( ), а пак една од најстарите икони со неговиот ликот е дрвената литиска икона од втората половина на 13 век што се чува во Галеријата на икони во Охрид. * Преводот од грчки јазик е според Службата на св. Климент во Москополски зборник, Пролошки житија на светци, (транскрипција, превод и коментар Христо Мелоски), Скопје 1996,

10 ГЛАСНИК За св. Климент, покрај податоците во неговите житија и фрескоживописот, можеби најдобро сведочи неговата дејност која повеќе од 1100 години го украсува не само македонскиот туку и општословенскиот православен небосклон: тој е соосновач на Охридската книжевна школа, автор е на голем број книжевни дела, работи како учител, архијерејува како епископ, дејствува како советник на месното население (калемење на дрвата), градител е на цркви итн. Воедно, неговото книжевно дело е темел на литературните традиции кај сите словенски народи. За неговата величина сведочи податокот дека книжевните дела на св. Климент честопати ги среќаваме во средновековните кодекси заедно со делата на прочуените црковни отци св. Јован Златоуст, св. Василиј Велики, св. Јован Дамаскин и др. 10 * * * Следејќи ја максимата repetitio est mater studiorum потсетуваме: Климент Охридски (о ) е христијански светител од редот на Светите Седмочисленици, еден од најблиските ученици и соработници на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј. Воедно, науката го бележи за прв словенски епископ на балканскиот простор од византискиот комонвелт. Сепак, поради оскудност во изворите, извесни прашања во врска со животот на св. Климент сѐ уште остануваат отворени за проследување. Меѓу нив, можеби најголема полемика предизвикуваат прашањата поврзани со неговите младешки години. Имено, изворите речиси не даваат никакви податоци за неговото потекло, а непознати остануваат местото и годината на неговото раѓање. Според сведоштвата во неговото Долго (Пролошко) житие, напишано од страна на охридскиот архиепископ Теофилакт ( ), се дознава дека св. Климент го придружувал својот учител св. Методиј уште од неговата рана младост. Теофилакт соопштува дека св. Климент бил сведок на сите дела на неговите учители сесловенските рамноапостоли. Токму животот и моралните квалитети на св. Кирил и Методиј послужиле како образец во животот на нивниот ученик. Врз основа на податоците содржани во наведеното Пролошко житие со голема веројатност претпоставуваме дека блискоста со светите Кирил и Методиј била причината св. Климент да се здобие со солидно образование, поради што бил земен и во познатата Моравска мисија ( ). Тоа за него било ново и мошне важно пастирско и мисионерско искуство кое се покажало извонредно важно во неговата натамошна дејност. Општо познат е податокот дека по смртта на св. Методиј во 885 год. и прогонот на неговите ученици, св. Климент, заедно со св. Наум и Ангелариј, преку Белград стигнале во Плиска престолнината на средновековната држава Бугарија. Оттаму, св. Климент, од страна на светиот бугарски кнез Борис (Михаил Покрстител) бил испратен за учител во областа Кутмичевица (денешниот Охридско-деволски крај). За време на оваа седумгодишна учителска дејност св. Климент ги положил темелите на словенската писменост формирајќи го Охридскиот книжевен центар односно школа. Целта на оваа

11 По повод 1100 години од упокојувањето на свети Климент Охридски Школа била да подготви терен за замена на грчката ерархија со домородна, словенска. Благодарение на нејзината работа, а под раководство на св.климент, за извршување на богослужбите на црковнословенски јазик биле оспособени ученици. Веќе од 893 год. започнува архијерејската дејност на св. Климент. Тоа е годината кога бил хиротонисан за епископ на Дремвица или Велика. И повторно тука се среќаваме со уште едно отворено прашање во науката. Станува збор за прашањето околу убикацијата на неговата епископска столица. До денес, поради недостаток на археолошки и епиграфски материјал, истото сѐ уште чека на конкретен одговор. Она што е недвосмислено јасно е фактот дека за време на епископската дејност св. Климент развил уште позасилена пастирска, просветителска, црковно-организаторска и литературна дејност. Покрај преведувањето и докомплетирањето на богослужбената (литургиска) литература, св. Климент, за потребите на свештенството и верниците, составил слова, поуки и похвали за сите црковни празници и поголем број светци. Најголемиот дел од нив се во чест на Пресвета Богородица, св. Јован Крстител, потоа за старозаветните пророци, христовите апостоли, христијанските маченици, како и за преподобните и други категории светители. Свети Климент Охридски потпишува и извесен број химнографски творби, служби и канони. Тој се смета за автор или, најмалку, коавтор на житијата на неговите учители светите Кирил и Методиј. На тој начин св. Климент ги положил здравите темели на словенската писменост и црковнословенска богослужба. Со своето литературно и мисионерско дело нѐ задолжил не само нас Македонците, туку и сите православни словенски народи. Внимателно читајќи ги хагиографските и други сведоштва за св. Климент Охридски повторно се навраќаме на констатацијата од почетокот на текстов: личноста на св. Климент е толку возвишена, неговата дејност е толку сестрана и плодотворна што секогаш има простор за доискажување. Притоа, некои историски факти не смеат да бидат подзаборавени, но мора да бидат грижливо негувани како принципи на кои треба да почива нашата општествена и културна стварност. Св. Климент Охридски се упокојува на год. и според неговата желба погребан е во манастирот чиј што ктитор бил самиот тој. Станува збор за манастирот Св. Пантелејмон на Плаошник, во Охрид. Подоцна, за време на османлиското владеење на Балканот, моштите на св.климент биле преместувани во црквите Мал (Стар) Свети Климент и Богородица Перивлепта во Охрид, а во 2002 год. по обновувањето на Светиклиментовиот манастир на Плаошник повторно се пренесени на местото за кое тој оставил завет да биде негово почивалиште. 11

12 ГЛАСНИК * * * Она што денес остава впечаток, а е поврзано со личноста и делото на св. Климент, е фактот што по 1100 години од неговото упокојување неговиот култ е присутен во речиси сите православни цркви на Балканот. Тој е подеднакво почитуван од страна на православните христијани во Македонија, Бугарија, Албанија, Србија, а неговиот култ е силно присутен и во Грција каде се чува черепот на Светителот во манастирот Св. Јован Претеча во околината на Бер (Верија). Оттука, без патетика и сосема одговорно заклучуваме дека св. Климент е еден од христијанските светци кои треба да бидат јадро на заедништвото и христијанската љубов на Балканот и пошироко. И сосема на крајот, ова кусо резиме за животот и делото на св. Климент Охридски го завршувам со цитат од неговото Долго (Пролошко) житие кое и по 1100 години од упокојувањето сѐ уште останува безвременски актуелно: О добар пастиру што си ја жртвувал светата душа за нас твоите овци, и преку многу усилби стадото го вброи кон Бога. Нас не насели во затревено место преку Книгите толкувани со твојот јазик и одгледувајќи нѐ со смирувачка вода на божественото крштевање и водејќи нѐ по патиштата на правдината и правењето на добрина. Преку тебе целата земја на Бугарија го осозна Бога, токму ти црквите ги наполни со химни и псалми, празниците со четенија ги расветли, преку твоите житија за Отците монасите се насочуваат кон подвижништво, свештениците преку тебе се подучуваат да живеат канонски. О водачу на слепи, без оглед на каква слепост и водење некој би помислил. О, на господа му створи одбран народ, ревносен за добри дела, што се угледува на тебе. * проф. д-р Драган Зајковски * Преводот од грчки јазик е според Пролошкото житие на св. Климент во Москополски зборник, Пролошки житија на светци, (транскрипција, превод и коментар Христо Мелоски), Скопје 1996,

13 ГЛАСНИК ISSN СТАТИИ УДК 94 (381) -05/-04 ФИЛХЕЛЕН И СОЈУЗОТ: АЛЕКСАНДАР I, АТИНА И ПРВИТЕ ИСКРИ НА СЕВЕРОТ Војислав Саракински Виш научен соработник на Институтот за историја на Филозофскиот факултет при Универзитет Св. Кирил и Методиј Скопје Abstract Simultaneously with the siege of Thasos, ten thousand Athenian and allied colonists went on their way to establish a settlement at Ennea Hodoi, a crossing controlled by the Edonians. This attempt came to a grievous end, as their alleged hostility notwithstanding the Edonians and Alexander the Philhellene most probably had common interests in the area. It would be very reasonable, in 479 BC, to keep an active military force and try to implement some sort of administrative overview over Edonia; fifteen years later, however, after all immediate external threats became a thing of the past, Alexander withdrew the formal border of the kingdom to the west in order to alleviate the cost of keeping soldiers and administrators that far from the capital at Aegae. This, however, did not mean that Edonia left the Macedonian sphere of interest and/or influence. Ruled by a local basileus, they obviously remained ξύμμαχοι καὶ ὑπήκοοι ( allies and subjects ), following the pattern of certain tribes in western Upper Macedonia. Accordingly, in fighting the colonists sent by Athens, they seem to have acted in cooperation with the Argeadai a fact that took the Athenians by surprise. Key words:alexander I, Delian League, colonists, Ennea Hodoi, Strymon. Битката кај Платаја го означила крајот на непосредната персиска закана за копнена Хелада и, воопшто, за Европа; воедно, со тоа завршила и непосредната усло веност на сите локални воено-политички случувања од настаните во грчко-персиските војни. Новите сили во Егеј скиот басен можеле повторно да се свртат кон внатрешните проблеми и да ги исцртаат понатамошните насоки на дејствување. 1 Александар I почнал да го искористува политичкиот вакуум што го оставило триесетгодишното персиско присуство на тракомакедонското крајбрежје, но требало да најде начин како да ги администрира новодобиените 1 Одличен вовед во периодот и историската проблематика дава J. K. Davies, Greece after the Persian Wars, in D. M. Lewis et al. (eds.), The Cambridge Ancient History, Second edition, v. V, The Fifth Century B.C., Cambridge University Press, 1992,

14 ГЛАСНИК Војислав Саракински територии од источниот брег на Аксиј, сè до преминот Девет патишта; 2 Спарта, освен што можела да здивне од економскиот и демографскиот товар на војувањето, морала да го преобмисли своето предводништво во сојузот на хеленските вооружени сили; 3 случувањата, пак, на атинската сцена навестуваат дека атињаните релативно бргу се вратиле во востановените текови на нивниот внатрешно-политички антагонизам. 1. Пресвртот во атинската еклесија. Некаде во ова време, политичката кариера на Темистокле, спасителот на Атина во битката кај Саламина, добила неочекувана и неславна разврска. Во 471 г. ст.е., под притисок на аристократските кругови во Атина, идејниот творец на атинската превласт на море бил непожелен и морал да замине во прогонство. Власта минала во рацете на ари сто кратите кои, по смртта на Аристејд Праведниот, нашле примерен водач во ликот на Кимон Милтијадов. 4 Ако се суди само според изворите, падот на Темистокле и растежот на Кимон ниту пре дизвикале драматични случувања, ниту пак драстично го смениле текот на нештата. Бор бата против Персија, која во меѓувреме се префрлила на островите и на малоазиското крајбрежје, и натаму се водела со зголемена бескомпромисност и жестина, а моќ та и влијанието на Атина продолжиле да се движат по нагорна линија. Сепак, довол но е малку повнимателно да се разгледа новиот распоред на силите, па да излезат на виде ли на сите новини и разлики што произлегле од смената во владејачките кругови. 5 2 Девет патишта се определува како најисточна точка до која допрел Александар I според Dem ; cf. Herod Под претпоставка дека тоа што Павсанија го гледал своето идно поле за дејствување од другата страна на Егејот е само негова лична определба заклучок што произлегува од дејноста на Леотихида во средна и северна Хелада. V. прегледниот наративен приказ на состојбите во Спарта кај E. M. Walker, The Failure of the Spartan Policy, in Ј. B. Bury et al. (eds.), The Cambridge Ancient History v. V, Athens B.C., Cambridge University Press, 1927, 33-40; cf. D. M. Lewis, Mainland Greece B.C. in D. M. Lewis et al. (eds.), The Cambridge Ancient History, Second edition, v. V, The Fifth Century B.C., Cambridge University Press, 1992, Cf. E. M. Walker, The Rise of Cimon, in Ј. B. Bury et al. (eds.), The Cambridge Ancient History v. V, Athens B.C., Cambridge University Press, 1927, За проблемите во врска со изворниот материјал, cf. E. M. Carawan, Thucydides and Stesimbrotus on the Exile of Themistocles, Historia: Zeitschrift für Alte Geschichte 38.2, 1989, Преглед и анализа на изворниот материјал за политичкиот растеж, зенит и пад на Темистокле дава F. J. Frost, Themistocles Place in Athenian Politics, California Studies in Classical Antiquity 1, 1968, Особено затоа што изворниот материјал за петтиот век ст.е. е нееднакво распределен и со различен квалитет. Наместо опсежна анализа, сосем доволно е да се повтори констатацијата на D. M. Lewis ( Sources, Chronology, Method, in D. M. Lewis et al. (eds.), The Cambridge Ancient History, Second edition, v. V, The Fifth Century B.C., Cambridge University Press, 1992, 15 33): For the period from 435 to 411 B.C., Thucydides provides a firm framework. For the period from 478 to 435, he gives us some relatively full narrative on special points and a sketchy narrative from 477 to 440; the only connected narrative of any size is that by Diodorus Siculus. 14

15 Филхелен и сојузот: Александар I, Атина и првите искри на северот Размислувајќи за понатамошниот тек на атинските дејствија, Темистокле се соочувал со сериозни грижи на два фронта. Првиот се однесувал на војната про тив Персија: пред битката кај Евримедонт, моќта на големото кралство сè уште не сме ела да се занемари, ниту пак биле сосем јасни персиските намери и нивната реална моќ. Вто риот фронт, сè уште недоволно дефиниран, се отворал кон Спарта, која секако не гледала со наклоност ниту на демократската атмосфера во Атина, ниту пак на ши ре њето и јакнењето на Делско-атичкиот сојуз, предводен од атињаните. Темистокле постојано морал да внимава не само на идните потфати на Персијците, туку и на можните одгласи во Спарта и кај нејзините сојузници. 6 Од друга страна, имотниот, воинствен и надарен Кимон зад себе ги имал семејните врски со Спарта, како и нејзините симпатии и искрена поддршка, што не сом нено го ослободувало од една голема грижа. Другата грижа била решена во 469 г. ст.е., кога била извојувана значајна победа над Персијците кај Евримедонт во Памфилија; со неа во главни црти завршила епохата на големи воени судири меѓу Хелените и Персијците. 7 Може да се претпостави дека Кимон имал големо предимство во споредба со својот прет ходник: откако двајцата најсериозни непријатели на Атина биле скротени едниот преку се меј ните врски и идеологијата, а другиот на бојното поле тој можел без надворешни пречки да ја по веде Атина кон зацврстување на хегемонијата и понатамошен воен, но и економски рас теж. За ова, пак, најпрвин требало да се обезбеди стабилен прилив на виталните стратешки ре сурси житото и дрвото, а по можност и на скапоцените метали. Како и многупати пред тоа, погледите на атинскиот политички врв сè почесто биле насочени кон тракомакедонското крајбрежје. 8 6 Cf. P. J. Rhodes, The Delian League to 449 B.C., in D. M. Lewis et al. (eds.), The Cambridge Ancient History, Second edition, v. V, The Fifth Century B.C., Cambridge University Press, 1992, 49 sqq. 7 V. деталниот приказ на дејствијата пред битката и на последователните настани кај M. F. McGregor, The Athenians and Their Empire, University of British Columbia Press, 1987, 40 sqq. 8 Треба да се има на ум опомената на J. W. Cole ( Alexander Philhellene and Themistocles, L antiquité classique 47.1, 1978, 37 49), кој цени дека претходните односи меѓу Македонија и Атина ниту давале некоја општа рамка, ниту пак имале удел во подоцнежните случувања, зашто смената на Темистокле со Кимон подразбирала и промена на матрицата на однесување и платформата за дејствија на Атина на северното крајбрежје. Ова всушност е засновано врз убедувањето на авторот дека Темистокле и Александар можеби се познавале и нивните потфати треба да се сфатат како политичко содејство ( We cannot, of course, prove any direct contact between Alexander and Themistocles at this time. Yet it is remarkable how similar the game was which both were playing [...] Alexander and Themistocles were two Greeks who could not lose ; Themistocles before Salamis and Alexander before Plataea. Is this coincidental, or had they discussed their future prospects? ) Ова тврдење ниту може понатаму да се испита, ниту пак да се докаже, а како што се чини, нема потреба новите правци на атинската политика да се објаснуваат со промената на еден или повеќе протагонисти; едноставно, основањето на Делско-атичкиот сојуз донесе на сцена еден нов, сосема поинаков референтен систем на политичката сцена, кој барал и поинакви, наместа и сосем нови парадигми на однесување. 15

16 ГЛАСНИК Војислав Саракински 2. Суштината на првото атинско навлегување. Првиот настан кој ја навестува атинската желба за непосредно присуство на северот се случил во 465 г. ст.е., мошне бргу по пресметката со Персијците кај Евримедонт. 9 За ова пишуваат Тукидид, Диодор и Плутарх: Χρόνῳ δὲ ὕστερον ξυνέβη Θασίους αὐτῶν ἀποστῆναι, διενεχθέντας περὶ τῶν ἐν τῇ ἀντιπέρας Θρᾴκῃ ἐμπορίων καὶ τοῦ μετάλλου ἃ ἐνέμοντο. καὶ ναυσὶ μὲν ἐπὶ Θάσον πλεύσαντες οἱ Ἀθηναῖοι ναυμαχίᾳ ἐκράτησαν καὶ ἐς τὴν γῆν ἀπέβησαν ἐπὶ δὲ τούτων ἀποστάντες Θάσιοι ἀπὸ Ἀθηναίων, μετάλλων ἀμφισβητοῦντες, ἐκπολιορκηθέντες ὑπὸ τῶν Ἀθηναίων ἠναγκάσθησαν πάλιν ὑπ ἐκείνους τάττεσθαι. 11 ἐκ δὲ τούτου Θασίους μὲν ἀποστάντας Ἀθηναίων καταναυμαχήσας, τρεῖς καὶ τριάκοντα ναῦς ἔλαβε καὶ τὴν πόλιν ἐξεπολιόρκησε, καὶ τὰ χρυσεῖα τὰ πέραν Ἀθηναίοις προσεκτήσατο, καὶ χώραν ἧς ἐπῆρχον Θάσιοι παρέλαβεν. 12 Изворите, очигледно, не ни кажуваат многу; сепак, јасно е дека трговските и ру дар ските зафати што островјаните од Тасос ги преземале на копното отспротива го привлекле вни манието на Атина. За ова прашање се развил спор, кој кулминирал со решението на Тасос да излезе од Делоскиот сојуз. Атињаните испловиле во 465 г. ст.е. и, по успешно изве де ната блокада на островот, Тасос бил принуден да се покори. Овој настан, сам по себе, не предизвикува особено внимание. Во приближно исто вре ме се случил и бунтот на Ајгина, а впрочем, вакви реакции против атинското предвод ниш тво имало и пред, и по бунтот на Тасос. Но, 9 Според една напоредна традиција, првиот обид за продор долж течението на Стримон бил направен уште во 475 г. ст.е., веднаш по освојувањето на Ејон. Но, ова го споменува само еден схолијаст на Ајсхин (De fals. leg. 34), и посредно Павсанија (1.29.4), а онаму каде би се очекувало, кај Херодот и Тукидид, за ваквиот обид нема ниту збор. Би било погрешно да се отфрли оваа традиција a priori, зашто во античката историографска традиција има и понелогични, и понеобјасниви лакуни; сепак, претпоставениот обид мошне тешко може да се смести во наративните прикази на настаните, кои речиси целосно се засноваат врз Херодот и Тукидид. Додека не дознаеме повеќе за ова, најбезбедно е да се почне со првиот добро посведочен обид за навлегување на северното крајбрежје, значи со настаните од 465 г. ст.е. Cf. R. Meiggs, The Athenian Empire, Oxford University Press, 1972, 68 69; P. J. Rhodes, The Delian League to 449 B.C ; D. MacDowell, Leogoras at Ennea Hodoi, Rheinisches Museum für Philologie, 102 (1959), Thuc : Нешто подоцна, [на атињаните] им се одметна Тасос, со кого спореа за користењето на трговските испостави и рудниците на крајбрежјето отспротива. Откако ја изведоа флотата против Тасос, победија во поморска битка и се истоварија на островот. 11 Diod : Во тоа време Тасос се одметна од атињаните поради спорот со рудниците; но, откако беа опсадени, мораа повторно да го прифатат нивното првенство. 12 Plut. Cim. 14: Потоа ги победи во поморска битка жителите на Тасос, кои претходно се беа одметнале од атињаните; им заплени триесет и три кораби, го опсади нивниот град, ги натера да се предадат и така им ги прибави на атињаните златните рудници на брегот отспротива, како и тамошната земја со која господареше Тасос. 16

17 Филхелен и сојузот: Александар I, Атина и првите искри на северот мошне е интересно тоа што, во потполно исто вре ме, десет илјади атински и сојузнички населеници биле пратени да основаат населба во дол ниот тек на Стримон, поточно на преминот преку Стримон кај Девет патишта, кој сега веќе го контролирале Едонците: ἐπὶ δὲ Στρυμόνα πέμψαντες μυρίους οἰκήτορας αὑτῶν καὶ τῶν ξυμμάχων ὑπὸ τοὺς αὐτοὺς χρόνους ὡς οἰκιοῦντες τὰς τότε καλουμένας Ἐννέα ὁδούς, νῦν δὲ Ἀμφίπολιν, τῶν μὲν Ἐννέα ὁδῶν αὐτοὶ ἐκράτησαν, ἃς εἶχον Ἠδωνοί, προελθόντες δὲ τῆς Θρᾴκης ἐς μεσόγειαν διεφθάρησαν ἐν Δραβησκῷ τῇ Ἠδωνικῇ ὑπὸ τῶν Θρᾳκῶν ξυμπάντων, οἷς πολέμιον ἦν τὸ χωρίον [αἱ Ἐννέα ὁδοὶ] κτιζόμενον. 13 ἅμα δὲ τούτοις πραττομένοις Ἀθηναῖοι θαλαττοκρατοῦντες εἰς Ἀμφίπολιν ἐξέπεμψαν οἰκήτορας μυρίους, οὓς μὲν ἐκ τῶν πολιτῶν, οὓς δ ἐκ τῶν συμμάχων καταλέξαντες, καὶ τὴν χώραν κατακληρουχήσαντες μέχρι μέν τινος ἐκράτουν τῶν Θρᾳκῶν, ὕστερον δὲ αὐτῶν ἀναβάντων εἰς Θρᾴκην συνέβη πάντας τοὺς εἰσβαλόντας εἰς τὴν χώραν τῶν Θρᾳκῶν ὑπὸ τῶν Ἠδωνῶν καλουμένων διαφθαρῆναι. 14 Вистина е дека бунтот на Тасос не можел во потполност да се предвиди: атинската вој ска била пратена и дејствувала само како одговор на она што се случувало, а освен тоа, во мигот кога атињаните набрзина испловувале кон Тасос, намерата за испраќање насе ле ни ци на север бездруго била веќе осмислена. 15 Сепак, како што ќе видиме, меѓу овие два нас тани постои очигледна врска. Поводот за непријателството со Тасос е јасен: во прашање биле рудниците што ост ров јаните ги имале на копното. 16 Со конечната разврска, која уследила по тригодишни не при јателства и воени надмудрувања, Атина, покрај Лаврионските рудници, сега не пос редно контролирала најмалку уште еден извор на скапоцени метали. 17 Од друга страна, оби дот за населување кај Девет 13 Thuc : Приближно во ова време, [атињаните] пратија десет илјади населеници, кои ги собраа од сопственото граѓанство и од сојузниците, со цел да го населат местото што тогаш се нарекуваше Девет патишта, а сега го знаеме како Амфипол. Успејаа да ја освојат месноста што ја држеа Едонците, но откако се придвижија кон внатрешноста на Тракија, беа уништени од здружени тракиски сили кај Драбеск во Едонија, зашто овие ценеле дека основањето на населбата [Девет патишта] е чин на непријателство. 14 Diod : Во исто време со овие настани, атињаните, кои имаа превласт на море, испратија десет илјади населеници кон Амфипол: дел беа собрани од сопствените граѓани, а дел од кај сојузниците. Таму ја поделија земјата на клерухии и, за извесно време, ги држеа Тракијците мирни; но, откако тргнаа да навлезат подлабоко во Тракија, сите беа збришани од племето наречено Едонци. 15 Cf. R. Meiggs, The Athenian Empire, 83 sqq. 16 Thuc Издавачите на АТL (3.259) ценат дека поседите на Тасос не биле одземени, зашто износот што островот требал да го исплати во касата на сојузниците бил зголемен од три на триесет таланти. Но, R. Meiggs (The Athenian Empire, 85 86) правилно забележува дека износот од три таланти е несфатливо мал, и претпоставува дека триесетте таланти се веројатниот очекуван износ од Тасос: триесет таланти, на пример, плаќала и Ајгина. 17

18 ГЛАСНИК Војислав Саракински патишта се толкува различно. Големиот број населеници, како и присуството на воена сила, сведочат дека на идната населба ѝ била наменета зна чај на улога, но за неа, за жал, можеме само да претпоставуваме. 18 Што, всушност, барале атињаните кај Стримон? Може да се шпекулира дека активностите на Атина биле насочени кон бисалтските руд ници на планината Дисорон. 19 Ако Кимон сакал да започне непријателство со Алек сандар и да присвои дел од неговите територии, овие рудници се највредното нешто кон кое би се стремел. Но, против ваквиот тек на настаните говори обвинението што, мал ку подоцна, било поднесено против него; иако можел, Кимон не го нападнал крал ството на Аргеадите. Освен тоа, атињаните веќе војувале за рудни наоѓалишта, и тоа ток му во соседството; да се војува и за Дисорон би било логично само ако крајната цел била да се контролираат сите рудни наоѓалишта во поширокото подрачје, но се чини дека вак вата мотивација не би можела ниту да се оправда, ниту пак, во ова време, да се оствари. Интересот за дрвна граѓа е споменат само во една претпоставка, па сепак, ако се земе пред вид поширокиот кадар на настаните, логиката зад неа е веројатно најсилна. 20 Клу чот на загатката лежи во расчекорот меѓу стратешките потреби на Атина и начините тие да се задоволат. Атина обезбедила пазар за сите потребни ресурси, но во голема мера од само еден главен извор: житото доаѓало од Понт, дрвото од македонското кралство, а среб рото било Можно решение дава L. C. Hodlofski (Macedonian Relations with Athens to 413 B.C., Thesis, The Pennsylvania State University, 1979), кој претпоставува дека рудниците не биле одземени, но дека исплатите од Тасос наместо во сојузната, оделе директно во атинската каса како воени репарации. Според ова, Атина ги добила благодетите од рудниците на Тасос, без обврска лично да ги управува. 18 L. C. Hodlofski, Macedonian relations..., 63. Цел на населениците бил преминот кај Девет патишта; немало причина да се оди толку далеку во внатрешноста без причина. Најверојатно станува збор за атински воен одред со кој требало да се штити основањето на населбата. По поразот на овој одред, населениците останале без воена заштита, па морале да се повлечат. Прегледен приказ на целата приказна дава P. Delev, The Edonians, Thracia 17, In honorem annorum LX Cirili Yordanov, 2007, , кој со убедлива анализа на нумизматичките извори претпоставува дека името на едонскиот басилеј е Гета, но не навлегува подалеку во причините за овој потфат и за мотивите на атињаните. 19 N. G. L. Hammond & G. T. Griffith, A History of Macedonia, volume II, B.C., Oxford, 1979, L. C. Hodlofski, Macedonian relations..., 64, веројатно под влијание на неговиот ментор, кој и самиот има мошне сличен став: By the early fifth century B.C., the Persians, already active in the north Aegean, were aware that the forests of the Strymon River area might supply the Greeks with ships and oars (Hdt. 5.23, although perhaps with hindsight). But what was clear to Persian strategists may not yet have interested Greek builders. (E. N. Borza, Timber and Politics in the Ancient World: Macedon and the Greeks, Proceedings of the American Philosophical Society 131.1, pp. 33). Cf. R. Meiggs, The Athenian Empire, 84, кој зборува за комбинација од интереси дрвна граѓа, сребро и контрола на патниот правец исток запад кој го сече Стримон што секако не е исклучено; но, еден интерес мора да е примарен, а во дадениот момент тоа може да е само потребата од алтернативен извор за дрвна граѓа. Слично е и кај F. M. McGregor, The Athenians...,

19 Филхелен и сојузот: Александар I, Атина и првите искри на северот домашно. Ширењето на атинскиот воен опсег, но и на политичките апе тити на Атина, секако придонесувале расходите да бидат повисоки од порано; во случај среброто од Лаврион да се покажело како недоволно, а придонесите на сојузниците да не можеле во це лост да се наплатат, Атина сега располагала и со среброто од север. Во исто време, атин ските добавки на дрво сè уште целосно се потпирале врз големите и квалитетни маке дон ски резерви. Александар и понатаму бил главниот снабдувач со дрвна граѓа, но далеку од тоа дека можел да биде подложен на атинска контрола. Најважната ставка во атинскиот увоз не смеела да зависи од добрата волја на македонскиот монарх. Водена од потребата за дрво, Атина можеби морала да внимава на македонските интереси; но, од друга страна, ниш то не го принудувало Александар да внимава на атинските. Околу 465 г. ст.е., ати ња ните процениле дека им се укажала поволна прилика за дејствување; според нив, терито ри ја та што овоз можувала пристап кон месните извори на дрвна граѓа веќе не била во рацете на Алек сандар. И Кимон, впрочем, бил доволно остроумен за да не му се спротивстави ди рек тно на Алек сандар: би било голема грешка да се доведе во прашање стабилниот прилив на пиериско дрво, само за да се посегне по едонското. Сè укажува на тоа дека атинската стратегија била навидум добро осмислена, а мигот за ак ција одбран мудро и претпазливо. Сепак, обидот да се населат Девет па тишта завршил со катастрофа. Повнимателното навлегување во причините за ваквиот исход води кон интересни сознанија. 3. Едонија или Македонија? За да се сфатат собитијата што го условиле пропаѓањето на атинскиот обид за насе лу вање, треба да се тргне по малку заобиколен пат. Како што видовме, кусите спо ме нувања во изворите навестуваат дека, некаде околу 465 г. ст.е., преминот преку Стримон кај мес тото Девет патишта повторно паднал во рацете на Едонците; во продолжение, ќе го разгледаме клучниот елемент во атинското решение да се почне со спроведувањето на це ли от потфат заблудата дека местото на идната населба веќе не се наоѓа во границите на кралството на Александар I Филхелен. Настанот е забележан само патемно, во светлина на атинскиот потфат, па затоа е ре чи си невозможно со сигурност да се каже зошто и како Александар се повлекол од Девет па тишта; решението на овој проблем мора да се бара посредно, по пат на претпоставки и кон јуктури. Многумина современи истражувачи изнесуваат претпоставка според која новоосвоените територии биле преголем залак за Александар и за неговите освојувачки амбиции, и дека десетина години по нив ното вклучување во македонското кралство Александар сфатил дека тешко може да се спра ви со големината на овие територии, но и со наводниот отпор на месното население. По некол ку помали судири, се вели понатаму, едонските племиња успеале повторно да извојуваат независност од централната власт, а Александар морал да се пов лече кон запад Во оваа насока размислуваат N. G. L. Hammond & G. T. Griffith, A History of Macedonia..., особено R. M. Errington, A History of Macedonia, Berkeley - Los Angeles - Oxford, 1990, и попретпазливо, E. N. Borza (In the Shadow of Olympus: the Emergence of Macedon, Princeton, New Jersey, 1990), сите во поглавјата посветени на владеењето на Пердика. Има и истражувачи кои го обработуваат токму овој период, но воопшто 19

20 ГЛАСНИК Војислав Саракински Ваквата конјуктура секако се потпира врз извесна логика и, како што ќе видиме во про должение, одредени нејзини аспекти во неа се веројатно точни. Изворите навистина нед вомислено споменуваат дека во 465 г. ст.е. Александар веќе не го држел преминот преку Стри мон; сепак, редовно се превидува дека сè што може непосредно да се извлече од изво рите запира токму тука. Тукидид не кажува ниту збор за односите меѓу Александар и месното население, ниту пак за нивното меѓусебно расположение; исто така, тој не ни дава увид во настаните по кои Александар ја поместил границата кон запад. Значи, може да се размислува дека работите се одвивале малку поинаку од она што, речиси едно душно, се вели во современите конјуктури. Пред да проговориме за можното решение на оваа загатка, треба да ги разгледаме сла бос тите на споменатата претпоставка. Првиот проблем произлегува од текот на атин ските активности во ова подрачје. Веќе проговоривме за нивната намисла и крајна цел, а на ова место повторно ќе се задржиме на реакцијата на месното население:...προελθόντες δὲ τῆς Θρᾴκης ἐς μεσόγειαν διεφθάρησαν ἐν Δραβησκῷ τῇ Ἠδωνικῇ ὑπὸ τῶν Θρᾳκῶν ξυμπάντων, οἷς πολέμιον ἦν τὸ χωρίον [αἱ Ἐννέα ὁδοὶ] κτιζόμενον ὕστερον δὲ αὐτῶν ἀναβάντων εἰς Θρᾴκην συνέβη πάντας τοὺς εἰσβαλόντας εἰς τὴν χώραν τῶν Θρᾳκῶν ὑπὸ τῶν Ἠδωνῶν καλουμένων διαφθαρῆναι. 23 Како да се сфати и да се објасни реакцијата на Едонците? Да прифатиме само за момент де ка, околу 465 г. ст.е., интересите на Едонците во ова подрачје биле загрозени од Алек сан дар и македонското кралство. Како што беше изложено погоре, кралот ја искористил нив на та слабост и политичка дезориентираност, па навлегол во едонските територии и запо сед нал стратешки важни места каде што останал не помалку од една деценија; но, откако ги збиле своите редови, Едонците успеале повторно да извојуваат самостојност и да ја от фрлат превласта на Александар... и, некаде во тоа време, на нивниот хоризонт се поја виле атинските сили. Неочекуваното атинско наметнување секако морало да предизвика реакција: не е мно гу веројатно дека Едонците не биле засегнати од новиот развој на настаните. Раз бирливо, тие морале да размислуваат како да ги искористат настаните во своја полза и, во сог ласност со ова, да одберат опција која најмногу би им одговарала. Според логиката на неш тата, прифаќањето на атинското не се задржуваат на причините поради кои Александар се повлекол од Стримон; тие, имено, само го споменуваат повлекувањето како востановен историски факт за кој се зборува во античките извори. Сепак, задачата што си ја поставивме не ни дозволува да го одминеме овој проблем, туку напротив, налага врз него да се задржиме поподробно. 22 Thuc :... но откако се придвижија кон внатрешноста на Тракија, беа уништени од здружени тракиски сили кај Драбеск во Едонија, зашто овие ценеле дека основањето на населбата [Девет патишта] е чин на непријателство. 23 Diod :... но, откако тргнаа да навлезат подлабоко во Тракија, сите беа збришани од племето наречено Едонци. 20

21 Филхелен и сојузот: Александар I, Атина и првите искри на северот присуство, па дури и давањето на одмерена поддршка на атинските напори, била сосем возможна и прифатлива опција. Без оглед на тоа што Ати на секако би се обидела да ги искористи како инструмент за сопствената експанзија, Едонци те несомнено би ги добиле симпатиите на моќниот полис и, најважно од сè, на овој на чин апетитите и моќта на нивниот непосреден непријател, кралот на Македонија, би биле целос но неутрализирани. Но, како што видовме, Едонците реагирале на мошне неочекуван на чин: наместо да застанат зад присуството на Атина, тие остро и насилно се пресметале со новодојденците. Едонскиот чин на насилство во самоодбрана нè соочува со една клучна нелогичност. Спо ред современите толкувања на состојбата, Едонците и Македонија биле противници; но, како што може да се види, Едонците одбрале да ѝ бидат непријатели и на Атина, а изво ри те не споменуваат никаков привремен договор меѓу Атина и Македонија, чии односи поч нале да се заладуваат. Токму тука излегува на виделина слабоста на ова стојалиште: од не го произлегува дека, по десетгодишно мирување под раката на централната власт, Едонци те во еден одреден миг се почувствувале толку силни што свесно прифатиле да имаат сери оз ни непријатели на два фронта непријатели кои, ако нештата тоа го барале, можеле набр зина да склучат договор за заедничко дејствување и без одлагање да го решат целиот проблем, но, сепак не го сториле тоа. 24 Ова е невозможна слика за некаква тристрана нетрпеливост, во која секој се спротивставува се кому и, уште почудно, интересите на трите страни се толку разнообразни, што ниту една од нив не прифаќа ниту привремено здружување. Како да се разреши овој јазол? Наместо да се задржуваме на текот на настаните, работите ќе станат појасни ако го на сочиме вниманието кон последиците од целата оваа мешаница. Атина претрпела не посредна и сериозна загуба. Нејзиниот обид поцврсто да се наметне во долниот тек на Стри мон завршил со неуспех, придружен со човечки жртви и неоправдани расходи. Од дру га страна, Едонците успеале да ја задржат целосната контрола во ова подрачје, каква што била и нивната првична намера. 25 Но, полза извлекло и македонското кралство: со чи нот на Едонците, макар за извесно време, било одложено воспоставувањето туѓа контрола во македонската интересна сфера. 26 Тоа е факт кој не смее да се 24 Слично нешто се случило во 432 г. ст.е., по избивањето на бунтот во Потидаја: Тукидид ( ) објаснува дека Атина и Македонија, дотогаш спротивставени, склучиле договор од нужда. V. и подолу, во разделот V. S. Sprawski, The Early Temenid Kings to Alexander I, in J. Roisman & I. Worthington (eds.), A Companion to Ancient Macedonia, Wiley Blackwell, 2010, 142; cf. J. W. Cole, Alexander Philhellene and Themistocles Справски е убеден дека атињаните имале намисла да освојуваат и територии под непосредна власт на Аргеадите, но дека не успеале во намерата; без оглед на изворните податоци, ваквото тврдење ми се чини премногу храбро, ако се има предвид дека устието на Стримон веќе лежело прилично далеку од територијата што Александар непосредно ја контролирал, а освен тоа, за вакви дејствија би била неопходна и логистичка база, која атињаните ниту ја имале, ниту пак успеале да ја воспостават. 26 E. M. Walker ( Attempted colonizaton, in Ј. B. Bury et al. (eds.), The Cambridge Ancient History v. V, Athens B.C., Cambridge University Press, 1927, 57 8) го 21

22 ГЛАСНИК Војислав Саракински потцени, ако се земе предвид дека обидот за контрола доаѓал од воениот и економски најсилниот хеленски полис кој, по го дини стабилност и меѓусебно толерирање, покажал неочекувано агресивен пристап. Последиците од целата работа неоспорно укажуваат дека Едонците и Македонија, всушност, се пос тавиле на иста страна и имале заеднички интерес; со ова се побива прет пос тав ката за нивното наводно непријателство. Но, ако нештата навистина биле такви, ако пов ле кувањето на Александар од Девет патишта не подразбирало непријателство со месното насе ление, мора да се објасни кои се причините и целта поради кои македонскиот крал се пов лекол од брегот на Стримон. Одговорот, се чини, не треба да се бара подалеку од текстот на Тукидид: τῶν γὰρ Μακεδόνων εἰσὶ καὶ Λυγκησταὶ καὶ Ἐλιμιῶται καὶ ἄλλα ἔθνη ἐπάνωθεν, ἃ ξύμμαχα μέν ἐστι τούτοις καὶ ὑπήκοα, βασιλείας δ ἔχει καθ αὑτά. 27 За волја на вистината, Тукидид во оваа реченица говори за областите од спротивниот, за паден дел на кралството; па сепак, овој податок е мошне значаен, зашто сведочи дека одре дена област не морала да се вклучи или приближи кон македонското кралство по пат на воено освојување и судир. Освојувањето со воена сила секако бил најнепосреден и нај чест начин на наметнување власт, и веројатно на тој начин била добиена Еордаја; но, кога усло вите тоа го барале, било можно и склучување на династички брак со локалните вла де тели, на што упатува ородувањето со елимејската кралска куќа. Најпосле, во услови кога во е- ното наметнување или контролата биле сосем невозможни, а немало можност да се склу чи династички брак, областа или племенската заедница можела да има свој басилеј и да биде автономна, сè дури ја признавала врховната власт на Аргеадите и не дејствувала спро тивно на нивните интереси. Се чини дека последната опција мошне добро ја опишува по лож бата на Едонците во ова време; впрочем, во прилог на ова зборува и сличната, по не когаш и идентична иконографија на монетите на македонското кралство и локалните пле ми ња, нешто што не би доаѓало предвид ако монетите ги ковале два воено и политички спро тив ставени субјекти. 28 Ако се има на ум сево ова, станува многу појасен и најверојатниот тек на нештата. Извесно време по освојувањето на преминот кај Девет патишта, дефинира ставот на Александар на едноставен (и веројатно правилен) начин со синтагмата Thus far and no farther. 27 Thuc. 2.99: Меѓу Македонците се вбројуваат и Линкестите и Елимејците, како и други горни племиња, кои им се сојузници и поданици, но сепак имаат свои кралски куќи. 28 Cf. N. G. L. Hammond & G. T. Griffith, A History of Macedonia..., и E. N. Borza, In the Shadow of Olympus..., 127 8; иако ја констатираат очигледната сличност на иконографијата, тие не се обидуваат да ги објаснат причините за неа. Contra, очекувано, M. Tačeva ( On the Problems of the Coinages of Alexander I Sparadokos and the So-Called Thracian-Macedonian Tribes, Historia: Zeitschrift für Alte Geschichte 41.1, 1992, pp ), која одвај го дозволува изразот тракиско-македонски ковања монети ; P. Delev, The Edonians..., 26 sqq. се задржува во локални рамки и, освен north Aegean, не дава друга карактеризација на ковањето монети. 22

23 Филхелен и сојузот: Александар I, Атина и првите искри на северот Александар во Едонија навис тина морал да држи активна воена сила и во новоосвоената област да спроведе цен тра лизирано управување. Сепак, петнаесетина години подоцна, откако страстите се сми ри ле, на влијанието на Аргеадите во Едонија веќе не му се заканувала непосредна опасност ни ту однадвор, ниту пак од месното население. Во такви услови, македонските стражи на Стри мон и присуството на државната администрација веројатно почнале да претставуваат не пот ребен товар врз економијата на кралството, особено зашто можело да се најде и дру го, поисплатливо и поприфатливо решение. Александар ја повлекол кон запад формалната гра ни ца на кралството, и тоа, државната администрација и државната војска. Поместува ње то на границата не значело ниту заладување на односите со Едонците, ниту пак излегување на Едонија од сферата на интерес и влијание на Аргеадите. Едонците има ле свој басилеј 29 исто како и горномакедонските племиња од споменатата реченица на Тукидид ξύμμαχα μέν τούτοις καὶ ὑπήκοα. Тие дејствувале во согласност со опш ти те интереси на Аргеадите и, кога се појавиле атинските сили, им се спротивставиле во обо с тран интерес. Атињаните, по сè изгледа, станале жртви на сопствената заблуда, или поточно на слабата логистичка подготовка за планираниот потфат. 4. Кимон (и Александар) пред судот на јавноста. За неуспехот кај Стримон некој сепак морал да одговара. По враќањето во Атина во 463/2 г. ст.е., Кимон бил соочен со сериозно обвинение: ἐκεῖθεν δὲ ῥᾳδίως ἐπιβῆναι Μακεδονίας καὶ πολλὴν ἀποτεμέσθαι παρασχὸν ὡς ἐδόκει, μὴ θελήσας αἰτίαν ἔσχε δώροις ὑπὸ τοῦ βασιλέως Ἀλεξάνδρου συμπεπεῖσθαι, καὶ δίκην ἔφυγε τῶν ἐχθρῶν συστάντων ἐπ αὐτόν. 30 Обвинението против Кимон е споменато патем, како една политичка епизода во него вата државничка кариера. Плутарх, кому настаните на северното крајбрежје секако не му биле во преден план, не навлегува во детали, па многу нешта во врска со овa остануваат нејасни. 31 Пред сè, треба да се испита зошто Александар, според некои атињани, требало да би де нападнат. Искажана е претпоставка според која атињаните ја увиделе неговата улога во целиот настан, па нападот врз Македонија требало да следи како одмазда или казна. 32 Се пак, треба да се има предвид дека ваквата 29 Cf. N. G. L. Hammond & G. T. Griffith, A History of Macedonia..., 130, особено заб Plut. Cim. 14: Се чинело дека оттаму има можност полесно да ја нападне Македонија и да освои поголем дел од земјата, но овој не го сторил тоа. Поради тоа си навлекол обвинение дека, всушност, кралот Александар го поткупил со дарови; неговите здружени непријатели успеале да му издејствуваат и судски прогон. 31 Под прашање е дури и природата и целта на обвинението; тоа што Кимон се избавил и поминал полесно од очекуваното (в. подолу) не мора да значи ништо, зашто, како што опоменува R. Meiggs (The Athenian Empire, 88), можно е главната цел на овој судски процес била да послужи како политичка показна вежба, еден обид за подзасилување на политичкиот притисок врз атинските аристократи, при што Александар I послужил само како повод за целата работа. 32 E. M. Walker, The Rise of Cimon,

24 ГЛАСНИК Војислав Саракински реконструкција се потпира врз современите ви дувања за настаните кај Девет патишта. Доколку атињаните знаеле каква е вистинската при рода на односите меѓу Александар и Едонците, најверојатно би можеле да ја прет пос тават реакцијата на месното население, па би го одложиле целиот потфат за некој попово лен миг; освен тоа, и Тукидид секако не би пропуштил да проговори за скриената улога на маке донскиот крал. Друга можна претпоставка е дека на Александар му се префрлало по ра ди небрежност; имено, тој сè уште бил атински проксен и евергет, а не се потру дил да им пружи помош на населениците. 33 Ова, пак, е сосем спротивно на атинските на ме ри и интереси. Атина сакала да влезе во Стримонскиот басен, но, истовремено, не сакала да се постави непријателски кон својот главен снабдувач со дрвена граѓа. Интересот на Ати на диктирал Александар да биде што подалеку од местото на настанот и, по можност, да не ма никаков удел во него. Најпосле, атињаните биле убедени дека Александар не можел да го задржи преминот ниту за себе; зошто би очекувале дека ќе биде способен да им по мог не на хеленските населеници? Сепак, податокот на Плутарх не смее лекомислено да се отфрли, зашто Кимон ја избегнал смртната казна за само три гласа. 34 Очигледно, за голем број атињани обвине ни ето било доволно издржано, а на пресметката со Кимон се гледало благонаклоно. Уште по важ но, може да се каже дека, во ова време, во Атина постоеле политички кругови кои би ле доволно храбри и самоуверени за да пропагираат војна против Македонија. 35 Доволен е са мо еден поглед врз имињата на обвинителите, за да се открие идентитетот и политичкото стојалиште на овие храбри политички дејци. Најопасниот обвинител на Кимон бил Пе ри кле, синот Ксантипов. Ова наведува на помисла дека процесот против Кимон имал по литичка заднина, а оцрнувањето на Александар имало специфична улога во бор бата за по ли тички поени. Кимон несомнено добро се бранел и, најпосле, успеал да помине само со казна од педе сет таланти. Но, ова судење, барем од она што може да се извлече од Плутарх, го означило по че токот на беспоштедната борба меѓу Кимон и атинските демократи. Причините за ова не при јателство се мошне јасни и, во голема мера, идентични со оние што довеле до остра ки рањето на Темистокле десетина години порано. Впрочем, целиот овој период бил одбе ле жан од борбите за власт меѓу атинските олигарси и демократи. Многу поинтересен од тоа е начинот на кој се водела политичката борба, а кој, во желбата да се придвижи демо сот, подразбирал и сосема нов степен на ударност L. C. Hodlofski, Macedonian relations..., Dem. In Aristocr. 205:... καὶ Κίμωνα, ὅτι τὴν πάτριον μετεκίνησε πολιτείαν ἐφ ἑαυτοῦ, παρὰ τρεῖς μὲν ἀφεῖσαν ψήφους τὸ μὴ θανάτῳ ζημιῶσαι, πεντήκοντα δὲ τάλαντ ἐξέπραξαν. Кимон се осмелил по сопствена волја да го урива прадедовското уредување, и затоа одвај, за само три гласа, се спасил од смртна казна; затоа пак морал да плати казна од педесет таланти. 35 Cf. R. M. Errington, A History of Macedonia..., Теоретските аспекти, конституционалните определници и правните ограничувања на оваа политичка борба се одлично обработени од W. Eder, Aristocrats and the Coming of 24

25 Филхелен и сојузот: Александар I, Атина и првите искри на северот Политичкиот манир на новите атински демократи бил мошне интересен. Тој може уба во да се сфати од зборовите на Плутарх: ἐπεὶ δ Ἀριστείδης μὲν ἀποτεθνήκει καὶ Θεμιστοκλῆς ἐξεπεπτώκει, Κίμωνα δ αἱ στρατεῖαι τὰ πολλὰ τῆς Ἑλλάδος ἔξω κατεῖχον, οὕτω δὴ φέρων ὁ Περικλῆς τῷ δήμῳ προσένειμεν ἑαυτόν, ἀντὶ τῶν πλουσίων καὶ ὀλίγων τὰ τῶν πολλῶν καὶ πενήτων ἑλόμενος ὡς δὲ πάλιν ἐπὶ στρατείαν ἐξέπλευσε, τελέως ἀνεθέντες οἱ πολλοὶ καὶ συγχέαντες τὸν καθεστῶτα τῆς πολιτείας κόσμον τά <τε> πάτρια νόμιμα οἷς ἐχρῶντο πρότερον Очигледно, единствена прилика во која атинските демократи можеле со успех да ги про пагираат своите политички идеи биле миговите кога Кимон не се наоѓал во Атина. За нив на среќа, Кимон мошне често отсуствувал од Атина, па во негово отсуство Ефијалт и Пери кле целосно се посветиле на задачата да го придобијат народот на своја страна. 39 Сепак, зада чата била потешка одошто би можело да се очекува, зашто ὁ γὰρ Κίμων ἅτε τυραννικὴν ἔχων οὐσίαν, πρῶτον μὲν τὰς κοινὰς λῃτουργίας ἐλῃτούργει λαμπρῶς, ἔπειτα τῶν δημοτῶν ἔτρεφε πολλούς. ἐξῆν γὰρ τῷ βουλομένῳ Λακιαδῶν, καθ ἑκάστην τὴν ἡμέραν ἐλθόντι παρ αὐτὸν ἔχειν τὰ μέτρια. ἔτι δὲ τὰ χωρία πάντα ἄφρακτα ἦν, ὅπως ἐξῇ τῷ βουλομένῳ τῆς ὀπώρας ἀπολαύειν. 40 За да се урне Кимон не било доволно само заговарањето на демократите. За да го замра зи човекот кој ја хранел целата своја дема и за чија дарежливост Athenian Democracy, in I. Morris & K. A. Raaflaub (eds.), Democracy 2500? Questions and Challenges, Archaeological Institute of America, Colloquia and Conference Papers II, 1997, (со нагласка врз современите паралели); и особено В. Gouschin, Democracy and Aristocracy in Ancient Athens: Deformation or Adaptation?, Higher School of Economics Research Paper No. WP BRP 101/HUM/2015 (со нагласка врз политиката на атинските аристократи). 37 Plut. Pericl. 7.2.:... но, во времето кога Аристејд веќе бил мртов, Темистокле прогонет, а походите го држеле Кимон понастрана од Хелада, Перикле успеал да ја запоседне политичката сцена, при што решил да ги застапува интересите не на малкумината богати, туку на сиромашното множество. 38 Plut. Cim. 15.2: Но, откако повторно испловил во поход, множеството се оддало на самоволие и го урнало не само поредокот на државата, туку и прадедовските обичаи што се почитувале претходно Прегледен и јасен приказ на овие политички надмудрувања дава C. W. Blackwell, Cimon, in C. W. Blackwell (ed.), Demos: Classical Athenian Democracy, Stoa: a consortium for electronic publication in the humanities, Cf. R. A. Knox, So Mischievous a Beaste? The Athenian ʼDemosʻ and Its Treatment of Its Politicians, Greece & Rome, Second Series, 32.2, 1985, Arist. Ath. pol. 27.3: Кимон имал имот достоен за тиранин. Не само што беспрекорно ги извршувал јавните служби, туку и крепел и хранел многумина од неговата дема. Секој жител на Лакијада можел секој ден да се обрати во домот на Кимон, и ќе добиел следување за да го истера денот, а на имотот немал никаква ограда, за секој што сака да си вкуси од богатиот род. 25

26 ГЛАСНИК Војислав Саракински се пределе приказни, де мосот требал да добие на увид нешто опипливо. Обвинението за поткуп, од денешна глед на точка, би изгледало дури и по малку наивно: ако во антиката без подлога се кори с тело некое обвинение со цел да се оцрни политичкиот противник, тоа било токму обвине ни ето за поткуп, кое, патем кажано, често се случувало по некој крупен воен или поли тички неуспех. Како што видовме, Кимон донел мудро решение. И покрај тоа што сакал да посегне по суро вините од северното крајбрежје, тој по никоја цена не сакал да го ризикува стабилниот при лив на пиериско дрво. Ова, секако, му било јасно на целиот атински политички врв. Во крај на линија, иако се наоѓала во несомнен напон, Атина немала воена и економска моќ да се вовлекува во судир кој можеби би ги ангажирал нејзините сили со години. Војна против Алек сандар, во таков миг и со таква распределба на силите, очигледно не доаѓала предвид. Што тогаш бара името на македонскиот крал во обвинението? Едноставно, некој морал да биде споменат; некој морал да му го понуди поткупот на Ки мон. Во оваа приказна не требало да бидат убедени ниту филозофите, ниту политичките деј ци (уште помалку, пак, современите историчари), туку токму оној дел од демосот кого Тукидид и Аристотел погрдно го нарекуваат ναυτικὸς ὄχλος, морнарска толпа, 41 луѓето кои ни насоне не би можеле да си дозволат хоплитска спрема, но вределе доволно за да бидат веслачи на вое на триера... и гласачко оружје на Ефијалт и Перикле. Кај нив, секако, можела да мине во ин ствената реторика, која истовремено удирала врз етиката на Кимон и ги нагласувала пат ри отските чувства на поднесувачите на тужбата. За конечната судбина на Кимон, сепак, не се заслужни атинските демократи, туку спартанските ефори: со едно избрзано и не ос мис лено политичко решение, тие ја запечатиле судбината на својот прв човек во Атина. 42 По срамните настани на планината Итома, десет години по Темистокле, и Кимон тргнал по патот на прогонството. Имајќи го предвид понатамошниот развој на настаните, би се рекло дека Александар се нашол во лошо друштво: интересите на морнарската толпа на Аристотел сѐ повеќе из ле гувале во преден план, а таа, пак, во Александар не гледала пријател на Атина. Па сепак, су дирот, иако неминовен, се чинел подалечен од кога и да е. Со вмешувањето во еги пет ското востание повторно биле предизвикани Персијците, а острото заладување на односите со Спарта завршило со војна. Македонското кралство, макар за извесно време, било надвор од хоризонтот на случувањата. 41 Thuc ; Arist. Pol. 1304a Прегледен приказ на случувањата даваат M. F. Mcgregor, The Athenians..., 46 sqq. и J. Thorley, Athenian Democracy, Lancaster Pamphlets in Ancient History, Routledge, 2004; v. задолжително и одличната анализа на E. F. Bloedow, Why did Sparta rebuff the Athenians at Ithome in 462 BC?, Ancient History Bulletin 14.3 (2000), ; 26

27 ГЛАСНИК ISSN СТАТИИ УДК ,21 (497,7) НЕКОЛКУ ЗАБЕЛЕШКИ ЗА ТОПОНИМИТЕ КАСАНДРЕЈА И АРТЕМИСИОН Јасминка Кузмановска Научен соработник во Институтот за национална историја Abstract Two toponyms from the passage of Procopius Buildings, Kassandreia and Artemision were considered. The article followed the history of the city of Kassandreia (in former times called Potidaea) with particular emphasis on the period of Late Antiquity. The problem of identification of another, previously unknown fortress named Artemision was also reviewed, with analysis of the etymology of its name connected with the theonym comparatively. Keywords: Late Antiquity, Procopius, fortresses, Kassandreia, Artemision, etymology. Во прилогот претставуваме две утврдувања од четвртата книга на De aedificiis што се наоѓаат надвор од официјалниот Прокопиев список за Македонија, а коишто, секако, припаѓаат на ова географско подрачје. Имено, авторот после една лакуна во текстот на првиот дел од четвртата книга го споменува обновувањето на стариот и познат град Потидaја на Халкидик. И покрај формулата со која авторот вообичаено го завршува описот на секое географско подрачје 1, тој и понатаму се задржува на истите географски предели продолжувајќи со краток опис на реката Рехиј што се влева во морето во близина на Тесалоника. Во овој дел од текстот Прокопиј нè известува дека Јустинијан подигнал утврдување на самото устие на реката, во близина на морскиот брег, со цел да се заштити Тесалоника и целиот околен предел кој поради природата на теренот бил потполно изложен на варварските напади.употребата на оваа формула ја остава отворена можноста дека авторот покрај топонимите во Тесалија, набројани погоре во делот на изгубениот текст (лакуната што се наоѓа непосредно пред подробниот опис на Касандреја), многу веројатно споменал и други обновени или новоподигнати утврдувања во Македонија. Не ни е позната причината поради која авторот ги одвојува овие две утврдувања од генералниот список за Македонија во којшто 1 Procopii Caesarensis opera omnia, De aedificiis, vol. II, vol.iv, ed. J.Haury, corr. G. Wirth, Leipzig, 1963,1964, IV, iii, 26; во понатамошниот текст: Procopius, De aedificiis:. 27

28 ГЛАСНИК Јасминка Кузмановска се набројани само имињата на тврдините со назнака на географската припадност, и токму нив ги опишува поподробно во континуиран текст. Според сведоштвото на Диодор, новиот град Касандреја е основан 316 година пред Христа, на местото на старата Потидеја на полуостровот Палена. 2 Овој град во Прокопиевото дело De aedificiis е забележан под името како што веќе споменавме, веднаш по лакуната во текстот, по што авторот преминува на опис на полуостровот. 3 Исто така, со поинаква графија забележан е од Прокопиј во неговото друго дело De bellis. 4 Според податоците што тој ни ги дава, како и од соопштенијата на другите извори, заклучуваме дека овој град бил многу значаен, пред сѐ поради исклучителната стратешка местоположба, и во таа смисла бил клучен за безбедноста на целиот полуостров. Прокопиј ја споменува Касандреја во De aedificiis, во контекст на обновување на бедемите со деталите што веќе ги опишавме. И во своето друго дело, во еден сосема краток пасус, авторот ни дава неколку значајни податоци што се однесуваат не само на Касандреја во актуелниот период, туку и во периодот пред владеењето на Јустинијан. Имено, тој нè известува за големата наезда на Хуните што се случила 539/40 година во којашто настрадале триесет и две утврдувања во Илирик. За самиот град не изнесува некои нови податоци, туку, главно, го повторува она што е изложено во De aedificiis, а тоа е дека градот некогаш се викал Потидаја и дека Хуните го освоиле многу 2 Diodori Siculi Bibliothecahistorica adigitaltext edition from the TLG Digital Library. 2000, The Thesaurus Linguae Graecae research center at the University of California, Irvine. XIX, 52, 2 3:,,.,. 3 Procopius, De Aedificiis, IV, 3,21: ***.,,,,.,,,..,... 4 Procopius Caesarensis opera omnia, rec. J.Haury I= Vol.I De bellis libri I-IV.Lipsiae II= Vol.II.De bellis I-IV.Lipsiae II= Vol.II.De bellis libri V-VIII.Lipsiae1905, II, 4, 5:, (, ) 28

29 Неколку забелешки за топонимите Касандреја и Артемисион лесно,практично без претходна опсада. Овој податок би можел да се искористи како аргумент во тезата за подоцнежно настанување на делото De aedificiis, т.е. дека делото на Прокопиј настанало по 540 година кога ова подрачје било цел на хунските напади, иако врз основа на вакви изрази не многу одамна ( ), тешко би можело, макар и приближно, да се одреди временската дистанца. Градот е забележан и во латинските извори. Ливиј нè известува дека Касандреја во римско време била еден од најзначајните македонски градови, и дека, притоа, била и добро утврдена. 5 Кај Плиниј наоѓаме податок дека во времето на Август уште повеќе ја зацврстила својата позиција со тоа што станала колонија со италско право, позната под името Colonia Iulia Augusta Cassandrensis 6. Списокот на автори кај кои се споменува Касандреја, што се наоѓа кај Фанула Папазоглу 7, а тоа се Страбон 8, Плиниј, Клаудиј Птоломеј 9, Зосим 10, како и Прокопиј, потребно е да се дополни со уште еден латински извор што не е споменат кај неа, а тоа е Помпониј Мела. 11 Овој извор ја лоцира Касандреја 5 Titus Livius, Ab Urbe Condita (Livy, with an english translation in fourteen volumes, IX, Books XXXI XXXIV, Cambridge Massachuetts, Harvard University Press, MCMLXI): 28,8,14; 31,45,14f; 43,23,7; 44,10,11ff; 44,11,2; 44,11,7; 44,28,3; 45,30,4; 6 C. Plinii Secundi Naturalis Historia, ed. Mayhoff, Lipsiae 1897, IV,36,8: et in Pllensensi isthmo quondam Potidaea nunc Cassandrea colonia. 7 Фанула Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Жива антика Скопје, 1957, The Geography of Strabo, with an english translation by Horace Leonard Jones, in eight volumes, vol. III, Cambridge Massachusetts, Harvard University Press MCMLXI,7a, 1,25: ' ',, 7a, 1,28:,, ',,,. Epit. 9 Клаудиј Птоломеј ја бележи како град во Парактија: Claudii Ptolemaei Geographia, ed. C. M\llerus, vol. I, Parisiis 1883.III,12,10: 10 Зосим ја споменува Касандреја во врска со големата готска опсада на градот во 269 година. Zosimicomitis et exadvocatus fisci historia nova.ed..l.mendelssonn, Lipsiae 1887, I,43,1: :,,,,,. 11 Pomponii MellaeDe chorographia 1.III, rec. C. Frick, Lipsiae 1880; II,35,6: Macedonas, et iam per Thessalos Peneus excurrit. ante Axium Thessalonice est, 29

30 ГЛАСНИК Јасминка Кузмановска на чудно место, на територијата меѓу реката Аксиј што тече низ Македонија и тесалскиот Пенеј, заедно со градовите Cydna, (напишана со искривена графија наместо правилното Pydna), Aloros, Itharis. Освен тоа, бележиме податоци за Касандреја кај старите хеленски географи, и тоа под старото име Потидаја кај Скилак и под новото име кај Псеудо-Скимнос 12, а ја споменува и Паусанија. 13 Се сложуваме со мислењето на Фанула Папазоглу во однос на текстот на Стефан Византијски за Касандреја, кој ја определува како. 14 Оспорувајќи го мислењето на Касон, Папазоглу смета дека дефиницијата за припадноста на градот кај Стефан е логична, бидејќи Касандреја правилно е означена како македонски град, додека нејзината претходничка Потидаја е всушност, со оглед на фактот што таа не го преживеала македонското освојување под тоа име. Имено, сосема е јасно дека податокот што ни го дава Стефан Византијски за Потидаја е од предхеленистички извор, а оној за Касандреја е од подоцнежен извор. Се чини дека се работи само за несреќна формулација, или подобро кажано контаминација на податоците кај Стефан Византијски, а не за негова несигурност или за неодреденост на границата меѓу Мекедонија и Тракија. Многу чудно е тоа што овој град не се споменува кај Хиерокле, изворот од V век, особено со оглед на фактот што знаеме дека тој ползува податоци од постари извори. Единствено логично објаснување би било тоа што кај овој автор не се споменуваат ниту останатите градови на Халкидик, освен Акант. Тешко би можеле да го прифатиме заклучокот дека градот уште во V век опаднал до тој степен што престанал да биде civitas, иако и сведоштвото на Прокопиј ни укажува дека токму во овој период градот навистина го губи своето старо значење, со тоа што неговите бедеми се значително ослабени, а сите градби во него срушени. Постојат индиции дека градот престанал да биде civitas веќе во раниот VI век. Сепак, поранешнато славно минато на Касандреја, а особено нејзината стратешка местоположба за одбрана на целиот полуостров, ни даваат за право да веруваме дека таа никогаш не пропаднала потполно, туку најверојатно ја доживеала трансформацијата карактеристична и за останатите градови во доцноантичкиот период. Нашиот основен извор Прокопиј, со самото inter utrumque Cassandria, Cydna, Aloros, Itharis. 12 Scylacis Caryandensis Periplus, ed. C.M\llerus, GGM I, Parisiis 1882,66,14:,,,,,. Anonymi (Scymni, Chii, ut fertur) Orbis descriptio, ed. C.M\llerus, GGM I, Parisiis 1882,628: ά ά 13 Pausaniae Graeciae descriptio, ed. Fr. Spiro, Lipsiae 1903, V,23,3:,,,. 14 Фанула Папазоглу, Македонски градови...,

31 Неколку забелешки за топонимите Касандреја и Артемисион споменување на Касандреја потврдува дека таа се одржала до крајот на античкиот период, како што забележува и Папазоглу. 15 Како учесник на синодот одржан во Ефес 449 година меѓу епископите е споменат еден касандријски епископ. 16 Освен тоа пронајдовме и други потврди за нејзиното опстојување во текот на средниот век. Во X век повторно се јавува во изворите како гратче 17 а во парадосата од 1421 и како крепост (castrum). 18 Касандреја е забележана во нотициите како епископско седиште потчинето на солунската митрополија Фанула Папазоглу, Македонски градови..., Concilia OecumenicaConcilium universale Chalcedonense anno 451, ed. E. Schwartz, Acta conciliorum oecumenicorum, De Gruyter, Berlin 1933, 2,1,1: 17 Actes de l iviron, ed. J.acque Lefort, 2 vols, Paris 1985,10,9. 18 Archives de L Athos, Actes de Dionysiou, ed. N. Oikonomides, Paris 1968., Jaques Darrouzes, A.A., Notitiae episcopatuumecclesiae Constantinopolitanae, texte critique, introduction et notes, Paris 198: Во седмата нотиција (7, 301) забелешана е со графијата како петто по ред набројано епископско седиште потчинето на солунската митрополија: Со истата графија забележана е како седиште на солунската митрополија во деветтата нотиција (9, 187) како петто по ред епископско седиште: Со графијата забележана е во рамките на истата митрополија во десеттата нотиција (10, 220),со варијанта на ракописот за митрополијата ( ): Во тринаесеттата нотиција (13, 230)забележана е со графијата во рамките на истата солунска митрополија како шести по ред град, додека во коментарот стои и графијата на другиот ракопис: A Во апендиксот на истата нотиција во која се набројани епископиите потчинети на солунската митрополија (13, 826), забележана е како петта: Во коментарот се наоѓа напомена дека тоа е листа на епархијата Тесалоника, која се наоѓа во ракописите од периодот нешто подоцна од XII век и зазема место пред листата во која се едноставно набројани митрополиите во дванаесеттата нотиција, така што таа е независна од историскиот контекст на тринаесеттата нотиција. Во дваесет и првата нотиција (21, 97) во која се набројани сегашните епископски седишта под солунската митрополија набројана е и Касандреја ( ): 3-31

32 ГЛАСНИК Јасминка Кузмановска Касандреја подоцна е забележана и кај Георгиј Кедрен и кај Георгиј Пахимер. 20 Ја споменува и Никифор Грегора, извор од XIV век, како знаменит град кој во негово време е речиси потполно напуштен. 21 Во 1560 година засведочен е на писмо потпишаниот. Тоа е уште една потврда дека Касандреја имала свои подеми и падови во различни временски периоди, како што е тоа случај и со други градови, но факт е дека таа сепак успеала да се одржи. Промената на името забележана е и во други извори. 22 Денешниот топоним е Неа Потидеја. Остатоци од стариот град, главно од подоцнежниот период, се наоѓаат кај денешното село Пинака. Како што веќе напишавме, според сведоштвото на Диодор, старата Потидаја во хеленистичкиот период, под власта на Касандар, македонскиот владетел и еден од Александровите дијадоси, добила ново име Касандреја. Прокопиј името и го бележи различно: во De aedificiis и во De bellis. Кај останатите извори главно е забележана како, понекогаш со удвоен сибилант. Јасно е дека топонимот е изведен од антропонимот на нејзиниот основач Овој антропоним е машка варијанта на старото женско име Касандра името на Пријамовата ќерка 20 Georgius Cedrenus Ioannis Scylitzae ope ab I. Bekkero suppletus et emendatus, II. Bonnae,1839:I, 273,19:,,,. Pachymeres Georgius, Libri vi de Michaele Palaeologo) adigitaltext edition from the TLG Digital Library. 2000, The Thesaurus Linguae Graecae research center at the University of California, Irvine: 11,11: 36.,. 652,4:,,,,,. 21 Nicephori Gregorae, Byzantina historia I-II, rec.schopenus, L., ed. Bonnae , III, rec.bekkerus, I., ed. Bonnae 1855, I,245,11:.,. 22 Hieroklis Synecdemus et Notitiae Graecae episcopatuum, accedunt Nili Doxapatrii Notitia patriarchatuum et Locorum nomina immutata ex recognitione Gustavi Parthey, Verlag Adolf M. Hakkert, Amsterdam, 1967, Appendices, Urbium regionum fluminum cet. nomina immutata: Во додатокот 1, 36 забележана е промена на името: Во додатокот 2, 66 забележана е промена на името: Во додатокот 3 (App.118) забележен е податокот:. 32

33 Неколку забелешки за топонимите Касандреја и Артемисион забележано кај Хомер, и прилично добро е посведочен, меѓу другото, и како име на споменатиот македонски владетел. Во речникот на лични имиња облиците забележени се со толкување Siegburg град победник/ град на победата. 23 Не ни е позната причината за вакво толкување на ова сложено име. Според мислењето на Шантрен микенските форми kesadoro/kesadara потврдуваат дека постарите верзии на името се * * 24 Тој го пренесува мислењето на Хојбек кој исто така поопширно се занимавал со потеклото на ова име и кој тврди дека формите потекнув аат од коренот *kas присутен кај глаголот pf. од со значење се одликувам, се истакнувам, надминувам. Фриск во својот речник се задржува само на толкување на женското име за чие потекло вели дека е unerklärt. 25 Вториот топоним споменат во ист контекст и претставен на ист начин во текстот на Прокопиј е Артемисион. Непосредно по текстот што се однесува на Касандреја, Прокопиј продолжува со опис на непосредната околина на Тесалоника, поточно на делот каде што реката Рехиј ( ) се влева во морето и ја споменува новоизградената тврдина Артемисион (. 26 Река под ова име е забележана единствено во споменатото Прокопиево дело. 27 За жал немаме потврда за овој хидроним кај други антички или средновековни извори. Идентификацијата на реката Рехиј е пресудна за убикацијата на утврдувањето Артемисион. 28 Истражувачите по прашањето на идентификацијата на реката досега навеле различни мислења. Едната можност е дека всушност се работи за реката Аксиј, денешен Вардар 29, т.е. дека Прокопиевиот е всушност коруптела за Ова мислење ни се чини неприфатливо, иако Прокопиј во своите дела не ја споменува оваа значајна река, така што не знаеме дали воопшто го познавал правилниот лик на овој хидроним. Според мислењето на истражувачот Манерт во овој случај станува збор за реката Ехедор( ), денешен Галик, што се влева 23 Dr. W. Pape s Handwrterbuch der Griechischen Sprachein vier bänden, dritten band Wörterbuch der Griechischen Eigennamen, dritte Auflage neu bearbeitet von Dr. G.E. Benseler, Braunschweig 1911, Pierre Chantraine, Dictionnaire étymologique de la langue grecque1-2, Paris 1968, Hjelmar Frisk, Griechisches etymologisches Wörtterbuch, Heidelberg 1973, Procopius, De aedificiis, IV, iii, 27 30:,.,,,,.,,.,,. 27 Во изданието на Тојбнер (рецензија на Хаури ) го наоѓаме коментарот: A] V. 28 (4-6 ), 1984, Во изданието Procoius of Caesarea, Buildings, Loeb Classical Library, 247 во коментарот наоѓаме потполно неточна забелешка за оваа река: The Axius, modern Vardar? 33

34 ГЛАСНИК Јасминка Кузмановска во морето во близина на Тесалоника. 30 Оваа теза би одела во прилог на локализација на Артемисион, некаде на реката Галик, западно од Тесалоника. Проблемот во овој случај е несогласувањето со податоците што ни ги дава Прокопиј за утврдувањето дека на околу 40 милји ( )немало никакво утврдување. Ако имаме предвид дека Тесалоника се наоѓа многу поблиску до реката Ехедор, оваа теза станува неприфатлива. Според мислењето на Тафел, Артемисион би се наоѓал во источниот дел од низината околу Тесалоника, а според далечината што ја назначува Прокопиј, на неколку милји од Аполонија. 31 Имено, тој мисли дека на десниот брег на реката, а тоа е претпоставената река Рехиј, преку којашто езерото Волви се влева во Стримонскиот Залив, се наоѓа тврдината Рентина. 32 Во понатамошниот текст тој етимолошки ги поврзува топонимот Рентина (Rentina) со Прокопиевиот хидроним Рехиј ( и името на словенското племе Ринхини ( ). 33 Би можеле да се сложиме со Тафел дека утврдувањето Артемисион се наоѓа во областа источно од Тесалоника каде што реката Рехиј се влева во морето. Своевидна потврда дека хидронимот што го споменува Прокопиј се наоѓа во овие предели е идентификацијата на старото и ново име на реката што ја наоѓаме кај Веселин Трајков, според која старото име на реката било Рихиос Потамос, па потоа е заменето со новото име Рендина. 34 Васил Кнчов ја споменува оваа река под името DÝrndina-Bogaz. 35 Идентификацијата на античкиот Артемисион 30 Konrad Mannert, Geographie der Griechen und Römer, Leipzig ,Vol. 7, Gottlieb Lukas Friedrich Tafel, De Thessalonica eiusque agro dissertation geographica,variorum Reprints, London 1972, 274 5: utut statuas, Iustinianus imperator castellum suum Artemisium loco perquam opportuno imposuit, ubi transitus pate tab urbe Amphipoli in peninsulam Chalcidicen, mediam Mygdoniam terramque Axianam. 32 Ова мислење го споделува и Димица, 1988, 261, со таа разлика што не инсистира на етимолошко поврзување на Рентина со името на реката Рехиј. Држејќи се до описот кај Прокопиј верува дека Артемисион се наоѓа на устието на реката Рехиј во Стримонскиот Залив и бележи податок дека во оваа област се наоѓаат и други стари и знаменити градови на Мигдонија. 33 Во Чудата на Св. Димитриј(Paul LemerleLes plus anciens recuels des miracles de Saint Demetrius, I Le texte, Editions du CNRS, Paris, 1981) оваа именка што означува име на племето Ринхини се наоѓа во генетив множина ( додека во генетив еднина ( ) се јавува името на реката (претпоставениот Рехиј кај Прокопиј) околу којашто се наоѓало пребивалиштето на племето Ринхини. ). Јасно е дека словенското племе го добило името според хидронимот споменат кај Прокопиј, којшто подоцна се јавува со изменета графија Потврда за ваквата можност е и графијата на името на ова племе во подоцнежните извори (документ на светогорскиот манастир Кастамонит), Спореди го и мислењето на Лемерл во коментарот на истото издание, ( ). 34 Населените места в Тракия и Македония под гръчка власт, Стари и нови названия, съставил Веселин Трайков, София, 1946, Васил Кънчов, Избрани произведения, Том први, Издателство Наука и изкуство,1970, 31: Лгадинското езеро чрез един къс канал изтича в Бешикското езеро, а последното чрез рекичката Дърндина- Богаз се излева в Рендинския залив (Бъло море). Мислењето дека станува збор за истата река го потврдува и Штрук: 34

35 Неколку забелешки за топонимите Касандреја и Артемисион со средновековната тврдина Рентина што според археолошките истражувања се наоѓа на западниот раб на Мигдонскиот басен, близу местото каде што езерото Волви преку реката Рехиј се влева во Стримонскиот Залив и во чија близина минува стариот пат Via Egnatia, ја застапува и археологот Муцопулос. 36 И Прокопиевиот приказ на местото каде што се наоѓа утврдувањето Артемисион одговара на ова подрачје од Мигдонија. Неговиот опис го потврдува и сведочењето на патеписецот Штрук кој претпоставува дека на самото устие на реката, на мало возвишение што се наоѓа на нејзиниот лев брег во старите рушевини, може да се препознае утврдувањето што го споменува Прокопиј. 37 Идентификацијата на утврдувањето Артемисион на оваа локација, покрај вбројувањето на утврдувањето под името Кирос ( ) во списокот за Мaкедонија и обновувањето на бедемите на Неаполис опишани кај Прокопиј уште понатаму на исток, како и неколку други кастели во Мигдонија, потврдува дека стариот пат Via Egnatia продолжил да биде значајна траса на поврзување на Истокот и Западот и во доцноантичкиот период и дека преку обновувањето на старите и подигнување нови утврдувања на оваа линија кон средината на VI век станува своевидна via militaris. 38 Името на утврдувањето што е забележано кај Прокопиј во грчкиот јазик е именка од среден род ( ) со значење светилиште или место посветено на божицата Артемида. Артемида е божество со предхеленско потекло, чијшто култ е сочуван и во доцната антика (во доцниот римски период), се до V VI век после Христа. Makedonishe Fahrtenvon Adolf Struck, I Chalkidike, Wien und Leipzig,1907, 74, во понатамошниот тескт: Struck, Chalkidike. Ihm gegen\ber stehen auf einer Anh]he einige Mauerreste, die von einer mittelalterichen Burg herzur\ren scheinen.etwa 2 km entfert liegt im Nordosten der nur einige armselige H\tten umfasende Anlegeplatz Skala. Gegen Norden dehnt sich von Stawros bis zum Orte Wrasta eine an der breitesten Stelle etwa 5 km messende K\stenebene aus, die ihre Enstehung alluvialen Ablagerungen verdankt. Es it dies die Niederung Syleus, durch welche Xerxes nach Acanthos zog. Durch sie fliest der wie bei Procopius Rechios so auch heute noch Richios (oder Rendina Boghasi) gennante Flus dem Golfe von Orfano zu, der durch ein 5,5 km langes Tal, das Aulon des Thukydides den Beschik - See entw[ssert. Das gebiet ist ]konomisch wie landschaftlich prachtvoll. 36 Nikolaos Moutsopoulos, I, Thessalonike 1995, 51. За локализацијата на Артемисион види и: Charalambos Bakirtzis, The Urban Continuity and size of Late Byzantine Thessalonike,Dumbarton Oaks Papers, 57, 2003, Struck, Chalkidike 74: Unmittelbar an der Flusm\ndig sind auf dem linken Ufer auf einem m[sig hohen, k\ nstlich enstandenden H\gel einige mittelalterlche Mauerreste sichtbar, die m]glicherweise das von Kaiser Justinian erbaute Kastell Artemision markieren. 38 A Companion to Anceient Macedonia, ed. by J. Roisman, I. Worthington, Malden Mass: Wiley Blackwell, 2010,

36 ГЛАСНИК Јасминка Кузмановска Во класичната митологија таа е ќерка на Зевс и Лета и сестра на Аполон, божица на Месечината, ѕверките и ловот. Во овој подоцнежен период е особено впечатлива нејзината функционална трансформација од покровителка на ловот и шумите во заштитничка на жените при раѓање и божица на плодноста. 39 Како и повеќето теоними, и името Артемида е многу сложено за толкување најмногу поради комплексноста на функциите што ги врши божеството и мноштвото епитети што со текот на времето се придодаваат кон нејзиното име, како и поради потешкотиите да се утврди првобитната функција на божеството. Од сите овие причини, обидите да се пронајде индоевропска или грчка етимологија на ова име биле помалку или повеќе неуспешни. Според мислењето на Фриск прилично е неверодостојно името да се смета за лидијско и покрај фктот што ова име е посведочено на лидијските натписи Artimuś, 40 уште помалку прифатлива е тезата дека за илирското потекло преку поврзувањето на името со непосведочениот илирски збор *artos мечка, 41 а и толкувањата на ова име во рамките на грчкиот јазик се исто толку хипотетични. Слично мислење изнесува и Шантрен, верувајќи дека изведувањето од основата *artos мечка е проблематично поради фактот што терминот во грчкиот јазик е секундарен. Кречмер инсистирал на врска со mesar, 42 но графијата со е резултат на народна етимологија, за што најсилно сведочи Швицер 43 укажувајќи на старата микенска форма Atemito = 44 Не сакајќи да навлегуваме во подетална расправа за етимологијата на теонимот, а во контекст на нашиов прилог, сметаме дека е потребно да споменеме уште една функција што ја има ова божество и која би можела да биде од помош при објаснување на името на Прокопиевото утврдување. Имено, на една микенска глинена плочка Артемида се појавува како божица штит, што би можело да се поврзе со функцијата на заштитничка на едно утврдување. Освен тоа, со оглед на функцијата на божеството во подоцнежниот период, можеби би било добро да се разгледа можноста за врска со придавката ʼздрав, свежʻ, на која укажуваат Лидл, Скот и Џонс 45 како и глосите на Хесихиј.. и * S. 39 A.Bailly, Dictionnaire Grec-Français, Paris Frisk, GEW I, Sanchez Ruiperz, El nombre de Artemis, dorio-ilirio: etimología y expansión,emerita 15 /1-2, Madrid, 1947, 1ff. Id. Ladea Ardo céltica y, la Artemis griega, Zephyrus II (1951), Paul Kretschmer, Glotta, 27, 1938, Eduard. Schwyzer, Griechische Grammatik, I Band, M\nchen, 1939, PierreChantraine, Dictionnaire..., H.G. Liddel-R. Scott-H.S. Jones, A Greek English Lexocon, Oxford, 1973, s. Види и: J.B. Hofmann, 1974,

37 ГЛАСНИК ISSN СТАТИИ УДК РАНОХРИСТИЈАНСКИТЕ ЦРКОВНИ ФУНКЦИИ АПОСТОЛ, ПРОРОК И УЧИТЕЛ: МЕЃУ ХАРИЗМАТА И ПРАГМАТИЗМОТ Драган Зајковски Виш научен соработник во Институт за национална историја - Скопје Abstract In the first three centuries of existence of the Christian Church in its ranks there were people with functions apostle, prophet and teacher. The lack of sources was the reason that until the mid-19th and early 20th century, almost nothing concrete is known about their functions, rights and obligations. The situation has changed remarkably in the second half of the 19th century thanks to the discovery of the ancient Christian literature monuments called Didache - Teaching of the Twelve Apostles, and the Shepherd of Hermas. Thanks to the testimonies contained therein, we are able to compile the image of functions apostle, prophet and teacher. That issues, associated with these early Christian functions is the subject of research in the following text. Key words: Early Christian Church, early christianity, church hierarchy, apostle, prophet, teacher, Didache,The Teaching of the Twelve Apostles, The Shepherd of Hermas, The Epistle to Diognetus, The Epistle of James, Origen, Dionysius of Alexandria, Eusebius of Caesarea. Во науката, врз основа на досегашните изворни податоци, општоприфатен е податокот дека во првите три векови од постоењето на христијанската Црква, во нејзините редови постоеле лица со функции различни од вообичаената црковна ерархиска практика. Станува збор за апостолите (тука не мислиме на учениците на Исус Христос), пророците и учителите. Особено интересен е фактот дека сѐ до средината на 19 и почетокот на 20 век речиси ништо конкретно не се знаело за нивните функции, права и обврски. Имено, постоеле големи непознаници во врска со повеќе прашања поврзани за нивното ерархиско место во Црквата: нивните функции биле нејасни, немало конкретен одговор до кога тие егзистирале, а без одговор било и прашањето кои биле причините поради кои со текот на времето исчезнале од црковната ерархија. Токму овие прашања се предмет на истражување на текстот кој следи. 37

38 ГЛАСНИК Драган Зајковски 38 * * * Пред да се обидеме да одговориме на горепоставените прашања, најпрво да ги разгледаме причините поради кои долго време не ѝ се посветувало должното внимание на оваа проблематиката. Имено, во многубројните истражувања поврзани со ерархијата во ранохристијанската Црква, историчарите и теолозите главното внимание го ставале на прашањето поврзано со појавата на функциите: епископ, ѓакон и презвитер. 1 Наспроти ова, податоците во изворите кои сведочат за постоењето на функциите апостол, пророк и учител сосема биле игнорирани или им било посветувано многу малку внимание. Сѐ до крајот на 19 век единствените фрагментарни изворни податоци за функциите апостол, пророк и учител се наоѓале во три од дванаесетте посланија на апостолот Павле, 2 потоа во Соборното послание на апостолот Јаков, 3 а оскудни сведоштва содржат и Делата на светите апостоли 4, ранохристијанскиот текст насловен како Послание до Диогнет 5, потоа делата на 1 Постои бројна литература која се занимава со прашањата поврзани со појавата на црковните функции епископ, презвитер и ѓакон. Од нив селективно ги наведуваме: Петър И.Малицки, История на християнската църква, първи период от основането на църквата до тържеството й при Константина Велики (34 313), София: Издателство Гал-Ико, 1994, ; Алексеј Петрович Лебедев, Свештенстворевне васељенске цркве, Београд, 2002, ; Јован Зизиулас, Јелинизам и хришћанство: сусрет два света, Београд: Хришћански културни центар, 2008, ; John Zizioulas, Eucharist, Bishop, Church, Brookline: Holy Cross Orthodox Press, 2001, ; Claudia Rap, Holy Bishops in Late Antiquity: The Nature of Christ, Leadership in an Age of Transition, Berkley: University of California Press, 2005; John Meyendorff, The Orthodox Church, Crestwood: St. Vladimir s Seminary Press, Коринтјаните 12, 28 29; 14, 32; 14, 37; 14, 39; Ефесјаните 4, 11; Евреите 13, 7. 3 Јаков 3, 1. Посланието на апостолот Јаков е послание (писмо) упатено до христијаните од целата христијанска екумена во 1 век. Тоа е составен дел од Новиот завет. Иако напишано како послание, тоа повеќе наликува на кратка книга со поуки за секојдневно живеење. 4 Делата 13, 1 4. Делата на светите апостоли е текст кој е составен дел од Новиот завет, за чиј автор според црковната традиција се смета апостолот Лука. Во Делата се опишани мисиите на апостолите Петар и Павле преку кои може да се проследува формирањето и растежот на христијанските заедници во 1 век. Меѓу другото, врз основа на приказите во текстот се насетуваат и тешкотиите со кои се соочувала ранохристијанската Црква и начинот на нејзиното организирање. 5 Послание до Диогнет, XI, 1. Станува збор за текст од христијанска провиениенција датиран во втората половина на 2 или најдоцна во почетокот на 3 век. Според стилот на кој е напишан се претпоставува дека автори на текстот можат да бидат апологетот Кодрат или основачот на александриската катихетска школа Пантен. (Tomislav J.Šagi -Bunić, Povijest Kršćanske Literature: Prvi svezak, Patrologija od poćetka do sv. Irineja, Zagreb: Kršćanska sadasnjost 1976, ; Илия Цоневски, Патрология, София, 1986, 115; J.Pavić T.Z. Tenšek, Patrologija, Zagreb, 1993, 80; David Ivan Rankin, From Clement to Origen: The Social and Historical Context of the Church Fathers, Hampshire: Ashgate 2006, ; Dictionary of the later New Testament & its developments, Leicester, 1997, 302). Наспроти ваквите претпоставки го бележиме мислењето на Стилијан Пападопулос кој и покрај многуте хипотези изнесени во науката, сепак смета дека времето и авторот

39 Ранохрист. црковни функции апостол, пророк и учител: меѓу хариз. и прагматиз. Ориген 6, како и еден фрагмент од посланијата на Дионисиј Александриски цитиран кај Евсевиј Кесариски. 7 Она што било податливо од овие сведоштва e заклучокот дека функциите апостол и пророк од ранохристијанскиот период не треба да се поистоветуваат со истоимените такви функции спомнати во Стариот завет и во евангелијата. Освен тоа, оскудноста на изворни податоци била причина зошто истражувачите често да не ги коментираат и овие, дотогаш, малку сведоштва во изворите. Најдобар пример за ова е сатиричното, антихристијанско дело на Лукијан (автор од 2 век) каде главниот јунак, новопокрстениот христијанин Перегрин ја врши функцијата пророк. 8 Научниците од 19 век во неможност да ја протолкуваат споменатата функција, најчесто истата ја објаснувале како измислена; плод на сатиричната имагинација на Лукијан. 9 Состојбата значително се променила во втората половина на 19 век со пронаоѓањето на старохристијанскиот литературен споменик насловен како Дидахи или Учењето на дванаесетте апостоли (Διδαχή των δώδεκα άποστόλωνυ). 10 Станува збор за текст пронајден од страна на митрополитот Филотеј Вриениј, 11 напишан на старогрчки јазик, датиран кон крајот на 1 и почетокот на 2 век. 12 Главно, делото можеме да го окарактеризираме како краток, практичен водич за христијаните и катихумените. Во него, меѓу другото, содржани се сведоштва за животот во христијанските општини, како и за организацијата и литургиската пракса во христијанската Црква кон крајот на 1 век. За нашиот предмет на истражување од особена важност е делот од крајот на 10 до 16 глава каде се говори за должностите и функциите во Црквата. Таму на наведениот текст сѐ уште се непознати. (Стилијан Пападопулос, Патрологија 1, Од апостолских ученика до Никеје: Увод, II и III век, Београд, 2012, ) 6 Origenis, Contra Celsum, LVI (PG 11) 7 Eusebius, Historia Ecclesiastica 7, 24 (PG 20) 8 Luciani, De morte Peregrini, Graham Anderson, Studies in Lucian s Comic Fiction, Brill, 1976, Дидахи бил пронајден во 1875 год. во ракопис од 1056 година. Текстот за прв пат бил публикуван во 1883 год., а оригиналниот ракопис денес се чува во библиотеката на Ерусалимската патријаршија. (Стилијан Пападопулос, Патрологија..., 132; Илия Цоневски, Патрология, живот, съчинения и учение на църковните отци, учители и писатели, София: Синодално издателство 1986, 55) 11 Филотеј Вриениј ( ) бил духовник на Константинополската патријаршија. Ги извршувал функциите серски митрополит ( ) и никомидијски митрополит ( ). 12 Илия Цоневски, Патрология..., 55; Стилијан Пападопулос, Патрологија..., 133; Tomislav J.Šagi -Bunić, Povijest Kršćanske Literature..., 65. Текстот започнува со реченицата: Διδαχὴ κυρίου διὰ τῶν δώδεκα ἀποστόλων τοῖς ἔθνεσιν (Учењето Господово од дванаетте апостоли до народите) поради што и го добил името. ( Διδαχη Των Δωδεκα Αποστολων, The Apostolic Fathers: I Clement, II Clement, Ignatius, Polycarp, Didache, Barnabas, The Shepherd of Hermas, The Martyrdom of Polycarp, The Epistle of Dio (ed. Kirsopp Lake), Grand Rapids, MI: Christian Classics Ethereal Library. ccel/lake/fathers2.html [проверено на ]) 39

40 ГЛАСНИК Драган Зајковски конкретно се наведени упатства за именување на лица на функциите апостол и пророк, како и нивните права и обврски во христијанската општина. 13 Освен Дидахи, друг важен извор кој содржи сведоштва за функциите апостол, пророк и учител е делото насловено како Пастирот на Ерм (Ποιμὴν τοῦ Ἑρμᾶ). Текстот во оригинал бил напишан на старогрчки јазик. Според историската и литературна критика најверојатно датира од крајот на 1 и првата половина на 2 век. 14 Според содржината се дели на два дела: Виденија и Заповеди, од кои за нашето истражување важни се сведоштвата во 3 Видение и 11 Заповед. Таму на неколку места се спомнуваат функциите апостол и учител. Она што е особено интересно е сведоштвото дека лицата кои ги извршувале овие функции биле сметани за гласници на христијанското учење што недвосмислено упатува на нивниот харизматски карактер. Во контекст на кажаното може да заклучиме дека благодарение на сведоштвата содржани во Дидахи и Пастирот на Ерм во можност сме да ја составиме сликата за функциите апостол, пророк и учител кои во првите два века биле составен дел од ранохристијанската ерархија. Во продолжение ќе ги разгледаме карактеристиките на секоја од овие три функции одделно. 40 * * * Функцијата апостол била една од првите харизматски функции во ранохристијанската Црква. Нејзината појава датира од средината на 1 век и истата постоела се до крајот на 2 век кога постепено исчезнала. 15 Главната нејзина карактеристика била мисионерската работа поврзана со ширењето на христијанското учење. Притоа, она што апостолите ги разликувало од епископите, ѓаконите и презвитерите 16 било нивното непостојано место 13 Διδαχη Των Δωδεκα Αποστολων X XVI. Сп. Дидахи: Учение на дванадесетте Апостоли, превод Варненски и Великопреславски митрополит Симеон, 1933 година. (проверено на ) 14 Досега не е пронајден документ во кој на едно место е содржан старогрчкиот текст на Пастирот на Ерм. Оттука, старогрчкиот текст на Пастирот е реконструиран врз основа на два сочувани фрагменти од кои последниот бил пронајден во 1855 год. во светогорскиот манастир Грегоријат, Освен тоа Пастирот е сочуван и преку два негови латински преводи направени во периодот од 200 до 400 година. Како автор на Пастирот се потпишува извесен Ерм, современик на папата Климент Римски (o. 99). (David Ivan Rankin, From Clement to Origen..., 34; Richard A. Norris, JR, The apostolic and sub-apostolic writings: the New Testament and the Apostolic Fathers, The Cabridge History of Early Christian Literature, (edited by Frances Young, Lewis Ayres and Andrew Louth), Cambridge: Cambridge University Press 2008, 19; Стилијан Пападопулос, Патрологија..., ; Илия Цоневски, Патрология..., 65) 15 в. A.G. Hamman, Rim i prvi hrišćani: svakodnevni život, Beograd, 1998, 94; Фридхелм Винкелман, История на ранното христијанство, София, 2001, Една од должностите на епископите, презвитерите и ѓаконите во првите четири векови била и мисионерската работа поврзана со проповедањето на христијанството и неговото ширење сред паганскиот свет.

41 Ранохрист. црковни функции апостол, пророк и учител: меѓу хариз. и прагматиз. на живеење. Според сведоштвото во Дидахи 17, апостолите не смееле да претстојуваат во едно место повеќе од два дена. Согласно оваа практика, а врз основа на изворните сведоштва, може да претпоставиме дека тие се одликувале со голема доза на скромност и сиромаштво. 18 Ова најверојатно се должело на евангелската традиција според која од христовите ученици апостолите се барало да водат скромнен живот кој ќе биде пример за останатите христијани. 19 Сепак, со текот на времето ваквата практика постепено почнала да се менува. Имено, доколку внимателно ги анализираме изворите ќе заклучиме дека постепено меѓу апостолите почнале да се јавуваат лица кои почнале да се откажуваат од востановениот начин на живот и дејствување карактеристичен за нивната функцијата. Во христијанските општини се појавиле апостоли кои останувале подолго време во одредена општина, а имало и такви кои за извршување на функцијата барале паричен надоместок. Сето тоа довело веќе во 2 век функцијата апостол да почне постепено да се дистанцира од пропишаните норми на работа. Што се однесува до точната хронолошка рамка до кога егзистирала оваа функција, од досега сочуваните изворни податоци претпоставуваме дека втората половина на 2 век треба да се смета за период кога таа постепено згаснала. Имено, изворите од 3 век целосно молчат за постоењето на ваква или слична црковна функција. Во овој контекст ја изнесуваме и претпоставката дека функцијата која ја извршувале апостолите целосно ја презеле епископите. * * * Според податоците содржини во посланијата на апостолот Павле 20 и во Дидахи 21, во ранохристијанската ерархија веднаш зад апостолите следеле пророците. Станува збор за функција која се карактеризирала со особено голем степен на харизматичност. Имено, главната задача на пророците била да држат проповеди и поука сред христијаните. Притоа, преовладувало верувањето дека тие не говорат во свое име туку дека се вдахновени од Светиот Дух. Во овој контекст е сведоштвото во Пастирот на Ерм каде се вели дека пророците проповедале единствено на богослужбите, во случај кога ќе почувствувале дека Светиот Дух тоа го барал од нив. 22 Притоа нивните проповеди биле јавни и 17 Διδαχη Των Δωδεκα Αποστολων XI, 4-5. Сп. Дидахи: Учение на дванадесетте Апостоли, Διδαχη Των Δωδεκα Αποστολων XI, 6. Сп. Дидахи: Учение на дванадесетте Апостоли 11. Освен во Дидахи за ова сведоштво има и кај Eusebius, Historia Ecclesiastica, III, Не носете во појасите ваши ни злато, ни сребро, ниту бакар, ни торба за пат, ни двојни алишта, ниту обувки, ниту стап; зашто работникот ја заслужува својата награда! (Матеј 10, 9 10). 20 1Коринтјаните 12, 28 29; Ефесјаните 4, Διδαχη Των Δωδεκα Αποστολων X, 7; XI, 3. Сп. Дидахи: Учение на дванадесетте Апостоли, 10; ὅταν οὖν ἔλθῃ ὁ ἄνθρωπος ὁ ἔχων τὸ πνεῦμα τὸ θεῖον εἰς συναγωγὴν ἀνδρῶν δικαίων τῶν ἐχόντων πίστιν θείον πνεύματος καὶ ἔντευξις γένηται πρὸς τὸ θεὸν τῆς συναγωγῆς τῶν 41

42 ГЛАСНИК Драган Зајковски задолжително пред сите присутни на богослужбата. Особено било забрането да се проповеда во тајност или пред мала и одбрана група на верници. Оттука заклучуваме дека задачата на пророците не била проповед и подучување на поединци, туку напротив, нивните зборови требало да допрат до сите христијани. Што се однесува до содржината на проповедите, врз основа на сведоштвото во Пастирот на Ерм претпоставуваме дека станувало збор за едноставни поуки кои секој христијанин требало да ги знае. 23 Најверојатно тоа биле евангелските поуки за мирен и богоугоден живот, а во склад со христовите Божји заповеди за христијанскиот морал во кој ги вбројуваме личните вредности на поединецот, христијанските брачни норми, 24 однесувањето кон ближните и сл. Освен во Пастирот на Ерм, сведоштва за функцијата пророк во ранохристијанскиот период има и делото на Келс директно насочено против христијанството. 25 Станува збор за автор кој иако бил противник на христијанството, сепак релативно добро ги познавал состојбите во христијанските општини и воопшто сред христијаните. Оттука изнесол неколку свои видувања во врска со истите. Она што за нас е интересно е келсовото сведоштво за харизматичноста на функцијата пророк. Според неговото кажување, а пренесено од Ориген, 26 кај христијаните постоеле поединци кои во одредени моменти на занес почнувале да говорат за Бога, за животот на Исус Христос, за силата на Светиот Дух, и она што е особено важно, говореле за ἀνδρῶν ἐκείνων, τότε ὁ ἄγγελος τοῦ προφητικοῦ πνεύματος ὁ κείμενος πρὸς αὐτὸν πληροῖ τὸν ἄνθρωπον, καὶ πληρωθεὶς ὁ ἄνθρωπος τῷ πνεύματι τῷ πνεύματι τῷ ἁγίῳ λαλεῖ εἰς τὸ πλῆθος, καθὼς ὁ κύριος βούλεται. ( Ποιμην, Ἐντολὴ XI, 9, The Apostolic Fathers: I Clement, II Clement, Ignatius, Polycarp, Didache, Barnabas, The Shepherd of Hermas, The Martyrdom of Polycarp, The Epistle of Dio [ed. Kirsopp Lake], Grand Rapids, MI: Christian Classics Ethereal Library. [проверено на ]; сп. Hermas, Pastor, Die griechischen christlichen Schriftsteller 48, 2nd edn., (ed. M. Whittaker), Berlin: Akademie-Verlag, 1967; Пастирът Св. апостол Ерм, превод Никола Антонов [проверено на ]). 23 Ποιμην, Ἐντολὴ XI, 1-19; сп. Hermas..., 55; Пастирът, Од сведоштвата во Пастирот на Ерм заклучуваме дека пророците иако пропагирале брачни морални вредности, сепак тие лично воделе безбрачен живот во целибат. Ποιμην Ἐντολὴ XI, 4 9; сп. Hermas..., 55; Пастирът, Келс е филозоф кој пишувал на старогрчки јазик и живеел во 2 век. Следбеник на платонизмот, со одлично познавање и на другите филозофски правци. Според верското убедување тој бил многубожец (паган) и жесток противник на христијанството. Ставовите кон христијанството ги систематизирал во неговото дело Вистинскиот логос (Λόγος Ἀληθής) кое се состоело од четири делови и било напишано околу 178 година. Денес делото е изгубено и за него дознаваме посредно врз основа на деловите сочувани кај Ориген во делото Против Келс (Contra Celsum). (Стилијан Пападопулос, Патрологија..., 203) 26 Ориген (о.185 о.254) е христијански теолог и филозоф кого црковната традиција го вбројува во групата на црковни отци кои имале силно влијание во развојот на христијанската теолошка мисла. Автор е на повеќе теолошки дела, а воедно важи за еден од најплодните ранохристијански автори. (Стилијан Пападопулос, Патрологија..., ) 42

43 Ранохрист. црковни функции апостол, пророк и учител: меѓу хариз. и прагматиз. спасението на луѓето и вечниот живот. Притоа имало и повици за покајување на гревовите, како и поучување во духот на христијанските морални вредности. 27 Што се однесува до моралните карактеристики со кои требало да се одликуваат пророците истите ги реконструираме врз основа на сведоштвото во Дидахи. Имено, таму се вели дека од пророците се барало да имаат однесување Господовo. 28 Притоа интересно е дека авторот не навел прецизно што подразбира под ваквото однесување. Сепак, имајќи ја предвид содржината на евангелските и другите новозаветни текстови сметаме дека таму треба да се бара образецот за моралните квалитети на пророците. Освен наведеното, Дидахи содржи и сведоштва за начинот на живот на пророците. Она што е интересно е дека авторот наведува што пророкот не смее да прави доколку сака да биде ценет во средината каде што ја извршува функцијата. Па така, тој не треба да присуствува на трпезите на љубовта 29 кои ги организира за сиромашните, 30 не треба да бара финасиска помош или други парични средства за свои лични потреби 31 и не смее да подучува за нешто што тој лично не го практикува. 32 Сето ова сведочи дека од пророците се барало да водат скромен живот во согласност со христијанските морални норми. Речиси истите морални особини кои требало да ги поседува секој пророк наведени се и во Пастирот на Ерм. Таму недвосмислено јасно се вели дека вистинскиот пророк е кроток, спокоен и со смирен ум. Тој мора да избегнува секакво суетно однесување и не смее да го истакнува своето првенство во христијанската заедница. 33 Наспроти скромноста и моралните квалитети кои требало да ги поседуваат пророците, неминовно се поставува прашањето за нивната издршка. Притоа, она што можеме да претпоставиме од изворните сведоштва е дека христијанските општини на себе ја преземале обврската да се грижат за материјалната издршка на пророците. Најверојатно, како пример служела старозаветната практика за издршка на хебрејските свештеници. Оттука претпоставуваме дека пророците 27 Origenis, Contra Celsum, VII, (PG 11) 28 Διδαχη Των Δωδεκα Αποστολων XI, 8. Сп. Дидахи: Учение на дванадесетте Апостоли, Трпеза на љубовта се нарекува практиката карактеристична за ранохристијанската Црква да се организираат заеднички оброци за членовите на христијанската заедница. Се препоставува дека таа е тесно поврзана со најраниот облик на литургиска практика карактеристична за првите четири векови од развојот на христијанството. (Dictionary of the Christian Church, ed. F. L. Cross, Oxford: Oxford University Press, 2005, 26). 30 Διδαχη Των Δωδεκα Αποστολων XI, 9. Сп. Дидахи: Учение на дванадесетте Апостоли, Διδαχη Των Δωδεκα Αποστολων XI, 12. Сп. Дидахи: Учение на дванадесетте Апостоли, Διδαχη Των Δωδεκα Αποστολων XI, 10. Сп. Дидахи: Учение на дванадесетте Апостоли, Ποιμην, Ἐντολὴ XI, 1-19; сп. Hermas..., 55; Пастирът,

44 ГЛАСНИК Драган Зајковски се издржувале на тој начин што добивале материјални прилози од верниците. 34 Станува збор за т.н. првина 35 која им следувала како издршка. Она што е исклучително важно е дека давањето на првина било доброволно и во никој случај задолжително. Освен тоа, Дидахи сведочи дека пророците не смееле да бараат повеќе од она што е вообичаено. Што се однесува, пак, до хронолошката рамка во која егзистирала функцијата пророк, речиси без исклучок преовладува мислењето дека тоа е од средината на 1 до средината на 2 век. 36 Притоа постојат повеќе причини за нејзиното постепено згаснување. Врз основа на сведоштвата во Пастирот на Ерм за основна причина се сметаат бројните недоследности кои се јавиле меѓу пророците во извршувањето на нивната функција. Па така, во Пастирот на Ерм се наведува дека некои пророци почнале да водат раскошен живот, а постепено ја напуштиле и вообичаената практика на издршка барајќи паричен надоместок за својата работа. Поединци од нив дури одбивале да ја извршуваат функцијата пророк доколку не им било платено. Некои пророци ги напуштале црковните храмови како единствени места каде смееле да ја извршуваат функцијата и оделе по приватни домови да подучуваат. 37 Сето тоа влијаело постепено да ја изгубат харизматичноста на својата функција и да згаснат во црковната ерархија. Веќе во времето на Тертулијан пророците воопшто не се спомнуваат во црковната ерархија. 38 * * * Третата категорија на лица во ранохристијанската ерархија кои се одликувале со харизматичност на функцијата се учителите. Станува збор за посебна категорија на лица за која најмногу сведоштва имаме во Дидахи 39 и 34 Алексеј Петрович Лебедев, Свештенство..., Првина се нарекува старозаветната практика на издршка на хебрејските свештеници. Според неа Хебреите ги давале првите плодови од родот (земјоделие, сточарство, лозарство итн.) за издршка на свештенството. Имено: И првините од сите ваши плодови и од секој ваш род како принос, какви и да биле вашите приноси, им припаѓаат на свештениците; и првините од брашното давајте му го на свештеникот за да има благослов во вашите домови. (Езекил 44: 30) 36 Алексеј Петрович Лебедев, Свештенство..., 27; A.G. Hamman, Rim i prvi hrišćani..., ; Jones, Tony, The Teaching of the Twelve: Believing & Practicing the Primitive Christianity of the Ancient Didache Community, Paraclete Press, 2009, 55 65; Philip F. Esler,, The Early Christian World, Routledge, 2004, Ποιμην, Ἐντολὴ XI, 11 15; сп. Hermas..., 55; Пастирът, Tertullianus, De Praescriptione Haereticorum III, 5. Тертулијан (o.155 o.240) во црковната ерархија ги набројува: епископите, ѓаконите, презвитерите, вдовиците, девствениците, учителите и исповедниците. 39 Διδαχη Των Δωδεκα Αποστολων XIII, 2; XV, 1. Сп. Дидахи: Учение на дванадесетте Апостоли, 13;

45 Ранохрист. црковни функции апостол, пророк и учител: меѓу хариз. и прагматиз. Пастирот на Ерм. 40 Имено, според Дидахи, веднаш зад функциите апостол и пророк, следувала онаа на учителите. Она што сѐ уште предизвикува полемика во науката е прашањето за карактерот на нивната проповедничка дејност. Ова најмногу се должи на оскудноста во изворите кои многу малку сведочат за конкретните задолженија кои требало да ги извршуваат учителите. Она што со сигурност се знае е дека нивната задача била да ги учат христијаните за основите на христијанската догматика, но и за моралните норми со кои требало да се одликуваат христијанските општини и секој христијанин поединечно. 41 Оттука произлегува дека нивната функција всушност ја надополнувала работата на пророците. Притоа основната разлика меѓу учителите и пророците се состоела во скалестото вреднување на проповедничката дејност. Имено, функцијата учител била за степен пониска од онаа на пророците, иако за двете се верувало дека се вдахновени од Светиот Дух. 42 Оттука може да заклучиме дека според харизматичноста учителите воопшто, или сосема малку се разликувале од пророците и апостолите. Она што предизвикува особено внимание во врска со функцијата учител е фактот дека истата успеала да опстане подолго од онаа на апостолите и пророците. Имено, изворите сведочат дека учителите се задржале во ранохристијанската ерархија цел еден век подолго од апостолите и пророците. Во Александриската црква посведочени се дури и во времето на Ориген. Имено, во неговото дело Против Келс се вели дека постојат лица кои мудро ја извршуваат функцијата учител. 43 Освен кај Ориген, сведоштва за постоењето на функцијата учител во средината на 3 век постојат и во посланијата на Дионисиј Александриски. Имено, од едно негово послание пренесено од Евсевиј Кесариски се дознава дека Дионисиј Александриски во одредена прилика на заедничка средба ги повикал презвитерите и учителите од градот Арсиноја во Египет. 44 Ова, всушност е последното спомнување на функцијата учител во изворите. * * * Како заклучок од сето горе кажано со сигурност може да тврдиме дека во првиот период од развојот на христијанската Црква, а особено во првите три века од нејзиното постоење, во нејзината ерархија постоеле лица со харизматски функции: апостоли, пророци и учители. Нивните функции не се прелевале, ниту се мешале една со друга, туку биле јасно разграничени. Станува збор за различни должности, а не за разни називи за една иста 40 Ποιμην, Ὅρασις III, 5, 1; сп. Hermas..., 65; Пастирът, Διδαχη Των Δωδεκα Αποστολων XI, 1. Сп. Дидахи: Учение на дванадесетте Апостоли, 11; Clementis, I Epistolae ad Virgines XI (PG 1) 42 Ποιμην, Ὅρασις III, 5, 1; сп. Hermas..., 65; Пастирът, Origenis, Contra Celsum, LVI (PG 11). сп. Алексеј Петрович Лебедев, Свештенство..., Eusebius, Historia Ecclesiastica 7, 24 (PG 20) 45

46 ГЛАСНИК Драган Зајковски должност. 45 Притоа овие функции не биле карактеристика само за одредени црковни општини, односно епископии, туку биле карактеристика за ерархијата во целата ранохристијанска Вселенска црква. Оттука тие биле составен дел на најраните степени на црковното свештенство. Притоа, она што е особено интересно е нивното харизматско потекло. Имено, Дидахи и Паститот на Ерм сведочат дека христијанската заедница на нив гледала како на Божји гласници кои го проповедаат Христовото учење. Она што е исто така особено важно, а следува како заклучок од изворните сведоштва, е фактот дека апостолите, пророците и учителите уживале голема почит меѓу христијаните. Нивното влијание и углед неретко биле поголеми од оние на епископите и ѓаконите, иако немале ниту административна, ниту пак судска власт во ранохристијанската заедница. Веќе во втората половина на 2 век постепено исчезнале функциите апостол и пророк, а во средината на 3 век и функцијата учител. 45 John Behr, Social And Historical Setting, The Cabridge History of Early Christian Literature, (edited by Frances Young, Lewis Ayres and Andrew Louth), Cambridge: Cambridge University Press 2008,

47 ГЛАСНИК ISSN СТАТИИ УДК 94 (381) КОГА МИТОТ И ИСТОРИЈАТА СЕ СРЕЌАВААТ: GETICA Стефан Пановски Дарко Стојанов научни соработници во Институтот за национална историја - Скопје Abstract A segment of Jordanes Getica - the Macedonian episode, is analysed in terms of exploring its historical value on the one hand, and the motives for its incorporation in the Gothic history on the other. The paper engages in a discussion of the sources utilized by Jordanes in this section and tries to understand the transmission of historical knowledge and its veracity. Furthermore, it surveys the political context of the 6 th century in order to ascertain its possible influence on the creation of Getica and its archaeology. Keywords: Jordanes, Cassiodor, Goths/Getae, Philip II, origo gentis, archaeological excurs. Во оваа статија се занимаваме со потенцијалите на еден кус и навидум неверојатен историски приказ, што сосема очекувано се наоѓа на маргините на историографијата. Во 551 г., во Константинопол Јорданес напишал кратка историја на Готите, позната како Гетика. Авторот го опишува долгото патешествие на Готите од магловитото потекло во Скандинавија до падот на остроготското кралство во Италија во VI век. Иако главното внимание во делото е посветено на готската историја по III век, сепак во духот на античката историографија, во првиот дел Јорданес реконструира извесна готска праисторија во медитеранскиот свет и ги става Готите во друштво на најславните цивилизации и владетели од антиката. 1 Така, можеме да прочитаме за походот на еден египетски фараон против Готите, при што готскиот крал успеал да ги порази Египќаните, да ги гони до Египет, и безмалку да го убие и самиот фараон; потоа успеал да ги потчини Медите, како и речиси цела Азија; по смртта бил почитуван како божество кај Партите; понатаму за готските жени, во случајов поистоветени со Амазонките, кои освоиле голем дел од Азија (Кавказ, Мала Азија, Сирија); за готскиот крал кој се борел во Тројанската војна; за војните со Персија и римските легии на Кајсар. 1 Jord., Getica,

48 ГЛАСНИК Стефан Пановски, Дарко Стојанов Во ова море од (дез)информации ги среќаваме и античките Македонци. Имено, тука се споменуваат и некакви готско-македонски односи: сојуз и војни меѓу Филип II (потоа и Пердика II, односно хилијархот Пердика) и Готите. 2 Со оглед на тоа што споменатите македонски кралеви владееле во V и IV век ст.е., а Готите се појавиле во медитеранскиот свет во III век н.е., 3 овие информации неминовно побудуваат сомнеж кон веродостојноста на текстот. Оттука се поставуваат неколку прашања. Која е реалноста зад одделни елементи од неверојатната приказна, односно како авторот ја составил? И уште поважно, зашто го сторил тоа, односно која е целта на тој дел од нарацијата? 1. Во првиот дел од македонскиот екскурс Јорданес дава еден драматичен приказ на судирот меѓу Филип II и Готите во Тракија. Поради специфичноста на оваа епизода, полезно би било да се даде краток осврт на активностите на Филип во овој период во Тракија. Имено, во 342 г. ст.е. Филип II презел уште еден поход во Тракија, што планирано или не, ќе трае сè до 339 г. ст.е. За разлика од претходните упади во Тракија, кога очигледно имал ограничени цели, овој пат станувало збор за инвазија во вистинска смисла на зборот. 4 Според Диодор повод за преземањето на походот била заштитата на хеленските градови на Хелеспонт, кои биле изложени на напади од тракискиот владетел Керсеблепт. 5 Како што истакнува Г. Грифит, објаснувањето на Диодор е прифатливо ако се сфати како одраз на македонското официјално толкување на ситуацијата. 6 Меѓутоа, нема сомневање дека главната цел биле тракиските владетели Керсеблепт и Тереј, а јадрото на македонските активности била територијата на Одрисите. 7 Филип очигледно проценил дека, со оглед на однесувањето на Керсеблепт, аранжманите од 346 г. ст.е. не се доволни за обезбедување на мирот и стабилноста на источната граница и дека дошол мигот еднаш и засекогаш да 2 Jord., Getica, cf. Herwig Wolfram, Histoire des Goths, Paris, 1990, 32, кој смета дека Готите за првпат се споменуваат негде меѓу 16 и 18 година, меѓутоа во формата Gutones, а потоа и Guti, називи кои се употребуваат (иако ретко) до средината на II век. Оттогаш, до средината на III век нема спомнувања на готското име. Според истиот автор, дури во втората половина на III век Римјаните, Хелените, па и Персијците, стануваат свесни за постоењето на Готите. Од cca 300, пак, во античките јазици се среќава речиси исклучиво формата Got(th). Според Arne S. Christensen, Cassiodorus, Jordanes and the History of the Goths. Studies in a Migration Myth, København, 2002, 343: The Goths surface in the Graeco-Roman historiography in various unrelated notes from the middle of the third century, in the area around the lower reaches of the Danube. 4 Guy Th. Griffith, in Nicholas G. L. Hammond & Guy Thompson Griffith, A History of Macedonia, vol.2, Oxford, 1979, 555 (понатаму Guy Th. Griffith in HM 2); Peter Delev, Thrace from the Assassination of Kotys I to Koroupedion ( bce), A Companion to Ancient Thrace, (ред. Julia Valeva, Emil Nankov & Denver Graninger), Oxford, 2015, Diod., Guy Th. Griffith in HM 2, Robert M. Errington, A History of Macedonia, Berkeley, 1990,

49 Кога митот и историјата се среќаваат: Getica расчисти со овој жилав противник кој премногу долго му пркосел. 8 За текот на оваа долга и напорна кампања не знаеме речиси ништо. Движејќи се по трако-македонското крајбрежје Филип веројатно го ставил Ајнос под своја контрола и од таму, следејќи го течението на Хеброс, се упатил во внатрешноста на Тракија. 9 Изгледа дека во почетокот Филип се соочувал со проблеми, при што особено тешка била зимата 342/1 г. ст.е. 10 Дали дошло до некои поголеми копнени битки или пак целата кампања се свела на една долга и исцрпувачка борба против непријател кој користејќи го теренот се одлучил на партизанско војување не знаеме. 11 Во секој случај, целта била постигната во 341 или дури во првата половина од 340 г. ст.е. кога Керсеблепт и Тереј конечно биле поразени и исчезнуваат од сцената. 12 Територијата на урнатото кралство на Одрисите е припоена кон Македонија и ставена под управа на македонски стратег, 13 а контролата врз регионот била дополнително зацврстена со основањето на неколку нови градови И покрај сите потешкотии и повремени неуспеси, нема сомнеж дека создавањето на тракиската стратегија претставувало голем успех и кулминација на источната политика на Филип. Па сепак, како што можеше да се забележи од крајно скудниот преглед на настаните, ниту еден сочуван антички извор не посветил внимание на овие активности на Филип. Во современата историографија често се истакнува дека активностите на македонските владетели во внатрешноста на Балканскиот полуостров биле занемарени од античките историографи кои не биле заинтересирани за случувањата на овој 8 Ајсхин, говорејќи за настаните од 346 г. ст.е. вели дека Керсеблепт тогаш го загубил кралството (2.90, 92). Иако ова очигледно не е точно, сепак е јасно сведоштво за потчинетата положба во која бил ставен тракискиот владетел. Од тој аспект, обновените напади на Керсеблепт на Херсонес претставувале отворен раскин со Филип предизвик што македонскиот крал никако не можел да го игнорира. 9 Peter Delev, Thrace..., Demosth., 8.35, Дека војната имала карактер на партизанско војување е претпоставка на John R. Ellis, Macedonian hegemony created, Cambridge Ancient History VI², (ред. David Malcolm Lewis et alii), 1994, 773. Навистина, Диодор споменува дека Филип ги поразил Тракиците во неколку битки ( ), но бидејќи не дава никакви бројки ниту пак опис на било која од битките, никаков заклучок не може да се изведе од оваа информација. 12 Кус преглед на кампањата кај Peter Delev, Thrace..., Македонскиот стратег за прв пат е засведочен во времето на Александар (Arr., Anab., ), што е една од причините поради кои Guy Th. Griffith in HM 2, 559 претпочита формирањето на стратегијата да го датира во времето на Александар III. Меѓутоа, според Диодор ( ) Филип им наметнал данок на Тракиците и нема никаква причина да се сомневаме во овој податок. Ова пак од своја страна имплицира постоење на некаков административен систем, и според тоа иако не може со сигурност да се тврди, сепак е мошне веројатно дека најдоцна до 339 г. ст.е. функцијата стратег на Тракија била создадена од Филип (cf. Robert M. Errington, A History..., 53-4). 14 v. Guy Th. Griffith in HM 2,

50 ГЛАСНИК Стефан Пановски, Дарко Стојанов простор. Иако земено во целина овој заклучок генерално е правилен, во овој случај не може да се земе како главна причина што активностите на Филип во Тракија не оставиле подлабока трага во изворите. Зашто, од бројните фрагменти од Филиповата историја на Теопомп што се однесуваат на Тракија може да се заклучи дека тој детално ги опишал овие настани; 15 но за жал, изгледа дека речиси ништо од овој приказ не било преземено од подоцнежните автори. Зошто е тоа така може само да се спекулира. За подоцнежните компилатори на општи истории, активностите на Филип во периодот г. ст.е. веројатно не биле доволно интересни за детално да се прикажат, особено ако навистина станувало збор за една герилска војна, која не била решена со некоја голема и спектакуларна копнена битка. Во споредба со славните опсади на Биѕант и Перинт ( г. ст.е.), а потоа и походот против Атеа, војната против Керсеблепт и Тереј едноставно не делувала многу важно. 16 Згора на тоа, нелојалноста на тракискиот стратег Мемнон, а потоа и недисциплината на неговиот наследник Ѕопирион, 17 многу бргу ќе го уништат тоа што го создал Филип, што несомнено создало погрешен впечаток за неговите постигнувања во Тракија. Така, иако детално опишан од Теопомп, овој голем успех на Филип во Тракија оставил многу малку траги во подоцнежната историографија. 3. Токму поради ваквата состојба со изворите, изненадува што токму кај Јорданес, кој пишувал речиси 900 години подоцна, е сочуван кус приказ за една од активностите на Филип во овој период. Како што раскажува тој: 50 Исто така и Филип, таткото на Александар Велики, кога склучил пријателство со Готите ја зел за жена Медопа ќерката на кралот Гудила, за да го зацврсти кралството на Македонците со ваква силна врска. Во тоа време, како што пренесува историчарот Дион, страдајќи од недостаток на пари Филип размислувал да ги поведе силите и да го опустоши градот Одиситана 18 што се наоѓал во Мезија, а поради 15 John Gardiner-Garden, Ateas and Theopompus, Journal of Hellenic Studies, 109/1989, За Диодор од Агирион дополнителна причина да ги занемари активностите на Филип во овој период било тоа што истовремено на Сикилија дејствувал Тимолеон чија кариера несоммнено била многу поинтересна и поважна тема за еден Сикилијанец. Јустин пак од друга страна се ограничува единствено на приказот за односите меѓу Филип и Атеа. Во колкава мера епитомата на Јустин ја отсликува содржината во Филиповата историја на Помпеј Трог не може да се каже со сигурност. Во прологот од осмата книга се споменува и Тракија, но ако се водиме од текстот на Јустин ( ) изгледа дека ова попрво се однесува на претходните походи на Филип во Тракија. Прологот од деветата книга пак започнува со опсадата на Перинт, што е во согласност и со текстот на Јустин, така што дури и да имало некакво споменување на војната на Филип против Керсеблепт и Тереј тоа било само попатно. 17 За Мемнон и Ѕопирион v. Waldemar Heckel, Who s Who in the Age of Alexander the Great. Prosopography of Alexander s Empire, Oxford, 2006, s. v. Memnon (3), Zopyrion. 18 т.е. Одесос. cf. Alexandru Avram, John Hind, Gocha Tsetskhladze, The Black Sea Area, An Inventory of Archaic and Classical Poleis, (ред. Mogens Herman Hansen &

51 Кога митот и историјата се среќаваат: Getica близината до градот Томи во тоа време бил потчинет на Готите. Од таму одненадеж се отвориле портите и спроти нив, со китари в рака и во сјајнобели рува, истапиле готските свештеници кои што ги нарекуваат пи<леат>и 19, и со молитвен глас им пееле на боговите на претците за благослов за да ги одбијат Македонците. Кога виделе со каква одважност и понатаму им приоѓаат, Македонците се запрепастиле па, ако може така да се каже, војниците биле преплашени од невооружените. Веднаш го растуриле бојниот ред во кој биле построени, и не само што се воздржале од уништувањето на градот, туку и оние што според правилата на војување ги заробиле надвор од градот, ги вратиле; и откако склучиле сојуз си заминале дома. 20 На прво читање приказот на Јорданес попрво наликува на бајка, а не на историски приказ. Тешко кој би поверувал дека прекалената македонска војска би побегнала од група свештеници, без разлика колку и да била егзотична глетката. Меѓутоа, токму оваа сцена наоѓа поткрепа кај Теопомп, чие сведоштво како современик на настаните не треба да се занемари. Во 46-та книга од Историјата Теопомп вели: Гетите со себе носат китари на кои свират кога стапуваат во преговори. 21 Од овој фрагмент станува сосема јасна суштината на сцената кај Јорданес, во која всушност се опишува почетокот на преговорите меѓу Филип и Гетите. По (очигледно) успешното завршување на преговорите, македонските сили сосема разбирливо се повлекле. Дали Јорданес, односно неговиот извор погрешно го сфатил приказот на Теопомп, или пак станува збор за намерно извртување на суштината за да се прикаже дека Готите всушност излегле како победници не може со сигурност да се каже. Со оглед на карактерот на Археологијата 22 на Јорданес второто решение секако делува мошне веројатно. Меѓутоа, тука мора да бидеме крајно внимателни, зашто никако не може да се одговори дали самиот Јорданес е автор на верзијата што ја презентира, или пак ја презел од Касиодор, или пак од некој уште постар извор. Како дополнителен показател дека приказот на Јорданес во крајна линија се темели на приказот на Теопомп е и причината за војната, односно грабежливоста на Филип. Во ситуација кога делото на Теопомп е загубено, градењето на една генерална слика за неговиот однос кон Филип би било Thomas Heine Hielsen), Oxford, 2004, no Во оригиналниот текст пишува pii. Овде ја прифаќаме емендацијата на Ken Dowden, Dio Chrysostom (707), Brill s New Jacoby, (ред. Ian Worthington), Brill Online, (проверено на ), ad F3 (65.2), што се заснова на претходното споменување на една група гетски свештеници што прво се нарекувале тарабостесеи, а подоцна пилеати (Jord., Getica, 40.1). 20 Jord., Getica, Theopomp., FGrH F Под Археологија го подразбираме оној дел од делото на Јорданес каде е прикажана историјата на Готите во далечното минато, до нивното пристигнување на историската сцена во III век н.е. 51

52 ГЛАСНИК Стефан Пановски, Дарко Стојанов методолошки неисправно, и во крајна линија спекулативно. 23 Па сепак, факт е дека барем во тоа што е сочувано, Теопомп нема што многу пофално да каже за Филип и најчесто го прикажува како аморална личност, алчен расипник кој никогаш не е во состојба да управува трезвено со своето богатство, поради што често запаѓа во финанскиски потешкотии. 24 Ова може да изгледа изненадувачки со оглед на уводот во Филиповата историја, каде Филип е опсипан со пофалби. Меѓутоа, изгледа дека славната фраза највеликиот човек што го дала Европа 25 под влијание на жестоката критика на Полибиј 26 е погрешно сфатена. Вушност станува збор за иронична и злонамерна двосмисленост што Полибиј не ја сфатил поточниот превод би бил Европа никогаш не родила еден таков човек каков што е Филип синот на Аминта, а од останатите фрагменти сосема е јасно на каков човек мислел Теопомп. 27 Дури и кога би се задржал традиционалниот превод, останува впечатокот дека Теопомп несразмерно почесто го критикува одошто го фали Филип. 28 Споредбата со Јустин води кон истиот заклучок. Имено, според него: Исто така, поради грабеж, заминал во Скитија, сакајќи, како трговците, трошоците од војната да ги надомести со друга војна. 29 Уште еднаш, мотивот за походот е желбата за плен. Ова е важно, зашто Џ. Гардинер-Гарден мошне вешто докажува дека епизодата за односите меѓу Филип и Атеа кај Јустин се темели 23 За опасноста од градење на теории врз основа само на фрагменти што може да доведе и до сосема погрешен впечаток v. Peter A. Brunt, On Historical Fragments and Epitomes, Classical Quarterly (n.s.) 30/1980, бр. 2, ; Dominique Lenfant, Peut-on se fier aux fragments d historiens? L example des citations d Hérodote, Ktema 24/1999, Непријателскиот став најасно се гледа во фрагментите 224, 225a и 225b една лавина од неконтролирани инвективи против Филип и неговите соработници. 25 Theopomp., FGrH F Polyb., cf. Frank W. Walbank, A Historical Commentary on Polybius, vol.2., Oxford, 1967, Клучниот збор во целата реченица е придавката τοιοῦτος. Колку што ни е познато, Walter R. Connor, History without Heroes: Theopompus Treatment of Philip of Macedon, Greek, Roman and Byzantines Studies (натаму: GRBS), 8/1967, бр. 2, , е првиот кој укажал дека Теопомп понекогаш ја користи придавката неутрално, често во пејоративна, но никогаш во пофална смисла. Во таа смисла, интересно е да се спомене и изборот на глаголот φέρω, кој исто така е двосмислен. Несомнено, традиционалниот превод е сосема прифатлив, меѓутоа φέρω може да значи и носам/поднесувам/трпам, што е и многу почесто. Според тоа, се прашуваме дали можеби и во овој случај Теопомп не е намерно двосмислен. Ако тој сакал да биде сосема јасен во пофалбата на Филип, несомнено можел да го искористи γίγνομαι наместо φέρω. 28 За односот на Теопомп кон Филип v. Michael A. Flower, Theopompus of Chios. History and Rhetoric in the Fourth Century BC, Oxford, 1994, chs. 5-6; Gordon S. Shrimpton, Theopompus the Historian, London, 1991, ch Just., Преводот е преземен од Љубинка Басотова (Јустин, Филиповата историја, Скопје, 2000). 52

53 Кога митот и историјата се среќаваат: Getica на Теопомп. 30 Според тоа, фактот што и во двете прилики дејствувањето на Филип се припишува на неговата алчност, укажува дека и зад Јустин и зад Јорданес стои заеднички извор. 31 Поткрепено со фактот што приказот на готските свештеници несомнено потекнува од Теопомп, можеме да заклучиме дека истиот историограф е првичниот извор кој стои зад целата епизода што ја пренесува Јорданес. Според тоа, иако станува збор за мошне подоцнежен извор, приказот на Јорданес е мошне важен и заслужува целосно внимание, зашто во крајна линија се базира на автор кој бил современик на Филип II. Сосема друго е прашањето низ колку автори минал приказот на Теопомп пред да биде преземен од Јорданес. Како што може да се забележи, самиот Јорданес се повикува на Дион. Иако меѓу средновековните автори постои забуна околу тоа дали станува збор за Дион Касиј или Дион Хрисостом, современите историчари се согласни дека станува збор за вториов. 32 Делото Гетика на Дион Хрисостом, што по својот карактер најверојатно наликувало на Такитовата Германија, било напишано околу 100 г. н.е. и е плод на неговиот престој кај Гетите. 33 Од оние неколку фрагменти што се сочувани изгледа дека тој бил благонаклонет кон Гетите, што најубаво може да се забележи од неговата пофалба за нивната мудрост по што ги надминувале сите останати барбари и наликувале на Хелените. 34 Со оглед на ваквиот пристап, невозможно е да се каже кој е одговорен за извртувањето на приказот на Теопомп Касиодор, Јорданес, Дион Хрисостом или пак евентуалниот извор на Дион. За жал нашето иследување на изворите тука мора да заврши. Од делото на Хрисостом не е сочувано речиси ништо освен неколкуте фрагменти кај Јорданес, поради што е невозможно да се утврди кои биле изворите што ги ползувал. Со други зборови не можеме да утврдиме дали го ползувал делото на Теопомп директно или пак преку некој подоцнежен хеленистички епитоматор. Поради тоа, иако зад Јорданес стои Теопомп, големо прашање е во колкава мера приказот го одразува текстот на Теопомп, односно до кој степен бил контаминиран низ вековите. 30 John Gardiner-Garden, Ateas..., John Gardiner-Garden, Ateas..., 38, смета дека зад Готите на Јорданес во овој случај се кријат Скитите. Меѓутоа, како што истакнува Guy Th. Griffith, in HM 2, 560 n.4, во овој случај пресудно е сведоштвото на Теопомп кој зборува за Гети, а не на Јорданес. 32 e.g. Theodor Momsen, Iordanis Romana et Getica, Berlin, 1882 (MGH, AA, v.1), xxx-xxxi; Charles C. Mierow, The Gothic History of Jordanes, in english version with an introduction and a commentary, Princeton, 1915, 30-31; Andy H. Merrills, History and Geography in Late Antiquity, Cambridge, 2005, ; Ken Dowden, Dio..., ad loc. 33 За детална анализа каде се наведени и сите сведоштва и фрагменти од делото на Дион Хрисостом v. Ken Dowden, Dio.... Иако трудот содржи корисни белешки и анализи, коментарите мора да се ползуваат со крајна внимателност, зашто содржат бројни грешки особено при анализата на историските реалии. 34 Dio Chrys., BNJ 707 F 1 ~ Jord., Getica,

54 ГЛАСНИК Стефан Пановски, Дарко Стојанов 4. Но, конечно да видиме каква е историската вредност, односно што ново може да се дознае од приказот на Јорданес. На прво место тука е секако информацијата за бракот на Филип со Медопа, ќерката на гетскиот крал Гудила. Се разбира информацијата сама по себе не е новина најраниот извор каде се споменува гетската жена на Филип е Сатир (floruit III век ст.е.), 35 кој дава преглед на сите бракови на македонскиот владетел. 36 Меѓутоа, со оглед на проблемите во прегледот на Сатир што во одредена мера се должат на контаминациите на Атенај, 37 постоењето на втор и веројатно независен извор, 38 кој служи и како коректив на Сатир, е секако добредојдено. Имено, според Сатир, Котела - таткото на Меда - бил крал на Тракиците, додека пак според Јорданес на Готите. Со оглед на сличноста во имињата Гети/Готи, не е тешко да се замисли како можело да дојде до забуна кај подоцнежните автори. 39 Сепак, работите не се толку едноставни. Како што може да се забележи од целата Археологија на Јорданес, Гетите не се единствените барбари чија историја е преземена и претставена како готска истото важи и за Скитите, Дакиците, а како што ќе видиме понатаму дури и за Одрисите. Според тоа, само затоа што Јорданес вели Готи не значи дека по автоматизам треба да претпоставиме дека станува збор за анахронизам зад кој се кријат Гетите. Па сепак, дека е тоа така во овој случај произлегува од текстот на Стефан Биѕантиски, кој забележува дека една од жените на Филип II била од земјата на Гетите. 40 Што се однесува пак до разликите во имињата што ги даваат Сатир и Јорданес, тие може да се објаснат релативно лесно. Гудила - формата што ја дава Јорданес несомнено претставува само германизирана варијанта на Котела. 41 Дали новото име е резултат на желбата на името на гетскиот крал да му се даде готски призвук, или пак едноставно затоа што станувало збор за познато име во тој период 42 не може да се утврди со сигурност. Во секој 35 v. Stephanie West, Satyrus: Peripatetic or Alexandrian, GRBS 15/1974, бр. 3, Satyros, FHG III, no.5 ~ Athenaios, Deiphnosoph., b-e. 37 За детална анализа на прегледот кај Сатир v. Adrian Tronson, Satyrus the Peripatetic and the Marriages of Philip II, JHS 104 (1984), ; John R. Ellis, Philip II and Macedonian imperialism, Princeton, 1986, ; Elizabeth D. Carney, Women and Monarchy in Macedonia, University of Oklahoma, 2000, cf. Ken Dowden, Dio, ad BNJ 707 F 3. Иако се сложуваме дека најверојатно станува збор за извор независен од Сатир, датирањето на К. Доуден (356 г. ст.е.!), а со тоа и неговата анализа на епизодата се апсолутно неприфатливи. Во 356 г. ст.е. Филип се соочувал со многу поважни предизвици; а дури и да сакал, македонското присуство и влијание во Тракија во овој период ни приближно не биле доволно силни за тој да може да размислува за напад на Одесос. 39 За проблемот Гети-Готи v. supra. 40 Steph. Byz., Ethnik., s.v. Γετία. 41 Moritz Schönfeld, Wörterbuch der altgermanischen personen - und völkernamen, Heidelberg, 1911, Од овој период забележани се две личности со ова име. Првиот бил magister utriusque militiae, додека пак вториот бил офицер во гардата на војсководецот Јован. v. John R. Martindale, The Prosopography of the Later Roman Empire, vol. 3A, Cambridge, 54

55 Кога митот и историјата се среќаваат: Getica случај промената не може да му се припише на Дион Хрисостом, во чие време Готите сè уште не им биле познати на античките автори. Од друга страна, не може да се утврди дали промената е дело на Касиодор или пак на Јорданес, а со оглед на тоа што станува збор за остроготско име, 43 обајцата се подеднакво веројатни кандидати. Разликата пак во имињата Меда/Медопа веројатно е одраз на различните традиции, односно извори што ги ползувале Сатир и Дион Хрисостом, одошто на некоја намерна промена. Зашто не само што не е позната ниту една личност од овој период со слично име, туку колку што ни е познато, нема ниту едно готско име што би можело да се поврзе со Медопа. Веројатно токму поради тоа ниту Касиодор ниту Јорданес не понудиле германизирана варијанта едноставно немало име фонетски доволно слично што би можеле да го искористат. Кога треба да се датира овој договор? Како што беше споменато, Филип заминал за Тракија (најверојатно) кон средината на 342 г. ст.е., а војната против Керсеблепт и Тереј траела или до 341 г. или можеби до почетокот на 340 ст.е. Почетокот на опсадата на Перинт би можел да се датира најрано во јули 340 г. ст.е., 44 а пак повлекувањето од Биѕант и Перинт веројатно пролетта 339 г. ст.е. Според тоа, постојат само две можности периодот меѓу крајот на војната со Керсеблепт и Тереј и почетокот на опсадата на Перинт (т.е. 341/40 г. ст.е.) или по завршувањето на опсадата на Биѕант, односно во текот на скитскиот поход (339 г. ст.е.). Иако поголемиот дел од современите историчари го датираат договорот во периодот меѓу завршувањето на војната со Одрисите и почетокот на опсадата на Перинт, 45 некои го претпочитаат датирањето по опсадите на Перинт и Биѕант. 46 Иако е невозможно да се донесе дефинитивен заклучок, земено во целина датирањето на судирот меѓу победата над Одрисите и опсадите на Перинт и Биѕант ни се чини поприфатливо. На почетокот на пролетта 339 г. ст.е. Филип се повлекол од Биѕант и Перинт, што вклучувало и комплицирано излекување на македонската флота; потоа го нападнал скитскиот крал Атеа, а при повлекувањето бил поразен од Трибалите; и најдоцна јули-август се вратил во Македонија, 47 за по кус одмор веќе истата година да се упати во Хелада. Како што може да се забележи, во оваа година пренатрупана со бројни настани едноставно нема место за борбите, а потоа и договорот со Гетите. Згора на тоа, веќе споменатиот фрагмент (F 216) каде Теопомп ги споменува гетските китаристи е од 46 книга од Филиповата историја, додека пак веќе следниот 1992, s.v. Godilas (1)-(2). 43 Moritz Schönfeld, Wörterbuch..., Вообичаено почетокот на опсадата се датира во пролетта 340 г. ст.е., меѓутоа претпочитаме да го следиме Guy Th. Griffith in HM 2, 568 n.4, чии аргументи ни се чинат уверливи. 45 За литература и преглед на мислења v. Zofia H. Archibald, Thracians and Schytians, Cambridge Ancient History VI², (ред. David Malcolm Lewis et alii), 1994, 474 n.79; Elizabeth D. Carney, Women, 277 n Zofia H. Archibald, Thracians, 474; John Gardiner-Garden, Ateas, 32; Fanula Papazoglu, Srednjobalkanska plemena u predrimsko doba, Sarajevo, 1969, John R. Ellis, Macedonian hegemony,

56 ГЛАСНИК Стефан Пановски, Дарко Стојанов фрагмент (F 217), каде се зборува за почетокот на војната со Атина, и опсадите на Перинт и Биѕант припаѓа на 47 книга. 48 Очигледно во делото на Теопомп судирот со Гетите претходи на опсадите на Биѕант и Перинт. Според тоа, претпочитаме епизодата со Гетите да ја датираме во периодот меѓу средината на 341 и првата половина 340 г. ст.е. 49 Попрецизно од ова не би можело да се одреди, зашто датирањето во голема мера зависи од тоа кога завршила војната против Керсеблепт и Тереј, а тоа не може да се утврди со сигурност. Што се однесува пак до причините што довеле до судирот, а потоа и договорот што бил зацврстен со бракот меѓу Филип и Медопа, изгледа дека Јорданес пренесува две спротиставени традиции според првата, иницијативата потекнала од Филип кој со тоа сакал да ја осигура и обезбеди новоформираната македонска стратегија во Тракија, додека пак според втората, македонскиот напад се должел на алчноста на македонскиот владетел кој во тој момент се соочувал со финансиски потешкотии. 50 Не само што двете верзии не се комплементарни, 48 Навистина папирусот (P. Ryl. Gr. 1.19) е мошне оштетен, меѓутоа клучните дополнувања (47 книга, Перинт и Биѕант) се сосема сигурни: [τάδε ἔνεστι]ν ἐν τῆι ἑβδόμ[ηι καὶ τεσσαρακο]στῆι τῶν Θεοπόμ[που Φιλιπ]πικῶν [τοῦ πρὸς Φίλι]ππον πολέμου [Ἀθηναίοι]ς ἀρχή καὶ Περίν[θου καὶ Βυζα]ν τ ί ο [υ πολιο]ρ[κία] κτλ. 49 John R. Ellis, Philip II, 167 и Peter Green, The Royal Tombs of Vergina: A Historical Analysis, Philip II, Alexander the Great, and the Macedonian Heritage, (ред. W. L. Adams & E. N. Borza), Washington D.C., 1982, 140 (non vidimus), го датираат договорот кон крајот на 342 г. ст.е., меѓутоа мислиме дека тоа е прерано, зашто не делува веројатно дека Филип би ја прекинал војната со Керсеблепт и Тереј и тоа во критичниот период, за да се упати кон далечниот Одесос. 50 На прво читање може да се добие впечаток дека Јорданес зборува за два договори првиот кога бил склучен бракот со Меда и вториот по нападот на Одесос. Иако ова толкување до некаде наоѓа поткрепа и во следната глава (за што ќе стане збор понатаму), каде Јорданес зборува за македонската превртливост, како што ќе видиме следната глава нема апсолутно никаква историска подлога и воопшто и не би требало да се поврзува со претходната. Интересно е што на почетокот се добива впечаток дека Јорданес зборува за amicitia додека пак на крајот за foedus, што повторно би одело во прилог на тоа дека станува збор за два различни договори. Меѓутоа, amicitia и foedus како концепти и изрази на различните односи со другите држави или заедници припаѓаат на римската правна терминологија и несомнено би му биле туѓи и непознати на Филип II. Дури и да дозволиме дека станува збор за два договори што Јорданес едноставно ги пренесува со римската терминологија, редоследот што тој го дава повторно нема смисла зашто во тој случај свадбата со Медопа би бил дел од првиот и неформален договор, а не од вториот што завршил со склучување на сојуз. Не само што ова веќе само по себе не делува убедливо, туку и се коси со прегледот кај Сатир, кој од сите жени на Филип што ги наведува, на бракот со Медопа му придава големо значење и по Олимпијада и Клеопатра најмногу време посветува на гетската жена, за која вели дека Филип ја довел како втора сопруга покрај Олимпијада (cf. Adrian Tronson, Satyrus, 120 n.28). Според тоа, пологично е да се претпостави дека еден вака важен брак бил резултат на официјален договор и сојуз а не на склучувањето на некакво полуофицијално пријателство. Всушност повнимателното читање на текстот покажува дека Јорданес воопшто и не зборува за два договори. Прво, нема причина cum Gothis amicitias да се протолкува како технички израз за воспоставувањето на amicitia 56

57 Кога митот и историјата се среќаваат: Getica туку прашање е дали воопшто се убедливи. Што се однесува до грабежливоста на Филип, веќе беше споменато дека тоа попрво се должи на инвективите на Теопомп. Од друга страна, иако претпоставката дека Филип едноставно сакал дополнително да ги обезбеди новите освојувања преку сојуз со Гетите делува многу пологично и поверојатно, таа сепак е во спротивност со информацијата на Сатир: Откако ја освои Тракија, кај него (sc. Филип) дојде Котела, кралот на Тракиците, водејќи ја со себе ќерката Меда и бројни подароци. 51 Според Сатир, преговорите очигледно биле иницирани од Котела, а со оглед на тоа што станува збор за многу поран извор од Јорданес, веројатно заслужува повеќе доверба. Со оглед на енкомијастичкиот карактер, ако не на целата Гетика, тогаш барем на Археологијата кај Јорданес, причината за промената на улогите е прилично јасна. Значењето и угледот на Готите од славното минато само се потврдува со фактот што дури и прославениот Филип, таткото на Александар III, го посакувал нивното пријателство; за разлика од обратната варијанта, што секако не делува ласкаво за статусот и моќта на Котела. Така, барем што се однесува до причините што довеле до војната може само да се спекулира, зашто од Јорданес дознаваме многу помалку одошто би сакале. Во ситуација кога не можеме да кажеме речиси ништо со сигурност за развојот на ситуацијата северно од Хајмос, секое понудено решение во најдобар случај би можело да се третира само како повеќе или помалку веројатна претпоставка. Можеби станувало збор за демонстрација на сила како предупредување за племињата меѓу Хајмос и Дунав, каде изгледа дека приближно во овој период дошло до значителни придвижувања. Така на пример, случајно дознаваме за војна меѓу Трибалите и Скитите; 52 меѓу Атеа и загадочниот Histrianorum rex; 53 Филип едноставно посакувал да биде пријател со Готите и ништо повеќе. Второ и можеби уште поважно, изразот qua tempestate попрво упатува на истовременост на бракот и сојузот, а не на последователност, во кој што случај би очекувале post eo tempore, postea, deinde или некој сличен израз. Всушност, начинот на кој Јорданес го уведува Дион во приказот (qua tempestate Dio storico dicente etc.), ако ништо друго создава впечаток дека првите две реченици можеби воопшто и не се дел од цитатот преземен од Дион. Дали станува збор за комбинирање на два извори, или пак уводот е дело на Јорданес или пак Касиодор, не би можело да се одреди. Contra John Gardiner- Garden, Ateas, 32 кој ја прифаќа претпоставката дека станува збор за два договори, кои Јорданес ги споил во една сцена. Меѓутоа, фактот што и Стефан Биѕантиски на исто место зборува за бракот на Филип и Меда и потоа за гетските китаристи, ако ништо друго укажува дека Јорданес не е единствениот што верувал дека станува збор за еден, а не два догвори. cf. Guy Th. Griffith in HM 2, 560: He (sc. Theopompus) warns us that in Jordanes the juxtaposition of the marriage story and the music story is no accident: they both belong to the history of Philip s dealings with Cothelas, king of the Getae. 51 Satyros, FHG III, no Polyain., Strat., 7.44; Front., Strat., v. Fanula Papazoglu, Srednjobalkanska plemena, 20-1; John Gardiner-Garden, Ateas, Just., За оваа проблематична информација веројатно се понудени исто толку решенија колку што има и историчари кои ја анализирале: навистина станува збор за крал на Хистрија; всушност станува збор за тиран кој завладеал со Хистрија; напротив, станува збор за некој Гетски владетел што успеал да завладее со Хистрија, 57

58 ГЛАСНИК Стефан Пановски, Дарко Стојанов а изгледа и дека токму некаде во овој период Гетите успеале да заземат некои територии северно од Дунав. 54 Дали, и во колкава мера, овие придвижувања биле резултат на успесите на Филип во Тракија и уривањето на Одриското кралство, или пак станувало збор за случајно преклопување со ширењето на Скитите јужно од Дунав, не може да се утврди. 55 Иако овие настани не може со сигурност да се датираат, секако сведочат за превирањата што го зафатиле просторот меѓу Дунав и Хајмос токму во периодот кога Филип ја консолидирал својата власт во Тракија. Во тој контекст, воопшто не би било изненадувачки ако походот на Филип имал превентивен карактер. Поради опсадите на Перинт и Биѕант, а потоа и војната со Атина и Теба имаме навика состојбите во Тракија да ги оставаме во втор план, а со тоа и да го потценуваме значењето што Филип го придавал на овие територии. Меѓутоа, дека Тракија и понатаму била во центарот на вниманието дури и во текот на опсадите на Перинт и Биѕант покажува информацијата дека во тој период и Парменион и Антипатар се наоѓале меѓу Тетрахоритите. 56 Филип тешко дека би ги испратил своите двајца најистакнати војсководци ако не придавал големо значење на овие области. Па сепак, возможно е активностите на Филип да не биле ограничени само на демострација на сила и обезбедување на новоформираната стратегија. Полиајн известува дека во некоја пригода Филип презел долга и неуспешна опсада на утврдувањето Кара (или Карос). 57 Ако навистина станува збор за пристаништето што се наоѓало меѓу Калатис и Тетрисијада, 58 како што мисли Џ. Гардинер-Гарнер, 59 тогаш станувало збор за поопсежни операции од едноставна демонстрација на сила. За жал, работите не се толку едноставни. Полиајн не дава контекст ниту пак било каков податок што би овозможил попрецизно да се датира овој настан. Згора на тоа, според Стефан Биѕантиски Карос бил споменат во 50 книга на Теопомп, односно по опсадите на Перинт и или барем за сојуз меѓу Хистријаните и Гетите и можеби некои други локални племиња; не станува збор за градот Хистрија, туку за племињата населени близу Дунав; текстот треба да се емендира во Triballorum rex. v. Fanula Papazoglu, Srednjobalkanska plemena, 18-22; John Gardiner-Garden, Ateas, 30-31; Guy Th. Griffith in HM 2, Ниту едно од овие решенија не е сосема задоволително и со оглед на фрагментарноста на изворите можеби е подобро прашањето да се остави отворено, одошто да се инсистира на дефинитивен одговор. 54 Во современата историографија често се претпоставува дека Гетите уште одамна биле населени од двете страни на Дунав. Меѓутоа, Peter Delev, Lysimachus, the Getae, and Archaeology, Classical Quarterly (n.s.) 50/2000 бр.2., со право истакнува дека во постарите извори тие секогаш се сместуваат меѓу Хајмос и Истар и претпоставува дека тие успеале да завладеат со некои области северно од Дунав во втората половина на IV век ст.е. 55 cf. Zofia H. Archibald, Thracians, 471-3; Peter Delev, Lysimachus..., 393-6, кој е многу повнимателен во толкувањето на археолошкиот материјал од Арчибалд. 56 Theopomp., FGrH F Polyain., Strat.., Arr., Periplus ponti Euxini, John Gardiner-Garden, Ateas,

59 Кога митот и историјата се среќаваат: Getica Биѕант. 60 Но, за разлика од приказот за Гетите, Стефан Биѕантиски овој пат не дава дополнителни информации што би можеле да ни помогнат да утврдиме што точно запишал Теопомп. Како што веќе споменавме, веруваме дека нема место за војна меѓу Филип и Котела во 339 г. ст.е., но дури и да го прифатиме тоа датирање, во никој случај не може да стане збор за долготрајна опсада на Кара во 339 г. ст.е. Прво, едноставно нема време за една таква опсада во 339 г. ст.е., а второ навистина е дискутабилно дали еден искусен и прагматичен стратег каков што бил Филип, веднаш по депресивните неуспеси кај Биѕант и Перинт би ги изложил своите војници на уште една долга опсада. Можеби најдобро би било да се прифати претпоставката дека приказот на Полиајн за опсадата на Кара не треба да се поистовети со споменувањето на (областа?) Карос кај Теопомп. 61 Но дури и да ја оставиме настрана опсадата на Кара, нападот на далечниот Одесос е доволно јасен показател за амбициите на Филип. Веројатно најдобар показател дека амбициите на Филип не биле ограничени (барем долгорочно) на тоа што го стекнал со победата над Керсеблепт и Тереј е секако походот против скитскиот владетел Атеа. 62 Без разлика како ќе ги протолкуваме информациите за дипломатските односи меѓу Филип и Атеа, се добива впечаток дека казнувањето на скитскиот владетел попрво претставува изговор, а не причина за походот. 63 Можеби тој и не бил толку заинтересиран за наметнувањето на директна власт врз локалните племиња, колку за ставање под своја контрола на хеленските трговски градови долж црноморското крајбрежје. Пријателските односи со Аполонија, 64 нападот на Одесос и испратената помош за Атеа против Хистријаните 65 секако создаваат таков впечаток. Можеби целта била да се преземе контролата врз дел од црноморската трговија преку контролата на крајбрежните градови. 66 Или можеби целта била да се создаде дополнителен притисок врз Атина, со која веќе бил во неофицијална војна уште од Во крајна линија, наместо вообичаениот монокаузален пристап и толкување, 60 Steph. Byz., Ethnik., s.v. Καρὸς κῆποι: χωρίον Θρᾴκης. Θεόπομπος νʹ. τὸ ἐθνικὸν Καροκηπίτης, ὡς αὐτός. 61 John R. Ellis, Philip II, 290 n.29, кој опсадата на Кара ја датира во 342 (што произлегува од неговото убедување дека контактите со Котела датираат од крајот на таа година) или во 340 г. ст.е. 62 cf. Arnaldo Momigliano, Dalla spedizione scitica di Filippo alla spedizione scitica di Dario, Athenaeum n.s. 11/1933, 348, кој го истакнува значењето на подигањето споменик на Херакле - митскиот предок на Аргеадите како симбол за проширувањето на македонската власт. 63 v. John Gardiner-Garden, Ateas, Just., Guy Th. Griffith in HM 2, Just., Arnaldo Momigliano, Dalla spedizione..., 345; John Gardiner-Garden, Ateas, v. [Demosth.], 12. cf. Guy Th. Griffith, op. cit., ; John Buckler, Philip II, The Greeks, and The King Illinois Classical Studies 19/1994, 102-7; Robert M. Errington, A History..., Евентуалната македонска контрола на крајбрежните градови би претставувало сериозен проблем за атинската житна флота. 59

60 ГЛАСНИК Стефан Пановски, Дарко Стојанов подобро би било да се претпостави дека сите овие (комплементарни) аргументи имале одредена тежина при формулирањето на политиката на Филип. Како што видовме, од Јорданес не можеме да откриеме кои биле плановите на Филип што делумно се должи на неговата фокусираност единствено на историјата на Готите, но исто така и на тоа што односите со Гетите најверојатно не претставувале изолиран инцидент, туку дел од пошироката политика кон племињата и хеленските градови северно од Хајмос; политика и планови што од сосема други причини тој никогаш и не стигнал да ги оствари. Земено во целина, и покрај сите недостатоци, пропусти и проблеми, од приказот на Јорданес дознаваме и повеќе одошто би очекувале од автор што живеел 900 години по настаните што ги опишува, и што само во современата наука опседната со систематизации и поделби би можел да се нарече примарен извор. 4. Но, приказната за односите меѓу Македонците и Готите не завршува со договорот кај Одесос. Зашто, веќе во следната глава Јорданес продолжува: По долго време, сеќавајќи се на оваа измама, извонредниот водач на Готите Ситалк, собрал атински воини и завојувал против македонскиот крал Пердика, кого Александар, кога поради подмолноста на служителот ја испил својата смрт во Бабилонија, го оставил за наследник и господар на Атина според наследното право. Впуштајќи се во голема битка против него Готите излегле како победници; па така, заради неправдата што Македонците одамна им ја нанеле во Мезија, тие прокрстариле низ Грција и ја опустошиле цела Македонија. 68 Очигледно станува збор за една таква мешаница од погрешни информации и измислици, што едноставно е невозможно да се најде каква било смисла во приказот. Со оглед на пристапот во целата Археологија, тоа што Ситалк е наречен крал на Готите а не на Одрисите, ниту изненадува, ниту пак претставува проблем како што споменавме, под Готи може да се кријат, Гети, Скити, Одриси, Дакици и тн. Меѓутоа, тоа е единствената информација што не создава посериозни проблеми. Пред сè, Ситалк го презел походот во Македонија во 429 г. ст.е., цел еден век пред смртта на Александар III. Второ, Пердика за кој зборува Јорданес не е кралот Пердика II во чие време паѓа походот на Ситалк, туку хилијархот на Александар III, кој иако навистина го имал главниот збор во првите години по смртта на Александар, сепак не бил крал, а уште помалку пак имал наследно право на Атина. Згора на тоа, до својата смрт во 320 г. ст.е. во Египет, тој никогаш не се ни вратил во Македонија. 69 Понатаму, иако Ситалк навистина опустошил делови од Македонија, Тукидид е сосема јасен дека поради малубројноста, македонските сили избегнувале директен судир со надмоќната тракиска војска. На крајот, иако походот на Ситалк создал паника кај дел од Хелените, во никаков случај не би можело да стане збор за инвазија 68 Jord., Getica, За кариерата на Пердика по смртта на Александар v. Waldemar Heckel, The Marshals of Alexander s Empire, London, 1992,

61 Кога митот и историјата се среќаваат: Getica на Хелада. Напротив, по само 30 дена во Македонија, Ситалк се повлекол. 70 Веројатно најшокантно од сè е информацијата дека војската на Ситалк била составена од Атинци, 71 и е најдобар показател за безвредноста на целиот приказ. Со оглед на временската дистанца од која пишувал Јорданес, сосема е можно да станува збор за една бизарна мешавина од факти и фантазија, каде Пердика II и хилијархот Пердика биле поистоветени. 72 Ако е Дион навистина авторот и на овој приказ, како што на пример мисли К. Дауден, 73 дури би можело да се помисли дека како извор му послужила устната историја на Гетите, кои навистина зеле учество во походот на Ситалк. 74 Сепак, некои елементи во приказот ако ништо друго оставаат место за поразлично толкување. Прво тука е бројноста на војската на Ситалк, што е идентична со онаа на Тукидид. 75 Ако навистина станува збор за устна историја, или пак за забуна кај Јорданес, идентичниот број на војска секако делува како неверојатна случајност. Ова е до толку поинтересно бидејќи Диодор, чија верзија покажува одредени разлики од онаа на Тукидид, ја става бројноста на Разликата е речиси незначителна и во суштина во согласност со Тукидид кој вели не помалку од Па сепак, фактот што Јорданес дава идентична бројка со Тукидид покажува дека неговиот извор (или пак изворот на Дион ако е тој навистина автор на приказот) ползувал извор што внимателно го следел Тукидид. Ако е тоа така, тогаш дали е можно овој извор да направи таква груба грешка и да ги поистовети Пердика II и Пердика Оронтов? 70 За походот на Ситалк v. Thouk., , 98, Simon Hornblower, A Commentary on Thucydides, vol.1 (books I-III), Oxford, 1991, ad loc. cf. Eugene N. Borza, In the Shadow of Olympus: The Emergence of Macedon, Princeton, 1990, 145-7; Nicholas G. L. Hammond in HM 2, Иако тој навистина бил во сојуз со Атинците, нема никаков показател дека дошло до заедничко дејствување на Тракиците и Атинците, што барем би можело да послужи како објаснување за конфузијата кај Јорданес. Информацијата е толку бизарна, што некои преведувачи нудат поразличен превод. E.g. O. Devillers: le glorieux chef de guerre goth Sithalque, après avoir rassemblé hommes, alla faire la guerre aux Athéniens, contre Perdiccas, le roi de Macédoine etc. (Jordanès, Histoire des Goths, Introduction, traduction et notes par Oliviers Devillers, Paris, 1995); Charles C. Mierow: Sitalces, a famous leader of the Goths, gathered a hundred and fifty thousand men and made war upon the Athenians, fighting against Perdiccas, King of Macedon etc. (The Gothic History of Jordanes, in english version with an introduction and a commentary, Princeton, 1915). Меѓутоа, само зато што информацијата делува неверојатно, не веруваме дека е тоа доволна причина да се менува текстот на Јорданес што е сосема јасен: egregius Gothorum ductor Sithalcus CL virorum milibus congregatis Atheniensibus intulit bellum adversus Perdiccam. 72 e.g. Ken Dowden, Dio.., ad loc. 73 Ken Dowden, Dio.., ad loc. 74 Thouk., , Thouk., : Така што се вели дека целото мноштво броело не помалку од Diod.,

62 ГЛАСНИК Стефан Пановски, Дарко Стојанов Вториот елемент е можеби уште поинтересен. Имено, Јорданес очигледно ја пренесува верзијата според која Александар бил жртва на заговор. Тоа што ја истакнува улогата на служителот кој ставил отров во пијалокот покажува дека станува збор за верзијата според која Антипатар, преку неговиот син Јолај кој бил arkhioinokhoos на Александар, 77 бил одговорен за смртта на кралот. Станува збор за добро позната верзија што настанала речиси веднаш по смртта на Александар III. 78 Тоа што е интересно е што Јорданес (или неговиот извор) не само што е запознаен со теоријата дека Александар бил отруен, туку очигледно знае и одредени детали нешто што тешко би можел да го измисли и мора да го нашол во некој од изворите што ги ползувал. Во случај кога бил доволно добро запознаен со околностите во кои умрел Александар не е јасно како можел да направи таква груба грешка и да ги поистовети Пердика II со Пердика Оронтов кој го имал главниот збор во првите денови по смртта на кралот. Во ист правец води и информацијата дека тој го оставил за наследник, зашто повторно станува збор за едно добро засведочена епизода каде Александар пред смртта му го предава кралскиот прстен на Пердика. 79 Според тоа, се добива впечаток дека Јорданес (или неговиот извор) е многу подобро информиран одошто се чини на прв поглед и сосема е свесен за кој Пердика станува збор. 80 На крајот, тешко е да се замисли било каков контекст, па дури и автор кој би пишувал за тоа, во кој Пердика II и Пердика Оронтов би биле поистоветени. Историографите кои пишувале за класичниот период секако не би го споменале Пердика Оронтов, додека пак историографите кои пишувале за хеленистичкиот период не би имале никаква причина да ги споменуваат Пердика II и Ситалк. Дури и во општите истории како на пример онаа на Диодор, споменувањето на Пердика II и Пердика Оронтов би било одвоено од најмалку неколку книги v. Waldemar Heckel, Prosopography, s.v. Iolaus (1). 78 За генезата на оваа верзија и изворите каде се споменува v. A. Brian Bosworth, The Death of Alexander the Great: Rumour and Propaganda, Classical Quarterly (n.s.) 21/1971 бр.1, Curt., , 6.4-5; Just., ; Diodor., , ; Nepos, Eumen., 2.1; Lib. de mort., Всушност и чудната информација дека Александар III го оставил Пердика за господар на Атина покажува дека Јорданес воопшто и не мисли на Пердика II. За односите на Пердика II со Атина навистина има многу што да се каже (v. Eugene N. Borza, In the shadow, ch. 6 passim), но тешко дека било кој би го нарекол господар на Атина. Од друга страна, Пердика Оронтов речиси и да немал официјални контакти со Атина. Меѓутоа по завршувањето на Ламиската војна, иако Антипатар бил одговорен за воспоставувањето на новиот режим во Атина, одлуката за судбината на Самос и атинските клеруси, сосема коректно ја препуштил на кралевите, односно на Пердика; и токму Пердика одлучил дека наредбата на Александар III останува на сила (Diod., , 18.9). Се разбира, можеби станува збор за случајност, но исто така не можеме да ја исклучиме можноста дека повторно станува збор за делумно погрешно толкување на една позната епизода. 81 Така на пример, Диодор зборува за походот на Ситалк во 12 книга, а за настаните по смртта на Александар и кариерата на Пердика Оронтов дури во

63 Кога митот и историјата се среќаваат: Getica Секако, ова ни приближно не е доволно за да се отфрли можноста дека сепак станува збор за збрка можеби Јорданес дознал единствено дека походот на Ситалк бил против Пердика и веднаш го поистоветил со Пердика Оронтов, кој како еден од водечките дијадоси веројатно бил попозната личност во доцната антика. Меѓутоа, контекстот и пораката од целата епизода укажуваат дека можеби станува збор за свесно искривување на фактите без разлика на успесите на Филип II, подоцна Готите се судриле со наследникот на Александар, и го имале последниот збор одмаздувајќи се за претрпените неправди. Се разбира, ова е само една претпоставка, но претпоставка што добро се вклопува во генералниот тон на Археологијата на Јорданес што во основа претставува една свесна апропријација на историјата на бројни народи во која Готите на крајот на секоја епизода секогаш се победници. 5. Зошто Готите се во друштво на античките Македонци во книгата на Јорданес? Потрагата по одговорот на ова прашање ќе ја започнеме со разгледување на структурата на делото, и политичкиот и културниот контекст во кој е создадено. Како што видовме споменатата епизода не стои изолирано во структурата на Гетика таа претставува дел од еден поширок и неверојатен дискурс во кој Готите се поистоветени со Гетите и воедно се вметнати во историјата на стариот век. Со оглед на тоа што делот поврзан со античка Македонија е всушност само еден дел од целиот овој архаизирачки дискурс, за да се најде причината за готско-македонската приказна треба да се постави прашањето која е функцијата на археологијата на Јорданес? Од перспектива на медиевистичките студии, ваквите архаизирачки истории најчесто се разгледуваат во контекст на политичките потреби за легитимитет на новоформираните варварски кралства на територијата на некогашната римска империја. Владетелите на тие држави имале потреба да го поврзат своето потекло со старите антички династии и цивилизации од медитеранскиот свет, со што би пропагирале дека иако се новодојдени на територијата која ја владеат, тие сепак имаат древно, благородно и успешно педигре. 82 Според дел од современата литература овие потреби се преточиле во посебен литерарен и историографски жанр Origo Gentis, кој бил типичен за 82 cf. Patrick Geary, Quand les nations refont l histoire. L invention des origines médiévales de l Europe, Paris, 2004, 81. Во тој контекст, освен долгата историја, Гетика се обидува да истакне и други готски доблести, кои се особено ценети во античкиот свет: благородност (на династијата), храброст/моќ и мудрост. Во археологијата Готите војнички ги победуваат сите цивилизации со кои доаѓаат во контакт. Готите, според делот кој се однесува всушност на Дакија во Getica , и кој е преземен од Дион Хрисостом, наводно биле исклучително мудри, ја изучувале филозофијата, етиката, физиката, логиката, астрономијата, теологијата итн. Претставени се како најрационални меѓу народите, односно како рамноправни со Римјаните. Оваа претстава е во спротивност со општата слика што римската елита ја негувала за барбарите како нерационални луѓе. За овие прашања повеќе кај Peter Heather, The Barbarian in Late Antiquity. Image, reality and transformation, Constructing Identities in Late Antiquity (ред. R. Miles), New York-London, 1999, 236, 247 и

64 ГЛАСНИК Стефан Пановски, Дарко Стојанов раниот среден век. 83 Впрочем, некои сметаат дека токму делото на Јорданес, односно Касиодор, е пионерот во тој правец. 84 Инаку, Origo во извесна смисла се темели на концептите на римската етнографија, која почнувајќи од Кајсар, ги прифаќа локалните традициите за потеклото на племињата кои ги освојува. 85 Главните недостатоци на овој концепт се тоа што многу племиња и династии почнале да тврдат дека се автохтони, а некои од нив и дека се најстари. 86 Во таа смисла, од медиевистичка перспектива археологијата на Јорданес, и покрај нејзината неверојатност, не претставува изненадување на прв поглед. Одамна е јасно, како што истакнува Б. Кроук, дека формирањето на нови етнички, културни и регионални идентитети нашло одраз кај некои историчари од VI век, кои го илустрираат процесот на реконструкција и редефинирање на минатото. 87 Меѓутоа, потребно е да излеземе од крупниот концепт за Origo gentis и да се сосредоточиме подетално на можните мотиви на Јорданес за составувањето на Гетика, и поконкретно неговата археологија. 6. Јорданес ја напишал Гетика на латински јазик во Константинопол, во 551 година. Во предговорот на делото тој дава неколку важни технички податоци: дека делото го пишува по барање на пријателот Касталиј; дека делото во суштина е еден вид епитома на дванаесетте томови готска историја од Касиодор; дека таа епитома ја работи по сеќавање, односно дека го немал пред себе делото на Касиодор додека пишувал; дека неговиот стил на пишување е помалку елоквентен од оној на Касиодор; дека самиот додавал податоци од 83 Тоа не значи дека претходно луѓето не се интересирале за потекло на народи или градови. На пример, уште Катон Постариот (III-II век п.н.е.) пишува дело насловено Origines, но тоа ја третирало историјата на поединечни градови во Италија. Според Elias J. Bickerman, Origines gentium, Classical Philology 47/1952 бр.2, 77 во времето на Полибиј таквите дела биле доста популарни. 84 cf. Patrick Geary, Quand les nations..., 82. Според Herwig Wolfram, Histoire..., 16 делата од овој жанр се доста важни од 550 до 1200 година (кога Саксо Граматик ја напишал Gesta Danorum). Од друга страна, Guy Halsall, Barbarian Migrations and the Roman West, , Cambridge, 2007, 460 се сомнева дека Origines gentium претставуваат солиден корпус. Смета дека тие се пишувани во различни периоди, во различни услови, и во различни литературни жанри. Неговиот став е реакција на германската тенденција од XIX век, да ги става тие дела во служба на германизмот. Инаку, не сите германски племиња имале пишани Origines (на пример, Вандалите, Бургундите и Баварците). 85 Elias J. Bickerman, Origines, Со што и се разликува од хеленската етнографија, која најчесто ја става својата митологија во коренот на племињата со кои се среќава. 86 Elias J. Bickerman, Origines, 76. cf. Patrick Geary, Quand les nations..., 149 за претензиите на Франките, т.е. на Меровинзите, за тројанско потекло, преку кое би се претставиле како блиски до традициите на Римјаните. 87 Brian Croke, Latin Historiography and the Barbarian Kingdoms, in Greek and Roman Historiography in Late Antiquity. Fourth to Sixth century A.D. (ред. G. Marasco), Leiden, 2003,

65 Кога митот и историјата се среќаваат: Getica други грчки и римски автори. 88 Ваквото отварање на книгата со експлицитни податоци е, барем на прв поглед, многу корисно за разбирање на нејзиниот настанок, и во споредба со бројни доцноантички дела кои се или изгубени или сочувани во фрагменти изгледа навистина драгоцено. Од друга страна, истите податоци всушност отвараат многу повеќе прашања отколку што одговараат, па дури и дополнително го отежнуваат разбирањето на Гетика. Веќе два века Гетика е предмет на многубројни, детални и неуморни анализи, како на поединечни сегменти, така и на целокупниот текст. 89 Тоа што останува по морето библиографија е впечатокот дека дебатите најчесто завршуваат во ќорсокак, бидејќи не нудат цврсти одговори или општоприфатливи заклучоци. Како што умешно се изразил Е. Мерилс, Гетика е едно од најфасцинантните а воедно и едно од најфрустрирачките доцноантички литерарни дела. 90 Една од главните причини за тоа, а која е важна и за оваа статија, е вечната дилема за потеклото на понудените податоци: Јорданес или Касиодор? Во која мера тоа што Гетика го нуди доаѓа од Касиодор, а во која мера од Јорданес, останува предмет на историографски расправи до денес. 91 Од оваа, но и други дилеми, зависи и нашиот обид за 88 Jord., Getica, Меѓу позначајните во последните педесетина години: серијата статии на Dennis B. Bradley, The Composition of the Getica, Eranos 64/1966, 67-79; In altum laxare vela compulsis. The Getica of Jordanes, Hermes 121/1993 бр.2, ; Some Textual Problems in the Getica of Jordanes, Hermes 125/1997 бр.2, ; Barry Baldwin, The Purpose of the Getica, Hermes 107/1979 бр.4, ; Brian Croke, Cassiodorus and the Getica of Jordanes, CPh 82/1987 бр.2, ; Brian Croke Jordanes and the Immediate Past, Historia 54/2005 бр.4, ; Samuel J. B. Barnish, The Genesis and Completion of Cassiodorus Gothic History, Latomus 43/1984, ; Gilbert Dagron, Une lecture de Cassiodore-Jordanès: les Goths de Scandza à Ravenne, Annales 26/1971 бр.2, ; Antonino Grillone, Congetture del Mommsen nell apparato dei suoi Getica di Giordanes, Hermes 131/2003 бр.1, ; James J. O Donnell, The Aims of Jordanes, Historia 31/1982 бр.2, ; Peter Heather, Cassiodorus and the Rise of the Amals. Genealogy and the Goths under Hun Domination, JRS 79/1989, ; Arne S. Christensen, Cassiodorus, passim; Walter Goffart, The Narrators of Barbarian History AD Jordanes, Gregory of Tours, Bede and Paul the Deacon, Prinston, 1988, ch Andy H. Merrills, History and Geography, Нема општо прифатлива методологија која би можела да утврди точно кои делови Јорданес ги презел од Касиодор. Brian Croke, Latin..., 365 најдобро го доловува тој момент:...precisely what sensus et res actas of Cassiodorus history can be identified in the Getica remains a guess. There is no agreed methodology, or set of principles, for reliably ascribing particular parts of Jordanes Getica to Cassiodorus. Attempts to identify verbatim extracts from Cassiodorus are likely to remain futile. Слично и во Brian Croke, Cassiodorus..., 121; Arne S. Christensen, Cassiodorus,, 114; James J. O Donnell, Aims, 223. Правени се и компаративни анализи на стиловите на Касиодор и Јорданес, меѓутоа се уште не е даден задоволителен одговор, cf. Arne S. Christensen, Cassiodorus, 123. Ian Wood, Review: Cassiodorus, Jordanes and the History of the Goths, Historisk Tidsskrift 103/2003 бр.2, 484 е посебно директен во тврдењето дека одземањето на гласот на Јорданес од страна на современата историографија е сериозен 65

66 ГЛАСНИК Стефан Пановски, Дарко Стојанов разбирање на причините за пишувањето на археологијата на Јорданес, а во тој контекст и на македонско-готската епизода. Во овие магловити услови се појавиле неколку хипотези. Една хипотеза се фокусира на Касиодор, односно на кралот Теодорих и остроготскиот двор во Равена. Касиодор (познат како Сенаторот ) бил припадник на локалната италска аристократија и висок функционер во Oстроготското кралство. Теодорих му дал задача да напише историја на Готите, 92 што и ја извршил составувајќи 12 тома. Постои компромис кај истражувачите дека ова дело било дел од политичката пропаганда на Теодорих, кој имал за цел да обезбеди легитимитет за постоењето на варварската држава на римска територија, или поконкретно, легитимитет и престиж на новодојдениот варварски владеачки слој. 93 Тој имал потреба да ја убеди старата римска аристократија дека Готите биле подеднакво важни и присутни во медитеранскиот свет како и Римјаните, и дека готската владеачка династија (Амалите) има долга, богата и благородна традиција, исто како и водечките римски аристократски семејства. 94 Во тој контекст, многумина сметаат дека токму Касиодор е вистинскиот автор на археологијата, а дека Јорданес го презел од него. Освен силната политичка мотивација, честопати како основа за оваа хипотеза се смета и едно признание од самиот Касиодор, напишано речиси две децении пред текстот на Јорданес. Имено, во писмото што Касиодор го напишал за готскиот крал Аталарик, кое што кралот требало да го прочита пред Сенатот на 31 август 533, кога всушност самиот Касиодор бил назначен за Преториски Префект на Италија, стои дека: Од готските почетоци создаде римска историја, собирајќи ги како во единствен венец расцветаните плодови, претходно расфрлени низ полињата на книжевноста. 95 Особено е важен делот проблем, и дека без разлика на тоа што и како запомнил од делото на Касиодор, сепак Гетика треба да се разгледува како посебно дело. 92 cf. Samuel J. B. Barnish, Introduction in Cassiodorus, Variae, Liverpool, 1992, XXXVII. 93 cf. Arne S. Christensen, Cassiodorus, кој смета дека Готите, односно кралот Теодорих, барале пишана историја која би била во извесна мерка рамноправна со римската, бидејќи сега Готите станале владетели на Италија и не смееле да си дозволат да имаат помал престиж од Римјаните. Касиодор сметал дека може да ја задоволи порачката со тоа што ќе ги вклучи скитската и гетската историја во историјата на Готите. Така, Римјаните не би морале да бидат засрамени дека се владеани од новодојденци. Слично, и Peter Heather, Cassiodorus, 109, е убеден дека Касиодор бил подготвен на манипулација со историјата за потребите на готскиот крал, и дека самиот тоа го признава. 94 Настрана од проблемот со Гетика, П. Хедер кој ја истражувал внатрешната политика на Теодорих во време на остроготското кралство во Италија, дошол до заклучок дека биле употребени сите средства за да се пренесе централната порака дека власта на Теодорих е римска по карактер. cf. Peter Heather, The Barbarian..., 250. За римскиот Сенат како целна група на делото на Касиодор, cf. Andy H. Merrills, History and Geography, Variae

67 Кога митот и историјата се среќаваат: Getica originem Gothicam historiam fecit esse Romanam, кој бил анализиран неколку пати и секогаш со голема тешкотија. 96 Накратко, Касиодор имал добар мотив, а наоѓаме и еден вид пишана потврда, или барем индикација. Сепак, оваа хипотеза, иако е една од најприфатените засега, создава неколку проблеми. За почеток, авторот на Гетика е сепак Јорданес, и без оглед на тоа што се обидел да го следи Касиодор, тоа не смее да биде занемарено. Дискутабилно е колку верно можел да ги следи 12-те тома на Касиодор штом не ги имал пред себе. Впрочем, и самиот Јорданес вели дека пишува од сеќавање, а освен тоа и дека самиот додавал делови од грчки и римски истории (кои ги имал пред себе). Со други зборови, што се однесува до археологијата, не му бил потребен Касиодор. Друг голем проблем во оваа хипотеза е заклучокот дека Касиодор ја вклучил гетската историја во готската за конкретни политички цели. Всушност, овој став е тешко оддржлив, бидејќи поистоветувањето на Готите со Гетите (па и со Скитите) е една цела литерарна традиција распространета во доцната антика, и сигурно не е измислено од Касиодор. 97 За Гети/Готи можеме да прочитаме уште кај Хиероним, Орозиј, Пауланус од Нола, Филосторгиј, 98 па дури и по Касиодор/Јорданес кај Исидор од Севиља. 99 Според тоа, гетската историја во делото на Јорданес не е нужно производ на политички контекст, туку одраз на неговата ученост. Настрана од тој аргумент, традицијата на пишување Гетики постои уште од времето на Дион Хрисостом (I-II век). Јорданес знае и ги спомнува двете традиции: дека Дион (Хрисостом) напишал Гетика многу порано, и дека Орозиј објаснува дека Готите се Гети. 100 Според тоа, фигурата на Касиодор не игра нужно улога во објаснувањето на археологијата на Јорданес. 96 И Brian Croke, Latin Historiography..., 363 смета дека таа фраза најверојатно е индикатор дека Касиодор додавал епизоди од класична антика во историјата на Готите. 97 Ова сознание е веќе одамна познато, cf. Александр Д. Дмитрев, Народные движения в восточноримских провинциях в период дунайских войн III в. ( ), Византийский Временник 8/1956, и Олег В. Кудрявцев, Исследования по истории балкано-дунайских областей в период Римской империи и статьи по общим проблемам древней истории, Москва, 1957, Понатаму, cf. Herwig Wolfram, Histoire ; Вера П. Буданова, Готи в эпоху великого переселения народов, Москва, 1990, Ian Wood, Cassiodorus, 468 го посочува Хиероним како можен прв извор за овој тренд (крај на IV век н.е.), меѓутоа постојат индиции и за претходни примери во III век н.е., cf. Helenius Acron, in Acronis et Porphyrionis commentarii in Q. Horatium Flaccum, ad Carmen За подолг список на доцноантички извори каде се среќава поистоветувањето Готи-Гети, cf. Вера П. Буданова, Готи Isid., Historia de regibus Gothorum, Vandalorum et Suevorum, Ова дело не само што ја продолжува идејата Гети-Готи (сметајќи ги и едните и другите за Скити по потекло), туку како и Јорданес исто така почнува со кратка археологија во која се мешаат Готите со Александар, Пир, Помпеј и Кајсар. Се наметнува прашањето дали Исидор го следел Јорданес (или Касиодор), или пак се водел по некоја друга литерарна линија. За Готите и Скитите како потомци на Магог, син на Јафет, пишува и во Етимологиите, cf. Isid., Etymol и со детални објаснувања. 100 Jord., Getica,

68 ГЛАСНИК Стефан Пановски, Дарко Стојанов Друга хипотеза предлага дека Јорданес ги вметнал Готите во старата медитеранска историја, односно ја величи нивната старост, благородност и сила, со цел да покаже со каков достоен, моќен непријател се судрил, а потоа и покорил, Јустинијан. Колку поголем непријател, толку поголема победа и слава за императорот. Меѓутоа, оваа логика можеби се однесува само на победата над готскиот крал Витигес во Но, во овој случај немаме потврда дека Јорданес пишувал директно за потребите на византискиот цар. Напротив, ако му веруваме на зборот (од предговорот), тој не само што пишувал по барање на неговиот пријател Касталиј, туку и му остава отворена можност да промени или додаде нешто ако е потребно. 102 Ваква слобода не би била замислива доколку делото е во конкретна политичка функција на царскиот двор. Според трета хипотеза, Јорданес ја напишал Гетика со цел да гo спаси од заборав својот народ (самиот тврди дека има готско потекло), кој се соочувал со уништување. 103 Меѓутоа, етничкото потекло на Јорданес не е докрај разјаснето во современата историографија, бидејќи на едно место дава детални податоци за своето аланско семејство, 104 а на друго место вели дека потекнува од Готите. Јорданес сигурно не би грешел во врска со своето потекло и идентитет. Навидум контрадикторните изјави можат да бидат и компатибилни. Сосема е вообичаено во периодот на големите миграции да среќаваме мешани бракови од една страна, како и мешани племенски групации од друга страна. Хипотетички, постои можност Јорданес да има аланско потекло по таткова линија, а готско потекло по мајчина линија. Од друга страна, В. Гофарт смета дека изворните податоци не се заклучни, односно дека не може да се докаже ниту дека Јорданес бил Гот, ниту дека бил Алан. 105 Настрана од оваа аргументација, тешко е да се поверува дека Јорданес (или нарачателот Касталиј) ја напишал Гетика за да ги спаси Готите од заборав, бидејќи веќе била напишана и далеку позната историјата на Готите во 12 тома од Касиодор. Четврта хипотеза предлага дека Јорданес ја напишал Гетика за да пропагира помирување помеѓу Византија и Готите после тешките војни. 106 Имено, делото завршува со раѓањето на Герман (cca 550), кој преку мешаниот брак на неговите родители, метафорично ги обединува двата завојувани држави, како и двете владеачки династии. 107 Овој податок внесол дополнителни забуни 101 cf. Arne Soby Christensen, Cassiodorus..., 348; James J. O Donnell, Aims, Jord., Getica, Arne Soby Christensen, Cassiodorus..., Неговиот дедо Парија бил долгогодишен секретар на аланскиот водач Кандак во Мала Скитија и Долна Мазија, а пак неговиот татко носел аланско име, Алановиамут. Јорданес, пак, бил секретар на Гунтигис/База, кој имал мешано аланско и готско потекло, (Getica ). 105 Walter Goffart, The Narrators, cf. Brian Croke, Latin Historiography..., 364, кој се повикува на Arnaldo Momigliano, Cassiodorus and Italian Culture of His Time, PBA 41 (1955), Jord., Getica, Новороденчето било Римјанин/Византиец по татко (Герман, близок роднина на Јустинијан), а Гот по мајка (Матасунта, внука на Теодорих). 68

69 Кога митот и историјата се среќаваат: Getica во толкувањето на причините за создавањето на Гетика, често пати и кај едни исти еминентни историчари. Така, Џ. Бјури прво го поддржува политичкиот карактер на ваквата идеја, а подоцна го негира. 108 Меѓутоа, дури и да провејува таква метафоричка порака на крајот на Гетика, сепак тоа не значи дека тоа е причината за пишувањето на делото, и уште помалку за археологијата. Конечно, настрана од хипотезите кои се најчесто врзуваат со политички причини на остроготскиот двор во Равена (Касиодор за Теодорих) или пак со византискиот двор во Константинопол (Јорданес за Јустинијан), сосема е можно, како што истакнува Б. Болдвин, Гетика да е без никаква политичка позадина, односно дека Јорданес само ја задоволил љубопитноста на својот пријател Касталиј, кој му ја испратил молбата за едно такво дело. 109 Несомнено, во тоа време на долга војна со Остроготите, не недостасувал интерес за информации околу Готите. Освен тоа,во предговорот на Гетика се спомнува дека Касталиј живее во близина на Готите, па тоа може да е исто така причина за да се побара готска историја од Јорданес. Во секој случај, Касталиј, исто како и Вигилиј (заеднички пријател по чија молба Јорданес ја напишал Романа ), имал мислење дека Јорданес е некој што имал репутација, способност и книжевни ресурси да напише одредено историографско дело. 110 Во социокултурен контекст, постои консензус дека Јорданес бил дел од елитните книжевни кругови во Константинопол кон средината на VI век. Пишувајќи за разните типови на литераrни читателски публики во Константинопол во време на Јустинијан, К. Рап го спомнува и кругот на луѓе од Италија, северна Африка и делови од Илирик, кои читале на латински јазик. Во тој контекст, ги спомнува и Касиодор и Јорданес како значајни фигури во италијанската заедница во престолнината. 111 Дискусиите за целите и мотивите на Јорданес во готската археологија, и воедно и во целото дело, се далеку од завршени. Бројните хипотези се базираат на одделни сегменти од нарацијата на кои има даваат предност, но ниедна од нив не е во дефинитивна контрадикција со останатите. Всушност, токму инсистирањето на еден мотив или една причина е можеби главната пречка за разрешување на ова прашање. Магловитоста со која е опкружена 108 John B. Bury, A History of the Later Roman Empire from Arcadius to Irene (395 A.D. to 800 A.D.), vol. 1, London, 1889, 412, и History of the Later Roman Empire from the death of Theodosius I to the death of Justinian, vol. 2, 2 nd ed., New York, 1958, 255, n Barry Baldwin, The Purpose , кој нагласува дека составувањето на Гетика како синтеза на Касиодор, по барање од Касталиј, е целосно во духот на времето во кое живеел Јорданес, и дека нема никаква потреба истото да биде објаснето како политичка пропаганда. 110 Brian Croke, Cassiodorus, Claudia Rapp, Literary Culture under Justinian, The Cambridge Companion to the Age of Justinian, (ред. Michael Maas), Cambridge, 2005, 390. Италијанската заедница во Константинопол главно била составена од бегалци од готските војни, како и од дипломати и други великодостојници. Што се однесува до Касиодор, по неколкуте години во тие кругови, заминал за јужна Италија, каде во близина на семејните имоти го основал манстирот Вивариум. 69

70 ГЛАСНИК Стефан Пановски, Дарко Стојанов Гетика придонесува до тоа да сите понудени мислења се прелиминарни. Врз база на горната дискусија, засега би можеле да сугерираме дека мотивите зад археологијата не се нужно политички, и дека во еден сегмент имаат врска со литерарната традиција на поистоветување на Готите со Гетите, и со други народи посведочени во постарите извори, како мост кон славната античка историја. Иако бројни прашања за Гетика ќе останат отворени уште долго време, врз база на анализата на веродостојноста на дел од сочуваните податоци може да се заклучи дека како и секое компилативно дело има парчиња со нееднаква вредност. Некои епизоди од археологијата сепак се покорисни за историско истражување отколку што вообичаено се мисли; но, дури и оние делови кои имаат повеќе митологизирачка отколку историска содржина можеби се и поинструктивни во анализата на мотивите на авторот. 70

71 ГЛАСНИК ISSN СТАТИИ УДК 904:623.1(497.73) 652 ОДБРАНБЕНИ ЕЛЕМЕНТИ КАЈ ДОЦНОАНТИЧКИТЕ УТВРДУВАЊА ВО БРЕГАЛНИЧКИОТ БАСЕН Драган Веселинов Научен соработник на Универзитетот Евро Балкан Скопје Трајче Нацев Виш научен соработник на Институтот за историја и археологија на Факултетот за образовни науки при Универзитетот Гоце Делчев Штип Abstract In the Late Antiquity in Bregalnica Basin settlements were fortified for defense and protection from enemy attacks. Some of them were a newly built fortifications, while others have been renewed during this period. They all had defensive elements that enabled more effective defense and protection of people and material goods. Keywords: defense elements, fortifications, Late Antiquity, Bregalnica Basin. По хаосот кој владеел во Римското Царство (од 235 до 284 г.) како резултат на внатрешните воено-политички превирања и нападите на варварските племиња настапува период на обнова. Таа започнала да се спроведува во времето на Диоклецијан каде со големи реформи дошло до подобрување во секој сегмент на материјалното и духовното творење. Во периодот од 4 до 6 век кај населените места биле забележани разни иновации, во нивните изградби се користеле нови градежни техники, а исто така се појавиле и нови фортификациски елементи. Секако дека сето ова било присутно и во Брегалничкиот басен кој претставувал дел од тогашните европски провинции на Царството. Во доцноантичкиот период во Брегалничкиот басен имало четири видови на утврдени места: castelum гратчиња (oppidum), castelum стражи (speculae), збегови (refugia) и утврдени села (vici murati). 1 Првите две претставувале воени утврдувања, додека пак останатите утврдувања биле цивилни. 1 Иван Микулчиќ, Доцноантички фортификации, Археолошка карта на Р. Македонија, Т. I, Скопје, 1994, ; Иван Микулчиќ, Акнтички градови во Македонија, кн.8, Скопје, 1999,

72 ГЛАСНИК Драган Веселинов, Трајче Нацев Castelum гратчињата (oppidum) се граделе по однапред одреден план и како урбанизирани места се простирале на површина од 1,5 до 2 хектари кај помалите односно од 4 до 6 хектари кај поголемите утврдувања. Како помали или многу мали утврдувања castelum стражите (speculae) имале доминантни позиции и биле поставувани покрај некој премин, граница, рудници или пак влегувале во системот на одбрана на поголемите утврдувања. Збеговите (refugia) се градени на скриени места на зафрлени и тешко пристапни терени најчесто во ридестите и планинските предели. Тие се користеле повремено во случај на напад, за многу подоцна и да бидат постојано населени. Нивната големина се движела околу 1 хектар. На мали возвишенија во питомите долини се наоѓале утврдените села (vici murati). Ова утврдување зафаќало површина од околу 2 3 хектари, било лесно пристапно и опкружено со обработлива површина. Во суштина кастелите и рефугиите во доцната антика станале основна форма на безбедно населено место каде најзначајните од нив добиле и урбани обележја. 2 За изградба на утврдувањата во Брегалничкиот басен во овој период се користеле следните техники: opus caementicum (во темелната основа или субструкцијата), opus incertum (суперструкција) и opus emplecton техника која се јавува во јадрото на ѕидот, со залевање на ситен камен со топол варов малтер. 3 Кај доцноантичките утврдувања од овој басен како одбранбени елементи се сретнувале: одбранбен ѕид, куртина, кули, протеихизмата, порти, пропугнакулум, скали, ниши, ров (фоса) и акропола. 4 Одбранбениот ѕид кој претставувал една затворена целина го опкружувал местото кое се утврдува овозможувајќи сигурност на луѓето и материјалните добра во неговата внатрешност. Неговата височина и широчина зависела од видот на утврдувањата. Растојанието меѓу две кули ја претставувало куртината. И нејзината височина и широчина исто така зависела од видот на утврдувањата, но била доволна за да даде сигурност на бранителите во него. Се состоела од темелна основа (субструкција) и ѕидно платно (суперструкција). Како одбранбен елемент кулите имале функција да ги зајакнат обѕидијата на утврдувањето поточно да ја осигураат заштитата на портите и куртините. Тие биле издадени надвор од линијата на одбранбените ѕидови, а растојанието меѓу две кули се движело од м кое одговарало на просечниот дострел на стрелите. На тој начин можело да се покрие целото обѕидие. Кулите кај утврдувањата во Брегалничкиот басен главно имале четвртеста основа, но имало и такви кои биле кружни. 2 Ivan Mikulčić, Kasnoanticka utvrdjenja u S. R. Makedoniji Pokušaj klasifikacije, Odbrambeni sistemi u praistoriji i antici na tlu Jugoslavije, Savez arheoloških društva Jugoslavije, Arheološko društvo Vojvodine (referati XII kongresa arheologa Jugoslavije Novi Sad 1984 g.), Novi Sad 1986, Трајче Нацев, Антиката во Брегалничкиот басен, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Штип, Штип, 2013, Иван Микулчиќ, Антички градови..., 242; Трајче Нацев, Доцноантичкиот град Баргала, Штип,

73 Одбранбени елементи кај доцноантичките утврдувања во Брег. басен За задржување на напаѓачите на одредено растојание, пред ѕидовите се подигала протеихизма. Таа претставувала класичен ѕид граден од кршен камен со малтер, кој бил послаб и потесен од главното обѕидие. Растојанието меѓу протеихизмата и главното обѕидие се движело од 8 до 21 м во зависност од видот на утврдувањето. 5 Овој одбранбен елемент исто така овозможувал заштита на темелите на кулите што биле издадени пред линијата на куртината. Портите овозможувале влегување и излегување кај утврдувањата. Биле бранети со една или две кули. Бранењето со две кули е карактеристично за поголемите утврдувања, додека кај помалите портите најчесто се со една кула. Просторот меѓу две порти распоредени една зад друга се нарекува пропугнакулум. Просторот меѓу двете внатрешни порти поставени во одбранбениот ѕид се нарекува внатрешен, а просторот меѓу портата на обѕидието пред бедемот и главната порта се нарекува надворешен пропугнакулум (Пл.1). Тој имал за цел да го спречи непријателското преминување низ портите. Искачувањето на бранителите на платформата на одбранбениот ѕид се изведувало со помош на скали. Тие се граделе припиени или вовлечени на неговото внатрешно лице. Нишите биле градени за скалите кои воделе до платформата на куртината. Покрај ова нишите исто така служеле за заштита на стражата и за чување на оружјето. За задржување и отежнување на непријателските напади ровот претставувал ефикасен одбранбен елемент. Тој бил копан на тој начин што ја следел линијата на одбранбениот ѕид. Акрополата се наоѓала на највисокиот дел во утврдувањата. Во неа биле сместени командата на војската, храна, цистерни за вода и оружје. Во случај на освојување на останатиот простор во утврдувањето од страна на непријателот, тогаш акрополата служела и како последно засолниште на бранителите. Таа од останатиот дел на утврдувањето била одделена од внатрешната страна со еден преграден ѕид зајакнат со кули. 6 Присутноста на одбранбените елементи кај едно утврдување пред сѐ зависела од неговата големина, значење, местоположба, време на изградба и карактеристики на почвата на кое е изградено. Во одреден дел од доцната антика утврдувањата ја менувале својата форма и позиција. Тоа посебно било изразено за време на владеењето на Диоклецијан и Константин кога тие го губат централниот дел, а кај повеќето castelum гратчиња и castelum стражи кулите и портите добиваат нови форми. Во Брегалничкиот басен досега се познати следните утврдувања: Буковиќ Пехчево (vici murati), Селиште Пехчево (oppidum), Градиште Берово (speculae), Градиште село Владимирово Берово (speculae), Материца село Владимирово Берово (speculae), Градиште 1 село Двориште Берово (speculae), Градиште 2 село Двориште Берово (speculae), Градиште село Мачево Берово (speculae), Цуцуло село Мачево Берово (oppidum), Градиште село Панчарево Берово (speculae), Градиште 2 село Ратево Берово (vici 5 Иван Микулчиќ, Антички градови..., Истото,

74 ГЛАСНИК Драган Веселинов, Трајче Нацев murati), Градиште 1 село Ратево Берово (speculae), Градиште село Русиново Берово (speculae), Прекинато Градиште село Вирче Делчево (oppidum), Градо село Град Делчево (vici murati), Градиште село Габрово Делчево (refugia), Градиште Делчево (speculae), Градиште 1 село Драмче Делчево (vici murati), Мало Градиште село Ѕвегор Делчево (speculae), Големо Градиште село Ѕвегор Делчево (vici murati), Пресечен Камен Градиште село Очипала Делчево (oppidum), Ошљан Град село Разловци Делчево (oppidum), Градиште село Разловци Делчево (refugia), Даутов Чукар село Стар Истевник Делчево (oppidum), Градиште (Голак) село Тработивиште Делчево (vici murati), Градиште село Тработивиште Делчево (oppidum), Калата село Дулица Македонска Каменица (vici murati), Градиште село Косевица Македонска Каменица (speculae), Градиште село Моштица Македонска Каменица (oppidum), Градиште село Саса Македонска Каменица (speculae), Виничко Кале Виница (oppidum), Самовилец село Грљани Виница (speculae), Кале село Истибања Виница (oppidum), Бигланско Градиште село Лаки Виница (oppidum), Градиште село Лаки Виница (oppidum), Грамади село Бања Кочани (speculae), Тркањски рид село Бања Кочани (speculae), Турски Гробишта село Бања Кочани (speculae), Тодорица село Бели Кочани (refugia), Градиште село Бели Кочани (oppidum), Мировница село Горно Градче Кочани (speculae), Горно Градиште село Долно Гратче Кочани (oppidum), Долно Градиште село Долно Гратче Кочани (oppidum), Патилаво село Зрновци Кочани (speculae), Градиште село Јатребник Кочани (speculae), Шилести Рид Кочани (speculae), Градиште село Кучичино Кочани (speculae), Градиште село Мородвис Кочани (oppidum), Градиште село Нивичани Кочани (refugia), Св.Спас Рамно Брдо село Полаки Кочани (speculae), Градиште село Соколарци Кочани (refugia), Манастир село Соколарци Кочани (vici murati), Црвен Камен село Теранци Кочани (speculae), Градиште село Горни Балван Штип (oppidum), Лозен село Горни Балван Штип (speculae), Кале Градиште Баргала село Горни Козјак Штип (oppidum-civitas), Градиште Шаренковец село Горно Трогерци Штип (speculae), Кале Градиште село Долани Штип (oppidum), Бандера село Долни Козјак Штип (oppidum), Градиште село Драгоево Штип (speculae), Кула село Калаузлија Штип (speculae), Градиште село Криви Дол Штип (oppidum), Градиште Чука село Пиперово Штип (oppidum), Бавчи село Пухче Штип (speculae), Кала (Коџоман Кааси) село Пухче Штип (speculae), Солунски Рид село Судиќ Штип (speculae), Караул село Горобинци Свети Николе (oppidum), Мамутница село Горобинци Свети Николе (oppidum), Градиште село Горно Ѓурѓанце Свети Николе (speculae), Градиште село Долно Ѓуѓанце Свети Николе (oppidum) и Градиште село Трстеник Свети Николе (vici murati). Утврденото село Буковиќ кое се наоѓа на 3 км источно од Пехчево располагало со одбранбен ѕид и порта. Ваквата одбрана се должела на неговата местоположба која била на една височинка со зарамнето плато, како и на видот на кој припаѓа. Локацијата на Селиште, која е на 5 км североисточно од Пехчево, на висок рид со зарамнето плато, пред сѐ му овозможувала природна одбрана. 74

75 Одбранбени елементи кај доцноантичките утврдувања во Брег. басен Но како castelum гратчe располагало со одбранбени елементи од кои според досегашните истражувања е потврден само одбранбениот ѕид. 7 Castelum стражата Градиште се наоѓала на 7 км од Берово на позиција која имала природна одбранбена поставеност. Сместена на рид кој се издига високо над левиот брег на река Брегалница имала одбранбен ѕид и порта. Сѐ уште не се откриени остатоци од одбранбени елементи кај ова утврдување. И кај стражите Градиште и Материца кои се наоѓаат на висок рид во близина на село Владимирово засега е констастиран само одбранбен ѕид. Градиште 1 и Градиште 2 се доцноантички стражи кои се лоцирани на зарамнето плато на ридови во околината на село Двориште. Кај нив како одбранбен елемент е забележан ѕидот. Доминантната положба над теренот околу стражата Градиште лоцирана на 7 км од село Мачево му овозможувала предност во делот на одбраната. Благодарение на одбранбениот ѕид кој опкружувал површина од 1 хектар на зарамнето плато на висок рид на левиот брег на река Каменица ова утврдување ги одбивало непријателските напади. Цуцулот како утврден град е сместен на 2 км северно до селото Мачево на еден висок рид. Кај него досега во истражувањата е потврден само одбранбениот ѕид. На 2 км јужно од селото Панчарево на висок рид се наоѓа стражата Градиште. На самиот врв од ридот се откриени одбранбените ѕидови на ова утврдување. 8 Стражата Градиште 1 и утврденото село Градиште 2 се лоцирани кај село Ратево. Првото утврдување е со местоположба на висок рид, додека второто се наоѓа на ниска чука. И кај двете како одбранбен елемент е присутен ѕидот. Во близина на село Русиново на 3 км источно од Џами Тепе е сместено утврдувањето Градиште. На зарамнето плато на висок рид е забележан одбранбениот ѕид на оваа стража и истиот заградил површина од околу 0,5 хектари. 9 Утврдувањето Прекинато Градиште се наоѓа на околу 2,5 км источно од селото Вирче на висок рид со доминантна положба. Неговите одбранбени ѕидови биле поставени на зарамнето плато на врвот на ридот. Покрај одбранбениот ѕид ова castel-гратче располагало и со кула и порта (Пл.2). 10 Градо претставувал утврдено село лоцирано на висок рид со доминантна положба, на североисточниот раб на селото Град (Сл.1). Според досегашните истражувања кај ова утврдување се констатирани следните одбранбени елементи: одбранбен ѕид, порта, акропол и кула. Castelum стражата Градиште е со местоположба на зарамнето плато на висок рид кој се наоѓа на 2 км североисточно од село Габрово. Покрај одбранбените ѕидови кај Градиште сѐ уште не се откриени други одбранбени елементи. 7 Трајче Нацев, Антиката во., Истото, Истото, Ivan Mikulcik, Spätantike und frühbyzantinische Befestigungen in Nordmakedonien, Munchen, 2002,

76 ГЛАСНИК Драган Веселинов, Трајче Нацев Лоцирана на 2 км јужно од Делчево се наоѓа стражата Градиште. Таа за заштита од непријателски напади имала одбранбен ѕид со кула. 11 На врвот на висок рид меѓу маалата Ваканица и Илиовица во селото Драмче е сместено утврденото село Градиште 1. Кај ова утврдување откриени се одбранбен ѕид, кули и ров (Пл.3). 12 Мало и Големо Градиште се утврдувања кои се наоѓаат во околината на село Ѕвегор. На 500 м источно од селото, на зарамнето плато на висок рид е забележан одбранбен ѕид на стражата Мало Градиште. Кај утврденото село Големо Градиште кое е лоцирано на рид на 4 км источно од Ѕвегор пак имало одбранбен ѕид и кули. Локацијата на castelum гратчето Пресечен Камен Градиште е на зарамнет врв на висок рид кој се наоѓа на десниот брег на река Брегалница, на местото каде ја напушта долината на Пијанец. Утврдувањето располагало со одбранбен ѕид и кули. 13 Во околината на селото Разловци се сместени castelum гратчето Ошљан Град и збегот Градиште. И кај двата вида на утврдување досега е откриен само одбранбен ѕид. Даутов Чукар се наоѓа на местото каде што главниот пат Делчево Пехчево се издвојува од патот кон село Истевник, на висок рид со доминантна положба над околината. Castelum гратчето имало одбранбен ѕид чие опкружување зафаќало површина од околу 0,5 хектари. 14 Утврдувањата Градиште (Голак) и Градиште се лоцирани во околината на село Трботивиште. Првото кое било утврдено село имало одбранбени ѕидови кои зафаќале површина од околу 2 до 3 хектари. Кај второто утврдување (castelum гратче) за одбрана од непријателски напади е забележано дека се користело одбранбен ѕид и кули. На висок рид со доминантна положба кој се наоѓа кај утоката на Каменица во Брегалница е сместено утврденото село Калата. Како одбранбени елементи кои ги користело ова утврдување засега се откриени само кули и одбранбен ѕид. 15 Стражата Градиште е сместена на висок рид над едно маало во село Косевица, познато како Паровско. Одбранбениот ѕид на кој имало кула опкружувал површина од околу 1 хектар. 16 Со површина од околу 1 хектар, на левиот брег на Камненичка Река, до утоката од долот Моштеница, на едно зарамнето плато се наоѓа утврдувањето Градиште. Ова castelum гратче имало одбранбен ѕид со кули. Местоположбата на утврдувањето Градиште е на 2 км од маалото Капетановци, село Саса на висок рид со зарамнето плато. Кај оваа castelum стража освен одбранбениот ѕид досега не се констатирани други одбранбени елементи. 11 Истото, Иван Микулчиќ, Антички градови..., Ivan Mikulcik, Spätantike und frühbyzantinische..., Трајче Нацев, Антиката во., 161 и Ivan Mikulcik, Spätantike und frühbyzantinische..., Трајче Нацев, Антиката во., 150; Ivan Mikulcik, Spätantike und frühbyzantinische...,

77 Одбранбени елементи кај доцноантичките утврдувања во Брег. басен Виничкото Кале кое претставувало castelum гратче е сместено во југозападната периферија на Виница. Утврдувањето имало одбранбен ѕид, кули, куртина и порта (Сл.2). Во околината на село Грљани, поточно на 400 м јужно од маалото Маниловци на зарамнето плато на висок рид се наоѓа одбранбениот ѕид на стражата Самовилец. Покрај овој одбранбен елемент до денес не е забележано постоење на други видови одбранбени елементи. Кај castelum гратчето Кале кое се наоѓа на 2 км североисточно од селото Истибање забележан е одбранбен ѕид чија широчина на темелите изнесувала до 1,4 м. 17 Утврдувањето Бигланско Градиште е лоцирано на 4 км југоисточно од селото Лаки, од десната страна на патот Виница Берово. Одбранбениот ѕид на castelum гратчето зафаќал површина од околу 1,5 хектари, а за зајакнување на неговата одбрана имало и ров (фоса). На 5 км западно од истоименото село на висок рид со доминантна положба пак е сместено castelum гратчето Градиште кое имало помала површина. Одбранбените ѕидови на ова утврдување зафаќале простор од околу 0,2 до 0,3 хектари. Грамади, Тркањски Рид и Турски Гробишта претставувале стражи кои се наоѓале во атарот на селото Бања. Досега кај овие утврдувања како одбранбен елемент е откриен само одбранбен ѕид. Одбранбен ѕид е забележан кај збегот Тодорица кој се наоѓа на 1 км северозападно од селото Бели. Во близина на истото село, на 2 км северно од него е лоцирано castelum гратчето Градиште. И ова утврдување го имало истиот одбранбен елемент како и Тодорица. Стражата Мировница е сместена во близина на селото Горно Гратче. Нејзиниот одбранбен ѕид опкружувал површина од околу 1 хектар. Кај селото Долно Гратче се лоцирани castelum гратчињата Горно и Долно Градиште. Местоположбата на првото утврдување е на левата страна од утоката на Голема Река во езерото Гратче на висок рид, додека на второто е кај утоката на Мала и Голема Река во езерото Гратче исто така на висок рид. И кај двете утврдувања досега од одбранбени елементи се констатирани одбранбен ѕид, акропола и кули. 18 На едно зарамнето плато на висок рид кој се издига над селто Зрновци се наоѓа утврдувањето Патилаво. Оваа стража која била со површина од околу 1 хектар имала одбранбен ѕид. Лоцирана на десниот брег на Голема Река, во планински предел, на висок рид во близина на селото Јастребник е сместена стражата Градиште. Утврдувањето од непријателски напади се бранело со одбранбен ѕид кој затворал простор од околу 3 декари. Утврдувањето Шилест Рид е лоцирано на западната периферија од градот на доминантен рид над десниот брег на Кочанска Река. Одбранбените ѕидови 17 Трајче Нацев, Антиката во., Трајче Нацев, Антиката во., 210 и 211; Звонимир Николовски, Антика во североисточна Македонија: населби, утврдувања, патни комуникации, Куманово, 2013,

78 ГЛАСНИК Драган Веселинов, Трајче Нацев формирале простор со димензии 120 x 50 метри (0,6 хектари) и истите биле зајакнати со кула. 19 Градиште се наоѓа на 3 км јужно до селото Кучичино на еден висок рид со доминантна положба. Досега во истражувањата кај оваа стража како одбранбен елемент потврден е само одбранбениот ѕид. Во јужниот дел на селото Мородвис е сместено castelum гратчето Градиште. Покрај одбранбениот ѕид ова утврдување имало акропола и кули. Збегот Градиште кој се наоѓа на северниот раб на селото Нивичани, на висок рид со доминантна положба, претставувал утврдување чии одбранбени ѕидови зафаќале површина од околу 0,7 хектари. На висок рид кај утоката на долот Лиса во Беровска Река, во близина на селото Полаки, се наоѓа утврдувањето Св.Спас Рамно Брдо. Одбранбените ѕидови кај оваа стража засега се единствени откриени одбранбени елементи. Утврдувањата Градиште и Манастир се лоцирани во околината на село Соколарци. Првото било збег и имало одбранбени ѕидови кои зафаќале површина од околу 1,5 хектар, додека второто кое претставувало утврдено село имало површина од околу 2 хектари. Двете утврдувања за одбрана од непријателски напади имале одбранбен ѕид и кули. Местоположбата на утврдувањето Црвен Камен е на 3,5 км југоисточно од селото Теранци, а на 1,5 км југозападно од селото Видовиште (воздушна линија) во подножјето на планината Плачковица кај м.в. Рамни Ниви. 20 Освен одбранбениот ѕид кај оваа castelum стража досега не се констатирани други одбранбени елементи. Кај селото Горни Балван се лоцирани утврдувањата Градиште и Лозен. Градиште претставувало castelum гратче кое се наоѓа југозападно до селото, поточно на тромеѓето меѓу селата Горно Трогерци, Батања и Горни Балван. Утврдувањето се наоѓало на висок рид и имало доминатна положба над околината, и врз основа на досегашните истражувања тоа располагало со акропола и одбранбен ѕид. Лозен пак било стража чија местоположба била на 2 км од селото Горни Балван, од левата страна на асфалтниот пат од Горни Балван за Долни Балван. И ова утврдување било сместено на висок рид, а кај него досега од одбранбени елементи познати се само кула и одбранбен ѕид. Кале Градиште Баргала се наоѓа во подножјето на планината Плачковица, на десниот брег на Козјачка Река во близина на селото Горни Козјак. Ова castelum гратче кое подоцна ќе премине во civitas 21 имало повеќе одбранбени елементи. Сите тие овозможувале поефикасна одбрана на ова утврдување. Одбранбени елементи кои ги имала Баргала биле следните: одбранбен ѕид, куртина, кули, протеихизма, порти, внатрешен и надворешен пропугнакулум, скали (Сл.3), ниши (Сл.4), ров (фоса) Звонимир Николовски, Антика во..., 138 и Трајче Нацев, Антиката во., Баргала кон крајот на IV и почетокот на V век се населува со цивили од околината набргу по повлекувањето на војската. Така, од воено утврдување продолжува да егзистира како неутврден цивилен град под надлежност на цивилната управа. 22 Трајче Нацев, Доцноантичкиот град...,

79 Одбранбени елементи кај доцноантичките утврдувања во Брег. басен Стражата Градиште Шаренковец е сместена на висок рид кој се наоѓа на северниот раб на селото Горно Трогерци. На ридот се откриени одбранбените ѕидови на ова утврдување. На 1,5 км јужно од селото Долани на зарамнето плато на врв на рид се наоѓа castelum гратчето Кале Градиште. Неговите одбранбени ѕидови кои биле зајакнати со кула затворале површина од околу 2,5 хектари. Утврдувањето Бандера е со местоположба на еден висок рид кој се издига над селото Долни Козјак. Кај ова castelum гратче, досега во истражувањата, како одбранбен елемент потврден е само одбранбениот ѕид. Лоцирана на 3,5 км јужно од селото Драгоево на еден од ридовите на планината Серта е сместена стражата Градиште. Таа за одбрана од непријателски напади имала одбранбен ѕид. Во близина на селото Калаузлија, поточно на 2 км јужно од него на зарамнето плато на врв на рид се наоѓа стражата Кула. Нејзини досегашни откриени одбранбени елементи се кули и одбранбен ѕид. Ова утврдување влегувало во системот на одбрана на градот Баргала. Сastelum гратчето Градиште е со местоположба на еден висок рид во близина на селото Криви Дол. Неговиот одбранбен ѕид опкружувал површина од околу 2 3 хектари. Сместено на едно зарамнето плато на западниот крај на селто Пиперово се наоѓа утврдувањето Градиште Чука. Одбранбените ѕидови кај ова castelum гратче засега се единствени откриени одбранбени елементи. Бавчи и Кала (Коџоман Кааси) се стражи сместени во атарот на село Пухче. Кај првото утврдување одбранбените ѕидови се забележани на зарамнето плато на еден од ридовите на Серта во м.в. Бавчи, додека кај второто тие се исто така на зарамнето плато на околу 600 м западно од селото. На североисточната страна на селото Судиќ се наоѓа стражата Солунски Рид. Нејзините одбранбени ѕидови затворале површина од околу 1,5 хектар. Утврдувањата Караул и Мамутница се лоцирани во околината на селото Горобинци. Кај овие castelum гратчиња како одбранбен елемент е откриен само одбранбениот ѕид. Стражата Градиште е сместена на висок рид на 2 км западно од селото Горно Ѓуѓанце. За одбрана од непријателски напади ова утврдување имало одбранбен ѕид. Од јужниот крај на селото Долно Ѓуѓанце се издига висок рид на кој се наоѓа castelum гратчето Градиште. 23 Одбранбените ѕидови на ова утврдување зафаќале површина од околу 4 хектари. Местоположбата на утврдувањето Градиште е на 3 км западно од селото Трстеник и околу 1,3 км јужно од манастирот Ѓуруште. Освен одбранбениот ѕид, кај ова утврдено село досега не се констатирани други одбранбени елементи. Доцната антика претставува период во кој одбраната добива нов момент. Иако во најголем дел нејзините цели, задачи, форма и облик не биле различни од раноантичките, сепак има нови сегменти кои придонеле таа да биде подобра и поефикасна во справувањето со тогашните актуелни опасности. 23 Трајче Нацев, Антиката во.,

80 ГЛАСНИК Драган Веселинов, Трајче Нацев За тоа најмногу придонеле градежните техники и одбранбените елементи кои се применувале односно биле присутни кај доцноантичките утврдувања. Така првите доброизградени утврдувања во Римското Царство се појавиле во раниот 4 век, со тоа што некои од нив поради големата ефикасност за одбрана покрај во доцната антика се користеле и во раниот среден век. Се разбира дека ваквите новини во одбраната биле присутни и во Брегалничкиот басен како дел од Царството. Начинот и видот на утврдувањето на населените места во Брегалничкиот басен во доцноантичкиот период пред сѐ зависеле од нивните општествени, воени, економски и духовни карактеристики. Оттука се и четирите видови утврдувања кои ги споменавме на почетокот на текстот. Нивната одбрана преку одбранбените елементи се карактеризирала и зајакнувала. Castelum гратчињата имале редовно кули, а на највисоката позиција се издвојувала акрополата со одбранбени ѕидови, но имало и такви со повеќе одбранбени елементи. Исто и кај castelum стражите, покрај силните одбранбени ѕидови кои најчесто имале и по една одбранбена кула постоеле и такви каде присутни биле и други елементи. Со исклучок на некои збегови и утврдени села, останатите имале само одбранбените ѕидини. Овие согледувања се врз основа на досегашните истражувања и реконструкции изведени на доцноантичките утврдувања во Брегалничкиот басен. Секако се остава простор во иднина, доколку има нови откритија и сознанија во делот на одбраната, да дојде и до промена на видот и бројот на одбранбени елементи. Но независно од сето ова, може да се каже дека одбранбените елементи кај доцноантичките утврдувања во Брегалничкиот басен на населението и материјалните добра им овозможувале поголема одбрана, заштита и сигурност од непријателските напади. 80

81 ГЛАСНИК ISSN СТАТИИ УДК 355.3(495.02:497) 6/8 ТРАНСФОРМАЦИЈАТА НА ВИЗАНТИСКИОТ ВОЕН СИСТЕМ НА БАЛКАНОТ (VII IX ВЕК) Драган Ѓалевски Научен соработник во Институт за национална историја Скопје Abstract The seventh century was a period when on а military-political plan Byzantium faced with several external challenges that could lead to its collapse. Although the first, the one with Persia, was successfully avoided, still the second, the conflict with the Arabs, inflicted serious damage. The substantial territorial losses that resulted from this war led to a drastic reduction in tax revenue in the imperial treasury. It had dictated the need for change not only of the Byzantine administrative and financial system, but also the army. The restructuring of the Byzantine military system that began at time of Emperor Constans II represented an administrative overhaul on a massive scale. The Thematic military system which the sources from IX and X century depict was not a result of one radical reform done in a short period of time and by one Byzantine ruler. It was a long-term process of gradual evolution and transformation that was under strong influence of many different internal, but also external factors, and represented an administrative response of the state to the difficult militarypolitical and financial situation in which it found herself from the middle of VII century onwards, and in fact allowed Byzantium to survive on the international political scene for many centuries. Key words: Byzantine Empire, Byzantine military system, The Balkans, The Themata, Thematic Army, Tagmata, Apotheke, Military lands. Седмиот век бил период кога на воено-политички план Византија се соочила со неколку надворешни предизвици што можеле да доведат до нејзин колапс. Иако првиот, тој со Сасанидите, бил успешно избегнат, вториот, конфликтот со Арабјаните, и нанел сериозна штета. Значителните територијални загуби што произлегле од оваа војна довеле до драстично намалување на даночните приходи во империјалната благајна. Тоа ја наметнала потребата од промена на византискиот административен и финансиски систем, во функција на одржување на фискалната ликвидност на државата. Дел од овие структурни реформи ја засегнале и армијата. Во согласност со административните можности и ресурсите што ги имала на 81

82 ГЛАСНИК Драган Ѓалевски располагање, империјалната власт извршила нејзино преструктуирање врз една фундаментално различна основа. Изворите сведочат дека военото уредување од средината на VII век па натаму се разликувало од системот што постоел во Византиската Империја од крајот на VI век. 1 Место поделба на мобилни армии и погранични трупи стационирани низ воени логори и утврдувања, тоа сега се засновало на воени области (θέματα) што се наоѓале под управа на воен командант стратег (στρατηγός), во чии раце биле поставени цивилната и воената власт. Во историографијата постои разногласие околу повеќе прашања поврзани со начинот на којшто биле формирани византиските воено-административни области, како и хронологијата на нивното настанување, вклучувајќи го тука и самото значење на поимот тема. Поради бројноста на претпоставките и нивната обемност, како и мојата намера да не биде премногу долг текстот, истите нема да бидат образложени, туку само спомнати во фуснота. 2 Од сите нив најверојатна е претпоставката со која денес се согласуваат најголемиот дел од научниците, 3 дека 1 За византискиот воен систем од крајот на VI век види Драган Ѓалевски, Византискиот воен систем на Балканот кон крајот на VI век, Гласник на Институтот за национална Историја, 59, бр.1-2, Скопје, 2015, Во тој контекст, можат да се издвојат два хронолошки периоди. Научниците од првиот период, кој траел од XIX па сè до 40-тите години на XX век, и покрај одредени разлики во ставовите, сепак се согласувале дека тематското уредување било комбинација од милитаризацијата на старите римски провинции и диоцези, и локалното регрутирање врз основа на моделот на пограничните одреди limitanei. Тие се определиле владеењето на императорот Ираклиј да претставува почеток на формирањето на тематскиот систем. Види John B. Bury, Later Roman Empire from Arcadius to Irene (395 A.D. to 800 A.D.) Vol. II, Macmillan and Co., London, 1889, 339.; Norman H. Baynes, The Byzantine Empire, Oxford University Press, 1958, 135.; Cadwick W. C. Oman, The Byzantine Empire, T. Fisher Undwin LTD., 1915, 167. Во вториот период, од 50-те години на XX век до денес, настанала поделба на истражувачите околу две теории. Првата е дека Ираклиј тенденциозно вовел серија на реформи со цел да ги спречи потенцијалните закани од Персијците. Види Георгије Острогорски, Време постанка тематског уређења, Из византиске историје и просопографије, Београд, 1966, ; Оваа претпоставка била прифатена од Nicolas Oikonomides, Les Premières mentions des Thèmes dans la chronique de Théophane, Зборник Радова Византолошког Института, XVI, Београд, 1975, 1 8, а во поновно време и од Irfan Shahîd, Heraclius and the theme system: New light from the Arabic, Byzantion, LVII/2, Bruxelles, 1987, Според втората теорија, темите постепено се формирале или од административните структури од VI век, или од хаосот што настанал во текот на VII век. Види John F. Haldon, Byzantium in the Seventh Century: The transformation of a culture, Cambridge University Press, 1990, 213.; Arnold Toynbee, Constantine Porphyrogenitus and his World, Oxford University Press, 1973, 240.; Ralph J. Lilie, Die zweihundertjährige Reform, Byzantinoslavica XLV, Prague, 1984, 36.; Warren Treadgold, Byzantium and its Army , Stanford University Press, 1995, 23.; Walter E. Kaegi Jr., Byzantine Military Unrest ( ), A. M. Hakkert Publisher, 1981, Види John F. Haldon, Byzantium..., ; Warren Treadgold, Byzantium, 24.; Arnold Toynbee, Constantine, 236, 240.; Walter E. Kaegi Jr., Byzantine Military, 174.; Ralph J. Lilie, Die zweihundertjährige Reform,

83 Трансформацијата на византискиот воен систем на Балканот (VII IX век) тематскиот систем најверојатно започнал да се воспоставува во текот на втората половина на VII век, во времето кога на византискиот престол се наоѓал Констанс II ( ). Во корист на оваа теорија е податокот кај Теофан Исповедникот според кој за време на војната против Персија на императорот Ираклиј ( ) му била потребна значителна сума пари, што укажува дека исплатата на војниците се извршувала на регуларна основа како и претходно. 4 Понатаму, многубројните воено-административни и финансиски решенија што овој византиски владетел ги применил низ блискоисточните провинции по победата над Сасанидите не се разликувале од оние што постоеле пред неговото владеење, т.е. биле дел од рановизантискиот систем, 5 како и изјавата на Константин VII Порфирогенит ( ) во неговото дело За Темите. 6 Всушност, со реинтеграцијата на блискоисточните региони состојбите во државата можеле постепено да бидат нормализирани бидејќи најбогатите провинции на Империјата повторно се наоѓале под нејзина власт, правејќи го трајното стационирање на трупите во Мала Азија, а со тоа и воспоставувањето на темите, како економски така и стратегиски, непотребно и неисплатливо. Многу е поверојатно дека нивното формирање било неопходно дури откако Египет бил конечно освоен во 645 г. од Арабјаните, 7 со што финансискиот пад на државата бил се поочигледен. Во 4 The Chronicle of Theophanes Confessor, (trans. C. Mango and R. Scott), Clarendon Press, Oxford, 1997, p Види и John F. Haldon, Byzantine Pretorians: An Administrative, Institutional and Social Survey of the Opsikion and the Tagmata, c , Poikila Byzantina 3, Bonn, 1984, , и John F. Haldon, Recruitment and Conscription in the Byzantine Army c : A Study on the Origins of the Stratiotika Ktemata, Österreichischen Akademie der Wissenschaften, Wien 1979, Изворите известуваат дека сè до средината на VII век, односно до почетокот на арабјанската инвазија, византиската власт поставувала цивилни и воени функционери со титули што датирале од VI век и порано, како praefectus Augustalis (Augoustalios) на Египет, dux (praefectus) Arcadiae, Теодор vicarius во Палестина III и Сергиос dux и candidatus на Палестина III. За Augustalis и Теодор vicarius во The Chronicle of Theophanes..., p.335, 338. За гувернерите во Палестина и Египет види John of Nikiu, The Chronicle of John, Bishop of Nikiu, (trans. R. H. Charles), Oxford University Press, 1916, CXI, CXII, CXX. Во почетокот на 30-тите години од VII век посведочен е и optio (благајник), што укажува дека не постоела некоја позначителна промена на доцноримскиот фискален и дистрибутивен систем. Види Walter E. Kaegi Jr., Byzantium and the early Islamic conquests, Cambridge University Press, 1992, 37. Титулата логотет (λογοθέτης), за која се сметало дека е типична титула на тематското уредување се појавува во текот на г. во Chronicon Paschale Vol.I, (ed. L. Dindorfius), Corpus Scriptorum Historiae Byzantinae, Bonnae, 1832, 694.9, во ликот на функционерот Константин Лардис. 6 Иако потекнува од подоцнежниот период, Порфирогенит дава определена слика за овој процес. Тој укажува дека...затоа што Ромејската Империја била нападната и од Исток и од Запад уште од владеењето на Ираклиј Либиецот, тие што владееле после него [неговите наследници] ја распарчиле на мали делови својата империја и воените единици... Види во Constantino Porphyroghenito, De Thematibus, Book I, (trans. A. Pertusi), Citta del Vaticano, 1952, The Cambridge History of the Byzantine Empire c , ed. Jonathan Shepard, Cambridge University Press, 2008,

84 ГЛАСНИК Драган Ѓалевски потребата да ги обезбеди потребните ресурси за одржување на воените сили кои во тој момент биле распоредени низ областите на Мала Азија, Византија започнала со реорганизација на воено-административниот систем. Трансформацијата била извршена постепено. Тоа се забележува во опстојувањето на старите цивилни провинции. 8 Формирањето на новите воено-административни области не довело до нивно укинување како што се претпоставувало претходно. На ова упатуваат натписите на голем број откриени печати од комеркијари (κομμερκιάριοι) каде биле напишани имињата на старите провинции. 9 Кон крајот на VII век и првата половина на VIII век овие цивилни провинции сè уште се посведочени на печатите, 10 иако сè повеќе се појавувале и имињата на новоформираните области теми. Ова укажува дека тие продолжиле да функционираат и во текот на втората половина на VIII век, паралелно со постепениот процес на нивна трансформација во теми, но сега под контрола на тематскиот стратег. 11 За разлика од Мала Азија каде тематското уредување било воспоставено кон средината на VII век, поради сложената воено-политичка состојба првите теми на Балканот се создаваат неколку децении подоцна. Причините треба да се бараат во неколку фактори. Едниот од нив бил географскиот опсег на византиската власт. Според општо прифатеното мислење, териториите што останале во VII век под контрола на Византија биле или мали крајбрежни енклави, или неколку помали области на Атика, во источен Пелопонез и во околината на Константинопол, кои не можеле да обезбедат солидна основа за формирање на тема. Оваа ситуација се променила со постепеното реинтегрирање на Балканот под власта на Византија. Прва тема што била воспоставена била Тракија во 680 г. 12 Веднаш потоа изворите известуваат дека најдоцна во 695 г. извесен Леонтиј бил поставен за стратег на темата Елада. 13 Друга ваква област била воспоставена дури сто години подоцна. Иако темата Македонија го носи истото име како и регионот Македонија, за разлика од него таа била лоцирана во источните области на Тракија, формирана 8 John F. Haldon, Byzantium, ; Warren Treadgold, Byzantium, За некои од овие провинциски печати на κομμερκιάριοι види Nicolas Oikonomides, A Collection of Dated Byzantine Lead Seals, Dumbarton Oaks, Washington D.C., 1986, 28, 34, 37, Hendy, Studies, ; Haldon, Byzantium in the Seventh Century, 197, n John F. Haldon, Byzantium, 196, n.90, и John F. Haldon, Byzantine Pretorians..., ; Arnold Toynbee, Constantine, Sacrorum Consiliorum Nova et Amplissima Collectio XI, ed. J. D. Mansi, Florentiæ, 1765, 210. За темата во De Thematibus, 85. За формирањето на темата Тракија кај Ralph J. Lilie, ʼThrakienʻ und ʼThrakesionʻ, Jahrbuch der Österreichischen Byzantinistik, 26. Band, (herausgegeben von H. Hunger), Der Österreichischen Akademie der Wissenschaften, Wien 1979, Според Warren Treadgold, Byzantium, 26, темата Тракија била формирана од територијата на европскиот дел од темата Опсикион. 13 Theophanes, p За постанокот на оваа тема види кај Георгије Острогорски, Постанак тема Хелада и Пелопонез, Из византиске историје и просопографије, Београд, 1968, 143. Исто така и Arnold Toynbee, Constantine,

85 Трансформацијата на византискиот воен систем на Балканот (VII IX век) во 790 г. 14 Неколку години подоцна, изворите сведочат дека Византија успеала да воспостави целосна власт на територијата на Пелопонез и да формира истоимена тема. 15 Темата Стримон била создадена меѓу 797 и г., и траела најдоцна до 812 г. 16 Во истиот период, меѓу крајот на VIII и првата половина на IX век, биле формирани и темите Кефаленија, 17 Тесалоника 18 и Дирахиј. 19 Овој систем бил надополнет со неколку карактеристични административни области. Најважна од нив била клисурата (κλεισούρας). Таа претставувала пограничен премин или место низ кое поминувале неколку патни правци важни за државата. Клисурата имала поголема автономија за разлика од другите административни окрузи во темата што потекнувале од воените одреди, 20 како и независна воена команда на чело со офицер со чин клисурарх (κλεισούραρχης). На Балканот клисура била Стримон, воспоставена во времето на Јустинијан II. 21 Изолираните византиски енклави што немале доволно ресурси да оформат одделна тема биле организирани во области именувани како архонтија (ἄρχοντία) и управувани од архонти (ἄρχοντες). Најголемиот дел од нив се наоѓал на Балканот, и тоа на Крит, Тесалоника, Кефаленија, Дурахиј и Далмација. 22 Подоцна повеќето од нив биле подигнати во рангот на теми. Основен воен одред на тематската армија била воената единица бандон (βάνδον), позната и како тагма (τάγματα) или аритмос (ἀριθμος). Тој бил под команда 14 Dragan Gjalevski, Some Observations about the establishment of thema Macedonia, Гласник на Институтот за национална Историја, 54, бр.1-2, Скопје, 2010, Тibor Živkovič, The Date of the Creation of the Theme of Peloponnese, Byzantina Symmeikta 13, 1999, ; Георгије Острогорски, Постанак тема..., ; Warren Treadgold, The Byzantine Revival , Stanford University Press, 1988, Тibor Živkovič, Uspenskij s Taktikon and the Theme of Dalmatia, (Byzantina Symmeikta 17, 2005), ; Arnold Toynbee, Constantine, Тibor Živkovič, Uspenskij s Taktikon, 58, ; Treadgold, The Byzantine Revival, 161, 166.; Острогорски, Постанак тема Хелада и Пелопонез, , n Živkovič, Uspenskij s Taktikon, 62, 85.; Warren Treadgold, The Byzantine Revival, 161. Георгије Острогорски, Постанак тема..., 154, n.55.; Arnold Toynbee, Constantine, Тibor Živkovič, Uspenskij s Taktikon, 62, 81, 84, n.76.; Warren Treadgold, The Byzantine Revival, 317.; Георгије Острогорски, Постанак тема..., Дека топотересија и турма биле и административна област види Constantine Porphyrogenitus, De Administrando Imperio, (ed. G. Moravcsik and trans. R. J. H. Jenkins), Corpus Fontium Historiae Byzantinae Vol.I, Dumbarton Oaks, 1967, , За формирањето на територијалниот округ βάνδον и неговата улога кај Warren Treadgold, Byzantium..., 106, и Warren Treadgold, The Byzantine Revival, 355. За административните аспекти на турмите кај Warren Treadgold, Notes on the Numbers and Organization of the Ninth-Century Byzantine Army, Greek, Roman and Byzantine Studies 21, 1980, За Стримон како клисура види De Thematibus, Види и John Haldon, Warfare, State and Society in the Byzantine World , UCL Press, London, 1999, Nicolas Oikonomides., Les Listes De Préséance Byzantines des IX et XI Siécles, Paris, 1972, 52, 56.; Warren Treadgold, The Byzantine Revival, 15,

86 ГЛАСНИК Драган Ѓалевски на постар офицер со чин комес (κόμης). 23 Неколку бандони формирале поголема воена единица именувана како друнга (δροῦγγος) на чело со офицер друнгариј (δρουγγάριος). 24 Три исти друнги создавале поголема воена единица турма (τοῦρμα) која била предводена од турмарх (τουρμάρχης). 25 Три турми сочинувале една тематска армија на кампања, која се наоѓала под врховна команда на стратегот (στρατηγός). Еден од повисоките воени офицери кој имал чин турмарх претставувал заменик на стратегот (ὑποστράτηγος) и бил именуван како мерарх (μεράρχης). 26 Византиските поморски сили најверојатно не претрпеле некои позначителни загуби кон средината на VII век. Темата Карависијани која ги опфаќала поранешните територии на јустинијановата quaestura exercitus, Егејските Острови, Крит, Кипар (пред неговото освојување од Арабјаните) и југозападните крајбрежни области на Мала Азија, била административната област на византиската поморска флота чие седиште се наоѓало на островот Самос. 27 Заповедникот на оваа тематска флота имал чин стратег (στρατηγός τῶν καράβων), кој бил истовремено и главен адмирал на империјалната флота. Под негова директна команда се наоѓале двајца друнгарии, δρουγγάριος τῶν и τοῦ Αίγαῖον πέλαγος, кои подоцна се здобиле со титулата στρατηγός. 28 Империјалната поморска ескадра (τὸ βασιλικὸν πλώϊμον) што била усидрена во пристаништата на Константинопол била предводена од офицер друнгариј (δρουγγάριος τοῦ πλώΐμον)..29 За разлика од минатото кога флотата се грижела само за транспортот на војската и потребната опрема и залихи за претстојната кампања, темата Карависијани, освен веслачи за бродовите, поседувала и воени сили. Се 23 За внатрешната структура на одредот бандон види подетално во The Taktika of Leo VI, (ed. and trans. George T. Dennis), Corpus Fontium Historiae Byzantinae Vol. XLIX, Dumbarton Oaks, 2010, IV.11-18, IV.37-38, IV Овие одреди биле претходно именувани како мојра (μοῖρα) или хилиархија (χιλιαρχίας), а нивните заповедници како хилиарх (χιλιάρχος) или моирарх (μοιράρχης). За еволуцијата на друнгата од воената единица мојра види во Taktika, IV.11, IV Одредот τοῦρμα во претходниот период била позната под терминот мерос (μέρος), додека нејзиниот командант бил именуван како стрателат (στρατηλάτες) или мерарх (μεράρχης). Види во Taktika, IV.10, IV Taktika, IV.9, IV Подетално за темата Карависијани кај Hélène Ahrweiler, Byzance et la Mer: La marine de guerre la politique et les institutions maritimes de Byzance aux VIIᵉ-XVᵉ Siècles, Presses Universitaires de France, 1966, Види и John F. Haldon, Byzantium, 212, 217. Според Warren Treadgold, Byzantium, 23, во границите на оваа тема влегувале и империјалните владенија на Атика и на Пелопонез. За Arnold Toynbee, Constantine, 325, темата Карабисијани никогаш не била територија или пак имала во своите редови воени сили. 28 John B. Bury, The Imperial Administrative System in the Ninth Century With a Revised Text of the Kleitorologion of Philotheos, Oxford University Press, 1911, Види и Arnold Toynbee, Constantine, Nicolas Oikonomides, Les Listes, 53. За друнгаријот на империјалната флота кај Hélène Ahrweiler, Byzance et la Mer 23, 69, Како и Arnold Toynbee, Constantine, 325.; John B. Bury, Imperial Administrative System, ; Warren Treadgold, Byzantium,

87 Трансформацијата на византискиот воен систем на Балканот (VII IX век) претпоставува дека тие најверојатно броеле околу 4000 војници и потекнувале од остатоците на мобилната армија Илирик (exercitus Illyricanus). 30 Во почетокот на VIII век, веројатно во времето на императорот Лав III, од темата Карависијани произлегла темата Кивирајотон (Κιβωρραιώτωη), како и друнгата на Егејскиот Архипелаг (Αίγαῖον πέλαγος), која во втората половина на IX век добила статус на тема. 31 Од VIII век се забележува постоење на три различни вида на поморски флоти. Освен империјалната флота (βασιλικόν πλό(ώ)ΐμον) стационирана во Константинопол, изворите известуваат дека од овој период натаму постоеле исто така и тематски (Θεματικὸς στόλος) 32 и провинциски флоти. 33 Тематските флоти имале во своите редови различни видови на бродови, поседувале и грчки оган, биле опремени и одржувани со ресурси од темите и независните друнгаријати. Морнарите во овие флоти биле регрутирани од локалното население. Главна задача била да се грижат за безбедноста на приморските области на темите што ги формирале и одржувале. Тие претставувале регионални флоти чии активности биле независни од централната власт. 34 Вакви флоти на Балканот постоеле во темите Елада, Пелопонез и Кефаленија. 35 За разлика од нив провинциските флоти биле формирани за да обезбедат поморска поддршка на темите што ја снабдувале државата само со копнени сили. Исто како и тематските, така и провинциските флоти имале одбранбена задача. 36 Византија во текот на VIII и првата половина на IX век, а се чини и претходно, на Балканот имала воспоставено свои поморски бази во градовите Девелт и Тесалоника, низ Егејските Острови, на Атика, во Пелопонез во градовите Модон, Коринт, Патрас и Монемвасија, на островот Кефалeнија, како и во Дирахиј, областа Вагенетија и Далмација. 37 За команданти на поморските бази во кои биле усидрени флотите изворите забележуваат дека биле поставувани лица со титула архонт (ἄρχον), а кои претходно биле именувани како поморски 30 Warren Treadgold, Byzantium, За темата Кивирајотон види De Thematibus, 79, 151. За Егејскиот Архипелаг во De Thematibus, 82-83, ; Nicolas Oikonomides, Les Listes, 53, 101. Според мислењето на Hélène Ahrweiler, Byzance et la Mer, 26, и John B. Bury, Imperial Administrative System, , темата Кивирајотон била формирана во времето на императорот Лав III. 32 Theophanes Continuatus, Ioannes Cameniata, Symeon Magister, Georgius Monachus, (ed. I. Bekker), Corpus Scriptorum Historiae Byzantinae, Bonnae, 1838, Hélène Ahrweiler, Byzance et la Mer, Истото, За постоење на морнари во темата Пелопонез види DAI, 52.; John B. Bury, Imperial Administrative System, 109, n.2; John Haldon, Warfare, 77.; Arnold Toynbee, Constantine, Според Warren Treadgold, Byzantium, 72, со населувањето на Мардаитите во Елада, Пелопонез и Кефалонија, овие теми биле задолжени да одржуваат сопствена воена флота. 36 Hélène Ahrweiler, Byzance et la Mer, Истото, 46,

88 ГЛАСНИК Драган Ѓалевски префекти, епарси (ἔπαρχοι) или ипарси (ὕπαρχοι). 38 Во периодот од средината на VII па сѐ до средината на IX век на Балканот вакви поморски архонти биле поставени во Далмација, Вагенетија, Хелада, на островите Крит, Хиос, Родос, како и во градовите Дирахиј, Девелт, Тесалоника, Патрас и Коринт. 39 Од средината на VIII век византиските императори започнале да формираат нови воени одреди, познати во изворите како тагмати (τάγματα), секоја со посебно име. Тие биле познати како схола (Σχολαί), екскубитори (Ἐξκουβίτορες), хиканати (Ἰκανάτοι), вигла/аритми (Βίγλα/ἀριθμοί), и нумера (Νουμέροι). Првите четири биле коњанички, додека последниот бил пешадиски одред. Во оваа група припаѓале и оптиматите (Ὀπτιμάτοι), кои иако не се наоѓале стационирани во Константинопол туку во својата тема, сепак биле составен дел од овие империјални одреди. Првите империјални елитни сили, схола и екскубитори, претставувале наследници на старите гардиски одреди од крајот на VI век, scholae и excubitores. Одредот вигла/аритми ги поседувал сите знаци што укажувале дека потекнувал од постари борбени одреди, познати под името vexillatio. 40 Тагмата хиканати била формирана од Никифор I Геник, 41 додека одредот нумера, како и оптиматите, исто така потекнувале од постари воени единици. 42 Византиските елитни единици биле командувани од воен офицер со чин доместик (δομέστικος), освен кај вигла/аритми чиј заповедник бил друнгариј (δρουγγάριος). 43 Според важноста и степенот на влијанието, доместик на елитната единица схола бил поставен над сите други команданти, веднаш пред доместикот на екскубитори и доместикот на вигла/аритми. 44 Овие одреди биле различно организирани во однос на тематските армии. Но и покрај тоа, постоела определена структурна сличност меѓу нив, најмногу поради потребата од единствено тактичко дејствување на бојното поле заедно 38 Истото, Истото, 57 58, 71 72, Nicolas Oikonomides, Les Listes, 51, 115. За потеклото на името βίγλα/ἀριθμοί види кај John F. Haldon, Byzantine Pretorians, 293. и John Haldon, Warfare, 111.; John B. Bury, The Imperial Administrative System, ; За терминот vigilia кај Warren Treadgold, History of the Byzantine state and Society, Stanford University Press, 1997, John F. Haldon, Byzantine Pretorians, За различните теории поврзани со потеклото на νουμέροι и види John F. Haldon, Byzantine Pretorians, Името ὀπτιμάτοι потекнува од елитниот одред optimates кој бил формиран кон крајот на VI век од Маврикиј. Nicolas Oikonomides, Les Listes, 53, 119.; Qudāmah, Bibliotheca Geographorum Arabicorum VI, (ed. and trans. M. J. de Groeje), Leiden, 1889, 197. За задолженијата на тагмата ὀπτιμάτοι кај John F. Haldon, Byzantine Pretorians, Според John B. Bury, The Imperial Administrative System, 49, во периодот од IV до VI век со титулата δομέστικος биле назначувани замениците на генералите, државните министри и гувернерите на провинциите. John F. Haldon, Byzantine Pretorians, , укажува дека иако оваа титула постоела и во предходниот период, уште од VII век таа им била доделувала само на функционери што му биле директно потчинети и подредени на византискиот император, а не и на некој друг висок државен службеник. 44 Nicolas Oikonomides, Les Listes,

89 Трансформацијата на византискиот воен систем на Балканот (VII IX век) со тематските одреди. Затоа, како примарен воен одред на тагматите бил определен одредот бандон кој можел понатаму лесно да формира поголем воен одред, друнга. Внатрешната структура на елитните единици била идентична, но сепак постоела определена разлика кај офицерските чинови, најмногу кај командантот на бандон. Па така, кај армиските единици схола, хиканати и вигла тој имал чин комес (κόμης), кај екскубитори скрибон (σκρίβων), додека кај нумера трибун (τριβούνους). Куририте, аѓутантите и знаменосците поседувале чинови на помлади офицери и биле познати под различни имиња во зависност од единицата во која служеле. 45 Постојат различни погледи околу големината на овие елитни единици. Причина за тоа претставува и самата конфузност на податоците што се дадени од арабјанските географи. 46 Постои несогласување во науката со констатацијата дека кон средината на IX век големината на овие одреди изнесувала по 4000 војници за секоја тагма и претпоставуваат дека тие не поседувале толкав број војници во своите редови. Но фактот дека бројот на офицери од постарите елитни единици схола, вигла, екскубитори и хиканати, кои заедно со останатите службеници присуствувале на банкетите на императорот одржани во империјалната палата на секој дванаесетти ден по Божиќ, изнесувал 204 за секоја тагма, укажува дека ова претставувало точен број на офицери што биле потребни за нормално функционирање на една тагма со големина од 4000 војници, што упатува дека барем еден од арабјанските географи, Кудама, бил прецизен. 47 Меѓутоа Теофан укажува дека во почетокот на своето владеење императорот Лав IV ги...зголемил тагматите. 48 Ако се отфрли претпоставката дека тој воспоставил нов елитен одред, тогаш единствено што може да се заклучи е дека Теофан всушност известува за зголемување на бројот на војниците во веќе постоечките тагмати. Во тој контекст може да се претпостави дека во почетокот бројот на елитните единици изнесувал помалку од Веројатно големината била колку и најмалите тематски армии од тој период на Балканот, односно две друнги или околу 2000 војници. Тоа по сѐ изгледа претставувало минимална воена моќ што би и овозможила на централната власт определена флексибилност при спроведувањето на нејзините надворешни и внатрешни политики Warren Treadgold, Byzantium, Bibliotheca Geographorum Arabicorum VI, (ed. and transl. M. J. de Groeje). 47 За вкупниот број на офицери од елитните единици на банкетите одржани во империјалната палата види Nicolas Oikonomides, Les Listes, , 182. Подетално за оваа претпоставка во Warren Treadgold, Notes on the Numbers, и Warren Treadgold, Standardized numbers, 5 6. За релевантноста на Кудама како извор и конфузното објаснување од Ибн Хурададби кај Warren Treadgold, Remarks on the Work of Al-Jarmi on Byzantium, Byzantinoslavica XLIV, Prague, 1983, Theophanes, p Dragan Gjalevski, The Tagmata and the Byzantine Balkan Reconquista (Middle of the Eight middle of the Ninght Century, Journal of History, XLVII, Skopje, 2012, Според Warren Treadgold, Byzantium, 67, најмалите тематски армии броеле околу 2000 војници и се наоѓале во темите Хелада, Кивирајот и Сицилија. 89

90 ГЛАСНИК Драган Ѓалевски Во изворите не постои податок за вкупниот број на византиските воени сили што биле стационирани на Балканот од крајот на VII па сѐ до средината на IX век. Со воспоставувањето на темата Тракија, чијшто воен потенцијал по сѐ изгледа изнесувал 6000 војници, Византиската Империја имала за цел да обезбеди поголема сигурност во Тракија и областите околу градот Константинопол. Заедно со темата Елада, која била формирана неколку години подоцна во регионот на Атика, и чија армија броела околу 2000 војници, на територијата на Балканот кон крајот на VII век Византија имала распоредено вкупно припадници на воените сили што, за жал, не претставувало повеќе од 10% од целокупниот армиски потенцијал на империјата во дадениот период. 50 Позначајна промена се забележува во средината на VIII век, со формирањето на тагматите. Овие елитни единици, стационирани во Константинопол и неговата околина, но исто така и низ темите Тракија и Македонија, им овозможиле на византиските императори поголема флексибилност во надворешната политика. 51 Со додавањето на 4000 војници од единиците схола и екскубитори, кои станале јадро на византиската армија, државата не само што ги подобрила одбранбените можности, туку истовремено започнала една поофанзивна политика насочена против нејзините непријатели на Исток и на Запад. Кон крајот на VIII и почетокот на IX век, биле формирани две нови елитни единици во Константинопол кои броеле поединечно по 4000 војници. Во овој период Византиската Империја успеала да формира неколку нови теми и притоа да го зголеми сопственото воено присуство за дополнителни војници. 52 Веќе во 840 г. Византија низ темите на територијата на Балканот имала распоредено војници, додека во и околу Константинопол се наоѓале меѓу 8000 и припадници на елитните единици кои биле подготвени веднаш да им асистираат на овие тематски армии. 53 Така, кон средината на IX век по сѐ изгледа биле стационирани меѓу и војници кои претставувале до 30% од целокупната воена моќ со којашто располагал византискиот император. Намалените финансиски средства што се појавиле како резултат на губењето на блискоисточните провинции биле причина византиската власт да започне процес на штедење. Крајно тешката ситуација во којашто се нашла Византија во почетокот на VII век му овозможила на Ираклиј да се здобие со доволно широк маневарски простор да ја намали војничката плата (ῥόγα) за 50% и истата да ја исплати со новата сребрена монета хексаграм. Останатиот 50 Warren Treadgold, Byzantium, Arnold Toynbee, Constantine, 284, 286.; Warren Treadgold, History, За големината на секоја тематска армија на Балканот кај Warren Treadgold, Byzantium, За распоредувањето на дел од тагмата σχολαί низ темите Македонија и Тракија во Constantini Porphyrogeniti, De Ceremoniis Aulae Byzantinae, (ed. J.J. Reiske), Corpus Scriptorum Historiae Byzantinae, Bonnae, 1829, Исто така и John Haldon, Strategies of Defence, Problems of Security: the Garrisons of Constantinople in the Middle Byzantine Period, Constantinople and its Hinterland, (eds. Cyril Mango and Gilbert Dagron), Ashgate, 1995, 154. и John F. Haldon, Byzantine Pretorians, 308.; Warren Treadgold, Byzantium, 127.; Arnold Toynbee, Constantine,

91 Трансформацијата на византискиот воен систем на Балканот (VII IX век) дел од платата ја заменил со издавање воена опрема и оружје произведено во империјалните работилници. Така, војничката плата, која кон крајот на VI и почетокот на VII век изнесувала 4 анони (annonae) или 20 номизми (nomismata), во времето на Ираклиј била само 10 номизми. 54 Но веќе кон почетокот на втората половина на VII век Византија не можела да ја исплаќа и оваа сума. Поради кризата во која се нашла државата, Констанс II во периодот меѓу 659 и 662 г. повторно ја намалил војничката плата за ½, така што таа на крајот изнесувала 5 номизми. Висината на надоместокот што бил доделуван за купување фураж за коњите останал непроменет и изнесувал 4 номизми. 55 За да ги намали финансиските трошоци, централната власт се решила исплаќањето на средствата да биде на ротирачка основа на четири години. Овој систем на исплаќање на трупите е посведочен од Порфирогенит и е именуван како стар систем. 56 Тој ѝ овозможил на државата не само да го намали притисокот врз нејзините намалени финансии, туку и подеднакво да ја распредели исплатата на паричните средства во еден подолг период. 57 Дополнителен доказ за финансиската криза во 660 г. претставувало и издавањето на аноната во натура за одредот схола, која државата претходно ја исплаќала во пари. 58 Годишната плата на војниците од тагматите веројатно била многу поголема во споредба со тематскиот војник. Според проценките таа била повисока меѓу пет до десет пати (25 50 номизми). Припадниците на елитните единици не ги добивале своите примања на годишно или повеќегодишно ниво, туку на месечна основа. Распределена по месеци, нивната плата најверојатно изнесувала некаде околу 4 номимзми. 59 Според податoкот во De Ceremoniis се чини дека во Византиската Империја постоеле два вида теми, источни малоазиски и западни балкански теми. Првата група, во која покрај темите од Мала Азија припаѓале и темите Македонија и Тракија од Балканот, своите плати ги добивале директно од Константинопол. Припадниците на овие армии веројатно биле исплаќани преку четиригодишниот ротирачки систем посведочен од Константин VII Порфирогенит, додека нивните стратези биле исплаќани на годишно ниво. Зa разлика од нив, групата на таканаречени западни теми што ги опфаќала воено-административните области на Балканот западно од темата Македонија 54 Chronicon Paschale Vol.I, Исто и John F. Haldon, Byzantium, ; Michael F. Hendy, Studies in the Byzantine Monetary Economy c , Cambridge University Press, 1985, ; Warren Treadgold, Byzantium, Warren Treadgold, Byzantium, 125, ; Michael F. Hendy, Studies, За ротирачкиот систем на исплата во De Ceremoniis, Види и Michael F. Hendy, Studies, ; John F. Haldon, Byzantium, Michael F. Hendy, Studies, 648.; John F. Haldon, Byzantium, John F. Haldon, Byzantium, 226. За постоењето на annonae за одредите scholae кај John F. Haldon, Byzantine Pretorians, 125, n Подетално за начинот на исплата на елитните единици види John F. Haldon, Byzantine Pretorians, , , и Nikolas Oikonomides, The Role of the Byzantine State in the Economy, The Economic History of Byzantium, (ed. Angeliki E. Laiou), Dumbarton Oaks, 2002,

92 ГЛАСНИК Драган Ѓалевски имала различен систем за исплата на војничките примања. Командантите ги добивале своите плати на годишно ниво од парите што биле собрани локално во самите теми од нивната администрација. Оваа процедура била позната како синетеја (συνήθεια) и претставувала дополнителен данок за населението. 60 Освен преку исплаќање на војничката плата на месечна, годишна или пак повеќегодишна основа, сочуваните изворни материјали од периодот меѓу VII и IX век сведочат за постоење на дополнителен извор што централната власт го користела за финансирање на воените сили. Византија започнала на војниците да им распределува обработлива земја со која би ги обезбедиле потребните финансиски средства за воената опрема и оружје што го купувале преку државните службеници комеркијари (κομμερκιάριοι) и институцијата апотеке (αποθήκή). Земјишните поседи што во X век се познати како στρατιωτικά κτήματα не постоеле во таа форма во претходниот период, особено не во втората половина на VII век. Изворите не изнесуваат конкретен податок кој со сигурност би укажал дека византиската власт поседувала стратегија преку која свесно ја користела земјата како средство за одржување на воените сили. Тие наведуваат дека во текот на втората половина на VII век Византија ги обезбедувала стационираните воени сили со потребните залихи преку системот апотеке/ комеркијари. Меѓутоа, земјата била користена како основно средство за добивање вишок на средства неопходни за финансирање на останатите потреби на државата. Дека власта ја давала под наем сопствената земја на припадниците на армиските сили во чисто економска форма сведочи и ситуацијата која постоела во Италија. 61 Може да се претпостави дека голем број од војниците најверојатно поседувале сопствени имоти што ги стекнале по неколку основи. Локализацијата на трупите, која била извршена во средината на VII век поради стратегиски и логистички причини, всушност довела до нивно постепено мешање со локалното население. Тоа им овозможило на војниците по почетното стационирање во воени бараки, тврдини, разни гостилници, манастири или пак кај земјопоседници кои поседувале значителни средства да ги одржуваат, да станат составен дел од заедницата и притоа да изнајмат или да купат земја, или пак да стапат во брак со некоја локална девојка. 62 Овој процес бил несомнено потпомогнат и надополнет од централната власт преку распределување на земја од империјалните имоти на оние што сакале да извршуваат воена служба (στρατεία). 63 Со отпочнување на локалното регрутирање процентот на 60 De Ceremoniis, Постои голема веројатност дека еден дел од овие средства биле наменети и за исплата на приходите на тематските војници, кои најверојатно ги добивале на годишно ниво. Види и кај Michael F. Hendy, Studies, 651.; Arnold Toynbee, Constantine, ; Nicolas Oikonomides, The Role of the Byzantine State, За егзархатот во Италија види John F. Haldon, Byzantium..., John F. Haldon, Byzantium, 249. и John F. Haldon, Recruitment and Conscription..., Овој вид сместување се забележува во VII, но и во X век. Види кај John F. Haldon, Recruitment and Conscription..., , n.993. За сместување во гостилници види John Haldon, Warfare, За Јустинијан II кај John F. Haldon, Military Service, Military Lands, and the Status of Soldiers: Current Problems and Interpretations, Dumbarton Oaks Papers 47, Washington 92

93 Трансформацијата на византискиот воен систем на Балканот (VII IX век) војници кои имале сопствен имот драстично се зголемил. Така, на еден или на друг начин речиси сите припадници на војската поседувале земја, освен најверојатно оној дел од војниците што го претставувале професионалното јадро на тематската армија и извршувале воена служба во текот на целата година. Во замена за должноста да се снабдуваат, одржуваат и опремуваат од средствата со кои самостојно располагале, во овој случај од сопствените имоти, централната власт го ослободила војникот од сите дополнителни давачки освен од персоналниот данок. 64 Постепеното укинување на исплаќањето во монети на платите и надоместоците за униформа, оружје и друга опрема на припадниците на воените сили, во текот на VII век, извршило промена во начинот на коишто централната власт ги вооружувала и опремувала сопствените трупи. Археолошките наоди низ Мала Азија и Балканот откриваат големо изобилие на печати од комеркијари што датираат од VII до IX век. 65 Постојат неколку гледишта во науката околу функцијата што ја имала институцијата апотеке и службеникот комеркијар, но исправна е теоријата која укажува дека таа била тесно поврзана со воениот систем и неговите потреби на теренот. 66 Археолошките наоди сведочат дека промената во нивната структура, но и во улогата што ја имале, започнала во текот на втората половина на VII век, заедно со процесот на воено-административната трансформација во Византија. 67 Според досегашните пронајдени печати овој систем бил нешто покасно воспоставен на Балканот. Првата ваква институција датира од г. во Константинопол, потоа во Месембрија, Хелеспонт, Крит, Кикладите и D.C., 1993, 19. За курамитите Warren Treadgold, The Byzantine Revival, Иако овој податок потекнува од крајот на IX век, тој претставува еден вид краен резултат на обичај кој Византија најверојатно често го употребувала во претходниот период. Види во Taktika, IV.1. Меѓутоа не сите војници биле издржувани од семејството или од сопствениот имот. Еден дел биле делумно издржувани од страна на државата, поточно биле задолжени да се снабдат со воена опрема и оружје, додека државата им ги обезбедувала другите потребни залихи. Овој вид на државно снабдување било познато како ситересија или опсоинон (ὀψώνιον). Најверојатно овие војници биле професионален кадар што го претставувал јадрото на секоја тематска армија, служеле во текот на целата година и за возврат добивале годишна плата. Во оваа група влегувале војниците од штабот на стратегот на темата, како и војниците што ги обезбедувале тврдините, стражарските места и другите стратегиски позиции. John F. Haldon, Military Service, n. 64.; John F. Haldon, The Organisation and Support of an Expeditionary Force: Manpower and Logistics in the Middle Byzantine Period, Byzantium at War, (ed. Kostas Tsiknakis), Athens, 1997, За печатите на κομμερκιάριοι види G. Zacos and A. Veglery, Byzantine Lead Seals, Basel, Исто така и Nicolas Oikonomides, A Collection of Dated Byzantine Lead Seals, Dumbarton Oaks, Washington D.C., Според Warren Treadgold, Byzantium, 185, последниот пронајден печат потекнувал од 840 г. 66 Efi Ragia, The Geography of the provincial administration of the Byzantine Empire (ca ): I.1 The Apothekai in Asia Minor (7 th -8 th C.), Byzantine Symmeikta 19, Athens, 2009, Види и Michael F. Hendy, Studies, ; Warren Treadgold, Byzantium, ; John F. Haldon, Military, 11 20, и John F. Haldon, Byzantium, Theophanes, p Види кај Efi Ragia, The Apothekai in Asia Minor,

94 ГЛАСНИК Драган Ѓалевски низ другите острови од Егејското Море. 68 Во четвртата деценија на VIII век значително се зголемил бројот на печати на комеркијари. Во 730 г. се појавуваат печати на темите Тракија и Елада, како и на Хексамилион. Бил поставен и комеркијар за Егејскиот Архипелаг, опфаќајќи ги притоа сите острови освен Крит (кој имал своја сопствена апотеке), Родос и Самос, како и за градот Тесалоника. 69 Меѓу 751 и 833 г., единствени што се на специфичен начин споменати во печатите на комеркијарите се темите Тракија и Македонија, потоа островот Крит, Егејскиот Архипелаг, како и градовите Тесалоника, Адријанопол, Хексамилион и Девелт. 70 За обезбедување и дистрибуција на потребните залихи и опрема до армијата биле задолжени државните работилници и оружарници, 71 како и империјалниот вестиариј (βεστιαρίον) во чиј состав влегувале големи империјални магацини каде била складирана различна воена опрема и други залихи. Доколку овие средства не биле доволни, тогаш било преземено дополнително снабдување од самите теми. Тоа било извршувано од службените лица кои претставувале дел од персоналот на тематскиот стратег, и биле задолжени да ги подигнат потребните залихи преку принудна конфискација на залихите од локалното население, ковачите и другите занаетчии. 72 Единствените податоци што презентираат извесна слика за логистиката, односно постапката на распределување на залихите потребни за извршување на воена експедиција потекнуваат дури од IX век, и се претпоставува дека методот бил непроменет од минатото, и истиот бил идентичен како за Балканот, така и за Мала Азија. Според нив, протонотаријот (πρωτονοτάριος) од секоја тема низ која што поминувала армијата морал да обезбеди определени залихи во натура од аериконот (ἀερικόν) и од синоната (συνωνή). Доколку тоа не било доволно, тогаш протонотаријот требал да ги набави потребните залихи од еидиконот (εἰδίκον), односно од приватната империјална благајна и нејзиниот магацин Efi Ragia, The Geography of the provincial administration of the Byzantine empire (ca ): I.2. Apothekai of the Balkans and of the islands of the Aegean Sea (7 th -8 th C.), Byzantinoslavica 69, Prague, 2011, 87 89, Види и John F. Haldon, Byzantium, 234.; Michael F. Hendy, Studies, Подетално кај Efi Ragia, Apothekai of the Balkans, 88 94, 97, Види и John F. Haldon, Military, 17, n Efi Ragia, The Geography of the provincial administration of the Byzantine Empire (ca ): I.3 Apothekai of Africa and Sicily, Final notes and conclusions, Ἑῶα καὶ Ἑσπέρι Τομος 8, Αθηνα, 2012, Од VII век само пет од петнаесетте работилници останале на територијата на Византија. John F. Haldon, Byzantium, John F. Haldon, Warfare..., 141.; John F. Haldon, The Army and the economy: the allocation and redistribution of surplus wealth in the Byzantine state, Mediterranean Historical Review, Vol.72, London, 1992, Опишаната ситуација не се разликува многу од VI век. Во основа, тематскиот πρωτονοτάριος ја претставувал врската меѓу локалната даночна администрација и централната власт. Тој бил поврзан со сите министерства (λογοθέσιον), односно претставувал дел од империјалната благајна σακέλλιον, но работел заедно со ресорот 94

95 Трансформацијата на византискиот воен систем на Балканот (VII IX век) Овој службеник претставувал замена на официјалните лица од VII и VIII век познати како епарси (ἒπαρχαι) или префекти, кои биле наследници на времените ad-hoc преториски префекти од VI век, одговорни за комуникацијата меѓу армијата и провинциските даночни службеници низ областите каде што поминувале овие трупи. 74 Системот на логистика што постоел во Византија меѓу VII и IX век всушност претставувал природна еволуција на претходниот систем на снабдување. Преструктуирањето на византискиот воен систем што започнало во времето на императорот Констанс II претставувалo административна реорганизација од огромни размери. Тематскиот воен систем што го прикажуваат изворите од IX и X век не бил резултат само на една радикална реформа извршена во краток временски рок и од еден византиски владетел. Тоа бил еден долготраен процес на постепена еволуција и трансформација што се наоѓал под силно влијание на голем број различни внатрешни, но и надворешни фактори, и претставувал административен одговор на државата на тешката воено-политичка и финансиска ситуација во која се нашла од средината на VII век па натаму, и кој во суштина и овозможил на Византија да опстане на меѓународната политичка сцена уште многу векови. на εἰδίκον, како и со локалните службеници на даночното министерство (λογοθέσιον του γενικόν). 74 John F. Haldon, Warfare, 143. и John F. Haldon, The Army, 144. Службеникот познат како πρωτονοτάριος во изворите се појавува кон крајот на VIII или почетокот на IX век. Nicolas Oikonomides, Les Listes, 315. Види и John F. Haldon, The Organisation,

96

97 ГЛАСНИК ISSN СТАТИИ УДК ( ) КОН ПРАШАЊЕТО ЗА ВТОРАТА КЛИМЕНТОВА ЦРКВА ВО ОХРИД По повод 1100-годишнината од смртта на св. Климент Охридски Љубица Станковска Abstract The author of the article, besed on relevant historic written sources, provide evidence that the location of the second church which was built by Clement from Ohrid, next to his monastery St. Pantelejmon shortly after the year 893 and which he dedicated to St. Mary Mother of God from Annunciation, afterward named as Holy Annunciation, was located on the flatland on the Plaosnik Hill. In the times of Clement, the role of the church Holy Annunciation was the religious service in this church to be held and preached on Slavic language which was Clement s primary goal in achieving of organized re-sanctification and education of the people. Afterward, at the time of the Macedonian tsar Samuil, when the city of Ohrid, at the period around year 900 or 1000, became capitol of the Macedonian Samuil s state, the church Holy Annunciation, the said old Clement s church, became capitol of the Ohrid patriarchate, and when in year 1018 the byzantine emperor Vasilij II reduced it to archbishops, cathedral. After the revocation of Ohrid Archbishops in year 1767, the Ottoman authority tore down to the ground the archbishops church Holy Annunciation. Keywords: St. Clement, historical sources, church Holly Annunciation, Archibishopic of Ohrid, middle ages, Ohrid. Меѓу неразрешените прашања од жи вотот и дејноста на словен скиот просветител и првиот македонски писател св. Климент Охридски се вбројува и прашањето каде се наоѓала втората Кли ментова црква што се споменува во опширното Климентово житие. Скудните изворни податоци и недостаточните информации во нив се главната причина што досега во науката не е пишувано за улогата и локацијата на втората црква што ја изградил Климент во градот Охрид. Во овој прилог ќе се обидеме, врз основа на битни историски факти, да при донесеме за разјаснувањето на ова отворено прашање. 97

98 ГЛАСНИК Љубица Станковска Од опширното Климентово житие, што го напишал охридскиот архиепископ Теофилакт во последната деценија на XI век, врз основа на постара предлошка напишана на словенски јазик од некој анонимен Климентов ученик, се дознава дека Климент, освен својот ма настир, кој го изградил уште пред да ја прими целосно Величката епископија, изградил уште една црква која подоцна станала архиепископска катедрала, а таму стои: Ταῦτα δὲ κἃν τῷ μοναστηρίῳ αὐτοῦ ἀπέϑετο, ὃ ἐν Ἀχρίδι ἐδείματο ἔτι περιόντος τῷ βίῳ μακαριστοῦ Βορίσου, πρίν ἢ πάντως τὴν τῆς Βελίτζας ἐπισκοπὴν ἀναδέξται. Ἐπεἱ γὰρ εἱδε τοῦτον τὸν ἄρχοντα πᾶσαν, τὴν ὑπ αὐτὸν Βουλγαρίαν ἑπτὰ καϑολικοῖς ναοῖς περζώσαντα καὶ οἱόν τινα λυχνίαν ἑπτάφωτον τῇ πίστει ἀνψαντα, ἠϑέλησε καὶ αὐτὸς ἐν Ἀχρίδι οἰκεῖον δείμασϑοι μοναστήριον τούτῳ δὲ καὶ ἑτέραν ἐκκλησίαν προσέϑηκεν, ἣν ὕστερον ἀρχιεπισκοπῆς ϑρόνον ἔτεντο καὶ οὕτως ἦσαν ἐν Ἀχρίδι τρεῖς ἐκκλησίαι, μία μὲν ἡ καϑολική, δύο δὲ τοῦ ἱεροῦ Κλήμεντος, μεγέϑει μὲν πολλῷ τῆς καϑολικῆς βραχυτέρα, οχήματι δὲ περιηγμένῳ καὶ κυκλοτερεῖ ταύτης ἰπιτερπεστέρα, а преводот гласи: Тоа (книжевните дела) тој го оставил во својот манастир, кој го изградил во Охрид, додека уште беше жив блажениот Борис и уште пред да ја прими целосно епископијата Велица. Кога (Климент) видел дека тој кнез (Борис) ја украсил целата под негова власт Бугарија со седум соборни цркви и како да запалил со својата вера светилник седмосвештеник, и тој самиот посакал да изгради во Охрид свој сопствен манастир. Кон него тој при бавил и друга црква, која подоцна ја направија архиепископска катедрала. И така во Охрид имаше три цркви: една соборна и две на свети Климент, кои по големина беа многу помали од соборната, но беа полични од неа со својата тркалезна и сферична форма. 1 Охридскиот архиепископ Теофилакт, меѓудругото, ни соопштува дека во Климентово време во Охрид имало три цркви, и тоа едната црква била соборна, а другите две цркви биле на свети Климент, коишто, иако биле помали од соборната црква, со својата тркалезна и сферична форма биле многу поубави од неа. Архиепископот Теофилакт, родум од островот Еврип во Грција, за архиепископ на Охридската архиепископија бил назначен во 1084 година, а својата оставка на охридскиот престол ја под нел, најверојатно, во година и се преселил во Солун. 2 Од опширното житие се дознава и тоа дека Климент, по враќањето од кај царот Симеон, кај кого отишол да поднесе оставка на епис копската работа, којашто царот Симеон не ја прифатил, се вратил во својот манас тир во Охрид, каде што по кратко време се разболел и умрел на 27 јули (ст. стил) 916 година, а неговото тело било погребано во манастирот, во гробот што тој сам со своите сопствени раце беше си го приготвил од десната страна во предниот дел на пронаосот (на храмот). 3 Во други писмени споменици името на црквата на Охридската архиепископија е регистрирано поинаку. Имено, во познатиот таканаречен Диканжев список на архиепископи од средината на XII век седиштето на Охридската архи епископија се споменува како горна голема црква, а 1 А. Милев, Гръцки е жития на Климент Охридски, София 1966, И. Снегаров, История на Охридската архиепископия, том 1, Второ фототипно издание, София 1995, 198, А. Милев, Гръцки е жития...,

99 Кон прашањето за втората Климентова црква во Охрид местото гласи: Θεόδουλος ἡγούμενος τοῦ ἀγίου Μοκίου ὁ κτίσας τὴν ἄνωϑεν μεγάλην ἐκκλησίαν διὰ συνδρομῆς Ἰωάννου τοῦ Ἀντζᾶ., или во превод: Теодул игуменот на Свети Мокиј. Тој ја изгради горната голема црква со помош на Јоан Анчо. 4 Од записот се дознава дека архиепископот Теодул, поранешниот игумен на Свети Мокиј, манастир во Цариград, ја изградил горната го лема црква во Охрид со помош на Јоан Анчо. Во времето на архиепис копот Теодул во Охрид сè уште имало само една соборна црква, посветена на св. Софија и двете цркви на Климент. Оттука е сосем разбирливо споме ната горна голема црква во спи сокот на Диканж да се идентификува со втората Климен това црква, која тогаш ја вршела должноста на архиепископска црква. Тоа значи дека архиепископот Теодул, кој бил поставен на престолот на Охридската архиепископија по смртта на Лав, веро јатно во 1056/57 година, а умрел во 1065 година, во соработка и со материјална помош на охридскиот големец Јоан Анчо, во почетокот на втората половина на XI век, можел да изврши некоја поголема реконструкција врз објек тот на гор ната Голема црква, но, исто така, е можно и да ја урнал црквата изградена од Климент и врз нејзините темели да подиг нал нова поголема црква. Во составот на називот горна Голема црква влегува синтагматското име Голема црква со кое се ословувала црквата на Охридската архиепископија, составено од придавската лексема голема, ж.р. од придавката голем, која овде се употребува со значењето основен, значаен, познат, славен, и од именката црква, а определбата горна, ж.р. од придавката горен, што е додадена кон називот Голема црква, е употребена за означување на место положбата на црквата, односно попрецизно објаснува дека црквата на Архиепископијата се наоѓала во горниот дел од градот Охрид. Според тоа, називот Голема црква, всушност, означува основна, значајна, славна црква, што се поклопува со карактерис тичните обележја на една архи епис копска црква, а во нашиов случај тоа е Великата црква на Охридската архиепископија. Коментирајќи го текстот од записот во Диканжевиот список на архиепископи, Иван Снегаров искажа мислење дека архиепископот Те одул во Охрид ја изградил горната голема црква која ја идентификува со сегашната црква Света Богородица што се наоѓа во маалото Челница. 5 Цветан Грозданов е во право кога го отфрла мислењето искажано од И. Снегаров за изградбата на горната голема црква на архиепископот Теодул, но не е во право кога претпоставува дека Теодул и Анчо извршиле поголеми про ширувања на црквата на Климентовиот манастир која, според сведочењето на Теофилакт, едно време имала функција на Велика црква на Архиепископијата. 6 Имено, во опширното Климентовото житие на архиепископот Теофилакт, како што истакнавме погоре, е наведено дека Климент во Охрид изградил свој сопствен ма настир, а кон него изградил и друга црква, која потоа станала архиепис коп ска катед рала, што недвосмислено ука жува на тоа 4 Й. Иванов, Български старини из Македония, София 1970, И. Снегаров, История на Охридската архиепископия I..., Ц. Грозданов, Охридското ѕидно сликарство од XIV век, Охрид 1980, 155) 99

100 ГЛАСНИК Љубица Станковска дека втората Кли ментова црква ја имала улогата на архиепископска катедрала, а не манастир ската црква Свети Пантелејмон. Димче Коцо смета дека сегашната црква Свети Кузман и Дамјан, позната уште и како Свети Врачи Голем или Свети Бесребреници, којашто е подигната во средината на XIX век, е изградена врз оста тоците на една постара црква за која претпос тавува дека ја по дигнал архиепис копот Теодул кон сре дината на XI век. 7 Притоа, тој, како и Ц. Грозданов, ја исклучува прет поставката на И. Сне гаров дека црквата што ја подигнал Теодул е црквата Света Богоро дица Челница заради тоа што таквото гле диште е спро тивно на резул татите од архе олошките истра жувања со кои тој утврди дека најстарата црква посветена на св. Богородица Челница е еднокорабна градба и потекнува од крајот на XIV век. 8 Своето гледиште Д. Коцо го гради врз основа на тоа што црквата Свети Кузман и Дамјан, односно Свети Врачи Голем се наоѓа во горниот дел на градот и во близина на Горна Порта, а по сво ите димензии таа е најголема црква во тој дел на Охрид, што се поклопува и со карактерис тиките на споме натата Те одулова црква, која во списокот е обележана како горната голема црква, а е наречена така, најверо јатно, со цел да се разликува од онаа голема црква што се наоѓала во долниот дел на градот, односно од онаа црква за која во истиот список на охридските архи епископи стои дека ја по дигнал архи епископот Лав, а тоа е црквата Света Софија. Како што подвле кува Д. Коцо, по сè изгледа дека составувачот на овој список ги имал предвид црквите што ги подигнале охрид ските архиепис копи кои на архиепископскиот престол биле еден по друг и кои подигнале две големи цркви во Охрид. 9 Своето гледиште тој го поткрепува и со фактот дека малата стара црква во Охрид, којашто е посветена на св. Врачи, се вика Мали Свети Врачи, а е наречена така заради тоа што постоела поголема црква од неа, којашто била посветена на истите светители Кузман и Дамјан. 10 Сепак, како што и самиот потцртува, останува архе олошките испитувања на локалитетот да покажат дали е висти нита оваа негова претпоставка. Искажа ното гледиште од Д. Коцо во врска со Теодуловата црква го поддржува Гоце Анге личин. Тој смета дека старата црква е обновена од архи епископот Теодул, од носно дека е подиг ната врз темелите на некогашен старохрис тијански храм за што све дочи многу број ната античка камена пластика што се наоѓа околу црквата. 11 Во кореспонденцијата на охридскиот архиепископ Теофилакт се зачувани две писма во кои се споменува црквата на Охридската архиепископија. Во првото Теофилактово писмо, коешто е упатено во 1092/93 година до господинот Јован Дука, брат на царицата Ирина и шура на царот Алексеј I Комнин, меѓу другото, е запишано следното: Kἂν γὰρ ἐκ τῶν βορείων ὁ ἥλιος νοτιώτερος 7 Д. Коцо, Едно размислување за црквата што ја подигнал во Охрид охридскиот архиепископ Теодул кон средината на XI век, Прилози, МАНУ, Одделение за општествени науки, XIX/1, Скопје 1988, 5 8 Д. Коцо, Богородица Челница, Старинар, XX, Београд 1970, Д. Коцо, Едно размислување за црквата..., 6 10 Истиот, цит. труд, 7 11 Г. Ангеличин-Жура, Натписи од црквата Св. Врачи Големи во Охрид, Зборник - средновековна уметност, 4, Скопје 2005,

101 Кон прашањето за втората Климентова црква во Охрид γένηται, ὅμως ἀναλόγως καὶ ϑάλπει καὶ τὰ πάντα μὴ πλησιάζοντα, ὥσπερ ἀμέλει καὶ ἡμεις τῷ τῆς Πελαγονίας μέρει, τῶν ἀκτίνων σου ἀπολαύομεν. Ἀπολαύσαιμεν δὲ πλέον, εἰ καὶ τὸ χωρίδιον ἡ Μόγγιλα, ἐν ᾧ καὶ ἀρχαία ἡμῶν αὐλὴ συνίσταται, τῇ φρουρῷ σου Θεοτόκῳ διὰ προσκυνητοῦ καὶ σεβαστοῦ μοι σιγιλλίου σου, καὶ ὁ ἐν ταύτη Ῥωμανὸς ὁ Στραβορωμανός, ὃςἐκτης Ἐκκλησίας παχυνϑεὶς κατ αὐτῆς λυττᾷ..., а преводот гласи: Дури и сонцето, ако од север се помести по на југ, сепак грее и оживотворува сразмерно и не сосем блиските краеви. Така и ние во пелагонискиот крај се грееме на твоите зраци. А уште повеќе би се огреале кога селцето Могила, во кое е нашиот стар имот, би се дало на твојата покровителка Богородица преку твојот возвишен и почитуван печат на кој треба да се поклонува, а вселениот во него Роман Стравороман, кој се здебели од Црквата, а сега беснее против неа Од содржината на текстот се дознава дека црквата на Охридската архиепископија во пелагонискиот крај имала свој имот - селото Могила. Селото Могила лежи во Пелагониската Низина и се наоѓа на околу 10 км северо источно од Битола. Радослав Катичиќ, кој ги приредил писмата на Теофилакт, претпоставува дека имотот во селото Могила на Црквата ѝ го дал во нејзина сопственост Јован Дука кога бил дукс во Драч, а под чијашто управа, веројатно, припаѓала и областа Пелаго нија. По неговото заминување во Грција каде што учествувал во воениот поход против Чаха, емирот на Смирна, се појавил спор помеѓу Охридската архиепископија и световната власт која ѝ го одзела селото Могила, веројатно, заради неплаќање на данокот. Затоа охрид скиот архиепископ Теофи лакт го моли Јован Дука дополнително да му издаде документ за дарувањето и вели дека имотот би ѝ се дал на твојата покровителка Богородица. Во второто Теофилактово писмо, адресирано до господинот Јован Ком нин, најстариот син на севастократот Исак Комнин, кое не е датирано, но, секако, е испратено по писмото од 1092/93 година, исто така, се говори за одземениот имот на црквата на Охридската архиепископија во селото Могила. Во ова писмо архиепис копот Теофилакт, меѓу другото, пишува: Ἐγὼ γάρ, αὐϑέντα μου, τὸ χωρίον ὃ ἐξ ἀρχαίων τῶν χρόνων κατεῖχειν ἡ Ἐκκλησία, μηδὲ πρακτικῷ ὑποκείμενον, ἀφαιρεϑὲν παρὰ τοῦ βασιλέως εὗρον καὶ τῆς Ἐκκλησίας ἀποσπασϑέν ὥσπερ οὖν καὶ τὰ τῶν ἀρχόντων πάντων. и Ἡ δὲ Θεοτόκος, ἧς καὶ ἡ γῆ καὶ ἡ αὐλή, τὰ νῦν ἐπηρεαζόμνα, φυλάξειέ σε πάσης ἐπηρείας ἀνώτερον., а преводот е: Затоа што јас, господару мој, сметам дека селото (Могила), кое од старо време го поседуваше Црквата, без да е вклучено во некаков практик, беше одземено од царот и одвоено од Црквата на истиот начин како што се случува со сите други господари. и А Богородица на која ѝ припаѓа земјата и дворот, на кој сега се посегнува, нека те чува од секакви лоши постапки на другите. 13 Во ова писмо Теофилакт бара помош од Исак Комнин, кој го заменил Јован Дука во Драч, за решавање на настанатиот спор околу црковниот имот и притоа му се жали дека царот ѝ го одзел селото Могила на Црквата која го поседувала 12 Византиски извори, том III, Београд 1966, ; Гръцки извори за българската история, IX, част II, СофиÔ 1994, Гръцки извори IX...,

102 ГЛАСНИК Љубица Станковска од старо време, и покрај тоа што имотот не бил вклучен во некој практик, така што црквата посветена на св. Богородица, на која ѝ припаѓала земјата и дворот, останала без својот имот кој сега бил узурпи ран од друго лице. Врз основа на податоците од писмата може да се констатира дека црквата на Охридс ката архиепископија во селото Могила првин поседувала од старо време само една куќа и двор, но потоа, изгледа, го присвоила целото село, ама овој имот не бил заведен во практикот, односно во службениот акт со кој се утврдувале земјиш ните поседи и приходите што се собирале од нив, така што Црквата за имотот во селото Могила не плаќала никаков данок. Како што истакнува Коста Аџиевски, при една финансиска ревизија на земјишните поседи, било откриено дека Црквата незаконски го поседувала селото, па така тоа било одземено од неа, а заедно со селото бил одземен и нејзиниот стар имот, кој се состоел од куќата и дворот, а потоа во селото се населил некој Роман Страво роман, кој бил најголем непријател на Црквата и го зазел поседот што ѝ припаѓал на Црквата. 14 Според нашето мислење, споме натото име на св. Богородица во преписката на Теофилакт, всушност, се однесува на името на архиепископската црква. Оттука се дознава дека црквата во која се наоѓало седиштето на Охридската архиепископија била посветена на св. Богородица. Во времето на архиепископот Теофилакт во Охрид единствена црква која била посветена на св. Богородица, како што ќе видиме подолу, била втората Климентова црква. Од другите цркви во Охрид, кои се посветени на св. Богородица, најстара е црквата Света Богородица Перивлепта, која ја изградил во 1295 година Прогон Згур, висок воен заповедник во Охрид, зет на византискиот император Андроник II Палеолог, и неговата жена Евдокија, која му била роднина на царот, во времето на охридскиот архиепископ Макариј. 15 Во натписот во црквата Свети Конс тантин и Елена индиректно се споме нува црквата на Охридската архиепископија, а таму е запишано: ἐτερα ζαγόνι<α> δ εἰς τα Κεραμαρ<ε>ία, εἰς το Παρακάστρορ, πλ(ησίον) ἐξ ανατολõν ἔος τοῦ Νηντζου κ(αὶ) ἐκ δισμõν τῆς ἁγιωτάτης ἀρχιἐπισκοπὴς., а преводот гласи: една (нива од) четири загони во Керамарија, во Паракастро, источно покрај Нинче, а западно (до) најсветата архиепископија. 16 Од записот се дознава дека црквата Свети Константин и Елена имала нива од четири загони во месноста Керамарија, што се наоѓа на локалитетот Паракастро, која од исток се граничела со имотот на Нинчо, а од запад се граничела со имотот на најсветата архиепископија. Од содржината на текстот се дознава и тоа дека најсветата архи еписко пија поседувала имот во месноста Керамарија, кој се граничел со имотот на црквата Свети Констан тин и Елена. Ова, според нас, треба да значи дека имотот на најсветата архи еписко пија, што се граничел со имотот на Партениевата задужбина Свети Конс тантин и Елена, бил во сопстве ност на црквата на Охридската архиепис копија. 14 К. Аџиевски, Пелагонија во средниот век, Скопје 1994, Ц. Грозданов, Портретите на Климент Охридски во средновековната уметност, Словенска писменост, 1050-годишнина на Климент Охридски, Народен музеј Охрид: Охрид 1966, Г. Суботиħ, Свети Константин и Јелена у Охриду, Београд 1971, 20 и

103 Кон прашањето за втората Климентова црква во Охрид Во описот на градот Охрид, објавен во 1901 година, Кузман Шапкарев, чиишто информации имаат автентичен белег, го запишал следново: Близу до св. Климентовиот имарет имало и друга црква, храм св. Благовеш тенија. 17 Понатаму, Шап карев, според забележаните и потпишани прото коли во охридските кодекси, кажува дека таа била соборна и пат ријаршиска црква сè до укинувањето на самостојната Охрид ска архиепископија, а, бидејќи била близу до имаретот, по укину вањето на архиепис копијата и зато чението на последниот патри јарх Арсе нија, османлиската власт ја урнала до темел. До неодамна, вели Шап карев, и во наше време жените одеа со колива и питари да раз дават за упокоение на душите на почи натите роднини на она исто место каде што била споменатата црква. Раскажувањето на Кузман Шапкарев, според нашето мислење, има вредност на историски извор од прв ред. Врз основа на изнесените податоци, можеме да констати раме дека цитираните историски извори се однесуваат на еден ист објект и дека во нив станува збор за архиепископска црква. На ведените извори, значи, недвос мислено укажу ваат дека фак тички се работи за една иста црква, која се наоѓала на локалитетот Имарет, односно на Плаошник, во непосредна близина на старата Климентова манастирска црква Свети Пантелејмон. Оттука неиз бежно се наметнува и зак лучокот дека црквата Свети Благовештенија, како што ја именува Кузман Шапкарев, всушност, е иден тична со црквата која ја из градил Климент кон својот манастир, која подоцна, како што подвлекува Теофи лакт, ја направиле архиепис копска катедрала. Втората црква што ја изградил Климент во непосредна близина на својата манастирска црква Свети Пантелејмон ја подигнал како епископ на Величката епархија и ја посветил на св. Богородица од Благо вештение. Ако се земе предвид фактот дека Климент манастирската црква Свети Панте лејмон ја изградил пред 893 година, 18 тогаш гра дењето на втората Климен това црква треба да се предвиди во пери одот од 893 до 916 година, кога тој умрел. Може да се претпостави дека Климент втората црква ја подигнал набргу по неговото назна чување за епископ на епархијата Дребница или Велица во 893 година, така што нејзината изградба можела да започне најрано во 894 година или во следните неколку години. Дека Климент својата втора црква ја посветил на св. Бого родица, се потврдува и од погоре споменатите Теофилактови писма. Улога та на црквата Света Богородица од Благо вештение, викана со скратеното име Свето Благовештение или Свети Благовештенија, првенствено била во неа бого службата да се служи и да се проповеда на словенски јазик, т.е. на јазикот на македонските Словени, со што Климент ја постигнал неговата основна цел за орга низирано просветување и воспитување на народот. Бидејќи Климент веќе бил епископ на Величката епархија, тој ги ставил под свое управување црквата Свети Панте лејмон, заедно со манас тирот и црквата Света Богородица од Благо вештение. 17 К. Шапкарев, Избор. Приредил д-р Т. Тодоровски, Скопје 1984, Д. Коцо, Климентовиот манастир Св. Пантелејмон и раскопката при Имарет во Охрид, Годишен зборник на Филозофскиот факултет на Универзитетот - Скопје, кн. 1, Скопје 1948,

104 ГЛАСНИК Љубица Станковска Како што е познато, Бугарија, и покрај противењето на Римската црква, добила своја архи епис копија со посебна автономија со одлуката на цариградскиот собор, одржан во година, која ги признала врхов ните права на Цариградската патријар шија. 19 Поради острата реакција на римскиот папа Адријан II ( ) на донесената соборска одлука, кој со писмо, упатено до византискиот цар Василиј I, барал воспоста вување на прет ходната состоба на границите на кои се протегала јурисдикцијата на Римската црква, чиишто права биле нару шени со самоволниот акт на Лав III или Конс тантин V, особено инсис тирајќи на областа Илирик, која во тоа време била насе лена со македонски Словени, кон крајот на 879 и почетокот на 880 година бил одржан нов цркове н собор во Цариград, на кој присуствувале и папските пратеници. 20 На овој црковен собор се донесла одлука решавањето на прашањето на јурисдикцијата над Бугарската црква, вклучувајќи го и спорниот Илирик, да се препушти на царот Василиј I. 21 Така, Охридската епископија, заедно со останатите епископии што се наоѓале на освоената македонска територија од бугарскиот кнез Борис, потпаднала под јурис дик цијата на новата Бугарска црква. Во есента 893 година во Преслав е свикан собор на кој Борис го објавува симнувањето од престолот на Владимир и прогласувањето на Симеон за кнез на Бугарија. 22 Тогаш е решено престолнината да биде пренесена од Плиска во Преслав и е донесена одлуката грчкиот јазик во држа вата и во Бугар ската црква да се замени со словенски, што овозможило на местото на епис копите Грци, посте пено да доаѓаат епископи Словени. За нас Македонците е значајно тоа што на овој собор во 893 година кнезот Симеон го назначил Климент за епископ на епархијата Дребница или Велица, која била самостојна епархија и не припа ѓала ниту на Цариградската ниту на Римската црква, додека Наум го испратил на учителското место на Климен т во областа Кутмичиница. Познато е дека Охрид, уште пред доаѓањето на Климент, бил седиште на епископија, која била управувана од Цариградската патријаршија и дека богослужбата во старата соборна црква, посветена на св. Софија, се извршувала на грчки јазик, кој бил туѓ јазик за народот. Се знае и тоа дека епископ на Охридската епископија бил Гаврил, Грк по потекло, кој присус твувал на црковниот собор во Цариград, одржан година. Се претпоставува дека епископот Гаврил по овој собор во Цариград повеќе не се вратил во Охрид. 23 Црквата Свето Благо вештение, односно старата Климен това црква, којашто Кли мент ја изградил кон својот манас тир, станала седиште на Охридската архиепископија, односно патријаршија, во вре мето на македонскиот цар Самуил. Седиш тето на Архиепископијата, односно на Патријаршијата, како 19 История на България, II, София 1981, Д. Драгојловиħ, Житија Климента Охридског у светлоски политике грчког клера, Климент Охридски и улогата на Охридската книжевна школа во развитокот на словенската просвета, Скопје 1989, История на България II..., 228; Д. Драгојловиħ, Житија Климента Охридског..., Кирило-Методиевска енциклопеди, т. I, София 1985, Д. Драгојловиħ, Житија Климента Охридског...,

105 Кон прашањето за втората Климентова црква во Охрид што е поз нато, отпрвин било во Преспа, а кога Самуил околу 990 година или во 1000 година ја пре несол својата престол нина од Преспа во Охрид, 24 то гаш ја префрлил и својата црковна резиденција. 25 Тогаш Охрид за првпат станал црковен цен тар и престолнина на едно големо Маке донско Цар ство, 26 а Саму иловата патри јаршија, се нарекла Ох ридска. По паѓа њето на македонската Саму илова држава во 1018 година, визан тискиот импе ра тор Васи лиј II Ох ридската патријаршија ја свел на ранг на архиепископија, а за архи епископ го поставил Јован Дебарски. Функцијата на архиепископска, односно патријаршиска, катедрала ѝ била доделена на старата Климентова црква, посветена на св. Богородица од Благовештение, како привремено решение, додека не се изгради го лемата и раскошна црква што започнал од темел да ја гради царот Самуил на местото на старата соборна црква што се споменува во житието на Климент. Впрочем, изборот бил многу ограничен, би дејќи тогаш во Охрид, по урива њето на ста рата соборна црква, останале само двете Климентови цркви, а едната од нив, црквата Свети Пантелејмон, била манас тирска и во неа се одвивала просветителската и книжев ната активност на Климент. Во врска со идентитетот на соборната црква во Охрид, за која се говори во опширното Климентово житие, историската наука досега не понудила некое објективно решение. Само може да се претпостави дека тогаш соборна црква била некоја постара црква од сегашната црква Света Софија, која, како што тврди Борис Чипан, постоела на истото место, а била изградена од византискиот император Јусти нијан II, кој ја подигнал и црквата Света Софија во Цариград. 27 Тој докажа дека старата Јустини јанова црква била поправана во IX век, а подоцна, веројатно во почето кот на XI век започнала изградбата на сегашната црква, но таа, заради некои причини, не била довршена, туку била завршена во времето на архиепи скопот Лав, кој од 1036 до 1056 година се наоѓал на престолот на Охрид ската архиепископија, или тогаш била само обновена. Специја листите сметаат дека цар Са муил, кога Охрид станал престол нина на Самуиловата држава, започ нал да ја гради сегашната црква Света Со фија, врз темелите на постарата градба од IX век, односно врз темелите на рано - христијанската базилика, но тој не успеал да ја за врши заради него вата прерана смрт во 1014 година. Се прет поставува дека токму тоа е причи ната што црквата Света Софија не ста нала патријаршиска катедрала во Самуилавата држава. За црквата Света Софија специ јалистите инсистираат на претпос тавката дека била патријаршиска, односно архи епископска црква што не наоѓа потврда во изво рите. Во својата обемна студија за историјата на Охридската архиепископија И. Снегаров нагла сува дека Самуил, стремејќи се престолнината да прилега на Ца риград, во Охрид изградил патри јаршиска црква, посве тена 24 И. Снегаров, История на Охридската архиепископия I..., 14) 25 Историја на македонскиот народ, Скопје 1972, М. Бошкоски, Улогата на св. Климент во зацврстувањето на апостолицитетот на Охридската архиепископија во времето на цар Самуил, Македонско наследство, бр. 17, Скопје 2001, Б. Чипан, Света Софија, Скопје 1996,

106 ГЛАСНИК Љубица Станковска на св. Софија. 28 Ц. Грозданов смета дека ктиторот Леон (Лав) со тоа што во олтарот на Света Софија ги претставил портретите на истакнатите архиереи на Цари градската, Римската, Александриската, Антиохиската, Кипар ската црква и на некои малоазиски епископии, всушност, сакал да ја покаже својата идејна замисла во определувањето на катедралниот карактер на охрид ската Велика црква. 29 Притоа, додава дека во катедралата на штотуку формираната Архиепископија, ктиторот Леон требало да ги претс тави во олтарниот живопис, покрај другите, и истакнатите архиереи на автоке фалната Охридска црква, т.е. ликовите на свети Кирил и на свети Климент. Сепак, како што видовме погоре, од пишаните извори се дознава дека патријаршиска, односно архиепи скопска, била една друга црква, која се наоѓала на Пла ошник. Факт е дека во времето на Климент соборна црква била старата црква Света Софија, но таа била седиште на епископ, што значи дека била само епископска црква. Впрочем, за да стане црквата Света Софија архи епископска катед рала, всушност, немало ниту објективни услови, од една страна, затоа што таа фун кција веќе ја имала црквата Свето Благо вештение, а од друга, уште во средината на XV век таа била преобразена во џамија. Црквата Свето Благовештение, како што нè информира К. Шап карев, била седиште на Охридската архиепис копија сè до неј зиното укину вање, а по укинувањето на Архиепис копијата османлиската власт ја урнала до темел. Охридската архиепископија била уки ната со наредба на султанот Мустафа III во 1767 година и била приклучена кон Цариградската патријаршија. 30 Според тоа, уривањето на црквата Свето Благо вештение, односно на старата Климентова црква, се одви вало по 1767 година. По уривањето на архи епископската црква Свето Благовештение, катед рална црква на Охридската митрополија станала црквата Света Богородица Перивлепта. Познато е дека пред да биде црквата Свети Пантелејмон преобразена во џамија, моштите на св. Климент биле пренесени во друг гроб во некоја охридска црква, но досега не е утврдено во која црква се наоѓал другиот гроб. Димче Коцо искажа мислење дека тој друг гроб, веројатно, се наоѓал во онаа црква што била подигнато над урнатините од Климентовата црква, бидејќи темелите од оваа нова црква се најдени во шутот на првобитната Климентова црква, односно над подот од Климентовата црква. 31 Притоа, тој е во право кога укажува дека надгробната плоча на која е издлабен натписот Претстави се св. Климент, 32 којашто денес се чува во црквата Света Богородица Перивлепта, не може да биде оригиналната плоча од Кли ментовиот гроб, прво, заради тоа 28 И. Снегаров, История на Охридската архиепископия I..., Ц. Грозданов, Првите икони и фрески на свети Климент Охридски, Иконоликот на свети Климент Охридски, Петта научна средба по повод патрониот празник на НУБ Св. Климент Охридски - Скопје, одржана на , Скопје 2011, Охрид и неговите ризници, (текст: Р. Кузмановски), Скопје 2002, Д. Коцо, Надгробната плоча на Климент Охридски, Климент Охридски и улогата на Охридската книжевна школа во развитокот на словенската просвета, Скопје 1989, Й. Иванов, Български старини...,

107 Кон прашањето за втората Климентова црква во Охрид што Климент е починат како епископ и второ, заради тоа што димензиите на плочата се различни од оние на Климентовиот гроб. Во досе гашната научна литература специјалистите, главно, го застапуваат гледиш тето дека моштите на св. Климент, по преобразбата на црк вата Свети Пантелеј мон во џамија, биле пренесени во црквата Света Богородица Перивлепта. Преобразбата на црквата Свети Пантелејмон, како и на неколку други охридски цркви, како што констатира Цветан Грозданов, се случила, најверојатно, во 1466 година или веднаш по таа година, и тоа по наредба на султанот Мехмед II Освојувач ( ), кога есента во 1466 година, на враќање од Албанија по победата во борбата со Скендер-бег, го посетил Охрид и се пресметал со тогаш ните охридски големци кои биле во некаков конфликт, ги казнил двете страни и, заедно со охридскиот архиепископ Доротеј, ги прогонил во Цариград каде што го завршиле својот живот во заточеништво. 33 Како што видовме погоре, историските податоци потврдуваат дека старата Климентова црква Свето Благовештение не била зафатена од тогашните интервенции на османлиската власт над охрид ските цркви, секако, заради тоа што таа функционирала како престолна црква на Охридската архиепископија. Оттука логично се наметнува претпос тавката дека пред да ја преоб разат црквата Свети Пантелејмон во џамија, моштите на св. Климент биле извадени од него виот гроб и пренесени во неговата црква Свето Благовештение, која била и архиепископска катедрала, каде што бил направен нов монументален гроб во кој биле положени неговите мошти. Над новиот гроб во црквата Свето Благо вештение била поставена познатата надгробна плоча со исклесаното име на св. Климент. Оваа надгробна плоча, можеби, била пренесена од онаа црква, како што кажува Д. Коцо, што била подигната над урнатините од црквата Свети Пантелејмон, ама, исто така, може да била и нова плоча, направена специјално за новиот гроб во црквата Свето Благовештение. Инаку, несфатливо е да се одмине црквата Свето Благовеш тение, која била подигната од Климент и која тогаш била архиепископска катедрала и моштите на светителот да се однесат во црквата Света Богородица Перивлепта. Подоцна, во истата гробница во 1550 година, според нас, бил погребан и архиепис копот Прохор и на надгробната плоча отпосле бил издлабен натпис со неговото име и годината на неговата смрт. Пред да ја урнат Османлиите црквата Свето Благовештение, моштите на св. Климент, заедно со надгробната плоча и со архиепископскиот престол, кој исто така се наоѓал во оваа архиепископска црква, како и со сиот подвижен црковен инвентар, се прене сени во црквата Света Богородица Перивлепта. Оттогаш таа го носеше името Свети Климент, а по подигањето на новата црква Свети Панте лејмон и Свети Климент во 2000 година и пренесу вањето на моштите на св. Климент во неа, на црквата ѝ е вратено старото име Света Бого родица Перивлепта. Во оваа црква до денес се зачувани надгробната плоча и престолот на охридскиот архиепископ Прохор, изработен во 1540 година во ореово дрво, кој претставува прв датиран архиепископски прес тол во Маке донија. 33 Ц. Грозданов, Прилози познавању средњовековне уметности Охрида, Зборник за ликовне уметности, 2, Нови Сад 1966,

108 ГЛАСНИК Љубица Станковска Погоре изнесените историски податоци недвосмислено укажуваат дека локацијата на црквата Света Богородица од Благовештение или Свето Благовеш тение, односно втората Климентова црква, се наоѓа на локалитетот Имарет, односно на рамнината на ридот Плаошник. На отвореното прашање каде се наоѓала втората Климентова црква бегло се задржал Димче Коцо кој претпоставува дека Климент при обновувањето на триконхосот од неговата западна страна морал да постави трем, на чие место покасно, односно уште през животот ја соѕидал, или поточно ја доѕидал втората црква во која го поставил и својот гроб во југоисточниот дел (во пронаосот), како што стои во опширното Кли ментово житие Ние се сомневаме во точноста на ова гле диште, и тоа, прво, заради тоа што Климент, како што соопштува Теофилакт, бил погребан во манастирот, во гробот што тој сам со своите сопствени раце беше си го приготвил од десната страна во предниот дел на пронаосот, и второ, заради тоа што втората Кли ментова црква, која станала архиепископско седиште на Охридската архиепис копија, е урната по укину вањето на Архиепископијата во 1767 година. Отсуството на археолошки наоди од втората Климентова црква повлија еја на помислата дека нејзината локација, можеби, треба да се бара на просторот североисточно од црквата Свети Пантелејмон, односно на десната страна од патот што оди кон црквата и над влезната врата во црковниот двор, каде што досега не се изведувани архе олошки истражувања. Сепак, точната локација на втората Климентова црква Свето Благо веш тение, односно на црквата на Охридската архиепископија, археолошките испитувања допрва треба да ја утвр дат. Во текот на своето вековно егзистирање древниот објект на архиепископс ката црква Свето Благовештение, односно на втората Климентова црква, секако дека бил обновуван, доѕидуван и прошируван. Една таква обнова врз градбата на старата архиепископска кате драла, како што видовме погоре, била извр шена во среди ната на XI век од охридскиот архиепископ Теодул. Дали тој извршил поголема реконструкција на Климентовата црква или пак ја урнал и врз нејзините темели подигнал друга црква, исто така, треба да потврдат археолош ките испитувања. Со самиот факт дека втората Климентова црква Свето Благо вештение е урната до темел, сознанијата за архитектонско-сликарскиот комплекс остануваат многу ограни чени. Во однос на архитек турниот модел, може да се претпос тави дека двете Климентови цркви имале идентична градба. Во поткрепа на ваквата претпоставка говори податокот од архиепископот Теофилакт Охрид ски кој вели дека двете цркви на Климент, кои по голе мина, иако многу помали од собор ната, но поради својата трка лезна и сферична форма, се многу полични од неа.. Оттука може да се подразбере дека и втората Климентова црква, односно црквата Свето Благовештение, била мала црква со триконхална градба и имала трка лезна и сферична форма. 34 Д. Коцо, Триконхалните цркви во Климентовото време, Словенска писменост, 1050-годишнина на Климент Охридски, Народен музеј Охрид, Охрид 1966,

109 Кон прашањето за втората Климентова црква во Охрид За сликарската декорација во оваа црква не се познати никакви податоци, но треба да се верува дека црквата била зографисана, така што може да се претпостави дека во иконографската содржина на црквата биле насликани на централно место фигурите на св. Богородица од Благовештението и на архангел Гаврил од Благовештението, или како поединечни ликови, или во вид на познатата композиција на Богородичиното Благовештение, која е сос тавен дел на цик лусот Големи празници. На композиција на Богородичиното Благовештение, којашто е составен дел во иконографијата на црквате, се претс тавени св. Богородица и архангел Гаврил, кога тој ѝ ја соопштува добрата и радосна вест на Богородица дека зачнала од Светиот Дух и дека ќе роди Син и ќе го нарече со името Исус. Всушност, во сцената на Благовештението се илустри рани познатите зборови на евангелистот Лука од евангелската предлошка. 35 На македонската тери торија се познати и други цркви кои се посветени на св. Благо вештение како што е, на пример, црквата Свето Благо вештение во Прилеп, пеш терната црква Благовеш тение, што се наоѓа во месноста Црна Пешта - стрмна и висока карпа над Преспанското Езеро, кај селото Глобочани, сега во Албанија, која месното на селение ја вика Блоштење. 36 Во оваа црква сцената на Благовештението е насликана во луне тата над влезната врата од малата капела. Примарното име на црквата е Света Богородица од Благовеш тение. Тоа е сло жено име составено од повеќе делови, и тоа: од формата за женски род света < стсл. sv3ta, од името на божјата мајка Богородица, од предлогот од и од епи тетот Благо вештение. Епитетот Благо вештение потекнува од стсл. blagovђ]enie благовестие, а овој збор е изве ден од именката blagovђstq што значи блага, добра, радосна вест, превод од грч. εὺίαγγέλιον блага, добра, ра досна вест, благовестие. Како што кажавме погоре, добрата и радосна вест, којашто ѝ ја соопштил архангел Гаврил на св. Дева Марија, е таа дека св. Дева Марија оста нала бремена и дека ќе го роди Исус Христот. Името на црквата Свето Благовештение е скратено име кое настанало од примарното име, и тоа со испуштање на името на бож јата мајка св. Богородица. Тоа прет ставува синтаг матски состав во кој првиот дел е рамен на фор мата за среден род свето, односно светое < стсл. sv3to1 од при давката свет < стсл. sv3tq свет, божествен, а вториот член е еднаков на апе лативот благовештение < стсл. blagovy]enie благовестие. Името Свети Благовештенија, што е наведено од К. Шапкарев, претставува множинска форма во која првиот член е ра мен на плуралната фор ма свети < стсл. sv3txi од придавката свет, а вториот член е еднаков на множинската форма благо ве штенија од апе лативот благовештение. Плуралната форма на името, нај веројатно, е употре бена заради тоа што епитетот Благовештение се однесува исто времено на двете личности кои се прет ставени на сцената, а тоа се божјата мајка света Богородица и архангел Гаврил. 35 Лука 1, Г. Ангеличин-Жура, Пештерните цркви во Охридско-преспанскиот регион (Р. Македонија, Р. Албанија, Р. Грција), Струга 2004,

110 ГЛАСНИК Љубица Станковска Свети Климент Охридски е автор на многубројни ориги нални книжевни дела, а за тоа говори и неговиот биограф Теофилакт во опшир ното Климен тово житие кога вели, меѓу другото, дека тој (Климент) составил прости и јасни слова за сите празници во годината во кои го опишал животот на пророците и апостолите, како и Во чест на пречистата Богородица, чија што помен често се празнува преку годината. 37 Не е неможна помислата дека Климентовите поучни творби, познати под насловот Поука за денот на Благовештение на Света Богородица и Поука за денот на Зачетието на света Богоро дица, 38 се наменети за богослужението во охридската црква Света Богородица од Благовеш тение или Свето Благовештение. Овие поучни слова, најверојатно, првпат биле прочитани при освету вањето на Климентовата црква Света Богородица од Благовеш тение, односно Свето Благо вештение, а потоа биле читани кога Охридската црква го празну вала праз никот Благовеш тение на Пресвета Богородица. 37 А. Милев, Гръцките жития..., Р. Угринова-Скаловска, Климент Охридски, похвали и поуки, Скопје 1996, 48 и

111 ГЛАСНИК ISSN СТАТИИ УДК 327 ( ) 653 ВРСКИТЕ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ДУКЉА ВО СРЕДНИОТ ВЕК 1 Александар Атанасовски Редовен професор на Катедрата за историја при Филозофскиот факултет на Универзитетот Св Кирил и Методиј во Скопје Abstract Writing about Macedonian-Montenegrin relations in the Middle Ages is, basically, writing about the times of Samuil and his successors, when the territory of modern Montenegro was known as Duklja and Zeta, while after the byzantine-bulgarian peace of 927 Macedonia is called Bulgaria or Bulgarian land. Our attention is focused on establishing a precise chronological framework of the expedition of Samuil to Dalmatia, the marriage of his daughter Kosara to Jovan Vladimir, the ruler of Duklja, as well as the marriage connections of Balsha and Olivera, the daughter of king Volkasin. Keywords: war, diplomacy, political marriage, Samuil, Jovan (Ivan) Vladimir. Првите податоци за контакти меѓу двете земји ги наоѓаме во Летописот на Поп Дукљанин 2, кој што зборува за периодот на цар Самуил и посебно за неговиот поход на Запад, при што во тој поход на удар му се нашла и територијата на Дукља. Во поглед на хронологијата кога бил изведен походот на Самуил кон Далмација во историографијата владеат различни мислења. Еден дел од историчарите се на мислење дека походот бил изведен во периодот од 986 до 989 година 3, по победата на Самуил над Василиј II кај Трајановата порта, а друг 1 Насловот на статијата е по инсистирање на авторот. 2 Постојат три верзии на Летописот на поп Дукљанин, едната на латински јазик, направена од самиот автор, една непотполна на хрватски јазик, наречена Хрватска хроника и преводот на последната на латински јазик од Марко Марулиќ. За Летописот и за изданијата види: Басотова Љубинка, Летописот на попот Дукљанин како извор за македонската средновековна историја. Споменици за средновековната и поновата историја на Македонија. Том V, Прилеп 1988, стр ; Peričič E., Sclavorum Regnum Grgura Barskog, Ljetopis popa Dukljanina. Bar Така мислат: Гилфердинг, Дринов, Станоевиќ, Ќоровиќ. Антолјак, Басотова и др. Спореди: Антолјак С., Самуилова држава. Средновековна Македонија. Т.1. Скопје 111

112 ГЛАСНИК Александар Атанасовски дел се на мислење дека тоа се случило по 997 година 4, по поразот на Самуил кај Сперхеј, а во поново време според српскиот историчар Тибор Живковиќ походот се одиграл во 1008 година 5. Веднаш да напоменеме дека изворите на кои се базираме не говорат прецизно за датумот на одвивање на походот, но индиректно Летописот на поп Дукљанин кажува дека Самуил се издигнал во времето на дукљанскиот владетел Тугемир. Потоа зборува за воениот поход против земјата на Владимир, кого го заробил и го одвел во Преспа во затвор, каде што тој се запознал со ќерката на Самуил Косара со која потоа се оженил и бил вратен на татковиот престол. Поп Дукљанин за Самуил и неговиот поход кон Дукља и Далмација зборува во 36-та глава, која што се истакнува по својата особеност и композиција во однос на целокупниот останат текст на оваа хроника. Од историски аспект, повеќе научници се согласуваат дека токму оваа глава од целиот Летопис е доста верен историски извор и дека она што поп Дукљанин го кажува не се покажува како легенда, туку како историја и дека самиот текст на Дукљанин (мисли на гл. 36) во суштина е повеќе историско кажување отколку легенда 6. Оваа глава е интересна за нас затоа што таа претставува еден вид житие на дукљанскиот кнез Владимир и содржи податоци зачајни и потврдени за периодот на постоењето и пропаста на Самуиловата држава и неговите контакти со територијата на Дукља. На самиот почеток од главата се кажува дека уште додека Владимир бил момче тој ја зел власта во свои раце и владеел со Дукља, по смртта на татка си Петрислав. Во тоа време... гореспоменатиот Самуил, цар на Бугарините, собра голема војска и пристигна во пределите на Далмација, во земјата на кралот Владимир Во преводот на Орбини овој дел гласи: Во негово време, Самуил, гореспоменатиот цар на Бугарија влезе во Далмација со голема војска и почна да ја вознемирува земјата на кралот Владимир 8. Индиректни податоци за тоа кога се случил походот ни дава Јахја Антиохиски кога раскажува за судбината на Владимир кој што се повлекол на планината Облик. Неговото повлекување на планината било само маневар за да 1985, стр Кон ова гледиште се држат: Златарски, Рунциман, Острогорски, Шишиќ, Бошкоски и др. Спореди: Бошкоски М., Великаните на македонскиот среден век. Кн.1.Скопје 2007, стр Живковиħ Т., Поход бугарског цара Самуила на Далмации. - Историски часопис. Књ. XLIX, 2002, Новаковиќ Ст., Први основи словенске књижевности меѓу балканским Словенима, Легенда о Владимиру и Косари. Београд 1893, п Mošin V., Ljetopis popa Dukljanina. Zagreb 1950, 78. Бидејќи на едно место Дукљанин кажува дека Самуил се издигнал во времето на Тугемир, потоа не кажува ништо за тоа кога завладеал Петрислав со Дукља и колку време владеел и кога го наследил син му Владимир, сето тоа го отежнува точното утврдување на настаните. 8 Басотова Љ., Летописот на попот Дукљанин како извор за македонската средновековна историја. - Споменици за средновековната и поновата историја на Македонија. Т. V., Прилеп 1988,

113 Врските меѓу Македонија и Дукља во средниот век добие на време и можеби да почека помош од Византија, која како протектор на тие земји веројатно имала и некои обврски да ги брани од евентуални напади. Но тогаш, како што пишува Јахја Антиохиски, Византија имала поважни грижи, а тоа било смирувањето на бунтот на Варда Фока кој во 987 година по победата над Варда Склир самиот се прогласил за цар 9. Во ваква ситуација, Дукља и останатите грчки области на запад не можеле да се надеваат на помош од Византија. Имајќи го тоа предвид, Владимир ја увидел безнадежноста на својата ситуација, се откажал од отпор и се предал во рацете на моќниот освојувач кој веднаш го испратил како заложник во својата престолнина Преспа. Токму делот кај што зборува за бунтот на Варда Фока ни укажува на фактот дека походот кон Дукља бил изведен година, веднаш по Самуиловата победа кај Трајановата порта. Овие податоци од поп Дукљанин наоѓаат индиректна потврда и кај Јахја, на она место каде што зборува за бунтот на Варда Фока, додека Василиј II бил зафатен со војната против него каде Бугарите го искористиле случајот и неколку пати војувале во грчката земја и ја опустошиле до градот Солун, а ги нападнале и оние грчки области што се на запад. Овде под грчки области на запад може да се подразберат Дукља, Далмација, Босна и Рашка, кои директно или индиректно дотогаш ја признавале власта на Византија 10. Навестувања за овие Самуилови дејства имаме и кај Скилица-Кедрен, кој што вели: Откако се ослободи од грижата за граѓанската војна, царот почна да размислува како да излезе на крај со Самуил и другите месни топарси, кои ја искористија неговата зафатеност со бунтовите и им направија големо зло на ромејските земји 11. Бунтот на Варда Фока бил ликвидиран 988 година и по таа година Василиј II можел да крои планови како да излезе на крај со Самуил. Втората група научници како аргумент за своето гледиште дека походот бил изведен по 997 година го наведуваат фактот што во 90-тите години бил обновен трговскиот договор меѓу германскиот цар Отон III и венецијанскиот дужд Петар II Орсеол ( ), и дека тогаш Венеција побарала трговски олеснувања и кон Византија. Во 992 година византиските цареви Василиј II и неговиот брат совладетел Константин VIII, на Венецијанците им издале хрисовула со која им дале трговски олеснувања (намалување на таксите од 30 на 17 солиди). Во услови на зафатеност на византискиот цар на исток, Венеција имала должност да ги заштитува византиските интереси во градовите долж Јадранското Море во областа Далмација. Дукља го признавала византискиот суверенитет, а по смртта на хрватскиот крал Држислав, Венеција сметала дека треба да го поддржи претендентот на хрватскиот престол Светислав Суроња, наспроти просамуиловиот претендент Крешимир и неговиот 9 Византијски извори за историју народа Југославије.Т. III, Београд /87. За овој бунт спореди: Острогорски Г., Историја Византије. Второ фототипно издање, Београд Антолјак С., Самуилова држава, Ioannis Scylitzae synopsis historiarum. Editio princeps, rec. I. Thurn Apud Walter de Gruyter et socios Berolini et Novi Eboraci 1973, 339,20,64-67; Византијски извори за историју народа Југославије. Т. III, 87; Антолјак С., Самуилова држава,

114 ГЛАСНИК Александар Атанасовски совладетел Гојислав. Меѓу другото, Венеција меѓу 998 и 1000 година со флота интервенирала за да ја спречи хрватската помош за цар Самуил и да ги заштити своите интереси 12. Според М. Бошкоски главната цел на походот била да се спречи византиската коалиција на бреговите на Јадранското Море, чија главна окосница била Венецијанската република, провизантиската Зета, освојувањето на далматинските градови и помошта на хрватскиот крал Крешимир и неговиот брат Гојислав во борбата за зацврстување на престолот 13. Сето ова би било прифатливо само ако Самуил во 996/97 година не претрпел катастрофален пораз кај реката Сперхеј, во која битка бил и тешко ранет, па најверојатно му требало време за да ги залечи раните, а од друга страна Василиј II бил во својата највисока воена моќ, постојано присутен на балканското боиште, и тешко дека Самуил би се решил на еден таков поход. Од друга страна овие аргументи можат и поинаку да се толкуваат. Имено, откако Самуил продрел кон Дукља и Далмација, Византија се ослободила од бунтот на Варда Фока и побарала сојуз со Венеција, и токму затоа ѝ издала хрисовул за олеснување на трговијата со цел да ја придобие на своја страна. Венеција во тој период фактички е зависна од Византија и била должна да ги заштитува градовите по Јадранското Море кои влегувале во областа Далмација. Можно е Самуиловиот поход кон Далмација да бил инициран од хрватскиот крал Држислав со цел да ја зајакне својата позиција во борбата против Византија и Венеција, а по неговата смрт неговите противници се здружиле со цел да го истиснат Самуиловото влијание во Хрватска и да ги зајакнат позициите на неговите противници. Во тој период, крајот на Х век, Самуил не бил во состојба да му помогне на својот пријател во Хрватска. Впрочем, во тоа може да е и суштината на кажувањето дека Василиј откако се ослободил од бунтот на Варда Фока кроел планови како да се справи со Самуил и во тие планови било и подобрувањето на византиските позиции на Јадранското море. Другиот аргумент, на кој се повикуваат приврзаниците на второто гледиште е т.н. српско пратеништво кај Византија од 993 година, за кое самиот Георги Острогорски не е сигурен од кои српски земји било испратено и со која цел 14. Па вели дека можеби било испратено од Рашка. Но мора да напоменеме дека вестите за ова пратеништво се сосема несигурни. Можело да биде испратено и од Владимир, кој бил зет на Самуил, и во чие име управувал со својата земја, но немаме податоци во какви односи бил Владимир со Византија!? Дали тоа пратеништво не било испратено од него да бара посредство од Византија за враќање на моштите на Св. Трифун, кои своевремено Самуил ги однел од Котор? Пратеништвото можеле да го испратат и граѓаните на Котор, за кои не знаеме дали биле потчинети на Самуил. Тие барале начин како да им се вратат однесените свети мошти на нивниот патрон. Исто така, тоа пратеништво 12 За овие настани спореди: Dölger F., Regesten der Kaiserurkunden des Oströmishes I München-Berlin, 1924, 781, 100; Margetić I., Vjerodostojnost vijesti Andrije Dandola o Dalmaciji u XI st. ЗРВИ XIX, 1980, 121; Klaić N., Povjest Hrvata u ranom sredjem vijeku. Zagreb 1971, 322 bel. 149, ; Пириватриč С., Самуилова држава, бел ; Бошкоски М., Великаните, Бошкоски М., Великаните, 89-90, и таму цитираната литература во бел. 111 и Острогорски Г., Српско посланство, Сабрани дела, IV, Београд 1970,

115 Врските меѓу Македонија и Дукља во средниот век можело да биде во врска и со преместувањето на црковниот центар на Дукља од континенталниот дел во градот Бар. Настанот се случил 993 година. Од друга страна, ако се земе предвид Самуиловиот поход во североисточна, северна и северозападна Бугарија што се одвивал во година, може да се допушти можност тоа српско пратеништво да било испратено од пределите што своевремено влегувале во областа Морава, а токму во 991 година се нашле на удар на Самуиловите војски. Доколку тоа се покаже за точно, тогаш може и сосема јасно да се согледа и целта на пратеништвото (сојуз за заемна борба против Самуил). Пратеништвото било примено во воениот логор на Василиј, што укажува на тоа дека Василиј бил во поход против Самуил, и во една таква воено-полотичка состојба на постојана закана од воена интервенција Самуил не можел да ја остави својата држава без одбрана и да замине во долг поход кон Далмација. Друг аргумент кој оди во прилог на првото гледиште е дека по 997 година Самуил ја омажил ќерка си Мирослава за Ашот, заробен под Солун, и ги испратил младенците да го чуваат градот Драч 15, што значи дека Самуил веќе го имал освоено тој град, во спротивно немало никаква смисла испраќањето на свој човек да заштитува град кој што не го владеел. Сето тоа ја разнишува теоријата за хронолошката определба на походот на Самуил кон Дукља и Далмација кон крајот на Х век и оди во прилог на тезата дека сепак походот бил изведен во периодот по битката кај Трајановата порта од 986 до 988 година, бидејќи во 989 година Самуил го освоил Бер. Не можеме да го прифатиме второто гледиште од причина што после еден тежок пораз кај Сперхеј и негово ранување, невозможно било Самуил да се осмели да тргне во поход кон Далмација. Тој немало да мож да ја брани својата територија додека бил отсутен од овие простори, а Василиј притискал од сите страни, поточно неговото присуство на балканското боиште било постојано регистрирано и тој бил во постојани контакти со Самуил. Но, ако се земе предвид политичката состојба во Византија по 986 година и бунтот на Варда Склир и Варда Фока, Василиј целосно бил преокупиран со задушување на овој бунт. Во врска со овој бунт се зачестените контакти на Василиј со киевска Русија и нивното покрстување во 988/989 година 16. Токму таквиот ангажман на Василиј на источното боиште одело во прилог на Самуил и тој можел безгрижно да војува на запад. Откако Василиј ги средил работите на исток, се свртел кон Западот и тогаш ги подобрил односите со Венеција, можеби склучил и сојуз со Србите за борба против Самуил, во врска со што може да се доведе и српското пратеништво кај Василиј во година. Не мора да се прифати гледиштето на Острогорски дека српското пратеништво било испратено пред да паднат српските земји под власта на Самуил 17. Тоа можело да биде испратено и потоа, со цел Византија да помогне Србите да се ослободат од Самуиловата власт, иако мора да напоменеме дека никаде не е наведена целта на тоа пратеништво и од кои српски земји било испратено. 15 Божилов И., - Гюзелев В., История на средновековна България, Литературата за покрстувањето на Русија види ја кај: Божилов И., - Гюзелев В., История на средновековна България, 320 и бел. 17 на стр Острогорски Г., Српско посланство цару Василију II,

116 ГЛАСНИК Александар Атанасовски Да се вратиме на текот на настаните во врска со самиот поход. Според поп Дукљанин, Владимир не сакал во војната да погине никој од неговите, покорно се повлекол и се искачил на планината Облик со сиот свој народ 18. Тогаш цар Самуил испратил еден дел од војската да го заземе Улцињ, а еден дел од војската оставил да ја опседнува планината, сакајќи со опсада да го принуди Владимир да му се предаде. Самуил видел дека не може со сила да го добие во свои раце Владимир, па се обидел тоа да го стори по дипломатски пат преку пратеници, за што поп Дукљанин вели: царот испрати гласници кај кралот Владимир, да се симне од планината заедно со сите што се со него. Но, кралот не прифати. Жупанот на истото место, сличен на предавникот Јуда, му прати на царот порака, зборувајќи: Господару, ако му е драго на твоето величество, јас ќе ти го предадам кралот. Царот му одговори: Ако успееш да го сториш тоа, знај дека ќе те направам богат и моќен 19. Малку поинаку овој настан е пренесен во преводот на Орбини каде што стои дека: Самуил, повикувајќи ги да се симнат од планината им ветил дека никому нема да му стори никакво зло. Еден од неговите жупани, тајно отишол кај Самуил и предложил да му го предаде кралот, доколку му вети голема награда. Самуил, се разбира му ветил mari e monti (мориња и планини). Жупанот потоа го наговорил Владимир дека треба да се предаде во рацете на Бугаринот и го убедил дека Самуил нема да му стори ништо лошо 20. Владимир, увидувајќи дека е безнадежно и натаму да ги поднесува невољите на опсадата, подлегнал на наговорот на жупанот, сметајќи дека тој самиот како добар пастир треба да се жртвува за своето стадо, за да ги поштеди своите луѓе од глад и меч, и му се предал на Самуил. Но, овој веднаш го испратил во прогонство, во пределите на Охридско во местото што се нарекува Преспа, каде што бил дворецот и седиштето на истиот цар 21. Од наведеното, јасно се гледа дека Самуил го испратил Владимир во Преспа, во својство на заложник. Откако пропаднале сите надежи за успешен отпор, Владимир му се предал на Самуил. Неговото повлекување на планината било само маневар за да добие на време и можеби да почека помош од Византија, која како протектор на тие земји веројатно имала и некои обврски да ги брани од евентуални напади. Но тогаш, како што пишува Јахја Антиохиски, Византија имала поважни грижи, а тоа било смирувањето на бунтот на Варда Фока, кој 987 година, по победата над Варда Склир, самиот се прогласил за цар 22. Во ваква ситуација, Дукља и останатите грчки области на запад не можеле да се надеваат на помош од Византија. Имајќи го тоа предвид, Владимир ја увидел безнадежноста на својата ситуација, се откажал од отпор и се предал во 18 Шишиħ Ф., Летопис попа Дукљанина. САН, књ. LXVII, Београд Загреб, 1928, 331,455, Басотова Љ., Летописот, Шишиħ Ф., Летопис попа..., 332; Басотова Љ., Летописот, Шишиħ Ф., Летопис попа..., ; Басотова Љ., Летописот, За овој бунт спореди: Острогорски Г., Историја Византије. Второ фототипно издање, Београд

117 Врските меѓу Македонија и Дукља во средниот век рацете на моќниот освојувач кој веднаш го испратил како заложник во својата престолнина Преспа. Орбини во својот латински превод малку поинаку ја пренесува оваа епизода, и според него Владимир пред да му се предаде на Самуил одржал говор пред своите и рекол: Сега Бугаринот ветува дека сака да ве пушти без повреда ако јас се симнам, а ако не го сторам тоа, се заканува дека сите ќе бидеме уништени од глад 23. Од ова може да се заклучи дека Владимир не оди доброволно во заложништво, жртвувајќи се за својот народ, туку тој е присилен на еден таков чекор поради заканите и упорноста на Самуил дека нема да си замине од тоа место, односно да ја крене опсадата од Облик, и дека со глад ќе ги принуди на предавање или ќе ги уништи. Веднаш потоа, откако го испратил Владимир за Преспа, Самуил ја претворил неговата земја во своја покраина со која управувал негов намесник. Во врска со тие настани поп Дукљанин вели: откако ги соедини војските (тие од под Улцињ и тие од под планината Облик) долго го напаѓаше Улцињ. Оттаму разгневен се крена и почна да ја руши, пали, ограбува цела Далмација. Градовите Котор и Дубровник ги запали,потоа ги опустоши селата и целата област до таа мера што се чинеше дека земјата останала без ниеден жител. Пустошејќи така, царот ги премина приморските и планинските области сè до Задар. Потоа преку Босна и Рашка се врати во своето место 24. По неуспешната опсада на градот Задар, Самуил преку Босна и Рашка се вратил во Преспа, каде што Владимир бил во затвор и окован и ги минувал ноќите во пост и молитви, и тогаш еден ден ќерката на цар Самуил по име Косара, поттикната и вдахновена од Светиот Дух, дојде кај татка си и побара од него да се симне со своите слугинки и да им ја измие главата и нозете на окованите и заробените. Тоа и беше допуштено од татко ѝ. Меѓутоа, здогледувајќи го Владимира, и гледајќи колку е убав на лик, покорен, кроток и скромен, полн со мудрост и божја разборитост, таа запре и позборува со него. И се стори нејзе зборот негов посладок од мед и саќе. Значи, не од страст, туку зашто се сожали на неговата младост и убавина и зашто слушна дека е крал и од кралска лоза, го засака, и откако го поздрави си замина. Потоа, сакајќи да го ослободи од оковите, дојде кај царот, му падна пред нозе и вака му рече: Мој татко и господару, знам дека намераваш да ме омажиш, како што е обичајот. А сега, ако е по волја на твоето величие, или дај ми го за маж кралот Владимир, кого што во окови го држиш, или знај, дека поскоро ќе умрам, одошто да земам друг маж. Слушајќи го ова царот, бидејќи многу ја љубеше својата ќерка, а и бидејќи знаеше дека Владимир е од кралско потекло, се израдува и се согласи да ѝ го исполни барањето. Веднаш испрати по Владимира да го избањаат и да го облечат во кралска облека и пред великаните на своето кралство му ја даде ќерка си за жена. Откако според кралскиот обичај ја прослави свадбата на својата ќерка, царот го постави Владимира за крал и му ја даде земјата и татковото кралство, како и целата земја на Драчаните. Потоа царот му испрати порака на Драгимир, чичкото 23 Шишиħ Ф., Летопис попа..., 333; Басотова Љ., Летописот, Шишиħ Ф., Летопис попа..., ; Басотова Љ., Летописот,193.Види и Антолјак С., Самуилова држава,

118 ГЛАСНИК Александар Атанасовски на кралот Владимир, да се симне и да ја преземе својата земја Травунија, да го собере народот и да ја насели земјата. Тоа така и се случи 25. Вака попот Дукљанин ја прикажува романтичната историја за љубовта и бракот на Владимир и Косара. Од друга страна, пак, Самуил, како умен и далекувид државник знаел дека е неопходно да ги зацврсти своите политички и стратешки позиции во новоосвоените земји на Западот. Тој чувствувал и знаел дека Византија нема да мирува и рамнодушно да ги прифати сите негови офанзивни акции и освојувања. Самиот факт што по освојувањето на Дукља тој не го ликвидирал Владимир, иако му бил во рацете, туку го довел во Преспа во своја близина, укажува дека тој имал одредени планови во врска со него. Љубовта на неговата миленичка Косара кон Владимир можеби било токму она што самиот тој го посакувал. Затоа тој се израдувал на нејзиното барање да се омажи за него, бидејќи тоа се поклопувало со неговите планови. Со создавањето на еден близок роднински сојуз, не само со Владимир, туку и со чичко му Драгимир, тој се обезбедил од Западот и ги ослободил своите потенцијали за евентуална дефанзива на исток, на која речиси со сигурност можел да се надева. Во тоа се состои и дипломатско-политичката причина што Самуил радосно ја одобрил женидбата на својата ќерка Косара со Владимир 26. Додека бил жив Самуил односите со Владимир останале пријателски, иако внесува мала забуна во таа констатација присуството на едно српско пратеништво во Цариград, за кое некои учени сметаат дека било испратено од Владимир, а други пак дека било од Рашка. Како и да е, попот Дукљанин, а и Скилица, не даваат податоци дека дошло до некакво нарушување на меѓусебните односи. По смртта на Самуил, 6 октомври 1014 година, на престолот го наследил неговиот син Гаврило Радомир. И тој останал во добри односи со својот зет Иван Владимир. Промени во односите на Самуиловата владетелска куќа со Владимир настанале за времето на последниот цар Иван Владислав, внук на Самуил. За тие настани опширни податоци ни дава попот Дукљанин. По опишувањето на убиството на Гаврило Радомир од страна на Јован Владислав, поп Дукљанин вели: Откако го примил царството (Владислав) испратил пратеници кај кралот Владимир за да дојде кај него. Штом го чула ова, кралицата Косара го задржувала велејќи: Господару мој, немој да одиш да не ти се случи и тебе, далеку било, како на брат ми. Пушти ме мене да одам, да видам и да слушнам како се однесува кралот. Ако сака да ме погуби, нека ме погуби! Само ти да не загинеш 27. Според овие вести, Владислав набрзо по стапувањето на престолот имал одредени планови кон дукљанскиот владетел. Го повикал кај себе, веројатно под 25 Mošin V., Ljetopis popa Dukljanina, 81; Шишиħ Ф., Летопис попа..., ; Басотова Љ., Летописот, Види и: Андреев Й., Любовните истории в българското средновековие.велико Търново, 1996, Поопширно види: Антолјак С., Самуилова држава, 384; Басотова Љ., Летописот, Mošin V., Ljetopis, 82; 82; Басотова Љ., Летописот, 209 ;Андреев Й., Люубовните истории

119 Врските меѓу Македонија и Дукља во средниот век изговор за договор. Но, Косара била претпазлива. Се понудила сама да појде и да ја испита ситуацијата. Со дозвола на својот маж Косара се упатила кај својот братучед. Била примена со почести, но сепак тоа било само привидно. Владислав не давал повод за сомневање и повторно инсистирал на доаѓањето на Владимир. Потоа, по втор пат му испратил на кралот пратеници, давајќи му златен крст и збор, велејќи: Зошто се двоумиш да дојдеш? Еве твојата сопруга ништо не претрпе кај мене, туку со почести е примена од мене и моите. Прими ја верата на крстот и дојди да те видам, па да се вратиш во твоето место со почести и дарови, заедно со твојата сопруга 28. Владимир се посомневал и во овие зборови на Владислав. Тој барал посигурна гаранција од златниот крст. Согласно на својата длабока религиозност, тој му порачал на Владислав дека Христос бил распнат на дрвен крст, а не на златен или сребрен. Затоа: ако е права твојата вера и ако се вистинити твоите зборови, преку рацете на духовни луѓе прати ми дрвен крст, а јас со верата и силата на нашиот Господ Исус Христос имајќи надеж во животворниот крст и скапоценото дрво ќе дојдам 29. Од ова јасно се гледа дека Владимир немал доверба во својот роднина и побарал сигурна гаранција, мислејќи дека црквата нема јавно да стане соучесник на еден злостор. Но, Владислав бил решен да ја спроведе својата замисла до крај. Тогаш беа повикани двајца епископи и еден испосник, па злобно мамејќи ги во својата искреност им даде дрвен крст и ги прати кај кралот. Овие кога пристигнаа го поздравија кралот и му ја предадоа гаранцијата и крстот 30. Од текстот може да се заклучи дека духовните лица не биле запознаени со вистинската намера на Владислав. Тој ги довел во заблуда и ги искористил како орудие за своите цели. Владимир верувајќи им на духовниците ја примил гаранцијата за верба и со мала придружба се упатил кон Преспа. По патот, според Дукљанин, со божја закрила ги избегнал сите заседи што Јован Владислав му ги поставил. Така, според поп Дукљанин, кралот дојде во дворецот на царот, во местото што се нарекува Преспа, и веднаш штом влезе, според својот обичај, почна да се моли на небесниот Бог. Кога царот разбрал дека пристигнал, силно се разгневил. Тој претпоставувал во своето срце дека овој ќе биде убиен на патот пред да дојде кај него, за да не се чини дека тој (Владислав) е соучесник во неговото убиство и дека се согласил со тоа. Дотолку повеќе што се беше заколнал и го предал во рацете на епископите и на испосникот крстот. Поради тоа тој му беше поставил заседи на патот. Но сега веќе виде дека е откриено неговото премногу гнасно дело, па седејќи на ручек, прати крвници да го заколат 31. Кога Владимир сетил дека е жртва на измама ги укорил свештените лица. Што сторивте? Зошто ме измамивте така? Тие од срам не смееле да го погледнат в очи. Тогаш тој се причестил и се предал во рацете на крвниците, 28 Mošin V., Ljetopis, 82; 82; Басотова Љ., Летописот, 209; Андреев Й. Люубовните истории Mošin V., Ljetopis, 82; Басотова Љ., Летописот, Mošin V., Ljetopis, 83; Басотова Љ., Летописот, Mošin V., Ljetopis, 83; Басотова Љ., Летописот,

120 ГЛАСНИК Александар Атанасовски па изјавувајќи дека умира без вина го предал крстот на епископите, излегол од црквата и веднаш бил убиен од војниците пред вратата на црквата 32. Заклан бил на 22 мај 1016 година 33. Според вестите на Дукљанин, Владимир бил погребан во истата црква пред чии што порти бил убиен. Епископите го подигнаа неговото тело и со химни и пофалби го погребаа во истата црква 34. Неговиот гроб, според Дукљанин, се претворил во место за поклонение, поради што Владислав се покајал и исплашил па затоа и дозволил на својата братучетка Косара: да го дигне неговото тело и достојно да го погреба каде што сака. Таа најпосле го однесе неговото тело и го префрли во местото што се нарекува Краини, каде што имало негов дворец, го погреба во црквата на Света Марија 35. По смртта на Владимир, неговиот чичко Драгимир собрал народ и војска за да ја земе земјата и кралството на своите татковци. Меѓутоа, при престојот во Котор, бил намамен на еден остров и убиен. По неговата смрт, во Летописот на поп Дукљанин се наоѓа уште еден податок за врските на Самуиловиот род со претставници од Дукља. По смртта на Драгимир, неговата сопруга родила дете-посмртче кое Дукљанин го нарекол Доброслав (Воислав). Кога детето израснало мајка му го испратила да се образува во Дубровник. Таму зел за жена прекрасна девојка, внука на Самуил, со која добил пет сина, чии имиња се: Гоислав, Михаил, Саганек, Радослав и Предислав 36. Од овие пет сина Михаил бил татко на уште една личност која одиграла значајна улога во нашата историја, Константин Бодин 37. Во 1072/73 година во Македонија избувнало востание организирано од скопските првенци на чело со Георги Војтех. Но, бидејќи Војтех немал царско потекло, востаниците за помош се обратиле до зетскиот владетел Михаил, а од друга страна сакале да добијат и меѓународна поддршка. Михаил им испратил 300 војници на чело со војсководачот Петрило. Со нив го испратил и својот син Константин Бодин. Востаниците го пречекале кај Приздијана (Призрен), по стариот македонски обичај го издигнале на штит и го прогласиле за цар 38. Во чест на водачот на претходното востание од 1040/41 му го промениле името во 32 Басотова Љ., Летописот, За смртта на Владимир спореди: Антолјак С., Самуилова држава, 553 и таму наведената литература. Види и: Андреев Й., Люубовните истории Mošin V., Ljetopis, 83; Басотова Љ., Летописот, Mošin V., Ljetopis, 84; Басотова Љ., Летописот, 213. Спореди и Антолјак С., Самуилова држава, 554 и бел Спореди и: Андреев Й., Люубовните истории. 17. Денес остатоци од црквата Св. Пречиста Краинска близу до Скадарското Езеро. 36 Mošin V., Ljetopis, 87; Басотова Љ., Летописот, За различните мислења околу имињата на синовите и која е внуката на Самуил види: Басотова Љ., Летописот, За востанието на Георги Војтех и прогласувањето на Бодин за цар види: Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава. Том 1. Скопје 1981, Спореди и: Антолјак С., Учеството и улогата на Србите, Хрватите и Унгарците во востанието на Георги Војтех (1072 г.).- Средновековна Македонија. Т. 1, Скопје 1985,

121 Врските меѓу Македонија и Дукља во средниот век Петар. За да биде прогласен Бодин за цар влијаела неговата крвна поврзаност со родот на Самуил. По средбата кај Призрен, востаничката војска се поделила. Бодин со дел од војската се упатил кон Ниш, а Петрило со дел од војската се упатил на југ кон Охрид и Костур. Но, кај Костур бил поразен и со остатокот од војската се вратил во Зета. Византија успеала да го заземе Скопје. Георги Војтех му испратил писмо на Бодин да го запознае со новонастанатата состојба и му предложил план како повторно да го ослободат Скопје. Но, Византијците дознале за планот и ја пресретнале востаничката војска кај местото Таонион (Паун) на Косово, и ја поразиле. Војтех и Бодин биле заробени и одведени за Цариград. По патот од тешките мачења умрел Георги Војтех, додека Бодин бил испратен во затвор во Антиохија 39. Оттаму, венецијански трговци успеале да го ослободат и да го вратат во својата татковина, каде набргу го наследил татка си на престолот. Во 90-тите години на векот тој навлегол во пределите на Охридско и предизвикал раздвижување на населението од тој крај. Но, тоа раздвижување не прераснало во востание и Византија успеала да ја смири ситуацијата 40. Во наредните векови контактите меѓу Македонија и Зета се одвивале главно на трговска база. До нови политички врски дошло во втората половина на XIV век, по смртта на цар Душан, кога во Македонија се осамостоил кралот Димитри Волкашин, чија што ќерка Оливера била омажена за зетскиот владетел Ѓураќ Балшиќ 41. Овој брак придонел за зајакнување на меѓусебните односи, и во 1370/71 година Волкашин и син му Марко ги среќаваме кај Скадар, на пат да му помогнат на својот зет во борбата со Никола Алтомановиќ 42. Но, опасноста од Османлиите го натерала Волкашин да го напушти тоа боиште и заедно со брата си Углеша да замине во поход против Османлиите. Во решавачката битка на реката Марица на 26 септември 1371 година загинале и двајцата 43. Нив ги наследил кралот Марко, кој што не успеал да ги задржи сите наследени територии, и во негово време дошло до нарушување на односите со зетските владетели, но сепак еден од неговите браќа, Иваниш, го среќаваме како се бори на страната на Балша II Балшиќ против Османлиите во битката на Саурското поле 1386 година, каде што загинал 44 заедно со својот роднина. 39 Документи, 1., 107; Панов Б., Востанијата на македонскиот народ во XI век. Средновековна Македонија. Т.3. Скопје 1985, Панов Б., Средновековна Македонија. Том 2. Скопје Атанасовски А., Македонија во XIV век. Тетово Атанасовски А., Македонија во XIV век Истото, Истото,

122

123 ГЛАСНИК ISSN СТАТИИ УДК (497.7:= ) 1700/1912 ДАНОЧНИТЕ ОБВРСКИ И ЗАДОЛЖЕНИЈА НА ЕВРЕИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ( ) Владимир Јанев Научен соработник во Институтот за национална историја Скопје Abstract Although they were not reaya, the Jews were still not exempt from the payment of various taxes. The main tax they paid was the jizyah, or harach (head tax). Exemption from this tax was granted to the Chief Rabbi (Hakham Bashi), community clergy (hazan), religious teachers (hakham), community administrators (millet chaushu), and to those persons enjoying privileges granted by the sultan s directive (berat). The collection of this and other taxes was conducted through the religious community, which would swear on the Tanach that it would conscientiously and promptly collect the taxes and remit them to the state treasury. Very often the rich members of the Jewish municipality paid the taxes on the behalf of the poor Jews. Keywords: Macedonia, Ottoman Empire, Jews, tax obligations, jizyah. Бидејќи македонските Евреи се населувале главно во градовите, тие речиси и не биле вклучени во тимарско-спахискиот систем. Затоа многу мал број Евреи се споменуваат како земјоделци наречени раја, т.е. како селани кои биле приврзани за земјата и за спахијата. 1 Напротив, еврејското население во Македонија главно било бераја, т.е. лица кои не биле врзани за земјата и за спахијата, туку имале слобода на движење, што како трговци им било неопходно. 2 Како основен данок Евреите го плаќале џизието или харачот. Овој данок на глава ( главарина ) бил собиран само од возрасните кои не биле муслимани. Во разни временски периоди висината на џизието била различна. На 7 мај 1855 година, Високата Порта џизието го заменила со друг сличен данок, познат под друго име, бедели аскерие, но џизието дефинитивно било укинато во 1909 година. 3 1 Александар Матковски, Историја на Евреите во Македонија, Скопје, 1983, Истото, Елена Грозданова, Извори за имуществената диференциация сред градското и селското население на Балканите в края на XVII и през XVIII век, Известия на държавните архиви, кн. 25, София, 1973,

124 ГЛАСНИК Владимир Јанев Од џизието биле ослободени главните рабини (хахам-башии), општинските свештеници (хазани), верските учители (хахами), сунетчиите (шохети), застапниците на рабинските интереси (хахам-чаушите), општинските управници (милет-чаушите), како и сите оние лица кои се здобиле со привилегии добиени со султански ферман. 4 Собирањето на џизието од Евреите во Битола се спроведувало преку еврејските општински управници, кои се заколнувале врз светите книги (Стариот завет од Библијата) дека совесно ја извршиле својата должност, а потоа ги внесувале собраните пари од своите сонародници во државната каса. Честопати богатите членови на еврејската општина од своја страна ги плаќале даноците што бедните Евреи не биле во можност да ги платат. 5 Така, на пример, во еден извештај издаден од страна на османлиските даночни служби, регистриран на 20 април 1700 година, се наведуваат податоци за собраното џизие од Евреите и христијаните во градовите: Лерин и Битола, како и нивната околина. 6 Една година подоцна, во друга службена белешка (тескере) од 9 април 1701 година, биле запишани обврските и висината на износите на плаќањето на џизието на христијаните и Евреите, собрано од собирачот на даноци Ибрахим, кој се однесувал за градовите Скопје и Ќустендил и нивната околина. 7 Исто така, интересно е да се наведе дека во текот на 1706 година, од џизието на Евреите се плаќале издршките на спахиите, силахдарите, јаничарите, џебеџиите, топџиите и топџиарабаџиите, 8 додека пак во друг пописен дефтер од 19 јули 1708 година, кој се однесувал на данокот џизие, регистрирани се имињата на лицата што ги извршиле своите обврски, односно наведен е мутесарифот кој го собирал џизието од Евреите и христијаните кои живееле во казите на градовите Драма и Скопје. 9 На наведените примери се надоврзуваат и два идентични дефтери, но сепак според својата содржина различни. Во првиот, од 7 октомври 1717 година се наведуваат податоци за предадениот износ на данокот џизие и воопшто годишните обврски на Евреите и христијаните од следните градови: Елбасан, Авлона, Делвине, Тепеделен, Горица, Софија, Скопје, Солун, Сер, Костур, Серфиџе и останати градови. 10 Во содржината на вториот идентичен хронолошки документ, покрај другото се наведуваат регистрирани имиња во врска со подмирувањето на данокот џизие, од страна на Евреи и христијани од разни категории на плаќачи на данок, 4 Ѓорѓи Димовски Цолев, Битолските Евреи, Битола, 1993, Саулъ Мезанъ, "Еврейството въ Македония", Македонски прегледъ, год. VI, кн. 1, София, 1930, Başbakanlık Arşivi İstanbul (во понатамошниот дел од текстот BAİ), Fond Ali Emiri Tasnifi II. Mustafa, D. No. 47, G. No Истото, No.53, G.No Државен архив на Република Македонија (во понатамошниот дел од текстот ДАРМ), Скопје, Фонд: Битолски сиџил, бр. 31, лист BAİ, Fond Maliyeden Müdevver Defterler Tasnifi, G. No Истото, G.No

125 Даночните обврски и задолженија на Евреите во Македонија и тоа во градовите: Истанбул, Одрин, Гелеболу, Ѓумурџина, Ахјолу, Пловдив, Софија, Сер, Солун, Скопје и други градови на територијата на Македонија и во рамките на Османлиската Империја. 11 Во продолжение, можно е да се заклучи следната констатација: дека во текот на 1721 година, од групацијата на сиромашните османлиски поданици, врз основа на целокупната османлиска даночна политика, во пракса гледано, се земало по 6 пари, од средната категорија по 9 пари, а од највисоката категорија, односно богатите по 12 пари, кои покрај другото биле регулирани за подмирувањето на обврските кон државата и платата на собирачот (џизиедарот) задолжен за регулирањето на данокот џизие. 12 Покрај наведениот аналитички преглед на наведените историски примери и настани, можно е да се заклучи дека во текот на втората половина од XVIII век, како и понатаму, соодветно на развојот на социјално-економските прилики во Македонија, како составен дел на Османлиската Империја, даночниот систем, во основа гледано, останал непроменет. Наведените констатации се потврдуваат од следните примери, и тоа: во текот на година, од страна на централните османлиски даночни власти, на џизиедарот Мустафа-ага му биле доставени формуларите за регулирањето на данокот џизие за самите еврејски жители во рамките на Карифериското (Берското) кадиство, односно за претходно наведената година, кои османлиски даночни документи претходно биле административно регулирани и официјално потврдени пред форумот на Берскиот шеријатски меџлис. 13 Во врска со развојот на натамошните даночни обврски на еврејското население во Македонија неопходно е да се наведат уште неколку карактеристични примери. Во продолжение, посебно во текот на втората половина од XVIII век, се среќаваат бројни османлиски документи, соодветно на конкретните историски и социјално-економски услови и прилики во Македонија. Според хронолошкиот ред на настаните, ќе се задржиме на следните примери: во првиот даночен дефтер од 24 јануари 1773 година се наведуваат податоци за давањето на џизие од страна на христијани и Евреи од градот Скопје и неговата околина, во врска со транспортот на брашно и арпа ( ʼрж и јачмен); 14 следува дефтер за џизие од 26 јуни 1778 година, за Евреи и христијани кои живееле по разни кази, градови и ливи: Превади, Варна, Ајдос, Јанболу, Самоков, Ќустендил, Радомир, Кутахија, Конија, Аксарај, Нијде, Харпут, Мардин, Болу, Кастамону, Кенгери и Ерзерум, како и градот Скопје од Македонија, што е посебно карактеристично, каде се наведени три видови категории плаќачи на данок, односно најниска, средна и највисока. 15 Понатаму следува еден сумарен дефтер од 10 ноември 1779 година, кој се однесувал на доставени приходи на Османлиската Империја, и тоа џизието собрано од 11 Истото,G.No ДАРМ, Фонд: Битолски сиџил, 39 (лист 69/70 IV). 13 ДАРМ, Фонд: Берски сиџил, лист 96/6. 14 BAİ, Fond Ali Emiri Tasnifi III Mustafa, D. No. 203, G. No BAİ, Fond Maliyeden Müdevver Defterler Tasnifi, G. No

126 ГЛАСНИК Владимир Јанев Евреите и христијанските поданици од градот Битола и непосредната околина. 16 Кон наведените состојби се однесува и друг дефтер од 17 септември 1784 година, каде се регистрирани приходите на државата од џизието на имотот од Евреите и христијаните од градовите Димотика, Софија и Битола. 17 Понатаму следуваат повеќе даночни дефтери од година за џизието собирано од Евреите и христијаните од Одрин, Димотика, Пинар Хисар, Ѓумулџина, Гелиболу, Аласоња, Пловдив, Свиштов, Софија, Искендерие, Босна, Трново, Нови Пазар, Нијболу, Вучитрн, Русчук, како и градовите од Македонија, односно Костур, Сер, Битола и останати градови. 18 На наведениот податок се надоврзува и дефтерот за џизието од 1794 година кој ги покажува давачките на христијани и Евреи од градовите Силистра, Скопје и Софијa, 19 односно според друг извор, кој се однесува на градот Скопје од истата година преку службеното лице Хусеин-ага отпочнало делењето на формуларите за џизие. 20 При разгледувањето на данокот џизие кој го давале сите кои не биле муслимани, а со тоа и Евреите, неопходно е да се нагласи дека наведениот данок бил еден од главните државни приходи кој се трошел главно за воените потреби, и секоја промена во висината на џизието произлегувала од потребите на тогашната финансиска состојба во државата. 21 Така, на пример, во еден финансиски дефтер од 1 мај 1805 година, кој се однесувал на регулирањето на платите од разни службени лица, во Скопје и Солун, како и во останатите градови во Османлиската Империја, покрај другото наведени биле и податоци за земеното џизие од Евреи и Ерменци, како и за земените даноци од тутун, соларници, царина од скелиња, данок на овци итн. 22 Во други документи од втората половина на 1819 година, исто така се среќаваат податоци од приложено џизие на христијани и Евреи од Солун и околината, 23 при што во една судска одлука се наведува забрана и промена на собирањето на џизието во последно време, како и останати документи во врска со собирањето на наведениот данок од Евреите во Солун, кои биле поделени на три групи според категориите на плаќање. 24 Собирањето на разгледаниот данок се извршувало врз основа на формулирани џизие регистри кои биле мошне исправни и со голема одговорност водени и исполнувани пред даночните закони и шеријатски судови на Османлиската Империја. Во текот на првата половина од XIX век, исто така, можно е да се наведат дефтери во врска со собирањето на данокот џизие во разни износи на основната османлиска монета акчиња. Според еден дефтер 16 BAİ, Fond Cevdet Maliye, D. No. 499, G. No BAİ, Fond Başmuhasebe Kalemi ne Bağlı Birimlere Ait Defterler, G. No Истото,G.No BAİ, Fond Cizye Muhasebesi Kalemi Defterleri, G. No Музеј на град Скопје, Фонд Скопски сиџил, лист 77/3. 21 Hamid Hadžibegić, "Džizja ili harač", Prilozi za orijentalnu filologiju i istoriju jugoslovenskih naroda pod turskom vladavinom, III IV, Sarajevo, , BAİ, Fond Maliyeden Müdevver Defterler Tasnifi, G. No BAİ, Fond Cevdet Maliye, D. No. 443, G. No Истото,G.No

127 Даночните обврски и задолженија на Евреите во Македонија од година, наведени се податоци на овој вид на собирани давачки од Евреите во следните градови: Битола, Лерин, Прилеп, Софија, Беркофча, Шехиркој, Демир Хисар, Ениџе Вардар, Солун, Драма и Бер. 25 Потоа следуваат уште неколку дефтери за собирањето на џизие, од кои првиот се однесува на година, наменет за Евреите, Ромите и странските државјани дојдени од европските држави, кои живееле во Солунскиот ејалет, поточно во санџакот Трикала, односно во казите Јенишехир и Фенер. 26 Следниот дефтер бил регистриран во периодот од 30 декември 1845 година и во текот на јануари 1846 година, каде се наведени собраните приходи на џизие од страна на битолскиот кадија Мола Абдул Рахман. Тие биле собрани од Евреите и христијаните кои живееле во градот Битола и околината, со посредство на кавазбашијата Мехмедага. 27 Останатите неколку дефтери се однесуваат на Скопската каза за периодот од година, главно за собирањето на џизието од Евреите, Ромите и христијаните. 28 Во текот на наведените години биле регистрирани еврејски тајфи на плаќачи на данок кои се дадени по категории, односно во Скопската каза во најниската категорија имало 67 лица кои плаќале по 15 акчиња, потоа во средната имало 19 лица кои плаќале по 30 акчиња, и на крајот во високата имало вкупно 5 лица со задолжение да плаќаат по 60 акчиња. 29 На претходните социјално-економски состојби во врска со џизието се среќаваат уште неколку интересни показатели, односно џизие дефтери, од кои првите два се однесуваат на давачките од страна на Евреите во рамките на Скопскиот санџак во текот на година, 30 како и една административна процедура во врска со остатокот на износот од данокот џизие, земен од Евреите и христијаните на 26 ноември 1859 година, односно за дадените трошоци по смртта на Осман-ага, кој ја вршел функцијата на кетхуда на градот Солун. 31 По донесувањето на бератот од 12 декември 1696 година, 32 со кој било утврдено џизието да се плаќа според имотната состојба, немуслиманското население, вклучувајќи ги и Евреите, гледале да го избегнат валидното плаќање на џизието на тој начин што богатите се броеле во средните, средноимотните се броеле во сиромашните, а бедните се криеле за да го избегнат запишувањето во листите за данок BAİ, Fond Cizye Muhasebesi Kalemi Defterleri, G. No BAİ, Fond Maliye Nezareti Ciziye Defterleri, G. No BAİ, Fond Maliyeden Müdevver Defterler Tasnifi, G. No BAİ, Fond Maliye Nezareti Ciziye Defterleri, G. No. 784; Fond Maliye Nezareti Ciziye Defterleri, G. No BAİ, Fond Maliye Nezareti Ciziye Defterleri, G. No. 447, s , BAİ, Fond Maliye Nezareti Ciziye Defterleri, G. No. 1076; Fond Cerîde Odası Defterleri, G. No BAİ, Fond Sadâret Mektubî Kalemi Deâvî Yazışmalarına Ait Belgeler, D. No. 147, G. No ДАРМ, Фонд Битолски сиџил, 29 (лист 16/I). 33 Истото, 41 (лист 35/ IV). 127

128 ГЛАСНИК Владимир Јанев Во 1728 година се плаќало во три групи, и тоа бедните плаќале по еден, средните по два, а богатите по четири златни ешрефи. Се собирало од сите, освен од крајно бедните, од старците, од еврејското свештенство и од сите оние кои биле неспособни за работа. 34 Од 1709 до 1736 година од богатите се земало 4 златници или 10 гроша, од средните 2 златника или 5 гроша, и од бедните 1 златник или 2,5 гроша. 35 Отпорот на Евреите против џизието се изразувал на разни начини, и тоа било против собирачите на данокот, било против висината на истиот, или против начинот на собирањето. 36 Со цел да го избегнат плаќањето на џизието, некои Евреи го напуштале местото на живеење и бегале во други градови. Постојат податоци за доаѓање на Евреи во Битола поради неплаќање на џизие. Така, за време на пописот неколкумина Евреи од Костур се засолниле во Битола за да го избегнат плаќањето на џизието, меѓутоа власта ги открила и ги вратила назад. 37 Друг вид на избегнување да се плати џизието било неговото одложување. 38 Од еден ферман, од мај 1708 година, дознаваме дека Евреите од Солун и Битола одолжувале и не го плаќале џизието. 39 И во 1709 година истото се повторило. 40 Тогаш со султански ферман им се заканиле: Оној што не плаќа и одложува ќе биде казнет долго време да биде веслач на царската морнарица. 41 Во 1731 година, Евреите од Битола се жалеле до султанот дека иако редовно го плаќале џизието, џизиедарите, војводите и кадиите им барале волна, килими и други работи, и поради тоа некои Евреи избегале од градот. И други четворица Евреи од Костур за да го избегнат плаќањето на џизието избегале во Битола, но биле пронајдени и вратени во Костур. 42 Во врска со натамошното разгледување на данокот џизие, кој го давале Евреите,Ромите и христијаните, интересно е да се наведат уште некои карактеристични примери од првата деценија на XX век, кои се непосредно поврзани со истиот данок додаден врз приходите на Евреите во градот Скопје. На пример, Мушун, син на Хаим Натан, на 15 февруари 1902 година доставил жалба до беледието на градот Скопје, во која се жалел на висината на џизието кое требало да го плати во износ од 75 гроша. Тој барал сумата да биде намалена. 43 Исто така, била поднесена жалба од страна на Аврам, син на Хаим од Скопје, кој се жалел на годишната давачка од 200 гроша и барал истата да 34 Истото, 41 (лист 30). 35 Истото, 41 (лист 52). 36 Александар Матковски, Историја на Евреите..., ДАРМ, Фонд: Битолски Сиџил, 51 (лист 41/II). 38 Ѓорѓи Димовски -Цолев, Битолските Евреи, ДАРМ, Фонд: Битолски Сиџил, 33 (лист 10/IV). 40 Истото, 33 (лист 30/ III) ;33 (лист 45/I ) 41 Александар Матковски, Историја на Евреите..., ДАРМ, Фонд: Битолски Сиџил, 43 (лист 95/IV). 43 ДАРМ, Фонд: Деловен протокол од Скопската турска општина за ( година), бр. I., кн. 5, док. 1, стр

129 Даночните обврски и задолженија на Евреите во Македонија биде намалена. 44 На 19 февруари 1902 година, на сличен начин биле поднесени жалби уште од неколку Евреи. Првата била поднесена од страна на Јосиф, син на Руима од Скопје, кој се жалел на големиот приход што му бил одреден за давање кој изнесувал 250 гроша; 45 во вториот случај се жалел Аврам, син на Менахим од Скопје, за одредениот годишен приход од 60 гроша ; 46 третиот и последен случај се однесува на жалбата доставена до беледието на градот Скопје од страна на Евреинот Несити, син на Мишун, кој се жалел на сумата одредена за давачка кон државата, бидејќи минатата година му била намалена од 200 на 150 гроша, односно барал да биде повторена истата пресметка. 47 Во продолжение следуваат уште неколку жалби од наведената 1902 година. Во првата жалба од 26 февруари 1902 година, од своја страна се жалел Аврам Безулчи на разрешениот годишен приход од 200 гроша, кој барал да му се намали сумата за да биде во можност да се раздолжи, т. е. да го исплати својот данок. 48 Следниот пример се однесува на жалбата од 13 мај 1902 година, доставена од страна на Аврам Исак Сапурта, кој се жалел на давачката во износ од 100 гроша, поради што истата му била намалена на 50 гроша. 49 Во третиот случај од 23 октомври 1902 година, од страна на претходно наведениот Аврам Исак Сапурта било поднесено барање до беледието на градот Скопје, кој се сложил со одредената давачка, односно барал да остане истата сума. 50 На крајот, за наредните години можат да се наведат следните примери: поднесената молба на 6 февруари 1903 година, од страна на Ментеш, син на Мишун од Скопје, кој се жалел на големината на годишната давачка од 125 гроша и барал истата да му се намали. Неговата молба била прифатена, со решение за намалување од 40 гроша, кои требало да ги плати во идната година. 51 Понатаму следуваат барањата на Мунтешин, син на Мушун од Скопје, од 10 јануари 1904 година, кој исто така се жалел на годишната давачка и барал истата да му се намали 52, и барањето од 28 февруари 1904 година, од страна на Хаја, син на Хаим од Скопје, доставено до кајмакамот на наведениот град, кој се жалел на проценетата вредност на дуќанот од гроша, барајќи да се намали цената на дуќанот Истото, кн. 5, док. 5, стр Истото, кн. 5, док. 3, стр Истото, кн. 5, док. 5, стр Истото, кн. 5, док. 4, стр Истото, кн. 5, док. 4, стр Истото, кн. 4, док. 9, стр Истото, кн. 5, док. 4, стр ДАРМ, Фонд: Деловен протокол од Скопската турска општина за ( година), бр. IV., кн. 4, док. 5, стр ДАРМ, Фонд: Деловен протокол од Скопската турска општина за ( година), бр. I., кн. 5, док. 6, стр Истото, кн. 5, док. 5, стр

130 ГЛАСНИК Владимир Јанев Имало случаи данокот џизие да биде даван под закуп на поединци, со што се репресирале оданочените лица. 54 Од друга страна, бројните жалби и судски расправи го одложувале собирањето на џизието, поради што султанот Мустафа III донел ферман од 16 април 1765 година, во кој меѓу другото стои:... Чести биле случаите да се клевети џизиедарот од страна на рајата дека наплатувал повеќе при собирањето на оваа давачка. Кога за секого би била одржувана судска расправа, во месноста никогаш џизие не би се собрало. Затоа џизиедарот Исмаил се обратил до Високата Порта откако била издадена наредбата секој од зимиското население да го исплати на собирачот одреденото џизие, додека пак во случај тој да имал повеќе наплатено ќе била одржана расправа по собирањето пред царскиот диван. 55 Под такви услови било собирано џизието од Евреите во Битола сé до неговото укинување, повремено зголемувајќи ја сумата за плаќање, и тоа во 1803 година со 10 пари од бедните, 20 пари од средните и 40 пари од богатите 56. Додека пак со берат од 6 февруари 1897 година, султанот Селим III му наредил на битолскиот војвода на кој начин да се собира данокот за да не би можел никој да го избегне неговото плаќање. Препораката се состоела во тоа што се давало извесно олеснување со плаќање на четири рати. 57 Со преименувањето на џизието во данок наречен бедели аскерие, битолските Евреи редовно биле задолжени да го плаќаат. Во 1803 година од битолските христијани и Евреи се барало 2730 гроша, 58 во 1804 година гроша, 59 во 1809 година гроша, 60 во 1810 година гроша 61 итн. Според дефтерот за приходите на Евреите во Скопје од 1844 година, 62 регистрирани се следниве податоци: 62 домаќинства, меѓу кои се наведуваат двајца рабини, 25 сергиџии, 8 ситничари (продавачи на ситни предмети), 5 билкари, 3 трговци, 4 касапи, 3 сарафи, 1 писар, 1 кибритчија, 1 дрвосечач и 1 копчар. 63 Вкупниот пресметан данок за скопските Евреи во 1844 година изнесувал 1365 гроша ДАРМ Фонд: Битолски сиџил, 53 (лист 67а I ). 55 Истото, 57 (лист 23/2). 56 Истото, 80 (лист 63/I ). 57 Турски документи за историјата на македонскиот народ, серија прва, том II (под редакција на Ванчо Бошков), Скопје, 1966, стр Истото, стр Истото, стр Турски документи за историјата на македонскиот народ, серија прва, том III (под редакција на Методија Соколоски), Скопје, 1969, стр Истото, стр Оригиналот на овој дефтер се чува во Османлискиот архив во Истанбул, Република Турција, во фондот Maliye nezareti temettüat под број Турски документи за историјата на Македонија, пописи од XIX век, книга III (превод, редакција и коментар Драги Ѓорѓиев), Скопје, 1998, ; Македонските Евреи во османлиските пописи од XVI и од XIX век (Битола, Скопје, Штип, Струмица и Кратово), Вовед, превод и коментари д-р Драги Ѓорѓиев, Скопје, 2014, Истото,

131 Даночните обврски и задолженија на Евреите во Македонија Според дефтерот за џизието на Евреите од Скопската каза 65 од 1848/1849 година, регистрирани се следниве податоци: 75 куќи, меѓу кои се наведуваат двајца рабини, 5 сарафи, 19 ситничари, 19 сергиџии, 66 6 касапи, 3 лимари, 1 терзија, 1 надничар, 1 учител и 1 застапник на рабинот. 67 Покрај наведените податоци, се среќаваат и показатели за Евреи кои не се определени според својата професија, како на пример слуги, поданици итн. Интересно е да се наведе, покрај другото, и податокот кој се однесува на социјално-економската состојба на еврејското население во Скопје во врска со дефинирањето на класната диференцијација при давањето на данокот џизие, за кои се среќаваат три видови на даночни обврзници, и тоа: од највисоката категорија 3, од срената 15 и од најниската Освен овие податоци, во дефтерот се споменуваат и Евреи дојденци во Скопската каза, и тоа: од највисоката категорија 1 (трговец на големо, дојден од Солун), од средната 1, и од најниската Во почетокот на XVIII век, Евреите го плаќале данокот испенџе од 125 акчиња. 70 Во времето на Танзиматот, данокот испенџе бил укинат. 71 Покрај џизието, Евреите плаќале и многу други даноци, како што биле: орду акчеси за издршка на војската; ресми кисмет за наследствата; чаир акчеси за издршка на султанските пасишта; каза акчеси околиски данок; касаб акчеси такса на месото; раб акчеси такса во полза на верската еврејска општина; џелб акчеси такса за султанските стада; бедел харџи или баш харџи за ослободување од воена служба; бедели есари данок за робовите кои ги имале; данок за царските курири; данок за купување скапи кожи за султанот. Освен наброените даноци, Евреите биле должни да вршат седум вида ангарија: тврдинска (хисар јапмаси) истахкиан табија; за косење на ливадите и израмнување на нерамните места (јамаџ ве чаирчимбек); државна обврска (бедел ишлемек); за дворска и судска стража (сарај ве мишкеме беклемек); полициска такса (коллаук); за издржување на новопримените војници (евијаме хич ве аџами оглани). 72 Кога румелискиот беглербег или други високи државни личности ја посетувале Битола, Евреите за неговата издршка и за неговите придружници 65 Оригиналот на овој дефтер се чува во Османлискиот архив во Истанбул, Република Турција, во фондот Maliye nezareti ceride, број Сергиџии биле продавачи кои на тезги (сергии) вршеле продавање на разни ситни стоки. 67 Турски документи за историјата на Македонија, пописи од XIX век, книга III; Македонските Евреи во османлиските пописи од XVI и од XIX век (Битола, Скопје, Штип, Струмица и Кратово), Вовед, превод и коментари д-р Драги Ѓорѓиев, Скопје, 2014, Истото, Истото, Александар Матковски, Отпорот во Македонија, том 1, Скопје, 1983, За испенџето поопширно види во: Mehmet Zeki Pakalin, Osmanli tarih deyimleri ve terimleri sözlügü, II, Саулъ Мезанъ, Еврейството въ Македония, кн. 1,

132 ГЛАСНИК Владимир Јанев плаќале по 19 гроша и 5 акчиња од секоја куќа. Така, во 1714 година еврејската заедница во Битола за бедели сурсат платила акчиња; 73 во 1715 година за имдади сеферие, Евреите од Битола платиле 3072 гроша на хане; 74 во 1724 година по 20 гроша на хане за кафтан беха; 75 во 1724 година пак за имдади сеферие 3880 на хане. 76 Османлиската власт, за да ги осигура патиштата од разбојници или од да ја вршат таа задача. Меѓутоа, нивното плаќање паѓало врз товар на населението од соодветната околија. 77 Со такви давачки биле задолжени редовно и битолските Евреи: во 1709 година за шест месеци за Евреите било одредено 600 акчиња; 78 во 1710 година биле опфатени 200 Евреи по 33 акчиња, односно 6600 акчиња; 79 во 1713 година се предвидувало од Евреите да се соберат 180 гроша; 80 во 1715 година од Евреите се земале 3600 акчиња; 81 во 1716 година 1800 акчиња; 82 во 1717 година 2500 акчиња; 83 во 1718 година исто 2500 акчиња; 84 во 1720 година 5000 акчиња; 85 во 1721 година 2500 акчиња; 86 во 1723 година 3000 кчиња; 87 во 1731 година 35 гроша; 88 во 1803 година заедно со христијаните и трите околни села 8998 гроша; 89 во 1804 година на Евреите, христијаните и трите села за 6 месеци 1917 гроша 90 итн. Често се случувало законските прописи да бидат изигрувани од оние лица што ги собирале даноците, па оттука битолските Евреи поднесувале многу жалби до врховната власт, која пак од своја страна редовно се заложувала за 73 ДАРМ, Фонд: Битолски сиџил, 36 (лист 26). 74 Истото, 37 (лист 26). 75 Истото, 40 (лист 47-48). 76 Истото, 40 (лист 23-24). 77 Ѓорѓи Димовски -Цолев, Битолските Евреи, Турски извори за ајдутството и арамиството во Македонија ( ), том III (превод, редакција и коментар Александар Матковски), Скопје, 1973, стр. 46, док. бр Истото, стр.63, 68, док. бр Истото, стр.100, 105, док. бр Истото, стр , док. бр Истото, стр , док. бр Истото, стр.135, док. бр Истото, стр , док. бр Истото, стр.156, док. бр Истото, стр , док. бр Истото, стр.181, док. бр Турски извори за ајдутството и арамиството во Македонија ( ), том IV (превод, редакција и коментар Александар Матковски), Скопје, 1979, стр. 29, док. бр Турски документи... I/1, стр Турски документи... I/2, стр

133 Даночните обврски и задолженија на Евреите во Македонија доследно спроведување на законските акти, 91 нагласувајќи да не се зема од Евреите ништо повеќе од пропишаното. Во таа смисла е интересен османлискиот став кон молбата на битолските Евреи да бидат ослободени од плаќање на заостанатите даноци поради нивната немоќ тоа да го сторат. 92 По повод таа молба, заменикот на румелискиот валија Хасан му го напишал на 6 јули 1836 година на касиерот Хусеин-ага во Битола следното: До благородниот Хусеинага, касиер. Уште од времето на бившиот румелиски валија... по дефтерите за разрезување... на даноците, на делот на Евреите што се населени во градот, беа задолжени со 5826 гроша, која сума остана неплатена. И минатата година, поради пожарот што се случи... Евреите, споредено со останатото население, претрпеа многу поголеми штети. И инаку тие немаат никакви богатства, па молеа за милост. На нивна молба поради сожалување кон сиромасите, им се простија неплатените суми со налог да се внесе во дефтерот... но до денес, како што сме известени, работата не е ликвидирана, па молат (Евреите) за милост, како и порано, да им се простат заостанатите неплатени суми. Поради тоа, со оглед дека е општопозната состојбата, оти Евреите се материјално слаби и заслужуваат милост, и бидејќи е јасно дека не ќе можат да ги платат заостанатите неплатени суми, по наредба на нашиот добротвор, се проштеваат споменатите неплатени суми, а со согласност на судот и на сите, да се внесат во распределителниот дефтер на казата и отсега натаму да не им се додева со вакви работи. Да работиш и да постапуваш по изложеното. 93 По простувањето на царските даноци, битолските Евреи, по извесно време, истата 1836 година се обратиле преку еврејскиот главен рабин во Истанбул, со молба до султанот во која го молат нивните долгови, во износ од околу гроша, кои им ги должеле на разни заемодавачи т.е. кредитори, да им дозволи да ги плаќаат на рати во период од пет години, без лихва, бидејќи тие, како што навеле во молбата, не биле во состојба да ги вратат веднаш. И оваа молба на битолските сиромашни Евреи била прифатена, па по тој повод уследил ферман на султанот Махмуд II упатен до битолскиот наиб, во кој му наредил:... Според тоа, ти, споменатиот наиб, кога ќе разбереш дека е нужно по мојот свет указ споменатата сума од долговите на споменатите Евреи, како што е напред изложено, да се исплатат во рати за пет години, да се определат ратите и да се платат на кредиторите, и дека не е допуштено кредиторите да бараат да им се плати веднаш и да додеваат со заканување со затворање, да побрзаш да работиш по изложеното и да се чуваш и оддалечуваш од спротивното Од посебна важност е да се наведат и давачките и долговите на Евреите во врска со нивната стопанска дејност. Во еден дефтер од 10 октомври 1839 година до 5 јануари 1840 година, кој се однесувал на таксите земани од царината во градот Солун, во врска со Евреите, биле регистрирани следните податоци: од 91 ДАРМ, Фонд: Битолски сиџил, 71 (лист 12/3). 92 Ѓорѓи Димовски - Цолев, Битолските Евреи, Турски документи за македонската историја ( ), том V (превод, редакција и коментар Панта Џамбазовски), Скопје, 1958, стр. 93, док. бр. 87 од 1836 год. 94 Истото, стр.86-87, од 1836 год. 133

134 ГЛАСНИК Владимир Јанев приходот на оризот на Субдаи биле земени 80 гроша; од абата на Јакин и Хери биле земени 70 гроша; од ќумурот на Соломон биле земени 70 гроша; од оризот на Печур биле земени 107 гроша; од гајтанот на Јаков биле земени 27 гроша; од оризот на Соломон биле земени 40 гроша; од оризот на Бахур биле земени 51 грош; од чорапите на Јуда биле земени 120 гроша; од ќумурот на Соломон биле земени 58 гроша и 20 пари; од ќумурот на друг Соломон биле земени 39 гроша и 20 пари и од оризот на Ситам биле земени 110 гроша и 20 пари. 95 Покрај претходно наведените социјално-економски задолженија и обврски на Евреите кон османлиските власти, се среќаваат и регистрираат податоци во врска со нивните задолжувања, давање и враќање на долгови, како и меѓусебни деловни односи. Така, во еден судски запис од 30 јануари 1721 година, се наведуваат податоци за судски спор во врска со долгови меѓу двајца Евреи: Јосиф, син на Соломон од Скопје и Хаим Каракаш од Битола. Споменатиот Јосиф пред шеријатскиот суд во Битола од своја страна дал изјава дека на Хаим Каракаш му дал 31 грош, после тоа 20 и на крајот уште 10, или вкупно 61 грош. Тој пред судот барал да му бидат вратени, на што споменатиот Каракаш негирал. Притоа, интересно е да се наведе следното: кога судот побарал доказ од тужителот, но тој не можел да докаже, обвинетиот дал заклетва дека немал никаков долг, а судот ја отфрлил тужбата на Јосиф. 96 Во друг случај станува збор за еден извештај од 3 јуни 1848 година, доставен до мушурот на град Скопје Хафиз -паша, во врска со неговото побарување на долгови кон него, од страна на жител Евреин од Скопје, кој бил задолжен да ги собере од граѓаните и да ги предаде на пашата. 97 Во еден дефтер на еснафот за производство на шалови од 1848 година се среќаваат податоци за меѓусебните долгови на Евреите Арон и Бохор. 98 Понатаму можно е да се наведат уште неколку различни примери во врска со сознанието и дефинирањето на разгледаните долгови. Имено, во една жалба од 25 јануари 1849 година, доставена до валијата на град Скопје, се наведуваат податоци за некој долг од Албанецот Мухарем кој побегнал во Тетово, а им должел пари на Французинот Катоне и Евреинот Исак. 99 Од истата година, се среќаваат уште два случаи на регулирање на долгови, каде во првиот била доставена жалба до валијата на градот Скопје, од страна на Евреинот Мисраил и неговиот ортак Марко, кои барале да им се врати долгот направен од Реџеп-ага, а гарант бил Нури-ага. 100 Во другиот случај се барало порамнување на долговите од трговецот Мантар -заде Аљош од Елбасан кон Евреинот Хасенто од Скопје. 101 Нешто подоцна, во друг документ од 20 октомври 1895 година, се среќаваат податоци од доставен извештај до Дирекцијата за општи долгови на 95 BAİ, Fond: Maliye Nezareti Varidat Defterleri, No ДАРМ, Фонд: Битолски сиџил, 39 (лист 48/V). 97 BAİ, Fond Divan (Beylikçi) Kalemi Defterleri, D. No. 37, G. No BAİ, Fond: Haraciye Nezareti Mektubi Kalemi, Sr. No BAİ, Fond Sadâret Mektubî Kalemi Belgeleri, D. No. 172, G. No BAİ, Fond Sadâret Mektubî Kalemi Deâvî Yazışmalarına Ait Belgeler, D. No. 15, G. No BAİ, Fond Sadâret Mektubî Kalemi Belgeleri, D. No. 235, G. No

135 Даночните обврски и задолженија на Евреите во Македонија Косовскиот Вилает со седиште во Скопје, кои парични суми од данокот ушур (десеток) требало да се земат од Евреинот Симон од Скопје. 102 Според анализата извршена врз други видови на документи, се среќаваат регистрирани долгови, заеми и други финансиски операции во врска со стопанската дејност на Евреите во Македонија. Во еден документ од 1 декември 1876 година, доставен од страна на познатиот битолски трговец и лихвар Михаил Данабаш до Евреинот Исак М. Тијано во Солун се упатува барање: да ги земе парите од Ибрахим-паша и да му ги испрати, 103 односно на 26 ноември 1880 година барал да му го плати долгот и да ги достави расписките од Дебарчаните, 104 како и барањето на Михаил Данабаш до Мискеа Фјукара во Солун, кого го моли приложеното писмо лично да му го предаде на Исак М. Тијано и да му побара пари. Штом ќе ги добие, веднаш да му ги испрати. 105 Наведениот лихвар Михаил Данабаш од своја страна давал заеми на пари и на разни лица во Штип, меѓу кои и на Евреи, како што се гледа од документот од 27 јуни 1881 година доставен до Михалаки Џамаул во истиот град. 106 Во документите се среќаваат и податоци во кои се известува споменатиот Михаил Данабаш, од страна на неговите посредници Мао и Коко, дека Евреинот Мион ефенди од Катерина им предал само 4475 гроша, односно 44% од долгот. 107 Според други податоци од 8 јануари 1907 година, во една преписка на грчката Пелагониска митрополија со Егзархијата се наведуваат податоци во врска со уредувањето на долговите од покојниот пелагониски митрополит Григориј со Евреинот Рафаел Камхи. 108 Имало и случаи кога Евреите плаќале парични казни за одредени ситни прекршоци. На пример, во јуни 1870 година скопскиот Евреин Давид, трговец, требало да плати еден бешлик затоа што не ја исчистил улицата пред својот дуќан. 109 Исто така, според решението од Општинскиот одбор на град Скопје, издадено на 14 октомври 1872 година, биле определени казни за Исак Евреин, Јусеф Евреин и уште 10 лица од Скопје, кои што и покрај општинските наредби натрупувале ѓубре пред нивните дуќани. 110 Општинскиот одбор од своја страна решил гореспоменатите лица да се казнат според членот 254 од казнениот закон, со по 1 бешлук (5 гроша во сребро), вкупно 12 бешлука (60 гроша во сребро) BAİ, Fond Şûrâ-yı Devlet Defterleri, D. No. 1973, G. No ДАРМ, Фонд: Михаил Данабаш, кн. 1, лист Истото, лист Истото, лист Истото, лист Истото, кут. 1/3, арх. ед. 103, лист ДАРМ,Фонд: грчка Пелагониска митрополија; ПБМ Iа/7; л Ѓурѓица Петровиќ, Од историјата на секојдневниот живот на Скопје ( ), Зборник, Етнологија, 2, Скопје, 2002, ДАРМ, Фонд: Скопска турска општина, кут. бр. 4, арх. ед. 107, лист Истото. 135

136 ГЛАСНИК Владимир Јанев Во врска со регулирањето на хигиената во градот Скопје се среќаваат и други податоци поврзани со Евреите. На пример, во еден документ од 19 мај 1873 година, кој се однесува на еврејското маало во близината на реката Вардар, Хеким Миркадо со молба барал да биде исчистено местото до мостот. Всушност, површината на наведеното празно место изнесувала 100 аршина, каде што народот го фрлал ѓубрето. Евреите барале за чистење на местото да бидат платени луѓе од страна на општината. 112 За чистењето требало да се плати за еден аршин по 40 пари, или вкупно една османлиска лира. 113 Нешто подоцна, на 24 мај, од страна на општината било предложено местото да се продаде на лицитација. Во текот на месеците јуни, јули и август наведената година, исто така, станува збор за друго барање на празно место од 200 аршина кое било решено во согласност со Советот на старците од Еврејското маало, според молбата на Евреите Бохур и Мошун, на истите да им се отстапело за парична надокнада исплатена на благајната на општината, односно двајцата да платат по 300 гроша, или вкупно 600 гроша. 114 Низ целиот османлиски период Евреите од Македонија биле во непрекината борба со османлиските власти кои ги оптоварувале со разни даноци. Но и покрај тоа, Евреите сметале дека нивниот живот во Османлиската Империја бил поднослив бидејќи иако плаќале разни даноци и често биле понижувани, сепак немало погроми и масовни физички истребувања какви што во тоа време имало речиси низ цела Европа Истото, а.е. 288, л Истото. 114 Истото. 115 Александар Матковски, Историја на Евреите...,

137 ГЛАСНИК ISSN СТАТИИ УДК 94: ( ) 18 ИЗГРАДБА НА ТЕЛЕГРАФСКИ ЛИНИИ ВО МАКЕДОНИЈА ВО ВРЕМЕТО НА АБДУЛХАМИД ВТОРИ: ЛИНИЈАТА ДЕБАР РЕКАЛАР (ЖИРОВНИЦА)* 1 Рахман Адеми Научен соработник на Универзитетот Јилдирим Бејазит во Анкара Abstract 19th century is a period that the Ottoman State tried to conserve and secure its lands. Ottoman administration should be planned to avoid security problems by generalizing the telegram network. It is obvious that the fast and secured communication is very important in the Balkans due to schismatical movement. Like Rekalar district, some areas had difficult nature conditions and this proved the need of telegram system. In this context we are going to try to considerate process of linking of the telegram line between Rekalar district, which stands at the farthest corner of the Manastır Province and Debre-i Bala the sanjak center. Keywords: Abdulhamit II, Manastır province, Sanjak of Debre, Rekalar District, Telegramline. Со самото качување на престолот на османлиската држава, Абдулхамид II се соочил со два големи проблеми. Првиот проблем бил Османлиско-руската војна чии последици биле погубни од воен, економски и политички аспект. Вториот голем проблем бил тесно поврзан со првиот, па така настанало познатото Македонско прашање. Договорот во Јешил Ќој покажал колку Османлиското Царство е исцрпено, така што морале да бидат прифатени неверојатно тешките услови кои ги наложила победничка Русија. Веднаш потоа, со интервенција првенствено на Англија и големите сили, и секако во корист на истите, а на штета на Русија и Бугарија, дел од изгубените територии и биле вратени на османлиската држава 2. Резултатот предизвикал 1 * Оваа тема била презентирана на симпозиумот во Солун организиран од страна на државниот Институт за историја од Анкара, Симпозиум Абдулхамид Втори, февруари, 2014 година. 2 Fahri Maden, Büyük Güçlerin Berlin Antlaşması nın Uygulanmasına Yönelik Baskıları, History Studies, International Journal of History, Volume 5, İssue 1, January 2013, p

138 ГЛАСНИК Рахман Адеми разочарување и револт на Русија и групите во Румелија кои се бореле за протерување на османлиската војска. Сѐ почестите напади кон османлиската војска стационирана во регионот од страна на вооружените групи кои биле поддржувани првенствено од Русија, но и од страна на новонастанатите држави, како Србија, Црна Гора и Грција, биле голема причина за воспоставување ефикасна комуникативна мрежа со цел сите тие напади превентивно да се спречат. Само за таа цел, едно село било унапредено во каза. Селото Гостивар е преиначено во каза пред сѐ поради стратешката положба, од комуникативен и воен аспект. 3 Османлиите биле многу наклонети кон технологијата и технолошките откритија. Тоа може да се види од прифаќањето имигранти муслимани и Евреи од Шпанија и Португалија во 15 и 16 век (Андалузија) од страна на османлиската држава, кои носеле технолошки развој. Од друга страна пак, дипломатите, светските патници, трговците и морнарите носеле многу важни технолошки знаења. 4 Така, и електричниот телграфски систем релативно брзо по неговото откритие почнал да се користи во османлиската држава, и тоа во текот на Кримската војна. 5 Во 1855 година првата телеграфска линија го поврзала Истанбул со Европа. 6 Оваа прва телеграфска линија била во правец Истанбул Едрене Шумен и оттука преку Франција се поврзувала со останатите европски градови. 7 Но, пред тоа, во 1854 година, во текот на Кримската војна, Англичаните воспоставиле телеграфска линија меѓу Крим и Бугарија во должина од 340 милји. Малку пред тоа веќе била воспоставена телеграфска врска меѓу Истанбул и Варна. 8 Истата година Англичаните и Французите ги дале своите понуди за изградба на телеграфски линиии на територијата на османлиската држава. Поради причината што Англичаните не биле во можност веднаш да започнат со изградбата и поради поскапата понуда од илјада ќесиња, тие биле одбиени и тендерот го добила француската компанија De la Rue. Планирано било оваа линија да го поврзе Истанбул преку 3 BOA, (Başbakanlık Osmanlı Arşivi) BEO. 2707/ Serhat Küçük, Osmanlıların Modern Teknoloji ile Karşılaşması: Elektrik Örneği, Hacettepe Üniversitesi Türkiyat Araştırmaları Enstitüsü, Türkiyat Araştırmaları Dergisi, Sayı 18, Bahar 2013, p Nesimi Yazıcı, Osmanlı Telgrafında Dil Konusu, Ankara Üniversitesi İlahiyat Fakültesi Dergisi, Cilt: 26, Sayı:1, Ankara 1984, p Roderic H. Davison, Osmanlı İmparatorluğuna Elektrikli Telgrafın Girişi, Çev: Durdu Mehmet Burak, Ankara Üniversitesi Osmanlı tarihi Araştırmaları ve Uygulama Merkezi Dergisi OTAM, Sayı 14, Ankara 2004, p Nesimi Yazıcı, s. 751; Sadece 1271 ( ) hicri yılı zikredilerek, Osmanlı Devleti nde telgraf hattının ilk defa İstanbul-Edirne ve oradan da Şumnu ya kadar inşa olunmaya başlandığı ifade edilmiştir. Hatta sırf bu faaliyet için bir daire oluşturulmuş ve Tercüme Odası kethüdası Ali Paşa nın mühürdarı BillürizadeMehmed Efendi nin müdür olarak tayin edildiği ifade edilmiştir. Bkz: Ahmed Rasim ve Osmanlı Tarihi, Düzenleyen Metin Hasırcı, Emir Basım Yayın Elek. Lti. Şti, İstanbul, Cilt 7. p Roderic H. Davison, p

139 Изградба на телеграф. линии во Мак. во времето на Абдулхамид втори Едрене со Шумен. 9 Всушност, османлиската управа планирала со оваа линија да го поврзе Едрене не со Шумен туку со Белград, но планот бил променет. Причината за тоа телеграфската линија да оди до Шумен била веќе постоечката линија меѓу Варна и Букурешт. Така, со поврзувањето на Шумен со Варна, Истанбул ќе се поврзел со Европа. 10 Одредено време пред тоа, во Истанбул бил испробан истиот систем што го направил и со успех го користел Самуел Морс меѓу Балтимор и Вашингтон. Имено, за време на владеењето на Абдулмеџид во 1847 година, американскиот професор по геологија Џ. Лоренс Смит го презентирал овој систем на султанот. Врз основа на оваа презентација, Абдулмеџид како знак на голема почит кон ова технолошко откритие испратил еден медалјон украсен со дијаманти и берат до пронаоѓачот на оваа технологија, Самуел Морс. 11 Во почетокот на 19 век, во текот на Османлиско-руската војна, бил испробан таканаречениот Семафорски телеграфски систем. Поради едноставноста и некомпатибилноста на овој систем не биле добиени саканите резултати. 12 Првата телеграмска порака испратена од Истанбул била во врска со Кримската војна. Оваа прва телеграма била испратена на 14 септември 1855 година од Истанбул до османлиските амбасади во Париз и Лондон, со радосна вест за големата победа во Кримската војна. Во телеграмата немало долг текст како што било вообичаено за османлиските победнички писма, туку само кратка информација. Следниот ден била испратена порака од Едрене за Истанбул, во траење од 11 минути со содржина од 87 зборови, на која веднаш било одговорено. 13 Како и секоја држава, а посебно држава со голема територија, османлиската држава имала голема потреба за ефикасна комуникација. Контролата на територијата која се простирала на три континенти секако дека не била едноставна. Сѐ повидливото и ефикасно национално будење на Балканскиот Полуостров во 19 век и конкуренцијата, а не ретко и војните меѓу големите европски сили и османлиската држава, уште повеќе ја зголемиле потребата за поефикасна комуникација. Европските сили веќе имале одлични врски со христијанските и другите немуслимански малцинства во османлиската држава, што било причина повеќе за организирано следење на тие врски. Османлиската управа стравувала од востанија предизвикани, или во најмала рака поддржани, од европските ривали. Од друга страна пак, јакнењето на внатрешната опозиција, како на пр. Друштвото за обединување и напредок (İttihat ve Terakki Cemiyeti), може да се смета како важна причина за ефикасна и брза комуникација на Истанбул со вилаетите во земјата. 9 Özkan Keskin, Ali Sönmez, Telgrafın Osmanlı İmparatorluğu nda Yayılması: Çanakkale Telgraf Hattı Örneği, OTAM (Ankara Üniversitesi Osmanlı tarihi Araştırma ve Uygulama Merkezi Dergisi), Sayı 25, Bahar 2009, Ankara 2011, p Diren Çakılcı, Osmanlı-Avrupa Telgraf Hatlarında Sırbistan Emareti nin Rolü, OTAM, Sayı 34, Güz 2013, Ankara 2013, p Roderic H. Davison, p Ibidem, p Ibid., p

140 ГЛАСНИК Рахман Адеми Без оглед на тоа што била во незавидна економска и политичка состојба, османлиската управа морала да даде многу од себе и да инвестира во комуникативниот систем. Заради тоа одлучила да инвестира во изградба на фабрика за телеграфски системи и академија за обука на специјалисти кои ќе управуваат со истите. Така, петнаесетина години од користењето на електричниот телеграфски систем била пуштена во употреба првата фабрика и првата академија. Оваа фабрика и академија биле во употреба скоро педесет години. 14 Првата фабрика за телеграфски системи и првата академија биле основани од страна на тогашниот генерален директор на телеграфот Фејзи-бег, во мај 1869 година во местото Соукчешме, наспроти старата телеграфска зграда, и тоа на местото на камената зграда која била користена како генерална дирекција на полицијата. Тука, во зградата направена од дрво била пуштена во употреба Фабриката за машини. 15 Пет години потоа, во 1874 година, зградата морала да се руши, а на нејзиното место се изградила воена гимназија. Заради тоа фабриката и академијата морале да се селат на друго место. За таа цел бил одбран долниот спрат од Министерството за надворешни работи, но без оглед на моментално празните простории, министерството не дозволило сместување на фабриката и академијата во истите од причина за можна потреба во иднина. Потоа се донела одлука за вселување во конакот на бившиот Шејхул-ислам, Ахмет Мухтар ефенди. Овој конак имал 12 соби и два поголеми дуќани на влезот, а киријата изнесувала 150 лири годишно. 16 Тесниот простор за употреба, а веројатно и високата кирија, биле причина за потрага по пофункционална зграда. Така, во населбата Сарајичи, покрај воените магацини за храна, постоела државна парцела од 600 аршини (околу 400 квадратни метри) која била доволна за изградба и на фабриката и на академијата. Од владата биле побарани лири потребни за градба. Но, и појкрај потрошените каими*, изградбата не успеала да се заврши. Потоа, со ферманот од 17 ноември 1876 год. обезбедени биле уште гроша, а пет години потоа во 1881 година градбата успеала да биде завршена и фабриката и академијата да се сместат во новите простории. 17 Без оглед на тоа што фабриката за машини можеби немала некој голем ефект врз националната економија, академијата за телеграф која обучувала квалификувани кадри била од голема важност и значење за државата. 18 Генерално гледано, Абдулхамид II направил големи и ефективни зафати врз образованието, зголемувајќи го бројот на образовните установи. Исто така, во времето на неговото владеење се гледаат и инвестицииите во комуникациите и патиштата. На пример, во 1858 година, во османлиската држава имало вкупно км макадамски пат, во 1895 година должината на патиштата достигнала км, а веќе во 1904 година неверојатни км. Исто така, 14 Posta ve Telgarf Mecmuası, 20. Cild, Numara 222, Eylül- Teşrin-i Evvel 1337, p Ibidem, p Ibid., p Ib., p * Вид хартиени банкноти. 18 Posta ve Telgarf Mecmuası, 20. Cild, Numara 222, Eylül- Teşrin-i Evvel 1337, p

141 Изградба на телеграф. линии во Мак. во времето на Абдулхамид втори инвестициите во телеграфскиот систем биле значајно зголемени во времето на неговото владеење. Така во 1882 година должината на телеграфските линии во османлиската држава изнесувала км, а дваесет и две години подоцна во 1904 година се зголемила за повеќе од два пати и достигнала км. Покрај тоа, во времето на владеењето на Абдулхамид II османслиската држава станала член на Светската поштенска организација, а бројот на филијалите на османлиските пошти изнесувал повеќе од Од друга страна, во тоа време владата на османлиската држава ги следела случувањата и развојот на тој сектор во светот. Така, во првиот број од списанието за пошта и телеграф, кое било објавено од страна на Министерството за пошта и телеграф, била објавена сериозна студија за телеграфскиот систем во Индија, Египет и Швајцарија. 20 КАЗАТА РЕКАЛАР И ГРАДБАТА НА ТЕЛЕГРАФСКАТА ЛИНИЈА Развојот на селото Рекалар (Жировница) и точниот датум на неговото унапредување во каза, врз основа на документите со кои во моментов се располага, засега точно не може да се утврди, но врз основа на други документи може да се утврди дека таа процедура била завршена најдоцна до април 1887 година. Бидејќи во април 1887 година е донесена одлука и доделен буџет за воспоставување на суд во казата Рекалар. 21 Исто така, точниот број на населението на казата во тоа време не ни е познат, но бројот на населението во Дебарскиот санџак во 1900 година бил Врз основа на последниот попис од 2002 година објавен на веб-сајтот на општината, бројот на населението во општината Дебар изнесувал Врз основа на близината меѓу Дебар и Рекалар (Жировница) и скоро истите случувања и ефекти врз населението во последните стотина години во регионот (селењето во Турција во педесетите и шеесеттите години од дваесеттиот век), може приближно да се пресмета бројот на жителите во казата Рекалар. Ако бројот на жителите во општината Маврово Ростуше денес (врз основа на пописот од 2002 година) изнесувал 8 618, може да се смета дека бројот на населението во казата кон крајот на деветнаесеттиот век изнесувал приближно колку денешниот. Општината (каза) Маврово Ростуше постои и денес како локална самоуправа, но не во исти граници. Центар на општината сега веќе не е Жировница туку Ростуше. Денеска оваа општина се протега на површина од вкупно 682 квадратни километри Necmettin Alkan, Sultan II Abdülhamid ve Osmanlı Modernleşmesi, Devr-i Hamid Sultan II Abdülhamid, Cilt 4, Erciyes Üniversitesi Yayınları, p Posta ve Telgarf Mecmuası, Cild 1, Numara 1,Dersaadet 1317, p BOA.MV. 19/ Македонска енциклопедија 1, А-Л, Македонска Академија на Науките и Уметностите, Скопје 2009, стр I-ROSTUSE-PODATOCI.pdf 141

142 ГЛАСНИК Рахман Адеми Казата Рекалар се протегала на северниот дел од Дебарскиот санџак и северозападниот дел од Битолскиот вилает. Регионот поседувал многу природни убавини, но истовремено прилично тешки услови за живот, особено во зимски услови. И во денешни услови често се случува регионот да биде отсечен од соседните населени места и градови поради паѓање на лавини, одрони на патот и слични непогоди. Географската близина на казата со регионот Лума во Албанија, познат по честите нереди и кражби, биле дополнителни отежнувачки околности. Речиси во исто време во регионот биле зачестени и нападите на вооружени групи 25 кои се залагале за ослободување на Македонија од османлиската држава и кои биле причина за поефикасно функционирање на државата, особено во секторот за транспорт и врски. Проблемите во системот на обезбедувањето биле причина што темелните услови за живот биле прилично загрозени, така што веќе во деведесеттите години од деветнаесеттиот век имало вооружени судири меѓу османлиската војска и вооружените групи во кои имало и загинати. На пример, на 5 август 1896 година во една престрелка меѓу османлискиот аскер и вооружените групи од регионот бил убиен еден од членовите на вооружената група. 26 Уште позабележително било и случувањето од година забележано во еден документ, кога локалните власти побарале достава на еден топ за справување со вооружените групи околу селото Осој во казата Рекалар. 27 Повеќето случаи на повреда на безбедноста биле кражби и секојдневни криминални дејствија. Но, особено во периодот по Илинденското востание веќе зачестиле и судирите на аскерот со вооружени формации кои се бореле за слобода. Така, на 15 мај 1905 година, во судот за посебни случаи во Битола бил процесиуран и казнет Јосиф од Дебар за учество во вооружен бунт против државниот поредок. Врз основа на членот 57 од Казнениот закон, Јосиф бил казнет на три години како веслар на брод. 28 Јасно се гледа дека вооружените групи од регионот, по Илинденското востание, се обидувале да го прошират своето дејствување на целата територија на Битолскиот, Косовскиот и Солунскиот вилает. 29 По завршувањето на Илинденското востание во регионот биле користени дотогаш скоро невидени големи воени трупи во операциите за одржување на државниот поредок. Така, за справување со четата стационирана во село Галичник била употребена воена формација од 250 војници кои биле дел од Солунската трета армија под команда на мајорот Али Риза ефенди од Дебар. 30 Во периодот кога биле вршени подготовки за изградба на телеграфската линија меѓу Дебар и Рекалар, посебно се истакнувала состојбата на макадамскиот пат и потребата за поправки меѓу истите населби. Врз основа 25 BOA. DH.MKT. 2227/17; BOA.ZB. 449/ BOA.Y.PRK.UM. 35/ BOA.DH.MKT. 2291/ Manastır (Vilayetin Haftada Bir Çarşamba Günleri Çıkan Resmi Gazetesidir), 12 Rebiülevvel 1323 (7 Mayıs 1905) p Rahman Ademi, II. Abdülhamit Döneminde Makedonya Müslümanları, Yayınlanmamış Doktora Tezi, Ankara Üniversitesi, Sosyal Bilimler Enstitüsü, Ankara 2006, p BOA.A.MTZ(04) 87/

143 Изградба на телеграф. линии во Мак. во времето на Абдулхамид втори на тие информации, поради невреме од дождови и снегови настанала штета на патот, па во февруари 1892 година била донесена одлука да се започне со санација 31, а работите на патот траеле до јуни истата година. 32 Поради природните услови во регионот овој пат бил предмет на повеќе зафати на санација и во следните години. Така, посебно во пролетните денови патот бил оштетуван од одрони поради силните и поројни дождови, а во зимските месеци од лавини. Овие случаи на оштетување на патот биле забележани и во службениот весник на Битолскиот вилает. Службениот весник од 4 рамазан 1323 според хиџра (2 ноември 1905 година) забележува делумно рушење на мостови во близината на казата и потполно рушење на мостовите на реката Радика поради последиците од силни дождови и ветрови. Од тие причини мостот Шпиље бил потполно срушен и врската меѓу Дебар и Горица била прекината, а не било можно ниту испраќање на помош. 33 Поради временските непогоди патот и во следните години бил предмет на санација. Документот од 3 јуни 1909 година кажува дека иситот пат бил во лоша состојба и дека требало да се одреди одреден број на работници, градежен материјал и пари за потребната санација. 34 Планираната изградба на телеграфската линија меѓу центарот на санџакот Горни Дебар и казата Рекалар за прв пат е спомната во документот од 13 септември 1891 година. 35 Потребата од изградбата на оваа телеграфска линија била потврдена од страна на властите, но трошоците за изградба и платите за вработените претставувале важен товар за буџетот на Министерството за финансии, па од истите причини изградбата била одложена за подобри времиња. 36 Само неколку месеци подоцна, во јануари 1892 година, повторно се спомнува потребата за изградба на телеграфската линија меѓу Дебар и Рекалар и оваа тема била разгледана од страна на отсекот за внатрешни работи на Државниот совет (Şura-yı Devlet). Во службеното писмо испратено од страна на владината канцеларија за внатрешни работи до Министерството за пошти и телеграф и до Битолскиот вилает се укажувало на фактот дека сѐ уште не било добиено ветување од народот дека ќе бидат обезбедени бандери потребни за линијата. Исто така, било потенцирано дека буџетот на Министерството за пошта и телеграф во дадениот момент не бил во состојба да ги покрие трошоците за платите на луѓето кои ќе бидат вработени на линијата, и заради тоа изградбата требала да се одложи. 37 Поради генерално лошата финансиска состојба на државата вакви одложувања на градба на инфраструктура биле случај и порано. На пример, планираната изградба на телеграфската линија од центарот на Косовскиот вилает до Скопје и Куманово била одложена од истите 31 BOA.DH.MKT. 1918/ BOA.DH.MKT. 1977/ Manastır (Vilayetin Haftada Bir Çarşamba Günleri Çıkan Resmi Gazetesidir), 4 Ramazanü l-mübarek 1323 (2 Kasım 1905) p BOA. TFR. I. MN. 122/ BOA. DH.MKT. 1867/8. 36 BOA. DH.MKT. 1912/ BOA. DH.MKT. 1912/

144 ГЛАСНИК Рахман Адеми причини уште во мај 1866 година. Причината била немање доволно средства во касата на Министерството за пошта и телеграф 38. Скоро една година потоа, врз основа на еден документ од 29 август 1982 година, се дознава дека предметот околу изградбата на телеграфската линија меѓу Дебар и Рекалар станува малку појасен. Тука се повторува дека во буџетот на Министерството за пошта и телеграф нема доволно средства за потребите на изградба на споменатата телеграфска линија и платите на службениците кои ќе бидат вработени на линијата. Во овој документ се спомнува и фактот дека не било доволно народот да ги обезбеди само бандерите, туку дека било потребно ветување од страна на народот за тоа дека и куќите каде што ќе живеат тие службеници ќе бидат бесплатно изградени од нивна страна. Битолскиот вилает овој пат посочил на многу важна причина за потребата од изградба на оваа телеграфска линија. Имено, поради географската положба и немањето доволно обработлива површина во казата, народот од овој регион немал можност да си обезбеди услови за живот па затоа морал да оди на печалба (како трговци или мајстори во градежништвото) далеку од дома, и тоа со месеци. Така, кога би се изградила оваа телеграфска линија истата би се користела и во приватни цели од страна на овие луѓе, така што дури и платите на вработените службеници би се обезбедиле од тие пари. Згора на тоа, казата Рекалар станала центар на отпадници од законот кои ја нарушувале безбедноста, па во случај на брза комуникација тие групи би биле сузбиени. Во овој документ било нагласено дека дури и само поради оваа причина оваа линија требало да биде изградена. 39 Од друга страна пак се гледа дека во околината на казата Рекалар од многу одамна постоеле телеграфски линии. Така, уште во почетокот на 1861 година била изградена и пуштена во употреба телеграфската линија меѓу Елбасан, Охрид и Битола. 40 За се поголемата потреба од воспоставување на телеграфска врска меѓу Дебар и Рекалар постоело убедување и во структурите на власта. Но, очигледно е дека постоеле проблеми во врска со одлучноста за обезбедување на потребните средства и конечно почнување на работите. Уште еднаш било потенцирано од страна на народните претставници во регионот дека потребните 400 бандери ќе бидат обезбедени без надоместок од нивна страна за растојанието од дваесетина километри меѓу Дебар и Жировница, но 4 милиметри катран, 3600 килограми жица и 400 парчиња порцелан требало да бидат обезбедени од страна на државата. За таа цел народните претставници се обратиле до валијата во Битола. Во врска со тоа валијата од Битола во службената порака до Владата во Истанбул подвлекол дека бандерите треба да бидат поставени најдоцна до 15 септември 1900 година, затоа што од веќе познатите причини голем број од населението ќе оди на печалба во Истанбул и други градови, и укажал на потребата за што побрзо започнување на градежните работи. Се гледа дека локалните претставници на власта биле свесни дека одењето на населението на печалба ќе биде голема пречка за проектот, па затоа се залагале 38 BOA.MVL. 1020/8. 39 BOA. DH.MKT. 1994/ BOA.HR.MKT 366/

145 Изградба на телеграф. линии во Мак. во времето на Абдулхамид втори за брзо започнување на работите. Тука е јасно дека се укажува на потребата од носењето бандери на местата на поставување и нивно поставување, со што би се избегнала можноста од нивно губење, уништување или пак крадење. 41 Од ирадето од 21 декември 1895 година веќе се гледа дека и највисокиот претставник на власта, самиот султан, лично наредил изградба на телеграфска линија меѓу Дебар и Рекалар и поштенска филијала во казата Рекалар. 42 Но, било очигледно дека и оваа наредба нема да даде позитивен резултат. Потоа, во буџетите за и година (1314 и 1315 хицретски години) било предложено да се обезбедат средства за градба на споменатата телеграфска линија, но овој пат токму поради негативниот став на султанот изградбата повторно била одложена. На крајот била донесена одлука за финансирање на изградбата и обезбедувње на потребните средства во буџетот за година (1316 според хиџра). 43 Но и покрај сѐ, утврдивме дека и оваа одлука не била доволна за конечно започнување на градежните работи на овој важен проект за регионот. Затоа што има еден документ од 24 август 1899 година во кој уште еднаш се говори за потребата од обезбедување средства во буџетот на Министерството за пошта и телеграф за изградба на оваа телеграфска линија. 44 Од сето ова може де се заклучи дека буџетот кој во претходната година бил ставен на располагање за оваа цел или бил недоволен или пак можеби дел од средствата биле пренаменети за друг проект. И во буџетот за 1900 година имало слична состојба бидејќи немало доволно средства за истиот проект. 45 Интересот кај народот од регионот за изградбата на телеграфската линија меѓу Дебар и Рекалар се гледа дека бил сѐ уште на високо ниво. Врз основа на документите кои ги имаме на располагање, уште во 1899 година биле изградени куќите потребни за службениците, а за 400 бандери потребни за линијата дале ветување дека ќе бидат обезбедени. И во оваа прилика локалните власти нагласиле уште еднаш дека изградбата на оваа телеграфска линија е од голема важност за населението во регионот. 46 Една година потоа народот почнал со обезбедување на бандерите, но од причина што градежните работи на проектот не биле започнати кај народот се појавил страв дека бандерите би можеле да бидат украдени, па затоа работата одела многу споро. Во таа насока било потенцирано дека освен жицата и порцеланот кој веќе бил обезбеден, што побргу требало да се обезбедат и другите потребни материјали. Исто така, додека да се донесат другите материјали било укажано и на потребата што побргу да се издаде дозвола за поставување на бандерите кои биле веќе обезбедени. 47 Во врска со продолжувањето на телеграфската линија од Дебар до Рекалар и имплементацијата на самиот проект, била испратена службена наредба до 41 BOA. DH.MKT. 2406/ BOA. İ.PT. 4/1313/R BOA. DH.MKT. 2406/ BOA. DH.MKT.2234/ BOA. DH.MKT. 2410/ BOA. DH.MKT. 2237/ BOA. DH.MKT. 2410/

146 ГЛАСНИК Рахман Адеми вилаетот во Битола на 16 мај 1900 година со документ број 132. Но и покрај тоа, случајот во врска со обезбедување на бандерите од страна на населението и нивниот траснпорт и поставување кон крајот на септември 1900 година бил повторно предмет на преписка меѓу локалната власт и власта во Истанбул. Јасно е дека очекувањето бандерите да бидат поставени до 15 септември не се остварило. Временските услови во регионот и одењето на печалба во Истанбул и во други градови на голем дел од населението, било причина уште еднаш да се укаже на итната потреба од што поскоро поставување на бандерите. 48 На 28 ноември 1900 година валијата од Битола испратил службен допис до владата во Истанбул во кој било наведено ветувањето до населението за обезбедување и транспорт на бандерите до местата на поставување, но и потребата од обезбедувањето на другите материјали, како би било можно започнување на работите. Во истиот допис се укажува и на фактот дека ветувањето од населението било веќе исполнето, односно дека бандерите биле обезбедени и пренесени на местата на поставување и дека се чекало на другите материјали. Од овој документ се гледа дека куќите во кои би живееле службениците биле изградени уште во јуни истата година. 49 Во документот издаден од Министерството за пошта и телеграф број 557 од 14 ноември 1900 година се укажува на тоа дека во буџетите за , и год. биле обезбедени средства за овој проект. Но истите буџети не биле одобрени од страна на султанот. Една од важните причини, а можеби и најважната за неможноста на обезбедување на средствата, веројатно биле последиците од војната меѓу османлиската држава и Грција во 1896 година. Доцнењето на проектот може да се заснова и на фактот што во тие години цената на материјалите потребни за телеграфската линија енормно пораснала. На пример, цената на жицата од 25 франци за сто килограми пораснала на 36 франци. За потребите на овој проект требало да се обезбедат вкупно уште 330 франци. Другите трошоци биле следниве: 1. Трошоци за почетокот на работа на проектот (изградба и опрема) вкупно 2 252,88 франци и гроша, 2. На годишно ново 113 франци и гроша за плати на службениците и останатите трошоци. 50 Цените на материјалите оделе нагоре и во следните месеци. Околу година и пол подоцна, конечно владата добила одобрување од страна на султанот за почетокот на изградбата на овој проект и обезбедување на средствата за истиот, што се гледа од документот од 3 мај 1902 година. За започнување на изградбата на телеграфската линија била добиена согласност и од другите релевантни органи на власта. Меѓутоа, трошоците потребни за реализирање на проектот се покачиле за 330 франци и веќе изнесувале 2 582,88 франци. Другите трошоци останале непроменети. Една важна информација од овој документ е и податокот 48 BOA. DH.MKT. 2406/ BOA. DH.MKT. 2362/ BOA. DH.MKT. 2432/

147 Изградба на телеграф. линии во Мак. во времето на Абдулхамид втори дека биле планирани и приходи од користењето на телеграфската линија од страна на населението. 51 Во врска со пуштањето во работа на оваа телеграфска линија засега немаме точни податоци. Врз основа на документот од архивата во Истанбул знаеме сигурно дека линијата почнала со работа најдоцна на 9 март 1906 година. 52 Ако овој датум е датумот на почнувањето на работата на линијата, тогаш линијата долга околу 26 километри била изградена за повеќе од 15 години. Kонечно одобрување на проектот од страна на султанот, 17 април 1902 год. BOA. DH.MKT. 493/67, лист BOA.DH.MKT. 493/67, лист BOA.TFR.I.MN. 87/

148

149 ГЛАСНИК ISSN СТАТИИ УДК (497.2) : (497.77/.78) 18/ (497.11) : (497.77/.78) 18/19 СПОРОВИТЕ МЕЃУ СРПСКАТА И БУГАРСКАТА ПРОПАГАНДА ЗА ЦРКВИТЕ И УЧИЛИШТАТА ВО ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКАТА МИТРОПОЛИЈА Силвана Сидоровска-Чуповска Научен советник во Институтот за национална историја Скопје Abstract Between the end of XIX century and beginning of the First Balkan War, the territory falling under the Diocesse of the Debar and Kicevo was point of the confrontation of Serbian and Bulgarian propaganda interests. Reasons for the confrontation were churches and schools in the Diocesse. When in 1897 Sultan Berth was obtained for appointing a metropolitan in the Metropolitante of Pelagonija, Bulgarian propaganda prevailed. Serbian propaganda had to use corruption method to bribe local Ottoman authorities. Macedonian population endured utmost damage by religious education activities of both propaganda. Divided and clashed by their activities population would feel consequences in the further decades. Keywords: Diocesse, Kicevo, Debar, Bulgarian propaganda, Serbian propaganda, churches, schools, Macedonian population. Територијата на Дебарско-кичевската митрополија во текот на целиот 19 век била место каде се судирале интересите на грчката, бугарската и српската пропаганда. Пропагандите за добивање позиции на црковен и просветен план користеле најразлични средства и методи. На сцена настапувала и османлиската власт, привлекувана од споменатите пропаганди со големи парични суми. Македонското население страдало и од албанските банди. Само во почетокот на април 1880 година од нападите предизвикани од албански банди, многу настрадале селата Попоец, Црвена вода, Галичник, Лазарополе, Росоки, Тресонче, Слепче, Гари, Осој и Јанче. Од Лазарополе и Галичник биле одведени и затворени тројца свештеници. 1 Убиства и грабежи биле вршени и во самиот град Кичево и во 1 Кирил патријарх български, Българската екзархия в Одринско и Македониа след овободителната война , том први, книга прва, София 1969,

150 ГЛАСНИК Силвана Сидоровска-Чуповска целата Дебарска каза. 2 Во текот на летото 1884 година професорот по политичка економија Белгиецот Емил де Лавеле во англискиот весник Pall-Mall-Gazette објавил неколку статии од која една од нив била со наслов Турските ѕверства во Македонија.Во статијата набројувал и повеќе од 70 случаи на насилства и убиства во селата Галичник, Гари, Росоки, Селце, Тресонче, Лазарополе, Осој и други. 3 И на црковен план положбата не била подобра. До назначувањето на егзархиски митрополит во Дебарско-кичевската митрополија 4 целосната духовна власт била во рацете на грчкиот митрополит Антим кој за своите неморални дејствија имал поддршка и од османлиските полициски и воени власти. 5 Грчкиот митрополит наоѓал заеднички јазик и со приврзаниците на српската пропаганда. Доминација на црковен и просветен план Патријаршијата имала до1897 година кога во Битолскиот вилает Егзархијата започнала да располага со три епархии и митрополити назначени со султански ферман во Охридска, Битолска и Дебарска епархија. Дебарската епархија била составена од Дебарската и Кичевската каза, како и три села од Гостиварската нахија и пет села од Прилепската каза. Во целата епархија влегувале вкупно 186 села со двата града Дебар и Кичево. 6 Населението во епархијата во најголем број ја признавало Егзархијата, освен во Поречието (Кичевската каза), каде имало и најмногу патријаршисти, од кои поголем број со навлегувањето на српската пропаганда се приклучиле кон последнава. 7 За егзархиски митрополит на Дебарската епархија бил назначен Козма Пречистански. 2 Истото, Кирил патријарх български, Българската екзархия в Одринско и Македониа след овободителната война , том први, книга втора, София 1970, 595, Дебарската епарахија била единственото место во Македонија каде не се памети дека во црквите и училиштата се употребувал грчкиот јазик. Овој крај биле познат по својот голем отпор против грцизмот. Грчката патријаршија го знаела упорниот фанатизам на населението за зачувување на народниот јазик, па затоа гледала во Дебарската епархија да испраќа владици кои го знаеле јазикот на населението. Црковна власт на Патријаршијата била номинална, бидејќи службите се извршувале на црковнословенски јазик. 5 Кирил патријарх български, Българската екзархия в Одринско и Македониа след овободителната война , том први, книга втора, София 1970, 595, Пред добивањето ферман за назначување митрополит во Дебарската епархија, на Егзархијата и пошло од рака во 1884 година за преставник на Егзархијата во епархијата да го постави попот Теофил (од страна на Егзархот ќе го добие чинот протојереј). Во 1892 година во Дебар почнала да работи и црковно-училишна општина која дејствувала како организирана егзархиска институција. Дејноста на општината се протегала и на поголем број селски цркви и училишта во Горнодебарската и Реканската каза. Поради навлегувањето на српската и католичката пропаганда во Дебарско, Егзархијата одлучила најпрвин да поддржи по двајца учители во Дебар и Кичево и по еден учител во поголемите села Галичник и Лазарополе. (Повеќе види: Кирил патријарх български, Българската екзархия в Одринско и Македониа след овободителната война , том първи, книга втора, София 1970, 52). 7 Воин Божинов, Българската просвета в Македония и Одринска Тракия , София 1982,

151 Споровите меѓу Срп. и Буг. пропаганда за црквите и училиштата Во последната деценија на 19 век во западниот дел на Македонија се повеќе се пројавувала и српската просветна пропаганда со привлекување ученици за школување во Кнежевството Србија, отворање училишта и книжарници, печатење и растурање на учебници, книги и весници. Особено активен бил српскиот конзулат во Битола, на кого му пошло од рака во периодот година да отвори православни црковно-училишни општини речиси во сите градови на својот реон. Покрај православните црковно-училишни општини во Битола (1890), Поречието (1890), Прилеп (1890), Охрид (1892) и Крушево (1892), во реонот на Дебарската епархија српски православни црковно-училишни општини 8 биле основани во Кичево (1891), Галичник (1892) и Дебар (1892). 9 Српската пропаганда дејствувајќи во придобивање луѓе кои би помагале во нејзината акција ги предизвикала и судирите со бугарската пропаганда, која преку здобиените легални форми за дејствување на црковен и просветен план настојувала со сите средства да ги сочува веќе зафатените позиции. По својата жестокост двете пропаганди особено се пројавиле во Малореканскиот крај каде во последната деценија на 19 век земале сѐ поголем замав. 10 Во зависност од тоа која пропаганда нудела поголеми финансиски средства, преминувањето на учителите од едната кон другата пропаганда била честа појава. По формирањето на православната црковно-училишна општина (1892) во селото Галичник се создале услови за слободно настапување на српската пропаганда. Судирот на спротиставените пропаганди дошол до таму да биде изгорено и егзархиското училиште од приврзаниците на српската пропаганда. Без одобрение од османлиската власт во селото биле отворени и две српски приватни училишта. Две години подоцна српските училишта во најголемото малореканско село биле затворени поради нелегална работа, и покрај мислењето на српскиот конзул Димитар Боди дека дебарските власти молкум ќе го признале постоењето на двете ʼприватниʻ српски училишта. 11 Влијанието на двете пропаганди предизвикувало караници и поделби меѓу селаните. Несогласувањата особено ескалирале во селата Галичник, Лазарополе, Осој и Жеровница. Имало случаи кога истите доаѓале до степен кога морала да интревенира и осмалиската власт. Споровите за посед на селските цркви и влијанието на посочените пропаганди ги поделила и селата Маврово 12 и Никифорово Со непризнаена црковна организација во рамките на Османлиската Империја, српската пропаганда во Македонија се прикривала зад православието. 9 Климент Џамбазовски, Културно-општествените врски на Македонците со Србија во текот на XIX век, Скопје 1960, Глигор Тодоровски, Малореканскиот предел, Скопје 1970, Истото, Во писмото ( ) до митрополитот Козма испратено од жителите на селото Маврово се барало негова посета бидејќи селото било опкружено со србомани. Државен архив на Република Македонија (натаму: ДАРМ), Скопје: Фонд: 493, Дебарско-кичевска митрополија, , л Спротивно од жителите на селото Маврово, жителите на селото Никифорово во писмото испратено еден месец ( ) подоцна го известуваат митрополитот да 151

152 ГЛАСНИК Силвана Сидоровска-Чуповска Активностите на српската пропаганда на територијата на Дебарскокичевската митрополија ја загрижувало Егзархијата. Во писмото испратено на 17 март 1899 година до егзархискиот митрополит Козма Пречистански се барале податоци за српската пропаганда, српските учители и ученици. 14 Чести биле и препораките до свештениците да служат и во друго село. 15 На почетокот од 1900 година егзархиските училишта во Кичево и Дебар се потешко ја одржувале наставата. На крајот од учебната година, Учителскиот совет на второто егзархиското машко училиште во Дебар и класното училиште во Кичево со писмо го известиле митрополитот Козма дека и покрај проблемите во одржување на наставата донеле решение испитите да почнат на 2 јуни, односно на 16 јуни. 16 Опасноста од губењето на влијанието на Егзархијата во малореканските села го предизвикало егзархискиот дебарски митрополит лично да ги посети селата Галичник и Тресонче. Неговата посета му претходела на одењето на терен на патријаршискиот велешко-дебарски митрополит Поликарп на селото Галичник кој ја помагал српската пропаганда. Како одговор на неговото пристигнување во селото, по барање на Козма Пречистански интервенирала турската војска стационирана во близина на селото, бидејќи при доаѓањето на грчкиот митрополит дошло до физичко пресметување меѓу приврзаниците на српската од една и бугарската пропаганда од друга страна. Летото 1900 година освен посетите од патријаршискиот владика Поликарп на селото Галичник, селата Јабланица и Жеровница ги посетил и српскиот владика Варнава. За неговото дејствување сведочат и писмата испратени од жителите на селото Јабланица, опишувајќи дека: Пред да пристигне во селото испратил свои луѓе за да го заплашат населението и следниот ден пристигнал со неколку негови приврзаници и влегол во црквата. На 7 август ја започнал службата, откако на вратата од црквата поставил петмина чувари кои му заканувале се на населението. 17 Од еден друг документ се дознава дека и жителите од Жеровница во текот на посетата од српскиот владика биле заплашувани од потплатени мухтари. 18 Проповед од страна на српскиот свештеник (во оригиналниот документот не се споменува името на свештеникот и станува збор за српскиот митрополитот Варнава-м.б.), се одржала и во селото Долно Мелничани. 19 не доаѓа во нивното село, бидејќи повеќе не припаѓале на Егзархијата. ДАРМ:Фонд: 493, Дебарско-кичевска митрополија, , л Истото, , л.1 15 Во споменатата насока била и препораката од Егзархијата испратена до свештеникот од Леуново да служи во село Дух. Селото по убиството на свештеникот Илија Трифунов останало без свештеник. Од писмото се дознава дека свештеникот откажал поради малите приходи и имало опасност селаните да прифатат српски свештеник. ДАРМ:Фонд: 493 Дебарско-кичевска митрополија, , л ДАРМ:Фонд: 493 Дебарско-кичевска митрополија, , л.126 и , л Истото, и Истото, , л.1 19 Истото,

153 Споровите меѓу Срп. и Буг. пропаганда за црквите и училиштата Српскиот владика бил на пат за посета и на селото Галичник. Како предупредување од страна на приврзаниците на Егзархијата било испратено писмо до дебарскиот митрополит Козма од четворица селани, известувајќи го:...вам Ви е познато дека во селото Галичник не се признава никаква грчка или српска митрополија до денес ниту пак има потреба во иднина. Но напротив, неколкумина поткупени од српската пропаганда со нивните ученици и учители до пред некоку дена прават подготовки за посредство од некаков српски митрополит кој ќе пристигне денес, утре во нашево село и вчера собираа потписи и веќе е испратено покана во Дебар за негово пристигнување тука. Ве известуваме да се превземат потребните мерки.... На крајот од писмото пишувале: За тоа како ќе се одвиваат работите ние не сме одговорни. 20 Во својата обиколка српскиот митрополит летото 1900 година не ги одминал и селата Селце и Тресонче, каде со своето присуството ја предизвикал и така наелектризираната ситуација меѓу поделените страни во двете села. Српскиот митрополит, додека престојувал во селото Селце, бил посетен од страна на 5-6 тресончани кои со себе имале покана до српскиот митрополит со желба да го посети и нивното село. За тоа време, селските првенци Огнен и Гаврил Дамјанов и кметот Мојсо Исајков решиле да преземат мерки, со барање помош од заптии кои требале да го пазат селото. Од страна на 20-на лица била заземена селската црква. Свесен за непријатната ситуација, српскиот владика заминал во делот од селото населено со фамилии кои работеле во Србија. На крајот од писмото испратено до Дебарско-кичевската митрополија се споменува и за отворањето на српско училиште во селото, со напомена дека народот кој бил материјално опаднат бил принуден да ги испраќа децата во српското училиште. 21 Српската пропаганда во придобивање на населението се служела и со методата на бесплатно давање учебници. За егзархиските училишта во селата Леуново, 22 Маврово 23 и Галичник, 24 како што потврдуваат писмата испратени од учителите до Дебарско-кичевската митрополија, постоела опасност од нивно затворање. Во селото Тресонче престојувале двајца српски учители. 25 Со почетокот на новата учебна година, српската пропаганда сѐ повеќе ги зацврстувала позициите во најголемото малореканско село Галичник Истото, , л Истото, ,л Учителот од селото Серафим Угринов известувал дека учебниците тешко се продавале бидејќи србоманите ги давале нивните учебници бесплатно. ДАРМ:Фонд: 493, Дебарско-кичевска митрополија, , л Молба од учителот Трајко Угринов до дебарскиот митрополит за испраќање бесплатни учебници, со напомена дека србоманите веќе истото го сториле во селото. ДАРМ:Фонд: 493, Дебарско-кичевска митрополија, л Жители од селото ја известуваат митрополијата дека поради недостиг од учебници, некои мајки ги испраќале децата во српското училиште, отворено во куќата на Јосиф Хаџиевски. ДАРМ:Фонд: 493, Дебарско-кичевска митрополија, ДАРМ:Фонд: 493, Дебарско-кичевска митрополија, , л Истото, , л.114; ,233,234, л.351,352, 353,

154 ГЛАСНИК Силвана Сидоровска-Чуповска Српската пропаганда успеси имала и во градот Дебар. Оттаму, егзархискиот митрополит Козма бил принуден да води сметка за своите односи со ВМРО, па дури во извесни моменти да ги заштитува и членовите на Организацијата пред османлиските власти. Меѓутоа, во учебната година, одбил да назначи учители според листата на Организацијата. Посебно презел остри мерки против појавената група социјалисти при ВМРО, со центар во Кичево. Ваквите мерки предизвикале учителско-ученички бунт кој достигнал такви размери што митрополитот Козма побарал, а Егзархијата решила да го затвори училиштето со пансионот. Ова било искористено од српската пропаганда која веднаш дејствувала отворајќи им ја врата на учителите и учениците во своето училиште. Митрополитот Козма бил принуден повторно да интервенира пред Егзархијата за да се измени поранешната одлука, враќајќи ги учителите на работа. 27 Во 1902 година српската пропаганда, освен во градот Кичево, успешно дејствувала и во околните села Ново Село, Доленци и други. 28 Кон крајот на 1903 година пропагандата го финансирала и единственото училиште во селото Лазарополе. 29 Во писмото испратено до секретарот на митрополијата во Дебар Г. Чочков, учителот во селото Маврово С. Угринов го изветувал егзархискиот митрополит дека во српските училишта и понатаму се запишувале најголем број од децата во селото. 30 Егзархијата исплашена од неповолниот развој на настаните морала да дејствува со испраќање финансиска помош. На 5 декември 1903 година до митрополитот Козма било испратено писмо во кое бил известен дека за исплата на учителскиот персонал во Дебарската, Кичевската и Реканската каза биле испратени златни гроша. 31 За да ги поврати изгубените позиции на просветен и црковен план, освен со зголемувањето на бројот на учителскиот персонал во училиштата, егзархијата сѐ почесто се служела со користење и на економскиот притисок. 32 Од друга страна, и српската пропаганда исто така го користела економскиот притисок, но со големи поткупи на османлиската власт успеала да ја прошири територијата на своето дејствување, особено манифестирајќи ја активноста на црковен план 33. Од бројните примери се издвојува настанот во селото Тресонче, каде покрај егзархиски се наоѓал и патријаршискиот свештеник Арсение Брадиноски. По многу расправии, во јули 1906 година српската пропаганда успеала да ја одземе 27 Славко Димевски, Историја на македонската православна црква, Скопје 1989, ДАРМ:Фонд: 493, Дебарско-кичевска митрополија, , л Истото, , л Истото, , л Истото, , л Ова го потврдува и извештајот од егархискиот учителот во селото Тресонче, Мино Петков, во кој приложил и список на жителите од селото кои работеле во Кнежевството Бугарија. ДАРМ:Фонд: 493, Дебарско-кичевска митрополија, , л Населението во голем број освен во Бугарија заминувало на печалба и во Србија. Користејќи го овој момент, српската пропаганда применувала економски притисок и над Македонците печалбари за проширување на позициите во Дебарско-кичевската митрополија. 154

155 Споровите меѓу Срп. и Буг. пропаганда за црквите и училиштата црквата Св. Никола. 34 Губењето на една од двете егзархиски цркви било удар за приврзаниците на Егзархијата. Поделеноста на селаните меѓу двете пропаганди продолжила и во 1908 година кога приврзаниците на Егзархијата не дозволувале да се закачи камбаната во црквата, подарок од српскиот конзул во Скопје. 35 Меѓусебното нетрпение меѓу приврзаниците на двете пропаганди често завршувало и со убиства. Во мај 1909 година се случило и убиството на егзархискиот свештеник Амвросиј во селото Галичник. 36 За настанот се заинтересирала и Егзархијата со испраќање писма до пелагонискиот митрополит да обезбеди адвокат. Обвинетите за стореното убиство Исаиј Аџиевски од Галичник и учителот Павле Аџиевски кој бил србоман, подоцна, биле ослободени. 37 На просветен план, и покрај губењето на некогашните позиции кои ги имала во Дебарско-кичевската митрополија, бугарската пропаганда и понатаму стоела подобро од српска пропаганда. За борба против српското влијание, покрај зголемувањето на училишниот персонал, егзархијата се ангажирала и со отворање нови класови. Во списокот на егзархиски училишта за учебната година во Малореканскиот крај фигурираат и отворените класови во селата Галичник и Лазарополе. 38 Дебарската митрополија, летото 1909 година испратила предлог до Егзархијата за формирање на пунктови со учители курсисти, со цел истите да држат предавање и дискусии со другите учители. 39 За да се спречи српската пропаганда, во писмото испратено од Егзархијата до Дебарско-кичевската митрополија имало сугестија да се назначи еден учител што ќе патува по селата и ќе ги упатува учителите во наставата. 40 Во 1910 година, поради опасноста од затворање на егзархиските училишта во Дебар, од Дебарско-кичевската митрополија било испратено писмо до главниот учител во Дебар со известување дека: учителските диполоми треба да бидат пишувани и на турски јазик, зошто во спротивно нема да бидат потврдени (во писмото се споменувала и работата на три класни егзархиски училишта-м.б.). 41 Сѐ повеќе заплашуван од навлегувањето на српското влијание во училиштата во Дебарско-кичевската митрополија, митрополитот Козма бил принуден да испрати оглас и во егзархискиот весник Вести со барање за наставен кадар за Дебарската и Реканската каза Глигор Тодоровски, Малореканскиот предел..., ДАРМ: Фонд: 493 Дебарско-кичевска митрополија, , л Истото, , л Истото, , л и , л Во селата од Малореканскиот крај: Галичник, Селце, Росоки, Сушица, Лазарополе, Тресонче, Гари, Осој, Горно и Долно Мелничани, Косоврасти, Ростуше, Битуше, Требиште, Беличица, Никифорово, и Јанче. Во сите села работеле егзархиски училишта (вкупно 16). ДАРМ:Фонд: 493, Дебарско-кичевска митрополија, , л ДАРМ:Фонд: 493, Дебарско-кичевска митрополија, , л Истото, , л.4 41 Истото, , л Истото, , л

156 ГЛАСНИК Силвана Сидоровска-Чуповска Споровите околу црквите на двете пропаганди во Дебарско особено се засилиле кога Варнава во 1910 година бил поставен за епископ на Велешкодебарската епископија. Незадоволните од неговото поставување за епископ на 9 јуни истата година организирале протести во Кичево. 43 Истовремено, од Дебарско-кичевската митрополија било испратено известување до Егзархијата во кое се барало зголемување на ингеренциите на реканскиот архиерејски намесник Стефан, бидејќи со доаѓањето на српскиот епископ Варнава српската пропаганда била засилена. 44 Од друга страна, Варнава не бирал методи во разубедувањето на населението од Дебарско-кичевската митрополија, кога при една посета на селото Локвица го заплашувал населението со признавање на Патријаршијата. 45 Бугарската пропаганда бележела неуспеси и во регионот на Голема Река, каде со пристигнувањето на српскиот епископ населението сѐ повеќе пристапувало кон другата црквата. 46 Како одговор на ваквото дејствување со кое се нарушувал мирот во Епархијата често биле испраќани жалби од Дебарско-кичевската митрополија до мутесарифот во Дебар 47. Во една ваква неприродно наметната ситуација, во отпорот против пропагандите населението многу често започнало да ги практикува и уцените. 48 До почетокот на Првата балканска војна, бугарската и српската пропаганда не престанале да дејствуваат за стекнување предност на црковен и просветен план во Дебарско-кичевската митрополија. Тоа било време кога Егзархијата била економски опадната и немала средства за поддршка на просветата во митрополијата. 49 Во подобра позиција била српската пропаганда, на која ѝ поаѓало од рака преку училишниот кадар да биде се поприсутна во селските 43 Истото, , л Истото, , л Истото, , л Истото, , л Истото, , л Од повеќето, ги издвојуваме документите кои датираат од октомври 1911 година. Во едно писмо од Дебарско-кичевската митрополија, до управата на петтото класното женско училиште во Битола се барало да бидат примени како стипендиски ученичките Дева Цветанова и Анастасија Србинова од Кичево, бидејќи во нивниот крај српската пропаганда е многу силна. ДАРМ: Фонд: 493, Дебарско-кичевска митрополија, , л.124. Во едно друго писмо испратено од жителите на селото Битуше до дебарскиот митрополит, соопштувале за учителот Исаил Костов и неговото напуштање на училиштето за да го продолжи образованието. Родителите на децата кои ја посетувале наставата кај споменатиот учител барале нов учител или учителка, зошто во спротивно помош ќе побарале од српската прпаганда, односно нови учители. ДАРМ: Фонд: 493, Дебарско-кичевска митрополија, , л Пред почетокот на Првата балканска војна, Дебарско-кичевската митрополија за првпат немала средства за испраќање на школување на ниту еден кандидат во машката гимназија во Солун. ДАРМ: Фонд: 493, Дебарско-кичевска митрополија, , л

157 Споровите меѓу Срп. и Буг. пропаганда за црквите и училиштата населби каде домашниот учителски кадар се почесто бил заменуван со кадар од Кнежевството Србија. Најголема штета од црковно-просветните дејствување на двете пропаганди имало македонското население. Поделено и раскарано од нивното дејствување последиците ќе ги чувствува децении подоцна. 157

158

159 ГЛАСНИК ISSN СТАТИИ УДК 323.1(495.6:=163.3) 1904/1908 ГРЧКАТА МАКЕДОНСКА БОРБА ( ): ОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ Димитар Љоровски Вамваковски Научен соработник во Институтот за национална историја - Скопје Abstract The Greek term Macedonian struggle signified the historical period from 1904 until In its essence, this struggle was a paramilitary intervention from the Greek state against the Macedonian Revolutionary Organization (MRO). Through the historical sources in this article we analyze the main characteristics of the activities of the Greek paramilitary organization in the southern and central region of Ottoman Macedonia. Key words: Kingdom of Greece, Ottoman Macedonia, paramilitary, MRO, Patriarchy, Exarchy. Вооружената интервенција на Атина на територијата на Османлиската Империја ( ), (набргу по Балканските војни и освојувањето на дел од Македонија) од страна на грчката историографија добила своја митологизирана и идеализирана форма, рационално искористена во градењето на современата национална идеологија. Пласирана била тезата за постоење на историски континуитет во борбата на грчкиот народ за создавање на грчка национална држава. Тој континуитет во новото време започнал од 1821 година, како почетен стадиум, а грчката Македонска борба се сметала како втор значаен пункт на националниот живот по 1821 година. 1 Во таа насока, грчкиот историчар Апостолос Вакалопулос, акцентирајќи го овој период за врвен стадиум на еден долгогодишен историски развој, на следниот начин ја лоцира Македонската борба во националното конституирање на модерната грчка нација-држава, детектирајќи три големи етапи: Востанието од 1821 година, борбата за Македонија (крајот на XIX и почеток на ХХ век) и Балканските војни година. Втората етапа, според Вакалопулос, ја достигнува кулминацијата во година, бидејќи Македонската борба тогаш се систематизирала и 1 Παύλος Τσάμης, Μακεδονικός Αγών, Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών, Θεσσαλονίκη, 1975, стр

160 ГЛАСНИК Димитар Љоровски Вамваковски го достигнала својот врв. 2 Вака поставената теза од страна на грчката научна и политичка елита ја насочува грчката публика да верува дека македонскиот елинизам, поткрепен од грчката држава во форма на андартството, активно се борел за ослободување од османлиската доминација и приклучување на историските грчки територии кон веќе формираната грчка нација-држава. Во таа насока, ако грчкото востание од 1821 година резултирало со воспоставување на мала, но сепак независна држава, тогаш истото може да се третира како ослободително дело на различните христијански заедници на територијата на стара Грција против османлиската доминација. Меѓутоа, идеолошко-политичката и националната поставеност на грчката Македонска борба и самата вооружена активност на грчките паравоени формации на дел од територијата на османлиска Македонија не имплицирале дека нејзината основна цел била ослободување на Македонија, туку напротив борба која првенствено била насочена против автохотното македонско националноосободително движење пресликано во дејноста на Македонската револуционерна организација (МРО), а дури потоа и кон соперничките пропагандни институции на балканските држави (Бугарија, Србија и Романија). Во тој контекст, анализирајќи ги целите на грчката вооружена интервенција во постилинденскиот период во османлиска Македонија, грчкиот публицист Тасос Костопулос истакнува дека: целите на грчката интервенција биле сосема едноставни: уништување на четите и месните мрежи на ВМРО, и потоа, преку сила, колку било можно повеќе егзархиски села да бидат потчинети под духовна јурисдикција на Цариградската патријаршија. Покрај овој контрареволуционерен, плус националистички проект, тие немале план за водење каков било вид на ослободителна борба; османлиските сили од нивна страна биле третирани повеќе како вистински или можни сојузници, а не како непријателска сила... 3 Сличен е примерот и со Балакнските војни, кои од страна на тогашните балкански држави, меѓу кои и Кралството Грција, биле претставени како ослободителни. Но, сепак, тие во својата прва фаза не биле ништо повеќе од иредентистичка и експанзионистичка војна, која во втората фаза се претворила во меѓусојузничка, со цел што посоодветна поделба на територијата на Македонија. Од друга страна, грчките жртви од периодот на грчкото востание за независност, како и оние од времето на Балканските војни биле глорифицирани со победа, т.е. во првиот случај преку формирањето на независна држава, додека во вториот со територијално проширување на веќе етаблираното грчко кралство. Во случајот со грчката Македонска борба процесот на глорификација бил проследен со виктимизација на дадените жртви кои херојски се бореле и ги дале своите животи како маченици за идеалите на грчката нација. Во создавањето на ваквата перцепција не се водело сметка 2 Αποστολου Ε. Βακαλοπουλου, Ο μακεδονικος αγωνας ( ) ως κορυφαια φαση των αγωνων των Ελληνων για τη Μακεδονια, Θεσσαλονικη, 1985, стр Tasos Kostopoulos, Revolutionary and Counterrevolutionary Violence in Late Ottoman Macedonia ( ): Political Goals, Technical Patterns and Nationalized Memories, Balkan Nationalism(s) and the Ottoman Empire, Dimitris Stamatopoulos (ed.), Vol.II, Istanbul, 2015, стр

161 Грчката Македонска борба ( ): Општи карактеристики дали грчките маченици загинале во битки со османлиските вооружени сили, со чети на МРО, или, пак, со вооружените формации на другите балкански држави кои делувале на територијата на османлиска Македонија. Најеклатантен пример во оваа насока бил смртта на најголемиот грчки херој од овој период, офицерот на грчката армија Павлос Мелас. Имено, токму загинувањето на Мелас во битка со османлиските вооружени сили било искористено од страна на грчките национални идеолози да се создаде перцепција во грчкиот свет дека станува збор за еден од најголемите борци за слободата на Македонија. 4 Патем речено, Мелас бил убиен за време на вооружен судир со Османлиите, иако тој пристигнал во Македонија не со цел да војува против истите или пак од нив да ја ослободува Македонија. Напротив, до одреден степен, Мелас ја сметал османлиската власт како свој сојузник во борбата против силите на МРО. 5 Како и да е, историските факти, изворите и големиот број на документи од тој период посведочуваат што се случувало и каков бил карактерот на грчката Македонска борба. Па според тоа, на пример, грчкиот историчар и публицист Димитрис Литоксоу заклучува дека таа херојска борба постои само во книгите на грчките историчари. 6 ОСНОВНИ ЦЕЛИ НА АНДАРТСКОТО ДВИЖЕЊЕ ВО ОСМАНЛИСКА МАКЕДОНИЈА Андартското движење како и неговата дејност на територијата на османлиска Македонија првенствено било насочено кон дел од македонското население. Ова население сѐ до периодот на формирањето на Егзархијата (како и останатото христијанско население на Балканот) црковно припаѓало кон Патријаршијата. Врз основа на милет системот, како и тогашните критериуми поставени од грчката национална идеологија, целото население што било под јурусдикција на Патријаршијата во Османлиската Империја се сметало за дел од грчкиот етникум. Меѓутоа, по формирањето на Егзархијата во 1870 година, а потоа и со навлегувањето на романската пропаганда, дел од христијаните на Балканот ја напуштиле јурисдикцијата на Патријаршијата. Оттука, главна цел на андартите била да го вратат македонското население во Патријаршијата, односно да го принудат истото да ја напушти шизматичката црква и да се врати кон светоста на Патријаршијата, т.е. кон елинизмот. Во писмо до грчките офицери кои биле дел од андартските чети, главниот раководител на грчката вооружена борба во Битолскиот вилает, Георгиос Цонтос- Вардас, на следниот начин го објаснил начинот на кој тие требале да делуваат: Две работи може да направи еден Македономахос (борец за Македонија, б.н.): да се бори на секаков начин против интересите на Бугарофоните (шизматици) 4 Павлос Мелас загинал на 13 октомври 1904 година во селото Статица, Костурско под крајно сомнителни околности. 5 Βασιλης Γουναρης, Το μοιραιο δεκαημερο, εφ. Η Καθημερινη, Димитрис Литоксоу, Грчката антимакедонска борба I; Од Илинден до Загоричани ( ), Скопје, 2004, стр

162 ГЛАСНИК Димитар Љоровски Вамваковски Македонци и да им објасни дека нема да најдат мир додека нивните села не станат православни. 7 Концизно се гледа дека грчката Македонска борба не се водела за ослободување на грчкото население во Османлиската Империја, бидејќи таа не била насочена кон територии населени од Грци, напротив, со јасна намера, со помош на оружјето и вооруженото насилство и терор да се освојат душите на македонското христијанско население. 8 Целите на грчката вооружена интервенција во османлиска Македонија зависеле од потребите на грчката национална политика. Прогласувајќи ја МРО за главен непријател на грчките интереси, покрај останатите црковнообразовни пропагандни институции, грчката држава ја насочила целокупната вооружена активност против нејзините структури. Во општите упатства до грчките андартски чети во југозападна Македонија, испратени од раководството на грчкиот Македонски комитет 9, било нагласено: На секој начин во селата да се расформираат сите комитети на комитаџиите и да се формираат грчки комитети, кои ќе се грижат за грчките чети и за безбедноста на селата. 10 Според доктрината на грчката пропаганда било неопходно уништување на МРО и нејзина замена со грчка организација. 11 Официјална Атина поврзувајќи ја Внатрешната организација со бугарската пропаганда во Македонија, истата ја сметала за главен виновник во губењето на грчкиот етникум, т.е. за преминувањето на македонското население од Патријаршијата кон Егзархијата. Најважна наша грижа, напишал во своите спомени грчкиот андартин, Јоанис Каравитис, би требало да биде обезбедувањето на селаните да станат слободни и самите да изберат што сакаат да бидат, Грци или Бугари. За да се случи тоа 7 Γεωργιου Τσοντου - Βαρδα, Ο Μακεδονικος Αγων, Ημερολογιο , Τομος Α`, Εισαγωγη-επιμελεια-σχολια Γιωργος Πετσιβας, Αθηνα, 2003, стр. КН. 8 Во прилог на констатацијата дека грчката Македонска борба не била насочена кон ослободување на делови од територијата на османлиска Македонија, како што веќе споменавме, ни користи и чл. 2 од највисокиот програмски документ на грчкиот Македонски комитет, во кој се вели дека целта на андартското движење била: одбрана на елизнизмот во Македонија, Тракија, Епир и Албанија, против секој обид за негово ослабнување и враќање на селата или поединците во неговите редови, кои насилно биле принудени да се отцепат и насилно да остануваат во шизмата. 9 Грчкиот Македонски комитет бил формиран на 22 мај 1904 година во Атина, под раковоство на Димитриос Калапотакис, сопственик на атинскиот весник Емброс. 10 Παύλος Τσάμης, Μακεδονικός Αγών, Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών, Θεσσαλονίκη, 1975, стр Во пролетта 1905 година, по враќањето од Македонија во Атина, водачот на андартската чета Јоанис Каравитис претставувајќи ги дотогашните вооружени акции на грчката пропаганда во југозападна Македонија пред претставници на грчкиот Македонски комитет, го кажал следното: Им ги покажав селата од кои поминавме, селата кои ни користеа како бази, но и базите на комитите, како и местата кои треба да ги расчистиме идното лето..., мислејќи на местата организирани од страна на МРО. Ιωαννου Καραβιτη, Ο μακεδονικος Αγων, Απομνημονευματα, Τομος Α, Εισαγωγη, Επιμελεια, Σχολια Γιωργος Πετσιβας, Αθηνα, 1994, стр

163 Грчката Македонска борба ( ): Општи карактеристики прво треба да успееме да ги прогониме комитите. 12 Ј. Каравитис тргнувајќи од нивниот начин на дејствување имал сосема погрешна перцепција за Внатрешната организација. Тој ја сметал МРО за нешто увезено, неавтохтоно, во која месното население било насила вовлечено под вооружена принуда. За него било тешко да разбере дека таа произлегла од волјата и желбата на самото македонско население за слобода и национално конституирање. Во секој поглед, завладувањето на нови територии за сметка на веќе организираниот простор од страна на македонското револуционерно движење претставувала една од целите на грчкото андартско движење, со намера да го спречат развојот на македонскиот протонационализам промовиран од страна на МРО и организираното делување за отстранување на османлиската доминација, со крајна цел создавање на автономна македонска држава. Од друга страна, грчките вооружени групи во Македонија имале јасни инструкции од своите претпоставени во Атина, доколку тоа било возможно и според дадената ситуација на секаков можен начин да ги избегнуваат контактите и вооружените судири со османлиската војска. Според замислата на идејните творци на андартското движење главен непријател на грчките интереси била МРО и егзархиските првенци во османлиска Македонија. Па според тоа, особено кога станувало збор за МРО, најголем дел од водачите на грчките чети ја сметале месната османлиска власт како свој сојузник или, во најмал случај, истата би се однесувала индиферентно и немала да ги попречува во спроведувањето на нивната национална мисија. Каравитис нагласил дека грчкиот Македонски комитет дециндо наредил: избегнувајте го аскерот колку што можете, но во случај да морале да војуваат со нив, подобро е да се предадете отколку да бидете убиени. 13 Ефтимијос Каудис, еден од водачите на андартските групи, пак, на селаните во Костурско на следниот начин им ја објаснувал мисијата на андартите: јас им кажав да разберат дека имаме наредба да ги заштитиме христијаните и муслиманите и да избегнуваме судири со властите. 14 Ваквата поставеност на грчката Македонска борба до одреден степен им одела во прилог на османлиските власти, на кои им конвенирала контролирана анархична ситуација на нивната територија, со единствена цел оправдување пред Големите сили за неспроведувањето на дел од одредбите од Мирштецките реформи. За јасно декларираната позиција на андартското движење, дека нивните дејства не биле насочени против територијалниот интегритет на Османлиската Империја, биле запознаени и месните османлиски власти. П. Мелас во последниот извештај до грчката влада од есента 1904 година, напишал дека османлиската политичката власт не ни е наклонета, додека воената, особено оние кои се наоѓаат на чело на воените единици, нè прифатија со ентузијазам. 15 Но и самиот Мелас се сомневал во горекажаното, поставувајќи си го прашањето: дали можеме да имаме доверба во Турците? 12 Ι. Καραβιτη, Ο μακεδονικος Αγων..., стр Истото, Μουσειο Μακεδονικου αγωνα, Φθινοπωρο του 1904 στην Μακεδονια; Το ανεκδοτο ημερολογιο του Μακεδονομαχου Ευθυμιου Καουδη, Θεσσαλονικη, 1992, стр Π. Τσάμης, Μακεδονικός..., стр

164 ГЛАСНИК Димитар Љоровски Вамваковски Особено кога тие знаат дека секаде и секогаш добро плаќаме и лесно можат да заклучат дека сме полни со лири. И покрај информациите дека битолскиот валија издал наредба за прогонување на грчките чети, Мелас, водејќи се од начелата на нивната борба, чуствувал должност на леринскиот кајмакам преку писмо да му ја образложи целта на нивната дејност во османлиска Македониија:... го уверував дека мојата цел е само да ги казнам бугарските убијци и да ги заштитам нашите браќа од нивните орди; дека никој друг нема да нападнам; дека плаќам за сè; дека ја почитувам османлиската власт и војската пред која се повлекувам (освен ако некогаш бидам опколен од неа се разбира дека нема да се предадам). 16 Власта во Лерин остро реагирала на писмото во кое децидно било нагласено дека целта на грчките чети била заштитата на македонските патријаршиски села, а било препратено и до генералниот управник на Македонија Хилми-паша. Во секој случај, и покрај соработката за сметка на МРО меѓу претставниците на грчката пропаганда во Македонија и месната османлиска власт, последната не можела да допушти слободно дејствување на своја територија на паравоени формации од една соседна држава. На таков начин се нарушувал интегритетот на султанската власт, како пред домашната, така и пред меѓународната јавност, особено по зачестеното практикување на вооруженото насилство и тероризмот на андартските групи врз недолжното македонско население. Всушност историјата на грчката Македонска борба покажува дека андартските групи најголемите загуби во вооружените судири ги претрпеле токму од османлиската војска. Тоа во голем степен се должи и на погрешната перцепција на водачите на грчките чети кои сметале дека османлиската власт целосно ќе го допушти спроведувањето на нивната национална програма. Оваа констатација недвосмислено ни ја потврдува и Ј. Кравитис, забележувајќи: Мелас имаше една настојчива, но погрешна идеја, дека Турците кон нас се преправаат дека не нè гледаат, бидејќи ги прогонуваме бугарските злосторници. 17 Ваквата погрешна идеја, т.е. лошата проценка на ситуацијата во османлиска Македонија за голем број андарти значела и губење на нивните животи. Таков бил крајот и на П. Мелас, кој игнорирајќи ги предупредувањата од опасноста која му се заканувала, загинал во судир со османлиската војска на 13 октомври 1904 година. Во краен случај, од ваквата поставеност на андартското движење се воочува дистинкцијата, покрај останатото, со целите на МРО, која во својот Устав во чл. 3 ја потенцирала борбата против турската власт, 18 што и претставувало круцијален поттикнувачки фактор за мобилизација на народните маси. 16 Истото, Ι. Καραβιτη, Ο μακεδονικος Αγων..., стр Манол Пандевски, Програмски и статутарни документи на Внатрешната македонска револуционерна организација ( ), Скопје, 1998, стр

165 Грчката Македонска борба ( ): Општи карактеристики НАЧИНИ, СРЕДСТВА И МЕТОДИ ВО ДЕЛУВАЊЕТО НА АНДАРТСКОТО ДВИЖЕЊЕ Во основа андартското движење претставувало терористичка организација, т.е. паравоена формација на Кралството Грција која дејствувала на делови од османлиска Македонија. Целта била завладување на територии кои биле под османлиска доминација, меѓутоа веќе биле организирани од една автохтона герилска организација каква што била МРО. Методите на андартството биле користење на терор, насилство и заплашување на месното население во насока на негово враќање или останување во рамките на Патријаршијата, со што се ограничувале слободата и правото на вероисповед. Поимот паравоена организација означува воена структура која е организирана како напоредна воена формација на регуларната армија на одредена држава или на одделни нејзини партии на власт, или на организации блиски до власта, додека нејзината цел е преку субверзивна активност да подготвува терен за завладување на одделни територии. 19 Главни носители на грчката Македонска борба во грчкото кралство, покрај поединци од националистичките кругови во Атина, биле претставниците на официјалната држава. Тие имале круцијално влијание во водењето на вооружената борба, како дел од извршната власт или индивидуалци поставени во управата на грчкиот Македонски комитет. Од друга страна, андартското движење во османлиска Македонија било координирано и раководено преку Министерството за надворешни работи и грчките конзулати, од офицерите на грчката армија и високото патријаршиско свештенство, во чиј избор влијание имала и грчката влада. Во однос на финансирањето, главните трошоци биле покриени од буџетот на Кралството Грција, но и од донации на поимотни грчки државјани, како и од богатата грчка емиграција. Што се однесува конкретно до учесниците во грчкото вооружено движење, т.е. андартите, тие биле платеници кои за својата работа добивале месечна плата. 20 Офицерите, пак, кои всушност биле и водачи на андартските групи, за време на нивниот престој во османлиска Македонија добивале платено остуство и биле привремено ослободувани од служба во грчката армија. Офицерите за време на престојот на територијата на Империјата без разлика дали биле назначени во грчките конзулати или, пак, биле дел од андартските чети, секогаш во комуникацијата користеле псевдоними, со единствена цел при евентуално откривање од страна на османлиските власти да не дојде до нивно поврзување со грчката држава. 21 Целокупната дејност на грчкиот Македонски 19 Марија Пандевска, Струмички револуционерен округ ( ), книга I, Скопје, 2002, стр Во општите упатства до грчките андартски чети во југозападна Македонија, испратени од раководството на грчкиот Македонски комитет, се нагласува дека платата на андартите ќе се исплаќа согласно со последниот извештај на Павлос Мелас. Π. Τσάμης, Μακεδονικός..., стр Во писмо на Николаос Кондогурис (грчки офицер поставен да работи во грчкиот конзулат во Битола) до Георгиос Цонтос (Вардас) од 10 декември 1904 година, се вели: Ве молам вимателно да избегнувате во вашите писма и во вашиот дневник, ако таков 165

166 ГЛАСНИК Димитар Љоровски Вамваковски комитет и на грчката влада, посебно нивните меѓусебни врски, во текот на грчката Македонска борба се карактеризирале со конспиративност. Целта била пред османлиската власт и пред меѓународната јавност да се покаже дека андартското движење било автохтоно дело на македонскиот елинизам и дека официјална Атина немала никаква поврзаност со грчките вооружени акции во Македонија. Основниот начин на дејствување на грчката паравоена организација било заплашување и насилство, односно терор врз месното македонско население. Според грчкиот историчар Димитрис Ливаниос, грчката Македонска борба имала повеќе психолошки отколку воен карактер, чиј почеток се карактеризирал со политичка акција, секако мислејќи на периодот пред почетокот на андартското движење, а кулминирал со вооружено насилство. 22 Идеолозите на борбата сметале дека вооруженото насилство и терор биле единствените начини кои дефинитивно ќе овозможеле црковно т.е. национално определување на македонското население. Практиката на грчките вооружени групи да спроведуваат терористички акции, чија вистинска цел е пред сè да создадат страв меѓу одредени категории од населението на една територија или меѓу сите нејзини членови, 23 претставувало обид да се принуди непријателот да функционира по нивна волја. Исто така, според Ливаниос, примарната цел на андартското движење била психолошка експедиција изведена со воени средства. 24 Во тој случај, користењето на воени средства од страна на грчката пропаганда значело користење на терор и насилство кои во основа претставувале принуда со која терористите влијаат врз сознанието (психата) на објектот, со цел негово мотивирање да преземат, или не, некакво дејствие, т.е кон насочување на определено однесување посакувано од терористите. 25 Од друга страна, теророт и насилството продуцирале страв кој требало да биде одлучувачки фактор во опстојување или кон враќање на одредено село во рамките на Патријаршијата. Како резултат на извршувањето на терористички дејствија се создал т.н. синдром на последици од насилството кој се карактеризирал со пројави на страв, паника и несигурност. 26 Во такви околности многу полесно било спроведувањето на грчката национална доктрина, односно како што забележал Вардас во писмото до Зимвракакис Епаминондас (Памикос) од 26 јануари 1905 година, дека по нападот на костурското село Либешево и убиството на месниот војвода Костандо Живков пишувате, споменување на какво било име, личност или село... Ви испраќам нов криптогравски алфабет за допишување меѓу вас и мене, Рувас и другите... Γ. Τσοντου - Βαρδα, Ο Μακεδονικος Αγων, Ημερολογιο , стр Δημητρη Λυβανιου, Πολιτικες προτεραιοτητες του Μακεδονικου αγωνα, Ιστορικα, Η Συγκροτηση του νεοελληνικου κρατους, Αθηνα, Ιουλιος 2010, стр Георги Стоянов, Тероризам; История и генезис, Военно издавателство ЕООД, 2003, стр Dimitris Livanios, Conquering the Souls: Nationalism and Greek Guerilla Warfare in Ottoman Macedonia, , Byzantine and Modern Greek Studies, 23, 1999, стр Георги Стоянов, Тероризам; История..., стр Истото, 17,

167 Грчката Македонска борба ( ): Општи карактеристики имавме напредок, шизматичките села Либешево, Жиговишта и Бухин дојдоа со нас 27 т.е. се вратија кон Патријаршијата. Андартската организација користела најразлични методи за да го принуди македонското население да се откаже од Егзархијата и да се придружи кон духовното водство на Цариградската патријаршија. Некогаш единствено било доволно андартите да посетат одредено село за да тоа се врати во рамките на Патријаршијата. Процесот бил прилично едноставен. На пример, при посетата на селото Прекопана за време на последната експедиција на П. Мелас во Македонија, есента 1904 година биле убиени влијателните егзархисти, свештеникот и учителот, кои според логиката на Мелас имаа важно место во Комитетот, т.е. МРО. Потоа, пишува Мелас, ги поканив сите селани, посебно старешините кои порано беа православни (патријаршисти, б.н.) и им укажав со топол пријателски говор да се вратат во православието (Патријаршијата, б.н.). 28 Во продолжение водачот ги замолил присутните селани да се изјаснат за нивните црковни и национални чуства, потенцирајќи дека ќе го почитувал нивниот избор, но дека на никого нема да дозволам да врши притисок врз Грците (патријаршисти, б.н.) и да ги тера насилно да се отцепуваат. 29 Откако Мелас ја завршил агитацијата им наредил на жителите на Прекопана да дадат заклетва за оданост и верност кон православието и, второ, да поднесат исто таква изјава пред кајмакамот и митрополитот, но и да побараат од вториот, во рок од 10 дена, да им испрати грчки свештеник и учител. На крајот тој отворено им се заканил на селаните, дека по заклетвата која ја дале, ако некој од нив отстапи од ветеното ќе го сметам за Бугарин и човек кој ја погазил својата заклетва, па според тоа и соодветно ќе го казнам. 30 Ова претставувало само еден од мноштвото на вакви или слични на овие настани кои се случиле во текот на грчката Македонска борба. Воочлива е употребата на закани, уцени, насилство и убиства врз месното македонско население, со единствена цел да се влијае врз нивната психа т.е. да им се всади страв и да им се наметне дека единствено решение било прифаќањето на црковната и националната определба диктирана од грчката пропаганда. Следен метод кој бил практикуван од страна на грчките паравоени формации бил испраќањето на предупредувачко-заканувачки писма. Во нив бил поставен ултиматум, кој доколку не бил прифатен од селаните тогаш се стапувало во акција, односно кон принуда на македонското население преку ноќ да стане грчко. 31 Заканувачките писма биле потпишувани од страна на водачот на андартската чета, адресирани најчесто до највлијателните жители на селото, т.е. кметот, учителот или свештеникот. За подискриптивно претставување на овој вид притисок ќе пренесеме дел од едно такво писмо, 27 Γ. Τσοντου - Βαρδα, Ο Μακεδονικος Αγων, Ημερολογιο 1904, стр Π. Τσάμης, Μακεδονικός, стр Истото, Истото. 31 Крсте Битовски, Грчката македонска борба, Скопје, 2001, стр

168 ГЛАСНИК Димитар Љоровски Вамваковски испратено до селото Арапли, Солунско. 32 Писмото датира од 20 март 1908 година, на кое стоел округол печат со натпис капетан Апостолис. Од истото дознаваме дека претходно било испратено уште едно писмо, за кое Капетанот констатирал дека селаните не го добиле, поради што сум принуден повторно да ви напишам, за да разберете дека единствениот ваш спас е да станете Грци. Откако ги прогласил селаните за Бугари-Македонци, набргу ретерирал од свој став и посочил дека такви не постојат, за да веднаш потоа им порачал: во некое село постојат луѓе кои не се убедени дека се со грчко потекло, тоа, по потреба, ќе ги научиме ние, прво со советување, а постоа и со меч. Во продолжение на прилично долгото писмо, водачот на андартската чета најдобронамерно им укажал на селаните за нивното историско потекло, докажувајќи со историски факти дека тие не се Бугари и дека неговата цел е да ги врати на вистинскиот пат, ако треба и со помош на оружје. Сосема на крај авторот на писмото заклучил: Штом го примите моето писмо треба да станете Грци, инаку овие денови очекувајте да дојдам за да ве научам дека Бугарите не се Македонци... Ќе ве изгорам и вас и вашите деца... Не ќе оставам ниту еден од вас... Повеќе не чекам! Или сега веднаш ќе се вратите (под јурисдикција на Патријаршијата, б.н.) или некој ден сите ќе ве убијам. Ќе ви покажам дека Грците можат да чекаат, но дека трпението има граници. Значи, или едното или другото. И чекам брз одговор. Вака формулираното писмо, полно со закани и уцени, било доволна причина за жителите на засегнатото село да преминат на страна на Патријаршијата, а со тоа и кон елинизмот, посебно ако тие не биле организирани и заштитени од организационата мрежа на МРО или нејзината стрктура во селото била слаба. Андартите употребувале и друг метод, односно од одредено село земале заложници, со што ги принудувале сите селани да станат Грци, бидејќи во спротивно заложниците би биле убиени. 33 Во секој случај, најесктремен метод употребуван од страна на грчките формации претставувал класичниот терористички напад на одредено населено место. Тоа се реализирало откако жителите на избраното не обрнувале внимание на заканувачките писма на андартските водачи или, пак, нападот најчесто бил реализиран без никакво претходно предупредување. Во најголем број од примерите изборот паѓал на села кои во дадениот момент, или во минатото, пред сè за време на Илинденското востание, претставувале значајна база на МРО или, пак, во други случаи, егзархиската црковна организација имала поголемо влијание. Но, имало и напади на села кои не спаѓале во претходните две категории, додека нивниот избор, а со тоа и напад, требало да претставува предупредување за неговите жители или на македонското население од околните населени места. Пред реализацијата на конкретниот терористички акт водачите на андартските чети се подготвувале неколку дена. Во тој период тие собирале детални информации за највлијателните жители на селото, а најчесто информациите ги добивале од претставници на грчкото свештенство или поединци од самото село кои биле поткупени од грчката пропаганда. Исто така, доаѓало до групирање на неколку андартски чети, со што бројот на 32 Фотокопија од писмото се наоѓа кај авторот. 33 К. Битовски, Грчката Македонска, стр. 218,

169 Грчката Македонска борба ( ): Општи карактеристики четниците бил значително голем, со цел поефикасно извршување на зададената цел. Терористичкиот чин најчесто бил реазлизиран во доцните вечерни или раните утрински часови и секогаш бил користен факторот на изненадување и неподготвеност за самоодбрана или активирање на селската милиција на МРО од конкретното или околните села. Нападот бил молскавичен и траел неколку часа, сè до оној момент кога андартите сметале дека ја завршиле поставената задача или почуствувале опасност дека можат да бидат нападнати од четите и селската милиција на МРО или, пак, од активирањето на османлиската војска, со која секако дека не сакале да имаат никаков вооружен контакт. Вооружениот акт се карактеризирал со насилство и терор врз недолжното население, со убиство на голем број невооружено население, кои за андартите најчесто биле вооружени комити, потоа следеле грабежи, но и убиства на добиток и опожарување на недвижниот имот. Откако ќе завршел нападот, андартските чети се повлекувале на сигурно во своите бази. По неколкудневно криење и чекање да се стабилизира ситуацијата и прогонот од османлиската војска се разделувале и секоја група се враќала во својот реон на дејствување, а некои се повлекувале и на територијата на грчката држава. Класичен пример за овој метод на работа претставуваат нападите на селата Зеленич, Загоричани и Неволјани. Првиот крупен терористички напад се случил на 13 ноември 1904 година, во селото Зеленич (Леринско), во македонската историографија попознат уште како и Зеленичка крвава свадба. На тој ден, 36 андарти под водство на водачите Катехакис, Каудис, Пулакас и Вранас, без никаква причина го нападнале селото, а како повод им послужила свадбата на внуката на егзархискиот свештеник во Зеленич. Убиени биле 11 селани, а 4 биле ранети. 34 Најжестокиот напад во текот на грчката Македонска борба се случил на 25 март 1905 година, кога во селото Загоричани (Костурско) околу 200 андарти извршиле типично злосторство врз недолжното македонско население. Убиени биле голем број селани, а опожарен бил и добар дел од селото. 35 Последниот пример кој ќе го наведеме, за кој во македонската историографија е малку пишувано, се однесува на нападот на селото Неволјани (Леринско). Овој напад бил сличен како оној во селото Зеленич, т.е. повторно се случил на свадба, а го извршила четата на Криќанецот Ефтимијос Каудис. 36 Оттука, се поставува прашањето за какви херои, маченици и ослободители мисли грчката историографија и грчките национални идеолози кога истите направиле класични злосторства против невино и невооружено население?! Како и да е, покрај наведените методи и средства кои најчесто биле користени од страна на андартските паравоени формации, биле практикувани и многу други од различен вид. Тие најчесто зависеле од начинот на дејствување и проценките на поедини водачи на грчките чети, од наредбите кои ги 34 К. Битовски, Грчката Македонска, стр Д. Литоксоу, Грчката антимакедонска..., стр Αγγελος Α. Χοτζιδης, Ευθυμιος Καουδης, Ενας κρητικος αγωνιζεται για τη Μακεδονια: Απομνημονευματα ( ), Μουσειο Μακεδονικου Αγωνα, Θεσσαλονικη, 1996, стр ; В. Трифуновь, Нападение на сватбата вь с. Неволяни, Леринско, Илюстрация Илиндень, София, октомври, 1940 г., стр. 11,

170 ГЛАСНИК Димитар Љоровски Вамваковски добивале од своите претпоставени, пред сè центрите на грчката пропаганда во Македонија, од моменталните околности и местоположбата на одредено населено место, од ангажирањето на османлиската власт, како и од присуството на четите на МРО и поставеноста на нејзината организациона структура. 170 (НЕ)УЧЕСТВОТО НА МАКЕДОНСКОТО НАСЕЛЕНИЕ ВО АНДАРТСКОТО ДВИЖЕЊЕ Од посебна важност за природата и целите на грчката вооружена интервенција во османлиска Македонија било учеството на месните македонски патријаршисти, посебно нивното присуство во андартските чети. Тоа според поставеноста на грчката национална доктрина би претставувало најуверлив доказ за нивните грчки чувства, но и претставување пред Европа дека тоа била автохтона борба на грчкиот етникум од тие делови на Македонија. 37 Освен тоа, нивното партиципирање во андартската организација било важно и од практични причини. Имено, македонските патријаршисти го знаеле јазикот и менталитетот на локалното население, но и теренот на кои андартите требале да делуваат. 38 За разлика од нив, регрутацијата на борци од грчката држава, посебно на жителите од островот Крит (кој во тој период имал автономен статус во рамките на Османлиската Империја), се одвивала без поголеми потешкотии. За нив финансиските средства претставувале главен мотив за учествоτο во грчката Македонска борба. Од друга страна, Криќаните се карактеризирале со избувливост и недисциплина, при што често доаѓале во судир со своите водачи или останатите соборци од грчкото кралство или од османлиска Македонија, но и со османлиските власти, за кои, и покрај официјалниот став да се избегнуваат какви било вооружени конфликти со нив, навикнале да ги сметаат за свои непријатели, создавајќи си на таков начин дополнителни противници. 39 Исто така, од посебна важност за грчката вооружена пропаганда, пред сè за опстојувањето, мобилноста и ефикасноста на андартските чети преставувала нивната бројност. Големите чети тешко се засолнувале или обезбедувале, а особено проблематично било да останат незабележани од османлиските власти. Тоа се потврдило и со делумното уништување на четата на Никостратос Каломенопулос (Нидас), која броела 115 андарти и која на 16 април 1905 година била опколена од османлиската војска во селото Белкамен. 40 Во секој случај, најголем дел од андартските чети биле помали, во просек од 20 до 40 борци. Од самиот почеток идеолозите на грчката Македонска борба и водачите на андартските чети сфатиле дека без ангажираноста на месното патријаршиско население не само што немале да бидат во можност да ја реализираат својата 37 Δ. Λυβανιου, Πολιτικες προτεραιοτητες του Μακεδονικου..., стр D. Livanios, Conquering the Souls: Nationalism and, стр Ιακωβου Δ. Μιχαηλιδη, Οργανωτικα προβληματα και ανταρτικη διαβιωση, Ιστορικα, Η Συγκροτηση του νεοελληνικου κρατους, Αθηνα, Ιουλιος 2010, стр Ο Μακεδονικος αγων και τα εις Θρακην γεγονοτα, Γενικον επιτελειον στρατου; Διευθυνσις ιστοριας στρατου, Αθηναι, 1979, стр. 191, 192.

171 Грчката Македонска борба ( ): Општи карактеристики мисија, но би било и прашање на време нивното опстојување во една за нив непозната околина. Се појавила потребата од формирање на еден вид надзорништво кое имало за задача да ги координира четите, информаторите и куририте, да се грижи за нивната исхрана, сместување и лекување на ранетите. 41 Прв кој започнал да формира Национални комисии 42 или Центри во селата бил П. Мелас, а подоцна неговиот пример го следеле и останатите водачи на чети. Одговорноста на овие т.н. Национални комисии требало да претставува олеснување и грижа за дејноста на андартските чети. 43 Комисиите биле составени од мал број членови (обично 4 или 5 лица), а главни кадри биле патријаршиските првенци, грчки учители, свештеници и лекари. Членовите на комисиите требало да ги одредуваат водачите на четите; да пренесуваат секаков вид информации за постоењето и движењето на четите на МРО (или еветнуално на романските чети ); но секако и за движењето на османлиската војска. Комисиите, исто така, имале одговорност да го обезбедуваат населеното место од влијанието или дејствијата на МРО, за што биле формирани платени стражи 44 назначени од водачите на андартските чети. 45 Според историчарот Крсте Битовски, платените стражи или како што тој ги именува башибозук не можеле да претставуваат исто што и селската милиција на МРО. Според Битовски, милицијата на Организацијата била вооружена сила во составот на македонското револуционерно движење за борба против османлиската власт, и таа не напаѓала христијанско и мирно муслиманско население. Од друга страна, Битовски констатира дека грчката милиција ја играла токму улогата на муслиманскиот башибозук оддел во помош на андартите против браќата по Христа Βλαση Βλασιδη, Ο αγωνας των αμαχων, Ιστορικα, Η Συγκροτηση του νεοελληνικου κρατους, Αθηνα, Ιουλιος 2010, стр Основата на Националните комисии се темелела на организацијата Амина, формирана од Јон Драгумис и неговите следбеници во декември 1902 година. 43 Во својот последен Извештај од есента 1904 година, Павлос Мелас забележал: Најголеми тешкотии ми создава непостоењето на една внатрешна (месна) организација. Во продолжение тој го опишал начинот на кој тој формирал комисии во Невеска, селата Лехово, Стребено, Негован, Белкамен и Долно Котори. Според Мелас целта и задачите на овие комисии биле три: Прво, да се грижат, да им пружат сигурно засолниште и да им обезбедат храна на нашите чети. Второ, да им обезбедуваат сигурност на нивните села, и трето, да вршат пропаганда во нивното село и во околните села, во кои некои личности имаат посебен авторитет. Π. Τσάμης, Μακεδονικός..., стр Платени стражи најчесто биле формирани во села од елинофоната зона т.е. јужниот дел на османлиска Македонија, но исти такви постоеле и во селата северно од оваа зона, посебно населени со албанофоно или влахофоно население, но и во македонските патријаршиски села каде било значително влијанието на грчката пропаганда. Во есента 1904 година, прв кој почнал да формира вакви стражи бил Павлос Мелас, во селата Стребено, Белкамен и Негован. 45 Β. Βλασιδη, Ο αγωνας των..., стр К. Битовски, Грчката Македонска..., стр

172 ГЛАСНИК Димитар Љоровски Вамваковски Како и да е, покрај одредените придобивки за грчката вооружена пропаганда во османлиска Македонија, сепак историчарот Власис Власидис констатирал дека Националните комисии не ги дале очекуваните резултати во пракса. 47 Според него главната причнина за нивниот неуспех од една страна било незнаењето на месните услови и менталитетот на месното население, а од друга страна непостоењето на стабилна координација со една централна власт. 48 Но, сепак, главната причина за неуспехот на една ваква организација се базира на фактот дека истата била создадена од еден надворешен фактор, во случајот грчката држава, а нејзиното постоење во целост не се совпаѓало со интересите на поголемиот дел од христијанското население во Македонија. Истата била насочена и се борела против целите на МРО автохтона герилска организација која произлегла, егзиситирала и се залагала исклучиво за интересите и потребите на месното македонско население. Во таа насока, за дејноста на туѓите пропаганди, меѓу кои и грчката, се дискутирало и на општиот Рилски конгрес на МРО од октомври 1905 година. Од донесените резолуции се заклучило дека Организацијата до некаде би ги толерирала легалните пропаганди, како црковно-просветните, со исклучок, доколку истите не делувале во насока на отргнување на населението од Организацијата и од нејзината револуционерна дејност. 49 Што се однесува до функционирањето на вооружените пропаганди на територијата на османлиска Македонија, во конгресната одлука на МРО децидно било нагласено: Тргнувајќи од своите непосредни задачи, Организацијата се смета за должна да се грижи за безбедноста и за интересите на своите членови. Организацијата најстрого ги осудува дејствата на пропагандите со нелегални средства, бидејќи тие се упропастувачки за населението и штетни за ослободителното дело, и ги прогонува виновниците. Причините поради кои таа ги прогонувала со сите сили и средства се следниве: Тие се орудија на држави и влади што сакаат да ја завладеат територијата на Организацијата; Како такви, тие се и против автономија на Македонија и Одринско; Тие го разединуваат населението и со тоа му ја смалуваат силата за борба против Турците; Убиваат невини луѓе за кои Организацијата е должна да се грижи и да ги чува, и Дејствуваат здружени со турските власти Β. Βλασιδη, Ο αγωνας των..., стр Истото, Манол Д. Пандевски, Внатрешната македонска револуционерна организација и неоврховизмот ( ), Скопје, 1983, стр М. Д. Пандевски, Внатрешната македонска револуционерна..., стр

173 Грчката Македонска борба ( ): Општи карактеристики На крај, треба повторно да се потенцира фактот дека не постоела единствена контрола на дејноста на андартската организација во османлиска Македонија. Целата управа на грчката борба во Битолскиот вилает ја имал грчкиот Македонски комитет, додека Мазаракис со останатите офицери од Централна и Источна Македонија биле под команда на Генералниот конзулат во Солун, т.е. управувани од конузлот Л. Коромилас. 51 Грчката влада главно поради политички, но и поради практични причини, ја дозволила и толерирала управата на борбата во Западна Македонија под раководство на македонската организација од Атина. Официјална Атина, како што се гледа и од конзулските документи на грчкото МНР, не била во целост задоволна од начинот на дејствување, но сепак го поддржувала комитетот со значајни финансиски средства и оружје. 52 И покрај тоа што владата во Атина индиректно стоела зад одлуката и иницијативата за организирање и испраќање чети во Македонија, за неа отсекогаш било во корист (што и го практикувала) движењето да се претставува пред европската јавност како дејност зад која таа како државна власт не стоела. Со ваквата поделба на котролата на дејноста во двата вилаети воопшто не бил задоволен солунскиот конзул Коромилас, бидејќи како што сметал тој, а подоцна се покажало и во пракса, недостасувала координација, но и желба конзулот да ја има целосната управа и контрола на борбата во цела Македонија. Коромилас мислел дека организацијата треба да се прошири со офицери на конзулатот и во Западна Македонија, како што бил случајот со Солун. За таа цел го испратил К. Мазаракис во Битола. На почетокот на 1905 година, Мазаракис со упатства од конзулот пристигнал и во Атина за да разговара со грчкиот политички врв на оваа тема. Министерството за надворешни работи и грчкиот престолонаследник Констандинос го одобриле предлогот на Коромилас, додека премиерот Теотокис бил воздржан. Но, сепак, Калапотакис настојувал управата на борбата да се води од Атина. На крајот Мазаракис успеал да издејствува едно компромисно решение. Грчкиот Македонски комитет од Атина да продолжи да испраќа чети во Битолскиот вилает, но дејствата да бидат раководени од конзулатот во Битола каде што исто така биле назначени грчки офицери, а секогаш кога ќе се појавела потреба или ќе постоел некаков проблем координацијата да се вршела од Солун. 53 * * * Изворниот материјал недвосмислено ни го потврдува фактот дека т.н. Македонска борба ( ) претставува активност на една паравоена организација на грчката држава кој делувала на дел од територијата на османлиска Македонија. Нејзина основна цел не била ослободување на Македонија од османлиска доминација, како што се тврди во грчката историографија и грчката национална идеологија. Реалните факти од изворното градиво од 51 Γ. Χ. Μοδη, Μακεδονικος αγων και μακεδονικες αρχηγοι, Θεσσαλονικη, 1950, стр Ιστορια του ελληνικου εθνους, νεωτερος ελληνισμος απο 1881 ως 1913, Τομος ΙΔ, Αθηνα, 1977, стр Истото,

174 ГЛАСНИК Димитар Љоровски Вамваковски грчка провиниенција ни укажуваат дека во овој случај, како и во примерите со останатие балкански нации-држави, се работи за паравоена формација чија основна цел била конвертирање и задржување на дел од православните христијани во османлиска Македонија под духовно водство на Вселенската патријаршија, што во тие услови би значело и некаква нивна припадност кон елинизмот. Оттука, грчката Македонска борба може да се смета како прелудија на Балканските војни ( ), процес кој паралелно се одвивал и со српската и со бугарската интервенција во османлиска Македонија по Илинденското востание од 1903 година. 174

175 ГЛАСНИК ISSN СТАТИИ УДК (497.11) 1912/13 ТЕРИТОРИЈАЛНОТО ПРОШИРУВАЊЕ НА КРАЛСТВОТО СРБИЈА НИЗ ПРИЗМАТА НА АЛЕКСАНДАР БЕЛИЌ: СРБИТЕ И БУГАРИТЕ ВО БАЛКАНСКИОТ СОЈУЗ И ВО МЕЃУСЕБНАТА ВОЈНА Македонка Митрова Научен советник во Институтот за национална историја Скопје Abstract Aleksandar Belic (Belgrade, 1/13 August 1876 Belgrade, 26 February 1960) was a renowned Serbian linguist and Slavist. In his entire linguistic scientific opus, his scientificpopular book titled: Serbians and Bulgarians in the Balkan Alliance and in War against Each Other, published in Belgrade in 1913, stands out. This Belic s popular study differs from his other publications, because it does not belong to his subspecialist scientific domain of interest, but focuses on historical-political issues. Keywords: Aleksandar Belic, Balkan Alliance, Balkan Wars, Ottoman Macedonia. Војните најчесто се резултат на определена држава или група на држави со заеднички интереси. Во тој поглед, Балканските војни не се никаков исклучок. По Берлинскиот договор од јули 1878 година, главниот проблем на нациите од Југоисточна Европа било националното обединување или националното прашање, како што го нарекувале во тоа време. Во колективната имагинација доминирала идејата да се живее во хомогена еднонационална држава која треба да ги обедини сите територии за кои се мисли дека, од историски или демографски причини, ѝ припаѓаат на една нација. Затоа границите што ги утврдиле мировните договори се сметале за незадоволителни и привремени. Голем дел од Балканскиот Полуостров останал под власта на Султанот, а соседите на него гледале како на поле за територијални добивки. Двете алтернативи, натамошното постоење на Османлиската Империја или нејзината делба меѓу големите сили, биле доведени под знак прашалник со политиките на новите балкански држави кои се стремеле кон национална интеграција преку територијална експанзија. На политиките на балканските влади, кои воделе кон војна, во сите општества им се спротиставиле само поединци и мали политички групи, како што на пример биле социјалдемократите. Но, влијанието на овие 175

176 ГЛАСНИК Македонка Митрова групи било безначајно, и тие не успеале да создадат реална алтернатива на доминантната политика. Мобилизирачките идеологии кон крајот на XIX век не биле присутни само во ривалските национализми, туку и во идеолошките промени присутни насекаде во Европа. Култот кон младоста, потрагата по новиот човек, новиот идеал на војничката машкост, социјалдарвинизмот и, на крајот, позитивниот имиџ на војната биле меѓу оние идеолошки трендови кои ќе ги подготват балканските општества за војна што сите ја предвидувале и очекувале. Во овој историски контекст се одвивала и внатрешната и надворешната политика на Кралството Србија во текот на Балканските војни. Мошне интересни и податливи за историско истражување и анализирање претставуваат перцепциите и опсервациите на интелектуалците кои биле сведоци на историските настани како што се Балканските војни, презентирани во вид на студии или пак мемоари. Од друга страна пак, проучувањето на врската меѓу научниците на Србија и Балканските војни, односно нивното влијание и улогата во општеството, почнувајќи од создавањето на идејата за Балканскиот сојуз, па сè до одредувањето на воените цели и зачувувањето на воените резултати, претставува интересна и комплексна тема. Имено, српските интелектуалци кои се ставиле во улога на заштитници на државната надворешна политика преку пишаниот збор и со своите јавни настапи укажувале на неопходните задачи на Кралството Србија што требало да бидат реализирани преку Балканските војни. Како најважна примарна цел била територијалното проширување на земјата преку кое ќе се реализирало и некакво замислено национално обединување. Кон оваа група српски научници припаѓа и познатиот српскиот лингвист и славист Александар Белиќ (Белград, 1/13 август 1876 Белград, 26 февруари 1960). Тој со основно и средно образование се здобил во Белград. Студиите по филологија А. Белиќ ги започнал во својот роден град, но истите ги завршил на универзитетите во Москва и Одеса. По дипломирањето, тој бил повикан да се вработи на Катедрата за лингвистика и филологија на Московскиот универзитет, меѓутоа, Белиќ ја одбил понудата и се вратил во Белград каде што во 1899 година станал доцент на Великата школа (во 1905 година, исто така била преименувана во Белградски универзитет). Неговото усовршување продолжило и во Германија. На Универзитетот во Лајпциг ја напишал и одбранил докторската дисертација за словенските суфикси и нивното намалување и зголемување. Докторатот на Белиќ бил испечатен во Германија на германски јазик и објавен во два тома (1901 и 1904 година). Во 1906 година, А. Белиќ бил избран за редовен професор на Белградскиот универзитет каде што ги предавал предметите: српско-хрватски јазик, словенска филологија и лингвистика. За време на Кралството Југославија, тој станал претседател на Српската кралска академија ( ). На оваа функција тој останал и во југословенската социјалистичка федерација сè до крајот на својот живот. Она што се променило бил само називот на институцијата од Српска кралска академија во Српска академија на науките и уметностите (САНУ). Белиќ ја извршувал оваа функција до крајот на својот живот. Поради ваквата куриозитетност тој се здобил со епитетот: доживотен претседател на САНУ. Воедно, Белиќ бил член и на академии во југословенската федерација, но и во 176

177 Терит. проширување на Кралст. Србија низ призмата на Александар Белиќ странство. Уште од 1905 година Белиќ го имал основано списанието Српски дијалектолошки зборник во издание на Српската кралска академија, кое што под негово уредништво излегувало цели 50 години. Исто така, Белиќ напишал многу научни публикации за српско-хрватскиот јазик и неговите дијалекти. Негови позначајни дела се: Дијалекти источне и јужне Србије [ Дијалекти на јужна и источна Србија ], Дијалектолошка карта српског језика [ Дијалектолошка карта на српскиот јазик ], Акцентске студије [ Акцентски студии ] и многи други научни студии од областа на филологијата. 1 Од целиот негов лингвистички научен опус, отскокнува неговото научно популарно дело со наслов: Срби и Бугари у Балканском савезу и у меѓусобном рату [ Србите и Бугарите во Балканскиот сојуз и во меѓусебната војна ] издадено во Белград во 1913 година. 2. Оваа популарна студија на Белиќ се разликува од останатите негови публикации затоа што е надвор од неговиот субспецијален научен домен навлегувајќи во историско-политиколошката сфера. Ова публицистичко дело има две свои изданија: руско и српско. И двете изданија биле пишувани во периодот меѓу двете Балкански војни, а рускиот примерок излегол од печат непосредно пред српското издание. Руската верзија исто така е со помал обем и го носела насловот Србите и Бугарите во Балканскиот сојуз. Преку неговото публикување во руското општество, Белиќ имал за цел: презентирање пред руската јавност на српските цели и воените достигнувања во Првата балканска војна. Српското издание веќе пообемно било проширено со еден нов дел кој се однесувал и на Втората балканска војна. Оттука произлегуваат и разликите во насловите на овие две изданија. Освен што е поопширна, српската публикација привлекува научен интерес и од еден друг аспект: таа била наменета за домашната читателска публика со што се вршело влијание и врз домашниот и јавен дискурс. Според предговорот на Белиќ, српската верзија тој ја завршил на 15 јули 1913 година (ст. стил), односно на три дена пред почетокот на Букурешката мировна конференција (18 јули 1913 година, ст. стил). Александар Белиќ, српската верзија на публикацијата (188 страници) ја поделил на две тематски целини кои изобилуваат со бројни поднаслови. Во првиот дел со наслов: Србите и Бугарите во Балканскиот сојуз, српскиот лингвист елаборирал за српско-бугарското сојузништво во Првата Балканска војна и за воените резултати од таа војна. Но, сепак најголемо внимание посветил на принципите за поделба на освоените територии (особено акцентирајќи ги економско-географските, државно-политичките, историските, етнографските и националните причини во однос на поделбата). Вториот, пак, дел на публикацијата со наслов: Србите и Бугарите во меѓусебната војна, е еден вид на анекс (како што објаснил и самиот тој во предговорот на книгата) затоа што во текот на пишувањето го затекнале настаните поврзани со Втората балканска војна. Оттука забележлива е и дискрепацанта во елаборирањето на 1 Биографијата на Александар Белиќ се наоѓа на сајтот на САНУ, ac.rs/clanstvo/istclan.aspx?arg=27, 2 Александар Белиќ, Срби и Бугари у Балканском савезу и у меѓусобном рату, Београд

178 ГЛАСНИК Македонка Митрова српскиот филолог во двете тематски целини. Па според тоа, ако првиот дел му е доста екстензивен во насока на појаснувањето на неговите апологетски тези за политиката на српската држава во конкретниот историски период, вториот дел содржи само неколку нафрлени опсервации во кои доминира неговиот супериорен и задоволен ракурс од постигнатите резултати на српската војска во Втората балканска војна. Основна референтна точка во неговата анализа во публикацијата претставува одбраната на српските воени достигнувања од двете војни. Оттука недвосмислено се наметнува и констатацијата дека Александар Белиќ постепено од научник-филолог се трансформирал во милитантен општественик бидејќи го оправдувал и поддржувал освојувањето на туѓи етнички територии. СРПСКОТО ОСВОЈУВАЧКО ПРАВО ЗА ТЕРИТОРИЈАЛНОТО ПРОШИРУВАЊЕ КОН ОСМАНЛИСКА МАКЕДОНИЈА Првата тематска целина од публикацијата која е во фокусот на опсервацијата го носи насловот: Србите и Бугарите во Балканскиот сојуз, и неа Александар Белиќ ја започнал со една интересна негова анализа во однос на воените резултати на сојузниците по завршувањето на Првата балканска војна. Според него единствено логично решение по завршувањето на воените дејствија, претставувало праведната поделба на освоените земји меѓу сојузничките влади, затоа што само на тој начин би се создала основата за перспективните пријателски односи меѓу балканските земји. Преку овој заклучок, Белиќ јасно ги прејудицирал новонастанатите проблеми меѓу сојузниците кои произлегле од конкретните резултати од воените акции. Меѓу другото, тој демагошки упатува на некакви апологетски принципи дека поделбата на освоената земја не требала да претставува делба на пленот, и секој сојузник да приграби за себе што поубаво парче, туку би требало да се повлече најрационална граница меѓу сојузниците според принципите утврдени врз основа на учеството во војната на секој од нив, врз основа на резултатот од војната и спогодбите од кои зависат насушните потреби на секој од учесниците. 3 Па така, и покрај тоа што тој инсистирал дека во поделбата на освоените земји требало да се има предвид националното, етнографското и историското право на секој од балканските сојузници одделно, сепак, Белиќ како главен примат за решение на оваа задача ги апострофирал економските и географските потреби на државите учеснички во војната. На тој начин, заклучува Белиќ, правата кои произлегуваат од реалните факти на сојузничката војна и точно сфатените животни интереси на секој од заинтересираните балкански народи претставува единствен можен критериум за разграничување на сојузничките земји. 4 Преку овие неколку негови упатувања српскиот филолог јасно укажал дека ги преферирал воените резултати, а ги игнорирал претходно склучените дипломатски спогодби меѓу балканските земји. 5 Во контекст на овој наратив, тој, во воведниот дел на 3 Истото, 5. 4 Истото, 6. 5 Српско бугарскиот договор бил склучен на 29 февруари (ст. сил), односно на

179 Терит. проширување на Кралст. Србија низ призмата на Александар Белиќ публикацијата дал еден краток осврт кон настанувањето на српско-бугарскиот сојуз кој очигледно му создавал најмногу проблеми при новонастанатите околности. Според Белиќ, српско-бугарскиот договор од 1912 година тој инсистирал да се третира како одвоен (сепаратен) билатерален договор и како таков бил само дел од комплексот на балканските договори кои ѝ претходеле на војната. 6 Но, од друга страна, само по неколку страници од ова тврдење, тој се вовлекува во сопствена контрадикција кога тврди дека токму сојузот меѓу Бугарите и Србите придонел за оформување на Балканскиот сојуз воопшто. 7 На овој начин тој се обидувал да го релативизира меѓународното значење на билатералниот договор од 1912 година за да може да се остварат новите цели на српската државна експанзија. Имено, договорените страни во 1912 година ја утврдиле идната гранична линија во османлиска Македонија која била повлечена од Големиот врв кај Крива Паланка до манастирот Габовци на Охридското Езеро. Но, во текот на воените акции српската војска го заземала поголемиот дел од Вардарска Македонија и со тоа го прекршила договорот меѓу двете сојузнички влади. Затоа, со завршувањето на војната се наметнало прашањето за измена на одредбите на Договорот од страна на српската влада. За таа цел во своите пишувања Белиќ сакал да потенцира дека меѓу граничната линија која била одредена со договорот од 1912 година не требало да се инсистира дека постои голема разлика со новата демаркациона линија, но не затоа што тие линии биле променети, туку затоа што условите на теренот со војната биле променети. Според него овој факт претставувал еден од доказите дека Србите сакале да ја одржат идејата за пријателски договор и сојуз до крајна можност! 8 Имено, синтагмата: да се одржи идејата за пријателски договор и сојуз кај Белиќ претставувало само еден еуфемизам за барање на ревизија на веќе склучениот српско-бугарскиот договор: Погрешно би било да се мисли дека Балканскиот сојуз е само историски. Напротив, неговото значење и сега останува на сила. Во него, според моето мислење, принципиелно и правилно е решена границата меѓу Србите и Бугарите. Потребно е само неговото принципиелно решение да се примени на новите факти кои настапија во текот на сојузничката војна. 9 Заради својот апологетски став кон српските освојувања во османлиска Македонија, тој настапил и доста манипулативно во текот на своите елаборации и постојано навлегувал во недоречени небулози. Имено, Белиќ уште на самиот почеток на својата експликација ја открил и интенцијата за пишување на оваа своја публикација. Тој потенцирал дека книгата ја напишал за да покаже дека задржувањето на териториите кои ѝ биле потребни март 1912 година. Договорот меѓу Бугарија и Грција бил потпишан на 16/29 мај 1912 година. Преговорите меѓу Србија и Грција започнале на 1 август 1912 година (ст. стил) и не биле завршени до почетокот на војната. Во средината на септември меѓу Црна Гора и Бугарија дошло до усмени договарања. Договорот помеѓу Србија и Црна Гора бил потпишан при крајот на септември 1912 година. 6 А. Белиќ, Срби и Бугари у Балканском савезу и у меѓусобном рату, 8. 7 Истото, Истото, Истото,

180 ГЛАСНИК Македонка Митрова на Србија не претставувавале никаква противречност со нејзиното современо право, здобиено на основа на резултатот од војната, туку кореспондирале и со нејзините стари, историски и етнографски права. 10 Научната методолошка недоследност во пишувањето на српскиот филолог се согледува и во самиот факт што тој прво априори си ја поставил тезата и потоа инсистирал во текот на своето пишување на нејзиното докажување, односно на нејзината исправност и коректност. Александар Белиќ оваа публикација ја пишувал за време на одржувањето на Лондонската мировна конференција која во мај 1913 година завршила со потпишувањето на мировниот договор меѓу балканските сојузници и османлиската држава. И покрај неговото конкретно оградување дека не бил доволно информиран за дипломатските случувања во однос на потпишаниот мировен меѓународен договор и дека за нив дознавал само од печатот, сепак, останува впечатокот дека тој бил доста добро брифиран во текот на целиот процес. Имено, во предговорот самиот тој јавно упатил лична благодарница до Стојан Новаковиќ. А токму Новаковиќ бил и официјалниот дипломатски српски претставник на Лондонската мировна конференција. Така останува да виси прашањето колку обајцата биле или не во постојана комуникација. А. Белиќ со својот пишан збор јасно го изразил своето отворено несогласување кон едно од решенијата на Лондонската мировна конференција: создавањето на албанската држава и маркирањето во овој дел на новата гранична линија со српската држава. Неговите коментари во оваа публикација кои се однесуваат на новата политичка реалност изобилуваат со конкретен понижувачки исказ и стереотипна перцепција кон албанското население: Воената експедиција во Драч и заземањето на северната половина на Албанија (се мисли од страна на српската војска М.М.) требало да ги создаде поредокот и културните услови за живот во таа земја, а исто така да овозможи и српската трговија да се одвива по најкраткиот пат кон морето 11 И во согласност со вака поставениот наратив, Белиќ заклучил дека неправедното лондонско решение за толку важните интереси на Србија не може да се оправдува со причините во корист на ʼслободнаʻ, ʼавтономнаʻ, ʼАлбанијаʻ. 12 Евидентно е дека главниот приоритет на српскиот филолог претставувал економскиот развој на неговата држава кој би бил обезбеден со излезот на албанскиот морски брег, а не некакво задоволување на потребите на албанскиот етникум за своја државна рамка. Во тој период, балканските елити потпирајќи се на претставите формирани од либералните теории за нациите, својот стремеж кон целосно осамостојување (постигнување на целосен суверенитет) го врзувале со територијалното проширување на сметка на останатите земји во рамките на Османлиската Империја. Постигнувањето на територијалното проширување во својство на неопходен фактор на обезбедување животоспособност за балканските држави станало оска на нивните национални идеали, рамно на националните доктрини Истото, Истото, Истото, Види: Ленина Жила, Детерминација на Балканските војни од гледна точка на 180

181 Терит. проширување на Кралст. Србија низ призмата на Александар Белиќ А. Белиќ припаѓал токму на нив, односно на српската интелектуална елита која што ја прифатила и ширела оваа доктрина. Опсервацијата за присутниот популистички дискурс во публикацијата кај Белиќ се потврдува и од неговата употреба на мобилизирачкиот апел во српското општество во однос на регрутацијата на српското население за да земе активно учество во воените дејствија. Според него, Србија ја започнала војната поради две причини: а) заради ослободување на своите браќа кои живееле под тешки околности во Турција; б) да создаде цврсти основи за понатамошен културно-економски развој на државата. 14 Под превезот на овие две причини се криеле двете примарни геостратешки цели на српската влада и Генералштабот: освојување на Вардарска Македонија и излегување на Јадранското Море. Лондонската мировна конференција јасно ставила до знаење дека втората цел за Кралството Србија била спречена од страна на Големите сили. Затоа Белиќ се насочил кон оправдување и аргументирање на правото на остварување на првата цел: На истокот и на југот, двете задачи ослободувањето на своите соплеменици (сонародници) и освојувањето на јужниот пат за трговските цели, одело паралелно. Во тој правец Србите направиле сè што можеле: во неколку крвави битки кај Куманово, околу Прилеп и Битола ја уништиле турската војска и ја исчистиле од албанските разбојнички банди целата земја која ја зазеле. По војната, за да се сочуваат добрите односи со сојузниците и истовремено да се зацврстат, Србите во одредувањето на границата со Бугарите и Грците го имале на ум следното: 1) стратешка заштита на Скопје, Куманово и патиштата кои ги спојуваат со источните населби, и 2) задржување само на оној дел од територијата кој ги спојува српските покраини со вардарскиот пат од Скопје до Солун, и овој пат да биде под целосна српска власт. 15 Во овој контекст, тој го истакнал конструктивното дејствување на српската власт кон конкретните случувања, потенцирајќи дека Србија не сакала да ги задржи извесните покраини само затоа што нејзината војска ги заземала, туку од причини што истите претставувале неопходен услов за нејзин опстанок и развој. 16 Од сето напишано само по себе се наметнува нелогичноста во експликацијата на српскиот лингвист. Имено, дотогашното користење на популистичката синтагма: ослободувањето на своите соплеменици (сонародници), Белиќ ја заменил со парафразата заземање на териториите од страна на српската војска! Исто така, оваа негова опсервација јасно укажува дека тој како и многу други српски интелектуалци еднострано ја прифатил тезата на српскиот етнограф Јован Цвијиќ. Во тоа време еден дел од балканските елити сметале дека одредени стратешки упоришта на Балканот претставуваат клучни позиции за успешно владеење со целиот Полуостров. Токму Ј. Цвијиќ ја застапувал ова доктрина, сметајќи ја Македонија за центар на Балканот. Никола Пашиќ, тогашниот српски премиер, исто така го делел ова мислење, верувајќи дека сфаќањата за животоспособноста на државите, 100 години од Балканските војни, МАНУ, Скопје 2013, А. Белиќ, Срби и Бугари у Балканском савезу и у меѓусобном рату, Истото, Истото,

182 ГЛАСНИК Македонка Митрова најмоќна балканска држава ќе биде онаа која ќе ја има Моравско-Вардарската Долина. Ваквата теза произлегувала од историската премиса дека на Балканот може да се одржи само една голема и силна држава чијшто стратешки ʼрбет би била Македонија. Со тоа историцизмот се совпаѓал со интересите за зајакнување на српската национална држава. 17 Во елаборацијата за одбраната на српското право на освојување во османлиска Македонија како принципиелен акт, А. Белиќ дава уште неколку интересни точки за анализирање. Во однос на историските, етнографските и националните причини неговата интерпретација на српското право на освојување на македонската територија ја засновувал на фактот дека наводно српската држава во средновековието секогаш ја зголемувала својата територија во правец кон југ т.е. кон Македонија или на сметка на Македонија. 18 Всушност тој сакал да потенцира и генерализира дека тоа било примарната задача на сите српски политички елити низ историјата: да се трудат да обезбедат економски опстанок на српскиот народ и тоа секогаш го правеле во правец кон југ и во еден постојан историски континуитет. Преку вака поставената историска призма тој се потрудил да го аргументира токму српското историско право за заземање и задржување на македонската територија, притоа очигледно ги пренебрегнал историските факти и од бугарското средновековие. Во согласност со вака поставениот наратив, тој, како основа за докажувањето на историското право врз македонската територија пласирал уште една популистичка теза. Таа се однесувала на историскиот факт кој потврдувал дека Османлиите целата територија на Македонија ја освоиле од Србите. Затоа, тој во својата публикација се повикал на владеењата на кралот Волкашин и деспотот Крали Марко и на истите им препишал и етнографски атрибути кои биле непостоечки за тогашното средовековно историско време. 19 Преку овој историски наратив го акцентирал и значењето на српската победа и радоста кај српската војска кога навлегла во земјата на своите предци (мислејќи на вардарскиот дел на македонската територија М. М.) за време на Првата балканска војна. 20 На овој начин, А. Белиќ си конструирал уредно скроена историја која одела во корист на легитимирањето на српското освојувачко право врз дел од македонската територија, истовремено претставувајќи го како некаква историска логичност. Александар Белиќ сепак сосем коректно констатирал дека кај македонските Словени не постоела литературна јазична норма. Но, како познат славист тој не се обидел да ги објасни причините за таквата состојба во однос на народниот говор и неговото функционирање. Всушност, тој крајно го релативизирал ова прашање, и меѓу другото, апострофирал дека научниците понекогаш говореле и за целокупноста на цртите на македонските дијалекти и многумина од нив 17 Дубравка Стојановиќ, Искушавање начела, Српска социјалдемократска партија и ратни програм Србије , Београд 1994, А. Белиќ, Срби и Бугари у Балканском савезу и у меѓусобном рату, Истото, Истото,

183 Терит. проширување на Кралст. Србија низ призмата на Александар Белиќ (на пример В. Јагиќ) 21 го искажале својот правилен поглед дека тие говори претставуваат измешан (ʼпреоден ) српско-бугарски дијалектски тип. 22 Во продолжение на својата научна интерпретација на оваа тема, Белиќ потенцирал дека сепак постои и некаков мешан т.н. српско-северномакедонски дијалект. Впрочем, неговата теза за постоење на недефиниран синкретички говор воопшто не била базирана на солидно научно толкување туку истата произлегувала од тогашната популарно-политичка перцепција на српската елита која што тврдела дека историскиот регион Стара Србија се протегал и во северните делови на османлиска Македонија. Меѓу другото, тој констатирал дека средномакедонскиот дијалект, кој го заземал поголемиот дел од Македонија и имал претензија да стане македонски литературен јазик, всушност претставува мешавина на српските северномакедонски дијалекти и јужномакедонските или вистинските македонски дијалекти. 23 Меѓутоа, српскиот филолог иако немал таква интенција, сепак преку овие свои искази дискретно признал дека македонските говори претставувале посебен јужнословенски јазик со повеќе дијалекти, без разлика на неговиот тенденциозен упад за присуството на некаков мешан т.н. српско-северномакедонски дијалект. Неговата интерпретација за претензијата на средномакедонскиот дијалект да стане македонски литературен јазик воопшто не била случајна. Впрочем, истата јасно упатува на фактот дека српскиот филолог многу добро ја апсолвирал книгата За македонцките работи од Крсте Петков Мисирков издадена во Софија во 1903 година. Како што е познато во неа, Мисирков за основа на формирањето на македонскиот литературен јазик ги земал централните говори во Македонија. И покрај овие сознанија и искуства, кај Белиќ сепак е присутен игнорантскиот однос кон овие пројави. Тој како лингвист кој не бил лишен од научната логика требало да опсервира дека тие македонски дијалекти можеле, во стабилни услови, да создадат македонски литературен јазик. Меѓутоа, ова констатација изостанува во неговата анализа. Како резултат на неговиот долг животен век (починал во 1960 година) тој станал и сведок на таквиот историски момент. Всушност, со создавањето и признавањето на Република Македонија во рамките на југословенската федерација, македонскиот литературен јазик бил и официјално кодифициран во 1945 година. Покрај овие проблематични историски и лингвистички калкулации во оваа негова публикација, А. Белиќ сепак ја увидел значајноста на функционирањето на милет-системот на кој се засновале дел од општествените односи во Османлиската Империја. Така, тој мошне проникливо забележал дека српската пропаганда во османлиска Македонија била помлада во споредба со бугарската пропаганда и дека без постоењето на посебна легислатива во рамките на милет-системот (т.е. без формирање на некаков си Србо-милет), нејзиното 21 Ватрослав Јагиќ бил хрватски филолог. Како професор на Виенскиот универзитет и издавач на публикацијата Архивот на словенската филологија, Јагиќ бил водечки претставник на интелектуалната мисла позната како словенска школа што била значајна по тоа што Србите и Хрватите, во основа, ги гледала како еден народ. 22 A. Белиќ, Срби и Бугари у Балканском савезу и у меѓусобном рату, Истото. 183

184 ГЛАСНИК Македонка Митрова дејствување било повеќекратно отежнато. 24 Поради тоа, Белиќ неминовно посведочил дека бројот на егзархиската паства во османлиска Македонија постојано се зголемувал. Состојбата на Србите и српството во Македонија биле според него навистина очајни затоа што Србите немале своја црква како единствена силна поткрепа во османлиската држава. 25 Иако српскиот лингвист ја дефинирал бугарската пропаганда како постара и поуспешна, тој се обидел нејзините резултати да ги минимизира и да ги оквалификува како непостојани. Според него, османлиската администрација не била задоволна од делувањето на Егзархијата и затоа ги признала ( како правилни ) и стремежите на Србите кон Македонија. 26 Како потврда на овој факт, Белиќ го презентирал и почетокот на хронологијата со која започнало отворањето на српските училишта во османлиска Македонија: во 1893 година во Косовскиот/Скопскиот вилает, во 1897 година во Битолскиот и Солунскиот вилает. 27 Кон проблематиката произлезена од османлискиот милет-систем се надоврзувало и определувањето на етничката припадност на сето македонско население, па оттука и на неговиот словенски дел. Според Белиќ, националното определување кај македонското словенско население за т.н. Бугари, Срби или Грци, на почетокот на 20 век, повеќе имало својство како изјаснување за припадност кон некоја партија отколку за некоја нација. Тој коректно детектирал дека Македонците-егзархисти и Србите-патријаршисти или грчките приврзаници од македонското словенско население, сочинувале три групи: Овие три групи претставуваат всушност три партии, затоа што нивните претставници го говорат истиот јазик и имаат исти обичаи. 28 А. Белиќ и луцидно ја увидел флуидноста т.е. непостоењето на етничката граница меѓу ова население кога напишал: всушност тие навистина претставуваат локални партии кои одговараат на политичките партии на другите земји, а тоа најдобро го покажува преминот на претставниците на едната група од населението кон другата група. 29 Во услови на непостоење на парламентарен живот во Османлиската Империја, за христијанските поданици само милет-системот обезбедувал услови за нагорна стратификација на поединецот. Пропагандите преку милет-системот, всушност ги обезбедувале можностите за стекнување привилегии во општествениот живот и затоа припадноста кон различните црковни организации во османлиска Македонија со право може да се спореди со рудиментиран вид на меѓупартиски борби, а не на меѓуетнички или на 24 Види: Македонка Митрова, Кралството Србија и османлиска Македонија ( ): политика на интервенција, Скопје 2012, Број егзархиске пастве растао је, јер је стање у којем су се Срби находили у Македонији било, заиста, очајно. Једини ослонац у Турској, своју цркву они нису имали... A, Белиќ, Срби и Бугари у Балканском савезу и у меѓусобном рату, Истото, Истото. 28 Истото, Истото. 184

185 Терит. проширување на Кралст. Србија низ призмата на Александар Белиќ национални. 30 Па слично како кај функционирањето на партиите, Белиќ опсервирал дека и во османлиска Македонија вештината на агитаторите и примената на посебните средства играле најважна улога во тој правец (се мисли на преминувањето од една црковна припадност кон друга М.М.). 31 И покрај неговата реална перцепција за делувањето на трите пропаганди, дефинирајќи ги како меѓупартиски борби, тој намерно и вешто избегнал да објасни какви биле тие посебни средства употребувани од нивна страна во однос на населението за истото да ги менува т.н. партии т.е. партиската припадност. Изворното градиво отворено говори дека сите три државни пропаганди во зависност од планираните задачи применувале разновиден систем од методи за поткуп или насилство и принуда со различен интезитет во разните региони на османлиска Македонија кои ги преферирале како свои сфери на влијание. Македонското словенско население најчесто поради егзистенцијални причини, а поретко и од лукративни мотиви било принудено да лавира меѓу нив. Истовремено, Белиќ презентирал и извесни статистики во однос на преминувањето на егзархиското население кон српската страна во периодот од година тенденциозно избегнувајќи да ги презентира и бројките кои се случувале во обратна насока. 32 Во конкретното историско време веќе била започната и борбата меѓу паравојските на српската, на бугарската и на грчката држава на македонска територија и за нејзиното население. А нивниот најважен мотив во текот на борбените дејствија било привлекувањето што поголем број Срби, Грци или пак Бугари. Оттука не е за никакво изненадување и постојаното менување на црковната припадност кај македонското население кое било вршено под жесток притисок од страна на паравојските. Затоа тој забележал: Некои од нив чуствувале колку е грдо тоа двоумење меѓу Бугарите и Србите, (се мисли на егзархистите и српските патријаршисти и нивното преминување од една црковна припадност кон друга М. М.) и оделе во друга крајност: изјавувале дека тие не се ниту Срби ниту пак Бугари, туку дека се подеднакво дистанцирани и од едните и од другите. 33 Овој лозунг се поклопува со програмите и статутарните документи на Македонската револуционерна организација (од 1896 год. ТМОРО, од 1905 год. ВМОРО) и покрај тоа што во целиот труд тој ја игнорирал како непостоечки политички фактор. Преку оваа негова кратка опсервација тој многу прецизно ги согледал започнатите протонационални процеси кај Македонците. Но, како српски интелектуалец и општественик, за македонското словенско население во османлиска Македонија тој ја имал прифатено тогашната ексклузивна теза за постоење само на флотантна маса пласирана од страна на Ј. Цвијиќ Види: Marija Pandevska, The term Macedonian(s) in Ottoman Macedonia: on the map and in the mind, Nationalities papers The Journal of Nationalism and Ethnicity, Volume 40, Issue 5, A publication of the Association for the Study of Nationalities A, Белиќ, Срби и Бугари у Балканском савезу и у меѓусобном рату, Истото. 33 Истото, Јован Цвијиќ, Неколико проматрања о етнографији Македонских Словена, Београд 1906,

186 ГЛАСНИК Македонка Митрова Воедно, тој оваа теза на Цвијиќ ја дополнил со своето тврдење во кое што апострофирал дека македонското словенско население според етнографското потекло неоспорно било српско-бугарско, и тоа, во западните делови на Македонија повеќе српско, а во источните повеќе бугарско. 35 Ова толкување на Белиќ било произлезено од коњуктурниот историски момент во кој македонската територија за време на воените операции од Првата балканска војна веќе била заземена и поделена од сојузничките војски. Светски познатиот лингвист всушност само се ставил во улога на некаков си бранител на новите демаркациони гранични линии. Ваквите пишувања на Белиќ воопшто не биле случајни. Истите се очигледен показател дека тој имал потреба да им одговори на бугарските политички и научни кругови кои во конкретниот период (меѓу двете војни) тргнале со агресивна медиумска кампања за нивното легитимно право да владеат и со западните делови од македонската територија, а кои веќе биле заземени од страна на српската војска. Бугарската академија на науките на 30 март 1913 година (ст. стил) официјално излегла и со своја изјава во однос на одбраната на бугарскиот етнографски карактер на Западна Македонија и упатила остри критики кон српската окупација на оваа територија. 36 Ваквата реакција на бугарската интелектуална елита отворено индицира на фактот дека и таа не го почитувала целосно склучениот договор меѓу двете земји од 1912 година, туку се борела целата македонска територија да влезе во составот на бугарската држава. 37 Исто така, во овој период во бугарското и српското општество преку печатот се одвивала силна медиумска војна за тоа кој имал поголемо право да владее со западниот дел од Македонија. Главен акцент во оваа ривалско-полемична дебата бил ставен на статистиките на населението во Македонија продуцирани во бугарското општество во однос на постоечкиот број на егзархисти и српски патријаршисти. Во контекст на оваа пропагандна војна меѓу двете држави, а свесен дека бројноста на српските патријаршисти во Македонија била далеку помалубројна од егзархистите, Белиќ се повикал на мислењето на српскиот општественик С. Новаковиќ. Белиќ го почитувал Новаковиќ како единствен релевантен истражувач во однос на значењето на политичко-статистичката литература за османлиска Македонија во балканските земји. Новаковиќ јасно се изјаснил дека во однос на ова прашање: Политичката реклама на Балканскиот Полуостров станала вистинска мизерија, и Европа во иднина може да направи грдни неправди, ако почне да се потпира на шпекулативната политичка и статистичка литература на балканските народи и балканските аспиранти. 38 Затоа Белиќ во својата студија повторно апострофирал дека прашањето за поделбата на македонската територија било 35 А. Белиќ, Срби и Бугари у Балканском савезу и у меѓусобном рату, Истото, Бугарскиот премиер Иван Гешов во април 1913 година, на прашањето на бугарската парламентарна комисија: дали владата кога влегла во војна против османлиската држава имала јасна цел и што сакала да постигне?, одговорил: Баравме реализација на Санстефанска Бугарија. Ова не беше само наш идеал туку идеал на сите Бугари. - Саво Скоко, Други балкански рат,узроци и припрема рата, књ. I, Београд 1968, А. Белиќ, Срби и Бугари у Балканском савезу и у меѓусобном рату,

187 Терит. проширување на Кралст. Србија низ призмата на Александар Белиќ принципиелно решено во српско-бугарскиот договор од 1912 година и дека истото не било базирано на бројот на приврзаниците на српската и бугарската пропаганда. Граничната линија според него претставувала резултат на политичката спогодба меѓу двете влади, под претпоставка дека постои потполна еднаквост на нивните национални права на споменатата територија и дека менувањето на граничната линија е логично и во зависност од сменетите услови во текот на војната. 39 Како поткрепа на теориите на Ј. Цвијиќ, Белиќ своите претпоставки за иднината ги втемелил на асимилационите процеси што би се одвивале под еден устроен државен режим. Според тоа тој го презентирал своето видување во кое што потенцирал дека македонското население, иако не претставувало парче платно кое можело да се крои како што сакаат другите, поради влијанието на двата соседни народа, Србите и Бугарите, кои се огледувале во него, многу брзо и без внатрешни потреси ќе се изедначело со едната или другата сродна националност. 40 Несомнено, скицираната анализа на А. Белиќ многу јасно ја прејудицира и неговата тенденција. Тој се надевал и очекувал дека преку процесот на асимилација македонското словенско население многу лесно би се инкорпорирало во српскиот или во бугарскиот етнички корпус и на тој начин би се избришала и поставената етничка граница меѓу трите етникума. Логиката на овој негов замислен концепт на асимилација перспективно би се реализирала кога населението од османлиска Македонија би поминало низ процесите на обука и едукација во рамките на институциите што ги држеле религијата, војската, културата и образованието во српската, односно бугарската држава. Меѓутоа, планот на српскиот лингвист, манифестиран и на овој начин, остава простор за полемика, затоа што етничките граници, а не внатрешната културна содржина ја дефинираат етничката група и овозможуваат да се разбере нејзината постојаност. Впрочем, опстојувањето на етничките групи, како и нивното одржување во времето, е всушност постоењето на етничките граници, без оглед на промените што може да се појават кај маркерите за кои етничките групи се поврзани. 41 Погледнато и од овој агол, размислувањето на Белиќ, преку кое се конкретизирала идејата на Ј. Цвијиќ дека од македонската флотантна маса ќе може да се обликува Србин или Бугарин, не можело историски да биде детерминирано затоа што намалувањето на културните разлики меѓу етничките групи нужно не го доведува под прашање значењето на границата којашто ги раздвојува. 42 А етничките граници кај македонското словенско население во процесот на одвојување од екуменоста на словенството веќе неповратно биле поставени и означени со посебни идентификациски имиња од самите пропаганди како македонски Словени, како македонски Бугари и како славофони. Всушност, и натамошните историски процеси во текот на 20 век ги демантирале дел од ваквите посакувани хипотези на српскиот лингвист. 39 Истото. 40 Истото, Putinja, F., Stref-Fenar, Ž., Teorije o etnicitetu, Beograd 1997, Barth, F., Ethnic groups and boundaries. The social organization of culture difference, Oslo 1969,

188 ГЛАСНИК Македонка Митрова 188 АЛЕКСАНДАР БЕЛИЌ И ВТОРАТА БАЛКАНСКА ВОЈНА Вториот дел од публикацијата која е во фокусот на оваа статија и која го носи насловот: Србите и Бугарите во меѓусебната војна, исто така содржи сегменти мошне интересни за анализирање. А. Белиќ овој поднаслов го пишувал за време додека сè уште траела Втората балканска војна и истиот го завршил кога веќе биле очигледни новите воени успеси на српската војска. Оттука читателот не може да го пренебрегне и неговиот исклучително арогантен тон во прикажувањето на своите погледи и видувања кон карактеристиките на источниот сосед. Во тие пишувања преовладуваат неговите потценувачки искази кон бугарската интелигенција. Меѓу другото, тој заклучува дека полукултурната бугарска интелигенција секогаш била свртена кон надорешните настани, односно кон Македонија и Тракија, и дека националното воспитување внатре во државата не се одвивало во правецот на консолидирање на внатрешните состојби, туку истото било канализирано кон надворешното државно проширување. 43 Очигледно е дека во неговите толкувања недостасува компаративната анализа за двете општества и самокритичноста кон делувањето на српската интелигенција на која што и тој ѝ припаѓал. Впрочем, територијалната експанзивност била главната агенда и во делувањето на српската елита. Преку парадигмата на територијалноста може да се проследи и објасни стремежот на двете држави за влегувањето во Балканските војни односно целта и на двете влади била една иста: територијално проширување на своите држави. 44 Мошне конфузна е аргументацијата на Белиќ во однос на неговата критика кон дипломатското делување на бугарската влада пред почетокот на Втората балканска војна. И покрај тоа што упатил остро обвинување кон неа, заради непочитувањето на српско-бугарскиот договор од 1912 година, тој исто така во своите интерпретации ја истакнал и тенденцијата кај бугарската влада за таканаречено уништување на основите на словенската заедница. 45 Преку вака пласираната популистичка хипотеза, тој всушност алудирал на бугарската понуда за сојуз упатена кон романската влада. Со оваа негова елаборација, Белиќ повторно западнал во контрадикторност, затоа што Балканскиот сојуз никогаш не бил формиран врз словенска основа, а како валиден доказ на овој факт претставува рамноправното учество на грчката држава во овие историски војни. Токму прашањето за ревизија на српско-бугарската граница во Македонија ќе ги однесе Србија и Бугарија во Втората балканска војна, која исклучиво била водена за нова поделба на територијата на Македонија меѓу некогашните сојузнички. 46 Кога Белиќ пишувал за мотивите на влегувањето на српската 43 А. Белиќ, Срби и Бугари у Балканском савезу и у меѓусобном рату, Види: Makedonka Mitrova, The Balkan Wars and Ottoman Macedonia: the Spatial Context of the National Programmes of Serbia, Greece and Bulgaria, Prac Komisji Środkowoeuropejskiej (Works of the Commission on Central Europe, Polish Academy of Science, volume XXII) PAU, tomie XXII, Krakow, А. Белиќ, Срби и Бугари у Балканском савезу и у меѓусобном рату, Втората балканска војна ја започнале бугарските генерали на чело со кралот Фердинанд бидејќи немале трпение да чекаат и се обиделе спорот да го решат со

189 Терит. проширување на Кралст. Србија низ призмата на Александар Белиќ држава во Втората балканска војна го користел единствениот оркестриран аргумент агресијата на бугарската држава. Тој намерно ги премолчил сите дотогашни прелиминарни дипломатски подготовки што ги преземала српската влада со останатите балкански земји пред да се влезе во воените дејствија. 47 По некаква инерција и конзистентност во своите толкувања, Белиќ во публикацијата исклучиво се осврнал кон бугарските недела и свирепости кон цивилното население во османлиска Македонија во текот на воените дејства за време на Втората балканска војна, иако во неа учествувале и српската и грчката војска. Како што е познато, во втората војна бугарската држава била поразена. 48 Како победник Белиќ си дозволил повторно да настапи со уште една популистичка хипотеза во однос на учеството на српската и бугарската држава во Втората балканска војна. Во неа, српскиот филолог апострофирал дека во војната се судриле двете начела: животниот интерес на српскиот народ и бугарскиот империјализам. И според него, победило она начело кое било животворно бидејќи на српскиот народ му било јасно дека нема да има самостојност и живот без море, без земји кои го врзуваат со морето. 49 Каде тој ја согледувал овде разликата од поимот империјализам останува неодговорено?! Ваквата елаборација на српскиот лингвист покажува дека тој под широко прифатената патриотска синтагма во својата земја национално обединување на српскиот народ, всушност подразбирал економски опстанок на државата. Зад премисата економски опстанок на државата Белиќ го сокривал српскиот територијален експанзионизам кон македонската територија. И на воена сила. Ноќта на 16 спрема 17 јуни 1913 година (ст. стил), односно на јуни 1913 година, бугарската војска извршила ненадеен напад на српските позиции кај р. Брегалница. Меѓутоа, бугарските генерали ја прецениле својата сила надевајќи се на успешен поход против бившите сојузници и наместо последните да ги стават пред свршен чин на Балканот, тие биле поразени кај р. Брегалница. Во војната против Бугарија влегле и Црна Гора, Грција, Романија и османлиската држава. Преговорите за мир биле водени во Букурешт на мировната конференција одржана во периодот од 18 јули до 28 јули 1913 година (ст. стил), односно од 1 до 10 август 1913 година и главно се расправало за српско-бугарската граница на левиот брег на реката Вардар (Штип, Кочани, Струмица) и за грчко-бугарската граница во Тракија. Richard C. Nall, The Balkan War , Prelude to the First World War, London and New York, Како на пр.: склучувањето на Договорот за пријателство и сојуз на 22 април 1913 година со грчката влада, со кој заеднички двете влади ќе си ги гарантирале територијалните добивки од војната од 1912 година и ќе имале заедничка граница. 48 Барбара Јелавич, Историја на Балканот, т. II, Скопје 1999, 116. Со договорот за мир потпишан на 28 јули 1913 година (ст. стил) односно на 10 август во Букурешт, Србија ја задржала територијата во Македонија, заземена во Првата балканска војна. И покрај поразот, Бугарија добила територија околу долината на реката Струма и 128 километри од егејскиот брег, вклучително и пристаништето Дедеагач (Александрополис). Србија се здобила со големи територијални добивки од Балканските војни, за разлика од Бугарија која изгубила голем дел од тоа што го постигнала во војната од 1912 година. Османлиската Империја и Романија ги добиле териториите: Високата Порта го вратила Едрене, а Романија ја добила Јужна Добруџа. 49 А. Белиќ, Срби и Бугари у Балканском савезу и у меѓусобном рату,

190 ГЛАСНИК Македонка Митрова крај, во еден препотентен дух, тој ја акцентирал српската културна супермација врз бугарското општество: Во ова војна победи не само праведната српска национална кауза туку и поразвиената култура над понеразвиената. 50 Александар Белиќ и неговиот публицистички дискурс не преставувале некаков раритетен исклучок од тогашната српска интелектуална елита. Напротив, тој бил репрезент и огледало на историското време во коешто живеел и творел. Во времето на Белиќ, хуманистичките науки, полека но сигурно станувале неминовно орудие на политичката стратегија. Затоа српскиот филолог политичките интереси на својата влада преку оваа книга се обидел да ги презентира врз некаква научно фундирана платформа. Оттука, како императив во неговата елаборација влегле стратешките и економските аргументи за задржување на вардарскиот дел на Македонија од страна на српската држава, а акцентот го ставил врз процесот на изведување на асимилација на населението. Во конкретниот случај, Белиќ бил свесен дека требало да се изведе србизација на едно инородно население македонското. Главниот прерогатив на Белиќ во студијата не бил да покаже дека Македонија е српска, туку дека таа не е ни бугарска, и дека правото на Србите (врз Македонија М.М.) ниту е помалку реално ниту пак е помалку оправдано од правото на Бугарите. 51 Од таа ориентациона кота ги трасирал сите свои опсервации во студијата која изобилува со многубројни контрадикторни тези за презентирање само на српската објективна вистина. 50 Истото, Истото,

191 ГЛАСНИК ISSN СТАТИИ УДК 929 Коцарев, А. ОСВРТ НА ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА АНАСТАС КОЦАРЕВ ( ) Габриела Топузовска Научен соработник во Институт за национална историја-скопје Abstract The number of prominent Macedoniansocio-political, cultural, educational and health workersis large, who have interesting life storiesand greatly contributed to the Macedonian people, which are not very prominent and studiedby young Macedonian historiography. One such person is Dr. Anastas Kocarev, Macedonian who made a major step in medicine, and also the man who, with his advanced political ideasand his political commitment, was one of the proponents of the Macedonian national issue in Switzerland. Keywords: Anastas Kocarev, doctor, scientist, patriot. Делото, работата и научната дејност на д-р Анастас Коцарев, повеќе од осумдесет години, останале недоволно познати во Македонија, и покрај неговата афирмираност како радиолог и онколог во Европските држави. Краткиот животен век на овој наш генијален ум згаснал во екот на неговата најголема професионална зрелост, на 42 годишна возраст. Д-р Коцарев, ги направил своите пионерски чекори од областа на радиотерапијата и радиографијата, преку голем број научни истражувања и експериментирања и при тоа успеал да навлезе во тајните на медицината. Уште од раните студентски денови, се истакнувал со своите напредни револуционерни идеи, а подоцна како дипломиран лекар, бил еден од основачите на Македонското студентско друштво во Женева. 1 Се смета дека д-р Коцарев, бил еден од ретките умови од 19 век, кој ја имал привилегијата да соработува со Марија Кири-Склодовска. 2 1 Љубен Лапе, Активност на македонските студенти на Швајцарските универзитети во време на Првата светска војна, Историја, 6/2, Скопје, 1970, Marie Sklodowska Curie, единствената добитничка на две Нобелови награди во две различни научни категории, првата за физика во 1903 година, втората за хемија во 1911 година, покрај Linus Pauling, кој исто така е добитник на две Нобелови награди, првата за хемија во 1954 година и втората за мир во 1962 година. 191

192 ГЛАСНИК Габриела Топузовска Анастас Коцарев, е роден во Охрид во далечната 1889 година. Потекнува од стара еснафска охридска фамилија, од татко Петруш Коцарев, кој бил познат банкар во градот и мајка Фроса Маленкова. Покрај работата со банкарството, семејството Коцареви, располагало со голем имот во околината на Струшкиот регион, и тоа чифликот во Кадица, Мислешево и Драслајца. 3 Своето основно образование, Анастас го завршил во родниот град, а подоцна заминува во Солун, за да продолжи со школувањето, каде го завршил средното образование. Д-р Коцарев, е еден од ретките Македонци кои во тоа време имале прилика да студираат на престижните европски факултети. Неговата определба за медицинските студии, се претпоставува дека била испровоцирана од семејната трагедија, која Анастас ја доживеал многу млад, при што ги изгубил двете сетри и мајка си. 4 Се запишал на Медицинскиот факултет во Женева, каде и дипломирал. По завршување на студиите д-р Коцарев останал во Женева и работел на Женевскиот универзитет како асистент на универзитетската клиника, каде што и докторирал. 5 Уште од самите почетоци на својата генијална кариера, д-р Анастас и се посветил на науката, и посебно бил заинтересиран за експерименталната медицина. Во 1914 година, го објавил својот прв научен труд Quelques blessures des nerfs observees pendant les querres balkaniques. 6 Две години подоцна, д-р Коцарев во соработка со Алфред Фроментин, ја објавува својата прва книга со наслов Théorie bio-sociale du sommeil. 7 Истата година добил покана да продолжи со своите истражувања на Медицинската академија на Сорбона во Париз. Како познат истржувач, продолжил да работи на проблемот поврзан со дијагностицирање и лекување на ракот со примена на радиумот. Експериментите со радиоактивниот радиум, кај пациенти во терминална фаза на болеста, го насочиле д-р Коцарев, на тесна соработка со познатата Марија Кири Сколодовска. Познатата нобеловка во тоа време била професор и директор на лабораторијата за радиум на Универзитетот на 3 Македонска нација, Анастас Коцарев, Anastas-Kocarev (пристапено ); Соња Коцарева-Трпезановска, Проф.д-р Анастас Коцарев, Големиот ум од Македонија што го призна светот, Vox Medici, XVIII/63, Скопје, 2009, Според кажувањата на д-р Соња Коцарева Трпезановска, специјалист-физијатар од Битола, внука на д-р Анастас Коцарев. 5 Македонска нација, Анастас Коцарев, Anastas-Kocarev (пристапено ). 6 Kotzareff, Anastas, d Ochrida (Macedoine): Quelques blessures des nerfs observées pendant les guerres balkaniques. (Faculte de Medecine. Rapporteur du Jury: prof. Kummer.), Geneve, Imp. J. Studer, 11» p. et une plancbe. 8. [7. XII. 14.]. (пристапено ). Некои нервни повреди забележани за време на балканските војни. 7 Alfred Fromentin, Anastas Kotzareff, Théorie bio-sociale du sommeil,paris : M. Rivière, (пристапено ). Биосоцијална теорија на сонот. 192

193 Осврт на животот и делото на Анастас Коцарев ( ) Сорбона. Подоцна, во својата монографија, д-р Анастас ќе ја изрази својата искрена и голема благодарност кон својот ментор и соработник Марија Кири. 8 Во периодот од 1917 до 1919 година, работел како лекар и приватен доцент по онкологија на Медицинскиот факултет во Женева. 9 Својата прва рентгенграфија, д-р Коцарев ја направил во 1922 година, кај пациент кој боледувал од карцином и имал метастази на os ilium 10, и на кој му бил аплициран радиум. Тоа бил момент кога за прв пат, малигното ткиво било прикажано на фотографска плоча Photographies des organes par l émanation du radium ou radiumgraphie (curiegraphie), и објавено во тогашниот престижен Journal de Radiologie et d Electrologie. 11 Д-р Анастас сакал и затоа предложил, рентген сликата да се нарече radiumgraphie 12 или curiegraphie 13 по неговата менторка Марија Кири. Во периодот од 1921 до 1923 година, д-р Коцарев посветено работел и експериментирал со радиумот, околу неговата дијагностичка примената во раното откривање на карцином кај човекот. За неговата работа многу се зборувало, а резултатите кои д-р Коцарев ги добивал при истражувањата кои биле изведувани на животни, давале извонредни резултати. При тоа биле публикувани и повеќе статии од неговата научно-истражувачка дејност. За неговите успеси сведочат и повеќе написи во еминентни светски списанија. Од нив ќе го издвоиме големиот напис Cancer Finder 14, објавен 8 Соња Коцарева-Трпезановска, Големиот ум од Македонија..., Kocarev, Dr Anastas, Privat dozent in Geneva, president of the General Council of the Macedonian Societies in Switzerland , 273. Index of Personal Names. makedonika.org/mp_indexp.pdf (пристапено ). 10 Илијачна коска. 11 Kotzareff A., (1922), Photographies des organes par l émanation du radium ou radiumgraphie (curiegraphie). Journal de Radiologie et d Electrologie, 6: kocare.blogspot.mk/2009/09/biografija-anastas-kocarev-e-vrven-m.html (пристапено ). Фотографии на органи со емисија на радиум или радиографија со Х-зраци. 12 Радиографија. 13 Истото. 14 Cancer Finder, Time-The Weekly News-Magazine (New York City), Vol.III, No.5, January 21, 1924.Извадок: Веќе подолго време е познато дека продуктите на радиумот имаат посебен ефект на канцерогените и/или другите растечки ткива. Користејќи го офој факт како основа, докторите A.Kotzareff и L.Weyl од Париз, очигледно изработија метод за утврдување на присуство на нови израстоци во телото. Споредизвештајот објавен во Presse Medical, тие откриле серум направен од крвта на пациентот, надополнета со продукти на радиум, која што когаќе се инјектира во телото, се локализира во ембрионалните или канцерогените клетки и може да се детектира со ефектите продуцирани на фотографските плочи. На пример, кога серумот беше инјектиран во оплодено заморче, продуктите на радиумот постепено исчезнаа од ткивата и се локализираа ембрионот. Методот не е сеуште целосно верификуван за негова употреба при канцер кај човекот. Откако ќе се добие доволно искуство, може да се утврди неговата вистинска вредност во рано дијагностицирање на канцерот. Секако дека во оваа фаза, експериментите и резултатите се повеќе од перспективни. 193

194 ГЛАСНИК Габриела Топузовска во весникот Time на 21 јануари 1924 година, во Соединетите Американски Држави, при што подетално се опишува неговата работа во тоа време. Следната година на 12 јуни 1925, во престижното научно списание Science 15 -(American Association for the Advancement of Science-Washington, D.C), познатиот д-р Ервин Смит (Erwin Smith), во својот напис Some new aspects of cancer research, пишува за работата и достигнувањата на д-р Анастас Коцарев. Во таа прилика Д-р Смит, се осврнал на големите научни достигнувања на д-р Коцарев, и барал тој да биде поканет и да престојува во Соединетите Американски Држави. Монографијата на д-р Коцарев Les Cancers et la Physico-Chimie 16, објавена 1927 година, во соработка со неговиот близок соработник Роџер Фишер (Roger Fisher), ги обработува физичко-хемиските карактеристики на канцерот, онкогените агенси, влијанието на нервниот систем врз канцерот, особеностите на мембраната на канцерогените клетки, како и поглавје со (пристапено ). Пронаоѓач на рак. 15 Some new aspects of cancer research, Science (Washington, D.C.), Vol.LXI, No.1589, June 12, Извадок: Откако поголем дел од изминативе осум месеци ги поминав во Европа, ми се чини дека е ред да седнам и да напишам нешто за работите што ги видов и слушнав. Она што сакам да го кажам се однесува на дијагностицирањето, лекувањето, биологијата и причините. Дијагностицирање. Дијагностицирањето е лесно кога туморот е површински, но тешко кога туморот е интерен, а особнео тешко во раните фази на пораст, а сепак, токму во овие фази, туморот може да подлежи на операција. Значи, секоја помош која биологот може да му ја даде на хириргот е важна за пациентот. Два метода на рано дијагностицирање почнуваат да се истакнуваат во Европа. Коцарев (Kotzareff) и Веил(Weyl) од Женева открија дека ако се инјектираат радиоколоидни супстанции во пациентот со канцер, се случува селективна фиксација на радиумот во рапидно-мултиплицирачките канцер-клетки. Доколку на сомнителниот дел се постави фотографска плоча на неколку часа, контурите на туморот се видливи на плочата откако таа ќе биде развиена. Д-р Коцарев, на Медицинскиот факултет во Париз ми покажа многу интересни фотографски плочки кои го покажуваат ова. Единствените други ткива кои даваат иста или слична реакција се младите ембрионски ткива. Во моментов точниот состав на радиум колоидните супстанци се тајна, позната единствено на г-дин Веил (Weyl). Тие се администрирале во раствор кој е сосема безбеден за луѓето и експерименталните животни, само неколку миликури (единица за радиоактивност) и тоа во серум добиен од пациентот. Сеуште треба да се работи на точниот состав на овие супстанции да стане општо познат, а исто така и да се утврдат и границите на корисноста на овој метод. Д-р Коцарев има потреба од поддршка за оваа работа и би сакал да дојде во Соединетите Американски Држави. Другиот метод на рано дијагностицирање претставува серум метод откриен и доусовршуван од д-р Ботело (Botelho), шеф на лабораторијата за канцер при клиниката за хирургија на д-р Хартман во хотел Dieu (Бог), големата болница во близина на Нотердам во Париз, метод на кој што работел дваесетина години. (пристапено ). Нови аспекти во истражувањето на канцерот. 16 Kotzareff A., Les Cancers et la Physico-Chimie, Kotzareff, A (nastas); Fischer, Roger: Editorial: Vigot Frères,éditeurs, Paris, (пристапено на ). Рак и физичка хемија. 194

195 Осврт на животот и делото на Анастас Коцарев ( ) посебен осврт на имунолошките карактеристики на канцерот и радиотерапијата. Неговиот особен интерес бил насочен кон проучувањето на селективното натрупување на радиоизотопите во различни органи. Одтука произлегува и заклучокот дека тој ги направил своите пионерски чекори во радиотерапијата и радиодијагностиката. 17 Последните години од својот плоден животен пат, д-р Коцарев ги поминал во Франција, каде бил почесен професор по експериментална патологија. Бил еден од ретките научници кому му била доделена наградата на Француската медицинска академија 18, како заслуга за неговата голема и плодна научноистражувачка работа, како и за големиот број објавени научни трудови и монографии на француски јазик меѓу кои и докторската дисертација со наслов Traitement des cancers dits inoperables, incurables et abandonnes par la radoncolloidotherapie interne associee a des ondes elektromagnetiques. Ondes hertyiennes ultra courtes-paris 19. Паралелно со научната дејност, д-р Коцарев со голема посветеност, работел и бил еден од возобновувачите на Академското друштво Македонија, чија идеја била слободна и независна Македонија. Имено, есента 1915 година, група мекедонски интелектуалци, повеќето од нив медицинари, покренуваат иницијатива за активирање на работата на замреното академско друштво во Женева, за кое постојат извесни податоци дека постоело уште во 1904 година. 20 На возобновувањето и активирањето на друштвото активно учество земале Анастас Коцарев од Охрид, Петар Здравев од Тетово, Димитар Несторов од Струга, Трифун Греков од Ениџе-Вардар, Благој Тошанов од Штип, А.Копандов и Александар Крајчев и двајцата од Велес и др. Здружението го нарекле Академско друштво Македонија, во женевскиот печат го објавиле неговото постоење. 21 Под влијание на женевското друштво, во Цирих се формира Политичкото друштво Македонија на Македонците, а во Лозана се формира и политичкото друштво Македонија, за одбрана на правата на Македонците, 1916 година. 22 Политичката активност на д-р Анастас Коцарев, и на неговите сонародници, истомисленици била засилена и интензивирана. На 15 декември 1918 година, на иницијатива на д-р Коцарев, се собираат делегатите од трите најсилни политички македонски друштва (лозанското, женевското и циришкото), и формирале политичко тело под името Главен одбор на македонските друштва 17 Соња Коцарева-Трпезановска, Големиот ум од Македонија..., Љубен Лапе, Политичката активност на д-р Анастас Коцарев во Швајцарија од година, Прилози на МАНУ, X/2, Скопје, 1979, Третман на иноперабилен, неизлечив и напуштени внатрешен карцином, поврзан со колоидна терапија и електромагнетни бранови. Ултра кратки радио бранови, Париз, (слободен превод). 20 Љубен Лапе, Активност на главниот одбор на македонските друштва во Швајцарија г. и документација за тоа, ГИНИ 9/1, Скопје, 1965, Љубен Лапе, Активност на македонските студенти на Швајцарските универзитети во време на Првата светска војна, Историја 6/2, Скопје, 1970, Истото,

196 ГЛАСНИК Габриела Топузовска во Швајцарија, со седиште во Лозана, 23 чија идеја била самостојна Македонија и нејзино вклучување во федерацијата на балканските народи. 24 Во периодот од 15 декември 1918 година, до 2 25 мај 1919 година, д-р Коцарев бил потпретседател, а од 2 мај 1919 година, станува и претседател на Главниот одбор. 26 За активностите и дејствувањето на Главниот одбор, јавноста била информирана преку списанието на одборот L independence Macedonienne. 27 Политичката активност на д-р Коцарев иако била краткотрајна ( г.), сепак има големо значење за историјата на македонскиот народ. Особено е интерсна неговата соработка со федералистичките кругови на југословенската младина, преку која настојувал да ја реализира идејата за балканска конфедерација, која ја гледал како средство за остварување на независноста и обединување на Македонија. 28 Заложбата на д-р Коцарев против угнетувањето на малите народи, пристапот кон идејата за независна и слободна Македонија и заложбите за нејзина реализација, со право му го припишува епитетот на голем патриот кој сериозно е загрижен за судбината на својата земја. 29 Напуштајќи го кормилото на Генералниот одбор, д-р Анастас, ставил крај на своите политички активности и дејствувања и уште посилно и се посветил на медицинската научна мисла. Но и покрај големата посветеност кон работата, кај него никогаш не згаснала желбата за родниот крај и за татковината. Неговата надеж дека еден ден ќе се врати во родниот град и дека таму ќе отвори Институт за проучување и лекување на болни со карцином, останала да го следи до крајот на животот. Пречката за реализирање на неговите идеи била неговата прерана и ненадејна смрт. Д-р Анастас Коцарев, починал 1931 година во Париз. Постојат две теории за неговата прерана смрт. Во едната се претпоставува дека причина за неговата смрт била лесната форма на дијабет од која д-р Коцарев боледувал, додека второто тврдење говори дека тој всушност бил жртва на тајните служби од Балканот, поради неговата политичка ангажираност. 30 Според исказите на д-р Соња Коцарева-Трпезановска, се претпоставува 23 Истото, Владимир Картов, Борбата на македонскиот народ за остварување на правото на самоопределување, Скопје, 1979, Љубен Лапе, Активност на главниот одбор..., 141. Мандатот на д-р Коцарев како потпретседател на Главниот одбор траел од 15 декември 1918 година до 1 мај 1919 година, а од 1 мај до 1 август 1919 година, бил претседател на Одборот, по што дал оставка под влијание на бугарската пропаганда. 26 Катерина Тодороска, Невена Петкоска, Кирил Наумоски, Македонскиот активист во Швајцарија Д-р Анастас Коцарев ( ), Историја, наука, техника, медицина II/1, Скопје, 2012, Македонска независност. 28 Владимир Картов, Борбата на македонскиот народ..., Љубен Лапе, Политичката активност на д-р Анастас Коцарев..., Соња Коцарева-Трпезановска, Големиот ум од Македонија...,

197 Осврт на животот и делото на Анастас Коцарев ( ) дека д-р Коцарев е погребан во Женева од неговата вереница. Таа со големо жалење зборува за својот предок кој како што вели...остана заборавен таму некаде во далечната Швајцарија..., и воедно жали што... денешната независна Македонија, не направи ништо за овој голем човек, доктор, научник и патриот Остануваат уште многу недоречености за животот, работата и делото на д-р Коцарев, кој заедно со плејадата македонски дејци сеуште се недоволно промовирани. Сите тие со својот интелектуален труд, мисла и дејност оставиле голем печат во медицинската научна мисла и експерименталнта медицина, и заслужуваат посебно место во македонската медицинска историографија. 31 Истото,

198

199 ГЛАСНИК ISSN СТАТИИ УДК ( ) 1912/ (497.7:=161) 1923/1927 РУСКИТЕ ИМИГРАНТИ И КУЛТУРНИТЕ НАСТАНИ ВО ШТИП ВО ПЕРИОДОТ ГОДИНА Верица Јосимовска Научен соработник во Институтот за историја и археологија на Факултетот за образовни науки при Универзитетот Гоце Делчев Штип Abstract This paper researches a very interesting period of the Stip history, the time period from 1923 to 1927 when in the ruined Stip many significant cultural events happened. Namely, after seven years of war, which were led on this territories, and great epidemics of zygotic diseases that these wars brought, with many victims, the population was totally poor, decimated and living as a rough sleepers because their homes were ruined and they cannot allow themselves to live in such conditions. The Stip of that kind opened its doors to Russian immigrants who accepted it as their new homeland. They managed in such conditions to create an atmosphere where it will be spoken about theatre, opera, song bends, concerts, and clubs for body education (Sokoli) That period became an unforgettable part of the then Stip s life which marked it forever. Key words: Stip, Russian immigration, culture, theater, opera. Непосредно по завршувањето на Првата светска војна која направила вистински пустош, Штип загубил околу една четвртина од своите жители (што од војната, што од болестите), а оние што останале голем дел биле без покрив над главата, особено по бомбардирањето на Штип на ден Крстовден (27 септември 1918 година). Тогаш 2/3 од куќите биле разурнати до темел, а преостанатите биле оштетени до тој степен, што било ризично да се живее во нив. 1 Стопанството било замрено, училиштата затворени, немало болници, амбуланти и аптеки, стручни кадри исто така, а за културно-забавен живот не станувало ниту збор. Со конституирањето и доаѓањето на новата административна управа на Кралството СХС постепено започнува и организирањето на општествениот живот во градот. Отпочнуваат со работа три основни училишта, а почнала со работа и нижата гимназија, која подоцна прераснала во полна. 1 Астибо Штип од I до XX век, Скопје, 1964,

200 ГЛАСНИК Верица Јосимовска Во градот и поширокиот регион не постоела ниту една здравствена установа, освен воената болница која била сместена во зградата на училиштето Св. Архангел ( Св. Рангел ). Воениот лекар од болницата подолго време бил единствен лекар во градот и целиот Брегалнички Регион. Што се однесува до културно-забавниот живот во градот, по Првата свтеска војна било возобновено соколското друштво Душан Силни формирано 1913 година. За состојбите во Штип, пред да се случат крупните промени во културата што ќе ги донесе руската емиграција, останале сведоштва на страниците на печатот од тоа време. Едно такво сведоштво наоѓаме во весникот Време, во дописката од Штип под наслов Молиер во Штип, потпишано од Душан Будимировиќ, каде се вели: Далеку од секое културно влијание и од железницата, таа важна врска со светот, и в сред планини и лична несигурност, си живее некако Штип... 2 И покрај незавидната материјална и политички нестабилна ситуација во која се нашла новоформираната држава на Кралството СХС по завршувањето на Првата светска војна, таа се одлучила да ги прифати руските бегалци. Меѓу нив имало припадници на аристократијата, офицери, државни службеници, обични луѓе, дури 40% од нив биле научници, лекари, инжинери, професори, агрономи, уметници, адвокати и правници, кои пополниле голема празнина од стручен кадар многу потребен за развојот на државата. Согласно со законските одредби кои биле донесени во државата овој кадар брзо бил распоредуван и често разместуван за потребите во одредени области. Во почетокот целата грижа околу сместувањето на Русите ја водел Рускојугословенскиот одбор. 3 Неговите активности биле насочени кон создавање на станици за прифаќање, обезбедување на финансии и сместување на бегалците низ внатрешноста на земјата. Условите за живот на руските имигранти во новата средина барале извесен период на прилагодување. Бегалскиот живот за нив бил непознат и исполнет со емотивни стресови. Тој носел лични проблеми на секој поединец и како заедница при вклопувањето во новата средина, но и материјални и организациони проблеми. 4 Покрај помошта што ја добивале од страна на Кралството СХС, руските имигранти и самите се организирале, со цел да добијат одредена помош. Меѓу организациите кои имале хуманитарен карактер биле Руските колонии, 5 обично се формирале онаму каде постоела руска заедница поголема од 2 Време, 1. V Архив Србије, фонд: Руско-српски клуб , Записници од V-та и VI-та седница од 20 и 22 VI Преку главната дирекција на руските бегалци во Белград обезбедувале дозволи за работа, ги нострифицирале своите дипломи, а многумина од нив кои пристигнале без каков било документ за да ги докажат своите квалификации, исто така полагале и испити пред стучни комисии. 5 Пред државните органи руските колонии ги претставувале претседателите на управата кои биле избирани од страна на членовите на колонијата. Колониите се грижеле за материјално обезбедување и за врска преку која Државната комисија 200

201 Руските имигранти и култ. настани во Штип во периодот год. 25 члена. Колониите воделе прецизна евиденција за своите членови и во случај на потреба давале потребни информации на властите во Кралството СХС. 6 По пристигнувањето во новата средина и почетното прилагодување, руските имигранти полека започнале да го применуваат и пренесуваат своето знаење во сите сфери од општествениот живот. Особен белег тие дале на полето на науката и културата. Набрзо по нивното доаѓање, се почуствувало заживување на културниот живот. Штип широко им ги отворил вратите на руските бегалци од граѓанската војна во Русија, и за многу кратко време, со нивна помош, градот доживеал вистинска преродба. Колонијата во Штип започнала да се формира во текот на 1919 година, кога по наредба на институциите на Кралството СХС во Штип доаѓаат на работа првите руски лекари. А веќе наредната 1920 година, на служба во штипската гимназија биле испратени и професори. Штипската руска колонија била најбројна во периодот година, броела околу 150 лица 7, но нејзиниот број никогаш не бил константен. Едни доаѓале, други заминувале. Голем број од членовите на руската заедница во Штип, поради работниот распоред што го добивале од државата, заминувале од Штип, а на нивно место доаѓале други лица. Така бројот на руските бегалци постојано се менувал. Стручните потенцијали на бегалците му помогнале на Кралството СХС многу полесно да ги реши проблемите со недостаток од кадри во сите сфери на општественото живеење. Голем дел од професорите во новоотворената гимназија во Штип биле Руси. Меѓу нив: Сергеј Михајлов, Иван Феофилактов, Александар Лукијанов, гроф Владимир Виљковски, Михаил Глушенко 8, Васил Антоиспраќала парични средства за поединци, а истовремено во рамките на колонијата се организирала и заемна помош. Средствата се собирале со членарина, забави, приредби. До триесетите години, овие колонии речиси замираат како резултат на вклучувањето на бегалците во заедницата или во некои случаи како резултат на незадоволството од раководните луѓе. Познати руски колонии во тоа време имало во Скопје, Битола, Штип, Гевгелија, Велес, Прилеп, Охрид, Струга, Тетово, Куманово, Струмица, Радовиш, Берово, Ханриево (денес Ѓорче Петров) и селото Трубарево, Скопско. 6 Архив Херцег Нови, Општина Херцеговска,Уредба о колонијама руских избеглица у Краљевини Југославии,287; Алманах Краљевине СХС, св. 1 ( ) део I, Загреб, 236; Алманах Руска емиграција ; според мемоарските искажувања на Русите во Штип, список за евиденција на руски бегалци во Штип водел Борис Степанович и списокот го нарекувале Бумашка (хартивче). 7 Бројката е ориентациона, ја определив од истражувањата на документи, матични книги, извештаи, мемоарски записи и сл. За постоењето на оваа колонија и активност речиси и да нема пишан документ освен во напис за активност на колонијата во Помен Н. Николајевић у Штипу, Политика од 21. I 1929 година,, како и еден документ писмо од основниот комитет на Руската колонија во Скопје од 20 јануари 1942 година Руската колонија во Скопје ( ), Зборник на документи, ДАРМ, Скопје, 2015, 260). 8 Професорот по уметност во штипската гимназија, Михаил Глушенко, со одобрение на Министерството за просвета и Злетовско-струмичката епархија отворил сопствено уметничко-архитектонско атеље. (Верица Јосимовска, Украинските 201

202 ГЛАСНИК Верица Јосимовска нов, М. Е. Глинастаја, Невена Толмачева и Лојзе Соколовски. 9 Овие професори, покрај својата професионална работа во образованието, активно се вклучиле и во организирањето на културно-забавниот живот во градот. Театарот се покажал како едно од првите средства за ширење на културата и популаризирање на Сцена од операта Печурки уметноста во Штип. Културно поместување во штипското секојдневие било доаѓањето на Сергеј Михајлов 10 во Штип. Причина тој да дојде во Штип била детската имигранти во Штип меѓу двете свтески војни, Украинско-македонски научен зборник, бр. 5, НАНУ, МАНУ, Киев, 2011, 64 72) 9 Тодор Маневиќ, Културата и културните активности во Штип меѓу двете светски војни, необјавени сеќавања. 10 Сергеј Михајлов е роден 1885 година во Харков Руска Империја. Како руски емигрант во Македонија пристигнува во 1921 година со престој најпрвин во Кавадарци, а потоа како наставник во Гевгелија. Компонирањето на операта за деца Ружица и нејзиното претставување на штипската публика ќе биде одлучен момент за неговото доаѓање во Штип во 1924 година. Во Штип развил богата музичка дејност. Освен како наставник по музика, одржувал разни музички курсеви за учителите во штипската околија, обучувал инструменталисти, вежбал оркестри и компонирал. Со учениците од штипската гимназија извел две опери Пеќурки и Божиќно дрво, со нив гостувал и во Струмица, Гевгелија, Кочани, Свети Николе и други градови. Исто така, ги режирал и оперите Севилскиот бербер од Росини, Фауст од Ш. Гуно, како и оперетите Гејша од Џонс Сиднеј и Мамзел Нитуш од Ерве. Во периодот од 1929 до 1936 година работел како управник на повластениот штипски театар. До 1946 година работи како музичар, подготвува опери за деца. Од 1946 година е директор на Нижата музичка школа во Штип. Во 1949 година оди во Прилеп, работи како професор по музика. Во 1951 година повторно се враќа во Штип како директор на музичката школа. Како музичар има издадено голем број музички лични композиции. Во 1959 година се пензионира. Како пензионер активно соработува со Музичката школа како корепетитор во класата соло пеење. Неговата соработка со школото трае до 1972 година, кога поради болест се повлекува. До крајот на својот живот ( год.) живеел сам, скромно и ненаметливо, верен на операта, музиката и учениците што ги учел. Сергеј е еден од иницијаторите за отварањето на Нижото подоцна и Средното музичко училиште во Штип., кое од 2005 год. го носи неговото име. Уште во 1959 год. напишал тестамент, во кој целокупниот свој движен и недвижен имот (клавирот, сиот негов музички материјал и финансиски средства) ги оставил на нижото и средното музичко училиште. Средствата главно ги насочил за награди на талентирани ученици, помош на сиромашни и набавка на инструменти. За својот труд е добитник на многу признанија, пофалници, благодарници, меѓу кои и наградата Климент Охридски за 202

203 Руските имигранти и култ. настани во Штип во периодот год. оперета Ружица. Имено, откако таа била изведена во Гевгелија и доживеала голем успех, директорот на гевгелиската гимназија Драган Илиќ, кој пред тоа бил професор во штипската гимназија, предложил истата да биде изведена и во Штип. Така, на крајот од 1923 година, со учениците од Гевгелија, кулисите и целиот инвентар, тргнал со воз од Гевгелија до Велес, а оттаму до Штип. По успешно изведената претстава и задоволен од неговата работа, директорот Лазар Трипковиќ му предложил на Сергеј Михајлов да дојде за професор во Штип. Преместувањето на Сергеј Михајлов станало речиси телеграфски. Со телеграма од Министерството за просвета од 6 февруари 1924 година е преместен и назначен за професор во штипската гимназија. За кусо време по доаѓањето на Сергеј Михајлов во Штип се развила широка дејност и соработка со професорот по литература во гимназијата, драматургот д-р Душан Будимировиќ, како и мешовитиот аматерски хор Единство. Оваа успешна соработка дала подлога културата во Штип да ги одбројува годините на своето Златно доба. Членовите на пеачкото друштво Јединство со диригентот Драго Комарчиќ во средината (фотографијата е сопственост на семејство Миланови) особени резултати во наставно-образовната работа во Македонија, како и наградата на град Штип 8 Ноември. Симо Младеновски, Музичката и педагошката дејност на Сергеј Николајевич Михајлов во Македонија, Украинско-македонски научен зборник, бр. 5, НАНУ, Национална библиотека на Украина, МАНУ, Киев, 2011,

204 ГЛАСНИК Верица Јосимовска Музичкото училиште повторно било обновено од Министерството за просвета. 11 За потребите на наставата, приватниот бифеџија Тихомир Ристивојевиќ го отстапил својот личен клавир. Часовите по клавир ги држела наставничката М. Е. Глинастаја, виолина предавале Александар Лукијанов и Лојзе Соколовски, а наставник по пеење бил М. А. Глушенко. Во овој состав се одржувале сите концерти што ги организирало музичкото училиште. Сергеј Михајлов, покрај тоа што се занимавал со образовна и воспитна дејност, подготвувал и духовни академии на кои настапувале хоровите од основните училишта и гимназискиот хор, гимназискиот оркестар и тамбурашкиот оркестар Напредок, а ја основал и градската плех музика, која ги придружувала сите соколски приредби и слетови. 12 Забележителни се и концертите на пијанистката М.Е. Глинастаја и пејачот М.А. Глушенко. Посебен акцент врз културниот живот во Штип дал богатиот репертоар на Штипскиот театар. Големиот број престави во двете сезони 1923/24 и 1924/25 година најдобро зборуваат за ентузијазмот на штипските актери под раководството на Душан Будимировиќ. Од формирањето во 1923 година, до август 1925 година, биле изведени 299 престави Comedia br.3, 21. IX 1925, str. 15 Иако активноста на театарот постојано била следена со тешкотии, главно од финансиски карактер, сепак во 1924 година Штипскиот театар својата 11 Архив Југославије, фонд. Министарство Просвете, Акт-У бр. 472 од 5. III 1924 год. 12 Д. Ортаков, Музичкиот живот во Штип и Штипско до 1941 год., Музика, 5/2001, бр К. Цацков, Просветата и културата во Штип и штипско меѓу двете светски војни, Скопје, 1995, 112.

205 Руските имигранти и култ. настани во Штип во периодот год. активност ќе ја прошири и надвор од градот, гостувајќи и во други градови, како Кочани, Радовиш, Пехчево, Св. Николе, Струмица, Битола и др. 14 Во текот на овој период биле реализирани повеќе претстави, меѓу кои: Гроф Мишка од А. де Флер, Лилјак од Хафнер, Кир Јања од Ј. С. Поповиќ, Македонка од Д. Будимировиќ, Маруша од Васил Хаџикимов, Коштана од Б. Станковиќ, Сомнително лице од Б. Нушиќ, Млетачкиот трговец од Шекспир, Ревизор од Гогољ, Жорж Данден од Молиер и др. Од посебно значење била третата сезона на Штипскиот театар. Почетокот на сезоната бил одбележан со првата опера во Штип, операта Палјачи, на 29. VIII 1925 година со пејачкото друштво Единство. Во улогата на Канио бил Андреј Шчербаков како тенор, улогата на Неда како негова сопруга ја имала штипјанката Благородна Буревиќ (Бурева), во улогата на Тонио бил Ристо Ѓурѓичковиќ (Ѓурѓичков), во улогата на Пјетро бил Глигорије Ќуриќ, во улогата на младиот селанец Славко Недковиќ (Недков) и како бас Јаков Петренко 15. Диригент бил Сергеј Михајлов, режисер Душан Будимировиќ, а костимите и маскирањето биле по нацрт на М.А. Глушенко. Ансамблот на операта Палјачи во Штип (фотографијата е сопственост на семејство Миланови) 14 Ристо Стефановски, Театарот во Битола и Штип меѓу двете светски војни,театарски гласник, 1977, бр. 26, Постои анегдота во Штип дека Петренко имал толку силен глас, што во една пригода, кога запеал, во куќата на домаќините од јачината на гласот се изгаснала газјената ламба. 205

206 ГЛАСНИК Верица Јосимовска Операта Палјачи била изведена во просториите на новоизградениот Офицерски дом, затоа што зградата на театарот, која во тоа време се градела на местото на стариот театар, сè уште не била завршена. Изведбата на операта бил културен настан за паметење за Штип и штипјани. Таквиот подем на културата секако се должи на присуството на руската имиграција која овде се нашла во вистинскиот момент. За истакнување е дека изведбата на операта во Штип е всушност изведба на првата опера во Македонија. Потоа изведбите на опери во Штип почнале да се нижат една по друга. На репертоарот биле и следните опери и оперети: Фауст од Шарл Гуно, Севилскиот бербер од Росини, Травијата од Ѓузепе Верди, Кармен од Жорж Бизе, Вилин вео од Петар Коњевиќ, Барон Тренк од Албини, Слепиот лилјак од Јохан Штраус, Гејша од Сиднеј Џонс и Мамзел Нитуш од Ерве. 206 Comedia br.31, 5.VI 1926 Во списанието Комедија, за операта под наслов Ружица, (опера во четири чина), од композиторот Сергеј Михајлов, а во режија на Душан Будимировиќ, пишува: Операта во Штип Палјачите беше изведена уште лани во август. Од дилетанти, се разбира. Беа изведени и други опери и оперети. Сега пак, на 6. III 1926 год., се изведе премиерата на Ружица, убавата приказна за заспаната принцеза и принцот ослободител, толку складно компонирана од г. Михајлов. Би требало Ружица да ја изведуваат и други наши оперски сцени...

М-р Јасмина Буневска ОСНОВИ НА ПАТНОТО ИНЖЕНЕРСТВО

М-р Јасмина Буневска ОСНОВИ НА ПАТНОТО ИНЖЕНЕРСТВО УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ - БИТОЛА ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ - БИТОЛА - Отсек за сообраќај и транспорт - ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ - ECTS М-р Јасмина Буневска ОСНОВИ НА ПАТНОТО ИНЖЕНЕРСТВО ПРИЛОГ ЗАДАЧИ ОД ОПРЕДЕЛУВАЊЕ

Διαβάστε περισσότερα

НАПРЕГАЊЕ ПРИ ЧИСТО СМОЛКНУВАЊЕ

НАПРЕГАЊЕ ПРИ ЧИСТО СМОЛКНУВАЊЕ Факултет: Градежен Предмет: ЈАКОСТ НА МАТЕРИЈАЛИТЕ НАПРЕГАЊЕ ПРИ ЧИСТО СМОЛКНУВАЊЕ Напрегање на смолкнување е интензитет на сила на единица површина, што дејствува тангенцијално на d. Со други зборови,

Διαβάστε περισσότερα

ЗАДАЧИ ЗА УВЕЖБУВАЊЕ НА ТЕМАТА ГЕОМЕТРИСКИ ТЕЛА 8 ОДД.

ЗАДАЧИ ЗА УВЕЖБУВАЊЕ НА ТЕМАТА ГЕОМЕТРИСКИ ТЕЛА 8 ОДД. ЗАДАЧИ ЗА УВЕЖБУВАЊЕ НА ТЕМАТА ГЕОМЕТРИСКИ ТЕЛА 8 ОДД. ВО ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ЌЕ ПРОСЛЕДИТЕ ЗАДАЧИ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ ПЛОШТИНА И ВОЛУМЕН НА ГЕОМЕТРИСКИТЕ ТЕЛА КОИ ГИ ИЗУЧУВАМЕ ВО ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ. СИТЕ ЗАДАЧИ

Διαβάστε περισσότερα

РЕФЕРАТ. Во средниот век епископската титула на св. Климент ја среќаваме во три основни варијанти:

РЕФЕРАТ. Во средниот век епископската титула на св. Климент ја среќаваме во три основни варијанти: 1 РЕФЕРАТ Во средниот век епископската титула на св. Климент ја среќаваме во три основни варијанти: епископ Велички - епископ Словенски - епископ на Бугарија / епископ бугарски Потеклото и значењето на

Διαβάστε περισσότερα

σ d γ σ M γ L = ЈАКОСТ 1 x A 4М21ОМ02 АКСИЈАЛНИ НАПРЕГАЊА (дел 2) 2.6. СОПСТВЕНА ТЕЖИНА КАКО АКСИЈАЛНА СИЛА Напонска состојаба

σ d γ σ M γ L = ЈАКОСТ 1 x A 4М21ОМ02 АКСИЈАЛНИ НАПРЕГАЊА (дел 2) 2.6. СОПСТВЕНА ТЕЖИНА КАКО АКСИЈАЛНА СИЛА Напонска состојаба 4МОМ0 ЈАКОСТ АКСИЈАЛНИ НАПРЕГАЊА (дел ) наставник:.6. СОПСТВЕНА ТЕЖИНА КАКО АКСИЈАЛНА СИЛА Напонска состојаба γ 0 ( специфична тежина) 0 ak() G γ G ΣX0 ak() G γ ak ( ) γ Аксијалната сила и напонот, по

Διαβάστε περισσότερα

37. РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2013 основни училишта 18 мај VII одделение (решенија на задачите)

37. РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2013 основни училишта 18 мај VII одделение (решенија на задачите) 37. РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 03 основни училишта 8 мај 03 VII одделение (решенија на задачите) Задача. Во еден пакет хартија која вообичаено се користи за печатење, фотокопирање и сл. има N = 500

Διαβάστε περισσότερα

ВО ОВОЈ БРОЈ: MAKEDONIKA. Izdava. MAKEDONIKA litera

ВО ОВОЈ БРОЈ: MAKEDONIKA. Izdava. MAKEDONIKA litera MAKEDONIKA Год. V, бр. 13, ноември 2015 ISSN 1857-7539 UDK 82; 930.85 Izdava MAKEDONIKA litera DOOEL Skopje Za izdava~ot Nove Cvetanoski Redakcija Goran Kalo era (Hrvatska) Miroslav Kouba (^e{ka) Neven

Διαβάστε περισσότερα

ФИЛАРХ, ПОЛИБИЈ И РАЗВОЈОТ НА ХЕЛЕНИСТИЧКАТА ИСТОРИОГРАФИЈА ВО III ВЕК ПР. Н. Е. *

ФИЛАРХ, ПОЛИБИЈ И РАЗВОЈОТ НА ХЕЛЕНИСТИЧКАТА ИСТОРИОГРАФИЈА ВО III ВЕК ПР. Н. Е. * оригинален научен труд УДК: 303.446.4(495) ФИЛАРХ, ПОЛИБИЈ И РАЗВОЈОТ НА ХЕЛЕНИСТИЧКАТА ИСТОРИОГРАФИЈА ВО III ВЕК ПР. Н. Е. * Стефан Пановски Институт за национална историја, Скопје, Македонија Keywords:

Διαβάστε περισσότερα

ЈАКОСТ НА МАТЕРИЈАЛИТЕ

ЈАКОСТ НА МАТЕРИЈАЛИТЕ диј е ИКА ски ч. 7 ч. Универзитет Св. Кирил и Методиј Универзитет Машински Св. факултет Кирил и Скопје Методиј во Скопје Машински факултет МОМ ТЕХНИЧКА МЕХАНИКА професор: доц. др Виктор Гаврилоски. ТОРЗИЈА

Διαβάστε περισσότερα

Почетоците на европската античка етимологија (со осврт на македонската)

Почетоците на европската античка етимологија (со осврт на македонската) УДК. 81'373.6 811.163.3'376.6 Александра Гецовска Почетоците на европската античка етимологија (со осврт на македонската) Клучни зборови: античка етимологија, дијахронија, македонска етимологија. Апстракт:

Διαβάστε περισσότερα

Стефан Пановски Војислав Саракински. По трагите на една епифанија Мотивот на Пан и политичката пропаганда на Антигон Гоната

Стефан Пановски Војислав Саракински. По трагите на една епифанија Мотивот на Пан и политичката пропаганда на Антигон Гоната УДК.94 (381):32.019.5 Стефан Пановски Војислав Саракински По трагите на една епифанија Мотивот на Пан и политичката пропаганда на Антигон Гоната Апстракт: Иако веродостојноста на легендата за епифанијата

Διαβάστε περισσότερα

ИНТЕРПРЕТАЦИЈА на NMR спектри. Асс. д-р Јасмина Петреска Станоева

ИНТЕРПРЕТАЦИЈА на NMR спектри. Асс. д-р Јасмина Петреска Станоева ИНТЕРПРЕТАЦИЈА на NMR спектри Асс. д-р Јасмина Петреска Станоева Нуклеарно магнетна резонанца Нуклеарно магнетна резонанца техника на молекулска спектроскопија дава информација за бројот и видот на атомите

Διαβάστε περισσότερα

ШЕМИ ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ НА ПРОСТИТЕ БРОЕВИ

ШЕМИ ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ НА ПРОСТИТЕ БРОЕВИ МАТЕМАТИЧКИ ОМНИБУС, (07), 9 9 ШЕМИ ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ НА ПРОСТИТЕ БРОЕВИ Весна Целакоска-Јорданова Секој природен број поголем од што е делив самo со и сам со себе се вика прост број. Запишани во низа,

Διαβάστε περισσότερα

Предизвици во моделирање

Предизвици во моделирање Предизвици во моделирање МОРА да постои компатибилност на јазлите од мрежата на КЕ на спојот на две површини Предизвици во моделирање Предизвици во моделирање Предизвици во моделирање Предизвици во моделирање

Διαβάστε περισσότερα

70 ГОДИНИ ИНСТИТУТ ЗА ИСТОРИЈА 70 ГОДИНИ МАКЕДОНСКА ИСТОРИОГРАФИЈА

70 ГОДИНИ ИНСТИТУТ ЗА ИСТОРИЈА 70 ГОДИНИ МАКЕДОНСКА ИСТОРИОГРАФИЈА Универзитет Св. Кирил и Методиј Скопје Филозофски факултет Институт за историја 70 ГОДИНИ ИНСТИТУТ ЗА ИСТОРИЈА 70 ГОДИНИ МАКЕДОНСКА ИСТОРИОГРАФИЈА ЗБОРНИК НА ТРУДОВИ ОД МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ОДРЖАНА

Διαβάστε περισσότερα

ВЕРОЈАТНОСТ И СТАТИСТИКА ВО СООБРАЌАЈОТ 3. СЛУЧАЈНИ ПРОМЕНЛИВИ

ВЕРОЈАТНОСТ И СТАТИСТИКА ВО СООБРАЌАЈОТ 3. СЛУЧАЈНИ ПРОМЕНЛИВИ Предавање. СЛУЧАЈНИ ПРОМЕНЛИВИ. Еднодимензионална случајна променлива При изведување на експеримент, случајниот настан може да има многу различни реализации. Ако ги знаеме можните реализации и ако ја знаеме

Διαβάστε περισσότερα

НАРОДНА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА NATIONAL BANK OF THE REPUBLIC OF MACEDONIA

НАРОДНА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА NATIONAL BANK OF THE REPUBLIC OF MACEDONIA НАРОДНА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА NATIONAL BANK OF THE REPUBLIC OF MACEDONIA Издавач: НАРОДНА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА www.nbrm.gov.mk За издавачот: Петар Гошев, гувернер на НБРМ Уредник: Катерина

Διαβάστε περισσότερα

а) Определување кружна фреквенција на слободни пригушени осцилации ωd ωn = ω б) Определување периода на слободни пригушени осцилации

а) Определување кружна фреквенција на слободни пригушени осцилации ωd ωn = ω б) Определување периода на слободни пригушени осцилации Динамика и стабилност на конструкции Задача 5.7 За дадената армирано бетонска конструкција од задачата 5. и пресметаните динамички карактеристики: кружна фреквенција и периода на слободните непригушени

Διαβάστε περισσότερα

46. РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА април III година. (решенија на задачите)

46. РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА април III година. (решенија на задачите) 46. РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 3 април 3 III година (решенија на задачите) Задача. Хеликоптер спасува планинар во опасност, спуштајќи јаже со должина 5, и маса 8, kg до планинарот. Планинарот испраќа

Διαβάστε περισσότερα

НУМЕРИЧКО МОДЕЛИРАЊЕ НА ГАЛАКСИИ

НУМЕРИЧКО МОДЕЛИРАЊЕ НА ГАЛАКСИИ Школа млади физичари 39, (2014) p. 1-12 НУМЕРИЧКО МОДЕЛИРАЊЕ НА ГАЛАКСИИ Наце Стојанов 1. ВОВЕД Kомпјутерските симулации, гледано воопштено, се прават заради разбирањете на својствата на објектите или

Διαβάστε περισσότερα

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ИНСТИТУТ ЗА ИСТОРИЈА И АРХЕОЛОГИЈА ISSN:

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ИНСТИТУТ ЗА ИСТОРИЈА И АРХЕОЛОГИЈА ISSN: УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ИНСТИТУТ ЗА ИСТОРИЈА И АРХЕОЛОГИЈА ISSN: 1857-7342 ГОДИШЕН ЗБОРНИК 2010 ГОДИШЕН ЗБОРНИК ИНСТИТУТ ЗА ИСТОРИЈА И АРХЕОЛОГИЈА Издавачки совет: д-р Саша Митрев д-р Кирил Цацков

Διαβάστε περισσότερα

Проф. д-р Ѓорѓи Тромбев ГРАДЕЖНА ФИЗИКА. Влажен воздух 3/22/2014

Проф. д-р Ѓорѓи Тромбев ГРАДЕЖНА ФИЗИКА. Влажен воздух 3/22/2014 Проф. д-р Ѓорѓи Тромбев ГРАДЕЖНА ФИЗИКА Влажен воздух 1 1 Влажен воздух Влажен воздух смеша од сув воздух и водена пареа Водената пареа во влажниот воздух е претежно во прегреана состојба идеален гас.

Διαβάστε περισσότερα

Φύλλα Εργασίας. Работни Листови. Εκπαιδευτικό Υλικό

Φύλλα Εργασίας. Работни Листови. Εκπαιδευτικό Υλικό Εκπαιδευτικό Υλικό Φύλλα Εργασίας Работни Листови Έργο: «Διασυνοριακή συνεργασία και ανταλλαγή τεχνογνωσίας για τη χρήση της εκπαιδευτικής τεχνολογίας στην Περιβαλλοντική Εκπαίδευση» Проект: «Ποгранична

Διαβάστε περισσότερα

Православна Охридска Архиепископија Службен билтен година XII Јануари Декември 2015

Православна Охридска Архиепископија Службен билтен година XII Јануари Декември 2015 Православна Охридска Архиепископија Службен билтен година XII Јануари Декември 2015 Архиепископот Јован во сослужение со Митрополитот на Санкт-Петербург Варсонуфиј, 26 Април 2015 Содржина Архиепископ

Διαβάστε περισσότερα

46. РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА април II година (решенија на задачите)

46. РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА април II година (решенија на задачите) 46 РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 03 0 април 03 година (решенија на задачите Задача Tочкаст полнеж е поставен во темето на правиот агол на правоаголен триаголник како што е прикажано на слика Јачината

Διαβάστε περισσότερα

ИСПИТ ПО ПРЕДМЕТОТ ВИСОКОНАПОНСКИ МРЕЖИ И СИСТЕМИ (III година)

ИСПИТ ПО ПРЕДМЕТОТ ВИСОКОНАПОНСКИ МРЕЖИ И СИСТЕМИ (III година) Septemvri 7 g ИСПИТ ПО ПРЕДМЕТОТ ВИСОКОНАПОНСКИ МРЕЖИ И СИСТЕМИ (III година) Задача 1. На сликата е прикажан 4 kv преносен вод со должина L = 18 km кој поврзува ЕЕС со бесконечна моќност и една електрична

Διαβάστε περισσότερα

Етички став спрема болно дете од анемија Г.Панова,Г.Шуманов,С.Јовевска,С.Газепов,Б.Панова Факултет за Медицински науки,,универзитет Гоце Делчев Штип

Етички став спрема болно дете од анемија Г.Панова,Г.Шуманов,С.Јовевска,С.Газепов,Б.Панова Факултет за Медицински науки,,универзитет Гоце Делчев Штип Етички став спрема болно дете од анемија Г.Панова,Г.Шуманов,С.Јовевска,С.Газепов,Б.Панова Факултет за Медицински науки,,универзитет Гоце Делчев Штип Апстракт Вовед:Болести на крвта можат да настанат кога

Διαβάστε περισσότερα

Кон нов Свет и Голем Собор

Кон нов Свет и Голем Собор Кон нов Свет и Голем Собор 1. Католичноста на локалната заедница и католичноста на Црквата во вселената Црквата се пројавува во тајните. 1 Во ништо друго Црквата не се пројавува појасно отколку во тајните.

Διαβάστε περισσότερα

ЕКЛИСИОЛОШКИОТ ЕТОС СПОРЕД СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ КИРЕ ТРАЈАНОВ

ЕКЛИСИОЛОШКИОТ ЕТОС СПОРЕД СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ КИРЕ ТРАЈАНОВ ЕКЛИСИОЛОШКИОТ ЕТОС СПОРЕД СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ КИРЕ ТРАЈАНОВ Разгледувањето на тезата за еклисиолошко-онтолошката основаност на етичката мисла на свет Јован Златоуст ќе го започнеме со кажувањето на двајца

Διαβάστε περισσότερα

NIZ PREMINOT NA TRADICIЈATA

NIZ PREMINOT NA TRADICIЈATA ILIЈA VELEV NIZ PREMINOT NA TRADICIЈATA (KNI@EVNO-ISTORISKI POGLEDI) ДИЈАЛОГ Скопје 2006 Континуитетот на македонскиот книжевно-историски развој...3 Култот на Петнаесетте тивериополски (струмички) свештеномаченици

Διαβάστε περισσότερα

Бесмртноста на душата кај Платон (II)

Бесмртноста на душата кај Платон (II) Бесмртноста на душата кај Платон (II) Стефан Пановски Студент на институтот за класични студии noxdiaboli@yahoo.com 1. За деловите на душата За да зборуваме за бесмртноста на душата, најнапред мора да

Διαβάστε περισσότερα

ДОНЧЕ ТАСЕВ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГРЦИЈА

ДОНЧЕ ТАСЕВ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГРЦИЈА ДОНЧЕ ТАСЕВ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГРЦИЈА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГРЦИЈА ДОНЧЕ ТАСЕВ ДОНЧЕ ТАСЕВ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГРЦИЈА Македонски информативен центар Донче ТАСЕВ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГРЦИЈА Издавач Македонски информативен центар

Διαβάστε περισσότερα

Од точката С повлечени се тангенти кон кружницата. Одреди ја големината на AOB=?

Од точката С повлечени се тангенти кон кружницата. Одреди ја големината на AOB=? Задачи за вежби тест плоштина на многуаголник 8 одд На што е еднаков збирот на внатрешните агли кај n-аголник? 1. Одреди ја плоштината на паралелограмот, според податоците дадени на цртежот 2. 3. 4. P=?

Διαβάστε περισσότερα

Анализа на триаголници: Упатство за наставникот

Анализа на триаголници: Упатство за наставникот Анализа на триаголници: Упатство за наставникот Цел:. Што мислиш? Колку многу триаголници со основа a=4см и висина h=3см можеш да нацрташ? Линк да Видиш и Направиш Mathcast за Што мислиш? Нацртај точка

Διαβάστε περισσότερα

СТАНДАРДНИ НИСКОНАПОНСКИ СИСТЕМИ

СТАНДАРДНИ НИСКОНАПОНСКИ СИСТЕМИ НН трифазни мрежи се изведуваат со три или четири спроводника мрежите со четири спроводника можат да преминат во мрежи со пет спроводника, но со оглед што тоа во пракса се прави во објектите (кај потрошувачите),

Διαβάστε περισσότερα

МЕХАНИКА 1 МЕХАНИКА 1

МЕХАНИКА 1 МЕХАНИКА 1 диј е ИКА Универзитет Св. Кирил и Методиј Универзитет Машински Св. факултет Кирил -и Скопје Методиј во Скопје Машински факултет 3М21ОМ01 ТЕХНИЧКА МЕХАНИКА професор: доц. д-р Виктор Гаврилоски 1. ВОВЕДНИ

Διαβάστε περισσότερα

КА КО КОД НАС ЦР КВЕ И ДА ЉЕ ЛЕ ТЕ

КА КО КОД НАС ЦР КВЕ И ДА ЉЕ ЛЕ ТЕ Н И КО Л И Н А Т У Т У Ш КА КО КОД НАС ЦР КВЕ И ДА ЉЕ ЛЕ ТЕ Мо тив ле те ће цр кве чест је у на род ним пре да њи ма и ле генда ма о на с т а н к у по је д и н и х ц р к а в а и ма на с т и ра. 1 Ро ма

Διαβάστε περισσότερα

ПОЈ МО ВИ СЕ КУ ЛА РИ ЗМА И ЛА И ЦИ ЗМА

ПОЈ МО ВИ СЕ КУ ЛА РИ ЗМА И ЛА И ЦИ ЗМА Ал фа уни вер зи тет, Бе о град, Уни вер зи тет у Бе о гра ду, Ин сти тут за фи ло зо фи ју и друштвену те о ри ју, Цен тар за ре ли гиј ске сту ди је, Бе о град DOI 10.5937/kultura1340473P УДК 299.5(049.2)

Διαβάστε περισσότερα

Горан Санев. еден коринтски арибалос од скопје

Горан Санев. еден коринтски арибалос од скопје УДК: 904-033.6(497.711) -06 Горан Санев еден коринтски арибалос од скопје Клучни зборови: коринтски арибалос, архајски период, црнофигурално вазно сликарство, Повардарје, Скопје, Халкидики Во текот на

Διαβάστε περισσότερα

ACADEMIE SERBE DES SCIENCES ET DES ARTS INSTITUT DES ETUDES BALKANIQUES BALCANICA XXXII XXXIII ANNUAIRE DE L INSTITUT DES ETUDES BALKANIQUES

ACADEMIE SERBE DES SCIENCES ET DES ARTS INSTITUT DES ETUDES BALKANIQUES BALCANICA XXXII XXXIII ANNUAIRE DE L INSTITUT DES ETUDES BALKANIQUES UDC 930.85(4 12) YU ISSN 0350 7653 ACADEMIE SERBE DES SCIENCES ET DES ARTS INSTITUT DES ETUDES BALKANIQUES BALCANICA XXXII XXXIII ANNUAIRE DE L INSTITUT DES ETUDES BALKANIQUES Rédacteur LJUBINKO RADENKOVIĆ

Διαβάστε περισσότερα

СТА ВО ВИ УЧЕ НИ КА ОСНОВНИХ И СРЕД ЊИХ ШКО ЛА О ПРЕД МЕ ТУ ЛИКОВНА КУЛ ТУ РА

СТА ВО ВИ УЧЕ НИ КА ОСНОВНИХ И СРЕД ЊИХ ШКО ЛА О ПРЕД МЕ ТУ ЛИКОВНА КУЛ ТУ РА Ви со ка шко ла стру ков них сту ди ја за вас пи та че и по слов не ин фор ма ти ча ре Сир ми јум, Срем ска Ми тро ви ца DOI 10.5937/kultura1547242K УДК 316.644-057.874:73/76(497.11) 371.3::73/76(497.11)

Διαβάστε περισσότερα

UDK:398.33(497.17):355

UDK:398.33(497.17):355 oригинален научен труд UDK:398.33(497.17):355 ПРАЗНИКОТ КСАНТИКА КАЈ АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ Катерина Младеновска-Ристовска Институт за национална историја Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Македонија

Διαβάστε περισσότερα

Как Бог велик! Ι œ Ι œ Ι œ. œ œ Ι œ. œ œ œ œ œ œ œ œ. œœœ. œ œ. œ Œ. œ œ œ œ œ. œ œ œ œ œ œ œ œ œ œ œ œ œ. œ œ œ œ œ œ œ œ œ œ œ œ œ œ œ œ

Как Бог велик! Ι œ Ι œ Ι œ. œ œ Ι œ. œ œ œ œ œ œ œ œ. œœœ. œ œ. œ Œ. œ œ œ œ œ. œ œ œ œ œ œ œ œ œ œ œ œ œ. œ œ œ œ œ œ œ œ œ œ œ œ œ œ œ œ Как Бог велик! oprano Любовь Бондаренко Степенно Œ Светлана Зайцева Аранж. Станислав Маген ass Œ 1.Как Бог ве.как Бог ве Piano Œ Œ Как Как Бог Бог ве ве лик! Е лик! Мне не го по ве ли чье ня тно, сво им

Διαβάστε περισσότερα

Регулација на фреквенција и активни моќности во ЕЕС

Регулација на фреквенција и активни моќности во ЕЕС 8 Регулација на фреквенција и активни моќности во ЕЕС 8.1. Паралелна работа на синхроните генератори Современите електроенергетски системи го напојуваат голем број на синхрони генератори кои работат паралелно.

Διαβάστε περισσότερα

ЕДНИОТ И МНОГУТЕ НИЗ ЕКЛИСИОЛОШКИ АСПЕКТ

ЕДНИОТ И МНОГУТЕ НИЗ ЕКЛИСИОЛОШКИ АСПЕКТ ЕДНИОТ И МНОГУТЕ НИЗ ЕКЛИСИОЛОШКИ АСПЕКТ (ЛИЧНОСТА НА ЕПИСКОПОТ ВО ЦРКВАТА) ВОВЕД Човековата слобода не е апсолутна. Човекот, според сè е детерминирано битие. Самиот факт на неговата створеност ја условува

Διαβάστε περισσότερα

ТАРИФЕН СИСТЕМ ЗА ДИСТРИБУЦИЈА

ТАРИФЕН СИСТЕМ ЗА ДИСТРИБУЦИЈА ТАРИФЕН СИСТЕМ ЗА ДИСТРИБУЦИЈА Тарифен систем за ДС на ЕВН Македонија 2014 година (rke.org.mk) Надоместок за користење на дистрибутивниот систем плаќаат сите потрошувачи, корисници на дистрибутивниот сите

Διαβάστε περισσότερα

Доц. д-р Наташа Ристовска

Доц. д-р Наташа Ристовска Доц. д-р Наташа Ристовска Класификација според структура на скелет Алифатични Циклични Ароматични Бензеноидни Хетероциклични (Повторете ги хетероцикличните соединенија на азот, петчлени и шестчлени прстени,

Διαβάστε περισσότερα

ΠΑΝΔΠΗΣΖΜΗΟ ΠΑΣΡΩΝ ΣΜΖΜΑ ΖΛΔΚΣΡΟΛΟΓΩΝ ΜΖΥΑΝΗΚΩΝ ΚΑΗ ΣΔΥΝΟΛΟΓΗΑ ΤΠΟΛΟΓΗΣΩΝ ΣΟΜΔΑ ΤΣΖΜΑΣΩΝ ΖΛΔΚΣΡΗΚΖ ΔΝΔΡΓΔΗΑ

ΠΑΝΔΠΗΣΖΜΗΟ ΠΑΣΡΩΝ ΣΜΖΜΑ ΖΛΔΚΣΡΟΛΟΓΩΝ ΜΖΥΑΝΗΚΩΝ ΚΑΗ ΣΔΥΝΟΛΟΓΗΑ ΤΠΟΛΟΓΗΣΩΝ ΣΟΜΔΑ ΤΣΖΜΑΣΩΝ ΖΛΔΚΣΡΗΚΖ ΔΝΔΡΓΔΗΑ ΠΑΝΔΠΗΣΖΜΗΟ ΠΑΣΡΩΝ ΣΜΖΜΑ ΖΛΔΚΣΡΟΛΟΓΩΝ ΜΖΥΑΝΗΚΩΝ ΚΑΗ ΣΔΥΝΟΛΟΓΗΑ ΤΠΟΛΟΓΗΣΩΝ ΣΟΜΔΑ ΤΣΖΜΑΣΩΝ ΖΛΔΚΣΡΗΚΖ ΔΝΔΡΓΔΗΑ Γηπισκαηηθή Δξγαζία ηνπ Φνηηεηή ηνπ ηκήκαηνο Ζιεθηξνιόγσλ Μεραληθώλ θαη Σερλνινγίαο Ζιεθηξνληθώλ

Διαβάστε περισσότερα

Ракавици и сандали. Владимир Стојановски-Дерлиев

Ракавици и сандали. Владимир Стојановски-Дерлиев Ракавици и сандали Владимир Стојановски-Дерлиев Сл. 30 Златна ракавица,, лок. Горна Порта-Охридска крепост, гроб 132, почеток на V век пред Христа Техниката во која се изработувани и овие предмети исто

Διαβάστε περισσότερα

АКСИЈАЛНО НАПРЕГАЊЕ Катедра за техничка механика и јакост на материјалите

АКСИЈАЛНО НАПРЕГАЊЕ Катедра за техничка механика и јакост на материјалите УНИВЕРЗИТЕТ Св. КИРИЛ иметодиј ГРАДЕЖЕН ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ Катедра за техничка механика и јакост на материјалите http://ktmjm.gf.ukim.edu.mk АКСИЈАЛНО НАПРЕГАЊЕ 17.02.2015 АКСИЈАЛНО НАПРЕГАЊЕ КОГА??? АКСИЈАЛНО

Διαβάστε περισσότερα

игумен Давид (Нинов)

игумен Давид (Нинов) игумен Давид (Нинов) МЕДИУМИТЕ И НИВНАТА (НЕ)ОДГОВОРНОСТ ВО Р. МАКЕДОНИЈА (краток приказ за медиумите и замешателствата коишто ги предизвикуваат во спрега со расколничкиот синод на МПЦ contra канонскиот

Διαβάστε περισσότερα

ГРЧКИ РЕАКЦИИ ЗА ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ

ГРЧКИ РЕАКЦИИ ЗА ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ ГОДИШЕН ЗБОРНИК 69 Далибор ЈОВАНОВСКИ УДК: 94(497.7) 1903 :327(495) ГРЧКИ РЕАКЦИИ ЗА ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ Кратка содржина Почетокот на Илинденското востание не предизвикало изненадување во Грција. Грчките

Διαβάστε περισσότερα

ПРИН ЦИ ПИ СА РАД ЊЕ НО ВИ НА РА И ПР СТРУЧ ЊА КА

ПРИН ЦИ ПИ СА РАД ЊЕ НО ВИ НА РА И ПР СТРУЧ ЊА КА Уни вер зи тет у Ни шу, Фи ло зоф ски фа кул тет Де парт ман за но ви нар ство, Ниш DOI 10.5937/kultura1339041A УДК 070.11:659.4(497.11) 2013 прегледни рад ПРИН ЦИ ПИ СА РАД ЊЕ НО ВИ НА РА И ПР СТРУЧ ЊА

Διαβάστε περισσότερα

ΖητΗματα υποδοχης και προσληψης του Franz Kafka στην ΕλλΑδα

ΖητΗματα υποδοχης και προσληψης του Franz Kafka στην ΕλλΑδα ΖητΗματα υποδοχης και προσληψης του Franz Kafka στην ΕλλΑδα Ζητήματα υποδοχής και πρόσληψης του Franz Kafka στην Ελλάδα Μιχ. Γ. Μπακογιάννης Aspects of Kafka s reception in Modern Greek Literature: The

Διαβάστε περισσότερα

III. ОП ШТЕ ОД РЕД БЕ

III. ОП ШТЕ ОД РЕД БЕ 3) об ра чун ски пе ри од је сте вре мен ски пе ри од у ко ме се вр ши об ра чун ис по ру че не то плот не енер ги је ко ји сво јим ак том про пи сује над ле жни ор ган; 4) ре гу ла тор ни пе ри од је

Διαβάστε περισσότερα

NATIONAL INTEREST ЧАСОПИС ЗА НАЦИОНАЛНА И ДРЖАВНА ПИТАЊА

NATIONAL INTEREST ЧАСОПИС ЗА НАЦИОНАЛНА И ДРЖАВНА ПИТАЊА NATIONAL INTEREST JOURNAL FOR NATIONAL AND STATE ISSUES ISSN 1820-4996 UDK 323.1(=163.40) година VIII vol. 13. 1/2012. ЧАСОПИС ЗА НАЦИОНАЛНА И ДРЖАВНА ПИТАЊА ПОЛИТИЧКА ТЕОРИЈА И ИДЕНТИТЕТ Митрофанова А.

Διαβάστε περισσότερα

КОЈ БИЛ ОХРИДСКИ АРХИЕПИСКОП ВО ВРЕМЕ НА ПОГУБУВАЊЕТО НА ЈОВАН ВЛАДИМИР?

КОЈ БИЛ ОХРИДСКИ АРХИЕПИСКОП ВО ВРЕМЕ НА ПОГУБУВАЊЕТО НА ЈОВАН ВЛАДИМИР? др. Јован (Вранишкоски), Архиепископ охридски и Митрополит скопски Архиепископија охридска и Митрополија скопска arhiepohrid@poa-info.org КОЈ БИЛ ОХРИДСКИ АРХИЕПИСКОП ВО ВРЕМЕ НА ПОГУБУВАЊЕТО НА ЈОВАН

Διαβάστε περισσότερα

Info 3ΟΡΑ EDIFYING BULLETIN OF RAINBOW PARTY MK EDITION June 2002 No 6-b

Info 3ΟΡΑ EDIFYING BULLETIN OF RAINBOW PARTY MK EDITION June 2002 No 6-b RAINBOW (VINOZHITO) European Movement Member of the European Free Alianze (E.F.A) STEFANOU DRAGOUMI 11 P.O. 51 Τ.Κ. 53100 FLORINA / LERIN GREECE TEL- FAX :++ 2385-46548 Internet: http://www.florina.org

Διαβάστε περισσότερα

Примена на Matlab за оптимизација на режимите на работа на ЕЕС

Примена на Matlab за оптимизација на режимите на работа на ЕЕС 6. СОВЕТУВАЊЕ Охрид, 4-6 октомври 2009 Мирко Тодоровски Ристо Ачковски Јовица Вулетиќ Факултет за електротехника и информациски технологии, Скопје Примена на Matlab за оптимизација на режимите на работа

Διαβάστε περισσότερα

ΠΑΝΕΠΙΣΤΗΜΙΟ ΠΕΙΡΑΙΑ ΤΜΗΜΑ ΝΑΥΤΙΛΙΑΚΩΝ ΣΠΟΥΔΩΝ ΠΡΟΓΡΑΜΜΑ ΜΕΤΑΠΤΥΧΙΑΚΩΝ ΣΠΟΥΔΩΝ ΣΤΗΝ ΝΑΥΤΙΛΙΑ

ΠΑΝΕΠΙΣΤΗΜΙΟ ΠΕΙΡΑΙΑ ΤΜΗΜΑ ΝΑΥΤΙΛΙΑΚΩΝ ΣΠΟΥΔΩΝ ΠΡΟΓΡΑΜΜΑ ΜΕΤΑΠΤΥΧΙΑΚΩΝ ΣΠΟΥΔΩΝ ΣΤΗΝ ΝΑΥΤΙΛΙΑ ΠΑΝΕΠΙΣΤΗΜΙΟ ΠΕΙΡΑΙΑ ΤΜΗΜΑ ΝΑΥΤΙΛΙΑΚΩΝ ΣΠΟΥΔΩΝ ΠΡΟΓΡΑΜΜΑ ΜΕΤΑΠΤΥΧΙΑΚΩΝ ΣΠΟΥΔΩΝ ΣΤΗΝ ΝΑΥΤΙΛΙΑ ΝΟΜΙΚΟ ΚΑΙ ΘΕΣΜΙΚΟ ΦΟΡΟΛΟΓΙΚΟ ΠΛΑΙΣΙΟ ΚΤΗΣΗΣ ΚΑΙ ΕΚΜΕΤΑΛΛΕΥΣΗΣ ΠΛΟΙΟΥ ΔΙΠΛΩΜΑΤΙΚΗ ΕΡΓΑΣΙΑ που υποβλήθηκε στο

Διαβάστε περισσότερα

ΤΕΧΝΟΛΟΓΙΚΟ ΠΑΝΕΠΙΣΤΗΜΙΟ ΚΥΠΡΟΥ ΣΧΟΛΗ ΚΑΛΩΝ ΚΑΙ ΕΦΑΡΜΟΣΜΕΝΩΝ ΤΕΧΝΩΝ ΤΜΗΜΑ ΚΑΛΩΝ ΤΕΧΝΩΝ ΜΕΤΑΠΤΥΧΙΑΚΟ ΠΡΟΓΡΑΜΜΑ ΣΤΗΝ ΙΣΤΟΡΙΑ ΚΑΙ ΘΕΩΡΙΑ ΤΗΣ ΤΕΧΝΗΣ

ΤΕΧΝΟΛΟΓΙΚΟ ΠΑΝΕΠΙΣΤΗΜΙΟ ΚΥΠΡΟΥ ΣΧΟΛΗ ΚΑΛΩΝ ΚΑΙ ΕΦΑΡΜΟΣΜΕΝΩΝ ΤΕΧΝΩΝ ΤΜΗΜΑ ΚΑΛΩΝ ΤΕΧΝΩΝ ΜΕΤΑΠΤΥΧΙΑΚΟ ΠΡΟΓΡΑΜΜΑ ΣΤΗΝ ΙΣΤΟΡΙΑ ΚΑΙ ΘΕΩΡΙΑ ΤΗΣ ΤΕΧΝΗΣ ΤΕΧΝΟΛΟΓΙΚΟ ΠΑΝΕΠΙΣΤΗΜΙΟ ΚΥΠΡΟΥ ΣΧΟΛΗ ΚΑΛΩΝ ΚΑΙ ΕΦΑΡΜΟΣΜΕΝΩΝ ΤΕΧΝΩΝ ΤΜΗΜΑ ΚΑΛΩΝ ΤΕΧΝΩΝ ΜΕΤΑΠΤΥΧΙΑΚΟ ΠΡΟΓΡΑΜΜΑ ΣΤΗΝ ΙΣΤΟΡΙΑ ΚΑΙ ΘΕΩΡΙΑ ΤΗΣ ΤΕΧΝΗΣ Αφήγηση και εθνική ταυτότητα: Η Κυπριακή Συλλογή στο Εθνικό

Διαβάστε περισσότερα

European Constitutional Law

European Constitutional Law ARISTOTLE UNIVERSITY OF THESSALONIKI OPEN ACADEMIC COURSES Unit 1: The EU as an international (or supranational?) organization Lina Papadopoulou Ass. Prof. of Constitutional Law, Jean Monnet Chair for

Διαβάστε περισσότερα

ВИСТИНСКА ТРОЈА НЕМАЛО

ВИСТИНСКА ТРОЈА НЕМАЛО 1 Д-р Ристо Ивановски ВИСТИНСКА ТРОЈА НЕМАЛО Битола, Р.Македонија 2017 година 2 Д-р Ристо Ивановски, ВИСТИНСКА ТРОЈА НЕМАЛО ИВАНОВСКИ, Ристо Вистинска Троја немало / Ристо Ивановски. - Битола : Ивановски

Διαβάστε περισσότερα

45 РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2012 II година (решенија на задачите)

45 РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2012 II година (решенија на задачите) 45 РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 1 II година (решенија на задачите) 1 Координатите на два точкасти полнежи q 1 = + 3 µ C и q = 4µ C, поставени во xy рамнината се: x 1 = 3, 5cm; y 1 =, 5cm и x = cm; y

Διαβάστε περισσότερα

ΤΕΧΝΟΛΟΓΙΚΟ ΠΑΝΕΠΙΣΤΗΜΙΟ ΚΥΠΡΟΥ ΤΜΗΜΑ ΝΟΣΗΛΕΥΤΙΚΗΣ

ΤΕΧΝΟΛΟΓΙΚΟ ΠΑΝΕΠΙΣΤΗΜΙΟ ΚΥΠΡΟΥ ΤΜΗΜΑ ΝΟΣΗΛΕΥΤΙΚΗΣ ΤΕΧΝΟΛΟΓΙΚΟ ΠΑΝΕΠΙΣΤΗΜΙΟ ΚΥΠΡΟΥ ΤΜΗΜΑ ΝΟΣΗΛΕΥΤΙΚΗΣ ΠΤΥΧΙΑΚΗ ΕΡΓΑΣΙΑ ΨΥΧΟΛΟΓΙΚΕΣ ΕΠΙΠΤΩΣΕΙΣ ΣΕ ΓΥΝΑΙΚΕΣ ΜΕΤΑ ΑΠΟ ΜΑΣΤΕΚΤΟΜΗ ΓΕΩΡΓΙΑ ΤΡΙΣΟΚΚΑ Λευκωσία 2012 ΤΕΧΝΟΛΟΓΙΚΟ ΠΑΝΕΠΙΣΤΗΜΙΟ ΚΥΠΡΟΥ ΣΧΟΛΗ ΕΠΙΣΤΗΜΩΝ

Διαβάστε περισσότερα

БОГОМИЛ ЃУЗЕЛ МИРОНОСНИЦИ

БОГОМИЛ ЃУЗЕЛ МИРОНОСНИЦИ БОГОМИЛ ЃУЗЕЛ МИРОНОСНИЦИ 1, LADY ROAD, EDINBURGH 9. Огромна соба и дебели ѕидишта место што Самиот Посејдон можеби го одбрал за да го заклучи морето Пред да даде оставка и да ce повлече земајќи ги клучевите

Διαβάστε περισσότερα

О мах на са мом по чет ку тре ба ре ћи да је про фе сор Бог ан Лу бар ић један

О мах на са мом по чет ку тре ба ре ћи да је про фе сор Бог ан Лу бар ић један Саборнос 4 (2010) Α Ω 367 372 УДК 271.2-1 Јустин Поповић, свети(049.3) Бла го је Пан те ић Богословско дру штво Отач ник, Бе о град Ју стин По по вић, нео па три сти ка и ру ска фи о со фија поводом будућности

Διαβάστε περισσότερα

НОВИ САД Година XIII Број 10 ГЛАСИЛО МАТИЦЕ СРПСКЕ ЗА КУЛТУРУ УСМЕНЕ И ПИСАНЕ РЕЧИ

НОВИ САД Година XIII Број 10 ГЛАСИЛО МАТИЦЕ СРПСКЕ ЗА КУЛТУРУ УСМЕНЕ И ПИСАНЕ РЕЧИ НОВИ САД 2017. Година XIII Број 10 НОВА СЕРИЈА ГЛАСИЛО МАТИЦЕ СРПСКЕ ЗА КУЛТУРУ УСМЕНЕ И ПИСАНЕ РЕЧИ САДРЖАЈ Норма Жарко Б. Вељковић, Јелена Мирковић О правописној транскрипцији сливеним дз неких грчких

Διαβάστε περισσότερα

СРПСКА ИДЕЈА У ДОБА ЗБРКАНЕ ИСТОРИЈСКЕ СВЕСТИ

СРПСКА ИДЕЈА У ДОБА ЗБРКАНЕ ИСТОРИЈСКЕ СВЕСТИ UDC 323.1(=163.41) DOI: 10.2298/ZMSDN1134001M Оригинални научни рад Милован М. Митровић СРПСКА ИДЕЈА У ДОБА ЗБРКАНЕ ИСТОРИЈСКЕ СВЕСТИ СА ЖЕ ТАК: У овом ра ду хи по те тич ки се раз ма тра фе но ме но ло

Διαβάστε περισσότερα

ГО СТИ О НИ ЦЕ ПРЕ ТЕ ЧЕ КА ФА НА

ГО СТИ О НИ ЦЕ ПРЕ ТЕ ЧЕ КА ФА НА Уни вер зи тет у Ни шу, Фи ло зоф ски фа кул тет Де парт ман исто ри ја, Ниш; Са мо стал ни ис тра жи вач, Ле ско вац DOI 10.5937/kultura1651119D УДК 394.1:640.416(497.11) 04/14 316.728(497.11) 04/14 94:316.343(497.11)

Διαβάστε περισσότερα

Тетовско - гостиварска епархиjа Година 4 Броj 7 февруари 2017 ЗА ИКОНАТА НА СРЕТЕНИЕ ГОСПОДОВО

Тетовско - гостиварска епархиjа Година 4 Броj 7 февруари 2017 ЗА ИКОНАТА НА СРЕТЕНИЕ ГОСПОДОВО Тетовско - гостиварска епархиjа Година 4 Броj 7 февруари 2017 ЗА ИКОНАТА НА СРЕТЕНИЕ ГОСПОДОВО 2 SECTION ИЗВАДОЦИ NAME ОД СЛОВО ЗА ПРАЗНИЦИТЕ Кирил Пејчиновиќ...Aмa aко речете, како едни сиромаси слепи

Διαβάστε περισσότερα

24 Број децембар 2012.

24 Број децембар 2012. 24 Број 123 28. децембар 2012. Члан 30. Да ном сту па ња на сна гу овог пра вил ни ка пре ста је да ва жи Пра вил ник о од ре ђи ва њу слу ча је ва у ко ји ма не ма оба ве зе из да вања ра чу на и о ра

Διαβάστε περισσότερα

Метод, формат, стратегија, тактика, практика, процедура, протокол, платформа и... и други испитни прашања за професорот. Сесија #2 со Мишко Шуваковиќ

Метод, формат, стратегија, тактика, практика, процедура, протокол, платформа и... и други испитни прашања за професорот. Сесија #2 со Мишко Шуваковиќ Сесија #2 со Мишко Шуваковиќ Метод, формат, стратегија, тактика, практика, процедура, протокол, платформа и други испитни прашања за професорот 29.01.2010, Белград Магацин во улицата Крале Марко Синиша

Διαβάστε περισσότερα

ТЕ МАТ: 80 ГО ДИ НА ДА НИ ЛА КИ ША ( )

ТЕ МАТ: 80 ГО ДИ НА ДА НИ ЛА КИ ША ( ) ТЕ МАТ: 80 ГО ДИ НА ДА НИ ЛА КИ ША (1935 1989) А Л Е К СА Н Д А Р Ј Е Р КОВ УВЕК О КИ ШУ, А СА ДА ЈОШ И О ПИ ТА ЊУ ЉУ БА ВИ У ЈЕ СЕН ГО ДИ НЕ 7464. ( ПО ВИ ЗА Н Т И Ј СКОМ РА Ч У Н А ЊУ ВРЕ М Е Н А), НА

Διαβάστε περισσότερα

ЖАЛБА Од Јован Вранишкоски на пресудата од Основниот Суд Скопје I, V КОК бр. 59/12

ЖАЛБА Од Јован Вранишкоски на пресудата од Основниот Суд Скопје I, V КОК бр. 59/12 Преку Основен суд Скопје I Скопје до Апелационен суд во Скопје Врска V КОК бр. 59/12 ЖАЛБА Од Јован Вранишкоски на пресудата од Основниот Суд Скопје I, V КОК бр. 59/12 Без илузии дека оваа жалба ќе го

Διαβάστε περισσότερα

НЕКОИ АЛГОРИТМИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ЗАДАЧАТА НА ПАТУВАЧКИОТ ТРГОВЕЦ

НЕКОИ АЛГОРИТМИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ЗАДАЧАТА НА ПАТУВАЧКИОТ ТРГОВЕЦ МАТЕМАТИЧКИ ОМНИБУС, 1 (2017), 101 113 НЕКОИ АЛГОРИТМИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ЗАДАЧАТА НА ПАТУВАЧКИОТ ТРГОВЕЦ Ирена Стојковска 1 Задачата на патувачкиот трговец е комбинаторна оптимизациона задача со едноставна

Διαβάστε περισσότερα

ЗНАЧЕЊЕТО НА ИКОНОСТАСОТ ВО РАЗВОЈОТ НА КОНЦЕПТОТ НА ЗАПАДНИОТ ТЕАТАР Театарот како храм на уметноста

ЗНАЧЕЊЕТО НА ИКОНОСТАСОТ ВО РАЗВОЈОТ НА КОНЦЕПТОТ НА ЗАПАДНИОТ ТЕАТАР Театарот како храм на уметноста Доц. Др. Љупчо Јованов Универзитет Американ Колеџ Скопје, Факултет за Архитектура и дизајн ЗНАЧЕЊЕТО НА ИКОНОСТАСОТ ВО РАЗВОЈОТ НА КОНЦЕПТОТ НА ЗАПАДНИОТ ТЕАТАР Театарот како храм на уметноста Се вели

Διαβάστε περισσότερα

НЕ ПРО ПИ СНИ МИ ГРАН ТИ. Не дав но ми је у ру ке до шла бро шу ра у ко јој сам, из ме ђу оста лог, про читао

НЕ ПРО ПИ СНИ МИ ГРАН ТИ. Не дав но ми је у ру ке до шла бро шу ра у ко јој сам, из ме ђу оста лог, про читао НОРМА Вл а д о Ђу ка н о в и ћ НЕ ПРО ПИ СНИ МИ ГРАН ТИ Не дав но ми је у ру ке до шла бро шу ра у ко јој сам, из ме ђу оста лог, про читао и ово: KO SU NEPROPISNI MIGRANTI? Ne p r o p i s n i m i g r

Διαβάστε περισσότερα

«ΑΓΡΟΤΟΥΡΙΣΜΟΣ ΚΑΙ ΤΟΠΙΚΗ ΑΝΑΠΤΥΞΗ: Ο ΡΟΛΟΣ ΤΩΝ ΝΕΩΝ ΤΕΧΝΟΛΟΓΙΩΝ ΣΤΗΝ ΠΡΟΩΘΗΣΗ ΤΩΝ ΓΥΝΑΙΚΕΙΩΝ ΣΥΝΕΤΑΙΡΙΣΜΩΝ»

«ΑΓΡΟΤΟΥΡΙΣΜΟΣ ΚΑΙ ΤΟΠΙΚΗ ΑΝΑΠΤΥΞΗ: Ο ΡΟΛΟΣ ΤΩΝ ΝΕΩΝ ΤΕΧΝΟΛΟΓΙΩΝ ΣΤΗΝ ΠΡΟΩΘΗΣΗ ΤΩΝ ΓΥΝΑΙΚΕΙΩΝ ΣΥΝΕΤΑΙΡΙΣΜΩΝ» I ΑΡΙΣΤΟΤΕΛΕΙΟ ΠΑΝΕΠΙΣΤΗΜΙΟ ΘΕΣΣΑΛΟΝΙΚΗΣ ΣΧΟΛΗ ΝΟΜΙΚΩΝ ΟΙΚΟΝΟΜΙΚΩΝ ΚΑΙ ΠΟΛΙΤΙΚΩΝ ΕΠΙΣΤΗΜΩΝ ΤΜΗΜΑ ΟΙΚΟΝΟΜΙΚΩΝ ΕΠΙΣΤΗΜΩΝ ΠΡΟΓΡΑΜΜΑ ΜΕΤΑΠΤΥΧΙΑΚΩΝ ΣΠΟΥΔΩΝ ΣΤΗΝ «ΔΙΟΙΚΗΣΗ ΚΑΙ ΟΙΚΟΝΟΜΙΑ» ΚΑΤΕΥΘΥΝΣΗ: ΟΙΚΟΝΟΜΙΚΗ

Διαβάστε περισσότερα

КОНСТАНТИН ВЕЛИКИ ( )

КОНСТАНТИН ВЕЛИКИ ( ) Мр Александра Смирнов-Бркић Филозофски факултет у Новом Саду Тема такмичења из историје 2012/2013. година КОНСТАНТИН ВЕЛИКИ (306 337) Део I ЖИВОТ И ВЛАДАВИНА КОНСТАНТИНА ВЕЛИКОГ Константиново порекло Диоклецијан

Διαβάστε περισσότερα

56. РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2013 Скопје, 11 мај I година (решенија на задачите)

56. РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2013 Скопје, 11 мај I година (решенија на задачите) 56. РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 03 Скопје, мај 03 I година (решенија на задачите) Задача. Експресен воз го поминал растојанието помеѓу две соседни станици, кое изнесува, 5 km, за време од 5 min. Во

Διαβάστε περισσότερα

ПО РЕ КЛО КАО ГРИ МАСА: НИЧЕ О ВО СХВА ТА ЊЕ ГЕНЕАЛО ГИ ЈЕ

ПО РЕ КЛО КАО ГРИ МАСА: НИЧЕ О ВО СХВА ТА ЊЕ ГЕНЕАЛО ГИ ЈЕ Уни вер зи тет у Но вом Са ду, Фи ло зоф ски фа кул тет, Но ви Сад DOI 10.5937/kultura1547115R УДК 14 Ниче Ф. 17 Ниче Ф. оригиналан научни рад ПО РЕ КЛО КАО ГРИ МАСА: НИЧЕ О ВО СХВА ТА ЊЕ ГЕНЕАЛО ГИ ЈЕ

Διαβάστε περισσότερα

Елегискиот воин во новиот фрагмент на Aрхилох (P.Oxy. LXIX4708)

Елегискиот воин во новиот фрагмент на Aрхилох (P.Oxy. LXIX4708) Елегискиот воин во новиот фрагмент на Aрхилох (P.Oxy. LXIX4708) Даниела Тошева Николовска toshevadaniela@gmail.com АПСТРАКТ Новиот фрагмент на Архилох претставува елегиска песна во која се обработува митот

Διαβάστε περισσότερα

СРП СКА КАН ЦЕ ЛА РИ ЈА НА ОСТР ВУ ЛЕ ЗБО СУ

СРП СКА КАН ЦЕ ЛА РИ ЈА НА ОСТР ВУ ЛЕ ЗБО СУ Српска канцеларија на острву Лезбосу 13 DOI: 10.2298/PKIJF0975013D УДК 94(497)-6 СРП СКА КАН ЦЕ ЛА РИ ЈА НА ОСТР ВУ ЛЕ ЗБО СУ Рад се ба ви пи та њем по сто ја ња кан це ла ри је за ко ре спон ден ци ју

Διαβάστε περισσότερα

ЕТАПИ ВО ИСТОРИСКИОТ РАЗВИТОК НА ГРАДОТ ДОБЕРОС

ЕТАПИ ВО ИСТОРИСКИОТ РАЗВИТОК НА ГРАДОТ ДОБЕРОС ПАТРИМОНИУМ.МК, година 10, бroj 15 / 2017 УДК: 908 (497.715) (091) Викторија СОКОЛОВСКА Археолошки Музеј на Македонија, Скопје ЕТАПИ ВО ИСТОРИСКИОТ РАЗВИТОК НА ГРАДОТ ДОБЕРОС Клучни зборови: Доберос, Исар-Марвинци,

Διαβάστε περισσότερα

ΔΙΕΡΕΥΝΗΣΗ ΤΗΣ ΣΕΞΟΥΑΛΙΚΗΣ ΔΡΑΣΤΗΡΙΟΤΗΤΑΣ ΤΩΝ ΓΥΝΑΙΚΩΝ ΚΑΤΑ ΤΗ ΔΙΑΡΚΕΙΑ ΤΗΣ ΕΓΚΥΜΟΣΥΝΗΣ ΤΕΧΝΟΛΟΓΙΚΟ ΠΑΝΕΠΙΣΤΗΜΙΟ ΚΥΠΡΟΥ ΣΧΟΛΗ ΕΠΙΣΤΗΜΩΝ ΥΓΕΙΑΣ

ΔΙΕΡΕΥΝΗΣΗ ΤΗΣ ΣΕΞΟΥΑΛΙΚΗΣ ΔΡΑΣΤΗΡΙΟΤΗΤΑΣ ΤΩΝ ΓΥΝΑΙΚΩΝ ΚΑΤΑ ΤΗ ΔΙΑΡΚΕΙΑ ΤΗΣ ΕΓΚΥΜΟΣΥΝΗΣ ΤΕΧΝΟΛΟΓΙΚΟ ΠΑΝΕΠΙΣΤΗΜΙΟ ΚΥΠΡΟΥ ΣΧΟΛΗ ΕΠΙΣΤΗΜΩΝ ΥΓΕΙΑΣ ΤΕΧΝΟΛΟΓΙΚΟ ΠΑΝΕΠΙΣΤΗΜΙΟ ΚΥΠΡΟΥ ΣΧΟΛΗ ΕΠΙΣΤΗΜΩΝ ΥΓΕΙΑΣ Πτυχιακή Εργασία ΔΙΕΡΕΥΝΗΣΗ ΤΗΣ ΣΕΞΟΥΑΛΙΚΗΣ ΔΡΑΣΤΗΡΙΟΤΗΤΑΣ ΤΩΝ ΓΥΝΑΙΚΩΝ ΚΑΤΑ ΤΗ ΔΙΑΡΚΕΙΑ ΤΗΣ ΕΓΚΥΜΟΣΥΝΗΣ ΑΝΔΡΕΟΥ ΣΤΕΦΑΝΙΑ Λεμεσός 2012 i ii ΤΕΧΝΟΛΟΓΙΚΟ

Διαβάστε περισσότερα

СТЕ ФАН НЕ МА ЊА И БУ ЂЕ ЊЕ НА ЦИ О НАЛ НЕ СВЕ СТИ У СР БА

СТЕ ФАН НЕ МА ЊА И БУ ЂЕ ЊЕ НА ЦИ О НАЛ НЕ СВЕ СТИ У СР БА Ме га тренд уни вер зи тет Бе о град, Фа кул тет за по слов не студи је, Фа кул тет за кул ту ру и ме ди је, Бе о град DOI 10.5937/kultura1340434C УДК 94(497.11) 11/12 94(=163.41) 11/12 321.17:929 Стефан

Διαβάστε περισσότερα

"ΦΟΡΟΛΟΓΙΑ ΕΙΣΟΔΗΜΑΤΟΣ ΕΤΑΙΡΕΙΩΝ ΣΥΓΚΡΙΤΙΚΑ ΓΙΑ ΤΑ ΟΙΚΟΝΟΜΙΚΑ ΕΤΗ 2011-2013"

ΦΟΡΟΛΟΓΙΑ ΕΙΣΟΔΗΜΑΤΟΣ ΕΤΑΙΡΕΙΩΝ ΣΥΓΚΡΙΤΙΚΑ ΓΙΑ ΤΑ ΟΙΚΟΝΟΜΙΚΑ ΕΤΗ 2011-2013 ΤΕΧΝΟΛΟΓΙΚΟ ΕΚΠΑΙΔΕΥΤΙΚΟ ΙΔΡΥΜΑ ΚΡΗΤΗΣ ΣΧΟΛΗ ΔΙΟΙΚΗΣΗΣ ΚΑΙ ΟΙΚΟΝΟΜΙΑΣ ΤΜΗΜΑ ΛΟΓΙΣΤΙΚΗΣ ΚΑΙ ΧΡΗΜΑΤΟΟΙΚΟΝΟΜΙΚΗΣ Επιμέλεια Κρανιωτάκη Δήμητρα Α.Μ. 8252 Κωστορρίζου Δήμητρα Α.Μ. 8206 Μελετίου Χαράλαμπος Α.Μ.

Διαβάστε περισσότερα

14 Број март 2012.

14 Број март 2012. 14 Број 16 7. март 2012. за под руч је Основ ног су да у По жа рев цу и При вред ног су да у По жа рев цу де сет из вр ши те ља; за под руч је Основ ног су да у По же ги и При вред ног су да у Ужи цу пет

Διαβάστε περισσότερα

Остава на монети од археолошкиот локалитет Баргала II (каталог)

Остава на монети од археолошкиот локалитет Баргала II (каталог) Остава на монети од археолошкиот локалитет Баргала II (каталог) Билјана Јовановска Републички завод за заштита на спомениците на културата - Скопје Трајче Нацев Завод за заштита на спомениците на културата

Διαβάστε περισσότερα

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО ИСТРАЖУВАЧКО СПИСАНИЕ

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО ИСТРАЖУВАЧКО СПИСАНИЕ МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО ИСТРАЖУВАЧКО СПИСАНИЕ ULUSLARARASI HAKEMLİ İLMİ ARAŞTIRMA DERGİSİ INTERNATIONAL PEER REVIEWED JOURNAL OF SCIENTIFIC RSEARCH АДЕКСАМ Гостивар - Македонија Година: XIII, Бр.: 26, Год:

Διαβάστε περισσότερα

Поређење биохуморалних и морфолошких параметара код акутног панкреатитиса

Поређење биохуморалних и морфолошких параметара код акутног панкреатитиса DOI: 10.2298/SARH1402029T ОРИГИНАЛНИ РАД / ORIGINAL ARTICLE UDC: 616.37-002-07 29 Поређење биохуморалних и морфолошких параметара код акутног панкреатитиса Томислав Тасић 1, Саша Гргов 1, Александар Нагорни

Διαβάστε περισσότερα

ΤΕΧΝΟΛΟΓΙΚΟ ΕΚΠΑΙ ΕΥΤΙΚΟ Ι ΡΥΜΑ ΚΡΗΤΗΣ ΣΧΟΛΗ ΙΟΙΚΗΣΗΣ ΚΑΙ ΟΙΚΟΝΟΜΙΑΣ ΤΜΗΜΑ ΙΟΙΚΗΣΗΣ ΕΠΙΧΕΙΡΗΣΕΩΝ ΠΤΥΧΙΑΚΗ ΕΡΓΑΣΙΑ

ΤΕΧΝΟΛΟΓΙΚΟ ΕΚΠΑΙ ΕΥΤΙΚΟ Ι ΡΥΜΑ ΚΡΗΤΗΣ ΣΧΟΛΗ ΙΟΙΚΗΣΗΣ ΚΑΙ ΟΙΚΟΝΟΜΙΑΣ ΤΜΗΜΑ ΙΟΙΚΗΣΗΣ ΕΠΙΧΕΙΡΗΣΕΩΝ ΠΤΥΧΙΑΚΗ ΕΡΓΑΣΙΑ ΤΕΧΝΟΛΟΓΙΚΟ ΕΚΠΑΙ ΕΥΤΙΚΟ Ι ΡΥΜΑ ΚΡΗΤΗΣ ΣΧΟΛΗ ΙΟΙΚΗΣΗΣ ΚΑΙ ΟΙΚΟΝΟΜΙΑΣ ΤΜΗΜΑ ΙΟΙΚΗΣΗΣ ΕΠΙΧΕΙΡΗΣΕΩΝ ΠΤΥΧΙΑΚΗ ΕΡΓΑΣΙΑ Το franchising ( δικαιόχρηση ) ως µέθοδος ανάπτυξης των επιχειρήσεων λιανικού εµπορίου

Διαβάστε περισσότερα

ЗА ШТО ПО СЕ ЋЕ НОСТ НО ЋИ МУ ЗЕ ЈА НЕ ПРЕД ВИ ЂА ПО СЕ ЋЕ НОСТ МУ ЗЕ ЈА ТОКОМ ГО ДИ НЕ: ОД НОС СТА ВО ВА И ПО НА ША ЊА

ЗА ШТО ПО СЕ ЋЕ НОСТ НО ЋИ МУ ЗЕ ЈА НЕ ПРЕД ВИ ЂА ПО СЕ ЋЕ НОСТ МУ ЗЕ ЈА ТОКОМ ГО ДИ НЕ: ОД НОС СТА ВО ВА И ПО НА ША ЊА За вод за про у ча ва ње кул тур ног раз вит ка, Уни вер зи те т у Бе о гра ду, Фи ло зоф ски фа кул тет - Оде ље ње за пси хо ло ги ју, Бе о град DOI 10.5937/kultura1340445J УДК 316.644-051:069.12(497.11)

Διαβάστε περισσότερα

Емпириска анализа на загатката на Фелдштајн и Хориока во транзициски земји, со осврт на Македонија

Емпириска анализа на загатката на Фелдштајн и Хориока во транзициски земји, со осврт на Македонија Факултет за Деловна Економија и Организациони Науки Магистерски труд Емпириска анализа на загатката на Фелдштајн и Хориока во транзициски земји, со осврт на Македонија Кандидат: Деспина Петреска Ментор:

Διαβάστε περισσότερα

3. ПРЕСМЕТКА НА КРОВ НА КУЌА СО ТРИГОНОМЕТРИЈА

3. ПРЕСМЕТКА НА КРОВ НА КУЌА СО ТРИГОНОМЕТРИЈА 3. ПРЕСМЕТКА НА КРОВ НА КУЌА СО ТРИГОНОМЕТРИЈА Цел: Учениците/студентите да се запознаат со равенки за пресметка на: агли, периметар, плоштина, волумен на триаголна призма, како од теоретски аспект, така

Διαβάστε περισσότερα

Социјалните мрежи како алатка во процесот на управување со знаење

Социјалните мрежи како алатка во процесот на управување со знаење Универзитет Св. Климент Охридски Битола ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ И КОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ БИТОЛА студиска програма по Инженерство и менаџмент на софтверски апликации Социјалните мрежи како алатка во

Διαβάστε περισσότερα

Бес пла тан пре воз за пен зи о не ре

Бес пла тан пре воз за пен зи о не ре www.sremskenovine.co.rs redakcija@sremskenovine.co.rs Година LV Сремска Митровица Среда 21. јануар 2015. Број 2812 Цена 50 динара у овом броју: МИЛАН ШОДИЋ, ПРЕДСЕДНИК ОПШТИНЕ БЕОЧИН: Имам визију и знам

Διαβάστε περισσότερα

ЛУШПИ МЕМБРАНСКА ТЕОРИЈА

ЛУШПИ МЕМБРАНСКА ТЕОРИЈА Вежби ЛУШПИ МЕМБРАНСКА ТЕОРИЈА РОТАЦИОНИ ЛУШПИ ТОВАРЕНИ СО РОТАЦИОНО СИМЕТРИЧЕН ТОВАР ОСНОВНИ ВИДОВИ РОТАЦИОНИ ЛУШПИ ЗАТВОРЕНИ ЛУШПИ ОТВОРЕНИ ЛУШПИ КОМБИНИРАНИ - СФЕРНИ - КОНУСНИ -ЦИЛИНДРИЧНИ - СФЕРНИ

Διαβάστε περισσότερα

( ) ( ) ( ) ( ) ( ) ( )

( ) ( ) ( ) ( ) ( ) ( ) Мерни мостови и компензатори V. Мерни мостови и компензатори V.. Мерни мостови. Колкава е вредноста на отпорот измерен со Томпсоновиот мост ако се: Ω,, Ω 6 и Ω. Колкава процентуална грешка ќе се направи

Διαβάστε περισσότερα